Торти и колачи со локум
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27861
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 11:54 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Торти и колачи со локум
Постирано од: Valerija
Наслов: Торти и колачи со локум
Датум на внесување: 22.Мај.2018 во 20:47
Обланди со локум и урми
Состојки
1табла обланди
900гр локум со ореви
600гр урми
200гр суво грозје
100гр ситно сецкани ореви
Локумот се сецка на поситни парчиња и се става во подлабок сад на рингла. Се налева со 250мл вода и се загрева на потивко. Се меша постојано додека се растопи. Се додаваат урмите и се продолжува со мешање додека смесата се спои. Се додава и сувото грозје и оревите и се става да се олади. Сувото грозје претходно се чисти и се попарува со врела вода да одстои 10 минути. По желба во водата може да се стави и рум.
Се зема еден лист обланда и се става меѓу две салфетки влажни. Се редат и другите листови еден над друг и помеѓу нив влажни крпи. Од како ќе омекнат се зема листот од обланда се премачкува со фил по цела површина и со салфетката се свиткува ролна. Исто се постапува со сите 5 листа. Се остава да се спои убаво и потоа се сече на парчиња по потреба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Мај.2018 во 20:48
Ролат од локум
Состојки
250гр локум
250гр шеќер во прав
150 гр ореви
150 гр бисквити
50-100гр путер
2 лажици какао
50 -100гр суво или кандирано овошје, суви смокви, сливи, ананас...
Потребен ви е локум и иста количина на шеќер во прав, на пример, по 250 гр. кои ги месите со малку растопен путер. Потоа врз шеќер во прав правите кора од локумот према калапот што го имате. Во калапот ставите проѕирна фолија и нанесете ја кората од локум по ѕидовите, така за да имате и да го покриете ролатот, значи да виси кората однадвор.
Сега го полните калапот, односно локумот со фил. Овој фил ми е од мелени ореви, но и сечкани, мелени бисквити и парчиња сув ананас, путер, какао и многу малку водичка за да може да го замесите. Кога ќе го нанесете, притиснете убаво и затворете го ролатот со кората од локумот. Ставете го во фрижидер неколку часа...
Вкусот е невообичаено прекрасен, а фил може да си направите и друг, по ваша желба ! Правев со суви смокви и ореви, суви сливи и ореви, кикирики...
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Мај.2018 во 20:49
Грозданчиња со локум
Состојки
250гр бел локум
100гр шеќер во прав
250гр бисквити
150гр мелени ореви
6 лажици вода
200гр црно чоколадо
Најпрво се меси локумот со шеќерот во прав. Потоа се додаваат мелените бисквити, мелените ореви и водата. Сето ова убаво се меси и се дели смесата на 10 топчиња. Секое топче се сука долго како сукалце - значи се прават 10 сукалциња долги 30см (колку е долго плехчето триаголно за визитарски колачи).
Настрана се топи чоколадата на пареа.
Начин на редење
Пред да се почне колачот се става во модлата најлонска фолија за подобро да излезе колачот.
Прво во калапчето се става стопена чоколада 3 лажици и се става 1 долго сукалце. Потоа се става пак чоколада да се покрие првото сукалце и се редат 2 сукалциња, па пак чоколада врз нив, па 3 сукалциња -чоколадата и 4 сукалциња и на крај пак чоколадата. Се лади колачот и се превртува.
Се сечи колачот на парчиња.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Мај.2018 во 20:52
Локум колачи
Состојки
500гр локум
500гр мелени бисквити
250гр маргарин
100гр шеќер во прав
200гр мелени лешници
4лажици рум
Локумот ситно се сецка и се меси со маргаринот и шеќерот.Бисквидите се мелат,се мешаат со лешниците и се додава румот па се соединуваат двете смеси и со помош на бисквидите се моделираат форми.Бисквидите не мора се да се стават одеднаш туку се остава една шака и се додава по потреба за компактност на смесата.Колачите се декорираат по желба а јас ги сакам потопени-прелиени со чоко прелив и декорација по желба
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Мај.2018 во 20:56
Пивски колачи со локум
Состојки
Тесто
1кгр брашно
1 пециво
1 ванила
1-2 лажици какао
3 филџани (за кафе 130мл) зејтин
3 филџани (за кафе 130мл) пиво
0,5 кгр локум
Шербет
3 шољи (за чај 250мл) вода
3 шољи (за чај) шеќер
За валкање
3 кесички кокос
Брашното, пецивото, ванилата, какаото, зејтинот и пивото се замесуваат.
Од тестото се прават топчиња (јас ги правам помали од орев).
Во секое топче се става по едно коцкиче локум и се редат во тава за печење.
Откако ќе бидат готови се оставаат да се изладат.
Ладните колачи се ставаат во топол шербет и се валкаат во кокос.
Шербетот се подготвува на тој начин што водата и шеќерот се ставаат во тенџере да провријат, но шербетот треба да биде поредок од оној за баклава.
Откако ќе примат од шербетот колачите се валкаат во кокос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Мај.2018 во 20:57
2 локум ролати
Состојки
Локум ролат со кокос и желе
1/2 кг локум
200 гр кокос
за фил
100 гр желе бомбони
100 гр орев или лешник, бадем
100 гр суво грозје
Ролат со локум и сусам
1/2 кг локум
300 гр сусам
За првиот ролат, локумот, кој се препорачува да е пресен убаво се измесува со кокосот. На најлонска фолија се расплескува во кора, која се филова со исечкано желе, потпечени и издробени ореви или што и да изберете и натопено суво грозје во малку вода и рум (кое на сликата е изостанато). Се витка во ролат и се остава во фрижидер добро да се стегни.
За вториот ролат, сусамот го потпекуваме и потоа го измесуваме со локумот. Обликуваме форма на ролат и оставаме да се стегни во фрижидер.
Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Мај.2018 во 16:12
Срценца со локум и сусам
Состојки
300 гр локум
150 гр шеќер
100 гр бисквити
100 гр орев
125 гр маргарин
50 гр печен сусам
Глазура
100 гр чоколадо
3 лажици масло
Во сад се става шеќерот и 2 лажици вода.
Се остава ова да зоврие и се додава локумот да се стопи. Ова смеса се вари 5мин. Се трга настрана и се додаваат останатите состојки. Ако е стегната смесата се додава маргарин, ако се лепи се додаваат ореви или бисквити.
Целата смеса се става на прозирна фолија и се сука со сукало. Се сечат срценца и се делат на половина. Значи од 1 срце излегуваат 2 колачиња. Се оставаат да оладат и потоа се глазираат.
Пријатно!!!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Мај.2018 во 19:35
Maлинести локумки Состојки 400 гр локум
200 гр шеќер во прав
100 гр кокос
1 екстракт од малина
по желба/потреба чоколадни трошки
Локумот сито се сечка и се меша со шеќерот во прав.
Потоа се додава кокосот и екстрактот од малина.
Се убаво се меси во компактна целина.
Од смесата се прави тенка салама од која се сечат ситни парчиња, кои се оформуваат во вид на бомбици.
На секоја бомбица одозгора со прстот се прави вдлабнатина и се пополнува со чоколадни трошки.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Мај.2018 во 19:40
Триаголник со локум и чоколадо
Состојки
250 гр. локум(розев,бел)
250 гр. бисквити(мелени)
50 гр. шеќер во прав
3-4 лажици топла вода
100 гр. мелени лешници,ореви+50 гр. кокос
100 гр. чоколада
2 лажици масло
Локумот исечете го на коцки, измешајте го со бисквитите, оревите/лешниците, шеќерот во прав, кокосот, 2 лажици вода или по потреба да се измеси убаво да не се лепи. Поделете го на 10 топчиња. Расукајте ги во валјаци како сукало теники колку малиот прст. На рамна подлога ставете 4 валјаци прелијте ги со стопена чоколада на пареа со 2 лажици масло. Ставете уште 3 треба да биде како пирамида, прелијте ги со чоколадо убаво, направете така додека ги потрошите останатите. После три ставете 2, па едно со прелевање на чоколадо(да остане за сите). Ставете го да се стегне во фрижидер и сечете прачиња.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Мај.2018 во 20:18
Локум колачи
Состојки
500гр локум
500гр мелени бисквити
250гр маргарин
100гр шеќер во прав
200гр мелени лешници
4лажици рум
Локумот ситно се сецка и се меси со маргаринот и шеќерот.Бисквидите се мелат,се мешаат со лешниците и се додава румот па се соединуваат двете смеси и со помош на бисквидите се моделираат форми.Бисквидите не мора се да се стават одеднаш туку се остава една шака и се додава по потреба за компактност на смесата.Колачите се декорираат по желба а јас ги сакам потопени-прелиени со чоко прелив и декорација по желба
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Мај.2018 во 21:30
Колачи со локум
1 маргарин, 1 шолче за кафе зејтин, 1 шолче за кафе јогурт, 1 пециво, 2 ванили, локум по потреба и 1 кг брашно. Прво се мати маргаринот , потоа се става зејтинот , па јогуртот (или кисело млеко ),бррашното, пецивото и се меси не многу тврдо тесто. Брашно се става по потреба , не мора цело кило. Потоа тестото може да се подели на 2 или 3 дела, а од секој дел се сука кора со дебелина од пола прст.Кората се сече на мали пеавоаголничиња, а на секое парче се става по пола локумче и се витка воролатче. Се редат во тавче кое не се подмачкува и се пече на тивок оган да на се вцрват многу. Уште топли се валкаат во прав шекер и ванила.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јули.2018 во 19:32
Бомбици со локум и смокви
Состојки
500гр суви смокви
500гр локум
100гр мелени ореви
100гр ситно сецкани ореви
150мл сок од портокал
150гр чоколада за готвење
Смоквите се мелат на машина за мелење месо. Локумот се сецка и се става на оган со сокот од портокал. Се меша и се додаваат и мелените смокви. Смесата се грее се додека локумот се спои со смоквите, а потоа се трга настрана да се олади.
Во оладената смеса се додаваат оревите и се замесува смеса од која се формираат бомбици. Смесата е доста јака и блага и затоа бомбиците може да бидат помалечки.
Од оваа смеса може да се направат и многу вкусни обланди.
Бомбиците се декорираат со чоколада.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Октомври.2018 во 16:40
Посни колачи со локум
СОСТОЈКИ http://moemeni.mk/?cs_sostojki=posen-margarin" rel="nofollow - Посен маргарин (1 ) http://moemeni.mk/?cs_sostojki=brashno-2" rel="nofollow - Брашно (1 Килограм) http://moemeni.mk/?cs_sostojki=maslo" rel="nofollow - Масло (250 Грама) http://moemeni.mk/?cs_sostojki=prashak-za-pechivo" rel="nofollow - Прашок за печиво (1 ) http://moemeni.mk/?cs_sostojki=vanilin-sheker" rel="nofollow - Ванилин шеќер (1 ) http://moemeni.mk/?cs_sostojki=limon" rel="nofollow - Лимон (1/2 ) http://moemeni.mk/?cs_sostojki=lokum" rel="nofollow - Локум (по желба ) http://moemeni.mk/?cs_sostojki=sheker-vo-prav" rel="nofollow - Шеќер во прав
ПОДГОТОВКА За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути - Маргаринот (претходно оставен да омекне на собна температура) се сечка на коцки, се додаваат маслото и сокот од половина лимон.
- Потоа се додава и брашното измешано со прашокот за печиво и се замесува мазно тесто.
- Од тестото потоа се расукува кора, па кората се сече на долги ленти и потоа на правоаголници.
- На секој правоаголник на почетокот се ставаат по две парчиња локум, потоа се витка во форма на ролат.
- Така добиените колачиња се редат во намастена тепсија и се печат во загреана рерна околу 20 минути.
- Испечените колачиња додека се топли се валкаат во шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Октомври.2019 во 15:17
Портокал куглоф со локум
Состојки
4 јајца (2 јајца +2 жолчки+2 белки)
200 гр шеќер
1 пакетче портокал шеќер
100 мл масло
200 гр кисело млеко
1 портокал рендана кора
240 гр брашно
1 пакетче прашок за печење
100 гр ружа локум Дониа
2 јајца и 2 жолчки се матат со 150 гр шеќер. Му се додаваат етапно и останатите состојки за тестото.
Се истура врз намастен клап за куглоф.
Локумот се сечи на половинки или четвртинки, се валка во брашно и се става со благо притискање
врз тестото.
Се печи на 180С околу 35 мин .
Печениот колач се вади од калапот да олади. Се матат двете белки со останатиот шеќер и се украсува одозгора колачот, па се враќа повторно во рерна да се потпечат белките.
Овде има измени од оригиналот. Имено, во двоењето на белките на второто влета жолчката и се распрска, па никако немаше можност да се оддели. Така, колачот на сликава е всушност со 4 цели јајца, 6 лажици шеќер и 250 гр брашно во тестото, а одозгора е украсен со шлаг и желе.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Октомври.2019 во 15:19
Бомбици со локум
Состојки
250 гр. урми (суви, без семки)
200 гр. лешници (потпечени, сечкани)
100 гр. суво грозје
100 гр. локум Дониа
Лешниците (јас имав сурови), ги потпекуваме во тавче, ги ладиме и со протривање им ги отстрануваме лушпите онолку колкушто може. Потоа ги сечкаме во сечко, ги ставаме во подлабок сад.
- Сувите урми ги сечкаме на поситно, ги ставаме во садот.
- Сувото грозје го сечкаме ситно или го блендираме во сечко.
- Потоа со локумот замесуваме се заедно, но ќе ни треба малку повеќе сила додека да се замеси сето убаво. Се формираат бомбици со средна големина, јас направив 22 бомбици.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Октомври.2019 во 10:40
Лимон колач со локум ( без јајца) Состојки
400 гр кисело млеко
1 полно лажиче сода бикарбона
1,5 чаша шеќер
1,5 чаша масло
1 лажица ванила екстракт или 1 пак ванилин шеќер
1 лимон рендана кора
1 пакетче лимон шеќер
150 гр локум Дониа со вкус на лимон
по желба ореви, суво грозје
Се раствора, меша содата и шеќерот во киселото млеко.
Постепено се додава маслото и брашното и на крај лимоновата кора, шеќер и ванилата.
Смесата се истура во намастен и набрашнет калап (26) и одогора се реди со ситно сечканиот локум извалкан во брашно. Низ локумот можат да се додадат и ситно сечкани ореви, суво грозје, а како јас немав при рака ставив чоколадни трошки.
Се печи на 180С додека се оддели од страниците. Околу половина час.
Оладен, се сервира посипан со шеќер во прав одозгора.
Имам едни периоди хаотични во кујна (добро, не се само во кујна хаха). Така овде колачот мина со една лажица масло наместо чаша и пол. Мислев дека нема да го биди баш...Верувајте, од цела палета благо најфален беше. Сакав да кажам, ете можело и така, а и вака како налага рецептот да го приготвите.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Ноември.2019 во 12:39
https://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC" rel="nofollow -
Состојки
За црн дел
400 гр бисквити
100 гр чоколадо за готвење
100 гр маргарин
50гр ореви
За бел дел
400 гр бисквити
100 гр маргарин
100 гр кокос
100 гр локум
50 гр млеко
75 гр шеќер во прав
За црниот дел:
Бисквитите и оревите се мелат блендер.
Маргаринот и чоколадото стопете ги, додадете ги во мелени ореви и измешајте ја смесата. Додадете шеќер во прав.
За бел дел
Бисквитите измелете ги блендер, додадете кокос, шеќер во прав, топло млеко и топен маргарин измешајте смесата.
Локумот иссечете го на коцки и додадете го во белата смеса.
Земете цедалка за лимон, внатрешната страна постелете ја со најлонска фолија и ставете од црната смеса на ѕидовите, внатре ставете од белата смеса и затворете со црна. Извадете ја од цедалка кулата. Така направете со останатата смеса.
Кулите редете ги на чинија и посипете со какао.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Ноември.2019 во 12:41
https://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D1%80%D1%83%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC" rel="nofollow - - Kрушки од локум
Состојки
200гр бел локум
200гр шеќер во прав
200гр мелени бисквити
50гр путер
1 екстрат од круша
за декорација
шеќер во прав по потреба
зелена боја по потреба
Еве еден десерт на кој ќе му се издрадуваат децата, а богами и возрасните бидејки имаат лик како на вистинска круша. Во длабок сад ставете го локумот и шеќерот во прав и убаво замесете, потоа додадете ги мелените бисквити и путерот и продолжете да месите.
Во смесата додадете екстрат од круша и формирајте круши.
Секоја круша извајлкате ја во шеќер во прав, а долниот дел во зелена боја за колачи, декорирајте со зелени ливчиња.
На здравје !!!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Ноември.2019 во 12:43
https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC" rel="nofollow - - Баклава со локум Состојки
1 паковка локум (по потреба )
500 гр кори
250 гр мелени ореви
250 гр шеќер
200мл масло
шербет
500 гр шеќер
750 мл вода
1/2 парче лимон
1 паковка ванила
Корите се сечат по должина.
Од една кора правите две.
На првата кора премачкуваме со масло и ставаме втора кора.
Врз втората кора премачкуваме па попрскуваме со мелените ореви, а на крајот редиме локум.
Виткаме до крај. Ролатчето го сечеме на две.
И се така додека имаме кори.
Премачкуваме со маслото.
Редиме во намастена тава.
Печеме во загреана рерна.
Вариме шербет од шеќерот и водата, додаваме лимон кога ќе го направиме шербетот.
Кога се ладни баклавките ги земаме едно по едно ги потопуваме во топлиот шербет.
Ги чуваме во шербетот,онолку колку вие сакате да бидат благи.
Дали сакате по крцкави или понатопени.
На здравје
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|