IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од тиквички
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од тиквички

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2018 во 21:52
Кремасти тиквички




Кремасти тиквички

Состојки

    600 гр. тиквички
    на вкус мешавина од сув зеленчук, бибер и сол
    според потребата гриз
    според вкус лук,и магдонос
    околу 500 мл. млеко
    малку путер и масло

- Измешајте ги сувиот зеленчук, биберот и солта. - Насецкајте лукот и магдоносот и измешајте ги. - Тивкичките измиени доколку се млади нема да ги лупите, исечете на тенки тркалца или по должина, посолете со мешавината од сувиот зеленчук, солта и биберот. - Ставете во тањир гриз и секоја тиквичка само од едната страна извалкајте ја во гриз. Редете во подмачкана тава со масло, така што страната со гризот да биде одозгора. Посипете малку од мешавината лук и магдонос, па продолжете со истата постапка се додека ги потрошите тиквичките. Најодозгора посипете само со магдонос. - Внимателно залијте ги со млекото во кое исто така сте ставиле од мешавината на сувиот зеленчук, солта и биберот. Исецкајте малку путер на коцки - ставете одозгора, додадете и малку масло. Вака приготвени ставете на тивко да печат во рерната, на 180С додека не заруменат малку. Одличен ручек кој ако избегнете лукот и зачинките... е добро и како бебешка храна. Вака приготвените тиквички се одличен прилог кон печено мевце без разлика какво, а и засебно како целосен оброк со салата...одлично. Рецепт на една дама која има најголема, најискрена и најтопла насмевка ... Драгана Петрович. Гаго- Благодарам мадам!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2018 во 21:57
Тава со тиквички и сирење


Тава со тиквички и сирење

    500-600 гр тиквички
    1/2 рамна лажичка хималајска сол
    200 гр полномасно мешано сирење
    2 лажици презла од интегрален леб
    1 јајце
    1 чешне лук
    1 рамна лажица шарена сол
    1/2 лажичка црн бибер
    1/2 лажичка мешан сув зачин
    2 лажици пармезан - за одозгора

Супер лесна верзија на пролетен оброк, во кој ќе уживате!

1. Тиквичките излупете ги и изрендајте ги. Потоа насолете ги и ставете ги на цедалка да пуштат сок и да се исцедат.
2. Изрендајте го и сирењето и изматете го јајцето.
3. Во садот каде што ќе ги печете тиквичките, ставете масло и убаво намастете го садот.
4. Тиквичките притиснете ги со рака за убаво да се исцедат и префрлете ги во длабок сад. Додадете го матеното јајце и промешајте. Потоа ставете ги зачините и лукчето и се измешајте.
5. На крај додадете го ренданото сирење, измешајте и смесата префрлете ја во садот за печење.
6. Се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 15 мин, односно додека да фати убава коричка одозгора.
7. На крај наросете со пармезан и послужете со пролетен зеленчук по избор.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2018 во 21:59
Тиквички со сирење и сланина


Тиквички со сирење и сланина

Состојки

    750 грама млади тиквички ( или 3 средно големи )
    350 грама кравјо сирење
    6 јајца
    8 лажици гриз
    3 лажици растопен путер
    150 грама сланина
    1 лажиче сол
    1 лажиче црн бибер

Изрендајте ги измиените тиквички сосе лушпа. Посолете ги и оставете ги да пуштат вода. Потоа убаво исцедете ги со раце од водата што ја пуштиле. Изгмечете го сирењето и во него додадете ги тиквичките. Одвојте ги жолчките од белките и додајте ги во сирењето и тиквичките, а од белките изматете снег. Додајте во смесата гриз, растопен путер, сол, бибер и сланина. На крај, се ставете во изматените белки, убаво измешајте и истурете ги во подмачкан плех. Печете во загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Обожавам тиквички, а на овој начин припремени се превкусни. Може да употребите и друг вид на сувомеснат производ по желба. Ова е одлична вечера после двонеделниот пост. Добар апетит!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2018 во 21:08
&amp;#208;&amp;#140;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#132;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184;

Ќофтиња од тиквички

Состојки
1 тиквичка
2-3 јајца
4лажици гриз
2-3лажици брашно
1/2 пециво
1чешне лук ситно сецкан
Тиквицата се ренда на крупно ренде и се остава да одстои 10 минути. Потоа се цеди низ цедалка и се додава гризот, брашното, пецивото и јајцата. Смесата се меша со вилушка и и се додаваат зачините, па со лажица се зема од неа и се пржат на топол зејтин.
За овие ќофтиња добро би било доколку имате Делимано тава да се пржат во неа заради количината на зејтин. Ќофтињата се пржат од двете страни и се добар прилог кон ручекот а ладни може да послужат и како добро мезе


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2018 во 18:27

Ова ми е омилениот рецепт со тиквички! Нема човек да не му се допадне, дури и свекрва ми ме пофали!

Има толку многу рецепти за овој вкусен производ, но ние сакаме да го споделиме со Вас еден од најдобрите.

Состојки:

1 тиквички (2 помали)

70 гр. кашкавал

100 гр. павлака

1 чешне лук

магдонос , копар , сол – по вкус

Подготовка:

Измијте ги тиквичките, исечете ги на парчиња и зачинете ги со сол

Изрендајте го кашкавалот

Лукот измелете го или згмечете го со преса

Измешајте ги кашкавалот, лукот и павлаката. Ако сакате, можете да му додадете на сосот и ситно исечени зачини.

Намачкајте ја тавата со масло и наредете ги тиквички. Рамномерно распоредете го одозгора крем сосот.

Печете на 180 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2018 во 11:11
&amp;#208;&amp;#162;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;

Тиквици полнети со домати и моркови

Лесно јадење, едноставно за подготовка, идеално за врелите летни денови.

СОСТОЈКИ:

  • 1 кг тиквици
  • 500 гр моркови
  • 2 домати
  • 4 лажици путер
  • 2 лажици брашно
  • 2 дл кисела павлака Пекабела
  • 1 лажица ситно сечкан копар
  • 1 лажичка сув зачин
  • сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Измиените тиквици излупете ги и извадете ја средината. Исчистените моркови изрендајте ги, додајте ситно сечкана средина од тиквиците, излупени и исечкани домати, сув зачин и сечкан копар. Со овој фил наполнете ги издлабените тиквици. 
  2. Со путер премачкајте огноотпорен сад, наредете ги тиквиците, прелијте со тенка запршка и налијте со топла вода, или уште подорбо супа. Гответе на умерена температура околу 40 минути тиквиците да омекнат, а водата да испари. Пред послужување прелијте со кисела павлака.

Добар апетит!



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2018 во 16:23
&amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#133;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;µ: &amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ &amp;#208;&amp;#191;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;±&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190;


Поховани тиквиици со сирење

Јадење чиј вкус долго ќе го памтите…

СОСТОЈКИ:

  • 2 средни тиквици
  • сол
  • малку бибер
  • фета или тврдо сирење
  • јајце
  • брашно
  • презла

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Тиквиците измијте ги и излупете ги, па исечете ги по должина на тенки ленти. Посолете и малку побиберете, па оставете ги да отстојат и да пуштат вода. Исцедете ги тиквиците, па земајте по две ленти и направете крст. 
  2. На средина ставете парче сирење па префрлете ги лентите лево и десно и горе и долу и свиткајте ги листовите тиквици околу сирењето. 
  3. Загрејте го маслото во тава на умерена температура, разматете јајца и подгответе брашно и презла. Извалкате ги тиквиците во брашно, разматено јајце, па во презла и поховајте ги додека не поруменат. 
  4. Похованите тиквици исцедете ги од вишок маснотии на хартиени салфети.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2018 во 16:32
&amp;amp;#208;&amp;amp;#161;&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#208;·&amp;amp;#208;&amp;amp;#190;&amp;amp;#208;&amp;amp;#189;&amp;amp;#208;° &amp;amp;#208;&amp;amp;#189;&amp;amp;#208;° &amp;amp;#208;·&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#208;»&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#208;&amp;amp;#189;&amp;amp;#209;&amp;amp;#135;&amp;amp;#209;&amp;amp;#131;&amp;amp;#208;&amp;amp;#186;: &amp;amp;#208;&amp;amp;#159;&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#209;&amp;amp;#135;&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#208;&amp;amp;#189;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184; &amp;amp;#209;&amp;amp;#130;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184;&amp;amp;#208;&amp;amp;#186;&amp;amp;#208;&amp;amp;#178;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184;&amp;amp;#209;&amp;amp;#134;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184; &amp;amp;#209;&amp;amp;#129;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190; &amp;amp;#208;&amp;amp;#191;&amp;amp;#209;&amp;amp;#128;&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#208;»&amp;amp;#208;&amp;amp;#184;&amp;amp;#208;&amp;amp;#178;


Сезона на зеленчук: Печени тиквици со прелив


Вкусни печени тиквици со прелив по оригинален турски рецепт…

СОСТОЈКИ:

  • 600 гр тиквици
  • 80 гр кромид
  • 200 гр црвени свежи пиперки
  • 2 чешиња лук
  • 1 лажичка исечкан копар
  • 1 лажица зачин
  • 2-3 лажици маслиново масло

СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:

  • 2 лажици јаболков оцет
  • 2 лажици вода
  • шеќер
  • бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. На маслиново масло кратко пропечете го кромидот исечкан на листови и пиперките исечкани на стапчиња. 
  2. Додајте тиквици исечкани на кругови и зачин. Измешајте и динстајте под поклоп на слаб оган околу 10 минути. 
  3. Посебно кратко згответе оцет, шеќер и вода, прелијте преку тиквиците и малку измешајте. 
  4. Тиквиците ставете ги во огноотпорен сад и запечете ги во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути. 
  5. Запечените тиквици посипете ги со исечкан копар и послужете ги како прилог со плескавици или месо.


Изменето од Valerija - 18.Јуни.2018 во 16:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2018 во 16:43
&amp;#208;&amp;#162;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#226;&amp;#128;&amp;#147; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;µ &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#136;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;°&amp;#208;» &amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;±&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#136;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#208;»


Тиквички полнети со мелено месо - тече бешамел и кашкавал

Полнети тиквички кои мамат и веднаш ќе се изедат кога ќе ги принесете на маса.Ова е рецептот:

СОСТОЈКИ:

  • 8 тиквички 
  • 2 главици кромид 
  • ½ кг. мелено месо 
  • 3 чешни лук 
  • 1 јајце 
  • 1 шолја сварен ориз

БЕШАМЕЛ:

  • 2 лажици брашно 
  • малку масло 
  • ½ л. млеко 
  • вегета 
  • 150 гр. кашкавал

ПОДГОТОВКА

  1. Меленото месо се пржи на масло со кромисот и со вегета. Се додава и оризот кога ќе се олади и ситно сечениот лук и јајце. 
  2. Се лупат тиквичките, се длаби средината, па се посолуваат. 
  3. Се полнат со месото. 
  4. Се прави бешамел така што се пржи брашно на масло, па се става млеко и зачини. 
  5. Се ставаат тиквичките во премачкан огноотпорен сад, се се става бешамелот врз нив. 
  6. Помеѓу тиквичките ставете од средината од тиквичките која остана, па изрендајте кашкавал горе. 
  7. Печете на загреана рерна на 200 степени 30 минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2018 во 17:04
&amp;#208;&nbsp;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#186; &amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;» &amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;: &amp;#208;&amp;#162;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°

Тиквички со павлака

Направете вкусен ручек кој совршено се надополнува со месо.

Тиквички во павлака, ова е рецептот:

СОСТОЈКИ:

  • 1 главица кромид
  • 2 тиквички
  • вегета
  • бибер
  • сол
  • масло
  • 1 шолја бело вино
  • 2 чешни лук
  • 2 дл. павлака за готвење

 

 

ПОДГОТОВКА:

  1. На масло се динста ситно сечениот кромид, па се додаваат излупените и на коцки исечени тиквички.
  2. Се ставаат зачините, лук и бело вино да се динста.
  3. Може да додадете и повеќе вино по потреба и вкус.
  4. Се ставаат 2 дл. павлака кога ќе проврие смесата и ќе омекнат тиквичките, па се меша.
  5. Ставете си и зачини по вкус.
  6. Послужете, убаво е и топло и ладно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 19:37


Армоника тиквички

Ова летно јадење подгответе го за ручек или за вечера и уживајте во неповторливиот вкус.

Од намирници потребно е – 2 тиквички со средна големина, 100 грама шунка или сланина, 150 грама крем сирење, 50 грама моцарела или некое друго сирење кое лесно се топи, 1 чили пиперка, неколку листа босилек и сол и црн пипер.

Подготовка

Исечкајте ги тиквичките по ширина, внимавајќи да не ги пресечете сосема, за да добиете форма на армоника. Шунката исечкајте ја на лентички. Ставете по една до две лентички помеѓу секој рез на тиквичките и притиснете ги лентичките подоле во тиквичката.

Таквите тиквички префрлете ги во сад за печење кој претходно сте го намастиле малку. Печете на 200 степени околу 10-на до 15минути, во зависност дали сакате тиквичките да бидат малку крцкави или не.

Додека тиквичките се печат, подгответе го полнењето – крем сирењето, изренданата моцарела, ситно исечканата чили пиперка и босилекот, помешајте ги во глатка смеса. Наросете сол и црн пипер по вкус.

На крајот, наполнете ги тиквичките со смесата, изрендајте врз нив уште малку кашкавал и печете уште 10-минути, додека кашкавалот и сирењето се стопат. Послужете го јадењето топло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 19:38


Тиквички од моцарела и гауда

Тиквичките со два вида на сирење се подготвуваат брзо и лесно, а репете веднаш ќе посакате!

Од намирници потербни ви се – 3 поголеми тиквички, 1 лажица маслиново масло, 150 грама Гауда, половина филџан лебни трошки, 120 грама моцарела, 1 филџан доматен сос, малку ситно исечкан босилек, сол и црн пипер.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени, прмачкајте ја тавата за печење со масло, тиквичките исечкајте ги на кругови (1 см), потоа посолете ги и оставете ги да ја испуштат течноста. Избришете ги со салветка. Во сад измешајте лебни тирошки и ситно изрендана Гауда заедно со малку сол и црн пипер. Протркалајте ја секоја тиквичка во оваа смеса, па наредете ги во тавата за печење во еден слој. Печете ги додека станат златни и крцкави. Извадете ги од тавата, а на дното на тавата ставете сос од домати претходно зачинет со сол, црн пипер и босилек. Врз сосот ставете дел од тиквичките, попрскајте ги со изрендана моцарела и повторно со изрендана Гауда. Повторувајте ја постапката додека не останете без материјал, но завршете така кашкавалот да е на врвот. Печете околу 10-15 минути додека целиот кашкавал не се стопи. Малку оладете ги и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 19:40


Потпечени тиквички во бешамел сос

Сезоната на тиквички е пред нас, а од оваа намирница се подготвуваат најразлични вкусни јадења. Ние ви предложуваме да го дегустирате специјалитетот од тиквички во бешамел сос.

Потребни намирници – 3 средно големи тиквички, 150 грама кашкавал (или пак, моцарела), сол, оригано, црн пипер и мирудии по желба, 1 лажица павлака, 2 јајца.

За бешамелот – 3 лажици масло, 25 грама путер, 2 чешниња лук, 5 дл млеко, 3 лажици брашно, 2 мали лажички сол, половина лажичка мускатно оревче.

Подготовка

Почнете од бешамел сосот. На средно загреано масло и путер пропржете го исечканиот лук. Штом почне да добива боја, додадете го брашното и млекото, мешајќи постојано и водејќи сметка да не стане премногу густо. Посолете и додадете го мускатното оревче. Од бешамел сосот одвојте 3 лажици за подоцна подготовка.

Тиквичките измијте ги и исечете ги на кругови. Посолете ги и оставете ги да отстојат половина час. Намрсете ја тепсијата за печење, па почнете да ги редите тиквичките. Врз секој ред тикички додавајте бешамел сос, малку оригано и изрендан кашкавал (или тенко исечкана моцарела). Завршете со ред тиквички, и одозгора наросете ги со малку сол. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. После дваесетина минути печење, тиквичките прелијте ги со смеса од изматен бешамел сос со павлака, јајца, сол и црн пипер. Вратете ги во рерната и оставете да се потпечат уште 10 минути.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 19:52

Палачинки од тиквички

Претпоставуваме дека ја искористивте сезоната на тиквички и од овој нискокалоричен и здрав зеленчук веќе приготвивте и дегустиравте најразлични јадења. Но, ние имаме нова, супер идеја која вреди да се проба. Станува збор за палачинки од тиквички.

Намирници – 2 чаши изрендани тиквички, 1 чаша изрендан компир, 1 јајце, 1 лажица исечкан магдонос, 1 лажица изрендана кора од лимон, малку лебни трошки (или половина кришка изрендан тврд леб), 1 лажица путер, 2 лажици кисела павлака, сол и црн пипер.

Подготовка – Изренданите тиквички и компир оставете ги половина час за да ја испуштат водата, добро исцедете ги и посолете ги. Изматете го јајцето, додадете го магдоносот и лимоновата кора. Зачинете со сол и црн пипер според вкус. Измешајте ги тиквичките со компирот и додадете малку од лебните трошки. Потоа, додадете го изматеното јајце, па се добро измешајте. На загреано тавче додадете го путерот. Ставете лажица од смесата со тиквички и компир на жешкиот растопен путер и со помош на вилушка сплескајте ја смесата со шпатула. Печете ги палачинките додека да добијат боја, потоа превртете ги и печете ги од другата страна.Сервирајте ги топли со кисела павлака или сос по желба.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,125 секунди.