Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27642 Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 17:48 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Се од тиквичкиПостирано од: Valerija
Наслов: Се од тиквички
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:31
Прженици од тиквички
Пржениците од тиквички се едноставни за подготовка и имаат малку калории.
Можат да бидат одличен додаток за главното јадење но и да бидат ужина која можете да ја носите на работа.
Состојки:
0,5 кг изрендани тиквички
1 лажица сол
¼ шоља брашно
¼ изрендан пармезан
2 чешниња лук ситено сецкани
1 големо јајце
Сол и бибер
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги да се исцедат едно 10-на минути.
Во поголем сад измешајте ги тиквичките, брашното, пармезанот, лукот и јајцата, се посолете и ставете бибер по желба.
Загрејте го маслото во голема тава на среден оган и ставајте по една лажица од смесата. Печете на една па на друга страна додека да добијат златна боја.
И тоа е тоа, имајте добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Коментари: Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:33
Крем супа од тиквички
Крем супите се совршен оброк. Освен што се вкусни, тие толку заситуваат што нема потреба по нив да јадете нешто друго.
Овој рецепт веруваме дека ќе им се допадне на сите дами кои сакаат тиквички но и кои водат сметка за својата линија.
Ако не планирате да ја јадете оваа крем супа како главно јадење, тогаш најдобро би било да ги преполовите мерките кои се подолу наведени.
Состојки:
1 кг тиквички
500 грама компир
150 грама кромид
2 чешниња лук
200 грама павлака за готвење
2 литра вода
4 лажици масло
Сол, бибер и вегета
Подготовка:
Тиквичките измијте ги и исецкајте ги на коцки. Компирите излупете ги и исто така исецкајте ги на коцки.
Кромидот исецкајте го ситно и пропржете го на масло. Додадете ги и тиквичките и компирот, па со вода покријте го зеленчукот.
Посолете ја смесата и варете ја додека да омекне. Потоа се префрлете во блендер и изблендајте.
Варете ја смесата и по потреба додавајте вода. Зачинете ја со бибер, вегета и исецкан лук.
На кратко пред самиот крај додадете ја павлаката за готвење.
И тоа е тоа. Имајте добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:34
Брзи тиквички со кашкавал
Брзо и вкусно летно јадење подготвено за половина час…звучи примамливо нели?
Кашкавал кој се растегнува, сочни тиквички и сос од домати со малку босилек веруваме дека е комбинација која ќе го освои вашето срце (и желудник).
Состојки:
3 големи тиквички
1 лажица маслиново масло
По желба два различни вида на тврд кашкавал
½ шолја лебни трошки
1 шолја доматен сос
½ шолја моцарела
Сол и бибер
босилек
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. На плех ставете хартија за печење.
Тиквичките исечкајте на кругови или на летни по желба со ширина околу 1 см. Посолете ги и оставете да ја испуштат течноста па избришете ги со салфетки.
Во сад измешајте ги лебните трошки со ситно ренданиот кашкавал и посолете и ставете бибер.
Секое парче тиквичка извалкајте го во таа мешавина и наредете ги на калап за печење.
Печете додека не станат златни и крцкави.
Извадете ги од рерна, и на дното на еден подлабоко тавче ставете доматен сос кој ќе го зачините со сол, бибер и босилек.
На сосот наредете дел од тиквичките, посипете ги со моцарела.
Повторувајте ја постапката додека да останете без состојки но на крајот погрижете се да завршите со моцарела.
Печете уште 10-15 минути додека сирењето да се стопи.
Послужете го додека е топло.
Имајте добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:35
Помфрит од тиквички
Да ги искористиме тиквичките додека ги има и да направиме интересен помфрит од тиквички печен во рерна.
Состојки:
500 грама тиквички
2 јајца
Презла
Пармезан
Сол и бибер
Лут буковец
За сос:
1 конзерва домати
2 чешниња лук
Маслиново масло
Сол и бибер
2 лажици свеж магданос
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени и обложете ја со хартија за печење.
Тиквичките излупете ги и исецкајте на покрупни парчиња за помфрит.
Во сад изматете ги јајцата, а во друг ставете поголема количина презла и нарендајте пармезан, сипете малку сол, бибер и лут буковец.
Секое парче тиквичка посебно прво натопете го во јајцата па во мешавината и редете го на плехот за печење.
Печете додека парчињата не добијат златна боја.
За сосот во тавче сипете две лажици маслиново масло и додадете го насецканиот лук.
Вклучете ја ринглата на најјако па кога лукот ќе добие потемна боја сипете ги доматите, посолете и ставете бибер по желба. Сосот нека се крчка на среден оган додека да добиете густина.
Пред да го послужете ставете свеж магданос.
Помфритот од тиквички и сосот служете ги топли.
Имајте добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:37
Пикантни ролнички од тиквички
Тиквичките се многу едноставни за подготовка, а се пристапни и евтини, секако додека им е сезона.
Затоа денес ви нудиме уште еден рецепт токму со тиквички. Овие ролнички можат да бидат предјадење, прилог или пак лесна вечера.
Прекрасно зарем не?
Состојки за 12 ролнички:
2 тиквички
80 грама горгонзола
6 парчиња сушен домат
2 – 3 свежи листови босилек
Чешне лук
Маслиново масло
Сол и бибер по желба
Подготовка:
Ситно исецкајте го босилекот и лукот и додадете го во маслото, зачинете го и измешајте го.
Тиквичките исецкајте ги по должина на листови дебели 3 милиметри. Посолете ги и оставете ги половина час да ја испуштат водата.
Исушете ги на салфетка и премачкајте ги со маслото со зачини.
Печете ги десетина минути во рерна загреана на 200 степени, повторно премачкајте ги со масло и печете ги додека да добијат златно боја.
Потоа оставете ги да се изладат.
Додека тиквичките се печат, исецкајте ја горгонзолата на 12 долгнавести парчиња, а сушените домати на ленти.
На почетокот на тиквичката ставете парче горгонзола и 2-3 ленти сушен домат. Замотајте ја ролничката и зацврстете ја со чепкалка за да стои цврсто.
Постапката повторете ја со останатите тиквички.
И тоа е тоа, сервирајте и имајте добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:38
Вкусни залчиња од тиквички
Тиквичките освен како главно јадење можете да ги служите и како мезе. Веруваме дека на денешниот рецепт нема да останете рамнодушни.
Состојки:
1 килограм компири (обарени, излупени и изрендани)
1 килограм тиквички (изрендани)
Чешне лук (мелено)
1 лажица сецкани свежи листови рузмарин (но и неколку за декорација)
¼ шолја рендан пармезан (плус една лажица пармезан)
¼ шолја презла
2 белки (малку изматени)
2 лажици сол или вегета
¼ лажица бибер
3 лажици маслиново масло
1 ½ крем сирење или павлака по желба
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. На страна подгответе хартија за печење.
Ставете ги компирите и тиквичките на платнена крпа или салфетки за да се исцедат, а потоа ставете ги во поголема чинија.
Додадете го лукот, рузмаринот, пармезанот, презлата, белките посолете и додадете бибер.
Целата смеса добро измешајте ја додека состојките не се соединат.
На тавче загрејте масло на среден оган и ставете ја смесата рамномерно по тавчето.
Посипете малку маслиново масло на врвот и ставете една лажица пармезан.
Пржете додека ивицата на порумени. Потоа ставете ја “палачинката“ на хартија за печење и печете во рерната 20 до 25 минути додека горната страна на порумени.
Исечете ја палачинката на коцкички и наредете ја на тањир за послужување. На врвот на секоја коцка ставете по малку сирење или павлака и украсете со свежи листови рузмарин.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:44
Палачинки од тиквички
Сите сакаме палачинки и сите сакаме тиквички. Затоа денес ви нудиме комбинација која веруваме дека многу ќе ви се допадне.
Овие палачинки од тиквички можете да ги послужите со некој сос по желба или како споредно јадење со месо.
Состојки за 20 парчиња:
2 тиквички со средна големина (рендани)
2 главици кромид (ситно сецкани)
¼ шоља магданос (сецкан)
1 чешне лук (мелено или рендано)
2 јајца
¼ шоља пармезан (или сирење)
6-8 лажици брашно
Сол и бибер по вкус
Маслиново масло
Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките и ставете ги во голем сад. Додадете го брашното, кромидот, лукот, магданосот, јајцата, пармезанот, посолете и ставете бибер по желба.
Загрејте тава на средна големина и ставете масло.
Ставајте по една лажица од смесата за да се добие облик на палачинка.
Секоја палачинка печете ја по две минути од секоја страна додека не добие златна боја.
Имајте добар апетит.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:45
Здрави и вкусни лазањи со тиквички
Феноменален начин како да го замаскирате здравиот оброк кој веруваме дека вашите деца ќе го обожаваат.
Три слоја тиквички, бешамел сос, моцарела, пармезан и доматен сос ќе го дадат совршениот вкус. Па зошто да не ја внесете магијата на Италија во својот дом.
Состојки:
1 килограм тиквички
200 грама доматен сос
300 грама моцарела
2 лажица брашно
70 грама путер
½ литар млеко
3 лажици пармезан
Сол и бибер
Маслиново масло
Подготовка:
Исечете ги тиквичките на ленти од половина сантиметар и наредете ги во тавчето за лазањи. Попрскајте ги со маслиново масло и со малку сол и ставете ги во рерна на 200 степени 15 минути.
За филот направете бешамел сос. Ставете 70 грама путер на среден оган додека да се стопи. Тргнете го од огнот, додајте му малку брашно (2 лажици) и мешајте. Внимавајте само да не ви се направат грутки и полека додадете ладно млеко и продолжете да мешате. Ставете сол и бибер.
Во ново тавче, ставете малку маслиново масло и наредете ги испечените тиквички толку колку да го покриете целото дно.
Потоа врз наредените тиквички со лажица нанесете малку доматен сос. Потоа наредете моцарела во тенки кругови, малку пармезан и бешамел сос (тој треба да ви биде густ како тесто за палачинки).
Потоа продолжете со следниот ред тиквички и сите останати состојки, се додека имате.
Кога е се готово ставете ја тавата во рерна уште 15 минути. И тоа е тоа, чекајте само смесата убаво да порумени и имајте добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2016 во 21:56
Чоколаден колач со тиквички
За тоа дека тиквичките се толку посакуван зеленчук говори фактот и дека истите се користат и за десерт.
Денес ви нудиме рецепт за вкусен колач токму со тиквички.
Состојки:
(Мерката е шолја од 250 милилитри)
¾ шолја бело брашно
¾ шолја интегрално брашно
½ овесни снегулки
1/3 шолја ситно сецкани ореви
½ шолја кафен шеќер
1/3 шолја какао
1 лажица сода бикарбона
1 ½ лажица прашак за пециво
Половина лажичка сол
1 шолја ситно рендани и исцедени тиквички
2 јајца
1 шолја млеко
1/3 шолја сончогледово масло (може кокосово)
1 лажица екстракт од ванила
¼ шолја мед
Подготовка:
Во еден сад помешајте го брашното, овесните снегулки, оревите, шеќерот, какаото, сода бикарбоната, прашокот за пециво, солта и тиквичките
Во друг сад изматете ги јајцата, млекото, маслото, медот и ванилата.
Спојте ги двете смеси и измешајте ги за да се соединат.
Печете ги во плех обложен со хартија за печење околу 40 минути. Проверете од време на време дали средината е печена.
Се служи добро изладен. И тоа е тоа.
Имајте добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2016 во 08:55
ПОЛНЕТИ ТИКВИЦИ СО ЈАЈЦА И СИРЕЊЕ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 тиквици
3 јајца
300гр сирење
по желба малку кашкавал за наросување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тиквичките добро се мијат и се сечат на половина по должина.
Секој дел се издлабува, да се добие брод. Издлабената смеса се сече на ситни парчиња и се остава настрана.
Јајцата добро се матат и се додава малку сол.
Сирењето се ренда и се става во смесата со јајцата.
Тиквичките се полнат со подготвената смеса и се редат во тава.
По желба може да се попрскаат со малку кашкавал.
Се полева со масло и вода.
Се пече во загреана рерна на 200 степени 40 минути.
Се јадат студени.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2016 во 08:56
МАКАЛО СО ТИКВИЧКИ
Состојки:
1 поголема тиквичка 180 мл кисела павлака 1/2 китка магдонос 4 листови целер 5-6 листови босилек 1 лажица балсамико оцет 3 лажици маслиново масло 2 чешниња лук сок од 1/2 лимон сол и бибер по вкус
Приготвување:
Исечете ја тиквичката на помали кришки и испрежете ги на грил тава. Оставете ги да се оладат.
Ставете ги во подлабок сад, па додадете ги сите останати состојки освен павлаката. Се изматете со миксер додека не добиете глатка смеса. На крајот додадете ја павлаката и полека измешајте. Оставете на половина час во фрижидер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2016 во 20:51
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2016 во 20:54
Плескавици од тиквички
Ако сте во постојана потрага по нови рецепти со тиквички, тогаш се надеваме дека ќе ви се допаднат овие плескавици од тиквички.
Тие се неверојатно лесни за подготовка, имаат малку калории и се одлична закуска за вегетаријанците и за оние кои се пребирливи. Најдобро од се е што можете да ги сервирате како ужина, предјадење па дури и како ручек!
Состојки:
750 грама изрендани тиквички
1 лажичка сол
¼ чаша брашно
¼ чаша изрендан пармезан
2 чешниња исецкан лук
1 изматено големо јајце
Бибер по вкус
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
Изренданите тиквички оставете ги да се исцедат. Додадете ја солта и нежно изгмечете ги тиквичките па оставете да отстојат уште 10-на минути.
Во голема здела измешајте ги тиквичките со брашното, пармезанот, лукот и јајцето. Додадете сол и бибер по вкус.
Загрејте го маслото на тава и со лажичка земајте од подготвената смеса натапкајте ја убаво и ставете да се пржи додека секоја плескавица не добие убава златно кафена боја, односно околу 2 минути. Потоа превртете го на другата страна додека не ја добие истата боја.
Се служат додека се уште топли.
Имајте добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2016 во 20:57
Пржени тиквички
Самиот збор предјадења укажува дека се работи за храна која на масата се поставува пред главното јадење. Во прв ред, со изгледот и вкусот треба да го отворат или зајакнуваат апетитот. Затоа многу од нив имаат пикантен вкус. Најчесто треба да се служат во мали количества, иако понекогаш предјадењат ...
Тиквичките се лупат, се сечат во кругови (по ширина) или листови (по должини), се посолуваат и валкаат во брашно, изматено јајце и презла(лебни трошки) па се пржат во загреано масло. Пржените тиквички се наросуваат со рендано сирење и се послужуваат. Пред да се валкаат во брашното, може да се истријат со лук и наросат со магдонос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2016 во 21:00
ВКУСНО ПРЕДЈАДЕЊЕ СО ТИКВИЦИ И СИРЕЊЕ
Потребни состојки:
– 3-4 тиквици
– 250 гр младо сирење
– 100 гр листови од тенко исечена сланина
– малку брашно
– сол и масло
Подготовка:
Исечете ги тиквичките на тенки листови по должина. Посолете ги и оставете ги малку да отстојат. Потоа малку забришете ги со хартиена салфетка па ставете ги во брашно од едната страна. Листовите сланина кратко пропржете ги, а потоа извадете ги па во истото малсо ставете ги листовите тиквица, прво од набрашнетата страна а потоа од другата страна. Кога тиквиците ќе бидат готови, од набрашнетата страна ставете ја сланината, па одозгора премачкајте со сирење и свиткајте ги во ролничка. Прицврстете со една чепкалка. Ставете ги во тава за печење сите ролнички и запечете ги на 160 степени, само додека благо не заруменат.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2016 во 21:02
Рецепти: Вкусен ручек со модар патлиџан и тиквички
Коцките модар патлиџан ставете ги во цедилка и добро посолете и оставете ги на страна околу 30 минути. Потоа, измијте ги и исушете.
Состојки:
1 голем модар патлиџан 2 тиквички 5-6 зрели домати 2 средни главици кромид 100 г ситно сирење 3 јајца 125 мл маслиново масло сол, зачини по желба
Подготовка:
http://zena.blic.rs/recepti/Glavna-jela/11111/slozenac-od-tikvica-i-plavog-patlidzana" rel="nofollow - Модриот патлиџан измијте го, излупете го и исечете го на коцки со околу 2,5 см големина. Коцките модар патлиџан ставете ги во цедилка и добро посолете и оставете ги на страна околу 30 минути. Потоа, измијте ги и исушете. Тавата загрејте ја на средна температура и додајте 3 лажици масло, додајте го исушените коцки модар патлиџан и испржете. Посолете и зачинете по вкус.
Додека модриот патлиџан се пржи, измијте ги доматите и тиквичките - доматите исечете ги на кругови, тиквичките исечете ги накосо. Рерната вклучете ја на 220 Целзиусови степени. Огноотпорниот сад намачкајте го со масло и во него редете го приготвениот зеленчук. Врз модриот патлиџан редете ред тиквички, ред домати. Изматете ги трите јајца со малку млеко, ставете го сирењето во смесата, посолете и прелијте го јадењето. Печете во претходно загреана рерна околу 40 до 45 минути, извадете го јадењето од рерната и оставете да се излади десетина минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Ноември.2016 во 21:10
Вкусна пита која се подготвува брзо и едноставно.Може да ја послужите за појадок, ручек и вечера.
Потребно е:
една тиквичка со средна големина
пола литар јогурт
3 полни супени лажици бело брашно
3 полни супени лажици пченично брашно
една кесичка прашок за пециво
2 јајца
2 супени лажици масло
сол
Подготовка:
Излупете ги, исечкајте ги тиквичките на мали коцки. Посолете, покријте ги со крпа и оставете да отстојат.
Изматете ги јајцата, јогуртот и маслото. Додадете ги брашното и пецивото. Измешајте и на крај додадете ја сечканата тиквичка која претходно добро сте ја исцедиле.
Во тепсија ставете малку масло и загрејте је во загреана рерна, а потоа врело масло сипете во смесата. Печете на 200 степени околу половина час.
Питата, по желба, 10 минути пред крај на печењето премачкајте ја со павлака за готвење (250 мл).
Сервирајте ја топла со кисело млеко или јогурт.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Ноември.2016 во 20:27
1.Пржени тиквици
Две тиквици ги лупиме и сечеме на кругови. Се посолуваат и се оставаат да постојат некое време за да им излезе водата. По час, два ги пржиме во загреано масло.
2. Салата од тиквици
Истата постапка како од погоре. Кога ќе се испржат ги ставаме на салфетка да се исцедат, потоа ја тргаме салфетката ставаме сол, магдонос, зејтин и оцет.
3. Кофтиња од тиквици
Две тиквици ги лупиме и рендаме. Ги цедиме од водата и ги ставаме во подлабок сад. Во садот се додава едно јајце, брашно по потреба, сол, бибер, вегета, може и магдонос кој сака. Кога ќе се добие хомогена смеса, се прават топчиња и се пржат во загреано масло. Се ставаат на салфетка да се исцедат.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Ноември.2016 во 20:28
Плескавици од тиквици
3 средни тиквици, изрендани малку кромид, исецкан малку магдонос 3 јајца 1 лажица црвен пипер сол, бибер 200 g сирење, издробено или исечено на коцки 1 шоља брашно
Лазањи со тиквици
Подготовка:
Тиквиците измијте ги, исушете ги и исецкајте ги на тенки кругови. Неколку минути варете ги во солена вода претходно зовриена, а потоа веднаш измијте ги со ладна вода.
Отстранете ги рачките од цветовите и исечете ги на ленти.
Ставете во тавче ситно исецкан кромид на претходно загреано масло. Пред крај истурете 0,5дл вода и варете додека водата не испари. Додете ги цветовите од тиквицата и динстајте уште 2-3 минути. Посолете, додадете бибер и тргнете ги од рингла.
Во зовриена солена вода со малку масло, варете го тестото за лазањи, потоа исцедете го и раширете на хартија која ќе ја упие водата.
Младото сирење и павлаката добро измешајте ги, додадете сол и бибер.
Во ватростален сад, подмачкан со остатокот од путерот, ставете ред лазањи, ред крем од сирење, ред варени тиквици и цветови од тиквици и ред домати исецкани на кругови. Повторете ја постапката додека не ги потрошите намерниците, а на крајот посипете со пармезан.
Печете 35 минути во загреана рерна на 180 степени. Состојки:
* 250гр готово тесто за лазањи * 400гр свежо сирење * 20гр путер * 800гр тиквици * 300гр домат од конзерва * 50гр пармезан * 12 цветови од тиквици * Кромид * 2дл слатка павлака * Маслиново масло * Сол и бибер
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Ноември.2016 во 20:30
Измијте ги тиквиците, ислупете и изрендајте. Посипете со рамна лажица сол и оставете еден час или повеќе, да пуштат вода, а потоа добро исцедете ги со цедалка. Магдоносот исецкате го ситно, па поделете го на два дела. Во исцедените тиквици додадете млеко, јајца и истопен путер. Помешајте го со брашно, пармезан, половина од исецканиот магдонос, додадете половина од рамна лажица сол, малку ораси и бибер. Тефлонската тава загрејте ја, капнете малку масло, па сипете ја смесата во дебелина од половина сантиметар. Намалете ја температурата. Штом ќе се потпече долната кора, со помош на плаштична лопатка пресечете ја палачинката на 4 дела, за лесно да ја превртите. Печете од секоја страна по неколку минути или додека не порумени. Сервирајте на танки парчиња сирење и половинки од доматите, а потоа декорирајте со сецканиот магдонос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Ноември.2016 во 20:37
Чипс од тиквичка
Потребни состојки: тиквичка 50 гр. сусам 100 гр. пченкарно брашно сол, зачин по желба
Подготовка: Исецкајте ја тиквичката на тенки кругови, а потоа посолете ги и оставете ги да постојат 30 минути во сол. Помешајте го сусамот, пченкарното брашно и зачинот. Откако круговите ќе постојат, исцедете ги. Секој круг намачкајте го од двете страни со смесата која сте ја добиле од сусамот, брашното и зачинот. Потоа редете ги во тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Печете 15 минути на 200 степени, а потоа свртете ги на другата страна и печете уште 5 минути. Може да ги сервирате како здраво и вкусно аперитив.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Ноември.2016 во 20:40
Печени тиквички во рерна
3 средни тиквички, сечкани на тркалца
Сол, зеленчуков зачин(вегета), една рака пченкарно брашно
За преливање:
5 јајца
1 л јогурт
Малку млеко
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Декември.2016 во 16:27
http://popara.mk/2016/recepti/brzi-tikvichki-so-kashkaval/" rel="nofollow - 3 големи тиквички
1 лажица маслиново масло
По желба два различни вида на тврд кашкавал
½ шолја лебни трошки
1 шолја доматен сос
½ шолја моцарела
Сол и бибер
босилек Подготовка:
http://popara.mk/2016/recepti/brzi-tikvichki-so-kashkaval/" rel="nofollow - Загрејте ја рерната на 200 степени. На плех ставете хартија за печење.
http://popara.mk/2016/recepti/brzi-tikvichki-so-kashkaval/" rel="nofollow - Тиквичките
исечкајте на кругови или на летни по желба со ширина околу 1 см.
Посолете ги и оставете да ја испуштат течноста па избришете ги со
салфетки.
http://popara.mk/2016/recepti/brzi-tikvichki-so-kashkaval/" rel="nofollow - Во сад измешајте ги лебните трошки со ситно ренданиот кашкавал и посолете и ставете бибер.
http://popara.mk/2016/recepti/brzi-tikvichki-so-kashkaval/" rel="nofollow - Секое парче тиквичка извалкајте го во таа мешавина и наредете ги на калап за печење.
http://popara.mk/2016/recepti/brzi-tikvichki-so-kashkaval/" rel="nofollow - Печете додека не станат златни и крцкави.
http://popara.mk/2016/recepti/brzi-tikvichki-so-kashkaval/" rel="nofollow - Извадете ги од рерна, и на дното на еден подлабоко тавче ставете доматен сос кој ќе го зачините со сол, бибер и босилек.
http://popara.mk/2016/recepti/brzi-tikvichki-so-kashkaval/" rel="nofollow - На сосот наредете дел од тиквичките, посипете ги со моцарела.
http://popara.mk/2016/recepti/brzi-tikvichki-so-kashkaval/" rel="nofollow - Повторувајте ја постапката додека да останете без состојки но на крајот погрижете се да завршите со моцарела.
http://popara.mk/2016/recepti/brzi-tikvichki-so-kashkaval/" rel="nofollow - Печете уште 10-15 минути додека сирењето да се стопи.
http://popara.mk/2016/recepti/brzi-tikvichki-so-kashkaval/" rel="nofollow - Послужете го додека е топло.
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Мај.2017 во 09:59
Вкусни ролнички од тиквички полнети со сирење
Веќе почнавме да посегнуваме по полесна храна, која лесно се вари. Еден таков предлог се и овие вкусни полнети ролни, направени од тикви кои може да ги подготвите за фамилијарниот ручек или за закуската со пријателите.
Потребни состојки:
3 помали тиквички
50гр свежо козјо сирење
1 лажица маслиново масло
1 лажица исечкан магдонос
½ мала лажица свеж исцеден сок од лимон
Сол и црн бибер
Начин на подготовка:
Загрејте ја тавата или скарата. Измијте ги тивкичките, па исечете ги на должина со дебелина од 5см. Премачкајте ги со масло, сол и црн бибер. Испечете ги на скарата или испржете ги на тава со цел да омекнат, но да не ја изгубат целосно својата цврстина.
Во еден сад измешајте го козјото сирење, магдоносот и сокот од лимон. Ставајте по една мала лажица на едниот крај од парчињата тиква, а потоа ролајте ги. По потреба употребете чачкалица, ако имате проблеми со отворање. Направете ролнички од сите исечени парчиња тиквички, додека не ја истрошите целата смеса.
Совет плус: Може да додадете и други намирници.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Септември.2017 во 08:07
Капрезе салата на тиквички
Свежа промена на класичната капрезе салата.
Разнобојна, здрава, брза и лесна за подготовка. Супер идеја да се послужи покрај омилената порција риба или месо.
Потребни состојки:
3 средни тиквички
5 средни домати
1 китка свеж босилек
½ лажичка лук во прав
1 лажичка сол
маслиново масло
200 гр. свежа моцарела
мелен црн пипер по вкус
Начин на подготовка:
Тиквичките пресечете ги на половина, премачкајте ги со маслиново масло, посолете и нарусете од лукот во прав. Премачкајте ја огноотпорната тава со маслиново масло и печете ги тиквичките на загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
Во меѓувреме пресечете ги доматите и парчињата моцарела на кругови.
Додека се сè уште топли тиквичките, врз нив наредете по еден круг од доматите и еден круг од моцарелата. Ситно исечкајте го босилокот и декорирајте ја салатата. Нарусете мелен црн пипер и додадете маслиново масло за да ја завршите салатата.
Пријатен апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Декември.2017 во 19:59
Ако незнаете што вкусно да подготвите денес, еве еден рецепт од традиционалната кујна што нема да ви одземе премногу време.
Состојки:
1-2 млади тиквички
1 главица кромид
4 чешниња лук
100 грама кашкавал
1 лажица зачини
1 голема лажица црвен пипер
Малку бибер
500 грама мелено месо
Ситно сечкан лист од магданос
1 зелена пиперка
2 ситно исечкани компири
Подготовка:
Исчистете ги тиквичките од семки и издлабете ги со лажица како корито. Исечкајте го кромидот и пропржете го на масло, па додадете сечкана пиперка и мелено месо.
Потоа додадете ситно исечкан лук, сечкан компир, зачин, црвен пипер и црн бибер. На крајот додадете го магдоносот.
Плехот премачкајте го со масло и наредете ги тиквичките што претходно ги исчистивте. Наполнете ги со подготвениот полнеж. Можете да додадете и неколку цели млади компирчиња да се печат заедно со тиквичките.
Плехот затворете го со фолија и печете околу 35 минути на 200 степени Целзиусови.
Извадете ги и изрендајте кашкавал и вратете ги во рерната уште 10 минути за да се стопи кашкав алот и тиквичките да се запечат и да поруменат. Служете со салата!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Декември.2017 во 20:01
Седум вкусни рецепти со тиквички
Токму затоа до сега на Јадеме.мк се собраа повеќе рецепти во кои тиквичките се во една од главните улоги. Состојка со која, доколку се подготвки како што треба, нема утка и која секој специјалитет може да го направи уште повкусен.
Својот епитет на летен зеленчук тиквичката го оправдува со разновидноста на јадења во кои можеме да ја сретнеме, од чорби до брускети, од печени во рерна до подготвени на скара. Секако, тука се и цветовите од тиквички кои во последно време можат да се најдат на пазарите и кои најчесто се подготвуваат похувани.
Инаку, интересно за нив е тоа што потекнуваат од Мексико, а човекот ги консумира веќе 10.000 години. Највкусни се плодовите со должина од околу 15 сантиметри, а богат се извор на бета каротен, витамин Ц, магнезиум и Калиум. Поради големото количество на вода имаат ниска калорична вредност.
Пред ставањето во ладилник нема потреба да се мијат, а во таква состојба можат да останат свежи една седмица. Секое, дури и најмало оштетување, го забрзува драстично процесот на пропаѓање. Доколку сакате да ги замрзнете претходно мора да ги исечете на кришки и да ги бланширате две минути.
До сега на Јадеме.мк имавме рецепт за http://jademe.mk/predjadenja/razhnichi-od-tikvichki-i-sirenje/" rel="nofollow - ражничи со тиквички и сирење за кои ви се потребни само 20 минути и само неколку состојки.
Отприлика толку време ќе ви треба и за http://jademe.mk/predjadenja/tikvichki-pecheni-vo-rerna/" rel="nofollow - тиквичките печени во рерна со кои одлично оди рендан пармезан.
http://jademe.mk/predjadenja/rolati-od-modar-patlidzan-i-tikvichki/" rel="nofollow - Ролат од модар патлиџан и тиквички, рецепт кој ќе ви одземе малку повеќе време, но во кој дефинитивно ќе уживате.
http://jademe.mk/glavni-jadenja/tikvichki-polneti-so-govedsko/" rel="nofollow - Тиквичките полнети со говедско се нешто навистина посебно, а покрај двете главни состојки битен е и миксот од пиперки, чедарот и моцарелата.
Од тиквички можат да се подготват и http://jademe.mk/glavni-jadenja/vegetarijanski/shnicli-od-tikvichki-i-grashok/" rel="nofollow - шницли , јадење кое е одлично за сите вегетеријанци, но и за оние кои внимаваат на својата линија.
Во таа категорија се и http://jademe.mk/glavni-jadenja/vegetarijanski/lazanji-so-zelenchuk-2/" rel="nofollow - лазањите со тиквички и зеленчук , рецепт погоден за секое време и за секоја пригода.
Вегетеријанците, но и сите останати, можат да уживаат и во http://jademe.mk/glavni-jadenja/pica-so-tikvichki-sirenje-i-kashkaval/" rel="nofollow - пицата со тиквички, сирење и кашкавал .
Добар апетит :)
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Април.2018 во 10:00
Ќе ги правите секој ден – Летен рецепт за полнети тиквички
СОСТОЈКИ ЗА 2 ПОРЦИИ:
2 тиквички
1 компир
1 домат
масло за готвење
зачини
сирење
кашкавал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тиквичките се сечат на краевите, а потоа и на половинки по должина. Издлабете ги со лажичка да добијат изглед како чамче.
Во тава наредете ги доматот и компирот ситно сечкани, како и внатрешноста од тиквичките која претходно ја издлабивте. Одозгора наредете ги тиквичките.
Ставете зачини по избор, масло за готвење и малку вода и печете во загреана рерна на температура од 200 степени додека да фатат тиквичките боја и да се потпечат.
Во меѓувреме иситнете малку сирење и изрендајте кашкавал по избор. Кога ќе бидат потпечени тиквичките, извадете ја тавата и наполнете ги со кашкавалот и сирењето.
Вратете во рерна да се пече уште дополнителни 5 – 10 минути.
На здравје!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Април.2018 во 12:52
Брзо и лесно: Печени плескавици од тиквички
Ако не знаете што да подготвите денес за ручек еве еден предлог за вкусно јадење со тиквички. Брзо се подготвува, нема да ви одземе премногу време, а сите ќе уживаат во ова вкусно летно јадење…
Состојки:
4 јајца
1 кг тиквички
200-300 грама мелено сирење
2 дл кисела павлака
1,5 мал филџан масло
200 грама гриз
Малку брашнo
Лажичка магодонос
Лажичка прашок за печиво
Подготовка:
Исчистете ги тиквичките и изрендајте ги, посолете ги и ставете ги во сито за да се исцеди водата. Во чинија изматете јајца, додадете ја павлаката, сирење, масло, гриз, прашок за печиво, потоа додадете изрендани тиквички, малку посолете, додадете брашно и магдонос. Обликувајте плескавици од смесата и ставете ги во плех на хартија за печење. Печете околу 30 минути во загреана рерна на 180 степени.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Април.2018 во 12:56
Пробајте поразлични и повкусни ќофтиња од тиквички
Тиквите се еден од најчестиот зеленчук кој го консумираме во летниот период. Ако сакате да испробате еден вид на поразлични ќофтиња од тиквички, тогаш ние ви претставуваме рецепт со фета сирење кое ќе даде особено вкусна нота.
Потребни состојки:
500гр тиквички
1 мала лажица сол
200гр моркови
1 лук
1 голема лажица копер
4 големи лажици магданос
100гр фета сирење
140гр брашно
1 јајце
200гр кисело млеко
Бибер
Масло за јадење
Начин на подготовка:
Излупете ги и изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете да се исцедат. Потоа изрендајте ги морковите и ставете ги во некој сад, во кој ќе ги додадете и ситно исечканиот лук и фета сирењето. По 20 минути, исцедете ги тиквичките и додајте ги во садот. Ставете го јајцето, брашното, магданосот и половина исечкан копар, бибер, сол и ако сакате додадете чили. Измешајте го рачно тестото и направете мали плескавици од истите. Пржете ги во врело масло по 2-3 минути секоја страна. Од киселото млеко, солта, биберот и останатиот копер направете сос.
Пријатно мезење!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Април.2018 во 12:59
Рецепт: Мафини со тиквички
Потребно:
700 грама рендани свежи тиквички
150 грама стопен путер
Лажичка шеќер
Лажичка сол
2 јајца
2 лажички сода бикарбона
700 грама брашно
200 грама кашкавал
Малку нане
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Измешајте ги јајцата и шеќерот, па додадете ги тиквичките и путерот.
Посебно измешајте го брашното со сода бикарбона и малку сол, па промешајте со претходната смеса.
На крај додадете издробено сирење и се добро промешајте. Премачкајте ги калапите за мафини, ставете ја смесата во нив и печете 25 до 30 минути.
Кога ќе бидат готови врз нив наросете малку рендан кашкавал и декорирајте со малку нане.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Мај.2018 во 18:19
За љубителите на тиквички еве еден здрав, посен и вкусен ручек..
Подготовка
1. Просото, хељдата и мешавината за супа се прелеваат со вода и се варат. Откако ќе се сварат ако има вишок течност се процедува.
2. Кромидот го сечкаме на ситно и го запржуваме, кратко до застаклување. Ги додаваме сечканите печурки и нив ги упржуваме. Ги додаваме варените житарки, промешуваме и зачинуваме. Сосема на крајот го додаваме сечканиот магдонос.
3. Тиквичките ги лупиме, ги сечкаме како за полнење и им ја вадиме внатрешноста. Ги редиме во намрсено тавче, ги полниме тиквичките со подготвената смеса. Срцевината од тиквичките ја ставаме во блендер или нутрибулет за да ја сомелеме, со 1 лажичка мешан сув зачин. Тоа што ќе остане од смесата со хељда го промешуваме со блендираната срцевина од тиквичките и го соединуваме , па распоредуваме околу тиквичките во тавата.
5. Печеме на 180-200 степени во рерна додека тиквичките да омекнат и испари вишокот течност.
Забелешка
Користев од оваа мешавина за супа, а вие можете да си додадете само крупен мешан сув зачин или пак свежи моркови, целер, пашканат и сл.
Кога ќе ги сечкаме тиквичките нивната висина си ја прилагодуваме по желба, ама гледаме и да има доволно мастраф за полнење.
Можете и целото тавче да го наредите со полнети тиквички, па да не ви остане од смесата за околу нив.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Мај.2018 во 18:33
Тиквички во лук и кисело млеко
Состојки
2 тиквички
2 јајца
200 грама кисело млеко
брашно ( од прилика за валкање на тиквичките)
Користени Делимано производи
Тиквичките се лупат сечкаат на кругови и се пржат извалкани во јајца и брашно. Ги оставаме да се изладат, па ги сечеме на парчиња со средна големина,
Лукот го толчиме во сад, го додаваме киселото млеко,тиквичките, сол и малку масло.
Промешуваме.
Многу е вкусно и освежително.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Мај.2018 во 18:34
Поховани тиквички во тесто со кисело млеко
Состојки
2 млади тиквички
по потреба масло за пржење
Смеса за похување
1 чаша (200 мл) брашно
8 лажици кисело млеко
1 јајце
по вкус сол и црн пипер
Одлична варијанта за пржење на тиквички, можете да израдувате своите блиски со оваа рецепта , прекрасен додаток кон ручек.
1. Тиквичките се лупат по желба и се сецкаат на кругови околу 0,5 см , потоа се ставаат во сад со малку брашно , се затвараат со капак и се потресуваат, така брашното рамномерно ќе се распредели на тиквичките и ќе се скрати времето за спремање на тиквички.
2. Тесто. Сите состојки за сос се промешуваат и по потреба се додава уште кисело млеко за да смесата биде не многу густа.
3. Тиквичките се валкаат во сосот и се пржат во врело масло на умерен оган од двете страни.
По желба може да се додаде во сосот ситно исецкан магдонос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Мај.2018 во 18:36
Поховани тиквички од рерна
Состојки
2 тиквички
2 јајца за похување
Рецептов за тиквичките го видов на еден сајт за готвење, а и ми се поклопи со планот за денешниов ручек. Тиквичките се лупат и се сечат на пола, а секоја половина на ленти. Се ставаат во сад и се мешаат со сите зачини. Се оставаат околу половина час да отстојат. Потоа се цедат, па се валкат во брашно, разматени јајца и презла. Така стокмени се редат во тепсија во која сте ставиле масло (околу 10 лажици). Се печат во рерна на 220 ц . Кога ќе се исцрват од едната страна се превртуваат и се остават да добијат боја и од другата страна. Се редат на салфетки да се впие вишокот масло и секако на крај се дегустираат.
Можам да кажам дека се многу поубави од пржените, со крцкава коричка, а внатрешноста е мека .
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Мај.2018 во 13:22
Вкусна тава со тиквички
Состојки:
4 тиквички
2 млади компири
200 мл јогурт
60 г рендан пармезан
150 г чаден кашкавал
малку маслиново масло
магдонос
3 чешниња лук
сол и црн пипер
доматен сос по желба.
Приготвување:
Измијте ги тиквичките, исечете ги на тенки листови или на кругови и ставете ги во врела посолена вода да се сварат само 30-на секунди. Извадете ги и исцедете ги од водата.
Тавчето за печење премачкајте го со маслиново масло. Потоа, почнете да ги редите тиквичките – ред тиквички, ред јогурт и ситно исечкан димен кашкавал, ситно исечканото лукче и магдонос, изренданиот сварен млад компир. Повторно, врз нив, ред тиквички и останатите намирници. Редете едно врз друго додека имате од материјалот за готвење.
Сосема на крајот ставете го изренданиот пармезан, па зачинете по желба и додадете по желба доматен сос.
Тавчето ставете да се пече 20-на минути во претходно загреана рерна, на температура од 200 степени, се додека пармезанот сосема не се расопи и горниот дел стане малку крцкав.
Сервирајте ја вкусната тава со тиквички со препечен леб.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Мај.2018 во 13:23
Тиквички на грчки начин
Состојки:
1 главица стар кромид,
половина главица лук,
300 грама мелено месо,
100 грама варен ориз,
4 тиквички,
3 домати,
4 лажици маслиново масло,
30 грама сечкани бадеми, 3
0 грама суво гозје,
малку сол и црн пипер,
малку ким и цимет,
малку црвен пипер, 1
100 грама кашкавал.
Подготовка:
Кромидот и лукот ситно се сечкаат, се мешаат со меленото месо, бадемчињата и сувото грозје. Се додаваат зачините, сол, црн пипер, црвен пипер, ким и цимет.
Потоа се мијат тиквичките, се сечат на половина, се длабат со помош на лажица. „Месниот“, издлабениот дел од тиквичката се става во посебен сад.
Во меѓувреме оризот се вари, и кога изгледа омекнат, на самиот крај се додавава „месниот“ дел од тиквичките за малку да омекне (1 минута).
Оризот и мекиот дел од тиквичките се додаваат на садот со месо, кромид, лук и зачини. Ги сечкаме доматите на ситни парченца и ги додаваме во смесата. Се добро се меша, а потоа со смесата ги полниме издлабените тиквички.
Наполнетите тиквички ги редиме во сад за печење. Ги полеваме со маслиново масло и ги ставаме во загреана рерна. Печеме на 200 степени 35 минути.
Во меѓувреме го рендаме кашкавалот. Малку пред да бидат готови печените полнети тиквички, ги наросуваме со кашкавал и печеме уште малку додека кашкавалот не се стопи.
Ги сервираме топли и ги украсуваме со сечкан магдонос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Јуни.2018 во 08:53
Направете вкусен деликатес како прилог за ручек или мезе за со пиво
Чипс од тиквички
Состојки:
2-3 тиквички
3-4 чешни лук
вегета
сол
бибер
Подготовка:
Тиквичките не се лупат, се сечат на дебели кругови, па се оставаат половина час да се исушат.
Се пржат на врело масло, додека не добијат убава боја.
Се ставаат во чинија со ситнет лук над нив, сол, бибер и вегета.
Додадете си и зачини по желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јуни.2018 во 21:57
Полнети тиквички со ориз и печурки
Состојки:
2 млади тиквички
250 грама ориз
250 грама свежи печурки
Кромид
2 зелени пиперки
2 домата
2 моркова
Лук, магдонос, сол, црн пипер, мешан зачин, оригано, црвена сол
Подготовка:
Убаво измијте ги и излупете ги младите тиквички. Пресечете ги на неколку делови и излупете ја внатрешноста. Тавата подмачкајте ја со масло за јадење или со путер. Наредете ги внатре тиквичките.
Оризот варете го десетина минути и потоа процедете го низ студена вода.
На шпорет загрејте масло за јадење во една тава. Додајте го ситно исечканиот кромид, зачинете со сол, црн пипер, мешан сув зеленчук и оставете го да се динстува. Потоа додајте ситно сечкани печурки, пиперки и моркови. Потоа додајте го оризот и пржете уште малку додека сета смеса не биде готова. На крај додајте ги исечканиот магдонос и лук. Со оваа смеса наполнете ги тиквичките. Доматите исечкајте ги на кругови и наредете ги врз тиквичките. Налејте вода до половина на тиквичките и во водата додајте доматно пире или рендан домат. Покријте ја тавата со капак. Нека се печат во рерна 45 минути. Десетина минути пред два бидат готови, извадете го капакот, да се потпечат.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Јуни.2018 во 20:29
Намаз од тиквички
Состојки
2 тиквички
2 моркови
2 благи пиперки
2 главици кромид
По вкус
сол, шеќер и бибер
Овој намаз се користи во Русија како во Македонија што се користи ајварот. Многу омилен и многу е познат. Може да се прави во големи количини за зимница.
Се сече ситно кромидот, морковот, пиперките и се' се пржи на тивко да омекне. Тиквичките се сечат на коцки се додаваат во тавчето и се заедно се пржи на тивко околу 15 минути. На крај посолете, додајте малку шеќер и црн бибер.
Испржениот зеленчук ставете го во блендер и изблендирајте. Оставете во фрижидер да излади. Изладениот намаз мачкајте го на лебче.
Добар апетит.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Јуни.2018 во 20:32
Роловани тиквички со намаз од урда и сончоглед
Состојки
2 тиквички
100 гр лупен сончоглед
4 лажици урда
10 ливчиња нане
1-2 чешниња лук
50 мл масло
50 мл вода
1 лажица сенф
по желба црн бибер, сол Најпрво се припрема намазот од сончоглед и урда. Сончогледот се остава во вода да кисни неколку часа, се цеди и се става во блендер заедно со сите други состојки. По желба може да ја измените количињата на состојките, само маслото и водата ставајте ги постепено, за да не добиете многу течен намаз.
Тивичките ги сечиме на долги ленти, ги посолуваме и оставаме половина час да излезе водата.
Ги премачкуваме со малку масло и ги печеме на скара.
Секој тиквичка ја премачкуваме со намазот и виткаме во ролат.
На здравје!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Јуни.2018 во 21:52
Кремасти тиквички
Состојки
600 гр. тиквички
на вкус мешавина од сув зеленчук, бибер и сол
според потребата гриз
според вкус лук,и магдонос
околу 500 мл. млеко
малку путер и масло
- Измешајте ги сувиот зеленчук, биберот и солта.
- Насецкајте лукот и магдоносот и измешајте ги.
- Тивкичките измиени доколку се млади нема да ги лупите, исечете на тенки тркалца или по должина, посолете со мешавината од сувиот зеленчук, солта и биберот.
- Ставете во тањир гриз и секоја тиквичка само од едната страна извалкајте ја во гриз. Редете во подмачкана тава со масло, така што страната со гризот да биде одозгора. Посипете малку од мешавината лук и магдонос, па продолжете со истата постапка се додека ги потрошите тиквичките. Најодозгора посипете само со магдонос.
- Внимателно залијте ги со млекото во кое исто така сте ставиле од мешавината на сувиот зеленчук, солта и биберот. Исецкајте малку путер на коцки - ставете одозгора, додадете и малку масло. Вака приготвени ставете на тивко да печат во рерната, на 180С додека не заруменат малку.
Одличен ручек кој ако избегнете лукот и зачинките... е добро и како бебешка храна.
Вака приготвените тиквички се одличен прилог кон печено мевце без разлика какво, а и засебно како целосен оброк со салата...одлично.
Рецепт на една дама која има најголема, најискрена и најтопла насмевка ... Драгана Петрович. Гаго- Благодарам мадам!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Јуни.2018 во 21:57
Тава со тиквички и сирење
500-600 гр тиквички
1/2 рамна лажичка хималајска сол
200 гр полномасно мешано сирење
2 лажици презла од интегрален леб
1 јајце
1 чешне лук
1 рамна лажица шарена сол
1/2 лажичка црн бибер
1/2 лажичка мешан сув зачин
2 лажици пармезан - за одозгора
Супер лесна верзија на пролетен оброк, во кој ќе уживате!
1. Тиквичките излупете ги и изрендајте ги. Потоа насолете ги и ставете ги на цедалка да пуштат сок и да се исцедат.
2. Изрендајте го и сирењето и изматете го јајцето.
3. Во садот каде што ќе ги печете тиквичките, ставете масло и убаво намастете го садот.
4. Тиквичките притиснете ги со рака за убаво да се исцедат и префрлете ги во длабок сад. Додадете го матеното јајце и промешајте. Потоа ставете ги зачините и лукчето и се измешајте.
5. На крај додадете го ренданото сирење, измешајте и смесата префрлете ја во садот за печење.
6. Се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 15 мин, односно додека да фати убава коричка одозгора.
7. На крај наросете со пармезан и послужете со пролетен зеленчук по избор.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Јуни.2018 во 21:59
Тиквички со сирење и сланина
Состојки
750 грама млади тиквички ( или 3 средно големи )
350 грама кравјо сирење
6 јајца
8 лажици гриз
3 лажици растопен путер
150 грама сланина
1 лажиче сол
1 лажиче црн бибер
Изрендајте ги измиените тиквички сосе лушпа.
Посолете ги и оставете ги да пуштат вода.
Потоа убаво исцедете ги со раце од водата што ја пуштиле.
Изгмечете го сирењето и во него додадете ги тиквичките.
Одвојте ги жолчките од белките и додајте ги во сирењето и тиквичките, а од белките изматете снег.
Додајте во смесата гриз, растопен путер, сол, бибер и сланина.
На крај, се ставете во изматените белки, убаво измешајте и истурете ги во подмачкан плех.
Печете во загреана рерна на 200 степени, 30 минути.
Обожавам тиквички, а на овој начин припремени се превкусни.
Може да употребите и друг вид на сувомеснат производ по желба.
Ова е одлична вечера после двонеделниот пост.
Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Јуни.2018 во 21:08
Тиквицата се ренда на крупно ренде и се остава да одстои 10 минути. Потоа се цеди низ цедалка и се додава гризот, брашното, пецивото и јајцата. Смесата се меша со вилушка и и се додаваат зачините, па со лажица се зема од неа и се пржат на топол зејтин.
За овие ќофтиња добро би било доколку имате Делимано тава да се пржат во неа заради количината на зејтин. Ќофтињата се пржат од двете страни и се добар прилог кон ручекот а ладни може да послужат и како добро мезе
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Јуни.2018 во 18:27
Ова ми е омилениот рецепт со тиквички! Нема човек да не му се допадне, дури и свекрва ми ме пофали!
Има толку многу рецепти за овој вкусен производ, но ние сакаме да го споделиме со Вас еден од најдобрите.
Состојки:
1 тиквички (2 помали)
70 гр. кашкавал
100 гр. павлака
1 чешне лук
магдонос , копар , сол – по вкус
Подготовка:
Измијте ги тиквичките, исечете ги на парчиња и зачинете ги со сол
Изрендајте го кашкавалот
Лукот измелете го или згмечете го со преса
Измешајте ги кашкавалот, лукот и павлаката. Ако сакате, можете да му додадете на сосот и ситно исечени зачини.
Намачкајте ја тавата со масло и наредете ги тиквички. Рамномерно распоредете го одозгора крем сосот.
Печете на 180 степени околу 20 минути.
Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Јуни.2018 во 11:11
Тиквици полнети со домати и моркови
Лесно јадење, едноставно за подготовка, идеално за врелите летни денови.
СОСТОЈКИ:
1 кг тиквици
500 гр моркови
2 домати
4 лажици путер
2 лажици брашно
2 дл кисела павлака Пекабела
1 лажица ситно сечкан копар
1 лажичка сув зачин
сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измиените тиквици излупете ги и извадете ја средината. Исчистените моркови изрендајте ги, додајте ситно сечкана средина од тиквиците, излупени и исечкани домати, сув зачин и сечкан копар. Со овој фил наполнете ги издлабените тиквици.
Со путер премачкајте огноотпорен сад, наредете ги тиквиците, прелијте со тенка запршка и налијте со топла вода, или уште подорбо супа. Гответе на умерена температура околу 40 минути тиквиците да омекнат, а водата да испари. Пред послужување прелијте со кисела павлака.
Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Јуни.2018 во 16:23
Поховани тиквиици со сирење
Јадење чиј вкус долго ќе го памтите…
СОСТОЈКИ:
2 средни тиквици
сол
малку бибер
фета или тврдо сирење
јајце
брашно
презла
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тиквиците измијте ги и излупете ги, па исечете ги по должина на тенки ленти. Посолете и малку побиберете, па оставете ги да отстојат и да пуштат вода. Исцедете ги тиквиците, па земајте по две ленти и направете крст.
На средина ставете парче сирење па префрлете ги лентите лево и десно и горе и долу и свиткајте ги листовите тиквици околу сирењето.
Загрејте го маслото во тава на умерена температура, разматете јајца и подгответе брашно и презла. Извалкате ги тиквиците во брашно, разматено јајце, па во презла и поховајте ги додека не поруменат.
Похованите тиквици исцедете ги од вишок маснотии на хартиени салфети.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Јуни.2018 во 16:32
Сезона на зеленчук: Печени тиквици со прелив
Вкусни печени тиквици со прелив по оригинален турски рецепт…
СОСТОЈКИ:
600 гр тиквици
80 гр кромид
200 гр црвени свежи пиперки
2 чешиња лук
1 лажичка исечкан копар
1 лажица зачин
2-3 лажици маслиново масло
СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:
2 лажици јаболков оцет
2 лажици вода
шеќер
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На маслиново масло кратко пропечете го кромидот исечкан на листови и пиперките исечкани на стапчиња.
Додајте тиквици исечкани на кругови и зачин. Измешајте и динстајте под поклоп на слаб оган околу 10 минути.
Посебно кратко згответе оцет, шеќер и вода, прелијте преку тиквиците и малку измешајте.
Тиквиците ставете ги во огноотпорен сад и запечете ги во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути.
Запечените тиквици посипете ги со исечкан копар и послужете ги како прилог со плескавици или месо.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Јуни.2018 во 16:43
Тиквички полнети со мелено месо - тече бешамел и кашкавал
Полнети тиквички кои мамат и веднаш ќе се изедат кога ќе ги принесете на маса.Ова е рецептот:
СОСТОЈКИ:
8 тиквички
2 главици кромид
½ кг. мелено месо
3 чешни лук
1 јајце
1 шолја сварен ориз
БЕШАМЕЛ:
2 лажици брашно
малку масло
½ л. млеко
вегета
150 гр. кашкавал
ПОДГОТОВКА
Меленото месо се пржи на масло со кромисот и со вегета. Се додава и оризот кога ќе се олади и ситно сечениот лук и јајце.
Се лупат тиквичките, се длаби средината, па се посолуваат.
Се полнат со месото.
Се прави бешамел така што се пржи брашно на масло, па се става млеко и зачини.
Се ставаат тиквичките во премачкан огноотпорен сад, се се става бешамелот врз нив.
Помеѓу тиквичките ставете од средината од тиквичките која остана, па изрендајте кашкавал горе.
Печете на загреана рерна на 200 степени 30 минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Јуни.2018 во 17:04
Тиквички со павлака
Направете вкусен ручек кој совршено се надополнува со месо.
Тиквички во павлака, ова е рецептот:
СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
2 тиквички
вегета
бибер
сол
масло
1 шолја бело вино
2 чешни лук
2 дл. павлака за готвење
ПОДГОТОВКА:
На масло се динста ситно сечениот кромид, па се додаваат излупените и на коцки исечени тиквички.
Се ставаат зачините, лук и бело вино да се динста.
Може да додадете и повеќе вино по потреба и вкус.
Се ставаат 2 дл. павлака кога ќе проврие смесата и ќе омекнат тиквичките, па се меша.
Ставете си и зачини по вкус.
Послужете, убаво е и топло и ладно.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 19:37
Армоника тиквички
Ова летно јадење подгответе го за ручек или за вечера и уживајте во неповторливиот вкус.
Од намирници потребно е – 2 тиквички со средна големина, 100 грама шунка или сланина, 150 грама крем сирење, 50 грама моцарела или некое друго сирење кое лесно се топи, 1 чили пиперка, неколку листа босилек и сол и црн пипер.
Подготовка
Исечкајте ги тиквичките по ширина, внимавајќи да не ги пресечете сосема, за да добиете форма на армоника. Шунката исечкајте ја на лентички. Ставете по една до две лентички помеѓу секој рез на тиквичките и притиснете ги лентичките подоле во тиквичката.
Таквите тиквички префрлете ги во сад за печење кој претходно сте го намастиле малку. Печете на 200 степени околу 10-на до 15минути, во зависност дали сакате тиквичките да бидат малку крцкави или не.
Додека тиквичките се печат, подгответе го полнењето – крем сирењето, изренданата моцарела, ситно исечканата чили пиперка и босилекот, помешајте ги во глатка смеса. Наросете сол и црн пипер по вкус.
На крајот, наполнете ги тиквичките со смесата, изрендајте врз нив уште малку кашкавал и печете уште 10-минути, додека кашкавалот и сирењето се стопат. Послужете го јадењето топло.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 19:38
Тиквички од моцарела и гауда
Тиквичките со два вида на сирење се подготвуваат брзо и лесно, а репете веднаш ќе посакате!
Од намирници потербни ви се – 3 поголеми тиквички, 1 лажица маслиново масло, 150 грама Гауда, половина филџан лебни трошки, 120 грама моцарела, 1 филџан доматен сос, малку ситно исечкан босилек, сол и црн пипер.
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени, прмачкајте ја тавата за печење со масло, тиквичките исечкајте ги на кругови (1 см), потоа посолете ги и оставете ги да ја испуштат течноста. Избришете ги со салветка. Во сад измешајте лебни тирошки и ситно изрендана Гауда заедно со малку сол и црн пипер. Протркалајте ја секоја тиквичка во оваа смеса, па наредете ги во тавата за печење во еден слој. Печете ги додека станат златни и крцкави. Извадете ги од тавата, а на дното на тавата ставете сос од домати претходно зачинет со сол, црн пипер и босилек. Врз сосот ставете дел од тиквичките, попрскајте ги со изрендана моцарела и повторно со изрендана Гауда. Повторувајте ја постапката додека не останете без материјал, но завршете така кашкавалот да е на врвот. Печете околу 10-15 минути додека целиот кашкавал не се стопи. Малку оладете ги и послужете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 19:40
Потпечени тиквички во бешамел сос
Сезоната на тиквички е пред нас, а од оваа намирница се подготвуваат најразлични вкусни јадења. Ние ви предложуваме да го дегустирате специјалитетот од тиквички во бешамел сос.
Потребни намирници – 3 средно големи тиквички, 150 грама кашкавал (или пак, моцарела), сол, оригано, црн пипер и мирудии по желба, 1 лажица павлака, 2 јајца.
За бешамелот – 3 лажици масло, 25 грама путер, 2 чешниња лук, 5 дл млеко, 3 лажици брашно, 2 мали лажички сол, половина лажичка мускатно оревче.
Подготовка
Почнете од бешамел сосот. На средно загреано масло и путер пропржете го исечканиот лук. Штом почне да добива боја, додадете го брашното и млекото, мешајќи постојано и водејќи сметка да не стане премногу густо. Посолете и додадете го мускатното оревче. Од бешамел сосот одвојте 3 лажици за подоцна подготовка.
Тиквичките измијте ги и исечете ги на кругови. Посолете ги и оставете ги да отстојат половина час. Намрсете ја тепсијата за печење, па почнете да ги редите тиквичките. Врз секој ред тикички додавајте бешамел сос, малку оригано и изрендан кашкавал (или тенко исечкана моцарела). Завршете со ред тиквички, и одозгора наросете ги со малку сол. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. После дваесетина минути печење, тиквичките прелијте ги со смеса од изматен бешамел сос со павлака, јајца, сол и црн пипер. Вратете ги во рерната и оставете да се потпечат уште 10 минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 19:52
Палачинки од тиквички
Претпоставуваме дека ја искористивте сезоната на тиквички и од овој нискокалоричен и здрав зеленчук веќе приготвивте и дегустиравте најразлични јадења. Но, ние имаме нова, супер идеја која вреди да се проба. Станува збор за палачинки од тиквички.
Намирници – 2 чаши изрендани тиквички, 1 чаша изрендан компир, 1 јајце, 1 лажица исечкан магдонос, 1 лажица изрендана кора од лимон, малку лебни трошки (или половина кришка изрендан тврд леб), 1 лажица путер, 2 лажици кисела павлака, сол и црн пипер.
Подготовка – Изренданите тиквички и компир оставете ги половина час за да ја испуштат водата, добро исцедете ги и посолете ги. Изматете го јајцето, додадете го магдоносот и лимоновата кора. Зачинете со сол и црн пипер според вкус. Измешајте ги тиквичките со компирот и додадете малку од лебните трошки. Потоа, додадете го изматеното јајце, па се добро измешајте. На загреано тавче додадете го путерот. Ставете лажица од смесата со тиквички и компир на жешкиот растопен путер и со помош на вилушка сплескајте ја смесата со шпатула. Печете ги палачинките додека да добијат боја, потоа превртете ги и печете ги од другата страна.Сервирајте ги топли со кисела павлака или сос по желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 20:44
Печени тиквички на грчки начин
Лесно, нискокалорично летно јадење на кое никој не може да му одолее. Подгответе го на грчки начин.
Количините за овој рецепт се однесуваат на четири порции. Време на подготовка – 1 час и 20 минути.
Од намирници потребно ви е – 1 главица стар кромид, половина главица лук, 300 грама мелено месо, 100 грама варен ориз, 4 тиквички, 3 домати, 4 лажици маслиново масло, 30 грама сечкани бадеми, 30 грама суво гозје, малку сол и црн пипер, малку ким и цимет, малку црвен пипер, 100 грама кашкавал.
Подготовка
Кромидот и лукот ситно се сечкаат, се мешаат со меленото месо, бадемчињата и сувото грозје. Се додаваат зачините, сол, црн пипер, црвен пипер, ким и цимет.
Потоа се мијат тиквичките, се сечат на половина, се длабат со помош на лажица. „Месниот“, издлабениот дел од тиквичката се става во посебен сад.
Во меѓувреме оризот се вари, и кога изгледа омекнат, на самиот крај се додавава „месниот“ дел од тиквичките за малку да омекне (1 минута).
Оризот и мекиот дел од тиквичките се додаваат на садот со месо, кромид, лук и зачини. Ги сечкаме доматите на ситни парченца и ги додаваме во смесата. Се добро се меша, а потоа со смесата ги полниме издлабените тиквички.
Наполнетите тиквички ги редиме во сад за печење. Ги полеваме со маслиново масло и ги ставаме во загреана рерна. Печеме на 200 степени 35 минути.
Во меѓувреме го рендаме кашкавалот. Малку пред да бидат готови печените полнети тиквички, ги наросуваме со кашкавал и печеме уште малку додека кашкавалот не се стопи.
Ги сервираме топли и ги украсуваме со сечкан магдонос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Октомври.2018 во 17:57
Пита со тиквички – богата со сусам, залачиња кои се топат
Направете пита со тиквички, залачиња кои се топат во уста.
СОСТОЈКИ:
4-5 тиквички
5 јајца
2 лажици брашно
10 лажици гриз
1 прашок за пециво
400 гр. сирење
100 мл. масло
½ шолји јогурт
½ мала павлака
сол и бибер
сусам
ПОДГОТОВКА:
Се мијат и лупат тиквичките, се рендаат и им се става сол, па се цедат во цедалка 15 минути.
За тоа време со миксер изматет ги јајцата со брашно, гриз, прашок за пециво, јогурт и павлака, масло, издробено сирење и прашок за пециво.
Се додаваат и добро исцедените тиквички.
Се става сол и бибер.
Се става смесата во подбрашнет плех и се става сусам на смесата.
Се пече на 200 степени 45 минути.
Декорирајте по избор.
Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Јули.2019 во 13:42
Вкусен ручек за целото семејство: Подгответе го овој лесен и брз оброк
Летниот период е навистина проблематичен кога треба да одлучиме што ќе зготвиме. Кога станува збор за храната, многу често знаеме нешто да порачаме, но овој пат имаме една одлична идеја за превкусен ручек за целото семејство.
Тиквичките преполовете ги по должината ако се долги, а ако се округли, отсечете им го врвот како капа. Издлабете внимателно со помош на мал нож или лажица и оставете ги малку на тивок оган во поголема количина солена вода (5мин.). Бланшираните тиквички исцедете ги во огноотпорна тава, премачкана со масло или путер.
Пред да ги наполните со ориз, динстајте на малку масло ситно исецкан кромид, а после неколку минути додадете го остатокот од состојките. Промешајте, додадете три шолји вода, зачинете и повремено мешајте додека оризот не ја впие речиси целата течност.
Тогаш додадете ја киселата павлака, а за да го усовршите вкусот додадете го и кашкавалот. Промешајте додека кашкавалот не се стопи, па со оваа мешавина наполнете ги тиквиците.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Ноември.2019 во 16:24
1. Запечени тиквички со кашкавал
Потребни состојки
1 тиквичка
3 жолчки
2 јајца
100 гр кашкавал
Малку магдонос
Сол по ваш вкус
Мелен црн пипер
3 супени лажици кисело млеко
Начин на подготовка
Измијте ги тиквичките, насецкајте ги и оставете ги малку на хартија да се исцедат.
Во тавата наредете ги насецканите кругови од тиквичките
Во длабок сад измешајте ги јајцата и киселото млеко
Ситно исецкајте го магодносот и додадете го во претходната смеса
Потоа додадете ги и солта и црниот мелен пипер
Смесата истурете ја врз тиквичките
Врз истата нанесете рендан кашкавал
Температурата на рерната се поставува на 190°C. Печете додека не забележите дека кашкавалот ја добил потребната малку црвена боја.
2. Ролат од тиквички и шампињони
Потребни состојки
2 тиквички
400 гр шампињони
2 јајца
250 гр пченично брашно
150 гр кашкавал
200 гр павлака
1 средна главица лук
2-3 мали каранфилчиња
10 гр пециво
2-3 чајни лажици масло
Сол и мелен црн пипер по ваша желба
Начин на подготовка
Измијте ги тиквичките. Изрендајте ги истите. Истото направете го и со лукот. Одделете ги белките и жолчките од јајцата. И додадете ги само жолчките со лукот и тиквичките и добро измешајте. Додадете сол и црн пипер по ваша желба.
Подготовка на тестото
Измешајте го брашното со пецивото и замесете го тестото.
Во одделен сад, измешајте ги белките со малку сол, а потоа додадете ги во тестото.
Загрејте ја рерната на температура од 180°C. Ставете го тестото во сад во кој планирате да го печете ролатот, поставете одозгора хартија за печење и печете во времетрање од 40 минути.
Измијте ги шампињоните и насецкајте ги.
Во загреана тава, ставете малку масло, додадете ги печурките, а со нив и малку од каранфилчето.
Изрендајте го кашкавалот
Кога шампињоните ќе бидат готови, додадете ја павлаката и гответе уште дополнителни 1-2 минути.
Кога тестото ќе биде готово, извадете го од рерна и почекајте да се излади.
Потоа, на површината од кората, ставете ги прво печурките во павлаката, тиквичките, а потоа додадете го на крај и кашкавалот.
Замотајте во форма на ролат.
3. Тиквички во пикантно тесто
Потребни состојки
8 супени лажици пченично брашно
6 супени лажици кисело млеко
1 кафена лажица сода бикарбона
4 супени лажици соја сос
2 јајца
2 кафени лажици шеќер
4 супени лажици сончогледово масло
2 тиквички
Начин на подготовка
Измешајте го киселото млеко со содата, а потоа додадете го соја сосот, шеќерот и едното јајце. На крај, додадете го и брашното и измешајте ги добро состојките за да добиете мазна текстура без грутки.
Насецкајте ги тиквичките и наредете ги на едната страна од тестото.
Прво пржете го тестото од една страна, а кога малку ќе се вцрви, завртете го од другата страна, притоа намалете ја топлината.
Кога тиквичките ќе бидат добро испржени целосно и од двете страни, ставете ги на хартија, за да се исцеди маслото.
4. Торта од тиквички
Потребни состојки
1-2 тиквички
2 јајца
50 мл млеко
150 гр павлака
4 супени лажици пченично брашно
100 гр сирење
2 домати
1 глава лук
1 морков
50 гр кашкавал
2 супени лажици сончогледово масло
Сол по ваш вкус
Начин на подготовка
Добро исчистете ги тиквичките, притоа отстранувајќи ги нивните семки. Изрендајте ги.
Измешајте го млекото со сол, изрендан кашкавал и брашно.
Изрендајте го лукот и морковот и ставете ги да се пржат на масло, 7-8 минути. Почекајте да се изладат
Направете палачники, кои ќе послужат како кори во тортата.
На првата палачника нанесете павлака и додадете ги сите зеленчуци. Покријте со втора палачника.
На втората палачника, нанесете од павлката и додадете ги исецканите домати. Покријте со трета палачинка
Повторете ги чекорите се додека не ги искористите сите палачинки
На крај, целата торта премачкајте ја со павлака
5. Пица од тиквички
Потребни состојки
1 тиквичка
2 домата
200 гр кашкавал
1 јајце
Половина шолја гриз
3 супени лажици пченично брашно
Лебни трошки
Сол, мелен црн пипер и магдонос по ваша желба
Начин на подготовка
Изрендајте ја тиквичката и посолете со сол и црн пипер. Оставете да отстои така, за да се исцеди течноста од неа.
Измешајте го јајцето, брашното и гризот.
Премачкајте ја хартијата за печење со маслото, посолете малку од лебните трошки и поставете ја во садот за печење
На површината, наредете ги исецканите домати и додадете ги преостанатите состојки.
Претходно рерната загрејте ја на температура од 180°C, а печете 30 минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Ноември.2019 во 09:14
„Постојат илјада начини на приготвување на тиквички, но за мене ова се највкусните- летни ражничи кои се топат во уста!“
Постојат илјада и еден начин за подготовка на тиквичките- омиленот зеленчук на сите, особено во топлиот летен период, бидејќи лесно се комбинира со сè, а неговиот вкус е секогаш ароматичен и богат.
Може навистина да го комбинирате со буквално сè: Со други зеленчуци, зачини, со месо и секој пат, специјалитетот ќе биде различен, нов и оригинален.
За денес ви подготвивме токму рецепт за еден таков деликатес, со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски и вашите гости.
Летни ражничи од месо и тиквички
Потребни состојки
2 тиквички
50 гр кашкавал
Сол по ваш вкус
4 супени лажици кисела павлака
350 гр мелено месо
1 чешне лук
1 компир
Црн мелен пипер и зачини по ваша желба
1 супена лажица масло за готвење
Начин на подготовка
Потопете ги стапчињата за ражничите во вода.
Измешајте го месото со исечениот лук, а потоа додадете ја солта, црниот мелен пипер и зачините.
Неприготвените компири изрендајте ги и додадете ги во месото. Измешајте ги добро состојките и оставете ја смесата да отстои.
Тиквичките се сечат на кругови со дебелина од 1 центиметар.
Од смесата со компирот и месото направете топчиња и измешајте ги во брашното.
Подгответе ги ражничите така што прво на стапчето додадете тиквичка, па месо и така сè додека не ги потрошите состојките.
Премачкајте ги ражничите со маслото за готвење и поставете ги во садот за печење. Одозгора нанесете ја киселата павлка и посипете од наренданиот кашкавал.
Покријте го садот со фолија и печете 35 минути, на 200°C. По изминатиот половина час, отстранете ја фолијата од садот и печете дополнителни 10 минути.
Фактот што овој специјалитет се приготвува во рерна, ви дава одлична можност за манипулација со состојките: Може да ги насечете тиквичките на кругови и да ги замрзнете, а потоа во текот на целата година, кога ќе посакате, може да си го направите овој деликатес.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Мај.2020 во 20:54
Тиквички на уникатен начин – Со 3 јајца, малку кашкавал и сирење, резултатот се топи во уста!
Дури и оние кои не ги сакаат тиквичките, после ова јадење сигурни сме дека ќе го променат нивното мислење! Најдобро од сè вкусното јадење содржи малку јаглехидрати, а е готово за 30 минути!
https://www.nane.mk/wprm_print/61734" rel="nofollow - Тиквички на уникатен начин
Дури и оние кои не ги сакаат тиквичките, после ова јадење сигурни сме дека ќе го променат нивното мислење! Најдобро од сè вкусното јадење содржи малку јаглехидрати, а е готово за 30 минути!
Вкупно време40мин
Оброк: Главно јадење
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: кашкавал, тиквички
Порции: 4
Состојки
2-3тиквички (исечени на полумесечини со дебелина од 1 цм)
1/4кафена лажицасол
1/3кафена шолјапавлака
3јајца
1/4шолјаизрендан пармезан
3-4чешнињалук
1кафена лажицасув босилек
1/8кафена лажицасомелен индиски орев
1/4кафена лажицасвеж мелен пипер
1 и 1/2шолјаизрендан кашкавал
2супени лажиципутер
Малкуисечен свеж магдонос
Начин на подготовка
Загрејте ја рерната до температура од 250°C. Земете соодветен сад за печење со дијаметар од 24 цм и истиот премачкајте го со масло за готвење.
Додадете ги исечените тиквички во садот и одозгора посолете со сол, добро измешајте и оставете ги на страна да отстојат.
Во сад измешајте ги павлаката, јајцата, сирењето, лукот,босилекот, индиското оревче и сомелениот пипер.
Додадете половина шолја рендан кашкавал врз тиквичките, апотоа исипете ја претходната готова смеса и на крај поставете парчиња путер врз сосот и тиквичките.
Поставете го јадењето да се пече 25 минути во загреаната рерна. Потоа извадете го и додадете го преостанатиот рендан кашкавал. Печете дополнителни 7 до 10 минути или додека кашквалот да добие кафеава боја и тиквичките да омекнат.
Извадете од рерна и оставете да отстои 10 минути. Декорирајте со магдонос и сервирајте.
Во јадењето може да додадете и пилешко месо по ваша желба, но неопходно е истото претходно да биде сварено и исечено.
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Јуни.2020 во 22:12
Тиквички со крцкава кора од кашкавал и кревка средина – Без грам путер или масло
Ако класичните пржени тиквички ви здосадиле, тогаш ви предлагаме да ги пробате следните тиквички со крцкава кора од кашкавал и кревка средина одвнатре. Најдоброто од сè е што истите се диетални!
Бидејќи тиквичките се приготвуваат брзо, веднаш вклучете ја рерната да се загрее на температура од 180°C. За подготовка на овој рецепт, најдобро е да изберете млади тиквички.
Измијте ги тиквичките, исушете ги, исечете ги краевите и од двете страни и исечете ги на половина. Исечете ја секоја половина по должина на 2 дела и исечете ги на парчиња.
Поставете ги исечените тиквички во соодветен сад, додадете сол, мелен црн пипер и зачини по ваш вкус и избор. Оставете ги тиквичките да отстојат така 15 минути.
Во меѓувреме подговете ја смесата за похување. Ситно изрендајте го кашкавалот, измешајте го со лебните трошки и добро измешајте. Изматете ги јајцата со малку сол.
Похувајте ги готовите тиквички. Прво поставете ги во брашно, потоа потопете ги во јајце, а на крај во смесата од кашкавал. Вак аподготвени, поставете ги тиквичките во сад, покриен со хартија за печење.
Поставете го садот во загреана рерна и печете околу 30 минути, до образување на вкусната крцкава кора од кашкавал. Тиквичките може да ги сервирате и топли и ладни, со сос од кисела павлака и лук.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Јуни.2020 во 20:41
Мекици од тиквички со растопен кашкавал – Супер брз и вкусен рецепт без конК*ренција!
Овие сочни, нежни и вкусни мекици од тиквички и растопен кашкавал се совршениот рецепт со кој ќе ги освоите вашите најблиски, како и самите гости. Идеални за секое време, а нивниот вкус никогаш не здосадува!
Состојки
450-500 гртиквички
По вкуссвеж копар и магдонос
120 грморкови
60-80гркромид
50-70гркашкавал
1јајце
1чешнелук
Неколкусупени лажицибрашно
По вкуссол и мелен црн пипер
Колку што е потребномасло за готвење
Начин на подготовка
Измијте и ситно исечете ги свежите зачини. Изрендајте го кашкавалот.
Сите зеленчуци е неопходно да бидат излупени, а потоа изрендани. Измешајте ги во сад, додадете сол и повторно измешајте. Оставете ги да отстојат 10 минути, а потоа прецедете го вишокот на течност.
Додадете го изренданиот кашкавал, ситно исечените зачини и згмечениот лук. Потоа додадете го и јајцето и добро измешајте ги сите состојки заедно.
Додадете 2 супени лажици брашно и добро измешајте ја смесата. Ако тестото е премногу течно, додадете уште 1 лажица брашно.
Загрејте го маслото во тава и штом ќе ја достигне потребната температура, започнете го пржењето на мекиците од тиквички. Одделете по 1 супена лажица од зеленчуковото тесто, оформете ги мекиците и пржете до добивање на златна боја и од двете страни, на умерен оган.
Прецедете ги готовите мекици на хартија за печење, за да се впие вишокот на масло и сервирајте со сос, по ваша желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!