IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите пештери
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите пештери

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2016 во 17:22

Влезете во најголемата и најмистериозната пештера во светот

Во Мамутската Пештера човечка прв пат стапнала човечка нога пред 4000 години. Тоа биле километри црна темнина и неистражени премини, целата прошарана со сталактити и сталагмити.

Мамутската Пештера

ps01

Мамутската Пештера своето име го добила според нејзината големина, бидејќи не постои поголем пештерски систем во светот. Истражени се над 650 километри од овој пештерски систем.

Бескрајна пештера

ps02

Никој не знае која е точната големина на оваа пештера, бидејќи сѐ уште се истражува. Секој ден се откриваат нови делови. Поголемиот дел од пештерата е формиран од варовник, вид камен кој го има насекаде низ американската држава Кентаки.

Првите посетители

ps03

Американските Индијанци коишто први ја посетиле оваа пештера оставиле сведоштво за нивната посета. Стари факели, школки, црпки и делови од облека датирани во периодот пред 4000-2000 години сѐ уште се зачувани во Мамутската Пештера.

Раните водичи

ps04

Пештерата останала невознемирувана со векови, сѐ додека европските доселеници не дознале за оваа огромна подземна мрежа. Еден од првите кои се обиделе да ја мапираат бил Стивен Бишоп, роб и еден од првите пештерски водичи. Тој самиот мапирал извесни делови од оваа пештера, осветлувајќи си го патот со газиена лампа. Неговиот гроб се наоѓа на Гробиштата на Стариот Водич, во близина на влезот на пештерата. Овој цртеж на пештерата бил објавен во 1881 година.

Тури низ Мамутската Пештера

ps05

Околу 16 километри од пештерата се отворени за туристички тури. Теренот не секогаш е лесен. Природните стрмнини го отежнуваат патешествието. Овој цртеж прикажува тура со чамец во 1850 година. Турите со чамци биле забранети во деведесеттите.

Под земјата

ps06

Бил вложен голем напор да се одржи пештерата во нејзината природна состојба и покрај тоа што секоја година неа ја посетуваат 390.000 посетители. Нежните светла ги осветлуваат патеките, но тие не светат цело време. Во еден дел од турата, водичот ги собира сите посетители заедно и потоа светлата се гасат. Тоа е најцрната темнина која би можеле да ја доживеете. Се наоѓате на 91 метар под површината на земјата и нема никакво осветлување околу вас. Потоа водичот ќе запали чкорче за да ве потсети дека не сте сами. Но за неколку мигови ќе се почувствувате како тие први истражувачи кои не можеле да се потпрат на ништо друго освен на треперливите несигурни факели со кои си го осветлувале патот.

Одењето внатре

ps07

Пештерата е отворена во текот на целата година бидејќи температурата внатре е секогаш иста. Просечната температура на Мамутската Пештера изнесува помеѓу 12 и 18 степени Целзиусови и во зима и во лето.

Легендарна историја

ps08

Поради тоа што Мамутската Пештера е огромна, темна и целосно сѐ уште неистражена, за ова место кружат многу легенди. Некогаш таа била користена како живеалиште, како погребно место, па дури и како рудник во кој се ископувала шалитра. За време на прохибицијата, шверцерите на алкохол ги користеле овие пештери за да ги чуваат шишињата на ладовина додека да се испорачаат.

Опседнатост со духови

ps09

Во 1839 година, пештерата била претворена во еден вид болница за болните од туберкулоза. Чудно е тоа што и покрај ова, туристичките тури во тоа време не биле запрени. Некои посетители налетувале на мртви тела за време на нивните истражувања. Луѓето раскажувале за паранормални активности во и околу пештерата. Слушале фантомски гласови, чудни светла, слушале чекори и доживувале други ужаси.

Ужас

ps10

Дури и Х.П. Ловкрафт бил инспириран од овие мистериозни пештери, по што ја напишал „Ѕверот во пештерата“. Но, не сите се плашеле од пештерата. На сликата се гледа венчавањето на брачен пар во 1908 година на Невестинскиот Олтар, некогаш многу популарно место за венчавки низ деветнаесеттиот век. Традицијата била запрена во 1941 година.

Пештерски војни

ps11

Мамутската Пештера е позната и по Пештерските војни во Кентаки. Со години делови од оваа пештера биле во приватна сопственост. Сопствениците воделе независни тури низ нивниот дел од пештерата и ова создало голема конК*ренција. Еден од нив се обидел да отвори премин со кој ќе се стекнал со предност пред неговиот соперник. Но, завршил така што се заглавил и по неуспешните обиди да го ослободат, тој умрел внатре. Неговото тело не било извадено со години и долго време било изложено за посетителите. Кога Мамутската Пештера била претворена во национален парк во 1941 година, на пештерските војни им дошол крај.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2016 во 17:25

Пештерата Сон Дунг, Виетнам

ms09

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2016 во 17:30

Пештерата Ваитомо, Нов Зеланд

ms03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2016 во 17:41

20 преубави пештери кои го одземаат здивот

За да се спуштите во огромна природна пештера стара милиони години, потребно е да имате вистински авантуристички дух. Додека ја истражувате нивната внатрешност, очекувате да најдете бледи, слепи суштества, огромни сталактити и сталагмити и темнина. Но овие неверојатни пештери имаат да понудат нешто уште поспецијално на секој кој ќе се осмели да ги истражи нивните длабочини.

1. Пештерата на кристалите (Мексико) 

pes01

Откриена во 2000 година, Пештерата на кристалите е блескав спектакл со кристали стари околу 600 000 години.

2. Пештерата на светулките, Ваитомо, Нов Зеланд

pes02

Формирана пред повеќе од 30 милиони години, оваа пештера е осветлена од биосветлината на илјадници светулки кои висат на ѕидовите на пештерата.

3. Грото Азура, Италија

pes03

Ако патот некогаш ве донесе во Капри, Италија, морате да ја посетите оваа пештера. Некогаш се верувало дека ја населуваат сирени и ѓаволи. Пештерата е позната по својата блескаво сина вода која, штом ќе изгрее сонцето, ја филтрира црвената светлина оставајќи ја само сината што резултира со неверојатен феномен за кој не ви е потребен фотошоп за да се истакне таа убавина.

4. Пештерата на глечерот Ватнајекидл

pes04

Бидејќи се целосно формирани од лед, најдобро време за посета на глечерните пештери се есента и зимата, кога има помала веројатност да ви се урнат врз главата, а и кога глечерите не се движат толку брзо.

5. Пештерата Фраја Након, Тајланд

pes05

Во националниот парк Као Сам Рои Јот е неверојатната пештера Фраја Након со многу интересна историја. Сончевата светлина се пробива низ срушениот таван на структурата, осветлувајќи го павилјонот Куха Карухас, изграден во 1890 за кралот Чулалонгорн. По изградбата била посетувана и од други кралеви кои се потпишувале на нејзините ѕидови.

6. Мермерните пештери, Чиле

pes06

Ако го посетите езерото Карера во Патагонија, ве очекува прекрасна глетка. Кристално чистата вода обоена во сино од смрзната тиња го акцентира интригантниот природен дизајн на најневеројатната мрежа од пештери во светот.

7. Пештерата кај вулканот Мутновски, Русија

pes07

ОБликувана од топлите извори и осветлена од таванот, во оваа пештера се прелеваат зелени, виолетови и сини нијанси, правејќи да се чувствувате како да сте влегле во некоја стара руска бајка.

8. Пештерата Донгжонг, Кина

pes08

Стара илјадници години, оваа инаку вообичаена пештера, служи како училница за 186 ученици и осум учители. Природната структура ја има оваа функција од 1984 и веројатно е едно од најинтересните места во кое секое дете би сакало да ги минува училишните часови.

9. Фингаловата пештера, Шкотска

pes09

Иако оваа пештера на островот Стафа изгледа како да е внимателно изделката од некој опседнат со шестоаголници, оваа неверојатна геометриска структура е целосно дело на природата.

10. Пештерата на трските, Кина 

pes10

Иако осветлувањето во оваа пештера е вештачко, сепак оваа пештера е популарна туристичка дестинација уште од 792 година, за што сведочат безбројните потписи по нејзините ѕидови.Своето име го добила по трските кои растат пред нејзиниот влез.

11. Елисоновата пештера, САД

pes11

Се наоѓа во североисточна Џорџија и е на длабочина од 180 метри. Се вели дека ако пуштите камен од нејзиниот влез, потребни му се осум секунди за да стигне до дното.

12. Кјаут Сае, Мјанмар

pes12

Според легендите, оваа пештера се користела како засолниште на локалните жители кога бегале од нападите на Монголите во 13. век. Сега пештерата служи како место за медитација на будистите од храмот кој е изграден веднаш до неа.

13. Пештерата Сон Дунг, Виетнам

pes13

Најголемата пештера во светот се наоѓа во провинцијата Кванг Бин. За првпат откриена во 1991, пештерата е широка 213 метри, висока 150 метри и е долга речиси 10 километри.

14. Ледената пештера Ајсризенвелт, Австрија

pes14

Најголемите ледени пештери во светот биле откриени во доцниот 19 век. Целиот лавиринт се протега 40 километри, и како и секоја ледена пештера, целата внатрешност и надворешност постојано се менува поради топењето на ледот и повторното заледување.

15. Ординскаја, Русија

pes15

Ординскаја се наоѓа во Уралскиот регион. Се состои од подводни простории кои се протегаат преку 4 километри.

16. Пештерите Карисбад, САД

pes16

Лоцирани во Ново Мексико,овие пештери биле формирани во периодот пред 4-6 милиони години.

17. Пештерата Бартон Крик, Белизе

pes17

На прв поглед оваа пештера не изгледа како којзнае што особено. Сѐ додека не ги здогледате черепите. Пештерата била употребувана од Маите како место за погреби и верски обреди.

18. Јеита Грото, Либан

pes18

На влезот на пештерата ќе ве заглуши силниот звук на водата, кој одекнува во пештерата, по што пештерата го добила и своето име. Како што навлегувате, бучавата е заменета од длабока тишина и неверојатна убавина.

19. Пештерите Канго, Јужна Африка

pes19

Ова е серија од пештери со драматични фигури од варовник. Артефактите покажуваат дека во Каменото доба пештерите служеле како дом за луѓето кои тогаш го населувале овој регион.

20. Авен Арманд, Франција

pes20

Ако се осмелувате да навлезете 100 метри под земја, стравот ќе ви се исплати, бидејќи во пештерата се наоѓаат 400 уникатни видови на сталагмити, вклучувајќи го и најголемиот сталагмит во светот, висок 30 метри.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2016 во 22:04

Пештерата Мелисани, Грција
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2017 во 16:39
Слики од кои застанува здивот: Најголемата пештера во светот е апсолутно спектакуларна

Фармерот Хо Кан во 1991 година шетал по виетнамскиот национален парк кога земјата под неговите нозе почнала да се одделува и да се распаѓа. Сосема случајно, ја открил најголемата пештера во светот.
Иако постојат одредени делови кои се` уште не се истражени, се верува дека оваа пештера е долга најмалку 8 километри, широка 500 метри, а сводовите досегаат до 600 метри височина.


Како што можете да забележите од фотографиите, оваа пештера воопшто не наликува на било која досега откриена. Влезот во оваа природна убавина е најден во 1991 година, а тогаш бил премногу стрмен за да може нормално да се влезе во пештерата. Палеонтолозите дури во 2009 година се осмелиле да влезат во неа.


Глетката била магична. Пештерата ја нарекле Ханг Сон Донг, а имала и сопствена прашума, река, па дури и микроклима.

Поради целосно изучување на ова прекрасно место, истражувачите се искачиле на ѕидовите високи и до 200 метри. Тоа бил стресен и опасен потфат, но погледот кој тогаш се протегнал пред нив бил апсолутно вреден за напорот.


Богатството на флора и фауна во ова магично место допрва чека да биде откриено.

Во пештерата се сместило езеро кое создава фасцинантна рефлекција, при што не треба да ги измами очите самата глетка кон површината бидејќи водата достигнува до длабочина од најмалку 300 метри.


Пештерата е позната и по најголемата колекција на пештерски бисери. Сферичните формации на калциумови соли се прекрасни, а по својата убавина се издвојуваат од сите слични прекрасни феномени на Земјата.


Истражувањата не се воопшто едноставни. Потребно е да патувате низ џунгла цел еден ден за да стигнете до нејзиното предворје. Потоа следуваат напорни физички предизвици кои го чекаат секој авантурист.


Патувањето низ оваа магична пештера чини 3000 долари. Годишно ја посетуваат околу 500 туристи, а турите се работа на престиж бидејќи Виетнам има сериозен пристап во зачувувањето на своето природно национално богатство.




Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2017 во 09:24

Мермерните пештери, Езерото Генерал Карера, Чиле

10-magicni-mesta-na-zemjata-koi-licno-treba-da-gi-vidite-za-da-veruvate-deka-postojat-16.jpg

10-magicni-mesta-na-zemjata-koi-licno-treba-da-gi-vidite-za-da-veruvate-deka-postojat-17.jpg

10-magicni-mesta-na-zemjata-koi-licno-treba-da-gi-vidite-za-da-veruvate-deka-postojat-18.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2017 во 09:25

Светлечките пештери, Ваитомо, Нов Зеланд

10-magicni-mesta-na-zemjata-koi-licno-treba-da-gi-vidite-za-da-veruvate-deka-postojat-28.jpg

10-magicni-mesta-na-zemjata-koi-licno-treba-da-gi-vidite-za-da-veruvate-deka-postojat-29.jpg

10-magicni-mesta-na-zemjata-koi-licno-treba-da-gi-vidite-za-da-veruvate-deka-postojat-30.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2017 во 09:26

Пештерите со мраз на глечерот Менденхол, Џуно, Алјаска

10-magicni-mesta-na-zemjata-koi-licno-treba-da-gi-vidite-za-da-veruvate-deka-postojat-4.jpg

10-magicni-mesta-na-zemjata-koi-licno-treba-da-gi-vidite-za-da-veruvate-deka-postojat-5.jpg

10-magicni-mesta-na-zemjata-koi-licno-treba-da-gi-vidite-za-da-veruvate-deka-postojat-6.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2017 во 16:07

ПЕШТЕРАТА СО ТРИ МОСТА ВО ЛИБАН КОЈА СЕ ПРЕТВОРА ВО МАГИЧЕН ВОДОПАД




Водопадот Батара Џорџ е еден од најубавите во светот.

Пештерата со три моста, вистинско чудо на природата е волшебно место, а кога ќе настапи топењето на снегот, се појавува магичен водопад, кој од оваа пештера прави нешто несекојдневно.

Кога Планината Либан ќе започне со топење, мразот се претвара во вода и тече по овие карпи, резбајќи го варовникот и го формира овој водопадот. Овој варовник е стар повеќе од 160 милиони години, што значи постоел кога земјата била дом на диносаурусите.

Овој водопад е висок 250 метри и е лоциран блиску селото Бала, а најдобар период за да се види водопадот е помеѓу Март и Април.

Голозите велат дека горниот мост има најстара формација, а долните два моста се формирани со текот на времето, веројатно од паѓањето на камењата и рушењето на варовникот.

Иако луѓето знаеле дека постои долго време, јавно е обелоденето дека постои во 1952 година кога биологистот Henri Coiffaitго открил и станал многу заинтересиран за оваа природна убавина.


Оттогаш се спроведени многу истражувања за пештерата, нејзината старост и што се крие внатре во пештерата. Необичноста и убавината на местото привлекува многу туристи, но сите се предупредени од знаците кои се секаде, за опасноста од карпи и камења. Сепак, доколку сте во можност ова е едно од местата кои мора да ги видите.


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2018 во 08:15

 Mendenhall, Канада

najubavite-pesteri-vo-svetot-12.jpg



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2019 во 08:28

Моќта на природата: Мермерните пештери во Чиле низ фотографии

0

Природата навистина е највештиот уметник, а во тоа ќе ве уверат фотографиите од „мермерните пештери“ во Чиле.

Ова живописно место е лоцирано на езерото Генерал Карера, кое се протега на границата помеѓу Чиле и Аргентина, и е една од најголемите туристички атракции.

Мермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештери

Пештерите восхитуваат во секој поглед, а се пристапни само со брод или кајак. Најблискиот град е оддалечен на пет часа возење.

Релјефната внатрешност се формирала од ударите на брановите во текот на илјадници години, а одушевува со магични нијанси на окер, жолта, виолетова и зелена боја, кои се менуваат во зависност од нивото на водата и сезоната.

Мермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештериМермерни пештери

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,500 секунди.