IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Мерилин Монро
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мерилин Монро

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2014 во 08:25

5-misterii-za-merilin-monro

Боженствената Мерилин отсекогаш била и ќе остане таинствена личност. 50 години по нејзината смрт таа сеуште е личност по која се крева огромна прашина.

Прочитајте ги 5-те мистерии за животот на Мерилин кои до ден денес ги мачат медиумите. Шпекулации или дел од вистинскиот живот на убавицата - проценете сами.

1. Мерилин Монро имала афера со Алберт Ајнштајн

Во доцните 40-ти години актерката Шели Винтер, која делела стан со Мерилин, тврдела дека постоела некаква љубовна искра помеѓу нејзината “цимерка” и генијалецот.

2. Мерилин Монро одредено време била убедена дека нејзин татко бил актерот Кларк Гејбл.

Мајката на Мерилин тајно чувала слика од непозат човек. По извесно време таа ја открила сликата и по физичката анализа на мажот, заклучила дека ја потсетува на тогаш познатиот актер. Од нејзината мајка не добила никаков одговор.

3. Се уште се верува дека Мерилин Менро кога ја пеела химната на претседателот, во 1962, не носела ништо освен гола кожа и бисери.

Многумина кои присуствувале на таа свеченост, тврдат дека откако Мерилин го спуштила крзното кое го носела, не останало ништо освен нејзиното боженствено тело.

4. Мајката на Мерилин Монро била институционализирана како параноичен шизофреничар.

По се изгледа оваа болест била со генерации во нивното семејство, бидејќи и нејзината баба го имала истиот проблем. По смртта на Мерилин, нејзината мајка веднаш била префрлена во болница. Откако ја распрашувале за веќе добро познатата ќерка, таа тврдела дека воопшто не познава таква личност.

5. Мерилин била прикриена под идентитет на друга жена, по име Зелда Зонк.

За да ги избегне инцидентите од оние кои постојано ја следеле, таа успеала да се изгради како сосема друга личност. Со името на Зелда Зонк добила потребен мир и спокој.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2014 во 13:31

СКАНДАЛОЗНО: Порното на Мерлин Монро и браќата Кенеди

Порно филмот кој Мерлин Монро го снимала со поранешниот претседател на Америка, Џон Кенеди, заедно со неговиот брат Роберт, во вторник ќе биде понуден на аукција.

Овој порно филм бил чуван во тајност долго време, поради почит кон поранешниот сопруг на Мерлин, Џон ди Маџио. Цело време порното го чувал еден холивудски телохранител, Вилијам Кеслбери.

- Филмот е аутентичен. Никогаш за него не сум зборувал во јавност поради ди Маџио, изјави Вилијам.

Порното, заедно со останатите „ситници“ кои ги поседува бившиот телохранител ќе се продаде на аукција, и тоа ние веруваме за висока цена!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 22:29

Последниот дом на холивудската дива Мерилин Монро

16.11.201
Merlin Monro

Пред повеќе од половина век, поточно на 5 август, 1962 година, филмската легенда Мерилин Монро почина под мистериозни околности во својот дом во Лос Анџелес. Имаше само 36 години. Телото на Мерилин Монро го открил нејзиниот психијатар, а потоа со аутопсија се утврдило дека смртта на актерката била предизвикана од акутно труење со барбитурати. 

Merlin Monro u krevetu

Децении по ова кобно случување теоретичарите на завери тврдат дека вистинската причина за нејзината смрт е нешто повеќе од „веројатно самоубиство“, а при тоа се споменуваат и Си-Ај-Еј, мафијата, Френк Синатра и претседателот Кенеди. Но правата вистина никогаш нема да се дознае.

Imanje Merlin MonroBazen na imanju Merlin Monro

Куќата на Мерилин Монро, имот вреден 3,59 милиони долари, е сместена во населбата Брентвуд во Лос Анџелес (во ова соседство живеел О.Џ. Симпсон со сопругата Никол).

Вилата во шпански стил, изградена во 1929 година, Монро ја платила 90.000 долари. Куќата од 244 квадратни метри содржи четири спални соби, три бањи и отворен базен, а сместена е на имот од 9.300 хектари.

Dnevni boravak Merlin MonroKuhinja Merlin Monro

Тоа е првиот имот во сопственост на Мерилин Монро, кој во моментот на купување бил ставен под хипотека на 15 години, така што актерката месечно плаќала по 320 долари.

Пред 19 години куќата е продадена за помалку од 1 милион долари, а на пазарот на недвижности повторно се нашла во 2010 година, кога нејзината вредност достигнала речиси 4 милиони долари.

Kamin u ku&amp;amp;#263;i Merlin MonroSpava&amp;amp;#263;a soba Merlin Monro



Изменето од Valerija - 27.Март.2014 во 22:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2014 во 16:47
Вака Мерилин Монро станала секс бомба!

Секое утро правела вежби за гради со мали тегови, но нагласила и дека никогаш не се оптоварувала со фитнес.

Фотографот на списанието LIFE, Фелипе Халсман направил серија фотографии од Мерилин Монро и нејзиното утринско рутинско вежбање.

На фотографиите можете да ја видите во несекојдневно издание - во фармерки и бикини топ. Фотографиите се црно-бели и ја прикажуваат Мерилин како крева тегови, прави стомачни вежби, стои на раце...


За време на вежбањето е многу сериозна, меѓутоа за време на паузите може да се види и нејзината насмевка.

"Искрено, никогаш не сум ја сметала својата фигура за посебна. Мојата најголема грижа беше да се најадам доволно, а сега се грижам за тоа да не изедам премногу. Никогаш не сум се оптоварувала со вежбање, се до неодамна", изјавила познатата блондинка.


Секое утро правела вежби за гради со мали тегови, но нагласила дека е не опседната со фитнес.

"Не сакам да бројам. Не би можела да поднесам да вежбам како да сум под режим", изјавила тогаш.


Секс бомбата во 50-тите и 60-тите години од минатиот век користела бизарни диети. За појадок пиела една чаша топло млеко со свежи јајца.

"Се сомневам дека некој лекар би препорачал таков појадок за работна девојка која цело време брза", изјавила Мерилин. Таа го прескокнувала ручекот, а вечерала протеини и свежи моркови.


Меѓутоа, никогаш не се откажала од благото па редовно одела во слаткарница по сладолед. 

Според уредувањето на нејзиниот стан, Халсман заклучил дека истиот не бил користен само за секс, туку и делувал како место за интелигентна жена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2014 во 08:10

ФБИ ја следеле Мерилин Монро


По директива на тогашниот шеф Џон Едгар Хувер, ФБИ ја шпионирале актерката Мерилин Монро поради сомнеж дека „соработува“ со комунисти. 

merlin

Минатата година беше покрената иницијатива од страна на медиумите ФБИ конечно да го отвори досието на популарната актерка, до што дојде по неколкумесечениот притисок. Досието откри дека Мерилин почнале да ја следат во 1955 година кога поднела барање за виза за СССР и продолжиле сè до нејзината смрт во 1962 година.

Помеѓу тајните документи се наоѓа и белешка за анонимна дојава од 1956 година според која нејзиниот тогашен сопруг, писателот Артур Милер, всушност е комунист. ФБИ забележале дека „некои луѓе со кои актерката се дружела биле загрижени“ поради нејзината поврзаност со членовите на американската комунистичка група што се криела во Мексико.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2015 во 12:29

Најголемите тајни на Мерилин Монро: 3 спонтани абортуси, проблеми со помнењето...


Мерилин Монро, родена под име Норма Џин Мортенсон, а растена и воспитувана како Норма Џин Бејкер, најмногу ја памeтиме по нејзината актерска кариера, честите романси и дрогата.

najgolemite-tajni-na-merilin-monro-3-spontani-abortusi-problemi-so-pomnenjeto-01.jpg

Многумина ги знаат и интимните детали од нејзиниот трагичен живот, но сè уште постојат неколку скриени тајни за неа за кои сигурно не сте знаеле:

Мајка ѝ сакала да ја убие

Во текот на нејзиниот живот, Мерилин изјавила дека нејзината прва меморија била поврзана со мајка ѝ. Таа се сеќавала на нејзиното креветче и на мајка ѝ која стоела над неа и се обидувала да ја задуши со перница.

Не е јасно што ја предизвикало да запре или дали меморијата на Мерилин е реална. Сепак, Мерилин подоцна била сместена во згрижувачки систем.

Таа секогаш се плашела дека ќе ја наследи ментална болест на мајка си и дека ќе заврши во ментална институција.


Работела во фабрика

Пред да стане холивудска актерка, Мерилин била едноставна девојка без семејство и без среќа.

Често се селела од дом во дом за сирачиња, се откажала од средно училиште и на 15 години се омажила за Џими Доерти, со надеж за подобар живот.

Мерилин почнала да работи во фабрика за муниција, за поддршка на воените активности. Додека работела во фабриката ја открил еден фотограф кој ја однел во Холивуд.


Поседувала над 400 книги

Како страстен читател, Мерилин била далеку од „глупава русокоса.“ Нејзината лична библиотеката содржела повеќе од 400 книги, фантастична литература до биографии и лични дневници. Мерилин во книгите пронаоѓала утеха и бегство од проблемите.


Имала три спонтани абортуси

Бидејќи самата немала стабилен дом, Мерилин очајно сакала да има деца и да започне семејство. И покрај тоа што била во брак три пати, таа никогаш не била во можност да има свои деца.


Имала проблеми со учење на текстови

Многу актери и колеги коментирале дека Мерилин е посветена и дека работата ја сфаќа сериозно. Со оглед на тоа колку била начитната и паметна се чини изненадувачки дека имала потешкотии со учење и помнење на текстови.


Еднаш дошла на работа гола

Мерилин секогаш доцнела на снимање, поради што продукцијата губела многу пари.

Еднаш решила да здобие публицитет за филм, во кој во една сцена требала да плива во костим во боја на месо. Меѓутоа, таа ги поканила сите новинари на снимање, а потоа отишла да плива гола.

Со ова сакала да му докаже на светот дека способна жена и дека не се плаши да ја покаже својата кожа. Од друга страна, таа го направила ова со намера да и парира на Лиз Тејлор која заработувала десет пати повеќе од неа, а работела за истата продукција.



Изменето од Valerija - 22.Ноември.2015 во 12:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2015 во 08:55

Ретки фотографии од легендарната Мерилин Монро


Норма Џин Мортенсен или Мерилин Монро дефинитивно е најпознатата русокоса на сите времиња и холивудска ѕвезда која со децении е возвишувана поради сензуалниот изглед.

Колекција од стотици ретки и досега необјавени фотографии од Мерилин ја исполнуваат новата книга „Marilyn: In the Flash“ и сведочат за уникатната „љубовна“ афера на филмската икона со медиумите.

„Иако холивудската божица Мерилин Монро беше омажена три пати, нејзината трајна врска беше со новинарите – фотографите, репортерите и агентите кои го следеа секој нејзин чекор речиси две децении и ја направија најголема икона во холивудската историја“ – се вели во описот на книгата зад која стои Дејвид Вилс.

Мерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин МонроМерилин Монро



Изменето од Valerija - 26.Ноември.2015 во 08:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2016 во 21:45
ТОЈ ЈА ФОТОГРАФИРАЛ МЕРИЛИН МОНРО И СЕ ШОКИРАЛ: "НЕ МОЖЕВ ДА ПОВЕРУВАМ КАКО ЖИВЕЕ ТАА!"

Кон средината на 40-те години на минатиот век, кога Мерилин зачекорила на сцената, ѕвездите не се раѓале, туку ги креирале самите агенти.

Дива или тивка, елегантна или сензуална – добриот имиџ водел и до добра кариера, а само еден лош потег бил доволен за да ги уништи.


Повеќе од 50 години минале откако тогаш 36-годишната Мерилин Монро почина како последица од предозирање во својот дом во Лос Анџелес. Бројни теоретичари на заговори и понатаму се забавуваат со можните причини за нејзината смрт, почнувајќи од аферата со претседателот Џон Кенеди, која требало да се прикрие, но Мерилин и денес има подеднакво моќно влијание на поп културата – нејзината способност да ги маѓепса мажите, но и жените, а сето тоа е последица на вниманието коешто таа му го посветувала на својот изглед и имиџ.

Кон средината на 1940-те, кога Мерилин станала актуелна на сцената, ѕвездите не се раѓале, туку ги креирале самите агенти, а нивно најмоќно оружје бил фотографскиот апарат, а токму тогаш само еден погрешен чекор бил доволен за буквално сè да падне во вода.

Во текот на својот живот, Мерилин позирала за илјадници фотографии, коишто со текот на времето станаа попознати и од нејзините филмски улоги – но оваа дама сепак, била актерка, а не фотомодел. Сесил Битон, Елиот Ервит, Даглас Киркленд, Милтон Грин – ова се имињата на најславните фотографи во историјата коишто подеднакво се бореле да добијат можност да ја овековечат Мерилин, којашто била секогаш подеднакво посакувана.

Минатата недела делата на двајца од овие славни фотографи, Милтон Грин и Даглас Киркленд, беа претставени во лондонската Little Black Gallery, во рамките на изложбата Gentlemen Prefer Blondes, а заедничка тема била токму платинестата убавица. И двајцата ја запознале кога биле во своите 20-ти години, а таа била во врвот од својот статус секс-симбол, и ѝ двајцата како што признаваат, ги одбележила нивните животи. Милтон Грин којшто починал во 1985-та година, за прв пат ја снимил Мерилин во 1953-та година.

"Веднаш се согласија сосема добро", тврди неговиот син Џошуа. "Тој ја обожуваше нејзината автентичност". Низ долгогодишната соработка Милтон и Мерилин прераснале во добри пријатели, а после раскинувањето на врската со безбол легендата Џо ДиМаџио, токму кај семејството Грин таа пронашла свое засолниште. Следните неколку години живеела делумно и во нивната семејна куќа во Конектикат, а одреден период и во нивниот стан во Њујорк.


"Мојот татко ја увери дека мора да се одвои од западниот брег и ѝ претстави еден сосема нов начин на живот", се присетува Џошуа. "Тие се дружеа со Марлон Брандо и Френк Синатра, и одеа заедно во џез клубови." 

Нивното пријателство постојувало сè додека Мерилин не го запознала Артур Милер и започнала врска со него – наводно често му приговарала дека ја одвоил од Милтон, единствениот маж на којшто можела да му верува. 

Даглас Киркленд ја запознал Мерилин во 1961-та година, кога добил задача да ја фотографира за насловната страница на магазинот "Look".

"Таа беше една од најголемите ѕвезди од тоа време, но кога ја посетив во нејзиниот дом во Холивуд, не можев да поверувам колку скромно живее таа, се присетува денес 81-годишниот фотограф. Киркленд од почетокот знаел дека сака провокативни фотографии, но се срамел да признае пред колегите, но за среќа Мерилин размислувала слично како него.

"Ќе ни треба кревет, плочи од Френк Синатра, Dom Pérignon и бел свилен чаршаф", наредила таа. Иако на договореното снимање доцнела два часа, а притоа и се побунила околу квалитетот на чаршавот, потоа следело едно од легендарните дела на Киркленд.


"Мислам дека доцнеше бидејќи дојде како сосема поинаква личност – Мерилин за којашто сите ние сонувавме. Говореше со поинаков глас, имаше силна сексуална енергија и таа беше свесна за сето тоа. А додека ја фотографирав, сфатив дека за целото време флертува со мене", се присетува фотографот, којшто сепак ѝ останал верен на својата жена, иако Мерилин им наредила на сите присутни да ја напуштат просторијата.

"Ме повика во креветот, но одбив, така што целата сексуална енергија на крајот беше преточена во фотографиите, се колне Киркленд. И иако во кариерата имал можност да фотографира многу импресивни жени – Брижит Бардо, Катрин Денев, Кетрин Хепберн, па дури и Коко Шанел, со којашто бил кога дознал за смртта на Мерилин, Киркленд вели дека ниту една не била ниту приближно до она што била Мерилин.


Изменето од Valerija - 03.Февруари.2016 во 21:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2016 во 08:34

,,ПОСЛЕДНИТЕ СЛИКИ”- МЕРИЛИН МОНРО

3

< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1459405992895" name="I0_1459405992895" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=http%3A%2F%2Fpopara.mk&=http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2016%2Fzabava%2Fsoubiz%2Fposlednite-sliki-merilin-monro%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.Da_Te0K7Vp4.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Frs%3DAGLTcCMFyDHNXZ1uffJykyQeyURFKidBgA#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1459405992895&parent=http%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=35124235" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px; : transparent;">

Фотографиите се дело на Џорџ Барис и се направени на плажа во Санта Моника на 13 Јули 1962. Само по 3 недели холивудската ѕвезда Мерилин Монро, на 36 години беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Оваа серија на фотографии е наречена ,, Последните слики”.

На 4 Јуни 2015 година 8 принтови од оваа фотосесија биле продадени на Блумсбери аукцијата во Лондон. Првично овие слики требало да се најдат во книгата напишана од Барис ,,Мерилин: Нејзиниот живот со нејзините сопствени зборови”, но поради трагичниот крај на младата ѕвезда фотографот одлучил да не ги објавува сликите.

 

559355-800-1458034755-f5f7255656c4d9dc80-46021707

559405-800-1458034755-ff3e0af7892df383927cdf4d02ae1d37

559455-800-1458034755-8

560205-800-1458034755-15875275_1

559605-800-1458034755-0_1148cf_d97574f8_XXXL

560105-800-1458034755-4a898bb4242367400e8fe114c57242f3

560055-800-1458034755-7

559555-800-1458034755-6870828906_4d121f8fbf_b

559855-800-1458034755-MarilynMonroeinGreenTowelbyGeorgeBarris4

559505-800-1458034755-7016899951_93b45f8c3d_b

560005-800-1458034755-5531591

559705-800-1458034755-MarilynMonroeinGreenTowelbyGeorgeBarris11

559555-800-1458034755-6870828906_4d121f8fbf_b

559755-800-1458034755-maxresdefault



Изменето од Valerija - 31.Март.2016 во 08:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2016 во 13:36

ЦИТАТИ ОД МЕРИЛИН МОНРО ПО КОИ ЈА ПАМТИМЕ

На 1 Јуни 1926 Гладис Прл Монро родила девојче на кое му го дала името Норма Џин. Монро, не спремна да се грижи за нејзината ќерка, ја дала за посвојување непосредно по раѓањето.

Години поминале, а Норма Џин претрпела безбројни трауми во дом за деца без родители и со нејзините законски старатели пред да се отпише од училиште за да стапи во брак кој најверојатно бил договорен.

Наскоро по тоа, Норма Џин почнала да глуми во филмови и станала еден од најголемите светски секс симболи: Мерилин Монро.

Во текот на нејзините кратки 36 години живот, Мерилин Монро ја посакувал целиот свет, вклучувајќи и мажи како Артур Милер и Џо Димаџио. Но, под фотогеничната насмевка и платинаста руса коса се криела Норма Џин, која се борела со зависност од дрога, депресија и лошо физичко здравје.

Иако на крај, во 1962, темнина го обви животот на русата секс бомба, нејзината слика, зборови и хумор остануваат. Овие неверојатни цитати на Мерилин Монро се доказот за тоа.

  1. „Најстрашното нешто што им се случува на луѓето кога ќе се дотераат и ќе излезат на забава е тоа што го оставаат вистинското себе дома. Тие се како луѓе на сцена што глумат некој друг. Глумат дека се важни и сакаат да ја запознаете нивната важност, не нив самите.“
  2. „Никој никогаш не ми кажал дека сум убава додека бев мала. На сите мали девојчиња треба да им се каже дека се убави, дури и да не се.“
  3. „Правиот љубовник е маж кој може да ве возбуди само со допирање на вашата глава или да ви се насмевне во очи – или само со поглед во празниот простор.“
  4. „Убавината и женственоста се безвременски и тие неможе да се создадат со вештина, а гламурот, иако ова нема да им се допадне на производителите, неможе да се произведе. Вистинскиот гламур се базира на женственост.“
  5. „Порано, како што гледав на ноќта во Холивуд си мислев ‘мора да постојат илјадници девојки кои седат сами како мене и сонуваат да станат филмски ѕвезди’. Но, нема да се грижам за нив. Јас сонувам најсилно.“
  6. „Славата ќе помине и збогум, те имав, славо. Ако поминува, отсекогаш сум знаела дека таа е непостојана. Па така, таа е барем нешто што го искусувам, но не е местото каде живеам.“
  7. „Сите ние треба да почнеме да живееме пред да остареме многу.“
  8. „Не ми пречи да живеам во машки свет сé додека можам да бидам жена во него.“
  9. „Дајте и ги на жената правите чевли и таа може да го освои светот.“
  10. „Сонувањето да се биде актерка е повозбудливо отколку да се биде тоа.“
  11. „Несовршеноста е убавина, лудоста е генијалност и подобро е да се биде апсолутно смешен отколку апсолутно досаден.“
  12. „Да се биде секс симбол е тежок товар за носење, посебно кога човек е уморен, повреден и излуден.“
  13. „Јас сум себична, нестрплива и малку несигурна во себе. Јас правам грешки, изглегувам надвор од контрола и на моменти сум тешка за справување. Но, ако неможете да ме издржите на моето најлошо, тогаш сигурно не ме заслужувате на моето најдобро.“
  14. „Холивуд е место каде ќе ви платат илјада долари за бакнеж и педесет центи за вашата душа.“
  15. „Што добро ми прави тоа што сум Мерилин Монро? Зошто неможам да бидам само обична жена?“


Изменето од Valerija - 15.Април.2019 во 13:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2017 во 09:41

Ретки фотографии од неверојатната Мерлин Монро

Не само режисерите, актерите и луѓето, туку и фотографите ја обожаваат Мерлин Монро. Многумина од нив се обидуваа да направат фотографии од нејзината убавина и фигура, но изгледа дека само друга жена може да ја покаже вистинската убавина на една жена.



Токму затоа фотографиите на Ив Арнолд, која работела со Мерлин повеќе од 10 години, се многу поразлични од останатите фотографии од Мерлинка. На овие фотографии, таа не изгледа како пластична кукла, туку како живо битие кое ужива во убавините на животот.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2017 во 09:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2019 во 13:13

Мудрата девојка бакнува, но не сака...: 15 безвременски цитати од Мерилин Монро


Мерилин Монро е родена на 1-ви јуни 1926-та година - датумот на која е родена една од најголемите ѕвезди во историјата на Холивуд, но и жената која стана икона за целиот свет.

mudrata-devojka-baknuva-no-ne-saka-15-bezvremenski-citati-od-merilin-monro-01.jpg

Обожувана од публиката, фотографиите, филмските режисери... Целиот свет.

Да се потсетиме на неколку нејзини цитати и совети:

1. „Ако можете да натерате една жена да се смее, можете да ја натерате на сè.“

2. „Не ми пречи машкиот свет, сè додека можам да бидам жена во него.“

3. „Најмногу сакам да спијам, тогаш можам да сонувам.“

4. „Да ги почитував сите правила, никогаш нема да стигнам далеку.“

5. „Многу често, доволно е само да бидете покрај некого. Не се потребни допири. Ниту разговори. Доволно е само чувството кое поминува помеѓу вас двајца.“

6. „Холивуд е место каде ќе ви платат $1000 долари за бакнеж и 50 центи за душата.“

7. „Кариерата е прекрасна, но со неа навечер не можете да се прегрнете.“

8. „Кариерата се гради во јавноста, талентот во тајност.“

9. „Јас сум убава, но не и божествена. Грешам, но не сум злобна. Добра сум, но не сум ангел.“

10. „Мудрата девојка бакнува, но не сака, слуша, но не верува и напушта пред да биде напуштена.“

11. „Кучиња никогаш не ме каснале, само луѓе.“

12. „Жена сум и уживам во тоа.“

13. „Подобро да ве мразат поради тоа што сте, отколку да ве сакате заради тоа што не сте.“

14. „Верувам дека сè се случува со причина. Луѓето се менуваат, за да научите да ги пуштите. Работите не одат како што треба, за да научите да ги цените кога ќе бидат како што би требало. Верувате во лаги, за на крајот да научите да не верувате на никого освен на себе. Понекогаш, добрите работи пропаѓаат, за да се случат уште подобри.“

15. „Пред бракот девојката води љубов со мажот за да го задржи. Во бракот, треба да го задржи за да може да води љубов со него.“

Н. Г. | Црнобело



Изменето од Valerija - 15.Април.2019 во 13:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2020 во 22:46

Малку позната ВИСТИНА за животот на Мерилин Монро


265035_profimedia0094521519_ff-1

Поминаа 94 години од раѓањето на една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња, Мерилин Монро, а за нејзиниот живот сè уште продолжува да ја интересира јавноста.

Најпознатата русокоса во историјата на шоу-бизнисот е родена на 1 јуни 1926 година, под името Норма Џин Мортенсон во Лос Анџелес.

Таа почина на само 36 години, а нејзината ненадејна смрт и краток живот се пројави големо интересирање и  до ден-денес се предмет на истрага.

Има многу детали и интересни информации што јавноста не ги знае за оваа актерка.

Малкумина знаат дека Мерилин во минатото работела во воена фабрика каде се произведувале воени авиони. Тоа е во 1944 година, кога никој сè уште не знаеше која е Норма Мортенсон, а од тој период има дури и фотографија од актерката која е креирана со цел да влијае на пропаганда на Роналд Реган.
Како дете, Мерилин немала можност да биде формално образована, па во подоцнежниот животот станала голем љубител на книги. Во нејзината домашна библиотека имало повеќе од 400 книги, а меѓу нив имало сè: од фикција до научни книги. Во некои интервјуа, легендарната русокоса ги издвои Хемингвеј и Флеберт како омилени писатели. Во една прилика, еден режисер откри како таа чита книга зад камерите „Писма до еден млад поет“ и на нејзе ѝ постави прашање како се одлучила за таа книга.

– Во ноќите кога немам што да правам, одам во библиотека и случајно ги отворам книгите сè додека не наидам на страница или параграф што ми се допаѓа и потоа ја купувам таа книга. Дали е тоа погрешно? –  праша таа.

Мерилин никогаш не била задоволна од типот на улоги што ги добила на филмското платно, па редовно одела на часови за глума. Легендарниот актер и режисер Ли Стразберг еднаш рече дека таа и Марлон Брандо биле негови најдобри студенти затоа што тие биле единствените кои можеле целосно да влезат во длабочините на ликовите.

Малку е познато дека Мерилин честопати ја потенцираше важноста на борбата за еднаквост.

– Она што навистина сакам да го кажам е дека на светот навистина му треба вистинско чувство за единство. Сите, sвездите, работниците, црнците, Евреите, Арапите. Сите сме браќа. Ве молам, не ми се смејте. Завршете го интервјуто со она во што верувам – рече таа во едно интервју.

Многу биографи се согласуваат дека сликата со која Мерилин го освои светот беше најлоша за неа затоа што таа стана негов заложник.

Најголемиот мит е дека таа била глупава. Вториот е дека таа била кревка. Третиот е дека таа не знаеше како да се однесува. Таа е далеку од глупава, иако е без формално образование. Мерелин беше многу паметна и многу силна личност. Едноставно, мораше да биде и едното и другото со цел да се победи системот што управуваше со холивудските студија во 1950-тите.

– Таа беше многу духовита. Глупавата русокоса и беше само улога, таа беше прекрасна актерка, „Забога!“. Толку добра актерка што денес никој не верува дека таа била ништо друго освен како што е прикажано на екранот – напиша нејзината биографка Сара Черчвел.

Некои ја опишуваат реченицата од филмот „Мажите претпочитаат русокоси“ во кој таа ја играше улогата на Лорели Ли.

„Може да бидам паметена кога сакам, но на повеќето мажи не им се допаѓа тоа“, рече Мерилин Монро во филмот.







  • Изменето од Valerija - 21.Јуни.2020 во 22:49
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2020 во 09:49

    Интересни цитати за мажите од Мерилин Монро

    „Сопруг е личноста која секогаш ви го заборава роденденот и не пропушта можност да ги спомене вашите години.“

    interesni-citati-za-mazhite-od-marilyn -monroe-01.jpg

    Таа е симболот за убавина од 1950-тите и луѓето ѝ се воодушевуваат сè до ден денес.

    Нејзината страст за животот останува запомнета.

    Дел од најпознатите цитати на Мерилин Монро:

    „Сопруг е личноста која секогаш ви го заборава роденденот и не пропушта можност да ги спомене вашите години.“

    interesni-citati-za-mazhite-od-marilyn -monroe-02.jpg

    „Мажите имаат искрена почит кон сè што е здодевно.“

    interesni-citati-za-mazhite-od-marilyn -monroe-04.jpg

    „Не можеш да спиеш со маж и да му ги земеш парите, без да се обидеш барем малку да направиш да верува дека го сакаш.“

    interesni-citati-za-mazhite-od-marilyn -monroe-03.jpg

    „Жените имаат само две оружја: маскара и солзи. Но, не можат да ги користат истовремено.“

    interesni-citati-za-mazhite-od-marilyn -monroe-05.jpg

    „Привлечноста на жената е силна само кога е природна и спонтана.“

    interesni-citati-za-mazhite-od-marilyn -monroe-06.jpg

    „Телото треба да биде видено, а не сокриено.“

     interesni-citati-za-mazhite-od-marilyn -monroe-07.jpg

    „Ако можеш да натераш девојка да се смее, тогаш можеш да ја натераш да направи сè.“

    interesni-citati-za-mazhite-od-marilyn-monroe-10.jpg

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,188 секунди.