|
Празници (имендени, слави) и празнувања |
Внеси реплика | страница <1 567 |
Автор | ||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Света Петка - Летна
Kултот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Во православниот каландар постојат три личности со исто име Света Параскева - Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка - Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и се празнува на 27/14 октомври, и поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и Света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на света Петка во близината на Охрид. Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхирстијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка. Првата Света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани, дека биле христијани и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви. Уште од мала била воспитувана во христијански дух, а и самата влијаела врз луѓето да се однесуваат христијански. Рано и умреле родителите, а таа целиот имот го раздала на сиромаси и се замонашила. Како монахиња со уште поголема жар го проповедала христијанството иако во тоа време оваа вера била забранувана и најжестоко прогонувана од римската власт. Пакосните Евреи први ја наклеветиле кај императорот Антониј Пиј, кој најпрвин со ласкања се обидел да ја придобие да се откаже од својата вера. Но кога во тоа не успеал ја подложил на жестоки измачувања ставајќи и на главата вжештен шлем. Но и од овие страдања на чуден начин се спасила, побегнала од Рим и продолжила да ја проповеда вистинската вера Христова. Уште на два пати, односно уште во два града Параскева била измачувана но пак на чуден начин се спасила, неверојатно брзо излечувајќи се од раните. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, а кога била фрлена во котел со врело масло и со катран, таа останала неповредена, а од течноста му прснало на императорот во очите по што тој ослепел. Параскева се помолила на Господа и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале многумина ја примиле христијанската вера. За да ја скријат вистинската причина за нејзиното брзо оздравување, паганите нејзините чуда ги објаснувале со маѓии, а оздравувањето му го припишувале на нивниот Бог. Но самата Параскева еднаш на мачителот му рекла: „Не ме излекуваа твоите Богови, туку мојот единствен Бог Исус Христос.” Најпосле некој кнез по име Тарасиј ја исекол со меч. Тоа се случило во ИИ век. Подоцна моштите и биле пренесени во Цариград. Култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата. Според некои записи од минатото во некои наши краишта (на пр. Мариово) петокот се празнувал повеќе од неделата. |
||
Бела
Нов член Регистриран: 28.Декември.2011 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Почна одбележувањето на Христовото раѓање со палење на бадников оган. Традиционално како и секоја година, јадење, пиење и музика. Од толку гласна музика, не требаше да искочам надвор да знам што се случува, се изнаслушав "хитови" од Дејан Матич, Синан Сакич, слушнав Сине мој и Све је постало пепео и дим, ајде за вторава ќе разберам, наменска е, за фајрон хаха..и така натака да не набројувам пола српска естрада.. Ја слушнав и милионерче, а врвот беше типот што ја пееше кеш, и малку по срамежливо на делот секси веш, но не навлегувам подлабоко во таа тема. Не ми е јасно, до толку ли сме штури во избор на песни, наши, македонски, па да мора да се отупува со овие песни? Ова повеќе ми личи на свадба, па чочеци, па незнам што ли уште не, завиваат на микрофон, стварно незнам на што личи ова? Аман веќе од Србомани и Бугарофили, да ве потсетам, ако некој се пронајде во ова, да ве прашам КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊАА?
|
||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
[QUOTE=Бела]Почна одбележувањето на Христовото раѓање со палење на бадников оган. Традиционално како и секоја година, јадење, пиење и музика. Од толку гласна музика, не требаше да искочам надвор да знам што се случува, се изнаслушав "хитови" од Дејан Матич, Синан Сакич, слушнав Сине мој и Све је постало пепео и дим, ајде за вторава ќе разберам, наменска е, за фајрон хаха..и така натака да не набројувам пола српска естрада.. Ја слушнав и милионерче, а врвот беше типот што ја пееше кеш, и малку по срамежливо на делот секси веш, но не навлегувам подлабоко во таа тема. Не ми е јасно, до толку ли сме штури во избор на песни, наши, македонски, па да мора да се отупува со овие песни? Ова повеќе ми личи на свадба, па чочеци, па незнам што ли уште не, завиваат на микрофон, стварно незнам на што личи ова? Аман веќе од Србомани и Бугарофили, да ве потсетам, ако некој се пронајде во ова, да ве прашам КАДЕ СТЕ
Е НЕ МОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ НАВИСТИНА ТОЛКУ ШАБАНЕРИЈА И НА ОВОЈ ДЕН КАЈ НАРОД СО 2000 ГОДИШНА ТРАДИЦИЈА....КРАЈ.... |
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
chestitka na site onie shto go nosat imeto ., bozhin i shto go chevstvuvaat praznikot .,
sreken imenden |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Христос се роди!
Нека ни е честит најголемиот празник на сите православни Честит Именден на сите кои го носта името Божин, Божана, Божица |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Hristos se rodi! Srekjen imenden na site koi slavat! |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Среќен именден на сите Василки, Васковци, Василевци
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
na site ., Jovanki ., i Jovan ., shto go imaat ova sveto ime im go chestiyam imendenot ., zdravje i sreka vo zhivotot
|
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прочка и Простувањето .... Проштавајте и ќе ви биде простено.
Човечки е да се греши но и да се простува. Денешниов ден според православниот календар се празнува како ден на простувањето. Постарите од помладите и обратно бараат прочка за сите умислени навреди и грешки кои си ги сториле еден на друг. Со прочка започнуваат и големите Велигденски пости кои траат цели 7 недели . Празникот се смета за еден од најголемите празници веднаш по Божиќ и Велигден. Покрај богата трпеза за прочка се амкаат и варени јајца. Според обичајот јајцето се врзува на конец над трпезата, а детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година. Денот по Прочка е чист понеделник а воедно овој ден го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници. |
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Денес го празнувавме „Летник“.
По стариот календар овој ден се празнува на први март, а по новиот денес, на 14 март. Според народните преданија, тоа што денес ќе ви се случи, ќе ви се случува цело лето. |
||
LenaLove
Нов член Регистриран: 20.Јуни.2017 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Здраво дечки!
Можете ли да ми помогнете да најдам подарок за роденденот на мојот сопруг? Тој ќе се претвори 29 следниот месец и тој е заинтересиран за модерната технологија. Мојот буџет е околу 100 динари. Дали имате било какви предлози? |
||
LenaLove
Нов член Регистриран: 20.Јуни.2017 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Така че намерих тази сладка пощенска картичка с опция за прикачване на видео с увеличена реалност :) Това беше чудесно решение да я купя! Майк обичаше това, докато записах забавно поздравително видео за него и той го гледаше директно на пощенска картичка! : D Купих го от postcardactually.com
|
||
Внеси реплика | страница <1 567 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |