|
Торти и колачи со локум |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бомбици со локум Состојки 250 гр. урми (суви, без семки) 200 гр. лешници (потпечени, сечкани) 100 гр. суво грозје 100 гр. локум ДониаЛешниците (јас имав сурови), ги потпекуваме во тавче, ги ладиме и со протривање им ги отстрануваме лушпите онолку колкушто може. Потоа ги сечкаме во сечко, ги ставаме во подлабок сад. - Сувите урми ги сечкаме на поситно, ги ставаме во садот. - Сувото грозје го сечкаме ситно или го блендираме во сечко. - Потоа со локумот замесуваме се заедно, но ќе ни треба малку повеќе сила додека да се замеси сето убаво. Се формираат бомбици со средна големина, јас направив 22 бомбици. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лимон колач со локум ( без јајца) Состојки 400 гр кисело млеко 1 полно лажиче сода бикарбона 1,5 чаша шеќер 1,5 чаша масло 1 лажица ванила екстракт или 1 пак ванилин шеќер 1 лимон рендана кора 1 пакетче лимон шеќер 150 гр локум Дониа со вкус на лимон по желба ореви, суво грозјеСе раствора, меша содата и шеќерот во киселото млеко. Постепено се додава маслото и брашното и на крај лимоновата кора, шеќер и ванилата. Смесата се истура во намастен и набрашнет калап (26) и одогора се реди со ситно сечканиот локум извалкан во брашно. Низ локумот можат да се додадат и ситно сечкани ореви, суво грозје, а како јас немав при рака ставив чоколадни трошки. Се печи на 180С додека се оддели од страниците. Околу половина час. Оладен, се сервира посипан со шеќер во прав одозгора. Имам едни периоди хаотични во кујна (добро, не се само во кујна хаха). Така овде колачот мина со една лажица масло наместо чаша и пол. Мислев дека нема да го биди баш...Верувајте, од цела палета благо најфален беше. Сакав да кажам, ете можело и така, а и вака како налага рецептот да го приготвите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки За црн дел 400 гр бисквити 100 гр чоколадо за готвење 100 гр маргарин 50гр ореви За бел дел 400 гр бисквити 100 гр маргарин 100 гр кокос 100 гр локум 50 гр млеко 75 гр шеќер во правЗа црниот дел: Бисквитите и оревите се мелат блендер. Маргаринот и чоколадото стопете ги, додадете ги во мелени ореви и измешајте ја смесата. Додадете шеќер во прав. За бел дел Бисквитите измелете ги блендер, додадете кокос, шеќер во прав, топло млеко и топен маргарин измешајте смесата. Локумот иссечете го на коцки и додадете го во белата смеса. Земете цедалка за лимон, внатрешната страна постелете ја со најлонска фолија и ставете од црната смеса на ѕидовите, внатре ставете од белата смеса и затворете со црна. Извадете ја од цедалка кулата. Така направете со останатата смеса. Кулите редете ги на чинија и посипете со какао. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 200гр бел локум 200гр шеќер во прав 200гр мелени бисквити 50гр путер 1 екстрат од круша за декорација шеќер во прав по потреба зелена боја по потреба Во длабок сад ставете го локумот и шеќерот во прав и убаво замесете, потоа додадете ги мелените бисквити и путерот и продолжете да месите. Во смесата додадете екстрат од круша и формирајте круши. Секоја круша извајлкате ја во шеќер во прав, а долниот дел во зелена боја за колачи, декорирајте со зелени ливчиња. На здравје !!! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 1 паковка локум (по потреба ) 500 гр кори 250 гр мелени ореви 250 гр шеќер 200мл масло шербет 500 гр шеќер 750 мл вода 1/2 парче лимон 1 паковка ванила Корите се сечат по должина. Од една кора правите две. На првата кора премачкуваме со масло и ставаме втора кора. Врз втората кора премачкуваме па попрскуваме со мелените ореви, а на крајот редиме локум. Виткаме до крај. Ролатчето го сечеме на две. И се така додека имаме кори. Премачкуваме со маслото. Редиме во намастена тава. Печеме во загреана рерна. Вариме шербет од шеќерот и водата, додаваме лимон кога ќе го направиме шербетот. Кога се ладни баклавките ги земаме едно по едно ги потопуваме во топлиот шербет. Ги чуваме во шербетот,онолку колку вие сакате да бидат благи. Дали сакате по крцкави или понатопени. На здравје |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |