hro-kacavenda-(1)

До Вишиот суд во Лондон се поднесени шест тужби против Српската православна црква (СПЦ) поради педофилија, кои се однесуваат на скандалот поврзан со пензионираниот епископ зворничко-тузлански Василије Качавенда.

Како што јави Танјуг, во тужбите, што ги поднеле шест жртви на сексуалното насилство, се посочува дека за овој „деликт не е одговорен сторителот лично, туку СПЦ како организација“.

Адвокатот на тужителите, Младен Кесар во изјава за Радио Слободна Европа, наведува дека сега тужената страна треба да одговори на тужбите, по што Судот ќе реши како ќе се води процесот.

Историчарот и поранешен координатор на Меѓурелигискиот совет на српската Влада. Александар Раковиќ во изјава за Танјуг вели дека не гледа логика да се тужи една институција „која и самата остро ја осудува педофилијата, а да не се бара индивидуална одговорност“.

Досега ниту еден владика на СПЦ осомничен за педофилија, не беше судски прогласен за виновен по обвиненијата.

Епископот врањски Пахомије Гачиќ во 2006 година беше ослободен од обвинението за сексуална злоупотреба на четири момчиња поради недостиг на докази, додека епископот Качавенда беше пензиниран поради вмешаност во „подведување малолетници“, но случајот не доби судска завршница.