IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2015 во 12:58

Летно освежување: Ладни салати за кога ќе ве мрзи да готвите


Кога едноставно ќе ви биде премногу топло за да го вклучите шпоретот и нема да ви се стои над тенџерето со часови, ви предлагаме да си подготвите една од овие салати.

letno-osvezuvanje-ladni-salati-za-koga-ke-ve-mrzi-da-gotvite-01.jpg

Медитеранска салата

Состојки:

  • 400g орзо (тестенини во облик на ориз)
  • 1 мала главица виолетов кромид
  • 1 голема пиперка
  • 10-20 маслинки
  • 200g сирење по вкус
  • Маслиново масло
  • Сол

Подготовка:

Орзото сварете го како и сите тестенини, процедете и изладете.

Пиперката, кромидот и сирењето исечете ги на коцки, а маслинките на кругови.

Додајте сол и маслиново масло и добро промешајте.

letno-osvezuvanje-ladni-salati-za-koga-ke-ve-mrzi-da-gotvite-02.jpg


Салата со туна и пченка

Состојки:

  • 1 конзерва туна на парчиња
  • 1 конзерва пченка (средна големина)
  • 7 кисели краставички
  • 200g тестенини
  • 100g кисела павлака
  • ½ кромид
  • 1 мала кесичка мајонез
  • Сол, зачини

Подготовка:

Во еден сад ставете го мајонезот заедно со павлаката и промешајте. Додадете ги сечканите кисели краставици, туната, исечканиот кромид и на крај пченката.

Потоа додадете ги сварените тестенини и измешајте.

letno-osvezuvanje-ladni-salati-za-koga-ke-ve-mrzi-da-gotvite-03.jpg


Сурими салата

Состојки:

  • 150g сурими стапчиња
  • 300g тестенини (по желба, може и без тестенини)
  • 2 зелени пиперки
  • 1 мал кромид
  • 2 домати
  • 2 лажици мајонез
  • 200g кисела павлака
  • 1 лажичка сенф
  • Сол

Подготовка:

Сварете ги тестенините и сурими стапчињата. Исцедете ги и изладете ги.

Зеленчукот исечкајте го на крупни коцки и измешајте го со павлаката, мајонезот и сенфот.

Исечете ги сурими стапчињата на 3-4 парчиња и додадете ги во садот со салати. На крај додадете ги и макароните.

letno-osvezuvanje-ladni-salati-za-koga-ke-ve-mrzi-da-gotvite-04.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2015 во 22:01

Летна кускус салата


Кускусот е едно од најлесните јадења за подготовка и е основата за подготвување на најразлични комбинации. Тоа е основата, а во него може да додадете што сакате. Месо, зеленчук, печурки, зачини... Кускусот ги „обожава“ сите.



Но, ние ви предлагаме да подготвите лесна кускус салата. Совршена за летните денови кога не е препорачливо да „заглавите“ долго време во кујната.

Состојки:

  • 140 грама сув кускус
  • ½ голем кромид (ситно исечкан)
  • 1 средна краставица (ситно исечкана)
  • 2 домати од средна големина (ситно исечкани)
  • 75 грама изрендано фета сирење
  • 3 лажици свеж босилек ситно ичекан
  • 1 лажица сушен лук
  • 2 лажици балзамичен оцет
  • Сол и црн пипер по желба

Подготовка:

Во посебен сад ставете 300 мл вода и ставете ја да зоврие.

Додека водата врие исечкајте ги зеленчуците ситно, изрендајте го сирењето и ставете ги на страна. Кога водата ќе зоврие, ставете го кускусот во длабок сад па прелијте го. Промешајте и поклопете го садот па оставете 5-10 минути за да ја впие водата и зрната на кускус да набабрат.



Потоа соединете ги состојките во садот со кускусто, додадете ги зачините и оцетот. На крај зачинете по вкус со сол и црн пипер. 

Добар апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 17:44

САЛАТА СО МЛАДИ КОМПИРИ И БОСИЛОК


 

компир салата со песто

Ако го сакате песто сосот, тогаш сигурно ќе уживате во оваа малку поинаква компир салата. Одлична е како предјадење, а богами и како додаток на главно јадење (и супер оди со чаша изладено бело винце). Пријатен апетит!

Салата со млади компири и песто



    1. 1.Добро измијте ги компирчињата (не ги лупете), а потоа ставете ги да се варат во вода со малку сол. Кога ќе се сварат, пресечете ги на половинки и оставете ги во подлабок сад да се оладат.
    2. 2.Во посебен сад измешајте ги добро маслиновото масло, мајонезот, сокот од лимон и песто сосот. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
    3. 3.Ислупените бадеми исечкајте ги на покрупни парчиња, а потоа запржете ги во тавче без масло додека не ја сменат бојата. Кога ќе се оладат додадете ги во сосот и промешајте.
    4. 4.Прелијте ги оладените компири со сосот и измешајте. Покријте го садот со пластична фолија и оставете ја салатата да отстои барем 2 часа во фрижидерот пред да ја послужите. Декорирајте со неколку ливчиња свеж босилек.
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:29

    Телешка салата со шампињони




    Подготовка

    Кромидот,јајцата и краставичките се сецкаат ситно(како за мајонез салата).Месото се сецка на ситно исто така и се се става во поголем длабок сад.Потоа се додаваат шампињоните и мајонезот и убаво се меша.На крај се додава малку сол и црн бибер.

    Време на подготовка од: 90
    Време на подготовка до: 120
    Број на лица: 3
    Kомплицираност: 3

    Состав

    1/2 кг варено телешко месо
    3 главици кромид
    4 варени јајца
    1 тегла кисели краставички
    1 тегла сецкани шампињони
    1 тегла мајонез
    сол и црн бибер по вкус

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:31

    Жилиен салата




    Подготовка

    Состојките се мешаат

    Време на подготовка од: 10
    Време на подготовка до: 15
    Kомплицираност: 1

    Состав

    * Зелена салата (на резанци)
    * рендан варен морков
    * шунка на резанци
    * рендан кравји кашкавал
    * павлака
    * мајонез





    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:36
    Алпска салата



    Потребни состојки

    300мл мајонез
    3 компири
    мала главица кромид
    200гр кашкавал
    свежа краставица
    100гр пченка
    сол
    бибер
    Начин на подготовка:

    Излупете го компирот, исечете го на коцки и сварете го во солена вода, внимателно да не се превари. Кашкавалот исечете го на тенки правоаголници. Кромидот исецкајте го на ситни коцки, а краставицата добро измијте ја, отстранете ја средината со семињата и исечете на коцки. Во поголем сад све помешајте со мајонез и зачинете по вкус.

    Изменето од Valerija - 21.Ноември.2015 во 14:36
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:37
    МЕКСИКО САЛАТА


    Потребни состојки:

    500гр ориз (сварен)
    150гр црвена пиперка
    150гр грашок од конзерва
    100гр пченка
    2 лажици масло
    Сок од 1 лимон
    Начин на подготовка:

    Во сад ставете го оризот, ситно исецкани пиперки, грашок и пченка. Прелијте со маслиново масло и сок од лимон. Салатата измешајте ја и украсете по желба.
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:39
    Салата од печен лук

    * 1 Главица лук
    * 400 грама Кисело млеко
    * 200 грама Мајонез
    * 100 милилитри Масло
    * 100 грама Сенф
    Го лупиме лукот.
    Ги ставаме во тава, попрскуваме со маслиново масло го печеме во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути . (или додека лукот омекне).
    Печениот лук заедно со сите состојки ки ставаме во блендер и ги миксаме.

    Салата од компири

    * 4 Јајца/це
    * 500 грама Домат
    * 100 грама Кисели краставички
    * 1000 грама Компир
    * 50 грама Мајонез
    * малку Магдонос
    * 15 милилитри Оцет
    * 30 грама Сенф
    * малку Сол
    Сварените и излупени компири се сечат на тркалца, краставичките, доматите и јајцата се сечат на коцки и се мешаат со компирите.
    Сенфот, мајонезот, оцетот и солта се мешаат и со тоа се прелива салатата.
    На крај се додава сечкан магдонос и уште еднаш се меша и се послужува.
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2016 во 15:34

    Зимска кремаста салата во облик на шишарки


    Празничната трпеза - еден од највкусните симболи на празникот, а зимските салати се нејзиниот најголем украс.

    zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-01.jpg

    Нема домаќин кој не сака да ги изненади гостите со некој нов, иновативен рецепт како овој - салата во облик на шишарки.

    Состојки кои ќе ви бидат потребни:

    • 300g крем сирење
    • 50g oреви
    • 200g варено пилешко
    • 20-30g копар
    • 50g мајонез
    • 1 чешне лук
    • Сол по вкус
    • 200g бадеми за декорација

    Подготовка:

    Во крем сирењето додајте ги ситно сечканиот копар и лукот, додадете мајонез и изматете со миксер или во блендер.

    Ситно сечканите ореви и свареното пилешко исечкано на ситни парчиња додајте ги во смесата. Посолете по вкус.

    Салатата сервирајте ја во форма на елипса која ќе ја декорирате со бадеми како на сликите. Можете да искористите и цели гранки копар.

    zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-02.jpg

    zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-03.jpg

    zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-04.jpg

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2016 во 21:38

    КЛАСИЧНА КРЕМ-САЛАТА СО МАКАРОНИ

    3

    Производи:
    1 чаша мајонез + 1 лажица
    ¼ чаша бел оцет
    2 лажици  сенф
    2 лажички сол
    ½ лажичка црн пипер
    1/8 лажичка чили
    1 супена лажица шеќер
    1 чаша ситно сечкани коцки целер
    ¾ чаша црвена пиперка ситно сецкана
    ½ чаша рендан морков
    ½ чаша свеж кромид, сецкан
    ¼ чаша пиперка исечена на ситно
    1 пакетче макарони

    Подготовка:
    Измешајте во сад 1 чаша од мајонезот со оцет, сенф, сол, двата вида пипер. Промешајте и додадете шеќер. Повторно промешајте. Додајте го целерот, лутите пиперки, моркови.

    Складирајте оваа мешавина во фрижидер.

    Во посолена вода сварете макарони. Потоа исцедете ја водата и исплакнете со ладна вода. Исцедете ја водата и префрлете ги макароните во голем сад. Врз нив истурете ја смесата со мајонезот, зеленчукот и зачините. Измешајте добро, за да се разнесе рамномерно смесата по макароните.

    Покријте со пластичната фолија за свежо складирање и оставете околу 4 часа во фрижидер. Пред сервирање измешајте уште еднаш. Додадете 1 лажица мајонез и 1 лажица вода, за да го освежите изгледот на салатата.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2016 во 18:18

    Салата со ананас и со пилешко



    33_pineapple_salad
    • Состојки:
    • 1 конзерва со ананас
    • 1 конзерва пченка
    • варени пилешки гради
    • 7-8 корнишони со средна големина
    • мајонез
    • црн пипер

    Приготвување:

    Исечкајте ги корнишоните и пилешките гради во тенки ленти. Ставете ги во длабок сад заедно со ананасот, пченката и мајонезот и на крај зачинете со црн пипер.



    Изменето од Valerija - 18.Март.2016 во 18:22
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2016 во 18:20

    Урнебес салата


    Рецептот за оваа салата е прилично едноставен за подготовка и не одзема многу време. Главна состојка е сирењето па препорачливо е да го употребите сирењето на Идеал Шипка.

    -urnebes-salata-1

    Состојки:

    • 500 г полномасно овчо или кравјо сирење на Идеал Шипка
    • 10 печени пиперки
    • 5 печени лути пиперчиња
    • 6 – 7 чешниња лук
    • 1 лажица кајмак
    • 1 лажичка мелен црвен пипер
    • 3 сварени жолчки
    • Малку масло
    • Сол

    Приготвување:

    Во поголема чинија или сад за матење ставете го сирењето и добро згмечете го.

    Печените пиперки и лутите пиперчиња излупете ги и очистете ги од семките. Потоа ситно исечкајте ги и додадете ги на сирењето.

    Лукот исто така изгмечете го заедно со жолчките јајце па додадете ги на сирењето.

    На целата смеса додадете ги и останатите состојки: мелениот пипер, кајмакот и маслото.

    Мешајте додека не добиете компактна смеса, а потоа посолете по желба.

    Оваа салата треба да отстои најмалку 3 часа во фрижидер пред да ја послужите.



    Изменето од Valerija - 18.Март.2016 во 18:22
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2016 во 18:21

    Салата од цвекло и рен



    salata-od-cvekle-jabuke-i-rena
    Состојки:

    200 г. цвекло
    1 кисело јаболко
    2 лажици рендан корен од рен
    сок од 1 лимон
    3 лажици маслиново масло
    200 г кисела павлака
    сол, бибер

    Приготвување:

    Излупете ги цвеклото и јаболкото, изрендајте ги, додадете го ситно изренданиот рен, сок од лимон, масло, сол и бибер. Се добро измешајте, додадете павлака и уште еднаш измешајте



    Изменето од Valerija - 18.Март.2016 во 18:21
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2016 во 21:51

    Топло ладна салата со ракчиња


    toplo ladna salata so rakcinja naslovna
    Дама.мк
    Напишано од Дама.мк

    Сериозно ни се наближува сезоната за бикини, па совршен момент е да внесуваме повеќе салати на нашето мени.

    Затоа денес ви нудиме интересна салата која веруваме дека ќе го освои вашето срце и секако вашиот желудник. А нема да ви одземе повеќе од 10-15 минути.

    За 4 личности

    Состојки:

    • 300 грама исчистени ракчиња
    • 100 грама микс од зелена салата и рукола
    • Чили
    • Сол
    • Маслиново масло
    • Оцет балсамико
    • Мед
    • Лимон

    Подготовка:

    На силен оган пропржете ги ракчињата и намалете го огинот. Додадете ги солта и чилито и поклопете ја тавата.

    Исчистете ја салата. Топлите ракчиња додадете ги во мискот на зелена салата и зачинете со маслиново масло, балсамико, лимон и мед.

    Веднаш сервирајте.

    Имајте добар апетит!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,234 секунди.