IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Власи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Власи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 63646566>
Автор
Порака
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2018 во 10:41
Zelenikovo, имам чувство дека постовите ти се copy-past отколку твое лично изразување. Да бидам искрен, сем некоја запирка во твоите постови кој започнуваат и немаат крај, ниту поврзаност. Не сакам да испаднам груб но едноставно и да сакаш да се фокусираш буквите бегаат и се мешаат.

Темата малку ја испомешавме, од Власи до Албанци, Македонци, Словени, Христијани, Политика, Теории на заговор, Коин јазикот и.т.н па стигнавме до Кавказ. Искрено, мислам дека си создал историска слика (повеќето од псеудо историчари кои безмилосно бараат background) за антиката која ќе се повторува со секој одговор од твоја страна што е најтрагично (за мене како мислење) дека сето ова што го постираш нема научна потврда или некоја историска референца.

Ќе мора да повторам дека Власите Илирско-Тракијско потекло и немаат ниту С од словенско а најмалце М од Македонско потекло.

Беси биле независни тракијски племиња кои живееле на територија која се протегала од Мозија до планината Родопи во јужна Тракија, но често се споменува како живеалиште за Хемус, планинскиот масив што ја дели Мозија од Тракија и од планината Родопи до северниот дел на Хебрус. Херодот ги опишал како еден вид свештеничка каста меѓу Сатрите (друго Тракијско племе),како преведувачи на пророчките изјави што ги дал свештеникот во пророчкиот храм на Дионис лоцирани на планински врв. Во 72 п.н.е., проконзулот на Македонија Маркус Теренциј Варо Лукулус ги победил Беси-те во Тракија. Подоцна Страбон дава записник во кој Бесите се опишани како најжестоки од независните тракиски племиња, кои живеат на и околу Хемус опсегот, и поседуваат поголем дел од областа околу тој планински синџир. Тој ги нарекува разбојници меѓу разбојниците и дека се зависни од грабеж. Момсен вели дека главниот град на Беси бил Усудама (денешен Едирне во модерна Турција), но вистинското место се чини дека е Бесапара(денес Синитово кај Пазарџик, Бугарија). Се смета дека Диобези (друго тракијско племе) се сојуз на сорти помеѓу Бесаи и Дии. Плиниј Старецот открива дека имало неколку поделби на Беси. Апиан пишува дека тие страшно му се предадоа на Август. Кон крајот на IV век, Никито епископ Дакија го донел Евангелието на "оние планински волци", Беси. Наводно неговата мисија била успешна, а обожавањето на Дионис и други тракиски богови на крајот беше заменето со христијанството. Се смета дека тракиското лично име Беса (потврдено во Северна Црна Гора заедно со други тракиски имиња како Терес) го има истиот етимон како Беси (Wilkes, 1982). Во текст Стратикон од 11 век, Цезауменос, византискиот историчар, ги опишува Власите од Тесалија (на пример, Ароманците од Голема Влашка) како потомци на древните Дакијци и Беси кои извршија инвазија од областа на Дунав, наводно барајќи одмазда за пораз на своите предци од Трајан за време на војните во Дакија.

Потекло на зборот "Влах"
Историското истражување не води до општоприфатен заклучок за потеклото на зборот, а недостатокот на едногласност е до одреден степен поврзан со различните ставови кои постојат за потеклото на Власите. Името Влах е нејасно со општото правило што значи латинофонија т.е. латинско говорно подрачје. Главните точки кои се појавија во однос на етимологијата на терминот се:

- Од прото-германскиот збор со келтски корен, подоцна Walh walch или welsch, во која античките Германци ги идентификувале Римјаните генерално, народите кои биле инкорпорирани државно и културно во римскиот свет, исто така значело и странски, негермански, но се зборува за латински и се однесува на сите латинска римска популација (обично Келтите) на Римската Империја, како што може да се види од имињата на регионите како Валони во Белгија, Корнвол и Велс во Велика Британија, Валис во Швајцарија, Валахија во Романија . Тогаш бил усвоен од повеќето народи кои имале соседни популации од латински, па затоа од соодветната етимологија, исто така произлегува од старословенскиот збор vlah што значи странец, латинец. Нејзиното позајмување од страна на средновековните Словени го носат вокалниот премин во Влаха. Во оваа форма се претвора во термин кој ги одредува популациите на Југоисточна Европа кои зборуваат различни форми на балканско-романскиот јазик, односно неолитските дијалекти на балканскиот простор.

- Од египетскиот термин "felach" (= земјоделец), оној кој се занимава со земјоделска работа. Особено поради гладните бегалци кои бегаат од Египетските еврејски доселеници, самопрогласени земјоделци (знаковен јазик), бидејќи ги обработуваа полињата што беа близу до границата што им била дадена од страна на египетските власти. Наследниците на Птоломеј официјално ги нарекуваа земјоделците, но демократски фалах со додавање на грчкиот -о-терминал со менување на почетната аспирација z во соодветниот медиум б и формирана во Валахис. Валах типот го задржале Римјаните терминот што го вовеле во администрацијата на римската држава како Влах, а потоа и институцијата за колонизација на Римјаните во земјите населени со Римјаните.

- Прогресија на зборот Валих (Дорски Влах), што значи одблесокот.

- Произлегува од зборот Volcae, келтско племе кое граничи со германските племиња и со тоа име Германците ги нарекувале било кое Римско латинско говорно подрачје.

- Од римскиот збор villicus , за римјаните значел земјоделец.

Виликус, бил слуга кој имал надзор над "вилата рустика" и од целиот бизнис на фармата, освен стоката која била под грижа на магистралниот пекорис. Должностите на vilicus беа да ги следат упатствата на сопственикот на имот и да управуваат со робови со умереност, никогаш да не ја напуштаат вилата, освен да одат на пазар, да немаат однос со проповедниците, да се грижат за добитокот и спроведувањето на сточарството , и да управуваат со сите операции на фармата вила. Неговите должности и оние на неговата сопруга (залик) се опишани од Columella (Res rustica, I.8, XI.1 и XII.1)

Вила рустика (Villa rustica) е тип на Римска вила, градба од римскиот период, каде стоеле складирани работи и каде што робовите (Виликус/villicus) од вилата работеле и живееле. Ова исто така било место каде биле сместени и животните од фармата. Понекогаш можело да има и други соби кои можеле да се употребат како складиште, болница, па дури и затвор.
-------------------------------------------

Сите овие описи водат во еден праец а тоа е јазикот на Власите, старо латинскиот!

Во твоите постови си тенденциозен, со примеси на наметнување на денешниот Македонски идентитет со некои народи кои постоеле пред преселбата на јужните Словени. Твое е правото на таа теза но нема поткрпа. Сите релевантни и реномирани историски научни студии немаат ниту еден доказ за кој новите псеудо историчари (чисто од политички карактер) ја наметнуваат тезата за прото словени кој заминале од балканот, стигнале до Индија (ариевизмот) и повторно се вратиле... Дали можеш да замислиш во тој период да патуваш до Индија, низ густи шуми и тешки планини, домородни луѓе кои би ги гледале доселениците како непријатели.... или едноставно повикале и патувале безгрижно. Не ја мешај политичката секојдневница со историјата, како тргнале псеудо историчарите и Јулие Цезар ќе стане Македонец или според Деретиќ, а и според Дардан Венетски, и Исус Христос е Србин/Македонец.. до таму стигнат па ќе докажат дека и Ганди е Србин/Македонец....

Ок, малку шала со "повикот" но ние денес гледаме на историјата од наша модерна перспектива и толкуваме нешто што било незамисливо да се толкува во тој период.
Homo homini lupus est...
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2018 во 15:18

пријателе цитирај една теза те молам за да спореми генерализирање никаде немацда не одведе, тамам да земам за буквите да ти држам предавање дека не ет хемус ами хаемус запишана планината, можеби теза за тебе е Москополе, можеби Мијаците илити Тоските и Гегите, кај и што прочита ти дека стојам зад некоја Словенска Теорија како исклучиво вистинита, факт е дека сите имаат дупки а што очигледно се должи на историцизам со исклучивост ко твојата, конечно твое право да гледаш на историскиот мозаик како тебе ти чини, но заради тоа на друг да му спушташ бер со чалам, хм, ни од блиску не ет влашки :)

ако бе Комшо, евала ти си во право, ти пораснаа ли рогови од тоа, мислам ок суетата да ја шмирглаш, но при тоа доколку си исклучив кон туѓите светогледи на резигнирачки начин, особено ако си сонив на иста маса седнат тоа ништо нема да демистифицира ...

нели гледаш дека токму јас велам дека Пелазги од секогаш постоеле, истите заради склоност кон хелиолатрискиот култ каде како по Македонскиот Полуостров (по кои е логично балкан да го носи име бидејќи ко така сродни се Обединиле во Македонското Царство кое биднало најславна и најголема империја своевремено) како такви биле познати ко ИЛири ЕЛини а подоцна и АЛбанци (ил ел ал - се префикси за светлина) иако еве моја теза е дека АЛбанци и АЛбанија ако термини се јавуваат за време постоењето на Бановите и Бановините наместо слепо да одам по нечиј национален фолклор дека тоа е заради едикое племе Албанои иако имам разбирање за таквата теза и не сум исклучив та да речам нека си ја пикнат во заден џеб од кошула, но имам исто толкаво право и јас да вадам мои интерпретации од заден џеб, просто историјата е толку фалсификувана од антика навака да Чоек ретко може и да фати крај кое племе или племиња стигнале да формираат сојуз каков и зошто а потем и кога тој станал етникум, дали на процесот влијаеле кланови во племето, дали истите биле асимилирани од културни вајбои на староседелците или пак заради трговија, просто непобитен факт е дека Полисите на југ тргувајќи низ средоземието стигнале до Митови ко египетските асирските индиските а потем истите ги рафинирале и суптитуирале со своја терминологија, Митот за Ное е најочигледен пример во овој контекст, а по таа аналогија зар Власите од Епир во среден век не биле во контакт со сите од Латини виа Венецијанската Република но и Словени виа Самоиловото сетне и Српското Царство, нели биле во контакт со Бугарите Грците, Византија конечно, јасно бидејќи на пат помеѓу Јадран и Византија биле на културен удар од венециските трговци, дури и да немало Латинско Кралство а имало, дури чиниш москополци кумувале некако на истото, но ето останале без власт и територија заради икс причини, а за што чинам налетот на Османлиите е причина, немало каде да се повлечат него да тераат кон запад а ко латинизирани и да биднат таму асимилирани, тоа Мијаците не К*ртулиле асимилација земи ги пр. оние кои заминале на Сицилија при падот т.е. збегот на Ѓорѓија ... интересно според тебе Власите се Пелазги ли, бреј ок нека ти биде но мене да ме обвинуваш дека јас велам дека денешните Македонци се тоа е замена на тези, јас само велам туризам бате туризам, пакување приказна која можеш да ја шитнеш вреди да се брка на сите нивоа дури и малку да има античка конекција треба истата да се шмиргла и полира, што чифтијани ако некој каже било вака или онака кога знаеме дека до апсолутната вистина никогаш нема да дојдеме бидејќи се ет карма каша од историски аспект, каде некоја граница почнува каде завршува зар Македонската Култура онаква каква ние ја познаваме нема еден куп Ориентализам, што значи тоа дека ние сме Турци? каде со тој памет!? нормал се радуваме на различностите кои како во фин мозаик сме ги сплотиле онака најкултурно најдоброто од сите страни сме го смиксале, нормал си имаме и Есенција овен разен зарзават, и јасно си ја срка таа Салата оној кому му чини, но да му брцам сосила со лајцата некому во нос бидејќи мора моето да најјако тоа е небулоза, кога ќе доит на гости нека повели нека сркни и тој, Сепак заради комформизам посреди западната историска научност не е лошо та дури ет неопходно своите вистини на мегдан да ги вадиме, но најнапред треба тука да стигнеме до некое официјално нзс, но официјално нзс не ни може да се стигне прво бидејќи сме малку ем расцепкани низ цел свет, сетне оди некој нека го демистифицира средниот темен век а без да ги отвори Ватикан сите архиви, што нема да се случи бидејќи многу папи биле верои та не го чинат тоа за да не паднат Католиците во смут, не дека папството е ѕверство, туку она фамозно блек нобилити се убацувале во Ватикан и си инсталирале постојано свој подобни папи а овие нормал содома и гомора им било малку како во најдобар случај се труеле или касапеле, та не ни сонувај дека некогаш Ватикан скоро ќе отвори книги, како се грабала Византија, колку сурови биле како теократи кон ересите во недостаток тоа да го чини Цар ко што било случај на Исток ...
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2018 во 19:09
Zelenikovo, јас за Власите а ти за Мијаците на Ѓорѓија. ОК, еве да ги видиме нашите Мијаци од Сицилија:
Мијакот Ѓорѓија Кастриот
Мијаци во Италија
Мијаците говорат мијачки
Мијаците танцуваат и пеат
Мијачка конверзација, се ќе разбереме
Мијачка народна носија 1
Мијачка народна носија 2

Да не ја заборавиме историјата за преселбата на Мијаците во Италија:


Преселба на Мијаците

Изменето од Buggyman - 03.Декември.2018 во 19:14
Homo homini lupus est...
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2018 во 15:37
Интересна стара Влашка песна
Стара Влашка песна

U jam një vlahe bukurë
Një vlahe penemene
Çë kam një miljë delietë
Dhe pesëqindë dhitë
Ulku të hai delietë
Çakau të hai dhitë
Nisem dhe vete në Janin
Vete n'oda të beut
Mirë e mirë
Mirserdhe vlahëzë!

Изменето од Buggyman - 04.Декември.2018 во 16:46
Homo homini lupus est...
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2018 во 23:43

колку Влашкиот е сличен со Албанскиот? има ли некој абер, вака некако делува некако ближно, може да излезе дека Тоските ето се Власите кои подоцна биле асимилирани итн.

инаку наврати се зошто ги спомнав Мијаците како дигресија за Власите, инаку она сеирот што го имаш спукано иако на место, бар во однос како сами се доживуваатголем дел од Мијаците во Албанија, иако по Православна линија нешто многу многу не се мирисаат дури и со Исламизираните Мијаци а не пак Гегите, но ето виа Тоските влетале на Сицилија та виа Далмација и во Венеција ... велат Ѓорѓи в Дубровник дремел исто некое време при збегот ...

интересно кога ова го спона пред некое време направив слична аналогија и на Билд но во однос одреден инфографик, а каде имам нафрлено абери во однос јазичните варијации на "Албанците" во Италија ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3140&PID=228118#228118

наводниците горе се чисто ја логика, може не сум во право, може и нашиве Мијаци се Албанци, нели спореди ги ората носијата табиетот и слично та тогај тоа не се Македонци, или!? колку само Словенска Топонимија е ресетиранани во Албанија ко и во Грција, но ок зар не го чинат сите вакви или онакви хегемонски автократии тоа, она не се Имоерии а се однесуваат бетер од нив за да случајно некако утре не им се појави непожелен самосвесен елемент во својте граници, Асимилацијата од овој аспект ги има начисто сотрено Власите, особено откако "европеите" читај англичаните решиле да си направат свој хомоген чекпоинт во Средоземно Море та Грци ги сториле односно кумавале да станат и Евреите, ако не друго околу табиетот и како ет формиран Израел, види чудо и знамињата им се ко од иста печатница излезени, но и отпојќе, она цел штоф со се сите шавови петлци и подвезици!

Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2018 во 13:09
Zelenikovo,

Мислам дека си повеќе преокупиран од верски и политички аспект (можеби поради нашите политички турбуленции) и помалку се фокусираш на историскиот дел. Ќе изнесам дел по дел од моето гледиште.

Малку ми е нелогична тезата за асмилација- на Власите во Тоски и цело време се врти темата за Албанците. Колку имаат сличности во јазикот? не знам, тоа најдобро може да се дознае ако има постар (отприлика 80+ години) припадник на Влашката заедница и Албанската заедница кој живееле во близина едни до други инаку можеме само да претпоставуваме. Дека во минатото може биле од ист сој, не сум сигурен и ниту сум релевантен за тоа да го тврдам но многу историчари на тоа укажуваат.

Зошто мислам дека си верски преокупиран? Православието бил доминантен верски елемент на овие простори (тоа е неспорно и не знам кој може тоа да го негира)и не знам што ги раздовјувало народите на Балканот пред 300-200-150 години па и помалку? Национално чувство немал ниту еден народ на Балканот дури и пред 100 години, бидејќи основата на идентитетот им бил еден- Христијанин. Што тие народи ги разликувало? Јазикот кој го говореле! Има кратко објаснување за тоа:
Многу востаници ниту чуле за Србија

Погледни го целото видео

Националниот романтизам започнува крајот на 18 век и почетокот на 19 век во одредени интелектуални кругови и мал дел од повисоката класа додека народот (рум милет) немал поим за тоа.

Како што ИРЦ било мултикултурно, основата на ИРЦ бил Христијанството, така и во времето на Османлиите народите на Балканот ги поврзаувало религијата без оглед на јазичната група. Обично мажите биле би-лингвисти или мулти-лингвисти (поради трговијата) додека жената, кој во тој период била претежно дома, децата го учеле "мајчиниот јазик" или поточно јазикот на домот. Но според многу податоци, поради близаината на јазичните групи, домаќинките исто така го запознавале јазикот на другите и комуницирале меѓусебно. Кој бил официјален јазик, национал романтичарите ќе кажат едно но мислам дека ќе погрешат.
Битола низ објективот на браќата Манаки

Колку и да дебатираме на одредени теми, сликовито е прикажан животот на одредени заедници...

Зошто велам политички? Имаме состојба која делува врз нас преку секојдневието, самата политичка состојба, каде Албанците се дел од целиот тој циклус и остава негативен впечаток. Сето тоа се рефлектира врз нашиот ум и поради одреден (ајде така да кажеме) страв за претензии кон нашата територија имаме свои теории.

Цитирам: "интересно кога ова го спона пред некое време направив слична аналогија и на Билд но во однос одреден инфографик, а каде имам нафрлено абери во однос јазичните варијации на "Албанците" во Италија ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3140&PID=228118#228118"


Власите ни се темата но повторно се наметнува прашањето за Албанците, малку нападно е но погледнав и што забележав. Се развива тезата за Мијаците (повторно со Мијаците и наместо да го задржиме духот на Мијаците, се разнебитува) каде уште еднаш се наметнува истото? Како извор на таа теза е:

https://www.quora.com/What-are-the-differences-between-the-Italian-and-Sicilian-languages/answer/Pia-Massaro

... и кога ќе ја отвориш главната страница, има разни мислења на разликата на "Сицилијанскиот и Италијанскот јазик" каде што друг постира линк:

Јазици и дијалекти на Сицилија

... проверив и повторно наоѓам назив Arbëreshë, и се потрудив да побарам како звучи тој јазик:

Звукот на старо-албанскиот јазик на самото видео долу пишува Арберишт.

Малку шега, не знаев дека тоа е славјански jазик :)

(Јас не сум преоптеретен од дневнополитичките настани и ќе бидам искрен, ми се допадна мелодијата во позадина на видеото и преку шазам ја пронајдов Albanian soul )

Го пратив видеото до мој пријател и ми објасни дека целета мелодија е составена од Епирски мелос, Полопонески или како ние знаеме да кажеме Тоски, и два мелоса од северниот дел на Албанија и Косово.

Да се вратиме малку на Власите, што е и темата. Цврста основа на идентитетот, кој е православен, јазично различен од словенскиот (те молам не мешај ја територијата бидејќи говориме за историја а не сегашност) под влијание на околината создавала и свој мелос, оваа песна е од Епир:

Арванито-Влашка полифонична песна

Полифонична песна во Грција

... има сличност но идеме понатаму:

Власите од Егејска Македонија ... отпеан е погромот на Власите од Москополе ... (нека се уклучи некој Влав во оваа тема).

Власите во денешна Македонија :
Влашка песна

Под влијание се менува и мелосот. -Северни Власи

Веќе се Р(у)мунизираат... Геноцид над Власите

Интересна дебата во Србија

Некако се се врти во круг....

За топонимите - Пекинг (кинески: 北京, пинјин: Běijīng) Беиџинг


листа на топоними


... треба ли понатаму да се коментира? Јас нема да коментриам...

Едно да е јасно колку се мразат албанците и грците и читај ги коментарите под видеото од двете страни!!!! Батали ја тезата за Мијаците и не копај длабоко инаку станавме шкрети...

Цитирам:
"особено откако "европеите" читај англичаните решиле да си направат свој хомоген чекпоинт во Средоземно Море та Грци ги сториле односно кумавале да станат и Евреите, ако не друго околу табиетот и како ет формиран Израел, види чудо и знамињата им се ко од иста печатница излезени, но и отпојќе, она цел штоф со се сите шавови петлци и подвезици! "

На крајот се согласивме но сепак држиш една резерва но ок е, Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора, Србија, Румунија, Албанија, Македонија, Грција, Турција се ново создадени нации во 19 и 20 век. /

Изменето од Buggyman - 08.Декември.2018 во 13:31
Homo homini lupus est...
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2018 во 01:41

не е спорно дека современите нации настануваат во романтизмот, сепак како култуен код во антика тоа се Пелазги во среден век Словени кои доминираат на овој полуостров, биле тие автохотоно настанати или пак придојдени, просто Пелазги биле конгломерат од Илири Македонци и Тракијци генерално како територијални етноними во кои влегувале различни локални Племиња, а илјада години подоцна тоа се Словени меѓу кои поголеми етнолошко култоролошки групи кои имаат сродни обичаи та и ко и во бронзено доба домородците се обединуваат по таква сродност така и подоцна, од тие домородци последен локални Цареви се Свети Константин и Свети Јустинијан кои имале битен импакт фактор сепак Христијанството наголемо почнало да го супституира етничкото хомогенизирајќи ги масите, иако Свети Јустинијан за да ја запре борбата меѓу Рим и Цариград за јурисдикција врз Илирикум и Македонија ја формира Јустинија Прима како Архиепископија трета по ранг во Христијанството на овие простори во тоа време, амортизер кој впрочем влијаел да се хомогенизира колку толку населението на овие простори да се здушува повторно тро засебно, птоа ете налетот на Словените и миксот кој се случил кумува за да се издиференцираат нови етнолошко култоролошки групи каде некои племиња станеле подоминантни како Мијаците и Брсјаците во Македонија, дефакто Словени се' имаат преплавено се до Крит по окј аршин нормалнодека староседелците и да имале подоминантни пагански култови истите бидејќи се на ангро ресетирани од Христијанството тие биле асимилирани од Словените иако сигурно добар дел обичаи се задржале и може да ги чешлаат етнолози ...

... слично така асимилирани се подоцн Мијаците во отоманско а и подоцна во романтизмот како дел новокомпонирани ентитети како Албанци Црногорци па и Македонци и според топонимијата биле деплеминизирани на некој начин, од тој аспект а заради плимиња кои влегуваат во два различни новокомпонира краја може да се каже дека Македонците се апојка за Србите и Бугарите или пак Албанците спојка за Македонците и Црногорците, односно Власите спојка за Албаните и Грците, иако и тоа не може целосно така да се разграничи, бидејќи не се врзуваат или разграничуваат само по Племенско-етничка линија современите нации туку и по Верска, Јазична, па и Економска ... вака видено Мијаците биле во контакт со Тоските заедно со оние Епирски Племиња кои миксајќи се со сите овие други извадиле ето Влашки Ремикс, Просто на овој полуостров она што не е на негоите краеви ет коктелијада, не дека она по краевите не ет, пример во денешна Албанија имаат здраво продњфилирано во доцна антика и келти и авари чинам и хуни нешто потскитнале претходно, ЗАТОА и ги спомнав Мијаците како Племе кое не треба да значи дека ие се денес исклучиво нановаа или онаа нација, напротив ги посочувам дека како транзитоени можат да не сплотуваат да бидат амортизeр во најмала рака, НО си висел ли некој етнолог да ги обработи компаративно обичаите низ вековите кај Мијаците од Црна Гора та и Далмација (далматинските срби каде бар 1/3-тина се од мијачко потекло) со оние Мијаци од Албанија и Македонија, хм и да го има од ова националистичките фолклористи и удбалитичарските ксенофоби ќе би заќутен или спинуван доколку и се обиде да бара сличности и нзс, нели исклучивоста и малодушноста кај национализираните ет толку здраво вгнездена да се прашуваш дали не е тоа резултат бидејќи не се ко индивидуи продуховњни та им станало земното религија, која впрочем има и своњ крешендо во очи хулиганизмот, а што кончно е резултат на фиктивни граници натоварени низ последнитњ светски војни како бедеми кои ќе спречат овој Полуостров како секогаш низ историјата да се издигне над другите, се надевам денес ко што велел Гоце некогаш Културно ...

... само се плашам дека со ресетирање на Традиција и Селото сите ќе завршиме ко Власите глобализирани инстант утре во некој нов светски поредок во кој цњнтралата тука утре по потреба може да насели кого сака колку сака, нели како би си ја осигурала империјата од етнички ризици процес кој сега со аездата на турбофолк рап и техно на ангро се промовира иако речиси доброволно од наша странамкумуваме на ваква инерција, иако на сето ова кумувале повторно некои глобални заврлами и процеси, за и тогаш немале агенди за европеизирање односно асимилирање на тукашните Народикако би им биле сервилни!? што можеби најизразено е преку појава на инструменти како клавир или хармоника, доволно за пополека да се наметне тренд кој ето гледаме мина потака во титоизмот како новокомпониран фолклор, нешто што го сториле и осмалиите со Чалгиските Инструменти, но што им успеало само во градовите та биднала градска музика, а сепак Селото не било сотрено, додека подоцна Селото е сотрено пр. овде во Македонија а во градот фолклорот само конзервиран по музејски куд витрини, ајт Правото ни стана норма на цел балкан така та ето бар некакво ехо од она што било Изворно и пто не чинело посебни, останува Јазикот, но и тој побајаѓи во различни околности претрпувал различно рафинирање, да денес е дури во град ко Скопје е навредливо и повеќе него во титоизмот на Дијалект некој да говори, и ето га параспур кој чека економски чадор за да не бутне во глодализирачка каша во која Културен Код ќе биде трендот на корпорациите и амбицијата на технократите да стигнат нели до еугеничарската утопија за рај на земјата преку најнаоред билника и генетика а потем и силикон па сајбер-сапиенс, но како велат ќе се сопнат на некоја поука, веројатно античката за Икар и Дедал [1] ха што излезе со онаа фигурината на Паско која ја именува Дедал дане се сопнат и од артефакт :D не ми замерувај на дигресииве, Диго кавасец не е на одмет колку да е тро и левитирачки муабетов ... фали уште мелозвучни мирудии и ето га културен абер за наситка ...




Изменето од Zelenikovo - 09.Декември.2018 во 01:43
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2018 во 17:12
Zelenikovo,

Ова се владетеллите (Тракијско-Илирски) на Римското царство, пред Христијанизирање и потоа:
Decius 249–251,Claudius II "Gothicus" - 268–270, Quintillus - 270, Aurelian - 270–275, Probus - 276–282, Diocletian - 284–305, Maximianus "Herculius" - 286–305, Constantine I -306–337, Constantius II -337-361, Jovian - 363–364, Valentinianus I - 364–375, Valens - 364–378,, Gratian - 375–383, Valentinianus II - 375–392, Marcianus - 450–457, Anastasius I - 491–518, Justin I - 518–527, Justinian I - 527–565...
Византиски владетели

Да одиме по ред, "домородците" го внесуваат духовното Христово царство, кое се уште трае, и одеднаш преку ноќ исчезнуваат луѓето кој со векови го градат Христовото царството. Тезата дека јужните Словени ги надвладуваат останатите е недржива. Најголемата конфузија во моментот е глаголицата со која браќата Кирил и Методиј (Св. Климент Охридски исто така како нивни ученик) по задача на Михаил III одат во Голема Моравија за да го шират христијанството меѓу западните Словени каде што буквално ја измислуваат глаголицата, комбинација помеѓу хеленското и латинското писмо. Многумина денешни псеудо историчари ја користат глаголицата за тезата пра словени и глаголицата наводно има значење „зборува“, „кажува“, „говори“, „вели“, „изрекува“ (ноторна глупост како да немало писмо и словените буквално биле ретардирани), се користи само кај нас и во Србија, ниту една друга земја со словенско потекло не ја објаснува на ваков начин глаголицата па ниту во Русија.

Интересен е и моментот, Св. Кирил и Методиј исто така и Св. Климент Охридски се појавуваат (секако коинцидентно) во времето на создавање на Бугарското царство, каде по смрта на светите Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски по прогонот од страна "латините" се засолнува во 886 година кај бугарскиот кнез Борис I и наскоро го испрати Климент како доскал (учител со свето достоинство, διδάσκαλο) во "регион Кутмичевица", една од десет бугарски воени административни единици со центар во Девол(Корча) сега на територијата на Албанија па се до западниот дел на првото Бугарско царство за учење на населените словени на словенското писмо (глаголицата) и подоцна Св.Климент станал епископ во Берат.Таа епархија каде што и денес постои, се нарекува како митрополитска базилика посветена на светите племиња. Во олтарот на базиликата се зачувани седум реликвии со имиња и моштите на светите патрони.

Прво Бугарско царство
Второ Бугарско царство

Зошто навлегувам со овие детали? За дадеме некој редослед на настаните и словенскиот развој.

Ако ги погледнеме годините на развојот на двете Бугарски царства некако коинцидентно се преклопуваат некои детали. Во литературата на јужнословенските народи постои несовпаѓање во името на јазикот, во бугарската традиција се нарекува "старо бугарски" (понекогаш и на германски: Altbulgarisch),во Република Македонија понекогаш се нарекува и "старo македонски", сепак најчесто се нарекува "старословенски". Старословенскиот јазик е првиот словенски литературен јазик заснован на дијалект на Словените кои живееле во 9 век во близина на градот Солун (источна група на јужнословенската гранка на словенскиот јазик). Писмото е развиено во средината на 9 век. Во 9 - 11 век литературниот јазик на повеќето словенски народи влијаеше врз формирањето на многу млади словенски јазици во тоа време. Како азбука за старословенскиот јазик се користеле глаголот и кирилицата. Од самиот почеток старословенскиот јазик бил литературен јазик и никогаш не бил користен како средство за секојдневна комуникација.
Старословенска азбука имаш опција за превод.

Еден детал да додадеме дека во тоа Бугарско царство имало подршка од Власите, па од каде Власи? Кои се Беси?
Мапа на Бесои или Беси

... друг извор пак Власите

Власите во средовековието имале обиди за создавање на своја држава но исто така и од 1941-1944, ние често говориме за качаците балисти но дали ти се познати Алкивиад Диаманди и Николас Матуси? Principat di la Pind? или поточно Пиндо Магленско кнежевство. Во Македонија се шепка за овој настан и наречено е Пиндско-македонско кнежевство, зошто? Од каде Македонско кога е Маглеснко и составено е од Власи и според некои информации и со Албанци!!!!

Од 1860-те години, со активноста на Апостолот Маргаритис, Романија се обидела да ги придобие Власите на териториите на Отоманската империја во Епир и Македонија. Поради влашкиот јазик, кој има многу заеднички елементи со Романскиот, Романија, со поддршка на Австро-унгарската империја успеала да ги постави Власите како посебен народ, на 22 мај 1905 година им била дадена дозвола од Султан Абдул Хамит од Отоманската империја да имаат свои цркви и училишта. Потоа ја финансирале изградбата и работењето на многу училишта во поширокиот регион на Македонија (се мисли на Егејскиот дел) и Епир на влашки јазик. Овие училишта ја продолжиле својата функција кога некои од териториите на Македонија и Тракија преминале на грчка територија во 1912 година, па дури и нивното финансирање од Романија продолжило во 1913 година со согласност на тогашниот премиер Елефтериос Венизелос. Во тие влашки училишта, каде што биле направени заеднички напори за создавање романска свест во Власите, студирал и Алкибијадес Дијаманти. Дипломирани студенти на оние училишта кои сакаа да го продолжат своето образование, во образовните институции во Романија.За настаните од 1917 година во Самарина и за активноста на Дијамантис 25 години подоцна, со таканаречената "Легија на Власите" ја опишал Николае Здрула во магазинот "Revista Aromânească" статија насловена како "Mişcarea Aromanilor din Pind". Текстот на Дијамантис објавен кон крајот на март-почетокот на април, потпишан на 1 март 1942 година, наводно, го потпишал како "Главен претставник на Власите на Долниот Балкан" и 42 лица како "Советници и претставници на Власите на Долниот Балкан, некои биле добро познати поддржувачи како што е Заку Араја - наставник кој бил платен од Романија за да предава на Влашки училишта во Грција. Да се надополни понатаму...
За Брсјаците како словенско племе е точно и се населува помеѓу Скопје и Драч додека за Мијаците, има теорија за која се говори дека се од Влашки сој и дека Брзјаците (по наш Македонски јазик) додека Берзити, по сите останати називи, се потиснати од Мијаците но не познато во кој правец. Власите како народ немаат ништо заедничко (единствено православието) со словенските народи.

Немаш поим колку се слагам со ... слично така асимилирани се подоцн Мијаците во отоманско а и подоцна во романтизмот како дел новокомпонирани ентитети како Албанци Црногорци па и Македонци и според топонимијата биле деплеминизирани на некој начин, од тој аспект а заради плимиња кои влегуваат во два различни новокомпонира краја може да се каже дека Македонците се апојка за Србите и Бугарите или пак Албанците спојка за Македонците и Црногорците, односно Власите спојка за Албаните и Грците, иако и тоа не може целосно така да се разграничи, бидејќи не се врзуваат или разграничуваат само по Племенско-етничка линија современите нации туку и по Верска, Јазична, па и Економска ... вака видено Мијаците биле во контакт со Тоските заедно со оние Епирски Племиња кои миксајќи се со сите овие други извадиле ето Влашки Ремикс, абе жив микс сме.

Ми го разубави денот со кавалот, доволно е да го слушнеш тоналитетот и да ти ги разбуди сите емоции. Зошто велам "жив микс":

Кавал 2
кавал 3
кавал 4

Една работа може да се забележи, кавалот (Ерменски иснтрумент) е хоризонтално распространет..... Бугарите го имаат кавалот но од 3 дела е составен, некако они повеќе на "Арумунскиот" влечат..

Homo homini lupus est...
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2018 во 19:33

токму се разбравме, барањето нзс, особено преку музички вајбои можеби и најлесно ќе не сплоти, но да видиш да неверуваш оти денес главен вајб се турбофолк рап и техно, сепак Етнолозите и Музиколозите тоа треба да го чинат та бар музејски да се оегла слична ако ненсродна орнаментика по носии ... така и освен нзс ќе дотуркаме и до релативизирање на аријанскиот концепт за нација, иако некој ќе рече истиот природно се наметнал, да во околности кога запдните империи сакале да ја ресетираат отоманската пример тука, илити доминацијата на Рим врз сите западни ...

него за квази етикетата, хм токму оние западните се од квази по квази бидејќи своите теории ги имаат наметнато како конечни, кои пак нивните локални екперименти од новокомпонирани нации на балкан ги користат како спунт за националистичка исклучивост и негирање на што повеќе соседи ако се може,ниако реално оние кои се посреди односно први соседи тие и највеќе се закачени по оваа линија, земинги пример лексикографски србите и хрватите ...

а дека е квази муабет античкиот корен на Глаголицата, еве бујрум ѕирни ја теоријата на руски академици, видеото во првата фуснота од постов во темата за Пелазги, и би ти порачал ето немој и ти да тераш исклучиво, бидејќи ко што рече романците си терале некоја своја политика та сега власите излегоа романци, по кој аршин твоето думање би било квази затегнато, што чинам е погрешно така Чоек да им приоѓа на претпоставките т.е. тезите занкои доколку се собере доволно опипливи докази мубетот биднува теорија, а дали истата сите ќе ја прифатат, хм, при толку стрвност за туристички агитпроп и национален аријанизам, просто грците никогаш нема да си дозволат власите да ги прогласат за посебни, нели бидејќи така Олимпија мајка му на Алексо ќе бидне влаинка, а грчката револуција истерана докрај заради влашко јунаштво, кажи кога оваа теорија ќе помине некогаш некаде, ништо чудно и англичаните да ги насколиле романците да ги поткопаат власите за да се на рајат околу нивната новокопонирана средоземна колонија, ко што австријците ги насколиле албанците да сотрат каков и да е словенски призвук во Матија за да си осигураат од спунт своја колонија на Јадранот, ах ќе рече некој им се можело, но зар сеуште нивната помија да сркаме, која толку е скиселена да од мачнина треба очи да си вадиме сите на полуостровов наместо да си зготвиме своја чорба да си свариме, мислам културно, иако хм чинам нема толку лесно да дозволат некој казанот да им го земе од раце бидејќи се плашат истиот така да не бидне Народна Кујна која ќе ги истисне нивните интереси за економски башибозук и ресурси по линија наемничко вазалство!? којзнае може некој ќе успее ...

што е за Девол, оп немет конечна стратиграфија, друга теорија ет дека Охридска Архиепископија била посеана во Девол која утврда се наоѓала на западната страна од Преспанско Езеро, чунки зошто Самоил напраил на Свети Ахил летниковец, а посетне ја префрлува во Охрид, нејсе битно глав(на)ните мошти на Свети Климент сега се токму во Бер [1] а за бугарите што кажам кога Цвијиќ вели дека грците, и србите ги викале бугари, што појќе муабет!? она што претходно биле барбари подоцна станале бугари, како пак гагаузите влетале на балкан и каков микс истерале тоа е друго, но нивно право да си тераат туристичко агитпроповски по вазалска линија!




Изменето од Zelenikovo - 09.Декември.2018 во 19:38
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2018 во 00:04


• Нема никаква причина да не се разбираме колку и да имаме различни позиции или убедување. Да не мудруваме но сепак да кажам, тоа луѓето ги раздвојува од животните, комуникацијата.

Јас едноставно уживам во звуците на Балканскиот стар мелос без разлика од која етничка група припаѓа, и тоа навистина го мислам.

Ајде да сум посериозен...

Не знам зошто ја наметнуваш темата за религијата кога Аријанизмот е отфрлен од Никејскиот собир од страна на Св. Константин? Релативизирањето самиот народ го прифаќа, пример е наместо Св Трифун кај нас е денот на вљубените?? Некој ќе ме нарече примитивец но Православието те учи на морални вредности а не на блуд. Некој ќе рече дека тоа е Христова њубов но тој така сака да го интерпретира бдејќи така му одговара, па докажано е дека 99% ниту ја прочитале Библијата ниту ја знаат основата на Христијанството но јас не сум стручен на таа тема до таа мера па не би продолжил.
Се работи за прифаќање на некои вредности, тоа го прави народот, дали знае или не, дали сака или не, сепак ги менува традициите. Македонија не е теократска земја туку секуларна а со тоа некои вредности се менуваат. Со демократијата, и заштитата на религиозното убедување не прави различни од шеријатските земји од истокот.

Што се однесува за нациите, јас моето го кажав дека се идеолошко политички создадени држави и не се во никаква корелација со верското убедување.

Зошто велам псеудо или квази историчари, едниствено Цветан Грозданов кој бил единствен Византолог од Македонија, кој за жал не оставил никакво дело, книга или негово истражување, не позанавам ниту еден друг историчар во Македонија кој е Византолог и кој го познава старо хеленското писмо па дури и Коине писмо. Може грешам или јас немам таква информација и ако имаш некој прене си ми информација. Што се оденсува за автентичноста на западните или Руските историчари, не гледам разлика ниту кај едните сем интереси. Еве еден пример:
Драган Ташковски каде прецизно дава детали како Руските историчари се изјаснувале за нашиот народ.


Како втор детал, во книгата која е издадена 1967 Драган не нарекува Славо Македонци додека за Русите сме "Бугарски произход". Зарем малку конфузии има па да одиме понатаму?
Руски извор
Территория современной Республики Македонии в различные исторические периоды принадлежала разным государствам и империям — Пеонии, Древней Македонии (чьё название унаследовал весь географический регион), Римской и Византийской империям, Первому и Второму Болгарским царствам, Сербскому царству, Османской империи. В 864, когда территория находилась в составе Болгарского царства, христианство было принято государственной религией. Современные македонцы этнически близки к болгарам. В XIV веке эти земли были завоёваны Османской империей. В XIX веке развилось национальное движение болгар в Македонии, которое проявлялось в форме борьбы за церковно-школьную самостоятельность болгар, увенчавшейся успехом 1870 года с учреждением Болгарского Экзархата, которому к середине 70-х годов удалось включить в свой диоцез большую часть этнически болгарских земель Македонии. Еве што велат Русите за нас!

Постираш веб страници од форуми и некои други веб страници кои не значат нешто (како ни википедија). Те молам испрати ми линк, пишана книга која е на Руски јазик, ќе се снајдам без проблеми.

Што се однесува за Власите, најискрено немам никаква намера да наметнувам Влашки херои или дека сите настанале од Власите па дури и Исус Христос. Ни најмалку. Дека има разни тези за нив, и тоа е точно а која е правата вистина тешко дека ќе се дознае бидејќи луѓето едноставно ги искористуваат. За револуцијата во Грција напоменав дека Колетис бил Влав и дека прв ја спомнал Мегли Идејата за голема Грција. Те молам не наметнувај твои мисли каде јас не сум се изјаснил. Што се однесува за Матија, односно Emathia, не гледам никаков Словеснки призвук. Ова се детски игри на превртување на зборовите, има еден пример кој го слушнав на едно од Српските видеа кога прашале деца на училиште да објаснат како настанал зборот демократија. Девојче кренало рака и изнела мислење каде што објаснила- била некоја жена со фустан и изгубила контрола на чекорите и навлегла во бара и рекла : "Де, мокра ти ја/дна".
Што се однесува за Цвијиќ, точно е дека така ги нарекувале, тоа можеш да го најдеш во патописите на Евлија Челебија.
Интересно но колку ми се познати историските факти наголемото чистење на нашиот народ доаѓа од Грците, Србите 1912-1913 потоа Србите од 1913 до 1940, Бугарите 1941 -1943 со помал интензитет бидејќи главна цел им биле партизаните и коминистичката идеја (во овој период нема конкретни борби меѓу фашистичка Бугарија и фашистичка Албанија поради партнерството) и од 1944 до 1946 со Балистите борби водени низ Карадачкиот регион и западниот дел на Македонија. Чуден народ сме ние Македонците, тие што највеќе не тепале најповеќе си го сакаме, нели?
комисија од 1912-1913
Можам да претпоставам кој одговор ќе го дадеш...

Што се однесува за овој линк:

Според оваа теза, словенска секако, прашањето би било, ако словенскиот народ одел во овој круг зошто тогаш имаме околу нас несловенско говорно подрачје како Албанија, Грција,Романија, Унгарија, Австрија и Италија? Единствениот продoр кон Словенските јазици и народи оди преку Бугарија и тоа преку морето! Би сакал да не го избегнеш прашањево и да ми дадеш логичен одговор.

Сега може ќе ме оквалификуваш и како Бугарофил (претходно за Влахоман) бидејќи истакнувам некои детали кои се поврзани со Бугарите. Но ги заборавивме Власите бидејќи во твоите коментари, како што и претходно потенцирав, има повеќе политика отколку било што друго. Не ми замерај, само сакам да го изнесам моето чувство. Една работа не ми е јасно, кај нас во Македонија дел се Бугарофили, дел се Србомани, дел Гркофили, кажи ми има ли Македонци? Не можам да осудувам само еден народ, сите околу нас се окомени за ова мало парче земја. Како е можно да забораваме за планот на поделба на Македонија помеѓу Грција и Србија, односно плаот на Милошевиќ и Мицотакис? Историјата не ни оди во прилог, тоа нам многу ни е јасно, од вчера да сум Македонец не знам кој може тоа да ми го забрани? Искрено, Србите и Бугарите можат побрзо да не апсорбираат отколку Грците и Албанците поради јазикот.

Yelenikovo, дај темата да ја сведеме на темата која е поставена, значи последен пат те молам, така барем ќе соберам некоја информација која ете не сум ја нашол. Потруди се да постираш некоја книга, како реков и на Руски јазик да е ќе се снајдам да ја прочитам а не линкови од дебати на форуми и линови кои немаат никакво значење. И фокусирај се, ВЛАСИТЕ.



Изменето од Buggyman - 11.Декември.2018 во 00:10
Homo homini lupus est...
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2018 во 12:00

темата можев да ја заобиколам уште одма, но ајт велам убо е да посочам дека никој никогаш нема да дознае што е постаро јајцето или кокошката од етнички аспект, особено што пресубјективно сите денес гледаат на новокомпонираноста ко соседи кои не се етикетираат ко македонците по топонимија туку по митологија, иако некогаш може да се каже дека и македонците најнапред митолошки ја извлекле етикетата ... нејсе еве за да не ја развлекувам овој е тогај мој последен пост на темава со дигресии во контекст првите твои тези дека власите се ромеи и антички ...

значи горе посочуваш абер од комунистички руски аршин, веројатно ти е јасно дека самите руси тогај ја фаворизираат тези во однос словенството кои ни им одат во прилог чаламот, иако имаат инерција и од претходно со синхронизирање со западот, нешто што денес веќе се надминува пополека научно но за нови тези не се најдвид баш лесно нзс освен ако некој не извади нови факти како би се армирала одредена теза во теорија, што пак поприлично се игра и од геополитички аршин, пример кога би си дозволиле русите целосно и официјално да застанат на од нив исто посечена теорија дека коренот како Словенство им е од Македонија [1">1] кога ова ќе стане меинстрим а ги чекаат грците га тогаш да прешалтаат на нивна страна при следна светска војна, ниту неутралност од нив ќе видат вака ако ја затераат! патем пази не само Цвијиќ та и акад. П.Драгашивиќ вели „грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот бугар означува Словен“ (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd) т.е. ај србите што ги гладале како бугари туку и русите ги етикетирале ко такви ...
Цитирај 1901 - A.V. Amfiteatrov:... They consider me a bulgarophile, I.A. Zinovjev told me. But it isn't so at all. I behave in perfectly equal manner to all Slavs, and, if a person is decent and likable, it is all the same to me whether he is a Bulgarian, a Serb or a Macedonian. But I am a Russian representative and I have been sent here to protect, first of all, Russian interests. Permanent patronage over the Balkan Slavs is inseparably linked with Russian interests. We are their natural patrons. But this patronage does not mean Russia's following of Slav leaders [1]


ова само покажува колку не треба слепо да се читаат исто и историските писанија, со доволно простор за скепса заради научна неисклучивост особена во област како Историја низ која јасно дека секој си ја вртел и врти воденицата на своја вода од најразлични причини, што било случај и во среден век [1] но и во антика, кога исто имало озбилна пропаганда и спинови, зар римјаните не ги селеле од тема во тема мештаните во македонија за да им избришат што побрзо традицијата и волјата на античките македонци, но она што е интересно Чувството за Припадност изразено низ фолклор во однос Алексо&Ко никаде другде не е така изразено (ако и воопшто) како кај оние словени во Македонија, како ќе ги објасни во тој контескт потписите на словенските иконописци врз Иконите и Фреските каде се сретнува Македонското Сонце како штембил дури и кога биле под туѓа Православна асимилиција!?

а за професорите што спомна, хм византолози и античари има на оретек во Македонија, проблем е што тие не се и лингвисти, ето нема никој ни да се најде да ги оспори научно трудовите на др.Ташко Белчев, не дека велам дека му се неоспорни, напротив само дел од неговиот абер имам читнато, но до сега требаше некој да се најде бар во Полска од неговиот факултет да го оспори ако не кај нас, тоа него го шиканираат а не па да беше некој лингвист од кај нас излезено со слични теории, просто во најдобар случај исклучиви се лингвистите бидејќи треба обемна работа и за свој труд да истераш а не па нечив да прочешлаш, Коине и те како знаат да читаат мнозина но дали можат и неколкумина да се фатат на компаративно оро во одс етимологија морфологија фонетика хм тнка работа, имаат нели попаметна работа со даљинската во рака, иако факт е дека малку сме та и логично нема особена мотивација, НО што ќе смениме ако и докажеме сесрдно дека коренот на словените топтан им е античко македонски, иако цела инерција е натака според наречјата од солунско кои се основа за Свети Кирил и Методиј да стандардизираат Словенска Писменост, напротив уште поголем трн во око ќе им бидеме на запдните империи бидејќи тоа би значело дека русите како словени и требало да се заземат озбилно за својот корен извор аманет ...

инаку во моите коментари може има политика но напротив не е пристрасна, туку се обидувам да фрласветло дек треба да се бара нзс меѓу "балканците" меѓу кое Православието е најздраб и најлогичен магнет за релативизирање разлики и админување новокомпонирани комплекси, и конечно не те доживувам про ваков или онаков туку само посочив дека не држи тезата дека ромеите се власи и вајверса ... сетне замина муабетот кој е кој и зошто ... слободно наметнувај си што ти чини не сме на форум заради камшикување туку дебатирање ... а за аргонаутите мапите кои ги есапам и во нишката за Пелазги нели, што да кажам кога имало тука пелазги римјани авари келти гагаузи турко-моноли ништо сеуште не влетало, што пак нѐметнува друго прашање од неолитски тип т.е. колку винчанката култура и анзамбеговската билс фонетски сродни, по кој основ тогај словенско влијание дошло од Црно Море доколку се смета дека основа за стандардизацијата нѐ Свети Кирил и Методиј е солунско говорно подрачјеа се потпреме на теоријата дека од тука нагоре оделе македонците по инвазијата на Рим од југ за потем кога истиот тој чкордепсува ополека да се навраќаат назад, што не мора да е така, но дека немале македонците доминантна култура заедно со илирите ко братучеди од север во однос џентралноевропски племиња тоа тнко, јасно дека се наметнувалњ кога се миксале ... постирањето веб страни абери линкои и слично е заради полеснѐ елаборација на она што го велам а не дека јас склепувам научен труд, разликувај општ форум и историска трибина, тука сме токму за претпоставките да бараме влакно во јајцето, што сега се случува за жал на тв-а или фејкбук сетне ошле се' во аут, пак ќе повторам немој да те корумпира исклучивоста правото нѐ свое мислење кај другиот треба да ти е императив во една дебата, но еве за да не ја обременуваме оваа ника со дигресии, ако ти се дума слично отвори нова за Етногенеза та може таму муабетов да продолжи, нормал ако си живо засегнат ...

Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2018 во 15:48
Zelenikovo, имаме заедничко во целото излагање но не приметуваш брату.

Кога најпрво го започнав моето излагање за Власите, бев многу прецизен за Романизирање на Трако Илирите односно Христијанизирање на народите кој водел кон едно, Христовото духовно царство. Во христовото царство нема нации, тоа се божји чеда. Те молев да не ја политизираш темата и да ја разбереш поентата но ти остана на ставот со тезите словени, мијаци, брсјаци,... раѓањето на нациите донесоа пад на духовното царство. Напоенав дека Власите имаат страшен Православен темел во нив, мислеше дека говорам како само како етничка припадност. Напоменував за борбата и револуцијата во Грција, испадна дека ги направив Албанците и Власите витези та едните ибле тоски, па станале Власи, па комбинации.... се свртеа многу тези.

Дека национализмот е ЗЛО, убаво е да се погледне иако мислам дека непристрасно треба да се погледне видеото бидејќи има еден убав духовен дел кој е малку набилдан со етнички карактер (е тоа е злото) и ако се исфрли тој дел и се следи духовниот, тогаш ќе го разбереш видеото. Во второто видео погледни го и отстапи од делот на промоција, како ти милуваш да кажеш, исклучивост и следи ја поентата на изразувањето кое нема некој разилка од претходното видео според духовноста. Смисол на животот (обично ги следам сите).

Мислам дека сега конечно се разбравме, и јас веќе нема да продолжам...за Власите!!

Изменето од Buggyman - 11.Декември.2018 во 15:49
Homo homini lupus est...
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2018 во 23:56

ова мора да го прокоментирам, точно јас стојам на теоријата дека Христоцентрично полесно ќе опстанат и растат балканци ко верски сплотени, него да се ќљофтаат за историја туристичко-маркетиншки ко мали деца кои посесивно ќе се грабаат за Македонија вака или онака, нешто што го чиниле власите и македонците пример порано во Македонија, да не дадат случајно едни на други рака, иако ние сме апла опуштени уште од поодамна поприлично Катедрални Цркви во романтизмот имаат токму власите финансирано ко масонски зафатени за што етнички имаме шанса етнофилетизмот токму како македонци први да го ресетираме [1][2] аир против други гајрети пак [3] но тоа ќе значи останување свои на своето како македонци, што по оваа вона-би евроатланска инерција нема да биде случај, а за сметка на тоа националното уште толку ќе се закопа во Црковното, по што парадоксите само ќе се намножуваат, а множењето македонци намалува, и оп ето га моментот со власите, грото Печалбари, оди сега прибери ги низ свет на купче, зар тивок егзодус не им се случува сега и на македонците, една поголема следна регионална ако не светска војна при што ако се шитнеме или не шитнат ојдете Македонија во геополитичко депо, по што прашање на време е кога некој би го обновил пак националното ткиво ...

интересен факт ти ет аберот за наднационалноство Монотеизмот, логично како Хриатоцентрично Православието е сплотува најнапред да бидеме Христијани, а дури потоа придодаваме од оној овој крај, земи го презимето на Светителите, Свети Димитриј Солунски, нормално мора да се локализира кој и да е Човек за полесно разбирање, од тој аспекѕ како македонци сме може најмалку оперирани од национализам, знаејќи дека воедно никому друг не му браниме да се вика македонец, додека грците пр. имаат чисто етнички предзнак ем ни бранат нам како ќе се викаме, она што е речено Христијани на муабет, зар не е речено Мнозина Се Викнати А Малку Ќе Се Спасат ... етничкото е убаво се додека нема асимилаторски вајб страста нз алчноста да посесивномко разгалено детиште некој присвојува колку може не само територии туку и културни фреквенции, тоа е како и секоја енергија на овој свет ова ниво димензија кој како милува, го имаме од Бога дарот на Слободна Волја, како ќе ја користиме тоа е наше, мнозина ја насочуваат кон минливост посесивност ненаситност на сите нивоа, сигурно си имаат и добро оправдување за тоа ... затоа и не можеш да кажеш национализам е зло, злобно е како се наметнува безуслувно врз нас од страна на комшиите асимилирајќи се што може да асимилираат и тоа без пардон!

Влсите ја имаат судбата на Македонците ко Епирци коои некогаш дале невеста ете за Алексо да се роди, но одејќи по други меѓи ето не си осигурале ксметот, иако и во Македонија станале Македонци, но тука бар биле космополитски сплотени со разни други племиња, додека кај грците или албанците приер денеска се озбилно лоботомирани како културен код, би им порачал нека тераат ко Виножито во Егејска Македонијаможе еден ден ќе дочекааттаму и Автономија, она на свој изворен кладенец да си црпат културно вода со свои ѓумои ...

edit:

фуснотираните линкови од archive.is срчнете ги преку прокси сајт https://www.free-proxy.com бидејќи марнет скинале пристап до тој сајт за архивирање


Изменето од Zelenikovo - 09.Септември.2019 во 13:16
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2018 во 12:28
,,,imam troa prijateli vlasi,,chudna rabota,a toa oni se reshat da chestat kafe,,bankomatot/kafematot de,,,ili se rasipuva ili ne gi prima parite,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 63646566>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.