Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Април.2016 во 16:33 |
Брза плазма тортаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г. мелена плазма 100 г. мелени и сецкани ореви 200 г. чоколадо 2 лажици масло за готвење 200 г. шеќер во прав 250 г. путер 2 јајца 200 мл. газиран сок со вкус на портокал или пак цеден портокал НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Со миксер измешајте ги јајцата, маргаринот и шеќерот. Додадете плазма, ореви, и 100 г. рендано чоколадо. Сипете сок и добро промешајте додека се не се соедини. Ставете ја смесата на послужавник и обликувајте ја тортата. Преку неа ставете глазура од стопено чоколадо (преостанатите 100г.) и масло. По желба можете да додадете и бадеми, лешници или ореви, суво грозје, или пак суви кајсии… Исто така, преку глазурата можете да ставите и шлаг. Совет: Имајте предвид дека јајцата кои ќе ги искористите треба да бидат свежи.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Мај.2016 во 08:20 |
Ако немате баш многу време, а ви се јаде нешто слатко, тогаш овој колач е совршениот рецепт за вас. Посебно ако гледате набрзинка да го задоволите апетитот за чоколадо, веднаш по велигденскиот пост: Потребни состојки: - 150g бисквити или пишкоти
- 2 пудинга од чоколадо
- 2 банани
- 250g маргарин
- 2 крем шлаг од ванила
- 9dl млеко
- 120g шеќер
Подготовка: 1. Во мал сад ставете 5dl млеко, додадете шеќер и варете додека не зоврие. 2. Во посебен сад, изматете 1dl млеко со пудингот од чоколада и добро измешајте. Оваа смеса ставете ја во онаа што се вари и со непрестајно мешање варете додека не згусне. 3. Во оладениот пудинг додадете го омекнатиот маргарин и измешајте го со миксер. 4. Исечете ги бананите на кругови и искршете ги бисквитите. Подготвените состојки додадете ги во филот од чоколадо и полека измешајте ги. 5. Земете длабока тепсија и испрскајте ја со вода и во неа ставете ја готовата смеса за колачот. Израмнете и оставете да се зацврсти. 6. Крем шлагот од ванила изматете го со преостанатото млеко и премачкајте преку филот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Мај.2016 во 16:35 |
ЛЕДЕНА ТОРТАКонечно дојде вистинското пролетно време, а тоа значи само едно – повеќе забава и дружење за време на викендите. За да постигнете да подготвите нешто за гостите, обидете се со овој брз и иновативен рецепт за десерт за кој нема потреба да ја уклучувате рерната и да губите многу време. Потребно е само да купите сендвич – сладолед, сируп од карамела или чоколада и шлаг. 1. Наредете еден ред сладолед сендвичи 2. Направете три спрата, а помеѓу секој истурете карамел или чоколаден сируп 3. Премачкајте со шлаг 4. Како декорација, посипете малку карамел или чоколаден сируп, исечете и сервирајте разладено.
Изменето од Valerija - 05.Мај.2016 во 16:41
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Мај.2016 во 22:06 |
Ако треба да ги поделите луѓето во две категории тогаш на едната страна би имале луѓе кои сакаат десерти а на другата луѓе кои обожаваат десерти. Но, тука е и главната подкатегорија, луѓе кои се во постојана борба со вишокот килограми. За да успеете да ги задоволите сите три групи изберете и подгответе некој од овие три рецепти за кои нема да ви треба ниту брашно ниту шеќер и верувајте дека воопшто нема да погрешите. Бомбици со суво грозје, кора од портокал и медСостојки: - 1 чаша суво грозје
- 1 чаша сечкани ореви
- кора од портокал
- 2 лажици мед
- сусам, кокос или како во прав за декорација
Начин на подготовка: Исечкајте ги оревите и ставете ги во подлабок сад за да можете подоцна полесно да мешате. Ставете го сувото грозје во блендер и додадете ги ја изренданата кора од портокал и медот и блендирајте додека на добиете хомогена смеса. Додадете ја смесата во садот со оревите и убаво измешајте. Со навлажнети раце земете дел од смесата и обликувајте бомбици кои потоа ќе ги извалкате во сусам, кокос или какао во прав. Ставете ги во фризжидер околу 2-3 часа за да се стегнат и вашиот десерт е готов. Вкусни житни плочкиСостојки: - 200 гр. сечкани семки од сончоглед
- 4 лажици мед
Начин на подготовка: Најпрво подгответе ја тавата каде ќе се стврднат плочките, така што истата ќе ја обложите со мрсна хартија и ќе ја премачкате со масло за готвење. Ставете го медот во сад на оган и мешајте додека не почне да карамелизира, а потоа додадете го сечканиот сончоглед и со мешање варете 15 минути. Истурете ја жешката смеса во тавата, израмнете ја површината и исечете ја по желба. Почекајте плочките да се изладат околу час и половина и можете да ги послужите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Мај.2016 во 15:26 |
Брза летна торта со пудинг и плазма
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 л млеко 3 пудинзи од ванила 100 гр мелени плазма бисквити 2 праски 2 банани 7 лажици шеќер 125 гр путер НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Пудингот во прав се меша со шеќерот па сето тоа се исипува во 2 дл ладно млеко, а остатокот се става на оган да зоврие. Во врелото млеко додадете ја смесата од пудинг и шеќер и добро мешајте се додека се згусне, за да не се појават грутчиња. Кога ќе згусне, трегнете го садот од оган и додадете го путерот. Мешајте се додека не се стопи и не се соедини со смесата. Од добиената мера додека сеуште е врело, извадете четвртина и во неа додадете ги мелените бисквити. Смесата префрлете ја во тркалезен калап. Во остатокот од врелиот пудинг додадете исецкано овошје па и таа смеса исипете ја врз смесата со бисквити. Тортата оставете ја да се олади неколку часа во фрижидер. Во меѓувреме изматете шлаг, премачкајте ја тортата и декорирајте по желба.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Мај.2016 во 15:23 |
РУМ ВАЉАЦИ (БЕЗ ПЕЧЕЊЕ)Состојки: 125 гр маргарин 100 гр шеќер во прав 300 гр мелени бисквити 125 гр маргарин 50 гр мелени ореви 50 гр мелени ореви 50 гр мелени ореви Глазура: 200 гр црна чоколада 20 гр бела чоколада Измиксирајте го маргаринот заедно со шеќерот во прав. Додадете ги мелената бисквити и оревите. Се заедно се миксира и се додава прво сокот, а потоа рум. Се остава 30 минути во фрижидер да се олади смесата, па се прават долги валјаци со дебелина од 1см. Се сечат од 5см должина. Се ставаат во фрижидер на 2 – 3 часа и се става глазура од црно чоколадо кое е истопено на пареа. Кога ке се зацврсти чоколадата се украсува со бело чоколадо.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Мај.2016 во 15:23 |
БАНАНА ДЕСЕРТ ОД 3 СОСТОЈКИ, ГОТОВ ЗА 5 МИНУТИ1 банана Кесичка шлаг или 250 мл. хопла кокос Подготовка: Изматете го шлагот, со него намачкајте ја бананата и извалкајте ја во кокос. Исечете ја на кругови и послужете.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:29
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Мај.2016 во 08:43 |
Dave’s Kitchen: Чоколадни коцки со путер од кикирики
Сите сакаме брзи и едноставни десерти кои нема да ни одземат многу време, а ќе ја задоволат нашата потреба за благо. Овие чоколадни коцки без печење се идеален рецепт за тоа. Потребни состојки: Основа: - 200 гр. бисквити или крекери
- 70 гр. путер растопен
- 120 гр. путер од кикирики
Слој од чоколада: - 200 гр. темна чоколада растопена
- 60 гр. путер од кикирики
Начин на подготовка:
Бисквитите се мелат во прав, им се додава растопениот путер и путерот од кикирики. Смесата се распределува во мало правоаголно тавче. Врз оваа основа се истура растопена чоколада додека растопениот путер од кикирики се става на неколку места со лажица. Потоа со помош на чепкалка се прават движења низ целото тавче за да се добие саканата шара. Се остава да се излади и потоа се сече на коцки со врел нож.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Јуни.2016 во 08:17 |
КРЕМАСТА БАЈАДЕРА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ - ГОТОВА САМО ЗА 10 МИНУТИ!ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 1 литар млеко * 150гр гриз * 250гр маргарин * 1-2 лажици какао * 200гр оцет * 1 пакетче ванила * кора од лимон и сок од половина лимон * бисквити НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Ставете го млекото да се вари заедно со шеќерот, додадете го маргаринот да се стопи па во тоа додадете го и гризот. Поделете ја смесата на два дела па во едниот додадете какао, а во другиотшеќерот од ванила и лимонот. Во плех наредете ги бисквитите па најпрво ставете од црната смеса. Врз црниот крем ставете бисквити. Врз бисквитите ставете од белата крема, па повторно бисквити и тоа е тоа. Ставете во фрижидер и почекајте да се излади.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:30
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Јуни.2016 во 08:18 |
Без печење, без миксер: Ледолино торта
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл. млеко 500 мл. хопла 12 лажици густин (околу 110 г.) 1 ванилин шеќер 100 гр. темно чоколадо за готвење 100 гр. бело чоколадо 4 лажици шеќер кутија пишкоти или пак помали бисквити НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Помешајте го млекото со хоплата и од количината одземете околу 200 мл. за да ја помешате со густинот и шеќерот. Остатокот од течноста ставете го на оган, а откако ќе се свари додадете го и веќе разматениот густин. Кремата се згуснува за релативно брзо време, такашто 2-3 минути се сосема доволни. Поделете го шлагот на два дела. Во едниот дел измешајте ја темната веќе срендана чоколада, и мешајте енергично за побрзо да се стопи. Во другиот дел додадете ја белата чоколада и исто така добро промешајте. На дното на калапот наредете ги пишкотите или бисквитите кои претходно сте ги натопиле во млеко. Нанесете го одозгора темниот, па белиот крем. Доколку сакате, можете да ги наредите и наизменично за да добиете зебра ефект. Оставете ја тортата во замрзнувач за да се стегне, и по извесно време уживајте во нејзиниот вкус.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јуни.2016 во 09:53 |
ЛЕТЕН ДЕСЕРТ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ - ГОТОВ ЗА 15 МИНУТИОдличен за топлите летни денови кога навистина сакате да се изладите со нешто благо, кое сепак не е сладолед и не содржи преголема количина на шеќер. Со помош на овој лесен и едноставен рецепт ќе научите како сами дома да го направите највкусното тирамису кое некогаш сте го пробале. Потребни состојки: 250g сирење маскарпоне 3 јајца 60g шеќер кафе (по желба во кафето може да се додаде рум, амарето или некој друг алкохол) плазма бисквити какао Подготовка: Најпрво подгответе го кафето и додадете му шеќер по желба. Изматате ги убаво жолчките со шеќерот и потоа додадете го маскарпоне сирењето и продолжете да мешате. Во друг сад убаво изматете ги белките додека не добиете густа смеса. Додадете ги изматените белки во садот со жолчките и мешајте одозгора-надолу. Земете чаши за послужување и ставете малку од добиениот крем, потоа натопете ги плазма бисквитите во подготвеното кафе и ставете ги над кремот. Повторете ја постапката според големината на чашата и според тоа колку слоја саката да имате. На крајот наросете со какао. Ставете ги чашите во фрижидер најмалку 3 часа и потоа се подготвени за послужување.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јуни.2016 во 09:44 |
ИСКРШЕН КОЛАЧ БЕЗ ПЕЧЕЊЕПотребни состојки: 250g маргарин 200g шеќер 5 јајца 100g чоколадо за готвење ½ kg бисквити, кршени 1 лист обланда Подготовка: Во едно тенџере растопете го маргаринот со шеќерот, па додадете ги јајцата и чоколадото. Варете додека сите состојки не се стопени. Кога ќе зоврие смесата, додадете ги крупно искршените бисквити. Штом згусне смесата, тргнете ја од оган. На тава ставете го листот обланда, па врз него истурете ја смесата со бисквити. Послужете го колачот ладен.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:30
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јуни.2016 во 09:45 |
МИЛКА ТОРТА ГОТОВА ЗА САМО 30 МИНУТИПотребни состојки: 1 литар млеко 10 лажици шеќер 3 пудинзи од ванила 300 грама млечно Милка чоколадо 100 грама бело Милка чоколадо 500 мл слатка павлака Бисквити Подготовка: Пудингот и шеќерот промешајте ги со неколку лажици млеко, а потоа смесата додајте ја во загреано млеко. Сварете го пудингот, а потоа смесата поделете ја на 2 дела. Во едниот дел истопете го темното чоколадо, а во другиот белото. Измиксирајте ја слатката павлака и ¼ ставете во белиот, а ¼ во темниот крем. Земете плех или тава за печење, издробете ги бисквитите или наредете ги цели, па прелијте го белиот крем. Оставете малку за декорација. Одозгора ставете го темниот крем. Преостанатиот бел крем кој го оставивте за декорација нанесете го врз темниот во вид на мали точки кои може да ги прошарате со чепкалка. Оставете ја тортата да се олади во фрижидер или замрзнувач, па потоа послужете ја. Може да декорирате со рендано Милка чоколадо или нешто друго по желба.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:31
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јули.2016 во 08:52 |
НЕС КОЦКИСе подготвуваат без многу мака и трошок, а се вкусни за секоја пригода. Потребни состојки:За чоколадниот фил: - 2 пудинзи од чоколадо
- 4 лажици шеќер
- 3 лажици сечкани лешници
- 100g чоколадо за готвење
- 6dl млеко
- 100g шеќер во прав
- 180g маргарин
За филот од кафе: - 300g Маскарпоне крем сирење
- 3,5dl слатка павлака
- 150g шеќер во прав
- 1 лажица Нес кафе
- 10g желатин во прав
Начин на подготовка:Чоколаден фил: 1. Во сад ставете 5dl млеко, додадете шеќер и варете додека не зоврие. 2. Останатото млеко посебно изматете го со пудинг од чоколадо и ставете го во зовриеното млеко и продолжете со варење додека не згусне. Пред крајот на варењето додадете искршена чоколада за готвење и мешајте додека не се стопи. 3. Посебно изматете го омекнатиот маргарин со шеќер во прав и соединете го со оладениот пудинг и измешајте. На крај, додадете ги сечканите лешници и измешајте. Филот од кафе:
1. Изматете го крем сирењето со шеќер во прав и Нес кафе. 2. Измешајте ја слатката павлака додека не стане цврст шлаг и соединете ја со филот од Маскарпоне. 3. Прелијте го желатинот со 4 лажици ладна вода и оставете да набабри, а потоа додадете го подготвениот фил и полека мешајте. Крајна постапка:
1. Дното од тавата покријте го со натопениот кекс во млеко. На него намачакајте го чоколадниот фил и оставете комплетно да се олади. 2. Потоа, нанесете го филот од кафе, израмнете и оставете го во фрижидер за да се зацврсти.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|