![]() |
|
Торти ,колачи и други слатки со кафе и какао |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234> |
Автор | ||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Италијански крем-десерт од кафеСе подготвува брзо и едноставно, а повкусен е од сладолед. Италијанскиот крем од кафе се почесто е присутен во менијата на лускузните ресторани, но кога го имате пред вас рецептот, може да го подготвите дома за секоја пригода. Рецептот е за четири лица. Не ви е потребно никакво мајсторство, дури ни посебна вештина во кујната. А ни потребните намирници не се скапи. Потребни се: 3 јајца, 3 лажици млеко, 2 лажици инстант кафе, 60 грама шеќер, 30 грама брашно, 1 лажица какао и малку сол. Во тенџерчето со млекото додадете го инстант кафето и мешајте додека се растопи. Изматете ги жолчките со шеќерот и додајте малку брашно. Потоа, во садот додадете ги врелото млеко и преостанатото брашно. Варете го кремот на пареа додека не ја добие потребната густина. Изматете ги белките со малку сол и додадете ги во млакиот крем. Распоредете го кремот во четири чаши и ставете ги во тава за печење. Во тавата налејте вода, ставете ја во рерна и варете 20-тина минути. Пред послужување наросете го кремот со какао. Декорирајте со зрна кафе. Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 19:35 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Колач од чоколада и кафе
Изменето од Valerija - 09.Јули.2018 во 10:31 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Колач од сладолед и кафе
Изменето од Valerija - 09.Јули.2018 во 10:58 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Торта со кафе и чоколадо Состојки Тесто 4 јајца 180гр шеќер 250гр брашно 250мл зејтин 200мл варено кафе со млеко 25гр какао 1 пакетче (8-10 гр) прашок за пециво Фил 500мл млеко 2 лажици густин 1 лажица какао 100гр чоколадо за готвење 100гр шеќерВо сад го кршиме јајцата, го додаваме шеќерот и матиме со миксер.Откако ќе се измати убаво, шеќерот да се растопи го додаваме маслото, брашното, вареното кафе, какаото, прашокот за пециво и мешаме со жица за матење. Во тава за печење ја истураме половината од пандишпанот и печеме 10 мин. на 200 степени. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере ги ставаме млекото, густинот, какаото, чоколадото и шеќерот. Непрекинато мешаме со жица се додека не се добие густина како пудинг. Филот оставаме малку да се излади и го ставаме врз испечената кора од пандишпанот. Врз него ја истураме останатата половина од пандишпанот и ставаме пак да се печи усте 15 мин. на 180 степени. Откако ќе биде готова оставете ја на ладно да излади околу 30 мин, да се стврдне филот. Многу вкусна тортичка .... |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Торта со кафеВеруваме дека нема поголемо задоволство за љубителите за кафе и колач во моментот кога ќе успеат да ги спојат овие два вкуса во еден неверојатен десерт. Денешниот рецепт е токму еден таков сладок специјалитет на кој тешко може да се оддолее.
![]() Изменето од Valerija - 24.Октомври.2018 во 21:48 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Торта со кафе и мелени ореви Ова е рецептот: СОСТОЈКИ:
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
ПОДГОТОВКА:
Изменето од Valerija - 17.Јули.2018 во 15:16 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Брз какао колач Состојки 16 лажици шеќер 10 лажици брашно 2 лажици какао 1 +1/2 лажичка сода бикарбона 1 чаша (од 200 мл.) млеко прелив 8 лажици шеќер 2 лажици какао 15 лажици млеко 10 лажици масло 100 гр. кокосБрз и лесен колач за кој не ви треба миксер, згоден кога немате многу време. Ако ставите растително млеко, имате убав посен какао колач. 1. Во сад ставете го шеќерот, внатре просејте го брашното, какаото и содата бикарбона, измешајте со лажица, на крај ставете го млекото и убаво измешајте за рамномерно да се изедначи смесата. 2. Смесата истурете ја во намрсена и набрашнета тава бр.28 и печете на 200 степени околу 25 минути. 3. Штом се испече колачот веднаш почнете со подготовка на преливот. Измешајте го шеќерот со какаото, додадете го млекото и маслото и загрејте го со постојано мешање со силиконска шпатула. Внимавајте да не загори. Штом смесата ќе зоврие тргнете ја настрана, ставете го кокосот, измешајте убаво и веднаш распоредете го врз топлиот колач. Изладениот колачот исечете го на коцки и уживајте! |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Какао колач Дама Состојки 3 јајца 150 гр путер (маргарин) 200 гр шеќер 50 гр какао во прав 100 гр брашно 50 мл млеко 1 кафено лажиче прашок за пециво 1-(10гр) ванила1. Во тава на оган се става маргарионот да се растопи па откако ќе се растопи се трга од оган. 2. Во еден сад се става шеќерот и се додеава растопениот маргарин. Се мати со жица малку да се стопи шеќерот. 3. Потоа се додаваат млекото и јајцата и се мати со жица се додека да се растопи целосно шеќерот. 4. Во садот се додава какото во прав, ванилата и прашокот за пециво. Се промешува нежно со жицата се додека да се соединат. 5. На крај се додава брашното и повторно се промешува па смесата се истура во правоаголен калап бр 19х29 и се става во претходно загреана рерна од 200С-20мин. 6. Откако ќе се испечи колачот се остава да се олади, се сечи на коцки и се наросува со шеќер во прав и какао во прав. Добар апетит. Забелешка Смесата треба да биде густа затоа ги ставив и фотографиите да видите колку треба да биде густа ако во случај смесата е погуста може да додадете уште малку млеко. За колачот да го направам со бројки претходно ги нацртав броевите од 1 до 9 на еден лист, ги исеков со ножици. Коцките пред да ги посипам со шеќер во прав и какао во прав на секоја една коцка и ставав по еден број, потоа ги посипив со шеќер во прав и какао во прав па со помош на ножиците ги отстранив бројките. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Торта со фил од кафе Состојки За пандишан 12 белки прстофат сол 250гр. шеќер 2 ванили 2 лажици јаболков оцет 12 лажици просеано брашно 100-200гр. подпечени, сецкани ореви 1 пециво За фил 250мл. врела вода 50гр. мелено црно кафе 1л. млеко 12 лажици шеќер 3 пудинзи од ванила 3 лажици нишесте 12 жолчки 200гр.црно чоколадо за готвење 250гр путер (маргарин) 85гр. шлаг пена 100мл. ладно млеко 2 бананиЗа пандишпанот најпрво се матат белките со малку сол-почнувајќи со најмала брзина, а одкако убаво ќе запенат, се зголемува брзината на миксерот и се мати на најсилно со постепено додавање на шеќерите. Се мати до цврст снег. Се додава оцетот, исто матејќи на најсилно.(Ќе забележите со додавањето на оцетот повеќе се зацврстува шамот и збуфнува.) Се намалува брзината на миксерот на најслабо и се додава претходно промешаното брашно, пециво и ореви. Можи да се соедини се убаво и со лопатка, мешајќи од долу према горе, во еден правец. Се излева во правоаголен плех со димензии 32 на 39цм, намрсен со маргарин или на хартија за печење. Се става да се печи во претходно загреана рерна 5 мин. на 200 степени. Штом се стави плехот се намалува на 180 степени и се печи околу 30 мин., или во зависност од вашата рерна.Добро изладена се сечи на 3 ленти, по должина. Започнуваме со подготовка на филот. Најпрво кафето го прелеваме со врелата вода и оставаме 5 мин. да одстои. Го процедуваме кафето од талогот и ја мериме добиената течност. Додаваме онолку млеко колку што е потребно за да добиеме вкупно 1 литар. Дел од оваа мешавина (околу 200мл. ) оставаме за растворање на пудинзите и нишестето, а остатокот го зовриваме заедно со шеќерот. Намалуваме на температура и го додаваме растворениот пудинг помешан со изматените жолчки, постојано мешајќи и варење на умерен оган додека кремот ја добие потребната густина. Тргаме од оган, го додаваме чоколадото и мешаме додека се стопи.(Ова можи да се направи со миксер, на најслабо.)Се остава да се излади со повремени промешувања. Путерот или маргаринот пенасто се мати и му се додава лажица по лажица од изладениот крем. Шлаг пената се мати цврсто со млекото и се вмешува во филот, со миксер на најслаба брзина. Финалната постапка е следна -кора, фил, кругчиња од банана, пак малку фил, -кора, фил, банана, фил и -кора и фил.Целосно се премачкува со останатиот фил и се декорира. Се употребува по 1 банана на кора. Уживајте! |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Ролат со кафе за тестото: за филот: 3-4 лажици оладено еспресо Прво во една вангла изматете ги убаво четирите белки за тестото. во друга изматете ги жолчките со шеќерот и трите лажици вода додека не стане убава мазна светло-жолта смеса. во неа додадете ги брашното и изматените белки и измешајте сé заедно. Големиот плех од рерната (35 х 40 cm) обложете го со хартија за печење и премачкајте ја со малку зејтин, за полесно да се лупи од испеченото тесто. врз неа истурете го тестото, распоредете го рамномерно на целата површина и ставете го да се пече во загреана рерна на 180°C околу 12 минути. Кога ќе се испече, превртете го врз влажна крпа, одлепете ја мрсната хартија и замотајте го како ролат заедно со крпата. потоа исечете парчиња и послужете ги со свежо приготвено еспресо бариста. не, се шегувам :-))) прво треба да се направи филот. Изматете го путерот со шеќерот во прав, додадете ги жолчките, изматете убаво, па додадете ги останатите работи, кафето и циметот и филот е готов. Одмотајте го тестото, попрскајте го со 3-4 лажици кафе, премачкајте го со филот и пак замотајте го во ролат. е сега можете да го исечете и да го послужите, а можете и прво да го посипете со шеќер во прав. Ролатов е многу вкусен и убаво се осеќа вкусот на кафето, но оние што го пробаа забележаа дека е прилично благ. затоа, можеби е добро да се изостави посипувањето со шеќер и да се намали количината шеќер во тестото. менувањето на количината на шеќерот во филот не знам како ќе се одрази на густината на филот. во секој случај, филот се стврднува ако го чувате ролатот во фрижидер. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Колачи со еспресо 1 шољичка кратко еспресо (или 1 лажица еспресо во прав растворена во 2 лажици топла вода) 220 – 230 gr путер, на собна температура ⅔ шоља шеќер во прав 1 кесичка ванилин шеќер 2 шољи брашно 100 gr темно чоколадо, исецкано на коцки Изматете ги со миксер путерот и шеќерот во прав, додека не добиете мазна смеса. додадете ги ванилиниот шеќер и еспресото, а потоа и брашното со мешање на најмалата брзина, кратко, додека не се измеша целото брашно, не повеќе. додадете го исецканото чоколадо и измешајте со лажица. Ставете го тестото помеѓу 2 парчиња проѕирна фолија, исукајте го на дебелина од околу 6 mm и оставете го во фрижидер најмалку 2 часа (или повеќе, до 2 дена). Пред да ги печете колачите, вклучете ја рерната на 165°C. отстранете ја проѕирната фолија и исечете го тестото на квадрати од отприлика 3½ – 4 cm. наредете ги колачите во најголемото тавче од рерната врз хартија за печење. ако имате две тавчиња, може да ги печете двете одеднаш, само изротирајте им ги местата на пола печење. Боцнете го секое колаче два пати со вилушка и печете ги 18-20 минути. не ги оставајте многу да се заруменат (како овие моите). излегуваат околу 40-43 колачиња. Изменето од Valerija - 03.Ноември.2018 во 09:13 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Колачиња со турско кафеСОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:
На здравје! |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кафе-торта готова за брзо време: Шолја брашно, шолја шеќер, 2 јајца и резултатот е совршено ароматичен!Секое време е совршено за десерт, а кој може да одолее на парче ароматична торта со вкус на кафе? Токму денес ви претставуваме ваков рецепт кој се приготвува многу брзо и лесно, а резултатот се топи во уста! Кафе-торта готова за брзо времеСекое време е совршено за десерт, а кој може да одолее на парче ароматична торта со вкус на кафе? Токму денес ви претставуваме ваков рецепт кој се приготвува многу брзо и лесно, а резултатот се топи во уста! Вкупно време2 ч Оброк: Десерт Кујна: италијанска Клучни зборови: кафе торта Порции: 4 Состојки
Начин на подготовка
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Торта со кафе и кремаст фил готова за половина часОбожувачите на кафе и слатки нешта преку овој десерт ќе го добијат својот совршен спој. Еве што ви е потребно за да ја подготвите оваа вкусна торта во која со додавањето на кафе кората станува мека и сочна. Потребни состојки:За кората:
За филот:
Начин на подготовка:
Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 20:36 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |