|
Рецепти со брокула |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слатко солено пилешко со брокула Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. Подгответе го ова пилешко со брокула со слатко-солен сос и уживајте во префинетиот вкус. Прво, измешајте го медот со кечапот, оцетот, соја сосот и лукот. Ставете две лажици маслиново масло во тава или вок, па додадете го посоленото пилешко месо исечкано на парченца. Пржете го околу 10-на минути. Додадете ја исечканата брокула и на крајот прелијте со сосот. Гответе и мешајте уште 5 минути додека пилешкото добро се испече, а брокулата да омекне. Ако е потребно, додадете лажица-две вода. На крај, наросете сусам. Сервирајте со варен ориз. Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 20:02 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Њоки со тиква од босилек и пармезан Многу се вкусни, а тиквата им дава посебна арома. Прелијте ги малку со маслиново масло, наросете ги со исечкан босилек и изрендан пармезан, и уживајте во секое залче. Потребни намирници – 1 кг печена и оладена тиква, 500 грама брашно, 2 цели јајца, свеж босилек, маслиново масло, сол и црн пипер, пармезан. Подготовка Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквата исечете ја на кришки и печете ја околу еден час. Кришките изладете ги, отстранете ја коричката и одвојте го портокаловото „месо“. Од него направете пире. Додадете ги јајцата, посолите, наросите црн пипер, додадете ситно исечкан босилек и потоа додадете го и брашното. Добро мешајте и направете меко тесто. Од тестото направите њоки. Во меѓувреме сварете вода, посолете ја и варете ги во неа њоките додека да испливаат на површина. Извадете ги со лажица. Жешките њоки прелијте ги со маслиново масло или потпечете ги на маслиново масло. Додадете уште неколку ливчиња свеж босилек и прелијте ги со изрендан пармезан. Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 20:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Киш од брокула Потребни состојки: 4 јајца 1 главица брокула, 300 грама печурки, 150 грама рендан кашкавал (чедар), 2-3 млади кромидчиња,сол, пипер,округло тавче обложено со хартија за печење Подготовка: Исечкајте ја брокулата на поситни парчиња. Варете ги 5 минути во врела вода . Извадете ги и убаво исцедете ги. Исечкајте ги младите кромитчиња и печурките.Пропржете ги на малку масло, околу 5 минути, и зачинете ги со малку сол и пипер. Оставете да се излади Во поголем сад изматете ги јајцата и додајте ги останатите состојки.Истурете во округло тавче обложено со хартија и печете во загреана рерна на 175 степени, околу половина час. Послужете со шери домати или салата од рукола. Изменето од Valerija - 01.Јули.2018 во 10:02 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |