|
Коктели |
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ликер смоква коктел Состојки 6 парчињ смоква 40мл сок од вишна 320мл маракуја сок( ставив газиран маракуја сок ) 40мл коцки мраз 20 мл темен рум ( 20мл ликер ) 20мл воткаОдлична комбинација на состојки Смоквата измијте ја добро. Ако е од зелените смокви излупете ја, аако е од темните и зрела,оставете ја лушпата. Исечете ја на парчиња и редете во чашата, Додајте го мразот.Во чаша за коктели или апаратче, додајте ги течните состојки па измешајте добро. Полијте врз мразот. Декорирајте со мента,нанеили кое било парче зеленило. На здравје |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dave’s Kitchen: Есенски коктел за секоја пригодаОваа недела Dave’s Kitchen ни ја презентира својата верзија на есенски коктел. Она што го прави посебен овој коктел е интересната комбинација на состојки и додатокот на карамел кој дава посебен вкус при секоја нова голтка. Потребни состојки:
Начин на подготовка: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Безалкохолно мохито со малина – освежувачки коктел за жешките летни денови кои доаѓаатМохито малина, е пијалак во кој што може да ужива целото семејство. Едноставно и брзо се прави, има феноменален вкус и изгледа одлично. По желба, овој коктел може да го направите и со алкохол, но изборот е ваш. - 3/4 шолји шеќер Во загреано тенџере додадете го шеќерот со една шолја вода и мешајте додека шеќерот не се растопи. Потоа смесата оставете да се излади. Исцедете ги лиметите. Во голем бокал измешајте 1 чаша малини, нане и сок од лимета. Додадете коцки мраз. Додадете минерална вода, а потоа измешајте. Исечкајте ги останатите лимети и послужете го пијалакот со декорација по ваш избор. Доколку сакате да пробате алкохолна верзија од пијалакот, додадете бел рум. Изменето од Valerija - 17.Јуни.2020 во 10:23 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. NegroniОвој коктел е многу познат и големи се шансите веќе да сте го пробале. Сѐ што ви е потребно е џин, кампари и сладок вермут, а и парче портокал не е на одмет. А, колку ќе ставите зависи од личниот вкус. 2. Old FashionedОвој коктел е еден од оние пијалоци кои докажуваат дека не мора да биде комплицирано за да биде вкусно. Оригинално, тој се прави со виски, но може и со текила или рум. Покрај алкохол, потребно ви е и мала количина шеќер и некој горчлив безалкохолен пијалак. Сами одлучете што ќе ставите, бидејќи само од вас зависи каков вкус ќе има. 3. BoulevardierВо прашање е комбинација од виски, кампари и вермут. Вообичаено ова е женски пијалак, а се прави така што ќе ја наполните чашата со мраз и ќе додадете еднакви количини од трите пијалаци. 4. The Gold RushДали некогаш сте пробале џин со мед? Ако одговорот е „не“ тогаш препорачуваме задолжително да го направите тоа. Овој коктел е сличен на тоа – се прави од бурбон и мед. Во длабока чаша ставете го алкохолот, додадете ароматичен мед и неколку коцки мраз. 5. MargaritaСигурни сме дека барем за него сте чуле. Овој коктел се базира на текила, а ви требаат и свеж лимон и шеќер. Лимонот исцедете го во текилата, а шеќерот ставете го или на врвот од чашата или внатре како дел од пијалакот. 6. CaipirinhaПуштете самба музика и заиграјте со овој бразилски пијалак. Сѐ што треба да направите е да изгмечите парче лимон и да го валкате во шеќер, а потоа да го ставите во чаша со рум. Промешајте со мразот и внимателно пијте. 7. White RussianОва е уште еден навистина познат пијалак кој е навистина лесен за подготвување. Бидејќи е руски, секако дека во основата има вотка. За да го направите, измешајте чаша вотка со 2 лажици нес кафе и лажиче млеко или слатка павлака. Резултатот е вкусен коктел кој сигурно ќе ви се допадне. 8. Great GatsbyУште познат како „цветен коктел“ кој во него содржи цеден грејпфрут и вотка, а количината зависи од личниот вкус. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Домашно мохито со малиниКонсумирањето на засладените газирани напитоци не e најдобриот избор за освежувње, бидејќи истите се штетни за нашето здравје,особено за тежината. Денес ви откриваме една чудесна алтернатива за истите! Состојки
Начин на подготовка
Изменето од Valerija - 16.Јули.2020 во 09:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мартини со кокос: Рецепт за неодоливо кремаст зимски коктелСо текот на времето се појавија бројни рецепти за мартини, а за време на карантинот, креативната страна се разбуди, па така е создаден еден нов рецепт за мартини со вкус на кокос.
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |