|
Мафини |
Внеси реплика | страница <1 678 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусни мафини со карфиол и сирењеПонекогаш за да подготвите вкусни јадења не се потребни многу состојки, туку и со наједноставните може да подготвите закуски кои откако еднаш ќе ги направите, ќе посакате да ги јадете постојано. Токму таков рецепт е и следниот за кој ви се потребни само три состојки. Потребни состојки:
Начин на подготовка: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецепт: Мафини од рогачИстиот може да се користи и како замена за чоколадо, а денеска Ви откриваме рецепт за совршено меки и вкусни мафини. • 2 шолји брашно • ¾ шолји шеќер во прав • 1 шолја млеко • 2 шолји изгмечени банани • 2 јајца • 3 лажички рогач во прав • 1 лажичка јогурт • 1 лажичка екстракт од ванила • ½ лажичка цимет • ½ лажичка сода бикарбона • 150 гр. путер, стопен и малку изладен • малку сол Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и намастете ги калапите за мафините. Измешајте ги сувите состојки: брашното, шеќерот, солта, рогачот, содата и циметот. Потоа, во средината додадете ги јајцата, млекото, стопениот путер, јогуртот, екстрактот од ванила и бананите. Мешајте сè додека состојките не се соединат. Наполнете 3/4 од калапите со смесата, а потоа печете околу 20 минути. Извадете ги мафините од рерна, оставете малку да се излади и послужете. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овошни мафини со праскиПотребно е: 400-500 грама брашно Полнење: 1 пудинг од малини Подготовка: 1. Замесете тесто со квасец, шеќер, млеко и брашно, додадете малку сол. Тестото мора да бид етврдо и мазно. 2. Оставете го да порасне, развијте кора со дебелина од 1 сантиметар, па со чашка извадете крофнички. Развлечете ги малку со рака и обложете ги калапите за мафини. На дното ставете една лажичка суво грозје. 3. Пудингот згответе го во млекото во кое ќе додадете шеќер (по желба). Оладете го малку и ставајте лажичка по лажичка во мафините преку сувото грозје. Преку пудингот втиснете парчиња праски. Покријте ги малку да нараснат и печете ги околу 30 минути на температура од 200 степени. Изменето од Valerija - 02.Август.2017 во 14:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мафини со јаболкa и циметПотребно е: 200 гр брашно 140 гр шеќер 1 лажиче цимет 2 лажичиња прашок за пециво малку сол 1/3 чаша (од 200 мл) масло 1 јајце 1/2 чаша полномасно млеко 1 јаболко, изрендано 1 јаболко, исецкано на коцкички Подготовка: – Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта и прашокот за пециво. – Во друг сад изматете ги маслото, млекото и јајцата. Полека додадете ја оваа смеса кај сувите состојки и мешајте со дрвена лажица. – Додадете го изренданото јаболко, а потоа и јаболкото исецкано на коцки и измешајте. – Со горната смеса наполнете ги книжните корпички 1/3 од волуменот. – Подгответе ја смесата за посипување. Измешајте ги овесните снегулки, шеќерот и циметот и додадете го путерот исецкан на коцки. Со раце замесете ја смесата додека да добиете трошки. Овие трошки посипете ги над смесата во корпичките. – Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-25 минути. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слатко-солени мафиниНесекојдневна комбинација на чоколадни мафини со авокадо, банана и спанаќ за здрава ужина. Потребни состојки: 2 шолји брашно 1 кафена лажичка прашок за пециво ½ шолја какако 2 јајца 1 лажичка ванила ½ шолја мед ½ шолја павлака 1 банана 1 авокадо 2 шолји спанаќ ½ шолја чоколаден корнфлекс |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Солени мафини со топено сирењеПотребни состојки: 300 грама брашно ½ чаша масло 2 јајца 300 грама јогурт Малку сол Пакетче прашок за пециво 150 грама кашкавал, рендан 100 грама топено сирење 2-3 лажици сув босилек Подготовка: Во една чашка измешајте ги јајцата, јогуртот и маслото. Во друг сад измешајте ги сувите состојки – брашното, солта и прашокот за пециво. Потоа измешајте ги двата вида состојки и промешајте енергично, за да се добие хомогена смеса. Конечно додадете рендан кашкавал и исецкано топено сирење. Измешајте и додадете босилек. Истурете ја смесата рамномерно во калапите за мафини, внимавајќи да не ги преполнувате. Имајте на ум дека тестото ќе нарасне и ќе излезе од форма. Печете на температура од 180-200 степени околу 30 минути. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мафини со ванилаПотребни состојки: 2 јајца 7 лажици шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 4 лажици гриз 5 лажици брашно 1 кесичка пудинг од ванила 9 лажици млеко 6 лажици масло за јадење 1 прашок за пециво За прелив: 100 грама шеќер 200 мл вода Подготовка: Веднаш ја вклучуваме рерната да се загрее на 220 степени. Јајцата шеќерот и ванилата заедно ги матиме со миксер. Гризот, брашното, пудингот од ванила, млекото, маслото за јадење и прашокот за печење ги мешаме со лажица. Потоа ги соединуваме со другата смеса. Смесата потоа ја ставаме во калапи за печење. Печиме околу 15 минути, шеќерот и водата ги ставаме во тенџере на оган да се растопат. Откако ќе биде готов шербетот ги поливаме изладените мафини. Изладените мафини ги ставаме во хартиени корпички и ги декорираме со шлаг пена . |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dave’s Kitchen: Мафини со вишниДенес ви ја препорачуваме традиционалната класика- колач со вишни, трансформирана во нешто што ќе ви го одземе здивот, а сетилото за вкус ќе ви биде повеќе од благодарно! Потребни состојки:
Начин на подготовка: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Солени мафиниПотребни состојки:
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мафини со портокал и ореви – Совршен празничен десерт со кој ќе ги воодушевите гостите!Овој златен рецепт со неверојатен вкус ќе ги претворите сивите студени зимски денови во топло слатко задоволство, со кое дефитивно ќе ги импресионирате вашите гости, а повторно ќе ги освоите вашите најблиски! Еве како лесно да ги приготвите! Мафини со портокал и оревиОвој златен рецепт со неверојатен вкус ќе ги претворите сивите студени зимски денови во топло слатко задоволство, со кое дефитивно ќе ги импресионирате вашите гости, а повторно ќе ги освоите вашите најблиски! Еве како лесно да ги приготвите! Оброк: Десерт Кујна: Американска Клучни зборови: торта со ореви, мафини, портокал Состојки
Начин на подготовка
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мафини декорирани како мали, новогодишни елкиОвие неодоливо слатки мафини ќе станат задолжителен дел од вашето празнично мени. Децата ќе ги обожаваат, но нема да им одолеат ниту постарите. Вкусот е неодолив и чоколаден, а за изгледот доволно зборуваат сликите. Потребни состојки:За тесто:
За декорација:
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мафини со мед Потребни состојки:- 3 јајца - 70 гр. шеќер - 1 ванилин шеќер - 80 гр. путер - 90 гр. мед - прстофат каранфилче и мускатно оревче - 1 лажичка цимет - 1 лажичка зачин за медени колачиња - 1 лажичка кора од портокал - 100 мл. млеко - 260 гр. просеано брашно - 1 прашок за пециво - џем со вкус по желба (за полнење) Начин на припрема:1. Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го истопениот путер, медот и млекото. 2. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки, а потоа соединете ги со смесата од јајца и матете додека не добиете хомогена смеса. 3. Наполнете ги калапите за мафини до половина. 4. Додајте по една лажичка џем во секој мафин и прекријте со уште малку смеса. 5. Печете околу 15 минути во загреана рерна на 180 Целзиусови степени. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 678 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |