|
DIY - Новогодишни и Божиќни декорации |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Идеи за поевтино и покреативно новогодишно пакувањеОва е еден од најубавите периоди од годината кога колку и да ви се чини секојдневно, сепак, новогодишната магија успева сите да ги развесели. Иако можеби сè ви изгледа премногу накитено и светкаво, сепак не можете да одолеете и да ги одминете новогодишните излози и да не помислите на најблиските. Секој би се израдувал ако добие подарок, особено ако е нешто посебно и оригинално. Не е толку важно колку е скап подарокот внатре, туку колку внимание и љубов сте посветиле додека го одберете и спакувате. Зошто да не се релаксирате од работата и да одвоите малку време за да ја покажете својата креативност? Наместо да купувате украсни кеси или да ви ги спакуваат сите работи еднолично, потрудете се сами да ги спакувате сите подароци на различен начин, според вкусот и стилот на оној на кого му подарувате. Не само што е уникатно, туку може да ве чини и многу поевтино. Искористете некоја од следниве идеи.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАКО ДА НАПРАВИТЕ НОВОГОДИШНИ ДЕКОРАЦИИ ОД СТАРИ СИЈАЛИЦИ?
Новогодишните празници не можат да поминат без украсување на домот и китење елка, а оваа година направете уникатни и впечатливи декорации, какви што не сте имале досега. Оваа година искористете ги старите догорени сијалици за да направите уникатни лампиони, со што воедно ќе придонесете за доброто на животната средина бидејќи рециклирате. Освен што е добро за средината, рециклирањето е добро и за вашиот џеб. Заштедете пари, изразете ја својата креативност, а можете и да поминете забавно време со вашите најблиски ако оргазинирате креативна семејна активност. За да го донесете новогодишниот дух во вашиот дом потребни ви се стари догорени сијалици, темперни бои, лепак, светки и други стари материјали кои ги имате дома.
Изменето од Valerija - 03.Јануари.2018 во 11:17 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БалонЛампион, картонска крошна, паричка или тапа за рамнотежа, конец и лепак. Украс од срцаБожиќна играчка “коњ”Сладолед од хартијаЛампиони или украси со помош на балонКреативна вазнаСнегулка БалеринаЛизгалки од гранчињаЕлка од шишаркаИграчки кикирикиСнешко од чорапиУкраси за тортиБожиќна тегла со снегБожиќни украсни светилкиЛампион со снешковциМечка на Божиќната топкаЗа да ја залепите волната, нанесете малку лепак. Снегулка “Војна на ѕвездите” |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Новогодишни украси за празнична магија во домотПоканете ја празничната магија во домот! Ослободете ја креативната енергија која се крие во вас, дозволете да ве обземе новогодишната еуфорија и разубавете го вашиот дом со интересни украси кои можете да ги изработите сами. ВЕНЕЦ ОД БАСТУНЧИЊАСНЕГУЛКИ ОД ДРВЕНИ ШТИПКИДонесете снежен изглед во домот, претворајќи ги дрвените штипки за облека во декоративни блескави снегулки. САНКАТА НА ДЕДО МРАЗ СО БАСТУНЧИЊАПразничните црвено-бели бастунчиња можат да послужат како основа за санка. Едноставно врз нив залепете големо чоколадо, а врз него наредете неколку помали слатки задоволства завиткани во хартија по избор. Во предниот дел поставете чоколадо во форма на Дедо Мраз. ПРАЗНИЧЕН ВЕНЕЦ ОД САЛФЕТКИЕдноставно и евтино, а ефектно. Исечете подлога за венецот од картон. Салфетките исечете ги на мали квадратчиња. Премачкајте мал дел од венецот со лепило. Користете молив со гума за да ги оформите салфетките и да ги поставите на венецот како што е прикажано на фотографиите. Продолжете на друг дел од венецот. Украсете го со црвени топчиња и обесете го со декоративна лента. АРОМАТИЧНИ УКРАСИ ОД ПОРТОКАЛЗа да направите гирланда, со калапи отсечете мали ѕвездички од кората на портокал. Направете мали дупки пред да ја оставите кората да се суши. Сушењето на ѕвездичките можете да го забрзате ако ги ставите во рерна на ниска температура. Оставете ги во рерната доволно време за да се стврднат, но не дозволувајте да се испечат и значително да си ја променат бојата. Нанижете ги ѕвездичките на конец или волница. Кората од портокал или мандарина многу лесно можете да ја претворите и во привлечни рози. Изрезбајте во портокал различни шари и збогатете го изгледот со каранфилчиња. ЅВЕЗДЕНИ СЛАМКИЕЛКА ОД КОНЕЦВрз картонски конус ставете најлонска фолија и премачкајте ја со лепило. (Во зависност од лепилото, можно е да треба да го растворите со малку вода.) Намотајте го конецот (волницата) и повторно нанесете малку лепило. Оставете да се исуши преку ноќ. Извадете ја елката прво со најлонската фолија, а потоа внимателно отстранете ја фолијата. Многу е важно лепилото да биде целосно исушено. Декорирајте ја елката со мали снегулки. ЕЛКИ СО БЕЛ СИЛИКОНВрз картонски конус дарежливо нанесете бел силикон. Со помош на пластичен нож размачкајте го рамномерно. Едната шарка можете да ја направите со пластична виљушка, додека другата, со пластична лажица. ГЕОМЕТРИСКИ СНЕШКОНаправете си снешко од хартија кој можете да го поставите како лампион на вашата елка.
Шаблон за тело [PDF] ЕЛКА ОД САЛФЕТАРазвеселете ја празничната трпеза со салфети во форма на елка. ЧАШИ КАКО СВЕЌНИКШИШАРКИ КАКО МИНИ ЕЛКИИспрскајте ги шишарките со спреј во зелена боја и оставете ги да се исушат. Врвовите обојте ги со бела боја. По желба можете да додадете светки кои ќе потсетуваат на снег. Искористете плутена тапа како држач. ЗАМРЗНАТИ ШИШАРКИПремачкајте ги сувите шишарки со лепило и поросете крупна морска сол за „замрзнат“ изглед. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
8 идеи за новогодишно украсување во домотПред нас се новогодишните и божиќните празници со кои еуфорично ќе се збогуваме со годината која изминува и ќе ја дочекаме новата. Светот веќе го облече своето празнично руво, а домовите интензивно се разубавуваат со впечатливи украси. Не е потребно да трошите мало богатство за да ја пренесете празничната магија во вашиот дом. Разбудете ја креативноста, инспирирајќи се од понудените популарни декорации кои брзо и лесно можете да ги направите сами. БЛЕСКАВИ ТЕСТЕНИНИТестенините во форма на панделки можат да ви послужат за да направите блескаво „синџирче“ на едноставен начин. Премачкајте ја секоја панделка со лепило и поросете ја со светки. Оставете да се исуши лепилото, а потоа врзете ги панделките на еднакво растојание на долг дебел конец или волница. Пред да ги обложите со светки, можете да ги обоите тестенините со прехранбена боја или со спреј во боја по избор. НОВОГОДИШНА САЛФЕТАПреобразете ја еднобојната салфета во новогодишна елка за да ги одушевите вашите гости. А еве и како да направите мала панделка за врвот на елката со помош на виљушка. АРОМАТИЗИРАНИ СВЕЌИ ВО ПОРТОКАЛИсполнете го вашиот дом со примамлива арома со помош на свеќи во портокал. За декорирање на портокалот искористете каранфилчиња. „ЗАМРЗНАТО“ ОВОШЈЕДајте им замрзнат изглед на неколку овошни плодови кои ќе ги користите како централна декорација на масата. Во мала чинија изматете белка од јајце, но не матете предолго. Со помош на четка премачкајте го овошјето со белката, а потоа испрпелајте го во кристален шеќер или во шеќер во прав. Доколку е неопходно, нанесете неколку слоеви шеќер за да добиете „снежен“ изглед. За уште поинтересен изглед, пред да го премачкате овошјето со белка, залепете врз него лепенка во форма на ѕвезда. На крајот одлепете ја лепенката. МАГИЧНИ ЅВЕЗДИНаправете ѕвезди од хартија и ќе можете да ги користите за да ја украсите елката, за да ги наредите на долг дебел конец, или пак, за да ги поставите врз вашите новогодишни сијалички.
СВЕЌИ СО ЦИМЕТСо помош на стапчиња цимет можете најобичните свеќи да ги претворите во мало уметничко дело кое примамува погледи. Наредете стапчиња околу свеќата и прицврстете ги со коноп или со новогодишна лента. Освен што ќе добите прекрасен украс, ќе можете да уживате и во неодоливиот мирис на цимет. ДЕЛИКАТНА СНЕГУЛКАЗапочнете со шест листа во форма на квадрат. Следете ги чекорите прикажани на фотографиите. Кога ќе дојдете до спојување на деловите означени со 2 и 4, не заборавајте да ја свртите снегулката и да ги залепите на спротивната страна од деловите 1 и 3. Откако ќе ги направите сите шест одделни елемента, залепете ги еден со друг. ЛАМПИОН ОД ВОЛНИЦАЛампионите од волница изгледаат прекрасно, а се прават многу лесно и брзо. За да направите еден лампион, потребен ви е мал балон, волница, лепило, малку вода и светки. Во мал сад ставете лепило и разредете го со малку вода. Волницата врзете ја за балонот и намотајте ја околу него. Потоа балонот потопете го во лепилото и поросете го со светки. Врзете го да се суши преку ноќ. Откако ќе бидете сигурни дека е потполно сув, внимателно направете мало дупче во балонот (што поблиску до отворот за дување) за да го истушите. Извадете го балонот од лампионот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
DIY-Божиќен венец За изработка на овој прекрасен додаток за разгорување на празничната атмосфера потребно ќе ви биде: 150 – 180 cm дебел лавров венец Околу 170 cm пластични водоводни цевки Бонсек 4 зглобови од 90˚ Тенка жица Разни божиќни декорации (шишарки, брезови гранчиња, лисја итн.) Новогодишни светилки Пресечете ги пластичните цевки на 4 еднакви делови. Вметнете ги зглобовите во цевките за да добиете квадратна рамка за вашиот венец. Поставете го зеленилото на пластичната рамка и прицврстете го со тенката жица. Прикачете ги божиќните декорации по ваша желба и вметнете ги новогодишните светилки. На крај со метална закачалка (како на сликата) закачете го венецот на вашата врата или порта. Изменето од Valerija - 22.Декември.2015 во 16:05 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами Декорации со сијалички 1. Пинг-понг топчиња2. Ѕвездено небо3. Магична ламба4. Цветни сијалички5. Лустер од хулахоп6. Врвца за слики7. Уметност на шишиња вино8. Рамка во форма на срце9. Снежни топки10. Светлечки букви11. Осветлени скали12. Божиќно венче13. Божиќна светлечка позадина14. Лустер од пластични чаши15. Збор напишан со сијалички16. Новогодишна елка на ѕид |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неодоливи новогодишни декорации со шишаркиШишарките може да се најдат во различни облици и големини, а се одлични како предмети за декорација. Тие се интересни и изгледаат прекрасно доколку ги изложите на некоја полица или пак ако се дел од некој занимлив аранжман. Одговараат за обликување, па од нив може да се направат различни украси. Соберете шишарки и инспирирајте се преку овие неодоливи новогодишни украси. Лесно можете да ги избоите и украсите, само погледнете ги идеите коишто ги нудиме во продолжение. 1. Бели шишаркиБелите шишарки изгледаат прекрасно, дури и ако се само изложени во кошница или во некој стаклен сад. Бидејќи тие се дрвени плодови, може да ги побелите во неколку чекори. Белите шишарки лесно ќе ги вклопите во вашиот дом, каков и да е вашиот амбиент. 2. Шишарки обоени со спрејСпрејот во боја е идеален за фарбање на нерамни површини, меѓу кои спаѓаат и шишарките. Изберете јаки бои и испрскајте ги. Кога ќе се исушат изложете ги во омилените садови и украсете го вашиот дом. 3. Шишарки во вид на мини елкаБидејќи премногу наликуваат на елки, шишарките се идеални за аранжман. Избојте ги во зелена боја, поставете ги во саксија и украсете го врвот со ѕвезда или со друга форма по ваш избор. 4. Шишарки обоени со восокВосокот во боја е уште еден начин да ги обоите шишарките. Изберете интересни бои и поиграјте си со комбинациите. 5. Свеќници од тегли украсени со шишаркиАко сте сочувале некои поголеми тегли, еве еден прекрасен начин да ги употребите. Свеќниците украсени со малку вештачки снег и пар шишарки врзани со конец, делуваат неодоливо и празнично. 6. Ѕвезди од шишаркиАко сте љубители на природните материјали за новогодишни украсувања, оваа ѕвезда од шишарки е идеален проект за вас. Дополнително, за да изгледаат свечено, можете да ги обоите во сребрена или златна боја. 7. Омбре шишаркиОмбре начинот на боење е популарен веќе подолго време. Па, искористете го овој тренд и обојте и украсете ги шишарките на овој начин, како дел од новогодишниот аранжман. 8. Шишарки на прозорецотУкрасете ги вашите прозорци или врати така што ќе ги закачите декорираните шишарки на нив. Изберете во што повеќе уживате – дали природни или обоени, но како и да е, нема да погрешите. 9. Аранжмани со шишарки на вашиот влезНе заборавајте да го украсите и влезот од вашата куќа или зграда. Одберете големи шишарки и аранжирајте со некои слични предмети за празнично добредојде. 10. Мини елка од шишаркиУште една мини елка којашто е прво обоена, а потоа е украсена со машнички, ленти, цветчиња и бисерчиња. Неодолива е било да е сама или како детаљ со други празнични декорации. 11. Венец од шишаркиАко имате доволно шишарки, од нив можете да направите венец и да го поставите на средината на масата или да го закачите на ѕид. Малку декорирајте го и тоа ќе биде одличен детаљ во вашиот дом. 12. Шарени шишаркиАко сте вешти во шиењето и имате парчиња шарени материјали, направете ги овие занимливи мини елки од шишарки. Овие шарени шишарки се прават на тој начин што малите топчиња од материјал се ставаат во празниот простор и се залепуваат со малку лепак. 13. Елка направена од деловите на шишаркитеОваа занимлива елка можете да ја направите на тој начин што ќе ги залепете поединечните делови коишто претходно ќе ги исечете од шишарките. На конусна основа залепете ги овие делови и дополнително украсете ги со малку светкави бои, а на крај на долниот дел ставете и машна во боја по ваш избор. Ова е прекрасен детаљ за декорирање на вашиот дом во претстојните денови. 14. Шишарки кои ги красат свеќитеКласичните дебели свеќи украсете ги со ребраст картон и шишарки, па ќе добиете одличен украс за вашата полица. Па, време е да ја разбудите креативноста во вас и да го декорирате вашиот дом за новогодишните празници! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Идеи за изработка на лесни новогодишни венчиња за на врата (фото)Пред да им ја отворите вратата на гостите, дајте им нешто на што може да се воодушевуваат - пример, фантастично венче на влезната врата. И потоа уживајте во комплиментите. Наместо да им одговорите „Го купив“, оваа година изненадете ги со „Бев креативна.“ Купете или соберете гранчиња од зимзелено дрво, пакетчиња лампиони, снабдете се со лепак и жици за зацврстување и може да почнете. Само следете ги сликите и идеите, ќе се зачудите што сè можат вашите раце:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сами направете снежна куглаОва е одличен полкон за вашите најблиски или украс во вашиот дом. Снежната кугла е многу едноставна за изработка, а во неа можете да ставите што и да посакате, од новогодишни и божиќни украси па сè до сувенири од ваши патувања, фотографии… Што ви е потребно? Сад кој може добро да се затвори (може од стакло или пластика) Водоотпорно лепило или силикон. Украс. Светки Вода (или подобро проѕирно бебешко масло) Боја за храна (нијансата одберете ја вие) Глицерин (може да се набави во аптека) Најпрво измијте го садот, добро исушете го и избришете го за да нема никакви отпечатоци од внатрешната страна. Со лепилото залепете го украсот на дното од садот или пак на поклопецот, во зависност од тоа како планирате да ја поставите куглата. Кога ќе се исуши лепилото, садот наполнете го со вода, не до врвот бидејќи мора да остане малку воздух. Во водата по желба можете да ставите глицерин, на пример една голема лажица или дури во размер пола – пола. На тој начин светките пополека ќе паѓаат на дното. Друга опција е наместо вода, во куглата да ставите проѕирно бебешко масло. Во водата по желба, можете да додадете и боја за храна. На крајот додадете ги светките. Нанесете го лепилото на внатрешниот раб од поклопецот на садот и добро затворете го. Ако садот кој го користите е пластичен, тогаш е подобро да користите силикон, но притоа внимавајте на фактот што на силиконот му требаат околу 24 часа за добро да се исуши. Поклопецот можете да го обоите во некоја интересна боја или да го облепите со некоја ткаенина. Ако најдете соодветен сад, снежната кугла може да ја направите и сосема мала и да ја носите како приврзок за клучеви или ланче. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Празнична идеја: Еве како да направите Снешко од пластични чашиДоколку сакате да го направите слаткиот и декоративен Снешко сами, еве што ви е потребно:
Се започнува со правење круг од околу 25 чаши. Чашите се прикачуваат со хефталката. Потоа се прави уште еден таков круг од 25 чаши и се прикачува на првиот. Во третиот и сите останати кругови се намалува бројот на чаши за да се добие форма на полутопка. Со спојување на две полутопки се добива долниот дел на Снешкото. Целата постапка се повторува уште еднаш за да се формира втора топка. Бидејќи оваа треба да биде помала од претходната, започнете со околу 15-16 чаши, по ваша желба. Направете ја втората топка од горната страна целосна. Откако ќе ги споите двете топки, Снешкото се декорира. Ова е одличен проект доколку имате поголеми деца кои ќе ви помагаат и истовремено ќе се забавуваат. Друга варијанта е направените полутопки да ги прицврстите на ѕид или на врата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам: Снегулки од стари пластични шишињаПрва асоцијација на периодот во кој се наоѓаме, дефинитивно е снегот. Ако сте негов љубител и секоја зима одново барате некоја симболична снежна декорација, за годинава проблемот ви е решен. Направете снегулки од стари пластичните шишиња кои ви прават ѓубре низ дома. Соберете неколку со различни големини, земете ножички и скалпел, синџирчиња на кои ќе ги закачите и бои со кои ќе ги нацртате самите снегулки. Од секое шише искористете го дното, кое е во облик на цвет. Со помош на скалпел и ножици направете дупче каде ќе протнете синџирче на кое ќе ја закачите снегулката. На крај, поиграјте си со белата боја и четката. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересни Божиќни декорации за вашиот домЅвездата е еден од симболите на Божиќ и е навистина стилски додаток за празничната декорација. Има толку многу идеи како да ги користите ѕвездите за декорација. Освен готови од продавница, можете сами да направите убави ѕвездички. Користете различни орнаменти, од различни материјали – хартија, ткаенина, дрвени елементи. Кон декорацијата можете да додадете копчиња, камбани, гранчиња во облик на ѕвезда. Светлата во облик на ѕвезда се соодветна декорација не само за божиќните празници. Со готовите ѕвезди можете да ги украсите прозорците, ѕидовите, скалите, вратата и се разбира – ставете ја најубавата на врвот на елката! А еве и неколку фотографии кои ќе ве инспирираат! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |