IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти  и колачи со локум
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи со локум

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2019 во 15:19
Бомбици со локум од Дониа (посно)


Бомбици со локум

Состојки
250 гр. урми (суви, без семки)
200 гр. лешници (потпечени, сечкани)
100 гр. суво грозје
100 гр. локум Дониа

 Лешниците (јас имав сурови), ги потпекуваме во тавче, ги ладиме и со протривање им ги отстрануваме лушпите онолку колкушто може. Потоа ги сечкаме во сечко, ги ставаме во подлабок сад.
- Сувите урми ги сечкаме на поситно, ги ставаме во садот.
- Сувото грозје го сечкаме ситно или го блендираме во сечко.
- Потоа со локумот замесуваме се заедно, но ќе ни треба малку повеќе сила додека да се замеси сето убаво. Се формираат бомбици со средна големина, јас направив 22 бомбици.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2019 во 10:40
Лимон колач со локум (без јајца)


Лимон колач со локум ( без јајца)
Состојки
400 гр кисело млеко
1 полно лажиче сода бикарбона
1,5 чаша шеќер
1,5 чаша масло
1 лажица ванила екстракт или 1 пак ванилин шеќер
1 лимон рендана кора
1 пакетче лимон шеќер
150 гр локум Дониа со вкус на лимон
по желба ореви, суво грозје

Се раствора, меша содата и шеќерот во киселото млеко.
Постепено се додава маслото и брашното и на крај лимоновата кора, шеќер и ванилата.

Смесата се истура во намастен и набрашнет калап (26) и одогора се реди со ситно сечканиот локум извалкан во брашно. Низ локумот можат да се додадат и ситно сечкани ореви, суво грозје, а како јас немав при рака ставив чоколадни трошки.

Се печи на 180С додека се оддели од страниците. Околу половина час.

Оладен, се сервира посипан со шеќер во прав одозгора.

Имам едни периоди хаотични во кујна (добро, не се само во кујна хаха). Така овде колачот мина со една лажица масло наместо чаша и пол. Мислев дека нема да го биди баш...Верувајте, од цела палета благо најфален беше. Сакав да кажам, ете можело и така, а и вака како налага рецептот да го приготвите.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:39
Двобојни кули со локум


Состојки
За црн дел
400 гр бисквити
100 гр чоколадо за готвење
100 гр маргарин
50гр ореви
За бел дел
400 гр бисквити
100 гр маргарин
100 гр кокос
100 гр локум
50 гр млеко
75 гр шеќер во прав

За црниот дел:
Бисквитите и оревите се мелат блендер.
Маргаринот и чоколадото стопете ги, додадете ги во мелени ореви и измешајте ја смесата. Додадете шеќер во прав.
За бел дел
Бисквитите измелете ги блендер, додадете кокос, шеќер во прав, топло млеко и топен маргарин измешајте смесата.
Локумот иссечете го на коцки и додадете го во белата смеса.
Земете цедалка за лимон, внатрешната страна постелете ја со најлонска фолија и ставете од црната смеса на ѕидовите, внатре ставете од белата смеса и затворете со црна. Извадете ја од цедалка кулата. Така направете со останатата смеса.
Кулите редете ги на чинија и посипете со какао.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:41
Kрушки од локум


Состојки
200гр бел локум
200гр шеќер во прав
200гр мелени бисквити
50гр путер
1 екстрат од круша
за декорација
шеќер во прав по потреба
зелена боја по потреба

Еве еден десерт на кој ќе му се издрадуваат децата, а богами и возрасните бидејки имаат лик како на вистинска круша.
Во длабок сад ставете го локумот и шеќерот во прав и убаво замесете, потоа додадете ги мелените бисквити и путерот и продолжете да месите.
Во смесата додадете екстрат од круша и формирајте круши.
Секоја круша извајлкате ја во шеќер во прав, а долниот дел во зелена боја за колачи, декорирајте со зелени ливчиња.
На здравје !!!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:43
Баклава со локум

Состојки
1 паковка локум (по потреба )
500 гр кори
250 гр мелени ореви
250 гр шеќер
200мл масло
шербет
500 гр шеќер
750 мл вода
1/2 парче лимон
1 паковка ванила

Корите се сечат по должина.
Од една кора правите две.
На првата кора премачкуваме со масло и ставаме втора кора.

Врз втората кора премачкуваме па попрскуваме со мелените ореви, а на крајот редиме локум.
Виткаме до крај. Ролатчето го сечеме на две.
И се така додека имаме кори.
Премачкуваме со маслото.
Редиме во намастена тава.
Печеме во загреана рерна.
Вариме шербет од шеќерот и водата, додаваме лимон кога ќе го направиме шербетот.
Кога се ладни баклавките ги земаме едно по едно ги потопуваме во топлиот шербет.
Ги чуваме во шербетот,онолку колку вие сакате да бидат благи.
Дали сакате по крцкави или понатопени.
На здравје


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.