|
Обланди |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сникерс обланди Состојки 3 обланда 14 лажици шеќер 5 јајца пола коцка маргарин 100 гр чоколадо 200-250 гр бисквити 150 гр печени лупени кикиритки 200 гр желе бонбони1. Бисквитите ситно се кршат, а кикиритките и бонбоните ги сецкаме. 2. Шеќерот и јајцата ги ставаме на тих оган додека се стопи шеќерот, потоа се додаваат маргаринот, чоколадото, бисквитите, кикиритките и желе бонбоните. 3. Сето тоа се вари додека не добиеме потребната густина и после се нанесува на обландите. Наместо кикиритките може да се става ореви, но со кикиритките добиваме вкус на чоколадото Сникерс))) (забелешката на љубителите Сникерс))) По желба може да се додаде и суво грозје. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Желе обланда Состојки 1 голем лист обланда фил 200 гр. шеќер 8 лажици вода 125 гр маргарин 100 гр. чоколадо за готвење 200 гр мелени кикирики 100 гр крупно сецкани кикирики 2 големи лажици путер од кикирики 150 гр сецкани желе-бомбони 200 гр мелени бисквитиУште една убава и мирисна обланда за љубителите на вкусот на кикирики, а подготовката на истата е многу едноставна. 1. Во соодветен подлабок сад на умерен оган ставете го шеќерот и 8 лажици вода. Оставете да се растопи. Додадете го маргаринот и чоколадото и мешајте додека не се растoпат и тие. 2. Во друг длабок сад на страна ставете ги мелените бисвити и кикириките ( јас овој пат заборавив да оставам крупно сецкани, зошто ги сомлев сите) и путерот од кикирики. 3. Со чоколадниот шербет соединете ја смесата во фил. Оставете малку да подизлади ( но не премногу зошто нема да може да ја нанесете врз обландите) и додадете сецкани желе-бомболи. Убаво соединете ги сите состојки. Уште поубава и полична е обландата кога е со обратни бои. Листот да е кафен а филот бел со тоа што наместо црно се става бело чоколадо, се друго останува исто. 4. Листот обланда поделете го на два дела. Филувајте ги обландите така што мазните страни да бидат надворешни. Поклопете ја обландата со некој потежок предмет и оставете да стегне. 5 Сечете штангли или триаголници и варете кафе...хахаха |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |