|
Корисни совети |
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Автор | |||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Заборавете на избелувачот: Ви откриваме трик за блескаво бели алиштаДо сега сигурно сте чуле за што е добар лимонот. Освен што е одличен додаток за освежувачките пијалоци, може да се користи и во некои производи за убавина кои можате сами да ги направите. Но, дали сте занеле дека тој кисел плод може да ги направи вашите алишта бели, какви што одсекогаш сте посакувале, но не сте можеле да го постигнете тоа? Со овој неверојатно лесен трик вашиот сон за бели алишта конечно ќе стане стварност. Во целата процедура нема премногу мудрост и работа. Едноставно, кога ги ставате белите алишта во машина за перење, наместо избелувач ставете четвртина или половина чаша сок од лимон. |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:12 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Брилијантни и евтини трикови за чистење на бањатаНаместо да трошите цело богатство на средства за чистење на бањата, можете да користите нешта кои веќе ги имате во својот дом, а го имаат истиот ефект. Вашата бања ќе изгледа беспрекорно, а вие ќе заштедите. За огледала без дамки Плочки без црни дамки Ослободете се од `рѓата |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Неколку трикови со кои бањата секогаш ќе блеска Иако сите вие знаете како се чисти секој дел од бањата, сепак нема штета да ги испробате следните трикови. Најдобро од се е што сите средства кои ги има во овие совети можете да ги направите сама. Она што е од голема важност е да набавите заштитни ракавици за да не ја иритирате кожата на дланките. Наместо класичен спреј за стакло, користете пена за бричење. Ако пак сакате природна и евтина варијанта, во шишенце со рапрснувач сипете сода бикарбона и хидроген пероксид. Кадата или туш кабината ќе сјаат доколку средството за чистење го направите од следните состојки: Половина шолја оцет, шолја алкохол и две лажици сода бикарбона. Помешајте се со 400 милилитри топла вода и со смесата испрскате ја кадата или туш кабината. Оставете 15 минути и кога ќе испирате ќе го забележите резултатот. Помешајте течност за испирање на устата или паста за заби со вода и полијте ја шолјата. Оставете 30 минути, а потоа само изрибајте ја шолјата и ќе забележите голема разлика. Плочките буквално ќе сјаат ако преку нив поминете со памучна вата натопена во избелувач за алишта. Рѓата ќе исчезне ако посипете сол на зарѓаниот дел, а преку него исцедете лимон. Оставете да отстои преки ноќ, а следното утро ќе го видите резултатот. |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Менување крпи и постелина: Има ли временски рокови?Речиси сите производи доаѓаат со „препорака за користење“, но тоа не е случај со некои од работите кои бараат елементарно ниво на грижа при водењето на домаќинството. Луѓето имаат потреба од различни информации кои ги употребуваат при носење одлуки, а понекогаш едноставно сакаат само да знаат одредено нешто и да не размислуваат на таа тема бидејќи не ги интересира. Затоа и не можете да најдете точен, прецизен податок, кој ќе ве упати на тоа дали треба да ги смените крпите или не. Иако кај Американците може да се сретне „препорака“ во смисла крпата за туширање да ја користите до 3 пати, она што е пресудно е како вие се однесувате со крпата во меѓувреме. Дали ја сушите, ветреете од влагата, или пак ја оставате на закачалка, можеби во бањата? Влагата во крпата и во просторијата е онаа која создава поволнi услови за размножување на бактериите, па ако веќе ве интересира хигиената, не треба да дозволите крпите долго време да стојат влажни или во просторија која што има влага. Ако пак зборуваме за постелнината, исто е како да разговараме за чаршавот на трпезариската маса. Некој ќе се поведе од правилото „зависно од приликата“, а оние попрактичните ќе настојуваат да изведат равенка. Генерално, одржувањето на хигиената подразбира дека истата ќе ја задржите и во спалната соба. Оттука, вие најдобро знаете колку таа постелнина била користена, евентуално да дојде во допир со нечистотии и да стане легло на бактерии. Во идеални услови, препораката е чаршавите да се менуваат еднаш во седмицата, но никој нема да ви пише минус ако сте сами и ја користите постелнината 14 дена. Секогаш имајте го на ум златното правило за одржување на хигиената кое упатува на фреквенцијата на користење. Поинаку се одржува хигиена на автобуска станица, а поинаку во домашни услови. Проветрувањето и влагата секако дека играат улога и во овој случај, па затоа повторно останува сами да ја решите равенката, бидејќи само вие ги имате точните информации. Хигиената навистина е половина здравје, но не е само до редовното миење на рацете и телото, туку и до она што ве опкружува и она со што доаѓате во допир за време на престојот дома. |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Испеглајте ги алиштата без употреба на пеглаМногу пати сме се нашле во ситуација каде што ни била потребна пегла за алишта, но истата или сме ја заборавиле дома или ни се расипала во најпотребните моменти. Додека да набавите нова, испробајте ги овие начини преку кои може да ги испеглате алиштата:
|
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Средство кое ќе ви ги реши маките со чистењето на прозоритеАко не сакате да се триете со многу хемикалии или пак, истите тие средства како да не ви помагаат да ги отстраните закоравените нечистотии на стаклата од автомобилот или огледалото во тоалетот, тогаш можете сами да направите смеса. Се состои од природни состојки, а бидете сигурни дека ќе ви помогне и со најтврдокорните дамки. Како да ја направите? Потребни состојки:
Подготовка:Измешајте ги сите состојки во празно шише со прскалка и готови сте. Како да го употребувате:Со микрофибер крпи најдобро можете да ги отстраните сите нечистотии. Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:10 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Грешки кои го намалуваат животниот век на домаќинските апаратиМногу често машините низ домот ни се кршат и расипуваат и тоа не затоа што се неквалитетно направени, туку затоа што сме премногу мрзеливи да ги чуваме и третираме како што треба. Често воопшто не се ни мачиме да ги прочитаме инструкциите пред да почнеме да ги користиме и константно нешто правиме погрешно, па машините не ни траат долго. 37 грешки кои мораме самите да си ги поправиме за машините во домаќинството да траат подолго: Машината за перење облекаФрижидерМулти готвачМашина за миење садовиМикробрановаТостерБлендер |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Неколку трикови за совршено чист домДенес со вас ќе споделиме неколку трикови кои се идеални за совршено чист дом во кој ќе уживате. 1. Дрвена маса и комоди Дрвената маса, дрвените полици и комоди ќе го вратат својот сјај ако ги чистите со крпа која претходно сте ја натопиле со мешавина составена од половина шолја јаболков оцет и маслиново масло. 2. Пожолтени перници Наместо да купите веднаш нови, обидете се да ги исперете со шолја детергент за садови, шолја избелувач, половина шолја боракс и врела вода. 3. Рачката од тушот За да го отстраните каменецот од тушот премачкајте го со оцет, завиткајте го во пластична кеса заврзете ја и оставете ја делува најмалку половина час (во зависност од тоа колку каменец има). Потоа исперете го со вода. 4. Мувла во бањата Направете топчиња од памучна маица и натопете ги во избелувач. 5. Мебел од микрофибер На чиста бела четка ставете малку алкохол и истријте го мебелот од микрофибер и тој ќе изгледа како нов. Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:09 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Организирајте го фрижидерот во неколку чекориДури и најорганизираните дами понекогаш кога ќе го отворат фрижидерот не се сигурни дали на некои од намирниците им истекол рокот на траење. Па затоа од време на време не е лошо да направите мала реорганизација на фрижидерот и ќе видите колку тоа ќе ви ја олесни целата работа. Во прилог ви нудиме неколку основни насоки… 1. Фрлете ги оние намирници за кои не сте сигурни кој им е рокот на траење Во фрижидерот треба да останат само оние производи кои не се штетни по здравјето и затоа ова е првиот чекор кон реорганизација. 2. Поделeте ги намирниците по групи Имајте на ум дека сите прегради во фрижидерот се направени со причина, а таа е да ви се олесни ракувањето со намирниците. Плус ако ги користите вистинските прегради фрижидерот изгледа многу попрегледно и пошироко. 3. Користете налепници Ако досега тоа не сте го правеле, обидете се и ќе видите колку ќе ви биде полесно. Наместо да се потпирате на вашата меморија и да запомните што кога сте замрзнале, едноставно напишете и без проблем ќе го најдете она што го барате. 4. Купeте садови со вакумски капачиња Ако имате постојано “гужва“ од остатоци од ручек, вечера и слично одлична идеја за вас се садови со вакуумски капачиња во кои уредно ќе го сместите остатокот од храната без истата да го замириса целиот фрижидер. 5. Средување на замрзнувачот Кога го средувате фрижидерот немојте да го занемарите замрзнувачот. Освежете го и него и ослободете се од полупразните кутии со сладолед, кесите со смрзнат зеленчук на кој му е поминат рокот на траење или месото кое стои тука премногу долго време. Правилото е дека рибата и црвеното месо не треба да стојат во замрзнувачот подолго од шест месеци, пилешкото подолго од четири месеци, а месните преработки од два месеци. Ако оваа реорганизација ја правите редовно, вашиот фрижидер секогаш ќе биде среден и организиран. Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:13 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Домаќински уредена кујнаНа сите ни се допаѓаат кујните од списанијата, но оние вистинските кујни во кои се готви за целото семејство не изгледаат баш така. Затоа денес за вас издвоивме неколку инспиративни фотографии со токму такви кујни во кои има паметни решенија и многу предмети на видик бидејќи постојано се употребуваат. Погледнете како изгледаат овие кујни и се надеваме дека ќе се инспирирате и ќе додадете некој таков детаљ и во вашата кујна. 1. Без висечки делови Намалете го трошокот за кујната, а зголемете ја практичноста. Сите оние предмети кои ги користите секојдневно најдобро е да ви се на полици за полесно да дојдете до нив. 2. Ниски полици Полиците можете да ги поставите и доста ниско во однос на работиниот дел за сите предмети да ви се на дофат на рака. 3. Зачински билки на прозор Искористете го прозорот за поставување на мали саксии со зачински билки. Секое јадење е подобро со зачини кои вие сте ги одгледале. 4. Весели бои Уште една кујна без висечки делови. Тесниот простор на овој начин изгледа поголем, а слободните ѕидови се искречени во весели бои. 5. Рустикални детали Закачени корпи и стар прозор, но и детали како дополнителна работна површина на овој тип на кујна му даваат посебен рустикален изглед. 6. Повеќе светло Светли плочки, светли полици и светли садови ќе направат кујната да изгледа посветло. 7. Рециклирање Искористете ги конзервите како држачи за лажици, мешалки и слично. Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:15 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Нека блескаат вашите подови со помош на следниот трикСакате вашиот дрвен под да биде сјаен? Тогаш за тоа искористете кесичка црн чај. Црниот чај успешно ги чисти подовите и ги прави блескави. Освен тоа нема да вдишувате хемикалии од средствата за чистење и полирање. Загрејте тенџере со вода и во врелата вода ставете две кесички црн чај. Оставете го да отстои неколку минути. Крпата за бришење натопете ја во водата и добро исцедете ја. Потоа пребришете ги подовите и уживајте во ефектот. Она што е важно е да ги чистите подовите исклучиво само со црн чај, а не црн чај во комбинација со нешто друго. Ако подот ви е валкан и долго не сте го бришеле, прво исчистете го на стандардниот начин на кој го правите тоа, а потоа уште еднаш пребришете го со вода па дури потоа со црниот чај. Исто така дрвените подови пребришете ги со добро исцедена крпа за вишокот на вода да не влегува во пукнатините меѓу даските. Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:14 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Поголемиот дел од луѓето се сконцентрирани на чистење на одредени елементи од домот што често забораваат дека има ситници кои, иако се незабележливи, имаат огромна важност за хигиената. Стручњаците се согласуваат дека постојат работи кои луѓето едноставно ги забораваат, а се особено важни доколку сакаме да внимаваме на здравјето и чистотата во домот. Според нив ова се работите кои најголемиот број луѓе забораваат да ги исчистат: 1. Задната страна на тепихот – ова место е особено подложно на собирање прав и нечистотија. 2. Чанти – извадете ја поставата и истресете ги. Памучните чанти перете ги во машина на ниска температура, а кожните третирајте ги со посебен спреј. 3. Ролетни – металните ролетни најлесно ќе ги исчистите со чорап. Натопете го во вода каде сте раствориле средство за чистење и навлечете го на раката па поминете низ ролетните. 4. Горниот дел на фрижидерот – кај најголемиот дел од луѓето предниот дел на фрижидерот е совршено чист, што не важи за горниот или страничните делови, кои главно не се забележуваат. 5. Кујнски сунѓери – стручњаците препорачуваат истите да се менуваат секоја недела, бидејќи на нив се собираат огромен број бактерии. За да им го продолжите животот морате да ги дезинфицирате со раствор од вода и средство за избелување. 6. Четки и додатоци на правосмукалка – за вашата правосмукалка совршено да функционира потребно е редовно да ја чистите прашината која се собрала во неа и нејзините делови. 7. Метла – најлесно ќе ја исчистите со правосмукалка или рачно. Исперете ја со топла вода и детергент и оставете ја да се исуши. 8. Канта за отпадоци – редовното чистење ќе ве заштити од огромниот број микроорганизми кои се создаваат во неа. 9. Чашата во која стојат четките за заби – во водата која долго стои на едно место по некое време се развиваат габи. Затоа се препорачува и овие чаши да се чистат редовно. 10. Апаратот за кафе – за да го исчистите резервоарот од наслаги, потребно е одвреме-навреме да го чистите со раствор од вода и оцет во еднакви количини. Оставете да делува 30 минути па исплакнете со ладна вода. |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Како да ја одржувате хигиената и свежината на вашите перници?Дневното одржување и редовната грижа е нешто што дефинитивно ќе го продолжи векот на вашите перници. Дали знаете како да ја одржувате хигиената и нивната свежина? Колку и да ви изгледа комплицирано и досадно целото ова, мора да нагласиме дека чистата и удобна перница е основното нешто кое ви е потребно за добар сон. Во продолжение, прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат да ја одржите свежината на вашата перница: Изменето од Valerija - 29.Април.2017 во 09:29 |
|||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |