IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Корисни совети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Корисни совети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 09:02

Како се можете да го искористите омекнувачот на алишта

Денес ви нудиме неколку интересни начини како се можете да го искористите омекнувачот за алишта…

Освежете го просторот…

Ако не сакате да трошите пари за купување на освежувач на воздухот, можете да го направите сами токму од оменкнувачот. Шишенце со распрснувач наполнете го со вода и додадете го омекнувачот во сразмер 1:3.

Потоа со таа мешавина испрскајте ги завесите, тепихот, софата и сите други места кои се обложени со ткаенина.

Отстранете го статичкиот електрицитет...

За да го спречите насобирањето на правта на телевизорот или било која друга пластична површина во станот, ставете неколку капки од омекнувачот на крпа и со неа избришете го саканиот предмет или површина.

Дајте им сјај на мазните површини…

Ако сакате да имате средство за чистење кое на мазните површини им дава сјај, помешајте една чаша омекнувач со четири чаши чиста вода и додадете ги во шише со распрснувач. Испрскајте ја со течноста крпата за бришење и поминете ги со неа стаклените површини во домот, а потоа поминете со сува крпа.

Лесно извадете ги старите тапети…

Со помош на омекнувачот можете да ги симнете старите тапети од ѕидот. Направете мешавина од едно полно капaче омекнувач и 4 чаши вода.

Со сунѓерче нанесете го овој раствор на тапетот и оставете да отстои 20-30 минути. Потоа без проблем ќе го отстраните тапетот од ѕидот.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 09:34

Најголеми грешки кои ги правиме додека бришиме прашина


Бришењето прашина е една од најчестите работи која постојано ја правиме и секогаш ни изгледа како залудно да ја бришиме кога истата постојано ја има. Ако навистина сакаме да ја исчистиме куќата од прашина како што треба, тогаш мора да внимаваме на некои работи со цел да помине повеќе време додека да се наталожи истата повторно.

Погледнете кои грешки ги правиме постојано и следниот пат внимавајте повеќе:

Користете четки од пердуви за прашина



Ова помагало за чистење прави повеќе штета отколку добро, бидејќи ја распрснува прашината наоколу, од една на друга површина. Ако пак не можете да чистите без нив, тогаш често мијте ги со вода или заменувајте ги со нови.

Бришете прашина на суво

Како и кај четките од пердуви и во овој случај, прашината само ќе ја разлетате на другите површини. Затоа, пожелно е да бришете со влажна крпа која ќе ја собира прашината.

Спрејот за полирање го нанесувате директно на површината

Ако тоа го правите, тогаш само ризикувате да му нанесете на мебелот слој кој подоцна ќе привлекува повеќе прашина. Наместо тоа, спрејот прво нанесете го на крпата, а потоа избришете ја површината.

Не ги чистите греалките и клима уредите



Таму се крие многу прашина, што значи дека вие може да ја светнете целата куќа, а прашината на крај да излезе од овие уреди. Поради тоа, мора повремено да ги чистите со помош на правосмукалка.

Заборавате да го сменете филтерот на правосмукалката

Филтрите се дизајнирани токму за да ги фаќаат и задржуваат честичките прашина. Ако не ги менувате, прашината нема да се задржи во нив, туку ќе се рашири повторно низ просторијата.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2016 во 08:12

На која температура се пере, дали смее да се пегла: Што значат симболите на етикетите од облеката?


Сигурни ли сте дека знаете што значат симболите на етикетите? Односно, оние ознаки кои обично ги сечеме заедно со етикетата „затоа што не гребе“, ни откриваат како треба да ја третираме облеката.

na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-01.jpg

Дали смеете да го исперете џемперот, на колкава температура, па потоа дали смеете да го пеглате, дали капутот може да се чисти на хемиско, се само дел од прашањата на кои конечно ќе добиете одговор:

na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-2.jpgМашина за перење, нормалноОблеката не побарува посебен третман.                                                 
na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-3.jpgМашина за перење, 
со ладна вода
Температурата не смее да биде повисока од 30 степени.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-5.jpgМашина за перење, 
со топла вода
Температурата не смее да биде повисока од 40 степени.
na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-7.jpgМашина за перење, 
со жешка вода
Температурата не смее да биде повисока од 50 степени.
na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-9.jpgМашина за перење, 
со жешка вода
Температурата не смее да биде повисока од 60 степени.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-11.jpgМашина за перење, 
со жешка вода
Температурата не смее да биде повисока од 70 степени.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-13.jpgМашина за перење, 
со жешка вода
Температурата не смее да биде повисока од 95 степени.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-15.jpgМашина за перење, 
перм прес
Облеката може да се пере само на програма која користи ладење или ладно плакнење пред намалувањето на бројот на вртежи. Намалете ја количината на облека во машината.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-16.jpgМашина за перење, 
лесно и чувствително
Облеката смее да се пере само на програма која овозможува лесна центрифуга или скратено време за перење. Исто така намалете ја количината на облека во машината.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-17.jpgПерење на ракаПерете на рака на температура од 30-40 степени. Потопете ја облеката во растворен детергент во вода и оставете ја да отстои. Исплакнете и исцедете.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-18.jpgБез перењеОблеката не смее да се пере на ниту еден начин.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-19.jpgИзбелување по потребаМоже да се користи било каков избелувач.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-20.jpgИзбелувач без хлорМоже да се користи само избелувач на база на кислород, без хлор, кој нема да ја оштети бојата.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-21.jpgЗабрането избелувањеНе користете никаков избелувач.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-22.jpgМашина за сушење, нормалноМашината за сушење може да се користи на највисока можна температура.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-23.jpgМашина за сушење, ниска температураМашината за сушење може да се користи регуларно, со ниска температура.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-24.jpgМашина за сушење, средна температураМашината за сушење може да се користи регуларно, со програми на средна температура
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-25.jpgМашина за сушење, висока температураМашината за сушење може да се користи на висока температура.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-26.jpgМашина за сушење, нормално, без топлинаМашината за сушење може да се користи само на програми без топлина или сушење со помош на воздух.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-27.jpgМашина за сушење, перманент пресМашината за сушење може да се користи само на програмата перманент прес.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-28.jpgМашина за сушење, чувствителноМашината за сушење може да се користи само на програма за чувствителна облека
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-30.jpgЗабрането сушење во машинаОблеката не смее да се суши во машина.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-29.jpgЗабрането сушењеОблеката не смее воопшто да се суши.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-31.jpgСушење на жицаЗакачете ја облеката да се суши внатре или надвор.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-32.jpgСушење со капењеЗакачете ја облеката да се суши со капење, без претходно цедење.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-33.jpgХоризонтално сушењеНе смее да ја закачувате облеката, туку мора да е „легната“ на подлога.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-34.jpgСушете на студеноСушете што подалеку од сончева светлина или извор на топлина.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-35.jpgЗабрането цедењеОблеката никако не смеете да ја цедите по перењето.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-36.jpgПеглање на било која температураСлободно можете да пеглате на висока температура, со или без пареа.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-37.jpgПеглање, ниска температураРегуларно пеглање, со пареа или без, може да се пропрска со вода, но само на најниска температура (110 степени).
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-38.jpgПеглање, средна температураРегуларно пеглање, со пареа или без, може да се пропрска со вода, но само на средна температура (150 степени).
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-39.jpgПеглање, висока температураРегуларно пеглање, со пареа или без, може да се пропрска со вода, но само на висока температура (200 степени).
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-40.jpgНе пеглајте со пареаПеглањето со пареа може да ја оштети облеката, но безбедно е пеглање без пареа.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-41.jpgЗабрането пеглањеОблеката не смее да се пегла ниту на најниска температура.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-42.jpgДозволено хемиско чистењеДозволено е хемиско чистење од секаков тип.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-43.jpgХемиско чистење, било кој вид на растворСмее да се користи секаков вид раствор.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-44.jpgХемиско чистење, нафтени раствориСмее да се користат само нафтени раствори.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-45.jpgХемиско чистење на чувствителни ткаениниДозволени се одредени раствори.
 na-koja-temperatura-se-pere-dali-smee-da-se-pegla-sto-znacat-simbolite-na-etiketite-od-oblekata-51.jpgНе смее хемиски да се чистиЗабрането е чистење на хемиско.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2016 во 21:27

Чист како солза: 4 ефективни совети за одржување на домот


Сигурно ви се случило да имате посебен ден за чистење и тогаш да правите „генералка“ на целата куќа. Ќе се изнамачите и целиот ден ќе го поминете во чистење наместо да излезете или да правите нешто што навистина го сакате. А, следната недела повторно ве чека истата рутина.

cist-kako-solza-4-efektivni-soveti-za-odrzuvanje-na-domot-01

Ако ви е смачено од постојаните „генералки“ тогаш еве 4 ефективни совети како да го одржувате домот чист:

1. Започнете со чисто

Честопати, многу полесно е да го продолжите нештото отколку да го започнете. Ние луѓето, не сме обожаватели на започнувањето и тоа вообичаено ни е најтешкиот дел. Затоа започнете со чистење. Дури и да чистите по една соба во денот, средете ги и другите соби. Кога ќе видите спастрено и чисто, ќе се мотивирате да го одржувате и така многу полесно ќе ви биде.


2. Кревајте откако ќе растурите

Најлесниот начин да одржувате чисто е да створите навика да раскревате откако ќе растурите. На пример, ако дојдете од работа и се преслечете, не оставајте ја облеката на столот. Ако готвите и завршите со некоја алатка, веднаш измијте ја – не ја оставајте во мијалникот, за потоа да ја ставите во машината за перење чинии. Ако можете да одвоите 5 секунди сега, не ќе мора да трошите половина час на миење чинии кога ќе се насоберат.


3. Чистете ги главните елементи дневно

Секоја соба има главни елементи. Во зависност од нашите навики, тие можат да се разликуваат за сосема малку. Под „главни елементи“ подразбираме место/парче мебел од собата каде чистотата или недостатокот од неа прави голема разлика. Станува збор за наместен кревет во спалната, чиста работна маса и мијалник во кујната и наместен мебел и чисто стакло во дневната. Ако овие нешта се нечисти тогаш целата соба ќе изгледа нечиста.


4. Создадете навика

Најдоброто нешто што може да го направите за себе е да создадете дневна рутина за чистење. На крајот од денот може малку да зачистите и да се разбудите во чист дом, а верувајте, тоа прави голема разлика. По вечерата, исчистете ја кујната, направете распоред на перење, одвојте 15 минути пред да легнете за да наместите сѐ што не е на свое место.

Ако имате долга листа на нешта кои треба да ги исчистите, тогаш ќе ви се стемни само што ќе ја прочитате – што значи дека ќе ве мрзи воопшто да започнете и многу повеќе ќе се измачите. Наместо тоа, сѐ што треба е да одвоите половина час од денот за да ги исчистите основните нешта.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2016 во 15:58

Како да ја исчистите микробрановата печка

Можете да ја исчистите микробрановата брзо и едноставно, со производи кои веќе ги имате дома.

Ако вашата микробранова има чинија, извадете ја и измијте ја со средство за миење чинии и топла вода. Доколку на неа има засушена храна обидете се и со сода бикарбона.

Направете смеса за чистење. Во голема чинија ставете вода и додадете сок од лимон. Доколку немате лимон можете да користите половина портокал или половина шолја киселина.

Оставете ја смесата во микробрановата, затворете ја и уклучете ја на висока температура, додека смесата не почне да врие. Оставете ја внатре додека не се собере пареа од внатрешната страна.

Потоа внимателно извадете го садот бидејќи е жежок. Избришете ја внатрешноста на микробрановата и со рапавиот дел на сунѓерот протријте ги остатоците од тврдокорните дамки.

Исчистете ја микробрановата и однадвор. Употребете водена крпа или сунѓер. Не заборавајте ги и копчињата за старт и стоп.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2016 во 16:12

ВАКА БРЗО И ЛЕСНО ИСЧИСТЕТЕ ГИ: КЕРАМИЧКИТЕ ПЛОЧКИ И ФУГАТА ЌЕ ИЗГЛЕДААТ КАКО НОВИ

27

За вашиот дом да биде беспрекорно чист, веројатно понекогаш користите скапи средства кои може да бидат многу опасни. Одлично, економско и безбедно средство за чистење на фугата помеѓу плочките можете лесно да подготвите сами дома.

Откако ќе ги исчистите со ова средство, фугата, а и плочките ќе изгледаат како нови!

Состојки:

– 7 чаши вода (1,5л)
– 1/2 чаша сода бикарбона
– 1/3 чаша сок од лимон
– 1/4 чаша алкохолен оцет

Постапка:

Во 1,5 литри вода растворете ја содата. Додајте сок од лимон и на крајот полека истурете го оцетот.

Причекајте додека помине хемиската реакција и вашата смеса е готова за употреба.

Потоа на четка или сунгер нанесете од смесата и исчистете ги фугите и плочките.



Изменето од Valerija - 04.Февруари.2016 во 16:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:10

Трикови за блескав дрвен мебел

Имате дрвен мебел вие сте заљубени во него. Но по одредено време поради надворешни услови  истиот го губи сјајот и побледува. Навикнати сте го полирате дрвениот мебел со хемиски средства за полирање.

Сега е време да пробате нешто друго… ефектот кој ќе го постигнете ќе ве изненади.

Промешајте зејтин и лимонов сок во однос 2:1 и со добиената течност исполирајте го вашиот дрвен мебел и тој ќе свети.

И вашиот дрвен мебел ќе биде повторно со сјај.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:23

Крај на неуредните фиоки

Имате нефункционални фиоки???

Да сите го имаме тој проблем.

Ситуациите кога имате доволно фиоки, но сите изгледаат несредено. Расфрлани работи. Ви се случило ли, секогаш кога нешто ви треба да не можете да го најдете???

Пред вас е едно симпатично решение кое ќе ви помогне во да воведете ред во фиоките во домот.

ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛИ

Украсна хартија по желба

Картон

Лепило

Ножици

Желба за иновативност

Погледнете низ слики како да го изведете целокупниот проект и на тој начин да воведете ред во фиоките во домот.

Едноставен начин нели!!!

Искористете го слободното време нема да зажалите!!!



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2018 во 17:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:24

Чиста бања во мал простор

Бањата е местото каде вообичаено при чистење се задржуваме најдолго време. На секого му паѓа мрак пред очите кога требна да се исчисти бањата.

Со овие совети тоа ќе се направи без никаков напор.

Валкана туш завеса

Овие завеси може тешко да се чистат, бидејќи тие се големи и тешки.

Чистење на мувлата во бањата, особено за време на влажно време, може да биде вистински напор. Но, постои решение кое е брзо, лесно и ефтино: во пластичен сад се става околу 4 литри вода и половина чаша варикина. Со користење на гумени ракавици се натопува сунѓер во оваа смеса и се чисти завесата и мувлата. На крај завесата се плакне со вода.

 

Бигор на славините и тушевите

Нема потреба да се купуваат скапи средства за чистење на овие површини. Заштедете време и пари со тоа што ќе направите паста од еднаква количина на сода бикарбона и сок од лимон. Сo стара четкичка за заби, се нанесува од пастата на славините и другите метални делови. Се остава да отстои пастата неколку минути, а потоа се бришат славините. Ќе светат како нови.

 

Матно огледало

Чистењето на огледалата и стаклените кабини за туширање ќе бидат најмал проблеми ако се исчистат со  помош на неколку состојки, кои можат да се најдат во секое домаќинство: оцет, сол и сода бикарбона. Стаклата се прскаат само со оцет и се оставаат неколку минути. После тоа, се прави паста со еднаква количина на сода бикарбона и сол. Со помош на сунѓер се нанесува пастата на површината. Се чисти кабината, а потоа се плакне.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:27

Практични совети за секој дом

Мравките мразат краставици, затоа ставете лушпа од краставица на местото од каде тие илегуваат.

За да добиете бистар и чист лед, пред да ја смрзенете водата превријте ја.

За да имате перфектно исчистено огледало исчистете го со спрајт.

За белата облека да биде бела потопете ја во вода во која има кришка лимон и оставете ја нека стои 10 минути.

За да го избегнете непријатниот мирис при варење на зелка ставете парче леб во садот во кој ја спремате зелката.

За да ги отстраните флеките од мастило најпрво намачкајте ги со паста за заби, па потоа исперете ја облеката.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:31

Со евтини детали освежете ги старите завеси

Завесите можат да бидат важен детаљ на ентериерот, но понекогаш тие стануваат досадни.  Доколку ова ви се случило искористете неколку трикови да ги разубавите, да ги направите помодерни или да ја избегнете монотонијата во уредувањето.

Идеи :

Најдете стара шарена марама , превиткајте ја за да добиете триаголник, префрлете ја преку корнизата и прицврстете или сошијте ја на горниот дел на завесата.

1

2

Пластично или текстилно цвеќе кое можете да го купите за малку пари, „расфрлете“ го на завесата. Ако завесата е бела тогаш цвеќето може да биде разнобојно,  докека пак за останатите бои избегнувајте ги шарените цвеќиња.

3

4

Прешијте трака во друга боја, по можност со реси што поблиску до горниот крај на завесата.

7

Имате мноштво распар копчиња?  Сошијте ги на различни делови на завесата по желба.

5

6

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2016 во 16:32

Заштедете со правилна употреба и одржување на фрижидерот

Фрижидерот и ледникот се апарати кои постојано се вклучени, но со нивна правилна употреба може да се заштеди електрична енергија.

Местење на температурата

Термостатот во фрижидерот би требало да се намести да лади толку  колку  е потребно и не претерувајте бидејќи секој на пониска температура повлекува поголема потрошувачка на електрична енергија. Пет степени Целзиусови е оптимална температура која треба да се одржува во фрижидерот, а во колку фрижидерот е многу полн може ќе треба додатно да го наместете.

Оставање на храната

Во фрижидерот не би требало да ставате топли јадења и непокриени садови, бидејќи течноста испарува, се забрзува создавање лед на испарувачот и се зголемува потрошувачката на струја.

Затворање на вратата

Вратата на фрижидерот треба добро да биде затворена за да не навлегува топол воздух, а ни влага. Така се создаваат наслаги од лед, и затоа треба што пократко и што поретко да се отвора вратата од фрижидерот.

Одржување

Фрижидерот и ледникот е неопходно да се чисти од внатре и од надвор. Редовно треба да се отстрануваат наслагите  лед од испарувачот, бидејќи тие послабо ладат и трошат повеќе електрична енергија. Знак дека треба да се отстранат наслагите од лед е нивната дебелина од пет милиметри. Исто така треба да се отстранува прашината и другата нечистотија од задната страна на фрижидерот и ледникот, од кондензаторот за да може воздухот да ја отстранува топлината од површината на кондензаторските цевки.

Правилно пакување на продуктите

Пред да се стават продуктите во фрижидерот потребно е цврсто да се спакуваат во алуминиумска, пластична или пластично кесе и да се истисне воздухот од нив, бидејќи тој го спречува брзото замрзнување на продуктите. Означете ги продуктите.

Брзо замрзнување на продуктите

Кога ги ставате продуктите во ледникот, потребно е да се изврши брзо замрзнување за да се сочува нивниот квалитет.

Место каде треба да се постави фрижидерот или замрзнувачот

Фрижидерот или ледникот се поставуваат подалеку од изворот на топлина, од електричен шпорет, печка или радијатор. Топлината им ја отежнува работата, бидејќи воздухот кој струи околу кондензаторските цевки треба да ги лади цевките  и да ја отстранува топлината од нив. Во колку не можете да го оддалечете фрижидерот од изворот на топлина, потребно е меѓу нив да поставете преграда од дрвена табла, стиропор или сличен изолациски  материјал.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2016 во 09:17

5 практични совети за младите домаќинки


Опремување на куќата може да биде тешка и стресна задача – особено за млади домаќинки. Затоа, од неверојатно голема важност е на време да испланирате што ќе купувате. 

5-soveti-za-mladite-domakjinki-koi-mozat-da-ve-sprecat-da-napravite-kobni-greski-01

Премногу често се случува непромислено да купиме некоја работа, а потоа длабоко да се разочараме. Сфаќаме дека тоа едноставно не е она што го сакаме или дека всушност е вишок.

Сето тоа се проблеми со кои се соочуваат многу млади жени.

Ако вие сте една од нив, тогаш овие практични совети можат многу да ви помогнат:

1. Заштедете пари за да купите квалитетен мебел кој ви се допаѓа

Купувањето на квалитетни парчиња кои ви се допаѓаат, кои секако се во рамките на вашиот буџет, ќе ви даде чувство на сигурност. Ако не го направите тоа, тогаш ќе се најдете во ситуација да го променувате мебелот или постојано да го поправате, по само месец дена.


2. Вашиот вкус се менува

Имајте на ум дека при купување мебел вашиот вкус драстично се менува, па затоа не купувајте премногу скап – напротив, купете со среден квалитет. На тој начин ќе ги избегнете постојаните посети до мајсторот, а тие можат да бидат многу стресни.


3. Инвестирајте во квалитетни садови

Купувајте кујнски апарати и садови во реномирани продавници и салони. Најдобар избор ви се брендовите кои се познати по нивниот квалитет за да може да ги користите навистина долго време.

Во квалитетни материјали спаѓаат не`рѓосувачкиот челик или стакло, наместо пластика. Погледнете ги актуелните намалувања и акции, размислете, па потоа купете го она што сметате дека е најдобро.


4. Направете распоред на дневни задачи

Направете распоред на чистење кој ќе ви помогне во текот на напорната работна недела. Формирањето навики ќе ви помогне да го организирате вашето време за да може повеќе да му се посветите на семејството.


5. Не ви се потребни сите куќни ситници

Иако делува како убава и привлечна идеја, размислете малку подобро дали навистина ви е потребен порцелански чајник, сад за фонду, украси на полиците кои само собираат прашина, простирка која не изгледа добро на каучот...

Истото како и со купот свадбени подароци – ако не ги проследите понатака, тие со години ќе собираат прашина, а вие постојано ќе ги преместувате. 


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2016 во 08:08

5 работи во домот кои треба да ги чистите со четка за заби


Четките за заби можат да бидат одлично помагало при чистењето на домот. Чешмите, одводот, плочките се само дел од местата кои можете темелно да ги исчистите со помош на четките за заби.

5-predmeti-koi-treba-da-gi-cistite-so-cetka-za-zabi-001.jpg

Четките за заби се идеално помагало за чистење на тешко достапните места.

Еве што можете да исчистите со нив:

1. Вентилациониот отвор на фенот за сушење на коса

Ако фенот не ви работи силно како и претходно, веројатно во вентилациониот отвор е насобрана нечистотија која ја отежнува работата на моторот. Земете чиста и сува четка за заби и со неа соберете ја нечистотијата.


2. Печката

Ако сакате темелно да ја исчистите површината на печката, потребно е да нанесете средство за чистење директно на печката и да ја чистите со мали кружни движења. Нема нечистотии и маснотии кои нема да исчезнат на овој начин.


3. Талог меѓу плочките

Во просторот меѓу плочките - фугата, често се собираат нечистотии кои не можат да се исчистат со помош на крпа или џогер. Помешајте 3,5 литри вода, со 3 до 4 лажици избелувач на база на хлор. Нанесете ја мешавината на плочките, оставете ја да отстои неколку минути, а потоа со четката за заби тријте ги фугите.


4. Чешмата

Чешмите за вода не можат едноставно да се исчистат со крпа и сунѓер, токму затоа од помош ќе ви биде четката за заби која може темелно да ги отстрани нечистотиите и бактериите кои се собираат.


5. Мијалникот и отворот за одвод

Помешајте 70g сода бикарбона и 35g обична сол. Истурете ја мешавината во мијалникот и додадете уште 2dcl загреан оцет. Добро исчистете го мијалникот и отворот за одвод со помош на четка за заби.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.