IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Колачи,торти и останати слатки од костен
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Колачи,торти и останати слатки од костен

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2018 во 22:19


Костен торта – едноставна, а толку вкусна…


Доколку ви се јаде благо направете ја оваа вкусна торта од костени – ќе бидете воодушевени!

СОСТОЈКИ ЗА КОРА:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 120 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 50 гр шеќер во прав
  • 50 гр сечкани ореви
  • рум

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:

  • 200 гр маргарин
  • 250 гр пире од костени
  • 50 гр шеќер во прав
  • 3 дл слатка павлака
  • рум
  • 3 шлаг крема

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Маргаринот, бисквитите, растопеното чоколадо, сечканите ореви и румот добро изедначете ги и формирајте кора.
  2. За филот пенасто разматете маргарин и шеќер во прав, додајте пире од костени па разматена слатка павлака и по желба малку рум.
  3. Преку филот ставете разматен шлаг крем, послужете и уживајте!


Изменето од Valerija - 07.Јуни.2018 во 22:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2018 во 16:01

Торта со костени


Торта со костени

Костените кои се едни од главните обележја на есента, како што веќе спомнавме можете да ги јадете печени или варени, можете од нив да направите вкусни мали бомбици, а исто така можете да ги употребите за подготвување на фил со кој ќе ја филувате тортата, која денес ви ја нудиме како наш предлог.

За подготовката на оваа вкусна торта со костени, покрај состојките кои ќе ви ги кажеме, во самата подготовка потребно е да внесете и многу љубов и внимание.
Костените се разбира дека ќе си ја завршат својата работа, т.е. ќе ѝ дадат на тортата еден посебен и неодолив вкус, но и љубовта со која ќе ја подготвувате тортата ќе биде причина повеќе за таа да биде навистина неверојатно вкусна.

Ви посакуваме пријатна и лесна работа, а кога тортата ќе биде спремна за консумирање, ви предлагаме со чаша црвено вино уште повеќе да го збогатите нејзиниот вкус.

Состојки за пандишпан:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
1 лажица какао
2 лажици масло

Состојки за фил:
6 јајца
200 гр. шеќер
250 гр. путер
250 гр. пире од костени
1 лажица ситно мелено кафе
1 лажица рум
50 гр. чоколадо
1 пакетче ванилин шеќер
2 кесички шлаг пена

Подготовка на пандишпанот:

1. Белките се матат со миксер заедно со шеќерот и постепено една по една им се додаваат жолчка не престанувајќи со матењето. 
2. Брашното се меша со какаото и со постојано мешање со лажица се става во смесата со јајцата.
3. Смесата за пандишпан се става во тркалезен, или во друга форма калап за торта, претходно убаво намрсен со масло и посипан со брашно. Може наместо масло и брашно да се употреби и хартија за печење.
4. Пандишпанот се пече 20 минути во претходно загреана рерна на 200°Ц. Испечениот пандишпан се вади од калапот и се остава убаво да се излади.
 

Подготовка на филот:

1. Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер се ставаат во сад да се стопат над пареа со постојано мешање, додека смесата не се згусти.
2. Откако смесата ќе ја добие потребната густина се трга од пареата и во неа се додава чоколадото. Смесата се остава убаво да се олади.
3. Путерот се мати со миксер додека да стане пенест и во него се додаваат кафето, румот и пирето од костени (претходно сварени, убаво исчистени и убаво миксирани) и оваа смеса се става во претходната изладена смеса. 
Сѐ убаво се меша додека филот убаво се соедини.
 

Финална подготовка на тортата:

1. Изладениот пандишпан се враќа во калапот во кој се печел. Над него се става изладениот фил и калапот се става во фрижидер за да се стегне тортата со филот.
2. Кесичките шлаг се матат според упатството за употреба и со добиениот шлаг се премачкува целата површина на тортата. Одозгора тортата можете да ја украсите со неколку претходно сварени и исчистени јатки костени, или по ваша желба.



Изменето од Valerija - 23.Јули.2018 во 20:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 20:25
Превкусен десерт од  костен и рум



Идеален десерт за постудените денови.

Со малку волја и време можете да подготвите совршено костен пире многу повкусно од купената верзија.

Потребни намирници – 400 грама костени, 2 лажици шеќер, 40 мл рум, 10 мл арома од ванила, шлаг 200 мл.

Подготовка

Во лонец ставаме 100 мл вода во која додаваме 2 лажици шеќер, штом добиеме полуредок сируп го додаваме румот, аромата од ванила и вариме уште две три минутки со мешање. Лончето го тргаме на страна за смесата да се олади.

Сварените костени ги лупиме и потоа ги толчиме. Потоа ги полеваме со сирупот. Таквото костен пире го ставаме во чашки за сладолед и врз него додаваме шлаг и украсуваме со чоколадни трошки.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 20:34

Торта од костени и лешници

Тортата од костени и лешници е традиционален македонски десерт кој ќе ви ja заблажи празничнaта трпеза на утрешниот ден.

torta-1

За да ја подготвите треба да набавите – 1 килограм варени, лупени и пасирани костени, 250 гр шеќер, 300 гр чоколада за готвење, 200 гр пржени и мелени лешници, 250 гр путер, 300 мл слатка павлака.

Потребно време за подготовка на овој специјалитет е 30-на минути, не сметајќи го времето за ладење.

Во тенџере на оган го ставаме шеќерот, додаваме 100 милилитри вода и мешаме со лажица. 200 гр чоколада ја кршиме на парчиња и ја ставаме да се топи на пареа. Откако шербетот ќе ја добие потребната густина, го тргаме тенџерето од оган.

Во сад за матење ги ставаме пасираните костени. Го додаваме шербетот и мешаме со лажица.  Потоа во садот ги додаваме мелените лешници и мешаме со лажица додека состојките не се соединат.

Во тенџере на оган ги ставаме парчињата путер. Садот со растопената чоколада го тргаме од оган и мешаме со лажица за чоколадата побрзо да се излади. Тенџерето со растопениот путер го тргаме од оган. Растопената чоколада ја додаваме во садот со костените и лешниците и промешуваме. Потоа во садот го додаваме растопениот путер и мешаме со лажица додека не добиеме хомогена маса.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 20:40

Ролат од костен

За 45 минути подготовка може да направите вкусен специјалитет од костени кои ќе ви го разубави денот.

r 1

Есенскиот плод чии мириси веќе со недели се шират низ улиците и кои гарантираат врвна забава крие низа изненадувања. Богатството со витамин Ц, малиот процент на масти се само некои од својствата поради кои овој плод треба секојдневно да се најде на вашата трпеза.

За да го подготвите ролатот од костени потребни се – 7 јајца, 9 лажици шеќер, 2 лажици какао, 5 лажици брашно, 600 грама костени, 125 грама путер, 1 ванилин шеќер (или 50 грама топено чоколадо за готвење), 30 мл рум, 100 грама суво грозје.

Подготовка

6 жолчки изматете со 1 цело јајце, 7 лажици шеќер, 2 лажици какао, 5 лажици брашно, 30 мл. рум и снег од  белки претходно добро изматен.

Смесата печете ја во подмачкана тава, а кога ќе биде готова ставете ја на влажна салвета и свиткајте ја во ролат.

За филот потребно е – 600 грама (варени) костени, 2 лажици шеќер, 100 грама суво грозје и 125 грама путер.

Изладеното тесто попрскајте го со рум па потоа филувајте со филот од костени. Завиткајте го во ролат.

Од надворешната страна врз ролатот може да додадете чоколаден прелив за декорација, костен и суво грозје.

 



Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 20:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2018 во 20:19

Торта од костени

Есен е годишно време во кое преовладува прекрасниот мирис на костените. Денешниот рецепт е посветен токму на овој плод, од кој може да се направат вистински слатки специјалитети. Еден таков е тортата од костени.

СОСТОЈКИ

за тесто
• 5 јајца
• 5 големи лажици брашно
• 5 големи лажици шеќер
• 1 ванилин шеќер

за крем од костени
• ½ кг пире од костени
• 200 гр путер
• 200 гр шеќер
• 1 ванилин шеќер
• 1 мала лажица рум
• 100 гр чоколадо за готвење
• 1 дл вода
• 1 кесичка шлаг
• 2 дл слатка павлака

ПОДГОТОВКА
Состојките за тестото се мешаат со помош на миксер. Добиеното тесто се налева во калап за печење. Потоа, се пече на температура од 220℃ околу 20 минути.

Во меѓувреме, се мешаат водата и румот. Потоа се додаваат шеќерот, ванилиниот шеќер, путерот и чоколадото. Сите состојки се мешаат на умерен оган, сѐ додека не се истопат и соединат.

Вака подготвената смеса се додава на пирето од костен и се мешаат додека не се добие хомогена смеса. Откако, во посебен сад, ќе го изматате шлагот, додајте го кон смесата и повторно добро измешајте.

Потоа, обложете го со алуминиумска фолија калапот во која ќе ја оставите тортата во фрижидер. Фолијата премачкајте ја со путер и налејте ја смесата со костени. Одозгора ставете го тестото и затворете ја фолијата. Се остава преку ноќ, да отстои во фрижидер.

Следното утро, тортата се превртува обратно и се вади од калапот. Се поставува на стаклена чинија и одозгора се премачкува со шлаг од слатка павлака или глазура од чоколадо.



Изменето од Valerija - 17.Октомври.2018 во 21:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2018 во 21:48
&amp;#208;&amp;#162;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#188; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;

Тарт со  крем од костени

Состојки
Тесто за тарт
250 гр брашно
180 гр путер, ладен
50 гр шеќер
1 јајце
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка кора од портокал
прстофат сол
Крем од костени
500 гр варени костени, излупени
100-150 мл млеко, отприлика
410 гр кондензирано млеко
3 јајца
80 гр кафеав шеќер
100 гр шеќер
1 лажичка ванила
15 гр густин
1/2 лажичка мелен ѓумбир
прстофат мелен кардамом
прстофат морско оревче


1. За подготовка на тестото, се мешаат сувите состојки, се додава путерот и со рацете се втрива. На крај се додава изматено јајце и се поврзува. Се обликува диск и се става во фрижидер да одстои 1ч. Потоа со него се обложува калап за тарт со димензии 26см.
2. За подотовка на кремот со костени, излупените костени се пасираат со малку млеко за да се добие мазна смеса.
3. Јајцата се матат со жица за матење и се додава кремот од костени, кондензираното млеко, шеќерот, ванила и на крај измешани зачините со густинот. Со филот се полни тартот се пече 40-45 мин на 180Ц
4. Пред служење се посипува со какао и се украсува со чоколадни листови


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2018 во 21:52
&amp;#208;&amp;#154;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;


Кремасти колач од костени

Состојки
4 јајца
12 лажици шеќер
2 лажици какао
4 лажици брашно
1 пециво
2 штангли рендана чоколада + 4 лажици мелени ореви.
фил
800гр варени лупени костени
250гр маргарин
250гр шеќер во прав
2 кесички шлаг пена
200мл млеко
100гр чоколада

Јајцата се матат со шеќерот а потоа се додаваат и преостанатите состојки и се пече пандишпан во плех 32-40.
Фил
Костените се лупат и се пасираат или се ставаат во блендер. Маргаринот се мати со шеќерот во кремаста маса. Кесичките шлаг пена се матат со млекото и полека кон нив се додава пирето од костени. На крај се додава и маргаринот, се заедно се мати и се добива прекрасен мазен крем со кој се премачкува пандишпанот.
Најогоре се ренда чоколада а овој пат изборот падна на блок чоколадата и прекрасно се спои и вкусот.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2018 во 21:55

Зимска торта од костени и чоколадо


За сите љубители на слаткиот спој од костени и чоколадо, имаме едно вкусно изненадување. За да го подготвите потребен ви е најмногу 1 час, а ќе можете да уживате во него во студените зимски денови.

zimska-torta-od-kosteni-i-cokolado-01

Потребно ви е:

  • 250g сенаменско брашно
  • 120g квалитетно какао во прав
  • 50g чоколадо за готвење
  • 1 лажица прашак за печиво
  • 2 лажици сода-бикарбона
  • 230g шеќер
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 260g пире од костени
  • 2 јајца
  • 230 ml млеко
  • 230ml кафе, по можност еспресо

Подготовка:

1. Со малку масло премачкате го калапот за торта во кој ќе ја печете смесата и загрејте ја рерната на 180 степени.

2. Посипете го брашното, какаото во прав, прашакот за печиво и содата во голем сад. Додајте го и шеќерот, екстрактот од ванила, пирето од костен, јајцата и растопеното чоколадо. Прелијте со млеко и мешајте додека смесата не се соедини. На крај додадете го кафето.

3. Мешавината истурете ја во калапот и печете на средна температура околу 40-50 минути. За да проверите дали тортата е готова, боцнете ја со метално стапче во средината. Доколку стапчето е чисто откако ќе го повлечете, тогаш тортата е подготвена за сервирање.

4. Оладете ја тортата околу 5-10 минути, а потоа превртете ја на голема чинија. Посипете со какао или цимет, додајте уште малку екстракт од ванила и декорирајте по желба.

zimska-torta-od-kosteni-i-cokolado-02



Изменето од Valerija - 24.Октомври.2018 во 21:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2018 во 21:57

Торта од костени и рум

Домашен рецепт за подготовка на вкусна торта од костени и рум.

Потребни состојки:

225 грама темна чоколада

435 грама пире од костени

2 лажици рум

65 грама шеќер

Шлаг за декорација

Начин на подготовка:

Пирето од костени можете да го направите со килограм костени, кои ќе ги варите во засладена вода со малку шеќер. Кога ќе се сварат костените, додајте малку топло млеко, рум за арома и малку путер. Состојките испасирајте ги да станат како пире.

Загрејте ја рерната на 180 степени и во тава ставете ја чоколадата и растопете ја, потоа измешајте ги белките од јајцата со малку сол додека смесата не згусне.

Во друг сад измешајте го путерот со пирето од костени и шеќер. Полека додавајте ги жолчките, чоколадото и румот.

Додајте ги и белките и добро измешајте со цел состојките убаво да се соединат.

Ставете ја смесата во тавата и печете од 40 до 60 минути. Потоа, оставете ја малку да олади и декорирајте со шлаг.



Изменето од Valerija - 24.Октомври.2018 во 21:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2018 во 22:01

Рецепт: Парфе торта од костени


Костените се заштитен знак на есенските денови. Неодоливата миризба на печени костени веќе некое време се шири низ улиците и му дава посебна магија на овој период од годината. 

Покрај нивната печена и варена варијанта, костените се многу вкусни кога ќе се вклучат и во разни торти и колачи. Овој пат ви нудиме рецепт за лесна парфе торта од костени.


Потребни состојки

Тесто:

- 50 гр. путер;
- 50 гр. шеќер во прав;
- 2 жолчки од јајце;
- 70 гр. чоколадо;
- половина супена лажица горко какао;
- 1 кесичка ванилин шеќер;
- 35 гр. брашно;
- половина лажичка прашок за пециво;
- половина лажичка сол;
- 0,33 дл. слатка павлака (хопла);
- 2 белки од јајце;
- 0,66 дл. млеко.

Фил:

- 500 гр. варени и исчистени костени;
- 400 мл. слатка павлака (хопла);
- 100 гр. шеќер во прав;
- 1 кесичка желатин во прав;
- изматен шлаг;
- рендано чоколадо за декорација.

Подготовка

Најпрво подгответе го тестото, односно чоколадниот бисквит. Пенасто изматете ги путерот и шеќерот, па додавајте ги жолчките, една по една. Потоа, стопете го чоколадото на пареа, оставете го малку да се олади и во него додадете ги какаото и ванилиниот шеќер. Со миксер мешајте сè, додавајќи ги во смесата брашното, прашокот за пециво и солта, а потоа полека и павлаката и млекото. Белките добро изматете ги одвоено, сè додека не добиете цврста пена, а потоа истата додадете ја во смесата и изматете уште малку. 

Истурете ја смесата во кружен калап и печете на 180 степени околу 15 минути.

Додека тестото се лади, подгответе го филот. Сварените костени исчистете ги и испасирајте ги. Желатинот подгответе ги според упатството на кесичката. Во костените додадете го шеќерот, а течната слатка павлака измешајте ја со изматената шлаг пена. Измешајте ги костените и шлагот и на крај додадете го растопениот желатин. Измешајте ја смесата со лажица и ставете ја врз испеченото и изладено тесто.

Тортата ставете ја во фрижидер да се олади. Потоа украсете ја со шлаг и попрскајте ја со рендано чоколадо. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 24.Октомври.2018 во 22:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2018 во 20:18
bajadera

Ова е многу вкусно колаче. рецептот ми го кажа една другарка, ирена, само јас имав помалку костени па сите други состојки ги преполовив. еве ги нејзините количини: 700gr костени (исчистени), 200gr мелени бисквити, 200 gr мелени бадеми, 150gr путер, 450 gr шеќер растопен во 15тина лажици топло млеко. јас имав доста помалку костени, ама пак се осеќа нивниот вкус.


околу 250 gr варени и испасирани костени (измерени после лупењето, пред тоа беа пола кило)
околу 100-150 gr мелени бадеми (купени 200 gr, во меѓувреме околу 50 gr изедени)
18 мелени бисквити
75 gr путер
3/4 шоља шеќер, растопен во
8 лажици топло млеко
100 gr стопено чоколадо

измешајте ги сите состојки и во пола од смесата ставете го стопеното чоколадо. сипете ја смесата во калапи или поголема кутија, прво делот без чоколадо, па делот со чоколадо, и врз сето тоа направете глазура, која јас ја испуштив, од желба што побрзо да ја пробам бајадерата.
глазурата на ирена е од 150 gr стопено чоколадо со 2 лажици путер и 2 лажици млеко.
бајадерата треба да се стврдне некое време во фрижидер и потоа лесно се сече. и брзо ја снемува.
  
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2019 во 13:31
&amp;#208;&amp;#144;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#189;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;°&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;

Американски палачинки од костен

Состојки
200гр варени, мелени костени (чисти)
150гр брашно
2 жолчки
1 лажиче рамно пециво
1 лажица кафен шеќер
2 лажици масло
100мл млеко
200мл јогурт
2 белки
за декорација
1 лажица крем сир
1 лажица шеќер во прав
100мл слатка павлака
за прелив
мармалад, џем од вишни

Во еден сад ги соединуваме млекото, јогуртот, шеќерот, мелените костени, пецивото, брашното, некое зрно сол и маслото. Јас сите овие состојки ги ставив во нутрибулет и добив мазна и сјајна смеса.
Ги матиме белките во цврст шам и ги соединуваме со претходната смеса.
Оставаме смесата да одмори 15 минути, па потоа на умерен оган, на многу малку намастена тава ги пржиме палачинките.
Ги ставаме на решетка да се изладат.
За кремот ги соединуваме павлакта, шеќерот и крем сирњето.
Редиме по 3 палачинки една врз друга меѓу кои ставаме од кремот.
Декорацијата ја завршуваме со мармалад од вишни... или по желба


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2019 во 10:27

ВООДУШЕВЕТЕ ГИ ГОСТИТЕ СО УБАВА ПИТА ОД КОСТЕНИ! (РЕЦЕПТ)


Состојки:

За тесто: 80 г брашно, 125 г шеќер, 115 г путер, јајце, жолчка, 1/2 лажичка екстракт од ванила, 3 лажици вода

За фил: 2 јајца, 500 г пире од костен, 80 г мелени ореви, 200 г темна чоколада, 120 г путер

Подготовка:

  • Замесете ги состојките за тесто.
  • За филот, изматете ги шеќерот и жолчката, а белките изматете ги да добијат цврстина.
  • Во изматените жолчки додадете го пирето од костен и мелените ореви и на крај додадете го шлагот од белки.
  • Растегнете три четвртини од тестото и со него обложете го плиткиот калап за торта.
  • Врз него ставете го кремот од костен.
  • Останатото тесто растегнете го во тенок ролат и со него подрабете ја питата.
  • Печете ја питата во загреана фурна околу 45 минути на 180°C.
  • Растопете го чоколадото на пареа со путер, па со чоколадната глазура премачкајте ја питата.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,293 секунди.