Испечати | Затвори го прозорот

Празници (имендени, слави) и празнувања

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21022
Датум на принтање: 24.Април.2024 во 11:34
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Празници (имендени, слави) и празнувања
Постирано од: mamamd
Наслов: Празници (имендени, слави) и празнувања
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 07:47
Бидејки живееме во земја во која покрај роденденот се слави и именденденот би требало да  честитаме и  имендени.
Најубавото е тоа што секој ден така речи има некој христијански празник (именденот е христијанска прослава)
Денеска на 24 Мај е ден на словенските просветители Св. Кирил и Методиј
Нека им е вечно името на сите кои ги носат имињата
Кирил
Методијаголемо%20гушкање



Коментари:
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 13:11
Среќен именден на еден Кире....

-------------
You think you are perfect? Well, try walking on water...


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 13:11

еве јас да почестам за именденот...повелелеголемо%20гушкање


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 14:08
Vecno ime na Kire od Prilepголема%20насмевка

-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 16:03
Kire i Mende vo Prilep se cesti pa skoro preku 2-3 kuki...vo edna familija, niz site generacii skoro ima nekoj mende ili kireсреќасреќаbarem si se sobirame lugevo, da se poveselime i raspolozime, zosto ova denesnovo sekojdnevie ne ubivaголемо%20гушкањеголемо%20гушкање

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 17:18
Честит именден!големо%20гушкање  За многу години денов!


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 17:23
Bas  iam drugar od PP Mende se vika голема%20насмевка Kako i da e srekjen imenden na site kirevci i metodievci  среќа големо%20гушкање 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 22:22
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Vecno ime na Kire od Prilepголема%20насмевка


thanks Majce-md големо%20гушкање





-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: irenka2
Датум на внесување: 24.Мај.2009 во 22:37
Cestit imenden Kiril i Metodij

-------------
MAKEDONIJA BILA I KE BIDE


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 28.Мај.2009 во 18:42
Честит именден на сите кои се викаат Спасеголемо%20гушкање

-------------


Постирано од: irenka2
Датум на внесување: 28.Мај.2009 во 21:39
Cestit imenden Spasovden

-------------
MAKEDONIJA BILA I KE BIDE


Постирано од: pane_juventus
Датум на внесување: 02.Август.2009 во 02:14
Neka e cestit "ILINDEN"
Cestit imenden na site slavenici.


Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 02.Август.2009 во 14:54
Честит Именден

-------------
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн


Постирано од: mistake
Датум на внесување: 04.Август.2009 во 14:56

.



Постирано од: Enigma
Датум на внесување: 28.Август.2009 во 10:33
cestit praznik na site GOLEMA BOGORODICA


-------------
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 09:35
 Се ближи Нова година и се почести се разговорите, договарања каде, со кој, како. Убаво е тука да наредиме некои корисни совети за подобро да поминеме за време на празниците. голема%20насмевка Преземено од Шпиц
Преживејте ги празниците






Доаѓаат празниците Божик, Нова година. Ќе има многу прослави на работа, со пријателите, дома. Еве неколку совети како да се преживеат овие празнични забави и веселби.
Почнете ја вечерта среќни, а не гладни. Храната помага полесно да се апсорбира алкохолот и му овозможува на телото да ги метаболизира отровите. Почнете ја вечерта со среден оброк, а потоа земете по малку од храната на барот за закуски, како мезе.
Одберете лесни (или полесни) пијалаци. Пијалаците со помалку алкохол ќе ви овозможат да славите со колегите и пријателите, а да не се опијаните или да се „натрескате“. Наместо виски, вотка, коњак или ракија, нарачајте пијачка со помалку алкохол. Најдобри се коктелите, или жестоките пијалаци да се мешаат со сокови. И не заборавајте: пијалаците со помалку алкохол имаат и помалку калории.
Пијте повеќе вода. Внимавајте да не дехидрирате. Меѓу секоја чашка алкохол, напијте се една помала чаша вода. Количината на алкохол исто така може да се намали ако пијалакот се пие со мраз.




-------------


Постирано од: konan
Датум на внесување: 06.Декември.2009 во 12:45
za toa jas ne zimam spic, tresat zeleni,kolicinata na alkohol nemozis da ja ublazis so zemanje voda pomegu sekoja chaska, duri moze da e negativen efektot vo zavisnost od metabolizmot na individuata.Jas bi predlozin nesto kvalitetno, za da se zabave absorcijata na alkohol vo krvotokot, a so toa i vo mozokot bi vi preporachal limon, vitamin C vo izobilstvo, istiot ja zabavuva absorcijata na alkoholot vo krvta a zaedno so dosta limon  so pienjeto alkohol ke mu dadite moznost na organizmot da pobavno go transportira alkoholot,(nee , prezemeno od trach rubrika, zboruva naukata i iskustvoto vo toj del)газење%20од%20смеење

-------------
Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 07.Декември.2009 во 23:51
Јас сум штрумф што мрази празницилутина
Само јадењето ме интресиразадоволство


-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 12.Декември.2009 во 21:19
paaa , ne primenuvajte seks za nova godina.....губитник
veruvajte nema da ja dochekate kako site so shampanjac......
ke zaglavite vo krevet....хи,%20хи...


-------------


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 12.Декември.2009 во 21:24
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

paaa , ne primenuvajte seks za nova godina.....губитник
veruvajte nema da ja dochekate kako site so shampanjac......
ke zaglavite vo krevet....хи,%20хи...
Бјонси е сон на секој маж. Во секоја манџа става-секс (се надевам нема да ми замери)хи,%20хи...

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 12.Декември.2009 во 21:30
нека%20ти%20е%20срам   bijonse1 ne zameruva site zheni se takvi pomalku poveke ama ne se direktni kako nea.........
ti zameruvam deka seksot лутина go meshash so mandzata  .......
daj bidi po seksipilna mozhesh ti намигнување


-------------


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 12.Декември.2009 во 21:37
Ама и во готвењето манџа треба да има доза на сексуалност за да биде повкусна, нели, таа ќе се наведне да ја провери тавата во рерна, ќе се поткачи на столче да докачи некој зачин...а тој гледа и лиги му течат...од мирисот на манџата.






-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 14:44
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Ама и во готвењето манџа треба да има доза на сексуалност за да биде повкусна, нели, таа ќе се наведне да ја провери тавата во рерна, ќе се поткачи на столче да докачи некој зачин...а тој гледа и лиги му течат...од мирисот на манџата.




 
Да, ама кога се поткачуваш и поднаведнуваш треба и да заборавиш (намерно) да облечеш нешто одоздола за свита тија зачини да имаат поголем ефект врз манџата што се готвиплазењеплазењеплазењеплазење
задоволство ихааа


-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 16.Декември.2009 во 18:43
http://www.mojnet.com/korisnik/boa/slika/mala-maca/116084 - NOVA GODINA

http://www.mojnet.com/korisnik/jagi/slika/seka-i-braco/106122">festival%20balona%20postao%20vatromet%20kad%20je%20balon%20eksplodirao


Симболично, Новата година претставува обновување на животот, а обичаите поврзани за тој ден влечат корени од далечното минато. Славењето на заминувањето на старата и доаѓањето на новата година е престар религиски,општествен и културен образец во речиси сите делови на светот. Историјата на прославувањето на Новата година не е вистински потврдена, но се смета дека Вавилонците тоа го правеле уште пред 4.000 години. Римјаните исто така ја славеле Новата година, но нивниот календар се менувал со секој нов владетел се додека римскиот Сенат 153 година пред нашата ера не го “втемелил“ 1 јануари за почеток на Новата година.Германците, според едно од низата толкувања, први во 16 век вовеле обичај за китење на елката. Легендата вели дека китењето започнало со втемелувањето на протестантизмот на Мартин Лутер. Лутер шетајќи низ шума бил воодушевен од илјадниците ѕвезди кои светеле низ елките.
Толку бил зачуден па отсекол мало дрво и го однел дома на своето семејство. За да ја оживее истата убавина која ја видел во шумата, закачил и мали свеќи на гранките.
Во Европа и Америка китењето на елката станало популарно во 18 век. И денес низ светот, со полно елки, шампањ, размена на поклони и огномет, се слави новата година.
Некои новогодишни симболи опстанеле низ сите цивилизации..губитник



-------------


Постирано од: anakin
Датум на внесување: 16.Декември.2009 во 18:56
se blizi krajot na godinata
PA DA VI POSAKAM SE NAJDOBRO VO GODINATA STO IZMINA среќа


-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.



Постирано од: pagane
Датум на внесување: 16.Декември.2009 во 19:00
Обожавам Божик. Красив е...со божичното дрво и трапеза..со сите подготовки за него...со неговото послание.
Не jа сакам Новата година...Премногу очекуваниjа и надежи, а всуштност само времето поминало... Не очекувам...само сакам да се промени незиниот броj.


Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 19.Декември.2009 во 12:48
Aj cestit imenden na site slavenici  (Nikola, Nikolina i sl )


Za mnogu godini praznikov среќа


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Декември.2009 во 15:35
Вечно име на сите славеници на Св. Никола

-------------


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 19.Декември.2009 во 16:59
Честит именден на сите славеници


-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: PARMEON
Датум на внесување: 19.Декември.2009 во 17:42
Na mojto bratucedski narod,hora,ljudi ja
Patmeion zeluvam sreka i rados na denaski den.
Da vas sreca prata i da su sicki radosni i dobre.

Voli vmo vas i pozdravljuemo od Gpteborg-Svedska


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 19.Декември.2009 во 17:46
srekna slava na mama i tatoголемо%20гушкањеголема%20насмевка

-------------
druzhba si e druzhba,a sluzhba si e sluzhba...


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 19.Декември.2009 во 17:54
Фала member_profile.asp?PF=23618&FID=70 - PARMEON   жив и здрав да си и за многу години нека е Св.Николасреќа

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 25.Декември.2009 во 20:57
Sreken Bozik na site koi slavat deneskaголемо%20гушкањеголемо%20гушкање

-------------


Постирано од: na oko
Датум на внесување: 27.Декември.2009 во 10:32
i od mene sreken bozik/katolicki/


Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 30.Декември.2009 во 22:17
од мене среќна нова година и ги молам админите и модераторите сите членови што се банирани да се одбанираат за утрешниот ден да се дружиме сите како големо семејство

-------------
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 31.Декември.2009 во 13:40
Среќни новогодишни празници големо%20гушкање

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Јануари.2010 во 16:15
НОВОГОДИШНИ ОБИЧАИ

new-year-fireworks-hk

Секоја земја има свои новогодишни обичаи:

Шпанците
на пример, на полноќ јадат грозје и тоа по 12 зрнца за да бидат среќни сите 12 месеци во годината, Грците јадат колач во кој се наоѓа паричка, која за Нова година носи среќа - првото парче од лебот е за малиот Исус, второто е за таткото на куќата, а третото за куќата, ако паричката се најде во третото парче, таа година пролетта ќе пристигне рано, а семејството може да се надева на среќа цела година.
Германците им е незамисливо Нова година да помине без огномети. Тие секоја година на огнометите трошат 100 милиони евра. Традицијата на новогодишната вечер да се направи врева потекнува од средниот век кога луѓето ѕвечкајќи оделе по улиците за да ги избркаат злите духови. Подоцнa на ред дошле барабаните, црквените ѕвона и сите други инструменти.
Новогодишната трпеза е исто така симболична. Супа од леќа или свинско се симбол на благосостојба. Риба значи добра иднина бидејќи секогаш плива напред. Оној кој за Нова година спростира алишта, самиот си е виновен ако во новата година ќе мора многу да работи. На нова година во Кина сите врати се украсени со нешто црвено, бидејќи црвената боја е симбол на среќа и веселба. Иако сите семејства се подготвуваат за славење на новогодишната ноќ, од домовите се отстрануваат сите ножеви во текот на 24 часа, за никој да не се повреди бидејќи таа незгода би значела дека таа личност ја „пресекла“ односно ја попречила среќата во семејството во новата година.
Австријците на Нова година подготвуваат свечен ручек кој вклучува печено месо, како симбол на среќата и благосотојбата. А за десерт - сладолед од ментол во облик на детелина со четири листа. Тоа се главните услови за осигурување на среќата во новата година за тој народ.
На Нова година, Британците се плашат од тоа кој прв ќе им дојде на гости, бидејќи, според старите верувања, тоа покажува колку ќе имаат среќа во новата година. Ако на гости прво ви пристигне машко друштво со подароци, вие сте вистински среќник. Но не се надевајте многу ако прво ве посети женска личност. Традиционалните подароци се јаглен за оган, леб за трпезата и пијалок за господарот на куќата.
Добро е куќата или станот да имаат две врати, бидејќи за среќа гостинот треба да влезе на предната, а да излезе на задната врата. Ако доаѓаат повеќе гости, никако не смее прв да влезе гостин кој не носи подарок. Кога ќе отчука точно 12 часот, треба да се отвори предната врата и така да и се посака добредојде на новата година и среќата која таа ја носи.
Стариот сицилијански обичај вели дека среќата во новата година ќе им дојде на оние кои на Нова година јадат лазањи, но несреќата следи за сите оние кои на тој ден јадат макарони или која било друга тестенина освен лазањи.
За Нова година, Норвежаните се почестуваат со пудинг од ориз, а во него сокриваат еден бадем. Пудингот се сервира во голем сад, во кој се наоѓа само еден бадем. Се послужува во чинивчиња, а се верува дека личноста која ќе го пронајде бадемот, во следнат година ќе ја следи среќа и богатство.
Холаѓаните за Нова година јадат крофни бидејќи веруваат дека тие носат среќа во новата година.
Обичајот за подарување бакнеж на полноќ во Америка потекнува од маскенбалите кои биле вообичаени во текот на историјата. Според традицијата, маските ги симболизирале злите духови од старите времиња, а бакнежот претставува прочистување во новата година.
Хаичаните за Нова година секогаш облекуваат нова облека и разменуваат подароци, за да ја повикаат среќата, додека Јапонците во домовите ставаат гранки од елка за долг живот, стебла од бамбус за благосостојба и слики од расцветана цреша за благородност.................голема%20насмевка
Во Бразил обичај е на новогодишната ноќ да се носи бела облека за среќа и мир во годината што следи. Луѓето што живеат покрај море, можат да посакаат желба и да одат на плажа, да прескокнат седум бранови и да фрлат во морето цвеќе, за желбата да им се исполни. Се верува дека тоа ќе им донесе среќа и благосостојба во целата нова година, бидејќи божицата на морето ги исполнува сите желби.
Во некои градови во Колумбија, семејствата симболично го слават заминувањето на старата и доаѓањето на новата година, забавувајќи се со кукла. Големата, машка кукла ја претставува старата година. Понекогаш во куклата се ставаат петарди и стари работи кои на семејството веќе не им се потребни. Тоа се нешта кои потсетуваат на тажни спомени и нешто што сакаме да го заборавиме. Палењето на тие нешта симболично значи дека се оставаат сите лоши нешта од старата година и се поздравува една нова, посреќна година.


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 17:41
Македонски Божиќ во Куманово
http://www.mn.mk/istorija/1050-Makedonskiot-Bozik-vo-kumanovsko -
Македонија е земја на верски и обредни обичаи. Традицијата и вербата во Бога, почитта кон празниците и култот кон празнувањето се присутни во секое верничко семејство.
Нашата македонска национална душа што  ја изградувале нашите претци во тек на долги векови, останува да се пренесува низ вековите.
Божик, или Коледе,   цели   1.100 години,   од денот  кога ние Македонците сме станале христијани,   бил најголемот празник и за нашиот народ,   најголема негова радост.   За многумина Македонци Божик, и е денес  најголем празник,   најголема радост и тука во Македонија, но и по дијаспората, македонците знаат прилично доста за македонските  божикни обичаи што ги научиле  од  своите родители.
Божикните  обичаи,  како и сите други обичаи,  варираат  од еден крај  на друг,   но  општо  земено,   тие  се  слични или многу блиски, еден на друг  во  цела Македонија, но поконкретно обичаи во Кумановско. БОЖКИК И денес  се дочекува и  слави со  обичаите   од  старато време. Ние Македонците  сме христијанска нација,   христијанските  обредни обичаи    влегуваат  во  основата на нашата национална култура,   затоа ако  се  откажеме     од  нашите  стари верски обичаи ние ке се откажеме  од најбитното во нашата национална култура и наместо да станеме модерни,   ние: ќе  се  сториме  безлични културни варвари
Божиќ почнуваше да, се чека шест  недели пред  него, православните христијани држат за Божик шестнеделен пост   што  значи,   дека 42 дена никој не  јаде месо,   сирење,   млеко,   сало  се што  е производ од животни.  Денот  пред почетокот  на шестнеделниот  пост  се вика ПОКЛАДИ и се прославува со  богата блажна гозба.  Вечерата спроти првиот постен ден,  домакинките  готват   богата вечера со месо, кое  овој  временски период  го  има доволно,   бидејки во доцна есен селаните колат  свињи  и после  таа  богата блажна вечера следат  42 дена во кои  се   јаде посен грав    чорба или манџа од компири, расол,   варени  и потоа толчени  суви пиперки.
Се  смета  за голем грев  пред Господа некој да блажи во постните недели,   а ако  порано, пред 40тина години, се најдеше некај  таков,   тој беше  сметан  од сите  за голем грешник  антихрист  и попот него  не го причестуваше. Постењето кажува дека Божик наближува и децата го  очекуваваат  со големо  нетрпение. Се  натпреваруваат  кое дете ке направи што поубава КОЛЕДАРКА,   а тоа е  една четалеста гранка со две прачки,   на кои на денот Коледе, децата (коледарите) нижат „колачи    од посно малечки лепчиња кои им ги подаруваат домакинките во селото,   Со денови одиме  од дрво на дрво да најдеме погодна гранка за коледарка,   и  откако ке   ја отсечат,   ја носат дома и ја делкаат внимателно. Кога е  готова, се закачува да виси на највидно место во собата сите да  ја гледаат  колку е убава.

Во кумановскиот крај  е  обичај првиот ден на Божик после шестнеделното постење луѓето да се „облажат“ со месо  од врапче.  По преданието оној  кој  на Божик  се  облажи со месо  од  врапче ке  бил здрав  цела година и ке  бил лесно подвижен,   ке „летал како врапче“.
На Божик,   кога децата од  радост  и нестрпливост  стануваат уште во  зора,   се  облажуваат прво  со копанче од врапче. Но, најрадостниот ден  од  Божикните празници е КОЛЕДЕ,   а тоа е денот  пред „Божик“.   На тој  ден децата се собираат  рано утрото секое во  своето маало и формираат во  селото неколку коледарски групи,   Секое дете доага на зборното место  со својата  коледарка во рака и  со  торба на рамо. Коледарските групи одат  од куќа на куќа низ  селото се додека не се уморат  или не премрзнат  од  студ   зашто,  Дедо Коледе  е  бел,   снег тогаш има понекогош и до колена. Коледарите  пеат  коледарски песни пред  секоја кука и добиваат  подароци од домакините.   Една од нив  започнуваше вака „Ој  Коледе,   Коледе дедо, Се  родило  Божје  чедо...
Домакините  и домакинките  ги причекуваат  коледарите  со  решета полни подароци.   Подароците  се  состојат   од мали  тркалести лепчиња, кои се викаат колачиња иако  во  нив  нема шекер и такво чепче добива секое дете коледарче. Дарчето добиеното  лебче  го  ниже  на коледарката.   Голема радост на секое коледарче  е  ако  тоа успее  својата коледарка да  ја наполни до врв   со колачи.   Но коледарите добиваат  подароци и разно овоштие   ореви,   кестени,   јаболки,   суви  смокви и  коледарењето завршува некаде кон пладне,   тогаш коледарите  си  одат дома да се пофалат  на своите домашни дека насобрале полно  подароци.

За вечера на денот Коледе се готви посна вечера од повеќе врсти јадења. Тука е посен грав, кој не се запржува ни со зејтин, во него се става. само лук. Таков грав се јаде само еднаш во година, само на Коледе. Тука е зелник со праз, тука е посна сарма полнета со  ориз,   тука се и риби на тавче.

Пред вечерата во огништето се пали бадњак, тоа е едно дебело суво дрво од даб, во огнот се фрлаат зрна темјан така да целата кука мириса на темјан како да е црква. Се палат и овешти. Распламнатиот бадњак,темјанот и свештите ја создаваат религиозната мистика на Коледната вечер.

По палењето на бадњакот  целото  семејство  излегува    надвор  за да направи процесија околу куќата.  Напред  оди домаќинот  и тој в  раце носи голема погача,   него  го  следат  другите членови на семејството со  запалени свешти во раце.   Кога биде направен круг околу куката,   семејството  оди на посета кај  добитокот  (стоката). Прво  се посетува крупниот  добиток  (говедата или  биволите),   а потоа ситниот,   (козите).  Домакинот крши парчиња од  погачата и им дава на добичињата.
Таа вечер се вечера на под врз  чуканица (слама од рж) врз која се простира селска бофча.   Се  седи врз  сламата со  скрстени нозе „по турски“  .  Вечерата трае долго време,   едно  јадење сменува друго.
Таа нок  е  адет да не  се  спие в кревет,   ами сите членови на семејството  се истргнуваат  еден до друг врз  сламата- спиењето врз  сламата сака да напомне дека Божјиот  син Исус Христос  се родил во  слама    во  јаслето на пештерата во Витлеем.
Ноќта СПРОТИ  Божнк    домаинките многу малку спијат.   Тие  стануваат  уште  пред  зора да месат  и  сучат   баници (пити) и готват јадења.  Рано  на утрото  на првиот ден Божик мажите се  облекуваат празнична облека и одат в  црква, а  Жените  тој ден не  одат  в црква ами одат  на раздавање  „за Бог да прости“.  Секоја од  нив  на раздавааето  си носи и шише  греана ракија.  
Кога мажите  се  вратат   од  црква од црквата и жените  од  раздавањето семејствата се  соберат  за ручек,  а после него,   младо и  старо,   се  собира на сред  село на собор  или сеир,   Тапани  чукаат,   зурли трештатѕ   ора се вијат до доцна во  нокта.   Ората продолжуваат  и на вториот  и третиот ден  Божиќ.

Ете така се прославува Божик во Кумановско.....губитник

Со Божји благослов за верниците и сполај ви...........не%20вреден


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 00:08
СРЕЌЕН БОЖИЌ....
Христос се роди.....
за многу години....


http://www.sekojden.com.mk/sliki/X/20090107140130.jpg


-------------


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 00:48
sreken bozik na siteголемо%20гушкање

-------------
druzhba si e druzhba,a sluzhba si e sluzhba...


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 01:57
Честит Божиќ на сите кои го слават
ХРИСТОС СЕ РОДИ

И среќен именден на сите Бошковци

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 07:26
Честит Божик на сите православни вернициголемо%20гушкање

-------------


Постирано од: Enigma
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 10:11
MIR BOZJI HRISTOS SE RODI

-------------
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 07.Јануари.2010 во 11:25
Na site  forumdzii......SREKJEN BOZIKголемо%20гушкање


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Јануари.2010 во 10:11
Срекен именден на сите Стефановци и Стефанициголема%20насмевка

-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Јануари.2010 во 10:48
Neka ni e cestit denesniot den na site pravoslavni vernici. Mnogu srekja i zdravje na onie koi ke uspeat da go fatat krstot.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pravoslavnite-vernici-go-slavat-bogojavlenie-vodici - Православните верници го слават Богојавление - Водици


-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 13:40
 
 
 
  Честит именден денес на сите Јовани, Јованки Јовановци....среќа
 
  незнам колку бајадери денес  изедов....црвенеење


Постирано од: vesnicc
Датум на внесување: 20.Јануари.2010 во 14:04
za edna Jovana i nejzinite prekrasni crni oci.. ko srna ..
Cestit imenden mila !


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 31.Јануари.2010 во 00:17
Св. Валентин (Денот на вљубените)
Секој 14-ти февруари, низ целата земја, вљубените разменуваат цвеќиња, колачи и подароци, а сето тоа во име на Свети Валентин (St. Valentine).
Но кој е овој мистериозен светец и зошто го славиме овој празник? Историјатот на Денот на Св. Валентин е обвиткан во мистерија. Но знаеме дека февруари одамна е месец на романсата. Св. Валентин, каков што го знаеме денес, има обележја и од христијанската и од староримската традиција.
Тогаш кој бил светецот Валентин и како постанал дел од овие древни обичаи? Денес, католичката црква признава барем три различни светци наречени Валентин или Валентинус, сите биле маченици.
Една легенда кажува дека Валентин бил свештеник кој служел во текот на третиот век во Рим. Кога императорот Клаудие Втори одлучил дека неженетите мажи се подобри за војска од оние со жени и фамилии, ги забранил браковите за младите мажи – неговите потенцијални војници. Валентин, сфаќајќи ја нанесената неправда, се спротиставил на Клаудие и продолжил да склучува бракови на млади љубовници во тајност. Кога тие активности биле откриени, Клаудие наредил да го погубат.

Други легенди сугерираат дека Валентин можеби е погубен заради помагање при бегства на христијани од строгите римски затвори каде биле честопати измачувани.

Секоја година за Св. Валентин (Денот на вљубените) во Англија и западниот свет се испраќаат милиони честитки. Најстара позната честитка која се чува и денес е онаа на Шарл, Војводата од Орлеан кој и` напишал и испратил поема на својата жена додека бил затворен во злогласниот затвор Тауер Бриџ. Поемата (честитката) сега е дел од британската библиотека во Лондон.

Св. Валентин, го слават вљубените. Овој, инаку католички празник, во последниве години се почесто го одбележуваат и младите кај нас. По тој повод на саканите им подаруваат цвеќиња срциња, мечиња....голема%20насмевка



-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 31.Јануари.2010 во 19:18
Денеска е Св. Атанасиј. Честито и вечно име на сите Атанасовциголемо%20гушкањеголемо%20гушкање

-------------


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 03.Февруари.2010 во 15:34

Утре на мама и тато им е годишнина, ама само тато не знае.



-------------
http://jazbunet.blogspot.com/" rel="nofollow - http://jazbunet.blogspot.com/


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 20:26
Utre e Procka- den koga si  prostuvame.
Vo Veles na Procka obavezno se odeshe kaj kumot. Vo Skopje nekako toj obicaj ne se primenuva.
Ubavo e koga ke si kazme- Prosti mi! Prosteno neka ti e i od mene i od boga!голема%20насмевка
A tek
Sv. Trifun. голема%20насмевка
E sega onie pomodernite ke go slavat i Sv. Valentin- denot na vljubenite.
Vazno e da se slavi, jade i pie.голема%20насмевка


-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 20:55
Значи утрешниот ден носи три празника,од кои јас признавам два....Прочка и Св. Трифун,па во контекст на  тоа би побарала прошка од сите форумџии на кои  евентуално сум  им погрешила.

-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 18:52
Нека ми простат сите на кои несакајки сум им згрешила.големо%20гушкање
Денеска помладите со портокал или  кутија локум  во рака им бараат прошка на постарите од нив. Пред најстарите членови се праваат митании (поклонувања) и им се бацува рака. Тие пак на младите, неженетите /немажените им проштеваат и им подаваат варено јајце (симбол на плодноста и продолжување на семејната лоза), а на помалите деца паричкаголема%20насмевка
Но бидејки денеска се совпадна со Св. Валентин такаречи се преструктуираа и се направи простор младите да си тераат и денот на вљубените и Прочка.голема%20насмевка




-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 19:46

Прочка или Велики поклади...........
http://maticanaiselenici.com/images/news/kultura-procka.jpghttp://i.ytimg.com/vi/g9Skl73Cn2U/0.jpg

е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост
. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.
Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити.
Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.
Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.
Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.
Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.
Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.
Во Куманово порано на чист понеделник се играла една стара игра која локално ја неркувале ЏИЛИК, се играла фамилијарно по сокаците.Се пали и огин КАРЛАВЕШНИЦА, кој се прескокнувал три пати и на крајот кога ке згасне огинот се мачкале меѓусебно учесниците на адетот со црниот пепел.Се верува дека огинот ги истерува демонските сили од човекот како што се разно-разните караконџули и талсмани, додека пак добро измачканото лице е знак дека таа персона ке нема буви.Во недела се оди традиционално на гости кај дедото ( на супругата татко ) се бацува рака, кумот исто така не смее да се одмине и се бара прошка.Златна прочка денес ај простими ако сум грешел, со тие зборови се бара прочка.Постариот ти одговара, просто нека ти е и од мене и од бога........


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 01.Април.2010 во 17:59

ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ НИЗ СВЕТОТ

Интересни обреди што опстанале до денес.........

Ирците закопуваат харинги, во Швајцарија се гаѓаат со вапсани јајца, а Полјаците се полеваат со вода

Со векови Велигден се одбележува со големи процесии, посета на црквите и со собирање на семејството на богата трпеза на која се служат најубавите јадења. На голема радост на децата, но и на возрасните, Воскресението Христово се прославува со вапсање јајца, чоколадни декорации во форма на зајачиња и на пилиња.
Во Германија домовите се украсуваат со гранки на кои се закачени велигденски јајца, а во градините и во дворовите се поставуваат кошнички со јајца и бонбони и чоколади, а најмладите во семејството треба да ги пронајдат. Ирците можат да се пофалат со најнеобичната велигденска традиција -закопување харинги. Рибата всушност била главното јадење за време на долгиот пост. Со нејзиното закопување симболично се означува крај на постот и се прославува со јадење месо.
Откако по три дена небиење на камбаните ќе се слушнат црковните ѕвона, Французите одат кај своите роднини и пријатели да си го честитаат Велигден и се кршат со јајца. Притоа децата најчесто по цел ден стојат формирајќи круг и играат интересна игра, односно кон небото ги фрлаат и потоа ги фаќаат велигденските јајца.
Италијанките за овој празник, пак, ја приготвуваат торта до пасквета, односно солен колач со варени јајца и спанаќ, а Гркинките подготвуваат специјалитети од јагнешко месо. Во Грција, јајцата се вапсуваат само во црвена боја и може да се јадат уште од вечерта на Велјасабота. Австријците пак Велигден го одбележуваат така што на големи стапови ставаат венци од зеленило и јаболка, портокали и ги врзуваат со разнобојни конци.

За Швеѓаните, жолтата е велигденската боја, а домовите ги украсуваат со брезови гранки и пердуви. Интересно е дека за Полјаците постот завршува во недела наутро откако ќе присуствуваат на светата литургија и домаќинките во црквите ќе ги испразнат кошниците со јадења. Во некои региони на Полска луѓето во текот на вторит ден Велигден, во понеделникот, се полеваат со ладна вода. Финците, пак, имаат обичај да се удираат по грбот со свежи брезови гранчиња. Децата излегуваат на улиците и прават голема врева, со што го најавуваат крајот на тишината и исчекувањето на Христовото Воскресение. Сличен обичаи негуваат и Англичаните, додека Шкотите палат големи огнови покрај брегот. Со векови во Шпанија се одржуваат масовни процесии во кои луѓето се маскираат или пак се дотеруваат во посебни национални костими. За време на велиденската литургија момчињата влегуваат со палмови гранчиња, додека девојките носат слатки. Меѓу Бугарите и денес живее обичајот најстарата жена во семејството со црвено јајце да ги „погали“ по лицето децата зашто се верува дека тоа ќе им донесе здравје и бериќет. По црковната служба, велигденски јајца се фрлаат на црковните ѕидови. Швајцарките пак подготвуваат колач со суво овошје „палома ди пасква“, што го подаруваат на други домаќинки. Жителите на Берн, пак, се собираат на стариот плоштад и меѓусебно се гаѓаат со вапсани јајца.И Австралијците имаат интересен обичај. Младите што се свршени рано наутро одат до блискиот поток или река и полнат вода, која ја чуваат до венчавката. Со таа вода потоа младите се посипуваат за среќа и успех во бракот............да



-------------


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 21:00
Ovie praznichni denovi, denovi na Htistovoto voskresenie mu gi posvetuvam na moeto semejstvo.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 23:08

10 најневеројатни Велигденски ритуали

ritualizaveligden2.jpg

Ако во близина на Велигденските празници добиете ненадејна желба да си ја избичувате жената со каиш или да ја полиете со ладна вода, не се грижете, има место каде што ќе ве разберат. Сепак, пред да ги спакувате куферите, да ги одвиткате каишите и да ја одведете вашата сакана во Прага....Поготово ако сте зависни од детективски заплети. Таму, нормално за Велигден владее тотална хистерија околу криминалистичките филмови.

Камшикување на жените
За да ја прославите подобро женската младост и убавината, да и го вратите  руменилото на лицето и неколку други локации од стратешки интерес отколку да  ја полиете со ладна вода или да ја избичувате. Совршено во склад во велигденското славење на природата која се буди, нејзиното процветување и свежината, мажите во Чешка и Словачка традиционално на велигденскиот понеделник сакаат да си зададат болка за сеопштото цветање.  Се тепаат со каиши и го враѓаат руменилот на телата на своите сакани. Со истата цел и во нешто помокра верзија ги полеваат со ладна вода.....смеење

Стрелање со парфеми
Помалку болна прослава на пролетта се практицира за Велигден во Унгарија, Трансилванија и Војводина. За да си си се приспособат едни со други со цвеќе, овие не одат толку на создавање на кожно црвенило колку што се гаѓаат со парфеми. .............смеење

Детективска хистерија
Скандинавците толку ги погодува мистеријата на празен гроб што за секој Велигден на помош го повикуваат Poirot, Шерлок Холмс и инспектор Фрост. Тв програмите и весниците се полни со детективски приказни, нациите си ги лупаат главите за прашањето кој, како и со кои мотиви, и иако велигденската драма завршува доста среќно за нашиот главен јунак, овие нема да се смират додека не дознаат под кој агол е свртен каменот од гробот на Исус. Е, само ако Агата Кристи го пишуваше Евангелието...

Црквена зона во обиколка на Рим
Имено, за велигденското тродневје сите црквени ѕвона во Бенелукс стивнуваат. Традицијата кажува дека ѕвонците одат за Рим. Ако, под било каков случај пред Велики четврток видите ѕвоно од својата Црква како стопира на пат за Словенија, сега барем знаете за што станува збор. По враќањетро во неделата, ѕвонците со себеси носат јајца и зајаци....

Крштевка на школките
Зошто да се крштеваат само луѓето кога можат и школките? Нема суштества кои тоа прашање не си го поставуваат барем три пати дневно. Одговорот не го знаат ниту на полинезиските осторви, што сепак не ги спречува да не го практикуваат. На Велика Сабота масовно се кршеваат тие небројни морски катекумени кои на Велигден се враќаат во морето каде што наводно, ќе воскреснат....

Лонец низ прозор
За подобро да ја изразиме лутината поради изневерување отколку да кршиме чинии, шојли и кујнски помагала? Кореографијата на брачните расправии која е позната за секој пар со висока температура и чинии, Грците ги довеле до неслушнати верски висини кога на Велика сабота почанел да ги фрлаат своите садови и лонци низ прозор. Обичајот на катапутирање на садовите во знак на изјавата на Јуда верно се чува на посебни подрачја како островот Крв.......


Портокали и бакнежи
Како изговор за велигденско бакнување со развратни сограѓанки во некои делови на Англија се задржува доста комплициран средновековен обред Hocktide. Во вторник после Велигден градот избира нов началник на полицијата кој со пукање во рог ги вика сите градски мажи во советот. Таму избираат два т.н. “тутија“ кои на стапови носат портокали украсени со пролетни цветчиња. Поворката потоа тргнува низ улиците на градот и им го поделува на дамите наведеното овошје во змаена за бакнеж. Каква врска има полицијата, пожртокалите и бакнежите со Велигден изгледа тоа е далеку поголема мистерија од самиот Велигден......голема%20насмевка

Чад, слатки и вештерки
Веројатно уште од времето кога не знаеле да читаат календарот, па се помешале. Ноќтта на вештерките и Велигден, Финците и Данците и некои Швеѓани за велигденските празници ги мачкаат своите деца со пепел, ги облекуваат како вештерки и ги испраѓаат низ соседството да собираат слатки. Во замена за бомбони, колачи и чоколади децата ги даваат легендарните цица маци. Вистинско чудо што во таа кајгана од традиции никој не го измешал Св. Патрик и Дедо Мраз.

Кајгана
Во духот на протестантската штедливост можеби би било најдобро сите велигденски празници да се измучкаат во еден ден, но најголеми велигденски мутачи се Фанцузите од Хаукс. Секоја година на Велигден кршат околу 4.500 јајца за монструозна кајгана која потоа се сервира на илјада чинии. Сите кои сакаат да учетвуваат во колективното мутење мора своите јајца да ги скршат рано наутро дома и да ги донесат потоа н аглавниот плоштад за време на ручек. Минатогодишниот омлет беше широк скоро три метри....

Кршење со јајца
Многумина ќе се сложат дека двобојот во кршење на јајца е моментот на конечното “да се биде или не“ на празничната атмосфера. Бидејќи јајцето има два краја, секогаш можете да извлечете реми или да бидете двократен победник, што во потполност следи велигденската порака дека секој има нова шанса. Ако баш ве фати судбината на двокаретн лузер, не очајувајте. Можеби сте во немилост од небесата, но сепак можете да изберете од која страна ќе почнете да го лупите јајцето.......и добар апетит...да



-------------


Постирано од: 33
Датум на внесување: 04.Април.2010 во 08:58
HRISTOS VOSKRESNA,za mnogu godini praznikot,zdravje,ljubov i uspeh od se srce vi posakuvam na site (inaku mojot problem so logiranje seuste ne e resen,pa moram so rezerven nik)


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Јуни.2010 во 14:26
Cestit imenden na site Eleni i Konstantinovci
http://smajliki.ru/smilie-372339591.html">


-------------


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 03.Јуни.2010 во 16:17
Шо бе, на сите Елени им е именден?
Не знаев..

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 03.Јуни.2010 во 20:03
да бе....

ај честито името на сите ЕленИ....

особено на една...големо%20гушкањебакнежбакнежбакнеж


-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 07.Јули.2010 во 08:38
.. Денес .....Честито Име .... на сите   кои што се викаат...
 
...Иванка ...... Иван.......Ивана......среќа....
 


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Јули.2010 во 09:14
Честита слава и среЌни имендени на сите Петровци и Павловциголемо%20гушкање

-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 12.Август.2010 во 08:24
Аааааа ова мора да се одбележиголема%20насмевка
Денес-  Меѓународниот ден на младитеголемо%20гушкање



-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 21.Септември.2010 во 08:11
... Денес  .....среќа
 
 

http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1791 - Рождество на Пресвета Богородица     21/09/2010



-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 19.Декември.2010 во 12:34
 
 ..Свети Никола .... 
 
 St-Nikolai027_G
 

Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат Св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености. Во народното паметење овој лик  останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле...



-------------


Постирано од: vanesa
Датум на внесување: 19.Декември.2010 во 13:33
Neka im e vechno imeto na site koi denes slavat.

-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Декември.2010 во 19:27
Среќна слава и именден на сите Николовци и Николиниголемо%20гушкање

-------------


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 20.Декември.2010 во 05:32
Fala fala...големо%20гушкање

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 06.Јануари.2011 во 09:44
 
 
  Денес е   ... Бадник ......  
 
 .... А ова е   http://vimeo.com/18158489 - ...... - - Стара коледарска византиска песна....


-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 06.Јануари.2011 во 22:55

Бадник...06.01.2011 год



 

-------------


Постирано од: Anarhist
Датум на внесување: 06.Јануари.2011 во 23:18
Prekrasno ...

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 03.Март.2011 во 20:16
http://www.tkinter.smig.net/Romania/Martisor/Martisor38.htm"> http://i.data.bg/06/05/12/1527_orig.jpg http://www.tkinter.smig.net/Romania/Martisor/Martisor164.htm">http://pictures.wayn.com/photos/800x/027247940_216859362.jpg http://www.tkinter.smig.net/Romania/Martisor/Martisor164.htm">

Мислењето е поделено … едни етнолози велат дека обичајот со мартинки потекнува од Римско , а други од Дако Тракиско потекло…во антички Рим новогодишната ноќ била одбележана на 1-ви  март ,, Martius,, инаку како месец наречен во чест на  богот Марс …

богот Марс не бил само бог на војната , туку и земјоделски старател кој се грижел за повторно раѓање на природата…од таму може да се објасни да црвената и белата боја на мртинките иде од боите на војна и мир… Тракијците истотака ја прославувале новогодишната ноќ на 1-ви март во  чест  на богот Marsyas Silen како пронаоѓач на музичкиот инструмент fluier , а бил исто господар на земиштето и вегетацијата…во поголемиот дел од своето постоење, Тракија била сојуз од неколку племиња, а само кратко време била обединета држава…Во раната антика “Тракија” била земjата во која живееле Тракијците на север до реката Дунав , на исток до Црно Море , на југ до до Егејско Море и на запад до реките Морава и Вардар … денеска називот ,,Тракија ,,   ги опфаќа јужниот и југоисточниот дел од  Бугарија  ( Северна Тракија )…североисточниот дел на Грција ( Западна Тракија ) …. и европскиот дел на Турција ( Источна Тракија ) наречена понекогаш Румелија… бреговите на Тракија ги мијат водите на три мориња…Мраморско Море, Егејското Море , Црното Море …

http://bgnauka.com/pic/his/rim/thracmp4.GIF  http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2b/Thrace_and_present-day_state_borderlines.png/270px-Thrace_and_present-day_state_borderlines.png    http://voyages.ideoz.fr/wp-content/uploads/2010/02/martisor1.jpg    http://www.baricada.ro/ziar/wp-content/uploads/2011/02/togoie.jpg

значи , територијата претежно се простирала на граничните области на денешните Грција, Турција и Бугарија, но нејзината независност или проширување постојано биле предмет на војна со соседите… била дел од Персиската, па и од Римската империја за кратко време, а подоцна била асимилирана од Османската империја раѓање на природата и плодноста на пролет во негова чест…

  http://www.tkinter.smig.net/Romania/Martisor/Martisor160.htm">http://woobicha.com/wp-content/uploads/2011/02/martisor_cheie-300x260.jpg http://www.saltmin.com/wp-content/uploads/2011/02/martisor.jpg  http://static2.voxpublica.ro/wp-content/uploads/2010/03/4395972079_78a4c0249f_o-306x459.jpg Martisor  

Извадок од нет… цитат /…Ксантика е една од најсветлите обележја на старомакедонските народни обичаи, која со својата волшебна моќ ги обединувала душите на Македонците во заедничките стремежи за опстанок и подобар живот…како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината… но, за жал, во сегашно време не се знае скоро ништо за овој духовен празник, кој во старо време беше синоним за македонскиот идентитет… првите податоци за Ксантика потекнуваат од VI век пред Христа и нив ни ги пренесува старогрчкиот писател Хесихиос, од кои дознаваме дека Ксантика ја празнувале луѓето кои живееле на север од Олимп и дека при празнувањето доаѓало до излив на силни емотивни чувства, тешко разбирливи за елинскиот свет. .. многу подоцна, во I век од новата ера дознаваме за Ксантика од античките писатели: Диодор, Јустин и к*ртиј Руф… во своите дела посветени на походите и подвизите на Александар III Македонски, ја споменуваат Ксантика како празник на пролетта, во кој македонските војници ја манифестирале длабоката почит кон обичаите на своите предци…од нив дознаваме дека Ксантика се славела секоја година, со спонтани манифестации, културни приредби и спортски игри, без разлика што престојувале меѓу други со различни култури… празнувањето на Ксантика преставувало голема атракција за тамошните жители… македонските војници ја славеле Ксантика облечени во свечена македонска облека, пееле и играле македонски песни и ора со што ја истакнувале својата посебност во однос на војниците припадници на други народи, а посебно од војниците на елинските државички-градови…современите истражувачи на македонската историја, американскиот професор Јуџин Борза и британскиот научник Николас Хејмонд, ја споменуваат Ксантика како посебен празник на кој Македонците им оддавале особена чест и на починатите македонски цареви…. тоа го правеле во завршните свечености на празникот, кога во свечената поворка во македонската престолнина Пела се изнесувале златната дијадема, воената опрема, оружјето, царскиот дневник и други воени трофеи на секој починат цар во посебни возила …

http://www.tkinter.smig.net/Romania/Martisor/Martisor129.htm"> http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/29/Martisor_jewel_1.jpg http://www.tkinter.smig.net/Romania/Martisor/Martisor160.htm">http://www.nik-bg.com/img/martenici/full/IMGP0930.JPG http://www.tkinter.smig.net/Romania/Martisor/Martisor129.htm">  

и Александар III Македонски својот историски подход, го започнал во пролетниот празник – Ксантика…
неуморниот истражувач на изворната македонска митологија, проф. Ташко Белчев, во своето дело: “Орфеј – Горпеј”, ја оживува легендата за Божицата на цвеќињата Ксантија и богот Македон, синот на семоќниот Бог на Пантеонот Ѕевс (Диј)…според преданијата, Ксантија била Божица на сите цвеќиња што цветаат во градините, полињата и горите… во неа бил вљубен до последниот здив Богот Македон… но, откако злите сили на некои од боговите на Пантеонот ја замениле Ксантија во цвеќе, кутриот бог Македон, секоја пролет ја барал својата прва и незаборавна љубов низ сите ливади и полиња, кај сите бистри потоци и реки, кај сите цветни градини во својата омилена земја – Македонија…во чест на оваа необична и несреќна љубов на Богот Македон и на Божицата на цвеќињата Ксантија, Македонците првиот пролетен месец го нарекоа Ксант, а пролетниот празник Ксантика…Празникот на пролетта Ксантика е многу битен за сфаќањето на светогледот на Македонците, за нивното обединување и формирањето на нивната држава од страна на легендарните аргеадски цареви со потекло од Орештија (Орестија)…

http://www.tkinter.smig.net/Romania/Martisor/Martisor123.htm">http://2.bp.blogspot.com/_RsZI88nnGsA/SamvhNKK8bI/AAAAAAAAAeU/YaLQiA-I880/s400/Martisor_2009_07.JPG http://www.777magic.net/wp-content/uploads/2009/02/potcoava-martisor-aducatoare-de-noroc.JPG

Ксантика е празник во кој Македонците верувале дека се случува “измивање на душите”, простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина врз зимската темнина, што ги притиска нивните души… симбол на празникот беше црвено-белата врвка исплетена од бел и црвен конец… од тука, нешто што е и до денес зачувано и кај нас, тоа е онаа “мартинка”, онаа просто волшебна црвено-бела плетенка која тогаш се провлекувала како нишка за спојување на тие луѓе за време на празникот…белата боја во таа плетенка најверојатно потекнува како симбол на белиот делфин кој се сметал за божји дар и кој живеел само во Егејско Море, па и оттука и називот” Беломорска Македонија”… Ксантиката се славаше цел месец, со зачудувачки ентузијазам и вознес кон боговите и вечното Сонце – симболот на животот… / затворен цитат!!!........

во некои Дако Романи на пролет се прославувала аграрна Нова Година и секогаш пред 1ви март се одбирало еден ден од 1- 09 март и каков ќе биде денот што го одбрал секој таква ќе му биде годината…во некои Дако Романи на пролет се прославувала аграрна Нова Година и секогаш пред 1ви март се одбирало еден ден од 1- 09 март и каков ќе биде денот што го одбрал секој таква ќе му биде годината…на почетокот мартинката била црна бела и се викала ,,јаже на годината,, каде белата боја асоцирала светли денови , лето и раѓање , Господово небо и чистотата … додека црната боја асоцирала на ладни зимски денови , на смртта , на боја на плодна почва , мајка на сите … Земјата…според античка римска традиција црвениот конец т.е. боја означува боја на оган , крв , симбол на животот поврзано со страста со жените , додека белата боја , како боја на победа , боја на снегот , облаците и мудроста на мажите…од таму овие две бои се многу присутни во фолклорот на Дако Романците…кај бугарската мартеница се мисли дека имало корени уште во 7 век , кога бугарскиот хан Asparuhk  сакал да испрати порака преку Дунав и писмото го врзал со бел конец за ногата на еден гулаб писмоносец , Византијците го раниле гулабот писмоносец со стрела , но успевајќи да долета ранет и белиот конец размачкан со крв т.е. црвена боја…

од 1-ви до 9-ти е ден се деновите на мартинките … недела на жената… и да не заборавите денот на жената 8-ми март…

ние сите сме под едно небо… и ќе бидеме секогаш посреќни , подолговечни кога не ќе кажеме МОЕ Е… туку ќе кажеме НАШЕ  Е …  НА СИТЕ Е… ПРИРОДАТА ПОВТОРНО СЕ РАЃА … ПРОЛЕТТА ЌЕ ДОЈДЕ … НЕКА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА ВО СЕКОЈ ЧОВЕК… САКАЈТЕ СЕ ЛУЃЕ ТОА Е НАЈУБАВО НА СВЕТ !!да



-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 09:43
Денска православните семејства се посветени на

http://daily.mk/OhridNews/veliki_pokladi_prochka/626353 - Велики Поклади - Прочка

Јас такаречи си завршив синоќа сеголема%20насмевка
Вечер  останува да си речеме- Простими-да ти простамголемо%20гушкање



-------------


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 10:30

http://style.mnogoo.mk/mk/articles/patuvanja/veligden-niz-svetot--obichai-i-tradicija - Велигден низ светот - обичаи и традиција


http://style.mnogoo.mk/data/dataImages/mediaRepository/large/tradicija_veligden_svet1.jpg"> http://style.mnogoo.mk/data/dataImages/mediaRepository/large/tradicija_veligden_svet2.jpg"> http://style.mnogoo.mk/data/dataImages/mediaRepository/large/tradicija_veligden_svet3.jpg">



Велигден е еден од празниците што се слават ширум светот. Оваа година дури католиците и православните ќе го прослават во ист ден. Па, да видиме какви обичаи има во неколку земји низ светот и што се прави за Велигден.
 
1. Ако живеете во Романија или некогаш одите за Велигден, тој ден ќе треба да си купите нова облека, за да го обележите денот како нов почеток и да го заборавите минатото. Односно, како да почнувате одново со животот во однос со Христовото Воскресение.

2.
Во САД овој е еден од празниците што, како и Божиќ, се трошат многу пари. Американците за Велигден ќе ги украсат своите домови со велигденски зајачиња и кошнички со шарени јајца. Еден обичај е интересен за децата, а тоа е криење јајца низ дворот или дома, со што се оди во „лов“ на јајца. Децата ги бараат и треба да ги соберат сите, секако потоа добиваат подарок.

3.
Ако сте во Полска, очекувајте да бидете мокри, затоа што на овој ден Полјаците се полеваат со вода. Тоа е еден вид прочистување од гревовите и продолжување со чиста совест.

4.
Шведска за Велигден ќе биде обоена во жолто. Поточно, таа боја се смета за традиционална, а јајцата, покрај бојата и за разлика од Американците кај кои заштитно животно е зајакот, во Шведска главна декорација ќе бидат пилињата.

5
. Илјадници верници ширум светот ќе заминат за Израел, поточно во Ерусалим, за да го прослават воскреснувањето на Исус. Се пали оган насекаде или, пак, светилки пред секој дом со цел да се означи овој ден.

6.
Германците ќе запалат голем оган во недела и ќе јадат јагнешко месо, а ќе се пие исклучиво црвено вино.

7.
Во Македонија православните во сабота вечер ќе се соберат пред православните храмови и по светата литургија по полноќ ќе се скршат и првите јајца. Кој ќе победи ќе го земе јајцето на оној што загубил во „битката“ за најсилното јајце. Истата вечер завршува и големиот пост, па сите што постеле ќе седнат да каснат нешто масно, но внимавајте, по толку долг пост, внесување на големо количество масти одеднаш може да ви направи проблем во организмот. Јадете умерено.
 
Уживајте во празникот заедно со семејството, тоа е најважно!

Убав помин на сите за велигденските празници. големо%20гушкање



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 20:28
Погледнете колку биле креативни 75 годишните пензионери Волкер и Криста Карфт од Германија,тие си го украсиле дрвото во сопствениот двор со 9.800 бојадисани јајца.

Дрвото%20со%20јајца
Дрвото%20со%20јајца
Дрвото%20со%20јајца

Секоја чест за нивната креативност,а вам драги форумџии во посакувам среќни  велигденски празници исполнети со радост ,среќа и внимание од најблиските!големо%20гушкање



-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: dobrilcho
Датум на внесување: 21.Април.2011 во 20:37
DOBRI DAN... sekoj den e moj imendan oti mojto ime e DOBRI!!!


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 22.Април.2011 во 17:16

Распет Петок ...најтежок празник!

http://dangeisel16.files.wordpress.com/2010/10/not-jesus-2.jpg   http://sevoedno.com/upload/small_isus.jpg  http://thumbnails.truveo.com/0022/68/3C/683C29EC2BB691384EC556_Large.jpg 

Велики Петокуште се вика и Распет петок, зашто на тој ден бил распнат Исус Христос…поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија… Велики Петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји…

http://covenantoflove.net/wp-content/uploads/2010/04/passionofthechrist.jpg   http://www.dw-world.de/image/0,,1138542_1,00.jpg   http://www.maticanaiselenici.com/images/news/reportaza-petok.jpg

според преданието, Христос починал на крст во “шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале”… оттогаш, на Велики Петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела, кога за првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение… одлука за погубувањето на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот), а тој бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок, по импровизираното судење, Христос бил изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја, кој го предал на народот, кој пак го осудил на смрт… откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: “Јас не сум виновен за смртта на овој праведник”… разбеснетиот еврејски народ кој го барал христовото распнување и смрт извикувал: “Крвта негова на нас и на нашите деца”… потоа, со венец од трње на главата Христос го носел својот крст до ридот Голгота, каде што е распнат и каде пред да испушти душа побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”… времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос…потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала… црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се бакнува до денот на неговото воскресение…обичај е на тој ден да се вапсаат велигденски јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос…

http://www.quotesarcade.com/graphics/easter/easter_quotes_graphics_01.gif      http://profile.ak.fbcdn.net/hprofile-ak-snc4/49138_1245411455_9850_n.jpg   http://www.ivanjareka.zupa.hr/wp-content/uploads/2011/02/isus-marija.jpg        http://www.ohridnews.com/sliki/vesti1/2009/04/16/21-48-15_7461/Raspetie.Hristovo.jpg

така да според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение… Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце… денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле…



-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 24.Април.2011 во 10:26
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕголемо%20гушкање



-------------


Постирано од: revoltirana
Датум на внесување: 24.Април.2011 во 10:39
HRISTOS VOSKRESE - VISTINA VOSKRESE

Neka ni e za mnogu godini ovoj ubav den! Da go slavime dolgo godini srekni i veseli, vo blagosostojba!


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 06.Мај.2011 во 18:26


Честит празник на сите кои слават Ѓурѓовден. големо%20гушкање


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 23.Мај.2011 во 08:10
Честит Национален ден на Власите-на сите: 100%, половинка, четвртинка, осминка, шеснајтинка Власи (па дури и на оние кои се пишаа Власи за рамковно полесно да се вработатголема%20насмевка.)



-------------


Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 23.Мај.2011 во 18:05
Пред само неколку часа од еден сосед дознав дека денес бил меѓународен ден на власите! Досега не сум слушнал за ова, а ги имам толку пријатели власи!глупчо
Како и да е, им посакувам на сите власи (и оние „дропки“ кои ги спомнува Мамиголема%20насмевка) да си поминат убаво во остатоков од денот (и ноќта, секаконамигнување).


-------------
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 13:32
 
http://www.mn.mk/kultura/4642-Sveta-prepodobna-macenica-Paraskeva---Sveta-Petka-8VIII26-VII - Света преподобна маченица Параскева - Света Петка 8.VIII/26. VII
 
Света Петка - Летна
 

Kултот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.

Во православниот каландар постојат три личности со исто име Света Параскева - Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е света Петка - Римјанка, втората света Петка од Иконија и третата света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и се празнува на 27/14 октомври, и поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и Света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на света Петка во близината на Охрид.

Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхирстијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.

Првата Света Петка  е преподобната маченица Параскева Римјанка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани, дека биле христијани и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви. Уште од мала била воспитувана во христијански дух, а и самата влијаела врз луѓето да се однесуваат христијански. Рано и умреле родителите, а таа целиот имот го раздала на сиромаси и се замонашила. Како монахиња со уште поголема жар го проповедала христијанството иако во тоа време оваа вера била забранувана и најжестоко прогонувана од римската власт. Пакосните Евреи први ја наклеветиле кај императорот Антониј Пиј, кој најпрвин со ласкања се обидел да ја придобие да се откаже од својата вера. Но кога во тоа не успеал ја подложил на жестоки измачувања ставајќи и на главата вжештен шлем. Но и од овие страдања на чуден начин се спасила, побегнала од Рим и продолжила да ја проповеда вистинската вера Христова. Уште на два пати, односно уште во два града Параскева била измачувана но пак на чуден начин се спасила, неверојатно брзо излечувајќи се од раните. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, а кога била фрлена во котел со врело масло и со катран, таа останала неповредена, а од течноста му прснало на императорот во очите по што тој ослепел. Параскева се помолила на Господа и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале многумина ја примиле христијанската вера. За да ја скријат вистинската причина за нејзиното брзо оздравување, паганите нејзините чуда ги објаснувале со маѓии, а оздравувањето му го припишувале на нивниот Бог. Но самата Параскева еднаш на мачителот му рекла: „Не ме излекуваа твоите Богови, туку мојот единствен Бог Исус Христос.” Најпосле некој кнез по име Тарасиј ја исекол со меч. Тоа се случило во ИИ век. Подоцна моштите и биле пренесени во Цариград.

Култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Оттука и празнувањето на петокот како посебно тежок ден во неделата. Според некои записи од минатото во некои наши краишта (на пр. Мариово) петокот се празнувал повеќе од неделата.



-------------


Постирано од: Бела
Датум на внесување: 05.Јануари.2012 во 23:59
Почна одбележувањето на Христовото раѓање со палење на бадников оган. Традиционално како и секоја година, јадење, пиење и музика. Од толку гласна музика, не требаше да искочам надвор да знам што се случува, се изнаслушав "хитови" од Дејан Матич, Синан Сакич, слушнав Сине мој и Све је постало пепео и дим, ајде за вторава ќе разберам, наменска е, за фајрон хаха..и така натака да не набројувам пола српска естрада.. Ја слушнав и милионерче, а врвот беше типот што ја пееше кеш, и малку по срамежливо на делот секси веш, но не навлегувам подлабоко во таа тема. Не ми е јасно, до толку ли сме штури во избор на песни, наши, македонски, па да мора да се отупува со овие песни? Ова повеќе ми личи на свадба, па чочеци, па незнам што ли уште не, завиваат на микрофон, стварно незнам на што личи ова? Аман веќе од Србомани и Бугарофили, да ве потсетам, ако некој се пронајде во ова, да ве прашам КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊАА?


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 06.Јануари.2012 во 00:02
[QUOTE=Бела]Почна одбележувањето на Христовото раѓање со палење на бадников оган. Традиционално како и секоја година, јадење, пиење и музика. Од толку гласна музика, не требаше да искочам надвор да знам што се случува, се изнаслушав "хитови" од Дејан Матич, Синан Сакич, слушнав Сине мој и Све је постало пепео и дим, ајде за вторава ќе разберам, наменска е, за фајрон хаха..и така натака да не набројувам пола српска естрада.. Ја слушнав и милионерче, а врвот беше типот што ја пееше кеш, и малку по срамежливо на делот секси веш, но не навлегувам подлабоко во таа тема. Не ми е јасно, до толку ли сме штури во избор на песни, наши, македонски, па да мора да се отупува со овие песни? Ова повеќе ми личи на свадба, па чочеци, па незнам што ли уште не, завиваат на микрофон, стварно незнам на што личи ова? Аман веќе од Србомани и Бугарофили, да ве потсетам, ако некој се пронајде во ова, да ве прашам КАДЕ СТЕ
Е НЕ МОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ НАВИСТИНА ТОЛКУ ШАБАНЕРИЈА И НА ОВОЈ ДЕН КАЈ НАРОД СО 2000 ГОДИШНА ТРАДИЦИЈА....КРАЈ....


-------------
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 07.Јануари.2012 во 01:37
 chestitka na site onie shto go nosat imeto ., bozhin i shto go chevstvuvaat praznikot .,  
 sreken imenden


-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 07.Јануари.2012 во 08:40
Христос се роди!
Нека ни е честит најголемиот празник на сите православни големо гушкање
Честит Именден на сите кои го носта името Божин, Божана, Божицаголемо гушкање

http://www.srbijanet.rs/images/stories/drustvo/slike1/1/rodjenje-isusa-hrista-498.jpg




-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јануари.2012 во 09:58

Hristos se rodi!
Srekjen imenden na site koi slavat!
големо гушкање


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 14.Јануари.2012 во 23:36
Среќен именден на сите Василки, Васковци, Василевциголемо гушкање

-------------


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 20.Јануари.2012 во 08:24
 na site ., Jovanki ., i Jovan ., shto go imaat ova sveto ime im go chestiyam imendenot ., zdravje i sreka vo zhivotot

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 26.Февруари.2012 во 21:46
 

 Прочка  и   Простувањето ....

Проштавајте и ќе ви биде простено.

Човечки е да се греши но и да се простува. Денешниов  ден според православниот календар се празнува како ден на простувањето.

Постарите од помладите и обратно бараат прочка за сите умислени навреди и грешки кои си ги сториле еден на друг. Со прочка започнуваат и големите Велигденски пости кои траат цели 7 недели .

Празникот се смета за еден од најголемите празници веднаш по Божиќ и Велигден. Покрај богата трпеза за прочка се амкаат и варени јајца.

Според обичајот јајцето се врзува на конец над трпезата, а детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година.

Денот по Прочка е чист понеделник а воедно овој ден го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.


-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 22.Февруари.2014 во 16:49


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 14.Март.2014 во 20:19
Денеска е „Летник“ - внимавајте што правите

Денес го празнувавме „Летник“.

 

По стариот календар овој ден се празнува на први март, а по новиот денес, на 14 март. Според народните преданија, тоа што денес ќе ви се случи, ќе ви се случува цело лето.

Овој празник датира уште од античко време, а своите корени ги има задржано особено во западните делови на Македонија, каде што во областа Голо Брдо сè уште се празнува и тоа дури и од муслиманското население, коишто заедно со христијаните положуваат внимание на Летникот. Во античка Македонија празникот бил нарекуван Ксантика и како и денешната верзија наречена Летник, го славел сонцето и зголемувањето на денот, односно завршувањето на зимата и доаѓањето на пролетта, односно топлото лето веднаш по него.

На овој ден почнуваат да се враќаат и птиците преселници од јужните краишта, а во различни делови од земјата, се одбележува и на различен начин. Пред сè, заради верувањето дека како ќе тргне овој ден, така ќе оди цело лето, луѓето наутро бркнуваат во своите џебови за да извадат паричка со што целото лето ќе биде богато. Сечија желба било да се случи нешто позитивно, за остатокот од периодот да биде исто така позитивен.

Македонскиот симбол, мартинките, на овој ден се доста значајни, бидејќи речиси во сите краишта се користат како симбол за денешниот ден. Се прават од црвен и бел конец и се врзуваат на некој дел од телото.



Постирано од: LenaLove
Датум на внесување: 20.Јуни.2017 во 13:40
Здраво дечки!
Можете ли да ми помогнете да најдам подарок за роденденот на мојот сопруг?
Тој ќе се претвори 29 следниот месец и тој е заинтересиран за модерната технологија. Мојот буџет е околу 100 динари. Дали имате било какви предлози?


Постирано од: LenaLove
Датум на внесување: 04.Август.2017 во 12:20
Така че намерих тази сладка пощенска картичка с опция за прикачване на видео с увеличена реалност :) Това беше чудесно решение да я купя! Майк обичаше това, докато записах забавно поздравително видео за него и той го гледаше директно на пощенска картичка! : D Купих го от postcardactually.com



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk