IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Бањи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бањи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Assailant Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)
O_o

Регистриран: 10.Февруари.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Assailant Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2011 во 10:12
Imam odeno na Negorski bajni bidejki blisko e do Gevgelija zasega tolku
What is this, i don't even..
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 10:50

Топлите бањи во Сатурниа


Сатурниа, Тоскана, Италија. Популарниот спа-град постои на ова место уште од древни времиња. Најпознати од сите се бањите во Сатурниа, природните топли извори.

Според легендата, изворите биле создадени откако лутиот Јупитер сакајќи да го погоди Сатурн фрлајќи лути молњи кон него, го промашил по што биле создадени изворите.

Топлата вода (37.5 °C) не само што е прекрасно место за релаксација, туку е и исклучително здрава. Имено, минералите имаат терапевтски својства, поради што голем број на третмани и креми се направени благодарение на овие води.


Related image



Изменето од Valerija - 28.Март.2018 во 09:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 09:11

ТЕРМАЛНИТЕ БАЊИ SZÉCHENYI


Многумина ќе се согласат дека нема подобра комбинација од следнава: убаво патување исполнето со забава и истовремено уживање во бањи кои ќе го подобрат вашето здравје. Токму за ваква комбинација станува збор во продолжение.

Имено, термалните бањи Széchenyi се најголемите медицински бањи и едни од најголемите јавни бањи во Европа, сместени во северниот дел од Градскиот парк во Будимпешта.


Водата, со потекло од два термални извори, изобилува со минерали како што е сулфатот, калциумот, магнезиумот и значителна количина на флуор, материи кои што се смета дека имаат терапевтски ефект врз луѓето и ги ослободуваат од најразличните ортопедски болести и воспаленија.

Со оглед на тоа што водата е топла во текот на целата година, ова место претставува одлична дестинација за релаксација и уживање, особено во текот на зимата. Така, бањите Széchenyi се омилено место и за тамошните жители, но и за бројните туристи кои ја посетуваат прекрасната Будимпешта.


Првата термална бања на ова место била изградена во 1881 година и истата претставувала само мал базен во кој што можеле да се капат не многу голем број на луѓе.

Но, за сосема кратко време оваа бања станала толку популарна, што градскиот совет одлучил да изгради нова, поголема и поубава бања во која што луѓето ќе можат да уживаат во капењето, лекувањето и релаксацијата.




Така, термалната бања Széchenyi, уредена со ентериер од нео-барокот, била изградена во 1912 година, а во 1913 година целиот објект доживеал ново проширување, со нов 50 метри долг базен. Во средината на шеесеттите, бањите доживеале ново реновирање, вклучувајќи го и базенот наменет за групна термална терапија, како и отворањето на дневна болница за физиотерапија.

Денес во склопот на Széchenyi бањите се сместени 18 различни базени со различна температура на водата, вклучувајќи го и големиот базен на отворено. Во рамките на комплексот се сместени и просториите за масажа, џакузи и сауна, а во топлиот период од годината, посетителите можат да се сончаат топлес на самиот покрив од овој необичен објект.


Покрај тоа што претставува место каде што посетителите може да го пронајдат соодветниот третман за своите болести, во вечерните часови, ова место се претвора во вистинска оаза на забавата, па така, не ретко, во бањите се организираат најразлични забави, дури и во зимскиот период, па младите во костими за капење доаѓаат да уживаат во необичното дружење.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2015 во 14:40

БАЊА БАНСКО Струмица

Бања Банско претставува римска бања, која е термоминерално лекувалиште од античко време. Овој објект е одалечен околу 12 километри источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица . Откриен е во 1978 година, при копањето на темелите на хотелот „Цар Самуил“. На површина од 1000 м2 се откриени десет простории. Малите ниски простории се наоѓаат на источната страна, а на западната страна се наоѓаат повисоките простории. Ѕидовите се зачувани во височина од 2 метра до 6,70 метри.

Термата (бања) имала простории за соблекување, сауна, базени со топла, ладна и млака вода и.т.н. Бањата ги користела термоминералните води од изворот “Парило“, што се наоѓа 50 метри јужно од бањата. Термата најверојатно потекнува од III век, од времето на римскиот император Каракала (211- 217), кој подигал и обновувал терми низ империјата.

Бања Банско има забележителен капацитет како основа за развој на спа и бањскиот туризам. Водата на Банско спаѓа во групата на наѕтрумско-сулфурни, алкални и азотни  води кои во себе содржат ретки минерали . Таа е од јувенилно потекло, односно доаѓа од големи длабочини и нема атмосферски влијанија. Обилноста и температурата на водата не се менува што има посебно значење за нејзиното искористување.


ДЕБАРСКИ БАЊИ

Дебарската котлина и нејзиниот поширок дел, во кои се сместени и Дебарските бањи Цапа, се карактеризираат со постоење на многубројни минерални и термоминерални води, кои се од посебен интерес за развојот на овој регион. Покрај живописната река Радика и Дебарското езеро, на десна страна се наѓа хотелот Косоврасти, додека на подножјето на планината Крчин, 4 километри северозападно од Дебар, се наоѓа хотелот Бањишт, еден од најстарите бањи во Балканот. Најновите истражувања покажуваат дека овие лековити води се единствени во светот по богатата структура на минерали, и нивните лековити ефекти, и не може да се споредуваат со други. Богати се и со негативни јони на хидрогенот, затоа спаѓаат во категоријата alive waters, води кои имаат магични ефекти. И како да не е сето тоа доволно, Господ им подарил и оптимална температура за човековото тело од 39-40 степени Целсиусови. Хотел и спа Бањишт сместен на надморска висина од 880 метри, е идеално место за тие што сакаат да се релаксираат и уживаат во чистиот планински воздух, природната термо-минерална вода и прекрасната храна. Во вкупно капацитет од 126 соби, овој хотел е реновиран неколку пати од неговата приватизација, а со последното реновирање беа опфатени вкупно 72 соби и сите медицински простории (април 2012 година).


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2018 во 09:05
Image result for photos of познати термални бањи LUTRAKI


Related image


Лутраки
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.