|
Торти и колачи со рум |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Мај.2018 во 18:18 |
Колку го сакате румот како состојка во десертите? Чоколаден рум колач Состојки 2 јајца 130 гр шеќер 100 гр путер прстофат сол 1 чоколаден пудинг (прашок) 1 лажица какао 130 гр брашно 1 пециво 3 лажици млеко 1-2 лажици рум екстракт 70 гр рендано чоколадо или чоколадни капки За прелив 100 гр путер 100 гр чоколадо 50 % какао 1 лажица рум екстракт За фил 2-3 лажици џем од јагодиПодготовка 1. Путерот заедно со шеќерот и јајцата се мати со миксер до соединување. Се додаваат какаото, прашокот за пудинг, пецивото, брашното, млекото, солта и румот. Се соединува целата смеса со миксер. Ги додаваме ренданото чоколадо или чоколадните капки. Промешуваме со лажица. 2. Ја истураме во калап бр. 20 намачкан со путер и побрашнет. Печеме на 180 степени во загреана рерна околу 25 минути. 3. Ја вадиме тортата од калап која ни е малку изладена. Откако сосема ќе излади ја сечеме на половина. Ја премачкуваме со џем од јагоди, па ја поклопуваме со вториот дел. 4. За преливот на сосема ниска температура ги топиме путерот и чоколадото. Откако ќе се растопат и соединат го додаваме румот. Соединуваме и тргаме на страна за да подизлади, за да не биде многу течен, за да може да се задржи на површината од колачот. 5. Го прелеваме колачот, а на крај украсуваме со малини, јагоди или некое друго овошје кое може да биде и кандирано. Забелешка Џемот од јагоди и дава сочност и посебна краситост. Може, ама и не мора да го ставате. Јас имав некоја лажичка останат во теглата и реков вака ќе го искористам. Немав ни доволно чоколадни капки па направив комбинација, ставив и од нив и сечкано чоколадо. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рум ваљаци без печење Состојки 125 гр маргарин 100 гр шеќер во прав 300 гр мелени бисквити 50 гр мелени ореви 100 гр сок од портокал 1 лажица рум Глазура 200 гр црна чоколада 20 гр бела чоколадаИзмиксирајте го маргаринот заедно со шеќерот во прав. Додадете ги мелената бисквити и оревите. Се заедно се миксира и се додава прво сокот, а потоа рум. Се остава 30 минути во фрижидер да се олади смесата, па се прават долги валјаци со дебелина од 1см. Се сечат од 5см должина. Се ставаат во фрижидер на 2 - 3 часа и се става глазура од црно чоколадо кое е истопено на пареа. Кога ке се зацврсти чоколадата се украсува со бело чоколадо. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рум ваљаци со кикиритки
Изменето од Valerija - 16.Мај.2018 во 18:22 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецепт за кој не ви треба ниту печење, ниту вештина: Рум бомбициА во комбинација со чоколадо и мелени лешници, создава слатка идила совршена за тмурните денови.
Чоколадото и путерот стопете ги на пареа. Додајте ги мелените јаткасти плодови и промешајте. Румот и шеќерот промешајте ги додека шеќерот не се растопи, а потоа додајте ја течноста во чоколадото и промешајте. Додајте уште 2 лажици рум, промешајте со дрвена лажица и со раце обликувајте топчиња. Добиените бомбици ставете ги да се оладат, а потоа извалкајте ги во цимет, какао или уште стопено чоколадо. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецепт: Колачиња со румНавистина многу брзо и лесно ќе ги направите …
– Додадете ги мелените бисквити и мелените ореви. Убаво изматете и додадете го прво сокот од портокал, а потоа румот. – Ставете ја смесата 30 минути во фрижидер. – Земајте парчиња од смесата и обликувајте ги како топчиња или пак може да ги направите долгнавести, по желба. Исечете ги на 5 см должина. – Вратете ги во фрижидерда стојат 2-3 часа, а потоа глазирајте ги со растопено црно чоколадо, кое претходно сте го растопиле на пареа. – Оставете чоколадото да се стегне и потоа украсете ги со растопено бело чоколадо. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОМАШНИ ТАРТУФИ СО РУМ И ПАВЛАКА
2 парчиња темно чоколадо за готвење ½ чаша чоколадни или какао стапчиња Подготовка: Изменето од Valerija - 16.Мај.2018 во 20:36 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколадни рум коцки: Вкусен и брз десерт за вистинските љубители на слаткитеДоколку немате идеја како да го збогатите денешното мени, тогаш одлучете се за овие сочни чоколадни рум коцки кои совршено ќе го заокружат секој оброкПотребни состојки:
Начин на подготовка:Сматете ги јајцата, шеќерот и путерот во пена и растопете го чоколадото на пареа. Посејте го брашното, па наизменично со чоколадото додадете го во јајцата. Тестото рамномерно ставете го на плех обложен со хартија за печење. Печете го колачот на 180 степени. Во меѓувреме, сматете ги румот и шеќерот. Извадете го колачот од рерната и потоа прелијте го со сматениот рум. Колачот исечете го на коцки со размер 3×3 сантиметри. Начин на подготовка:Сматете ги јајцата, шеќерот и путерот во пена и растопете го чоколадото на пареа. Посејте го брашното, па наизменично со чоколадото додадете го во јајцата. Тестото рамномерно ставете го на плех обложен со хартија за печење. Печете го колачот на 180 степени. Во меѓувреме, сматете ги румот и шеќерот. Извадете го колачот од рерната и потоа прелијте го со сматениот рум. Колачот исечете го на коцки со размер 3×3 сантиметри. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сочна посна чоколадна тота со рум Состојки 2 шољи брашно 1 шоља шеќер 1 и пол шоља сок(џус,мултивитамин) 3 лажици мармалад од сливи половина филџан масло 2 лажици какао 1 лажиче сода бикарбона 1 ванила 2 лажици рум за украсување 100гр чоколадо за готвење 3 лажици маслорз, вкусен, сочен чоколаден колач за кој не ви треба миксер. Ги ставате сите состојки во сад мешате убаво со лажица го оставате да стои 5-10мин Пак промешувате. Ставате во тавче бр 24 или 26 и печете во загреана рерна на 200 степени 20-30минути. Се декорира со стопено чоколадо со 3 лажици масло и се остава потполно да се излади пред да се сечи. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки Пандишпан 4 јајца 4 лажици шеќер 4 лажици мелени ореви 3 лажици брашно 1/2 пакетче прашак за печиво 1 лажица какао 3-4 лажици рум Фил 3 јајца 130 гр шеќер во прав 130 гр маргарин 130 гр чоколадо 3 лажици румПодготовка на пандишпанот 1. Јајцата со шеќерот се матат и во нив се додаваат останатите состојки 2. Се пече во загреана рерна во плех од рерната 3. Испечениот пандишпан се попрскува со 3-4 лажици рум, се дели на 3 ленти по должина и се филуваат и се редат една врз друга 4. Најозгора се декорира по желба...јас ставив рендано чоколадо Подготовка на филот 1. Маргаринот и чоколадото се ставаат во сад да се растопат 2. Јајцата со шеќерот во прав се матат со миксер и се варат на пареа. Откако ќе се згусне филот од јајца, во него се додава растопената чоколада со маргарин и румот. Се меша и се остава да се излади со повремено мешање |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ледени рум коцки Состојки 3 јајца 3 лажици шеќер 3 лажици брашно 1 лажица какао 1 кесичка прашок за пециво Сируп 200 гр. шеќер 200 мл. вода 2-3 лажици рум Фил 5 лажици брашно 4 лажици густин 10 лажици шеќер 1 литар млеко 250 гр. маргарин 100 гр. шеќер во прав 3 кесички ванилин шеќер 100 гр. чоколадо за готвење неколку капки екстрат од рум Глазура 200 гр. чоколадо за готвење 3 лажици маслоИзматете цврст снег од белките и шеќерот, додајте ги жолчките, брашното помешано со прашокот за пециво и на крај какаото. Истурете ја смесата во подмачкан плех (бр.38 или бр.40) и печете околу 20-тина минути. Оставете да се олади и спремете го сирупот. Загрејте ја водата, додајте го шеќерот и оставете да врие неколку минути. Тргнете од оган и додајте го румот. Оладената кора прелијте ја со врелиот сируп. Измешајте го шеќерот, ванилиниот шеќер, брашното, густинот и полека со непрекинато мешање, додавајте го во ладното млеко. Ставете на оган и гответе се додека не згусни, па потоа добро оладете. Пенесто изматете го маргаринот и шеќерот во прав па додајте го оладениот фил. Смесата поделете ја на два дела. Во сад над пареа, истопете го чоколадото за готвење и додајте го во едниот дел. Убаво распоредете врз оладената кора, прво темниот, па светлиот фил. Прелијте со чоколадната глазура и оставете на ладно. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шери рум бомбици Состојки 1 белка 100 гр шеќер 150 гр мелен лешник 100 гр мелени бисквити 200 гр растопено црно чоколадо 2 лажички рум за полнење на бомбиците 30 вишни од слатко исцедени од шербетот за валкање на бомбиците 150 гр црно чоколадо 3 лажици масло за декорација 30 зрна лешник - Во една вангличка се става белката, се мати со миксер и постепено се додава шеќерот. Се додаваат румот, растопеното чоколадо, бисквитите, лешниците Сето убаво се изработува со рака за да се добие убава хомогена смеса. Ако е суво може да се додаде уште едно лажиче рум или малку од шербетот од слаткото со вишни. Се земаат парчиња со големина на орев, во средината се става по една вишна, се формира бомбица и се редат на послужавник. На страна над пареа се растопува 150 гр чоколадо со 3 лажици масло и секоја бобица се потопува во чоколадото. Се редат на хартија да се стегнат и се украсуваат со еден цел лешник. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рум бомбици Состојки 200 грама чоколадо за готвење 100 грама мелени ореви 100 грама шеќер 1 белка Чоколадото го рендаме, ги додаваме оревите, шеќерот, белката и замесуваме со рум. Убаво мешаме со рака се додека не добиеме хомогена смеса. Земаме дел од смесата уваво го расплескуваме. Ако сакаме на средина ставаме вишна и формираме бомбица. Сите бомбици ги валкаме во чоколадни мрвици. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколадна рум торта Состојки ЗА ПАНДИШПАН 8 јајца 8 лажици шеќер 8 лажици мелени ореви 5-6 лаж брашно 1 пакетче прашак за пециво 2 лажици какао ЗА ФИЛ 5 јајца јајца 250 гр шеќер во прав 250 гр чоколадо 250 гр маргарин малку румПОДГОТОВКА НА ПАНДИШПАНОТ 1. Се матат јајцата со шеќерот во еден сад. 2. Се исклучува миксерот, се додава брашното со пецивото, какаото и мелените ореви и се промешува. 3. Се истура во тркалезно, високо ( длабоко) тавче или длабоко тенџере обложено со хартија за печење. 4. Се пече околу 40-50 мин. на 180 С 5. Испечениот пандишпан се сече на три дела по висината. 6. Секоја од корите се попрскува со рум и се филува ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ 1. Маргаринот и чоколадото се растопуваат на огин во еден сад, но да не вријат. 2. Јајцата и шеќерот се матат со миксер и се варат во густ крем на пареа. 3. Се соединуваат двете смеси и се оставаат да се изладат со повремено промешување за да не фати коричка филот 4. Со филот се филуваат сите три кори 5. Озгора се декорира по желба - со шлаг пена, со слатка павлака или чоколадо. Јас декорирав со фондан бидејќи тортата ја направив за брат ми и снаа ми. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |