IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Уредување на помали станбени површини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Уредување на помали станбени површини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5678>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2016 во 12:46
МИСЛИТЕ ДЕКА ЖИВОТОТ ВО ГАРСОНИЕРА МОРА ДА БИДЕ ТЕЖОК? ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВИЕ ФОТОГРАФИИ, ПА ПРЕСУДЕТЕ

Кога би можеле да бираме, веројатно секој од нас веднаш би се одлучил за поголем стан.

На крајот на краиштата, има ли нешто поубаво од пространа дневна соба, огромна спална соба, како и детска соба кадешто децата би можеле да ја истражуваат својата креативност, без ограничувања?


Секако дека поголемите станови се и попримамливи, но и оние помалите имаат свои предности. А за гарсониера со сигурност не би плаќале и огромни комуналии, зарем не?


Всушност, ако просторот е добро организиран, а мебелот е избран и наместен со вкус, ваквите станчиња може да бидат навистина прекрасни.


Една дизајнерка уредила гарсониера од 26 квадратни метри во Монтреал, така што е невозможно за некому да не му се допадне


Фокусот во овој мини-стан е насочен кон ѕидовите, а подот е ослободен од премногу мебел, при што станот изгледа визуелно многу поголем.


Покрај тоа, дизајнерката намерно се одлучила токму за белата боја, којашто во овој случај доминира, бидејќи таа помага за оптички да се зголеми квадратурата.



Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 18:12

Мал апартман со светол ентериер во пастелни бои

Со идејата да се создаде мал, компактен и флексибилен апартман, студиото за архитектура и дизајн на ентериери "Over, Under" го разви дизајнот за "Troy Boston Model Apartment".

Малиот апартман со симпатичен ентериер има отворен план и со широки прозорци што обезбедуваат голем прилив на природна светлина.



„Troy Boston Model Apartment“ е организиран многу едноставно и практично – дневната соба, трпезаријата и кујната се соединети во една зона што е одделена од спалната соба и бањата со лизгачка врата наместо со ѕид или преграда. Сите парчиња мебел што се вметнати во просторот се практични, флексибилни и мултифункционални за малиот простор да биде компактно опремен со сѐ што е потребно, а притоа да не изгледа пренатрупан или задушен во мебел и ѕидови.



Палетата од суптилни сиви и сини тонови што ја надополнува белата основа на ентериерот му дава дополнителна светлина и воздушност. Неутралната нота е хармонично „нарушена“ од неколку парчиња мебел со силна портокалова нијанса, кои внесуваат живост и динамика во просторот.



Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2016 во 20:32

Овој миниапартман од 17 метри квадратни е уреден според потребите и желбите на една млада, урбана личност.

Лидија Ермолаева, дизајнерката која работела на реновирањето и адаптацијата на ентериерот, осмислила креативен начин како да смести сѐ што е неопходно за удобно домување во толку мала квадратура и воедно се потрудила, покрај функционален, апартманот да изгледа младешки и урбано.




Недостатокот на простор е надоместен со употреба на мебел на склопување, мултифункционални елементи и умешно интегрирани единици за складирање низ целиот апартман. Поради отсуството на природна светлина, која апартманот ја добива само од неколкуте мали прозорци, употребени се светли бои и сјајни завршници кои ја рефлектираат светлината, комбинирани со текстури на природно дрво.



Централниот дел од апартманот го сочинува функционалната целина составена од дневна и кујна, кои во неколку потези се трансформираат во трпазарија и спалната соба, по потреба. Затскриена зад еден од ѕидовите од дневната соба, малата работна просторија е декорирана со галерија од фотографии, удобна фотелја и ѕид со интересна типографија, кој се надоврзува на ѕидовите од влезниот ходник.



Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2016 во 10:25

Топли еднособни станчиња кои се поубави од многу луксузни палати


Ако живеете во еднособно станче, престанете да се жалите и да посакувате раскошна палата.

topli-ednosobni-stancinja-koi-se-poubavi-od-mnogu-luksuzni-palati-1.jpg

Гледајте на посветлата страна - се што ви треба ви е на дофат на рака, имате можност да си поигрувате со моќта на шанкот и полиците, а мултифункционалниот мебел како излезен од иднината е вашата слаба точка.



Изменето од Valerija - 18.Септември.2016 во 10:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2016 во 21:57
Практично студентско домување во простор од 27м2

„Campus Hong Kong“ е практично уреден апартман за студентско домување. Дело на архитектонското студио „LYCS Architecture“, апартманот се истакнува со значително флексибилен и практичен дизајн, кој е идеално решение за цимерски живот на повеќе студенти.

Апартманот претставува револуционерно решение за проблемот со високата густина на население во Кина, како и за вечниот студентски проблем за земање апартмани под наем. Во град од големи размери и со висока популација како што е Хонгконг, трошоците за живеење за младата популација претставуваат голем товар. Проблемот е евидентен, пространите комфорни апартмани се со високи цени, додека евтините се многу мали и неудобни. Оттука студентите бараат алтернатива да живеат заедно и да ги делат трошоците. Со оваа идеја тргна архитектонскиот тим на „LYCS Architecture“ во обмислувањето на дизајнот на апартманот „Campus Hong Kong“.




Ентериерот на апартманот е со површина од само 27 метри квадратни, а во него удобно и компактно се сместени дури четири кревети. Архитектите ги срушиле непотребните ѕидни прегради и го отвориле просторот со цел да се добие поголема слобода и пространост. Четирите кревети се изведени на кат и под нив се поставени работни маси за секој студент. Апартманот е опремен со сите неопходни елементи и простори за да се обезбеди удобен цимерски живот.





Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2017 во 08:14
Симпатичен мал дом од 38м2

Еден од проблемите со живеењето во мали домови и гарсоњери е чувството на едноличност на просторот. Се е во еден мал простор, нема промена од соба во соба која често им е потребна на оние кои живеат во мали еднособни простори. Архитектите од „Mode:lina“ успеале да овозможат „бегство“ од тоа чувство на постојана затвореност во еден ист простор во гарсоњера од 38м2 во полскиот град Познан.
Сопственикот сакал просторот да биде уреден современо, едноставно и истовремено да изгледа удобно и неформално за домување, но од друга да изгледа и доволно формално и професионално за да биде и делумно работен простор и место каде би можеле да го посетуваат неговите клиенти за работа. Уште еден елемент на кој требало да се внимава е и желбата во домот да има едно мало тајно катче за игра за шестгодишниот син на сопственикот.




Земајќи ги сите овие барања и големината на просторот во предвид, архитектите се обиделе внимателно да го искористат максимално секое парче простор. Едниот агол на станот има голема коцка од ОСБ панели во која се вклопени неколку соби: кујната, мала канцеларија со работна маса, спална соба и мало скриено детско катче безбедно за игра. Спалната соба односно креветот е поставен на врвот на конструкцијата и до него сопственикот се искачува преку едноставни дрвени скали.


Позади бирото, штом се тргне мобилната библиотека има мал простор предвиден за детска игра, кој лесно може да се скрие од очите на клиентите повторно со библиотеката.



Просторот е уреден минималистички, со една софа во ретромодерен стил, биро и неколку декоративни постери на ѕидот.


Со цел да се искористи подобро просторот, велосипедот на сопственикот е закачен на ѕидот, имајќи истовремено и практична и декоративна улога.



Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2017 во 19:00
Image result for apartmans   Related image
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2017 во 20:37

Креативни идеи за уредување на мини апартмани

Од преуредени гаражи, до студија каде што креветот е вграден во ѕид, малите апартмани стануваат хит во светот.


Кога на располагање имате мал простор мошне е важно, да да го искористите секој сантиметар од истиот и правилно да ги распределите работите.

Доколку немате доволно буџет за да го уредите малиот апартман, во продолжение погледнете неколку тактики кои се корисни за да го извлечете максимумот од малиот простор.

1. Спакувајте ги работите кои не се за секојдневна употреба

Работите кои не ги користите секојдневно кренете ги во соодветни кутии за складирање и чувајте ги на места како што е просторот под креветот или плакарите.
Над креветот можете да ставите сталажи, па така ќе добиете повеќе простор под креветот, каде можете да чувате дел од чевлите складирани во кутии.

2. Кој вели дека не можете да ја користите трпезаријата  за појадок и како работна маса?

Паметно е да инвестирате во новиот тип на масички кои се вградуваат во ѕидот и се расклопуваат според потребата. Со тоа ќе заштедите голем простор, а ќе добиете естетика во домот. 

3. Користете светли бои при уредувањето



Боите играат голема улога во уредувањето на малите апартмани. Користете светли бои, бидејќи тие ќе допринесат просторот да изгледа поголемо.



Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2018 во 09:01

За млада и тренди дама: Фенси стан од 35 метри квадратни (фото)


Добредојдовте во малото женско кралство, кадешто царуваат добриот вкус и стил, а спакувани се во простор со скромна површина.

za-mlada-i-trendi-dama-fensi-mini-stan-od-35-metri-kvadratni-foto-1.png

Младата клиентка сакала максимално функционален ентериер, а со оглед на тоа дека поседува само 35 метри квадратни, главната цел била да се намени секој сантиметар од домот, користејќи ги сите расположливи средства.

Мноштво методи кои се применети при уредувањето на станот, веќе се добро познати и секогаш функционираат. Кога сите ѕидови и таванот се бојадисани во една нијанса, амбиентот е повоздушест, а се создава и ефект на повисок плафон.

za-mlada-i-trendi-dama-fensi-mini-stan-od-35-metri-kvadratni-foto-2.jpg

Во конкретниот случај, преку употреба на светлите тонови, не само за ѕидовите, туку и за мебелот, сите граници во просторот се визуелно стопени, така што станот не изгледа згужвано и задушено, наспроти малата површина.

Потенцијалот на белата боја е искористен до максимум. Целиот дизајн, пак, стилизиран е со пастелни моменти на бела позадина.

za-mlada-i-trendi-dama-fensi-mini-stan-od-35-metri-kvadratni-foto-3.jpg

Големите парчиња мебел, како што се кујнските елементи и гарнитурата во дневниот престој, суптилно се слеваат со ѕидовите, па стануваат речиси невидливи.

Посебно внимание е посветено и на решенијата за складирање, бидејќи станарката е тренди дама со многу гардероба. Не се изоставени ниту декоративните детали, а откако на нејзе ѝ била оставена можност за самоизразување на ѕидот позади софата, тој сега наликува на мини уметничка галерија.

za-mlada-i-trendi-dama-fensi-mini-stan-od-35-metri-kvadratni-foto-4.jpg

Урбано и фенси – ѕирнете низ катчињата на ова префинето станче, кое е вистинска инспирација за модерните девојки:

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2019 во 21:33








Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2019 во 21:34






Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2019 во 21:35




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2019 во 21:36




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2020 во 11:17

Станче од само 23m² во скандинавски стил - совршено уредено и комфорно

Може да се рече дека е мало станбено чудо од Шведска. Овој стан во Стокхолм има само 23m2 . Но, кога просторот е уреден функционално, живеењето и во олку мало станче е вистински комфорно
.

sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil-01.jpg

Спалната соба е на полукат, а под неа е сместен walk-in плакар. 

sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil-02.jpg

Уреден е со многу стил – комбинација од бела и сива боја.

sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil-03.jpg

Сивата е одбрана за ѕидните површини, додека мебелот кој е со едноставни линии и модерен дизајн дава посебна елеганција на просторот.

sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil-04.jpg

Скандинавски, едноставно, слатко, пријатно.

sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil01.jpg

sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil02.jpg

sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil03.jpg

sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil-11.jpg

sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil01_1.jpg

sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil04.jpg

 sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil02_1.jpg

sovrseno-uredeno-i-komforno-stance-od-23m2-vo-skandinavski-stil05.jpg

Е. П. | Црнобело

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.