Салата со брокула која ќе ја правите секој денСОСТОЈКИ ЗА 1 ПОРЦИЈА:

  • 1/4 средна големина на брокула
  • 1/2 јаболка
  • 1 лажица кисела павлака
  • 1 лажица мајонез
  • 10 гр ореви
  • 10 гр бадеми
  • 10 гр суво грозје
  • 1/2 лажичка мед

За подготовка на ова јадење потребно ви е и длабок сад за мешање, лажица за мешање, како и длабока чинија за сервирање.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Подгoтвете ги намирниците: брокулата ја сечкате на тенки лентички, јаболкото на коцкички, а оревите и бадемите ги сечкате ситно.
  2. Во длабок сад ги додавате брокулата, киселата павлака, мајонезот, јаболката, оревите, бадемите и медот. Зачинувате со сол и бибер по вкус и промешувате додека да се соединат сите состојки. Доколку не сте љубител на мајонез, заменете го со дополнителна количина на кисела павлака.
  3. Сервирате во длабок сад. Одозгора додадете го сувото грозје и дополнително декорирајте по желба.

Добар апетит!