|
DIY-Mодни декорации и козметички средства |
Внеси реплика | страница <1 10111213> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БРЗО И ЛЕСНО направете модерен фланелски шал со ресиШалот освен што не грее, претставува и еден од клучните модни додатоци кои вашиот стил ќе го издигнат на повисоко ниво. И оваа година во мода ќе бидат карираните шалови од фланел кои можете да ги комбинирате со било кој стил. Ако веќе не сте набавиле еден, можете сами да го направите, а ние ви покажуваме и како. 2м фланел во саканата боја кројачко метро ножици распарува шпенадли машина за шиење Фланелот исечете го по должината на половина така што ќе добиете две парчиња материјал со димензии 0,51 на 1,8m. Ќе добиете два широки шалови. Ако сакате потесно, исечете ги овие половини повторно по должината и ќе добиете 4 еднакви делови. Со распарувачот извлечете еден конец од краткиот раб, така што ќе добиете реси со должина од 2cm. Долгите страни свиткајте ги и закачете ги со шпенадли, а потоа користејќи машина за шиење зашијте ги рабовите и на тој начин порабете го шалот. И тоа е тоа! Ако ви остана вишок материјал направете повеќе шалови и подарете им ги на вашите најблиски. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доколку ви треба ташничка за некоја пригода, а не можете да најдете, тогаш зошто и да не си направите сами? Се што ви треба за да си направите сами ташничка е материјал во боја, тањир, дупчалка, марама, ножици и рачка. Постеле го материјалот, со тањирот обележете круг, исечете го, дупнете му дупчиња во кои ќе ја протнете марамата, заврзете ја, ставете ја рачката и ташната е готова. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Уникатно ланче со бисериУникатниот накит не секогаш мора да го купите. Може да го направите сами, особено ако е едноставно за правење, како нашиот денешен предлог. Ланче со бисери во рок стил. Да, бисерите воопшто не асоцираат на рок стилот, но во ваква комбинација прекрасно се вклопуваат. – 2 синџири (еден пократок, еден подолг синџир) – бисери – големи шпенадли Закачете го помалиот синџир на поголемиот. Вметнете ги шпенадлите во бисерите, свиткајте ги, прикачете ги на ланчето и убаво прицврсетете ги. Ставајте ги бисерите и на двата делови од синџирот без притоа подготвена шема и на различна оддалеченост. На ланчето може да додадете и друг метален приврзок, срце, клуч и слично. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Балетанки на врзувањеСе повеќе можеме да го почувствуваме крајот на зимата, и надоаѓањето на првите топли пролетни денови. Можеби е време да започнете да размислувате за времето кога ќе ги соблечете чизмите, и ќе ги ослободите вашите стапала во лесни, елегантни балетанки. Доколку се сметате себеси за девојка која не се плаши да експериментира со своите обувки, тогаш можеби оваа идеја за освежување на минатогодишните обувки е токму за вас. Погледнете како брзо и лесно да создадете сопствен редизајн на вашите чевли. Потребни материјали:– обични (по можност еднобојни) балетанки Подготовка:На овој начин ќе го добиете овој ефект на необични, кул балетанки, за кои со гордост ќе можете да кажете дека самите сте си ги направиле. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Претворете го стариот џемпер во модерно здолништеСигурни сме дека некаде во ормарот имате стара блуза или џемпер кој во изминатите две (илиповеќе години воопшто го немате облечено. Реалноста е дека нема ниту да го облечете. Наместо да ви зафаќа залудно простор, или едноставно да го фрлите, пробајте да му најдете поинаква намена. Денеска ви покажуваме како во некоку чекори можете да ја претворите старата блуза (џемпер) во здолниште. Исечете ги ракавите и пределот околу вратот. Можете да се послужите со некое друго здолниште за да ги имате точните мерки. Секако, потребни ви се две парчиња како би имале предна и задна страна. Потребни ви се и две парчиња памучен материјал за постава на здолништето. Соединете ги горните рабови од џемперот и материјалот предвиден за постава и сошиете ги. Следете го праведот и надолу се додека не дојдете до долните рабови. На овој начин ќе го формирате здолништето. Чекор 4: Следниот чекор е посветен на ластикот кој има клучна улога во крајниот резултат. Потребно е да го задржи здолништето на вашиот струк или колкови, па така потрудете се да ја најдете правилната мерка за вас, и споете ги неговите краеви. Потоа наместете го ластикот на внатрешната страна и сошијте го заедно со џемперот и поставата, така што сите три слоја се соединети. Испеглајте ја и уживајте во вашето ново парче облека! Изгледа фантастично, нели? |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сошијте модерно здолниште во А крој Здолништата се дефинитивно незаменливи и речиси и да нема припадничка на понежниот пол која не се чувствува женствено во нив. Постојат разни модели и кроеви така што може да најдете модел кој вам ви одговара. Ако не, секогаш се тука вредните раце и малку волја потребни за самите да си го сошиете совршеното здолниште. Денес ви откриваме како да направите едноставно модерно здолниште во А крој од неопрен.
На парче хартија за кроење исцртајте шаблон според дадените мерки. Доколку е потребно да го продолжите или скратите здолништето додадете или одземете неколку сантиметри од дадените 35. Прецртајте го шаблонот на ткаенината и исечете онолку парчиња колку што ви се потребни. Ширината на потесниот дел кај половината е 10 cm. Измерете го обемот на половината и ќе го добиете потребниот број на парчиња ткаенина. Сепак, не заборавајте дека секое парче во процесот на спојување ќе изгуби по неколку сантиметри од двете страни, па и тоа пресметајте го во вашите мерки. Откако ќе ги исечете парчињата ткаенина, спојте ги со шпенадли, а потоа зашијте ги со помош на машина за шиење или игла и конец. Неопренот е растеглив па нема да ви бидат потребни копчиња или патент – лесно ќе го облечете здолништето и без раскопчување. Изменето од Valerija - 15.Март.2016 во 08:09 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Домашен дезодоранс од природни состојкиРазните дезодоранси кои ги купуваме од козметичките салони за да го неутрализираме мирисот на потта, најчесто се полни со хемикалии кои штетно влијаат на кожата и потните жлезди. Иако нудат заштита од 24-часа, природни состојки и нега, сепак, тие се оние кои ви ги затвораат порите и го спречуваат природниот процес на исфрлање штетни материи преку потта. За вистински да го неутрализирате мирисот, а потта да функционира нормално, потребно е сите состојки да бидат природни и да бидете сигурни дека нема да ви предизвикаат алергии или посериозни болести. Затоа, најдобро е сами да си направите домашен дезодоранс со одбрани
Подготовка:Помешајте ја сода бикарбоната и пченкарниот скроб во мал сад. Полека додавајте го стопеното кокосово масло, мешајќи додека смесата не стане погуста од паста, слична како лепило. Додајте етерично масло по желба и добро промешајте. Ставете ја смесата во стерилизираната тегличка и оставете ја во фрижидер околу 1 час додека не се стврдне. Чувајте го домашниот дезодоранс на студено и суво место и нанесувајте секојдневно по малку под пазувите. Изменето од Valerija - 22.Март.2016 во 16:29 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам – чевли со чипкаЕден мал додаток на вашите чевли може многу да го промени нивниот изглед. Во случајов, чипка. Овој период чипката е многу популарна и се додека е умерено застапена и со вкус во вашата гардероба, таа изгледа супер. – високи потпетици – две исти парчиња чипка – лепак за ткаенина Единствено што треба да направите е да ја залепите чипката на чевлите и да почекате да се исуши. Нели сега вашите потпетици изгледаат многу поубаво? |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам: Ланче од вратоврскаКако можете да ги искористите старите вратоврски и да направите прекрасно елегантно ланче кое можете да го носите во секоја пригода. Што ви е потребно:
Инструкции: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од стара маичка до ново фустанчеСте се запрашале ли некогаш што да правите со старите широки маички кои веќе подолго време не ги носите а не сакате да ги фрлите? Ви се допаѓа дезенот и материјалот и поради тоа сакате со нив нешто да направите а не знаете што. На фотографијата се прикажани сите чекори кои треба да ги направите за да добиете фустанче. Прво облечете ја маичката и обележете го местото каде маичката треба да се исечи (помеѓу градите и папокот) и исто ако ракавите се премногу долги и широки и нив можете да ги исечите, со што ќе добиете фустанче со прерамки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Слатка и тренди чанта со крзноВо последните неколку сезони плик чантите станаа голем тренд, а како што гледаме, долго време нема да ја напуштат модната сцена. Па, за да заштедите време и пари за нова тренди чанта, одлучивме да ви помогнеме да ја претворите старата чанта во нова слатка, оригинална и шик чанта со крзно, која ќе биде идеална за зимските денови што следуваат. Во претходните неколку месеци, дизајнерите ни претставија нови колекции на аксесоари во кои доминираат различни модели на плик чанти, изработени од кожа, плиш и крзно. Кога станува збор за актуелната сезона, според нас најдобри се плик чантите со крзно, бидејќи тие одлично се вклопуваат со зимските модни комбинации. За да бидете оригинални и да се издвојувате од останатите, ви препорачуваме да ја освежите старата чанта со додавање на еден необичен детаљ – крзно! Потребни материјали:
Изработка:Изменето од Valerija - 06.Април.2016 во 18:47 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете мала ташничка по Ваш вкус Колку пати досега сте се нашле во ситуација кога за комбинација по Ваш вкус, Ви фали соодветна мала чантичка ? Проблемот ќе го решите најлесно доколку работата ја земете во свои раце и сами изработите мала чантичка за Вашите излегувања или свечени прилики… * За да започнете со изработка, потребна Ви е стара тоалетна чанта, која сигурно ја имате сместено во групата „ подзаборавени“ во Вашиот ормар. * Од свила или вискоза, изработете брановидни парчиња и прицврстете ги на парче цврсто платно. Внимателно при изборот, потребно Ви е соодветно платно кое ќе одговара на чантичката која сте ја одбрале. * Доколку Ви недостига, а имате одлична идеја како да ја украсите Вашата мала чантичка, побарајте некоја поевтина варијанта на мала чанта. * Откако ќе ги прицврстите брановидните парчиња, како што е прикажано на фотографијава, за крај, прицврстете го и финалниот „ touch “ – бисерен брош. * Боите и материјалот се Ваша одлука, во зависност дали сакате диско или рокерска варијанта. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете природен дезодоранс без штетни хемикалииКупечките дезодоранси можат да бидат агресивни за чувствителната кожа и да предизвикаат црвенило и иритација.Освен тоа, голем број дезодоранси содржат алкохол кој ги уништува бактериите и спречува нивно размножување, а со тоа ја неутрализира миризбата, но алкохолот исто така ја уништува кожата! Природата ни нуди намирници со антибактериски својства кои ја извршуваат истата функција како алкохолот, а притоа не ја оштетуваат здравата кожа! Погледнете како да го замените купечкиот дезодоранс со природен, кој не содржи штетни агенси. Лиметата и лимонот имаат антибактериски својства. Притоа, нивниот мирис долго останува на кожата и дава чувство на свежина. Исечте го лимонот или лиметата на половина и протријте го пределот на пазувите. Рузмаринот е уште еден природен производ кој може да ни помогне во елиминацијата на непријатната миризба. Измешајте една лажица сода бикарбона, 2 лажици пченкарен скроб (густин), неколку капки маслиново масло и неколку капки есенцијално масло од рузмарин и ќе добиете природен дезодоранс. Кокосовото масло претставува вистински дар од природата. Од него може да направите многу ефикасен и здрав дезодоранс. Состојки: 3 лажици кокосово масло 3 лажици сода бикарбона 2 лажици шеа путер Есенцијално масло по избор Упатство: Растопете ги шеа путерот и кокосовото масло на пареа. Потоа, додадете сода бикарбона. Кога течноста ќе се олади додадете есенцијално масло, ставете ја мешавината во истрошена кутија од дезодоранс во стик и оставете целосно да се олади и да се зацврсти. Втријте од дезодорансот пред да излезете од дома. Во допир со кожата структурата ќе се стопи како крема која лесно ќе ја нанесете на пазувите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 10111213> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |