IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Италија ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италија ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2015 во 08:36

Сонуваме за летување на италијанското крајбрежје


Безвременската убавина на италијанскиот крајбрежен град Амалфи на југо-запад ги одушевува бројните туристи и трагачи за совршено место за одмор. Планинските клисури се спуштаат сè до морето и создаваат еден магнетски привлечен пејзаж каде што може да го пронајдете вашето место под сонце. Суперлативите кои најдобро го опишуваат овој дел од Италија ги препозна и УНЕСКО, кој го прогласи местото за заштитена светска градина.


Токму на ова место се наоѓа еден идеален хотел, Санта Катерина, кој е изграден на неколку минути возење од градот. Историјата на ресортот е исто толку импресивна како и неговото природно окружување. Оригиналната конструкција е направена уште во 1880 година, а реставрацијата во 1904 година.


Денес ова популарно место за одмор брои 70 соби, при што повеќето имаат поглед кон морето. Освен зелените градини, хотелот има и отворен базен со поглед кон морето, каде што бројните хедонисти може да уживаат со часови.


Во хотелот има врвен ресторан каде што секојдневно се нудат медитерански специјалитети, клуб на плажа за попладневни коктели, како и богат wellness клуб за масажа или посета на сауна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2015 во 05:58


Италија е магична сама по себе. Секое нејзино катче е исполнето со посебен шарм кој освојува на прв поглед. Убава е во сите годишни времиња, но во лето е една од неизбежните дестинации за летување на туристи од целиот свет.

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-01

Мирисот на морето и долгите песочни плажи се простираат по целата нејзина должина, а кој дел и да го одберете нема да погрешите.

Сепак, како едни од популарните се плажите во јужна Италија каде има сосема поинаков менталитет на Италијанците од оние во северна Италија.

Но и на плажите има многу повеќе забава, лудување, избор на плажи под карпи, кристално сина вода и сонце кое ве гали со своите зраци.

Ако веќе размислувате за вакво летување, не ги одминувајте десетте најубави плажи во јужна Италија:

1. Torre lapillo, Porto Cesareo (Lecce, Puglia)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-1.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-2.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-3.jpg


2. Marina di pescoluse (Lecce, Puglia)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-4.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-5.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-6.jpg


3. Baia di leranto, Massa Lubrense (Napoli, Campania)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-7.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-8.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-9.jpeg


4. Capo Rizzuto (Crotone, Calabria)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-10.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-11.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-12.jpg


5. Marina Piccola da via Krupp, Capri (Napoli, Campania)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-13.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-14.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-15.jpg


6. San Nicola Arcella (Cosenza, Calabria)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-16.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-17.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-18.jpg


7. Tropea, Vibo Valentina (Calabria)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-19.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-20.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-21.jpg


8. Calette di Maratea (Potenza, Basilicata)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-22.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-23.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-24.jpg


9. Cala Bianca, Cliento (Salermo, Campania)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-25.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-26.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-27.jpg


10. Baia dei Turchi (Ortanto, Puglia)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-28.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-29.jpeg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-30.jpg

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2015 во 09:22
Polignano a Mare: Еден од најубавите градови кои некогаш сте ги виделе



Еден од најубавите крајбрежни градови во Италија крие една мала, но дефинитивно магична плажа. Овој град е дом на луѓе од праисториски времиња, а до ден денес успеал да го задржи својот шарм. Камени улици, мирни плоштади и мистични морски пештери буквално ве повикуваат да дојдете во Полигнано.


Темните пештери околу градот биле дом на луѓе уште во неолитско време. Подоцна го освоиле Германите и со него владееле многу семејства се` до 19-ти век.




Денес, Ред Бул ги користи околните карпи за одржување на своето натпреварување Cliff Diving World Series, а за тоа време градот го посетуваат туристи од сите делови на светот.


Под градот се наоѓа плажа која се наоѓа на елитната листа на Coste dei Trulli – скапи плажи кои ги задоволуваат високите стандарди во квалитетот на водата и животната средина.



Ако мислевте дека да се дојде до овој град и оваа плажа е проблем, се лажете. Во соседниот град има меѓународен аеродром, а оттаму автобусите возат луѓе до градот на секој час во текот на целиот ден. Но, најдобрата опција е да земете рент-а-кар и да уживате во глетките додека се возите кон ова место.


Без оглед на тоа за кој превоз ќе се одлучите, на вистински пат сте затоа што ова место вреди да се види!




Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2015 во 23:06

Во посета на прекрасното гратче Спело, Италија


Гратчето Спело, познато и како Хиспелум, се наоѓа во Умбрија, Италија. Античкиот град во областа Перуџа фасцинира со неговата извонредна архитектура, компресирана во мал простор. Густата мрежа од мали и тесни улички е детерминирана, пред се, од средновековните градби на Спело.

Каде и да одите, ќе завршите на некое убаво место. Туристичките водачи дури и препорачуваат да се изгубите низ уличките на Спело – на тој начин можете вистински да го доживеете духот на гратчето. Локалните жители важат за многу гостољубиви и секогаш спремни за разговор, но и да ви помогнат со навигацијата низ ова прекрасно место.

Погледнете и сами како изгледа уникатното село, богато со архитектонско наследство од Романската, Средновековната и Ренесансната ера.

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2015 во 08:05

23 работи кои не смеете да ги пропуштите кога ќе ја посетите Италија.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-001.jpg

Понекогаш од премногу убавини може да заборавите клучни и суштински работи, па затоа вреди да си ја понесете оваа листа со себе следен пат кога ќе отпатувате до Италија.

Затоа што овие 23 работи не смее да ги пропуштите кога сте веќе таму:

1. Возете се со бротче по крајбрежјето на Амалфи. Останете ноќ или две во шармантното селце, Позитано кое е како излезено од разгледница.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-01.jpg


2. 
Разгледајте ги колоритните куќи во Изола ди Бурано.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-02.jpg


3. 
Пловете низ Blue Grotto пештерата во Капри, каде има магично сино светло кое се рефлектира во водата.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-03.jpg


4. 
Шетајте низ калдрмата на Cinque Terre и истражете ги малите околни селца.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-04.jpg


5. 
Пробајте таљатели ал рагу, со болоњезе сос, во Болоња.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-05.jpg


6. 
Возете се со бротче околу езерото Como, едно од најубавите во Италија.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-06.jpg


7. 
Свртете круг низ лавиринтот од урнатини на Римскиот форум.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-07.jpg


8. 
Ако имате можност, скијајте по терените на Доломитите. Попатно истражете го и селцето Cortina d'Ampezzo.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-08.jpg


9. 
Уживајте во највкусната пица во светот во Неапол.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-09.jpg


10. 
Пловете по Lago di Garda, најголемото италијанско езеро.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-10.jpg

11. Искачете се на врвот на Етна во Сицијлија, највисокиот и најактивен вулкан во Европа.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-11.jpg


12. 
Вратете се назад во времето и истражете ги урнатините  од храмот Конкорд и театарот на Таормина во Сицилија.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-12.jpg


13. 
Мирно прошетајте низ тивките и спокојни ренесансни градини Villa d'Este во Тиволи.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-13.jpg


14. 
Изгледајте настап во La Scala, светски познатата оперска сала во Милано.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-14.jpg


15. 
Наточете чашка вино директно од лозјата во Тоскана.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-15.jpg


16.
 Нурнете се во природните бањи Saturnia во Тоскана, каде топлите извори постојано течат слободно.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-16.jpg


17. 
Фрлете паричка во фонтаната Trevi, и легендата вели дека сигурно повторно ќе се вратите во Рим.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-17.jpg


18.
 Истражете го средовековниот град San Gimignano, обиколен со тврдина во Сиена.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-18.jpg


19. 
Уживајте во сонцето и песокот на некоја од плажите во Римини.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-19.jpg


20.
 Ѕирнете ја познатата тераса на Јулија во Верона.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-20.jpg


21. 
Пловете со гондола низ каналите на Венеција.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-21.jpg


22. 
Искачете се на врвот на Duomo во Фиренца за спектакуларен поглед на градот.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-22.jpg


23. 
И јадете џелато... Насекаде!

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-23.jpg



Изменето од Valerija - 28.Октомври.2015 во 08:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2016 во 08:04

Италија - земја во која одново ќе се пронајдете себеси


Италија – земја на убавите жени, виното, тестенините, модата и што уште не. Има нешто апсолутно магично во неа кое никој не може да го објасни.

italija-zemja-vo-koja-odnovo-kje-se-pronajdete-sebesi-01

Оваа магична држава има моќ да ве замисли додека се шетате низ древните улички по тосканското сонце, со сладолед од страчатела во раката. Дали има нешто поубаво во животот од тоа? И навистина, има ли?

И сами знаете зошто треба да ја посетите, но дали знаете кои се придобивките од нејзиното посетување?

1. Ќе научите да се пробиете низ хаотичниот свет

Во земја каква што е Италија, можат да се случат многу непланирани нешта – па затоа многу-многу не се потпирајте на вашите планови. Ресторанот во кој сакате да јадете може ненадејно да затвори, можеби ќе чекате ред за да купите карти за Милано кои ги резервиравте 3 месеци претходно само за да сфатите дека сите луѓе пред вас се обидуваат да се качат на истиот воз затоа што тој е последниот.

Италија не функционира по ничиј часовник, освен по сопствениот – а тоа може да биде многу фрустрирачки за сите кои се опседнати со планирање и точност. Но, знаете што? Фала му на бога што постои. Ти благодариме Италија затоа што нѐ потсетуваш дека ние не сме центар на светот и дека без разлика колку мислиме дека го заслужуваме, убавиот живот најдобро се живее без очекувања.


2. Ќе се чувствувате подобро поради милозвучниот јазик

За разлика од другите европски јазици, учењето и зборувањето на само неколку клучни италијански фрази може да ги восхити дури и оние најнервозните продавачи. Токму затоа што италијанскиот јазик ретко се зборува надвор од нејзините граници, локалните жители ќе бидат восхитени од странецот кој се обидува да го зборува нивниот јазик, отколку да го побара тоа што му треба на англиски.

Вашиот италијански може да биде катастрофа, но срамежливиот обид скоро секогаш е добредојден и придружен од благодарна насмевка, слатка смеа и нежна корекција, ослободувајќи ве од стравот дека звучите смешно. На сите ни е потребно малку охрабрување за да се соочиме со стравовите и да престанеме да се грижиме околу совршенството и да пробаме нешто. А Италија е најдобриот избор за тоа.


3. Ќе ги забележите секојдневните нешта

Ако не одвоите барем 5 минути да пробате буфала моцарела полиена со маслиново масло и свежо исечкана пиперка, тогаш многу пропуштате. Пропустот кој Италија го има со временската точност го надополнува со прецизноста на вкусови кои се наоѓаат во наједноставните состојки.

Понекогаш не ви е потребен луксуз – доволно ви е да видите бакарни парички како тонат во водата од фонтаната, мирис на лимони кој ве придружува додека се шетате во топлото попладне, звукот на тишината додека седите на некоја убава клупа... во Италија ќе научите важна лекција околу тоа колку малку ви е потребно за да бидете навистина среќни. А, ако не можете да го научите тоа таму, дали навистина можете да го научите на некое друго место?


4. Ќе ја гледате историјата на еден поинаков начин

Како што шетате низ музеите, градините, палатите, а дури и низ малите селца, сѐ подобро ќе го сфатите вашето место во светот. Денес, историјата не е само предмет кој ви е потребен за да матурирате, туку служи за да ве потсети каде пиете кафе, каде повикувате такси и што постоело претходно. Низ камените улици ќе го слушнете ехото од нераскажани приказни, ќе ја почувствувате тежината на мермерните столбови кои ја носат тежината на годините.

Во Италија ќе научите да ја цените историјата и да развиете трпение за старите работи. Таа ви дава шанса одблиску да го видите она што претходните векови го оставиле во наследство, учејќи нѐ дека сите приказни на луѓето се споени. Каква трага сакате да оставите? Кој сакате да бидете кога ќе се вратите дома?


5. И најважно, ќе заборавите да го проверувате телефонот на секои 5 минути

Кој сака да гледа Фејсбук кога шетате низ прекрасните улици на Рим? Додека се возите со брод или кајче по езерото Комо? Кога го гледате прекрасното изгрејсонце во Бари? Шармот на Италија се крие во запирањето на времето – или можеби тоа поминува без да забележите. Сите треба повеќе да се восхитуваме на убавините околу нас, наместо да зјапаме во екраните 24/7. Затоа, оставете сè да се одморите и да се детоксицирате од работните обврски, да забавите со животот и одново да ја пронајдете смислата на сопствениот живот.

Накратко, ќе сфатите дека животот е едноставен, во Италија – и на сите други места во светот. Хранете се добро. Љубете лудо и секогаш семејството и пријателите нека ви бидат на прво место. Патувањето до Италија ќе ви даде јасна перспектива врз вашиот живот, а перспективата е најдоброто нешто од кое можете да почнете ако сакате да бидете подобра личност. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2018 во 17:28

Се подготвувате за Италија? Ова се неколку поими кои треба да ги знаете за да не се разочарате со храната

Се подготвувате за патување во Италија и сакате да пробате од највкусната храна? За да не лутате по градот, а воедно и да не останете гладни, во прилог прочитајте кои места треба да ги посетите пред да огладнете. Односно, треба да се одлучите помеѓу траториа, фаторија или остерија. Ова се поимите кои треба да ги научите за да не се разочарате со понудата за храна.

Траториа


Не е сериозно како ресторан, поформално е од остерија, но траториа е најчестиот облик на место во Италија каде ќе можете да јадете нешто вкусно, домашно и за ниска цена. Немојте да се изненадите доколку наидете на мени со неколку основни поими, за сè што Ве интересира обратете се кај келнерот. Прашајте и за домашното вино кое редовно го нудат.


Остерија

Место каде се служи вино и едноставна храна како тестенини, риба и месо, а каде масата ќе ја делите со непознати странци. Остерија е поефтино место од траториа, а во понудите многу често има варива. Акцентот во понудата е ставен на виното, односно ова место е еден вид на италијански паб.

Фаториа

Како траториа, ова место е во сопственост на семејство, а најчесто во менито ќе наидете на домашни производи кои ги подготвуваат сопствениците. Можете да наидете на еколошки одгледувано овошје и зеленчук и јадења кои се подготвуваат од нив. 

Енотека

Во зависност од видот на енотеката, овде можете да поразговарате со енолози или луѓе кои прават вино, да пробате вино и да уживате во чашата со едноставна закуска. Пред да го посетите, проверете го работното време и дали треба да се најавите пред да пристигнете.



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2018 во 10:14
Drone shot of #Venice, #Italy #italytravel #amazingplacesintheworld #dronephotographyideas #droneconcept#photoideas
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2018 во 10:15
Venecia Italia

Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2018 во 10:16

Venecija

Venice by Air
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2018 во 10:16
Venice Italy
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2018 во 10:19
Chioggia Venezia Veneto
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2018 во 10:21
Venice Italy
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2018 во 10:22
#lsleofskye:    Venice Sunrise                                                                                                                                                                                 More
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.