IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Корисни совети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Корисни совети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 6>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:36

Мали тајни за отстранување на лоши мириси


Еве неколку совети како во определени ситуации на брз начин да се ослободите од непријатните мириси во домот:

Фрижидер

Полиците на фрижидерот пребришете ги со памучна крпа на која сте накапале малку екстракт од ванила. За оваа цел може да послужи и мешавина од оцет и вода.


Мијалник

Непријатниот мирис од садоперот може да го отстраните доколку во него преку ноќта ставите мешавина од сода бикарбона и вода.


Сунѓерче

Исто така и сунѓерчето впива непријатни мириси. Затоа доколку не го перете во машина за миење садови, може да го ставите во вода со малку белило.


Пластични садови

Од пластичните садови непријатниот мирис ќе го остраните ако ги оставите преку ноќта во топла вода со малку сода бикарбона.


Подрум

Од мирисот на влага и други непријатни мирис во подрумот може да се ослободите доколку пресечете чешне лук на половина и го оставите во чиниче преку ноќта.


За крај, доколку запалите макар и една ароматична свеќа, просторијата поубаво ќе мириса. Ова особено може да биде корисно доколку некој претходно пушел во просторијата.












Изменето од Valerija - 28.Декември.2013 во 13:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 19:02

Како да ги отстраните флеките од кафе

Без една шолја кафе денот не може да започне како што треба. Но, што треба данаправите кога токму таа шолја кафе ќе ја истурите на вашата облека?

kako-da-gi-otstranite-damkite-od-kafe-01

Во прилог се неколку совети како да ги отстраните флеките од кафе:

1. Делот каде што се наоѓа дамката натопете го со ладно млеко. Оставете го некое време да постои па потоа исперете во сапуница триејќи ја додека дамката не исчезне.

2. Направете смеса од жолчка од јајце и глицерин и со тоа премачкајте ја флеката. Истријте го валканото место и потоа исплакнете со млака вода.

3.Додека е мокра дамката, пробајте да ја измиете со минерална вода.

4. Во една шолја додајте детергент и сол во топла вода. Тријте ја дамката со четка додека не избледи.

5. Направете смеса од оцет и алкохол во ист сооднос и нанесете со триење на ткаенината. Оставете кратко да постои потоа исплакнете со ладна вода.

6. За тврдокорни дамки на груби ткаенини употребите Доместос разреден со вода. Тријте со четка и потоа исплакнете.

7. Ако е во прашање бела памучна ткаенина исперете ја на стар начин, ставете ја ткаенината со дамка во стар лонец заедно со малку детергент за веш и полијте со вода колку да ја прекрие ткаенината. Нека врие водата 15-20 минути, потоа оставете да се олади и исплакнете со ладна вода.

kako-da-gi-otstranite-damkite-od-kafe-02

Совети:

Овие совети треба да се употребуваат на свежи дамки, бидејќи имаат поголем ефект наместо на тврдокорни стари дамки.

По отстранувањето на дамката ткаенината нема да биде совршено чиста и потоа ќе мора да машински да се испере.

Тогаш можете да користите избелувач кој сосема ќе ги отстрани дамките.


Предупредување:

Ако немате при рака глицерин, пробајте со глицерински сапун.

Кога користите избелувач проверете на упатството дали може да се користи само на бела такенина или може и во боја.

Проверите на облеката дали избелувачот ја оштетува ткаенина пред да го користите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2014 во 08:08

5 трикови против мравки во домот


Со доаѓање на топлите денови многумина мака мачат со упорните гости, имено мравките почнуваат со собирање на зимница, а нашиот дом е нивната омилена дестинбација. Во борба со досадното “друштво” ни помагаат природни и евтини средства чиј мирис и состав ќе го спречат нивното доаѓање.

Темелно исчистете ги сите простории во домот

Првиот чекор во борба со мравките е темелното чистење на сите површини каде тие се собираат. Најдобро е тоа да го направите со вообичлаено средство за чистење и вода.

Бел оцет

Најпознатото природно средство за истерување на мравките е белиот оцет, користете го со помош на распрскувач, така што ќе измешате еднаква количина оцет и вода во шишето со распрскувач. Испрскајте ги местата на кои сте ги забележале мравките.

Цимeт во прав

Патеката по која мравките се движат обилно поросете ја со цимет. Мравките не го поднесуваат интензивниот мирис на цимет.

Кујнска сол

Неколку лажици кујнска сол измешајте со врела вода и кога ќе се излади ставете ја во распрскувач. Солената површина ги спречува мравките да влезат во домот.

Креда или детска пудра

Иситнете една креда и ставете ја ивиците на ѕидот – омиленото место на мравките. Истото можете да го направите и со детска пудра.




Изменето од Valerija - 16.Мај.2014 во 08:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2014 во 08:13

Секоја домаќинка мора да знае : Пеглата го одстранува восокот и мастиките од облеката, со прашакот за пециво се избелуваат завесите


Сите ние знаеме колку може да не изнервира масна дамка на омилената кошула или потемнети завеси кои не можеме да ги замениме со нови. Меѓутоа, овие трикови можат да ви помогнат во такви ситуации.

Дамките се секако најголем проблем при перењето на облеката, а најнезгодни се оние од восок и мастики, како и флеките од мрсна храна.

Еве како можете да ги одстраните пред перење:

1. За да го отстраните восокот или мастиката од гардеробата или постелнината, оставете прво да се исуши, а потоа извадете колку што можете повеќе.
Врз флеката ставете весник.
Со пегла пројдете неколку пати горе- долу и мастиката , односно восокот, ќе се залепи на весникот.

2. Мрсните флеки кои остануваат по перење на долниот веш ( или што и да се најде на гардеробата ) лесно ќе ги отстраните ако ги потурите со детска беби пудра, малку почекајте, па пудрата истресетеја од гардеробата.

3. За да ви бидат завесите чисто бели по перењето, натопете ги  со вода во која претходно сте  ставиле прашок за пециво и оставете ги така натопени да преноќат.
На три литри вода се додава еден прашак за пециво.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2014 во 20:50

Не ги фрлајте лушпите од јајца


Сигурно најлесно ви е штом ги скршите јајцата за во некоја торта или за појадок веднаш да ги фрлите двете половинки на лушпата.

ne-gi-frlajte-luspite-od-jajca-01

Ви изгледаат безвредно и непотребно. Се прашувате за што би можеле да ви бидат потребни скршени лушпи од јајца?

Понекогаш тие може да бидат и поздрави и покорисни дури и од самите јајца. Одлични се за кожата, коските, а и за билките во градината.

Додајте ги во ѓубривото

Лушпите брзо се разградуваат, а бидејќи се богати со калциум и минерали, дополнително ќе го обогатат ѓубривото за вашите растенија.

Ослободете се од штетниците во градината

Издробете ги лушпите и посипете ги околу билките и цвеќињата во градината за да спречите полжавчиња и гасеници да се собираат околу нив. Така ќе избегнете и употреба на пестициди.

Искористете ги за мали садници

Во двете половинки од лушпите ставете земја со семе за мало растение, како мини чери домат. Наредете ги во кутија и оставете ги на топло и светло место. Во пролет малата садница само пресадете ја во градината.

Исчистете ја куќата

Издробете ги лушпите и додајте вода со детергент па во неа исперете некои цврсти предмети, Лушпата може да се користи и како нетоксично абразивно средство за миење на садовите.

ne-gi-frlajte-luspite-od-jajca-2

Исчистете ги одводите

Неколку здробени лушпи ставете ги во мијалникот. При миењето садови, овошје или зеленчук лушпите ги задржуваат парчињата храна и отпадоци, а кога минуваат низ цевките на одводот ги чистат и спречуваат да се затнат.

Не ја заборавајте мембраната во внатрешноста на јајцето

Тенката мембрана во внатрешноста на лушпата одамна се користи како природен лек за исекотини и заноктици. Само размачкајте ја на местото и оставете да се исуши.

Отстранете ја иритацијата на кожата

Во мал сад измешајте ја лушпата од јајце и сокот од лимон, па може да ја користите за лечење на мала иритација на кожата и чешањето, благодарение на богатството од калциум.

ne-gi-frlajte-luspite-od-jajca-1



Изменето од Valerija - 13.Октомври.2015 во 08:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2015 во 08:31

Домашен тоник за лице за чистење на флеките


Изложувањето на сонце и студ остава траги на кожата, но за да се ослободите од нив нема потреба да барате скапи решенија. 

neprijatnite-damki-otstranete-gi-so-tonik-od-magdonos-01.jpg

За да се ослободите од темните дамки од сонцето доволно е да направите тоник на природна база.

Потребни состојки:

  • Магдонос
  • Ракија
  • Вода

Подготовка:

Земете неколку гранки магдонос и ситно исечкајте ги. Ставете ги во стаклен сад и полијте ги со ракија и со иста количина на зовриена, а потоа оладена вода. Затворете го садот и оставете ја смесата да стои во слабо осветлена просторија две недели.

Потоа процедете ја течноста и ставете ја во фрижидер.

Секоја вечер со памук ставајте од течноста на лицето и вратот. По недела дена ќе забележите дека непријатните дамки полека исчезнуваат и дека вашата кожа е убава и мазна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2015 во 19:59

Билки кои можат да го прочистат воздухот во нашите домови

Воздухот во нашите домови, во канцелариите и на другите места, каде што го минуваме поголемиот дел од денот, може да биде и до 5 пати повеќе загаден отколку оној на отворено.

Токму затоа треба нешто да преземеме во врска со ова, како би ги подобриле условите за нашиот живот, а воедно ќе влијаеме и позитивно на нашето здравје. Тоа можеме најлесно да го направиме со одредени видови на растенија. Тие покрај тоа што ќе ни го прочистуваат воздухот, имаат и декоративна функција и можат одлично да се вклопат во просторот.

Палма Арека (Dypsis lutescens) го филтира воздухот и ги уништува хемикалиите од просторот.

Бршлен (Hedera helix)) ги уништува сите оние хемикалии што во воздухот доаѓаат од принтерите и од другите машини за фотокопирање.

Ѓаволски бршлен (Epipremnum aureum) го намалува количеството на озон во затворените простории, а поради него доаѓа до болка во градите, кашлање и надразнетост на грлото.

Гарденија (Gardenia augusta) – ова растение делува антидепресивно така што вдишувањето на неговиот мирис делува позитивно на вашето расположение.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2015 во 18:40

Отстранување на непријатните мириси од фрижидерот

Кога во фрижидерот има непријатни мириси, тие може да се задржат прилично долго, дури и после деталното чистење. Еве едноставен начин за да непријатните мириси во потполност исчезнат.

За ова потребни ни се: хартија од весници и распрскувач за вода.

Чекор 1
Хартијата од весниците треба да се згужва во топки;

Чекор 2
Овие топки треба да се распоредат во фрижидерот или во замрзнувачот на што е можно поголем простор;

Чекор 3
Со распрскувачот за вода треба да се намократ топките во потполност;

Чекор 4
Оставете го фрижидерот да работи нормално во наредните пет дена. За ова време комбинацијата на водените испарувања и хартијата ќе ги впие непријатните мириси. Важно е да се напомене дека замрзнувачот треба да се постави на најслаба јачина за да не се создадат грутки од мраз на хартијата, со што ќе се спречи постигнување на саканиот ефект.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2016 во 08:45

10 брзи трикови со кои ќе го светнете домот


Кога станува збор за чистењето, секогаш сме во потрага кон подобри, побрзи и поедноставни начини како да ја завршиме работата навреме.

10-brzi-trikovi-so-koi-kje-go-svetnete-domot-001.jpg

Еве неколку лесни трикови кои ќе ви помогнат при чистењето:

1. Картонот од тоалетната хартија можете да го употребите за чистење на тешко достапните места

На пластичниот крај на правосмукалката, може да го ставите кругот во облик на цилиндар и да го притиснете онолку колку ви е потребно за да го собере на тешко достапните места и така да чистите.

11-brzi-trikovi-so-koi-kje-go-svetnete-domot-1.jpg


2. Домашно средство за чистење на фугата

Една шолја обелувач и 3,7 литри вода измешани заедно ќе ви помогнат полесно и побрзо да ги отстраните дамките и нечистотиите од фугата.

10-brzi-trikovi-so-koi-kje-go-svetnete-domot-3.jpg


3. Ослободете се од дупките на тепихот со помош на мраз

Дупките во тепихоѕ веројатно ви претставуваат извор на нервози посебно ако често сакате да ја менувате положбата на мебелот. Дупките од мебелот можете да ги отстраните со малку мраз. Откако коцките мраз целосно ќе се растопат, местото поминете го со правосмукалка.

10-brzi-trikovi-so-koi-kje-go-svetnete-domot-4.jpg


4
. Како да ги исчистите дупките на дрвената подлога за складирање ножеви

Веројатно никогаш не сте ги исчистиле малите дупки, но реалноста е дека тоа може да биде многу едноставно  - издувајте ги со фенот и сите трошки и прашинки ќе излезат од внатре.




10-brzi-trikovi-so-koi-kje-go-svetnete-domot-5.jpg


5. Како да ја исчистите машината за перење садови

Пуштете ја еднаш со чаша полна со алкохолен оцет на горната полица и ќе се ослободите од насобраната храна и остатоци.

10-brzi-trikovi-so-koi-kje-go-svetnete-domot-6.jpg


6. Како да ги најдете малите изгубени предмети

Ви паднал мал шраф? Нема потреба да клекнете на колена и да започнете со пребарување, туку да ставите стари хулахопки на правосмукалката.

10-brzi-trikovi-so-koi-kje-go-svetnete-domot-7.jpg


7. Како да се ослободите од непријатниот мирис на урина од милениците?

Ако имате мачка која знае повремено да уринира по дома, веројатно имате потешкотии да се ослободите од неприајтниот мирис на урината, но едноставно е, сè што треба да направите е измешате 1 лажица оцет и шолја вода за тепихот, или 1 лажица сода бикарбона и лажица вода за плочките и фугата.

10-brzi-trikovi-so-koi-kje-go-svetnete-domot-8.jpg


8. Како да го исчистите кафематот?

Без разлика на тоа каков тип на кафемат имате, ако има на него насобрани наслаги нема да функционира како што треба. Најдобро е да го наполните делот со вода со шолја оцет и да го пуштите еднаш. Потоа со вода уште двапати и вашиот кафемат ќе биде како нов.

10-brzi-trikovi-so-koi-kje-go-svetnete-domot-9.jpg


9. Не го чувајте избелувачот во стаклени садови

Стаклото со текот на времето се топи од избелувачот. Истиот најдобро е да го чувате во пакувањето во кое сте го купиле.

10-brzi-trikovi-so-koi-kje-go-svetnete-domot-10.jpg


10. Како да ги исчистите лампите?

Сè што треба да направите е да ги извадите од сијалиците и да ги ставите во машината за садови.

10-brzi-trikovi-so-koi-kje-go-svetnete-domot-11.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2016 во 08:48

Колку често треба да ги чистите работите низ дома? Душеци четири пати годишно, рерна двапати


Чистењето не подразбира само ослободување од прашината, но едно нешто е сигурно, одржувањето на чист дом е важен дел во одржување на вашето здравје.

kolku-cesto-treba-da-gi-cistite-predmetite-od-domakjinstvoto-01.jpg

Останува прашањето, колку често треба да чистите?

Постелнина 

Постелнината треба да ја перете еднаш неделно. Ослободуваме речиси 2 милиони мртви клетки додека спиеме секоја недела, па доколку не сакате да спиете во сопствените мртви клетки добро е да се придржувате до ова правило.


Перници 

Мртвите клетки од кожата се собираат со текот на времето, па перниците треба да ги перете најмалку 4 пати годишно. Така ја намалувате можноста од тоа да ви се појават прашински грини. Перниците кои се направени од сунѓер не можете да ги перете во машината за облека, но можете да ги поминете со всисувачот.


Душеци 

Душеците треба да ги поминувате со висувачот на секои 6 месеци за да ги отстраните прашината и патогените кои можат да предизвикаат алергиски и асматични реакции. Добро е да го ротирате душекот 4 пати годишно за да остане како нов.


Пешкири

Пешкирите треба да ги перете по третата употреба и секогаш да ги чувате на суво место.


Машина за перење садови

Машината најдобро е да ја чистите еднаш месечно за да избегнете собирање на бактерии и за да ја одржувате ефикасноста на апаратот.


Рерна 

Рерната треба да ја чистите двапати годишно за да избегнете собирање на бактерии и храната да добива чуден вкус.


Туш

Тушот добро е да го чистите еднаш годишно за да не се собира бигор. Доволно е да го ставите во оцет да отстои една ноќ.


Тоалет 

Тоалетот треба да го чистите еднаш неделно.


Теписи 

Длабинско чистење на теписите што всушност подразбира хемиско чистење треба да практикувате барем еднаш годишно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2016 во 16:04

Ткаенини кои не смеете да ги перете со омекнувач


Кога сакаме облеката да ни биде миризлива и мека тогаш користиме омекнувачи.

Тие ја омекнуваат ткаенината, го намалуваат статичкиот електрицитет и и даваат пријатен мирис на облеката. Но, некои ткаенини не би смееле да ги третираме со омекнувач.

Ткаенините од микровлакна

Благодарение на цврсто испреплетени влакна ткаенината од микровлакна е исклучително издржлива и има сјајни впивачки својства. Ако ја третирате со омекнувач полека ќе ја уништите нивната функционалност и ќе го скратите рокот на траење на влакната.

Спортската облека

Поголемиот дел од спортската облека технолошки е прилагодена за потта и нејзиното впивање, па така ви ја лади кожата во текот на физичката активност. Омекнувачот на нив остава слој кој го спречува апсорбирањето на телесните течности.

Облека од незапаливи ткаенини

Многу работни одела со причина се направени од посебни ткаенини отпорни на пожар, односно ве штитат од оган на местата каде што сте потенцијално изложени на оган. Нив немојте да ги третирате со омекнувач бидејќи тој негативно делува на нивното својство на отпорност на оган и на крај ќе ги направи целосно нефункционални.

Пешкири

Сите сакаме меки и миризливи пешкири, но омекнувачот ги спречува во нивната главна функција, а тоа е апсорпцијата. Исто како и кај спортската облека, омекнувачот на пешкирите остава тенок слој на восок поради кои не ја впиваат водата како треба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2016 во 08:39

Ги перете ли пешкирите доволно често?


Некои велат дека пешкирите е доволно да се перат на неколку недели, други сметаат дека сосема е во ред да се перат еднаш неделно. Всушност, колку често треба да се перат пешкирите?

Кога ќе ја избришете кожата со пешкир по туширањето, пешкирот треба да го ставите да се суши. А по три вакви користења треба да го исперете“, вели д-р. Кели Рејнолдс од Универзитетот во Аризона.

– Бактериите и мувлата започнуваат да се собираат на пешкирите по користењето, но тоа ќе го спречите така што ќе ги оставите веднаш да се исушат“, вели Рејнолдс и нагласува дека на пешкирите, покрај водата, се задржуваат и мртви клетки од кожата и затоа задолжително е секое лице да има свој пешкир кој нема да го дели со другите лица во домот.

Таа вели дека пешкирите со кои го бришеме лицето би требало да ги переме по секоја употреба.

– Иако пред бришењето со миење сте ја отстраниле шминката од лицето, сепак ситните честички остануваат на лицето, а потоа се пренесуваат и на пешкирот“.

Кога станува збор за пешкирите со кои ги бришеме рацете нив треба секојдневно да ги менуваме и переме бидејќи ги користиме често и на нив се задржува голема количина на вода. „Тоа се совршени услови за развој на бактерии и мувла“.



Изменето од Valerija - 13.Јануари.2016 во 08:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2016 во 08:43

Како детално да ја исчистите вашата машина за перење?

Погледнете малку во вашата машина за перење и ќе видите дека местото од каде што ја вадите чистата облека е навистина валкано! Еве како темелно да ја исчистите машината за перење со цел чистите алишта да ги извадите од чиста машина.

Машината за перење најлесно ќе ја исчистите, така што во неа ќе ставите две чаши оцет или сок од лимон. Тогаш, така празната машина без веш пуштете ја на програм на 90 степени. На овој начин ќе се ослободите од нечистотијата која со текот на времето се создава во машината. Ова помага да се отстрани и непријатниот мирис кој исто така може да се создаде во неа.

Кога ја чистите машината, не заборавајте со крпа или мала четка да ја изрибате ивицата од вратата, без разлика дали имате машина со предна или горна врата. Тука секогаш се собира влага што доведува до формирање на мувла. Употребете некое добро средство за дезинфикација во таа област.

Доколку во машината останале флeки од боја од некој веш, ставете една чаша избелувач и пуштете ја празна на 90 степени. Избелувачот ќе ги убие бактериите и мувлата, но никогаш немојте да го користите со некои други средства за чистење, бидејќи може да се создадат токсични соединенија.

Не заборавајте да го измиете и садот во кој се става детергент и омекнувач, бидејќи тоа е место каде што се собира влага, а со самото тоа и мувла.

Откако ќе ја исчистите машината, пуштете ја уште еднаш празна на некој ладен програм.

Како да ја одржувате машината за перење што помалку да се валка? Тоа е лесно со помош на овие совети!

Откако ќе ги извадите алиштата од машината, оставете ја вратата од неа отворена со цел да се исуши од внатрешната страна.

Избегнувајте да користите омекнувач, бидејќи тој е најтежок за чистење.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2016 во 08:17

Супер трик за длабинско чистење на дрвените даски за сечење


Даските за сечење ги користиме сите. Токму поради ова знаеме одлично колку е тешко во потполност да ја исчистите ваквата работна површина. Вдлабнатините од нож се одличен простор каде можат да се насоберат бактерии, а грдите флеки од овошјето и зеленчукот е речиси невозможно да се исчистат.

Сепак, постои решение и за овој проблем, и тоа ефикасно, брзо и ефтино.

Состојки:

-2 лажици оцет
-1 лажица млака вода
-1 лимон
-2 лажици морска сол
-масло за дрво, минерално или маслиново
-2 крпи

Начин:

1. Помешајте го оцетот со водата и едниот дел од крпата натопете го во мешавината и со неа добро истријте и пребришете ја даската.

2. Лимонот пресечете го на пола. Едната половина притиснете ја во солта, и со неа добро истријте ја даската, задржувајќи се на владбнатините. Притиснете го лимонот неколку пати во солта, за да би добиле ефект на пилинг за дрво.

3. Даската измијте ја со вода и избришете ја со чиста крпа.

4. На крајот, со кружни потези намачкајте ја даската со маслото, а вишокот избришете го со крпата. Ова ќе послужи како заштита на дрвото од водата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.