ЦитирајОдговорТема: Познатите - каде се ... што прават ? Испратена: 05.Декември.2018 во 22:23
ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ: ДЕЦАТА МЕ ТЕШАТ ПО ЗАГУБАТА НА СОПРУГАТА
Иако долго време не се музички партнери, Влатко Стефановски и Гаро Тавитјан го негуваат пријателатвото од времето на легендарните “Леб и сол”. Добри пријатели се и нивните синови, Јан Стефановски и Гаро Тавитјан јуниор и постариот син на Гарабет, Диран.
Легендарниот гитарист на инстаграм профилот објави фотографија од синот Јан, како свири тапани во студио кај Гаро. Јан изгледа е музичкиот наследник на Влатко, но место гитара,тој избра ударен инструмент.
Стефановски е посветен татко на Ана и на Јан. Синот и ќерката го следат на повеќето негови концертни патувања. Лани, по долго боледување почина Гордана, сопругата на Влатко.
„Ја загубив мојата драга сопруга со која што поминав 35 години. Децата и нивните проблеми сега ми се на прво место. А ако имам време, ќе се занимавам и со моите проблеми. Изгледа дека овој товар што го носам бил наменет за мене“, изјави Влатко претходно.
Синот Јан, лани страдаше во сообраќајна незгода од која со помош на семејството брзо закрепна.
Влатко е регионално актуелен со новиот албум „Мајчин јазик“.
Иако во претходно интервју изјави дека е фокусирана на работата, а не на љубовта, изгледа дека пејачката Лидија Кочовска самата си се деманираше. На својот Инстаграм профил, Лидија објави фотографија со маж со кој изгледа прилично блиска. Фотографијата е направена во Битола, а под неа Кочовска напиша: “Моето срце„.
Лидија претходно изјави дека се надева оти еден ден повторно ќе се вљуби, а по кусото брачно искуство во Хрватска, бракот како форма ништо не и значи. Пејачката одамна не е активна на фестивалите, но е вработена во хорот на Македонската опера и балет, каде што редовно настапува.
Сара Мејс во одлична форма само 3 месеци по раѓањето на ќерката
05 Декември, 2018
Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс ужива во мајчинството со ќерката Илина која се роди на 10-ти септември.
Тие имаат свои секојдневни ритуали, меѓу кои е и кучето на Сара и нејзиниот сопруг водителот Димитар.
Таа само три месеци по породувањето изгледа одлично и и се врати на својата фит форма. Тоа се забележува по нејзините фотографии на социјалните мрежи, односно нејзините гостувања во неколку емисии периодов.
„ Додека бев бремена, постојано некој ме плашеше, вака ќе биде или онака ќе биде. Првата група на луѓе ми велеа: рано ви е за дете, зошто уште не шетате, втората група ми раскажуваше колку е тешко,а трети ми велеа дека е ова најубавиот период. И во право беа третите, јас сум во таа група. За сега одлично се снаоѓаме со Илина, целта ги оптавдува средствата. Кога спие по четири часа без да се разбуди, ми фали“, ни раскажа Сара во претходна прилика.
Пејачот Влатко Лозаноски-Лозано влезе во женскиот свет и ја поддржа кампањата против насилство врз жени и девојки. Лозано на својот Инстаграм профил позираше со мегафон на кој е напишано мотото на кампањата “Слушнија-16 дена активизам против жени и девојчиња“.
Оваа година беше многу успешна за пејачот, најголемите домашни хитови беа негови: “Камо тебе да те имам”, “Километри”, “Јако јако” и последната “Надеж”.
За кампањата “Слушнија“, вистинити приказни од жени кои биле жртви на семејно насилство споделија: Анета Кочишки, Амернис Нокшиќи, Тања Кочовска, Викторија Лоба. Сите снимија емотивни видеа кои жените ги споделуваа и ги коментираа.
Пејачката Викторија Лоба објави фотографија во издание во какво што не сме ја навикнале до сега. Лоба и претходно го нагласувала својот сексапил, но не како на оваа фотографија. Во преден план е деколтето на пејачката која пред неколку месеци снимаше спот на грчкиот остров Санторини, за песната “Над небото”.
Денеска, Лоба ќе го промовира првиот албум кој е наречен “Нов свет” и тоа во македонска и во англиска верзија. Снимен е во неколку студија и на него се старите хитови и неколку нови песни.
Ена Веко беше вистинска атракција на домашната музичка сцена. Ја паметиме како првата македонска раперка. Денеска Ена, со вистинско име Елена Домазетовска живее во Сиднеј, Австралија и изгледа сосема поинаку од почетокот на деведесетите.
Ена уште по завршувањето на средното училиште се повлече од музиката и замина во Сиднеј каде што живее денес. Сега има долга коса и сосема поинаков имиџ. Последен пат во Скопје беше летово.
Ена соработуваше со продуцентот Тоше Поп-Симонов и го издаде албумот “Бубачки и градски ѕверки“. Хитови кои останаа се „Опера хаус“ , „До кога вака“, „Царевата ќерка“, „Признавам-не признавам“, а настапи и на фолк-фестивалот „Цветници“ во дует со Мирко Митревски и со групата „Академци“.
Зорица и Александра Заеви, ќерката и сопругата на премиерот Зоран Заев се на заедничко патување. Мајката и ќерката заминаа во Франкфурт, Германија на предновогодишен шопинг. Александра за патувањето со мајката се пофали на својот Инстаграм профил. На фотографиите се гледа дека двете убаво си поминуваат.
На сликите го нема Душко, синот на премиерот, кој е помал од својата сестра. Заеви пред два месеци славеа 23 годишнина од бракот и изјавија дека се најгорди на своите деца.
По смртта на сопругот, Маја чека душата пак да и пее
December 26, 2018
Пејачката Маја Саздановска се присети на својот покоен сопруг, Саша Лилчиќ кој почина пред неколку години. Таа објави нивна заедничка слика од насловна страница на списание. Маја во јавноста никогаш не прозборе за ненадејната смрт на сопругот кој ја напушти додека нивната ќерка Срна беше многу мала.
Маја одамна не е активна како соло вокал на музичката поп сцена, таа работи во службата за односи со јавност во Македонската опера и балет. Маја е дел од придружните вокали на Калиопи и ја следи на сите настапи. Претходно таа работеше во еден диет клуб.
“Не сум подготвена да снимам нова песна. Чекам душата пак да ми запее”, изјави Маја
Речиси никој од македонските пејачи нема договорен настап за Нова година. Калиопи, Каролина, Елена Ристеска, Дани, Лозано… Новата година ќе ја поминат без ангажман, што не било пракса и претходно. Скопје, Прилеп и Битола се малкуте градови кои годинава организираат новогодишни прослави. Освен “Парни ваљак” во Скопје ќе свири и еден косовски панк бенд, на плоштадот Македонија. Во Прилеп, на плоштадот ќе пее Нино Величковски со неговите тамбураши. “Силви бенд” се едни од ретките кои се ангажирани за новогодишната ноќ, тие ќе пеат на Плоштадот Магнолија во Битола.
Ова е дефинитивно најнеплодна година за домашната естрада за Нова година. Дел од пејачите, си фатија “тезги” преку големите фирми на предновогодишните забави.
Специјална обвинитела Фатиме Фетаи беше една од блиските пријатели кои во семејниот дом синоќа ги пречекаа Нора Шаќири и нејзиниот сопруг Марко Марковиќ.
„Ние двајца се сакаме и почитуваме, па затоа како и минатите 6 години така и оваа со радост и огромна почит кон неговата религија и славата која ја слави Св.Јован ја отворив вратата за нашите семејства и пријателите“, напиша Нора на социјалните мрежи.
Инаку, поранешната Ттв водителка и новинар, Нора Шаќири сега е вработена со Министерството за култура, како асистент на заменик Министерот и односи со јавност, Таа е мажена за музичарот Марко Марковиќ.
Што се случувало меѓу Саше Политико и Марина, вмешан и градоначалникот на Аеродром?
Љубовен триаголник или нешто сосема друго? Зошто играле ножеви меѓу Саше Политико и неговата сопруга Марина, пренесува Вечер.
Според „Вечер“, порталот доказмакедонија.мк во сопственост на некогашниот партнер и другар на Саше Ивановски, синоќа објави фотографии од пораки, за кои тврди дека наводно се меѓу сопругата на Саше Ивановски, Марина и градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.
Овие пораки во продолжение, во целост се преземени од „Вечер“.
СЕ ВРАТИ ЉУБОВТА: Калиопи и Ромео повторно заедно?
February 10, 2019
Поп пејачката Калиопи Букле и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил повторно се заедно. Наводно, тие живеат заедно во Белград, но “двојката“ сеуште не сака тоа да го сподели со јавноста. Калиопи последнава година повеќе е присутна во Белград, одржува концерти во Србија, а исто така и понатаму соработува со Ромео.
Инаку, Ромео и Калиопи беа во брак долги години, и го имаат синот Пако кој живее во Швајцарија. Тој е автор на повеќето хитови од албумот „Обои ме“. Како тандем повторно се соединија во 2012 година, кога Ромео беше дел од авторскиот тим на евровизискиот хит „Црно и бело“, а тој е автор и на музиката и на аранжманот на песната „Дона“, со која Калиопи беше на Евросонг во Шведска во 2016 година. Еден период Калиопи беше во брак и со актерот Васил Зафирчев.
Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот