|
Торти и колачи со локум |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Мај.2018 во 20:47 |
Обланди со локум и урми Состојки 1табла обланди 900гр локум со ореви 600гр урми 200гр суво грозје 100гр ситно сецкани оревиЛокумот се сецка на поситни парчиња и се става во подлабок сад на рингла. Се налева со 250мл вода и се загрева на потивко. Се меша постојано додека се растопи. Се додаваат урмите и се продолжува со мешање додека смесата се спои. Се додава и сувото грозје и оревите и се става да се олади. Сувото грозје претходно се чисти и се попарува со врела вода да одстои 10 минути. По желба во водата може да се стави и рум. Се зема еден лист обланда и се става меѓу две салфетки влажни. Се редат и другите листови еден над друг и помеѓу нив влажни крпи. Од како ќе омекнат се зема листот од обланда се премачкува со фил по цела површина и со салфетката се свиткува ролна. Исто се постапува со сите 5 листа. Се остава да се спои убаво и потоа се сече на парчиња по потреба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ролат од локум Состојки 250гр локум 250гр шеќер во прав 150 гр ореви 150 гр бисквити 50-100гр путер 2 лажици какао 50 -100гр суво или кандирано овошје, суви смокви, сливи, ананас...Потребен ви е локум и иста количина на шеќер во прав, на пример, по 250 гр. кои ги месите со малку растопен путер. Потоа врз шеќер во прав правите кора од локумот према калапот што го имате. Во калапот ставите проѕирна фолија и нанесете ја кората од локум по ѕидовите, така за да имате и да го покриете ролатот, значи да виси кората однадвор. Сега го полните калапот, односно локумот со фил. Овој фил ми е од мелени ореви, но и сечкани, мелени бисквити и парчиња сув ананас, путер, какао и многу малку водичка за да може да го замесите. Кога ќе го нанесете, притиснете убаво и затворете го ролатот со кората од локумот. Ставете го во фрижидер неколку часа... Вкусот е невообичаено прекрасен, а фил може да си направите и друг, по ваша желба ! Правев со суви смокви и ореви, суви сливи и ореви, кикирики... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грозданчиња со локум Состојки 250гр бел локум 100гр шеќер во прав 250гр бисквити 150гр мелени ореви 6 лажици вода 200гр црно чоколадоНајпрво се меси локумот со шеќерот во прав. Потоа се додаваат мелените бисквити, мелените ореви и водата. Сето ова убаво се меси и се дели смесата на 10 топчиња. Секое топче се сука долго како сукалце - значи се прават 10 сукалциња долги 30см (колку е долго плехчето триаголно за визитарски колачи). Настрана се топи чоколадата на пареа. Начин на редење Пред да се почне колачот се става во модлата најлонска фолија за подобро да излезе колачот. Прво во калапчето се става стопена чоколада 3 лажици и се става 1 долго сукалце. Потоа се става пак чоколада да се покрие првото сукалце и се редат 2 сукалциња, па пак чоколада врз нив, па 3 сукалциња -чоколадата и 4 сукалциња и на крај пак чоколадата. Се лади колачот и се превртува. Се сечи колачот на парчиња. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Локум колачи Состојки 500гр локум 500гр мелени бисквити 250гр маргарин 100гр шеќер во прав 200гр мелени лешници 4лажици румЛокумот ситно се сецка и се меси со маргаринот и шеќерот.Бисквидите се мелат,се мешаат со лешниците и се додава румот па се соединуваат двете смеси и со помош на бисквидите се моделираат форми.Бисквидите не мора се да се стават одеднаш туку се остава една шака и се додава по потреба за компактност на смесата.Колачите се декорираат по желба а јас ги сакам потопени-прелиени со чоко прелив и декорација по желба |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пивски колачи со локум Состојки Тесто 1кгр брашно 1 пециво 1 ванила 1-2 лажици какао 3 филџани (за кафе 130мл) зејтин 3 филџани (за кафе 130мл) пиво 0,5 кгр локум Шербет 3 шољи (за чај 250мл) вода 3 шољи (за чај) шеќер За валкање 3 кесички кокосБрашното, пецивото, ванилата, какаото, зејтинот и пивото се замесуваат. Од тестото се прават топчиња (јас ги правам помали од орев). Во секое топче се става по едно коцкиче локум и се редат во тава за печење. Откако ќе бидат готови се оставаат да се изладат. Ладните колачи се ставаат во топол шербет и се валкаат во кокос. Шербетот се подготвува на тој начин што водата и шеќерот се ставаат во тенџере да провријат, но шербетот треба да биде поредок од оној за баклава. Откако ќе примат од шербетот колачите се валкаат во кокос. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
2 локум ролати Состојки Локум ролат со кокос и желе 1/2 кг локум 200 гр кокос за фил 100 гр желе бомбони 100 гр орев или лешник, бадем 100 гр суво грозје Ролат со локум и сусам 1/2 кг локум 300 гр сусамЗа првиот ролат, локумот, кој се препорачува да е пресен убаво се измесува со кокосот. На најлонска фолија се расплескува во кора, која се филова со исечкано желе, потпечени и издробени ореви или што и да изберете и натопено суво грозје во малку вода и рум (кое на сликата е изостанато). Се витка во ролат и се остава во фрижидер добро да се стегни. За вториот ролат, сусамот го потпекуваме и потоа го измесуваме со локумот. Обликуваме форма на ролат и оставаме да се стегни во фрижидер. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Срценца со локум и сусам Состојки 300 гр локум 150 гр шеќер 100 гр бисквити 100 гр орев 125 гр маргарин 50 гр печен сусам Глазура 100 гр чоколадо 3 лажици маслоВо сад се става шеќерот и 2 лажици вода. Се остава ова да зоврие и се додава локумот да се стопи. Ова смеса се вари 5мин. Се трга настрана и се додаваат останатите состојки. Ако е стегната смесата се додава маргарин, ако се лепи се додаваат ореви или бисквити. Целата смеса се става на прозирна фолија и се сука со сукало. Се сечат срценца и се делат на половина. Значи од 1 срце излегуваат 2 колачиња. Се оставаат да оладат и потоа се глазираат. Пријатно!!! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Maлинести локумки
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Триаголник со локум и чоколадо Состојки 250 гр. локум(розев,бел) 250 гр. бисквити(мелени) 50 гр. шеќер во прав 3-4 лажици топла вода 100 гр. мелени лешници,ореви+50 гр. кокос 100 гр. чоколада 2 лажици маслоЛокумот исечете го на коцки, измешајте го со бисквитите, оревите/лешниците, шеќерот во прав, кокосот, 2 лажици вода или по потреба да се измеси убаво да не се лепи. Поделете го на 10 топчиња. Расукајте ги во валјаци како сукало теники колку малиот прст. На рамна подлога ставете 4 валјаци прелијте ги со стопена чоколада на пареа со 2 лажици масло. Ставете уште 3 треба да биде како пирамида, прелијте ги со чоколадо убаво, направете така додека ги потрошите останатите. После три ставете 2, па едно со прелевање на чоколадо(да остане за сите). Ставете го да се стегне во фрижидер и сечете прачиња. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Локум колачи Состојки 500гр локум 500гр мелени бисквити 250гр маргарин 100гр шеќер во прав 200гр мелени лешници 4лажици румЛокумот ситно се сецка и се меси со маргаринот и шеќерот.Бисквидите се мелат,се мешаат со лешниците и се додава румот па се соединуваат двете смеси и со помош на бисквидите се моделираат форми.Бисквидите не мора се да се стават одеднаш туку се остава една шака и се додава по потреба за компактност на смесата.Колачите се декорираат по желба а јас ги сакам потопени-прелиени со чоко прелив и декорација по желба |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колачи со локум
Изменето од Valerija - 25.Мај.2018 во 21:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бомбици со локум и смокви Состојки 500гр суви смокви 500гр локум 100гр мелени ореви 100гр ситно сецкани ореви 150мл сок од портокал 150гр чоколада за готвењеСмоквите се мелат на машина за мелење месо. Локумот се сецка и се става на оган со сокот од портокал. Се меша и се додаваат и мелените смокви. Смесата се грее се додека локумот се спои со смоквите, а потоа се трга настрана да се олади. Во оладената смеса се додаваат оревите и се замесува смеса од која се формираат бомбици. Смесата е доста јака и блага и затоа бомбиците може да бидат помалечки. Од оваа смеса може да се направат и многу вкусни обланди. Бомбиците се декорираат со чоколада. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посни колачи со локум СОСТОЈКИ
Посен маргарин(1 ) Брашно(1 Килограм) Масло(250 Грама) Прашок за печиво(1 ) Ванилин шеќер(1 ) Лимон(1/2 ) Локум(по желба ) ПОДГОТОВКА За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Портокал куглоф со локум Состојки 4 јајца (2 јајца +2 жолчки+2 белки) 200 гр шеќер 1 пакетче портокал шеќер 100 мл масло 200 гр кисело млеко 1 портокал рендана кора 240 гр брашно 1 пакетче прашок за печење 100 гр ружа локум Дониа2 јајца и 2 жолчки се матат со 150 гр шеќер. Му се додаваат етапно и останатите состојки за тестото. Се истура врз намастен клап за куглоф. Локумот се сечи на половинки или четвртинки, се валка во брашно и се става со благо притискање врз тестото. Се печи на 180С околу 35 мин . Печениот колач се вади од калапот да олади. Се матат двете белки со останатиот шеќер и се украсува одозгора колачот, па се враќа повторно во рерна да се потпечат белките. Овде има измени од оригиналот. Имено, во двоењето на белките на второто влета жолчката и се распрска, па никако немаше можност да се оддели. Така, колачот на сликава е всушност со 4 цели јајца, 6 лажици шеќер и 250 гр брашно во тестото, а одозгора е украсен со шлаг и желе. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |