|
Се од тиквички |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кремасти тиквички Состојки 600 гр. тиквички на вкус мешавина од сув зеленчук, бибер и сол според потребата гриз според вкус лук,и магдонос околу 500 мл. млеко малку путер и масло |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тава со тиквички и сирење 500-600 гр тиквички 1/2 рамна лажичка хималајска сол 200 гр полномасно мешано сирење 2 лажици презла од интегрален леб 1 јајце 1 чешне лук 1 рамна лажица шарена сол 1/2 лажичка црн бибер 1/2 лажичка мешан сув зачин 2 лажици пармезан - за одозгора Супер лесна верзија на пролетен оброк, во кој ќе уживате! 1. Тиквичките излупете ги и изрендајте ги. Потоа насолете ги и ставете ги на цедалка да пуштат сок и да се исцедат. 2. Изрендајте го и сирењето и изматете го јајцето. 3. Во садот каде што ќе ги печете тиквичките, ставете масло и убаво намастете го садот. 4. Тиквичките притиснете ги со рака за убаво да се исцедат и префрлете ги во длабок сад. Додадете го матеното јајце и промешајте. Потоа ставете ги зачините и лукчето и се измешајте. 5. На крај додадете го ренданото сирење, измешајте и смесата префрлете ја во садот за печење. 6. Се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 15 мин, односно додека да фати убава коричка одозгора. 7. На крај наросете со пармезан и послужете со пролетен зеленчук по избор. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиквички со сирење и сланина Состојки 750 грама млади тиквички ( или 3 средно големи ) 350 грама кравјо сирење 6 јајца 8 лажици гриз 3 лажици растопен путер 150 грама сланина 1 лажиче сол 1 лажиче црн бибер |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќофтиња од тиквички Состојки 1 тиквичка 2-3 јајца 4лажици гриз 2-3лажици брашно 1/2 пециво 1чешне лук ситно сецканТиквицата се ренда на крупно ренде и се остава да одстои 10 минути. Потоа се цеди низ цедалка и се додава гризот, брашното, пецивото и јајцата. Смесата се меша со вилушка и и се додаваат зачините, па со лажица се зема од неа и се пржат на топол зејтин. За овие ќофтиња добро би било доколку имате Делимано тава да се пржат во неа заради количината на зејтин. Ќофтињата се пржат од двете страни и се добар прилог кон ручекот а ладни може да послужат и како добро мезе |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова ми е омилениот рецепт со тиквички! Нема човек да не му се допадне, дури и свекрва ми ме пофали!Има толку многу рецепти за овој вкусен производ, но ние сакаме да го споделиме со Вас еден од најдобрите. Состојки:1 тиквички (2 помали) 70 гр. кашкавал 100 гр. павлака 1 чешне лук магдонос , копар , сол – по вкус Подготовка:Измијте ги тиквичките, исечете ги на парчиња и зачинете ги со сол Изрендајте го кашкавалот Лукот измелете го или згмечете го со преса Измешајте ги кашкавалот, лукот и павлаката. Ако сакате, можете да му додадете на сосот и ситно исечени зачини. Намачкајте ја тавата со масло и наредете ги тиквички. Рамномерно распоредете го одозгора крем сосот. Печете на 180 степени околу 20 минути. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиквици полнети со домати и моркови Лесно јадење, едноставно за подготовка, идеално за врелите летни денови. СОСТОЈКИ:
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поховани тиквиици со сирење Јадење чиј вкус долго ќе го памтите… СОСТОЈКИ:
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сезона на зеленчук: Печени тиквици со преливВкусни печени тиквици со прелив по оригинален турски рецепт… СОСТОЈКИ:
СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изменето од Valerija - 18.Јуни.2018 во 16:33 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиквички полнети со мелено месо - тече бешамел и кашкавал СОСТОЈКИ:
БЕШАМЕЛ:
ПОДГОТОВКА
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиквички со павлака Тиквички во павлака, ова е рецептот: СОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Армоника тиквички Ова летно јадење подгответе го за ручек или за вечера и уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно е – 2 тиквички со средна големина, 100 грама шунка или сланина, 150 грама крем сирење, 50 грама моцарела или некое друго сирење кое лесно се топи, 1 чили пиперка, неколку листа босилек и сол и црн пипер. Исечкајте ги тиквичките по ширина, внимавајќи да не ги пресечете сосема, за да добиете форма на армоника. Шунката исечкајте ја на лентички. Ставете по една до две лентички помеѓу секој рез на тиквичките и притиснете ги лентичките подоле во тиквичката. Таквите тиквички префрлете ги во сад за печење кој претходно сте го намастиле малку. Печете на 200 степени околу 10-на до 15минути, во зависност дали сакате тиквичките да бидат малку крцкави или не. Додека тиквичките се печат, подгответе го полнењето – крем сирењето, изренданата моцарела, ситно исечканата чили пиперка и босилекот, помешајте ги во глатка смеса. Наросете сол и црн пипер по вкус. На крајот, наполнете ги тиквичките со смесата, изрендајте врз нив уште малку кашкавал и печете уште 10-минути, додека кашкавалот и сирењето се стопат. Послужете го јадењето топло. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиквички од моцарела и гауда Тиквичките со два вида на сирење се подготвуваат брзо и лесно, а репете веднаш ќе посакате! Загрејте ја рерната на 200 степени, прмачкајте ја тавата за печење со масло, тиквичките исечкајте ги на кругови (1 см), потоа посолете ги и оставете ги да ја испуштат течноста. Избришете ги со салветка. Во сад измешајте лебни тирошки и ситно изрендана Гауда заедно со малку сол и црн пипер. Протркалајте ја секоја тиквичка во оваа смеса, па наредете ги во тавата за печење во еден слој. Печете ги додека станат златни и крцкави. Извадете ги од тавата, а на дното на тавата ставете сос од домати претходно зачинет со сол, црн пипер и босилек. Врз сосот ставете дел од тиквичките, попрскајте ги со изрендана моцарела и повторно со изрендана Гауда. Повторувајте ја постапката додека не останете без материјал, но завршете така кашкавалот да е на врвот. Печете околу 10-15 минути додека целиот кашкавал не се стопи. Малку оладете ги и послужете. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потпечени тиквички во бешамел сос Сезоната на тиквички е пред нас, а од оваа намирница се подготвуваат најразлични вкусни јадења. Ние ви предложуваме да го дегустирате специјалитетот од тиквички во бешамел сос. Почнете од бешамел сосот. На средно загреано масло и путер пропржете го исечканиот лук. Штом почне да добива боја, додадете го брашното и млекото, мешајќи постојано и водејќи сметка да не стане премногу густо. Посолете и додадете го мускатното оревче. Од бешамел сосот одвојте 3 лажици за подоцна подготовка. Тиквичките измијте ги и исечете ги на кругови. Посолете ги и оставете ги да отстојат половина час. Намрсете ја тепсијата за печење, па почнете да ги редите тиквичките. Врз секој ред тикички додавајте бешамел сос, малку оригано и изрендан кашкавал (или тенко исечкана моцарела). Завршете со ред тиквички, и одозгора наросете ги со малку сол. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. После дваесетина минути печење, тиквичките прелијте ги со смеса од изматен бешамел сос со павлака, јајца, сол и црн пипер. Вратете ги во рерната и оставете да се потпечат уште 10 минути. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Палачинки од тиквички Претпоставуваме дека ја искористивте сезоната на тиквички и од овој нискокалоричен и здрав зеленчук веќе приготвивте и дегустиравте најразлични јадења. Но, ние имаме нова, супер идеја која вреди да се проба. Станува збор за палачинки од тиквички. Намирници – 2 чаши изрендани тиквички, 1 чаша изрендан компир, 1 јајце, 1 лажица исечкан магдонос, 1 лажица изрендана кора од лимон, малку лебни трошки (или половина кришка изрендан тврд леб), 1 лажица путер, 2 лажици кисела павлака, сол и црн пипер. Подготовка – Изренданите тиквички и компир оставете ги половина час за да ја испуштат водата, добро исцедете ги и посолете ги. Изматете го јајцето, додадете го магдоносот и лимоновата кора. Зачинете со сол и црн пипер според вкус. Измешајте ги тиквичките со компирот и додадете малку од лебните трошки. Потоа, додадете го изматеното јајце, па се добро измешајте. На загреано тавче додадете го путерот. Ставете лажица од смесата со тиквички и компир на жешкиот растопен путер и со помош на вилушка сплескајте ја смесата со шпатула. Печете ги палачинките додека да добијат боја, потоа превртете ги и печете ги од другата страна.Сервирајте ги топли со кисела павлака или сос по желба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |