|
Топ 10 острови на светот |
Внеси реплика | страница <1 567 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КУКОВИ ОСТРОВИ: ТРОПСКИ РАЈ ЗА ДУШАТА< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1464329866777" name="I0_1464329866777" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=http%3A%2F%2Fpopara.mk&=http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2016%2Fpatuvanja%2Fdestinacii%2Fkukovi-ostrovi-tropski-raj-za-dushata%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.hr.0wD5S9yT9NU.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Frs%3DAGLTcCOk7iy0sdRb9bnre1a2nEtS75asbg#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1464329866777&parent=http%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=42229560" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px; : transparent;"> Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Палаван: Ѕирнете како изгледа најубавиот остров на светот за 2016Списанието Travel + Leisure го прогласи Палаван за најубав остров на светот за 2016 година. Прекрасниот остров на Филипините застана на првото место на листата, победувајќи ги останатите рајски острови на нашата планета. Чиста тиркизна вода, бели песочни плажи, бујни шуми, високи планински предели... Палаван е уште еден доказ дека мајката природа нè дарувала со фасцинантни места на кои можеме да им се одушевуваме, да се релаксираме и да уживаме. Читателите на Travel + Leisure го опишуваат Палаван како „дестинација за која сонува секој љубител на плажа“. На овој филипински остров се снимани бројни филмови, меѓу кои и „Bourne Legacy“ и познатиот филмски проект на Леонардо Дикаприо „The Beach“. И во 2013 година Палаван беше на врвот на листата со најубави острови на познатото списание. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Погледнете зошто ова е најдобриот остров на светотИзменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ултимативна дестинација за уживање - скриените Азорски острови на ПортугалијаЉубителите на природата особено ќе бидат воодушевени со тоа што максимално ќе уживаат на отворено. Ова е главното место за планинарење, нуркање, риболов и набљудување на китовите. Некои од најдобрите знаменитости кои можат да се погледнат се кратерите Лагоа дас Сете Чидадес и Лагоа дас Фурнас, островот Пико, каде можете да се искачите на највисоката планина во Португалија. Сао Мигел е најголемиот и најнаселениот остров, а таму има премногу куќи, ресторани, хотели и продавници. Иако, Сао Мигел е најпопуларното место за посета и престој, островите Азори секако вредат да се посетат. Најјужниот остров е Санта Мариа, кој располага со прекрасни плажи, а се пристигнува со траект. На овие острови најразвиено е винарството како земјоделска гранка. Пејзажот од винарската култура на островот Пико се наоѓа на листата на УНЕСКО за светска природна градина. Винаријата е поделена на неколку парцели и е заштитена со ѕидови, а потекнува од 15 век. Азори се преполни со заливи и мали кратерски езера, а Лагоа дас Сете Чидадес е најубавиот пример за недопрена природа. Заливот се состои од вулкански езера со слатка вода во сина и зелена боја. Она што мора да направите е да се искачите на планината Пико и да уживате во пет часовната авантура додека да пристигнете до врвот. Истражете го светот од 300 видови на птици кои живеат на овој остров и прошетајте во градот Ангре кој датира од 15 век за да се запознаете со локалната историја. Кедрос е мал град на островот Фајал на кој живеат околу 1000 жители, но она што овој град го прави посебен е единствената култура и традиција. Бројните знаменитости како етнографскиот музеј, црквата Нос Сењора де Фатима привлекуваат голем број туристи секоја година. Плажите се неверојатно убави, но иако водата не е секогаш топла, таа е кристално чиста. Плажите имаат црна песок, која е последица од вулканските ерупции. На островот Санта Мариа се наоѓаат прекрасни плажи со бела песок, кои се сместени помеѓу карпите и малите заливи. Најпознатата плажа е Праја Формоса, а сите плажи се скриени зад карпи и заливи, што е одлично за искусите една вистинска авантура. Иако, водите на Атлантскиот океан понекогаш се прилично студени, капењето во термалните води е незаборавно искуство, па Ви предлагаме да се релаксирате во Поца Дона Беја, Калдеира Велха или Тера Ностра, природни бањи кои се опкружени со дивина и палми. Овие острови никогаш нема да Ве остават рамнодушни, а капењето со делфини е една од многубројните активности која исто така мора да ја искусите. Ова е ултимативна дестинација за уживање. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:41 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 567 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |