IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Компир на 101 начин
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Компир на 101 начин

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 18:17
Печен компир со сланина

Состојки

компири
4-5 лажици путер
1-2 лажици мешани зачини по желба
неколку парчиња тенко сечена сланина
масло за јадење

Подготовка:
Компирите се лупат и се мијат. Се прават резови длабоки неколку милиметри и се редат во тава за печење претходно намачкана со масло за јадење.
На засечените места се става путер и зачини, па се додаваат парчињата сланина.
Компирот се посолува по вкус.
Се пече 40 минути на 180 степени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2015 во 20:02

ПЕЧЕН КОМПИР ПИРЕ

9

Овој интересен рецепт, освен што е вкусен, може да се приготвува и еден, па дури и двa дена порано. Сварете ги компирите, наредете ги во тава, завиткајте ги со пластична фолија и ставете ги во фрижидер. Кога ќе сакате топол оброк, наросете кашкавал, путер и лебни трошки и ставете го јадењето да се пече.

Состојки

  • 5 лажици несолен путер
  • 1,5 кг компири, излупени и исечкани на големи парчиња
  • сол
  • бибер
  • лебни трошки
  • рендан пармезан

Начин на подготовка

Замастете ја тавата за печење со путер.

Во голем сад ставете вода, додадете ги компирите и 1/2 лажица путер и оставете ги компирите да се сварат. Потоа исцедете.

Измешајте ги сварените компири со 2 лажици путер, и зачинете по вкус. Ставете ги компирите во тавата за печење. (Ако одлучите да го приготвувате јадењето подоцна, вака сварените компири можете да ги држите во фрижидер до 2 дена.)

Во мал сад измешајте ги лебните трошки, останатиот путер и пармезанот. Мешајте се додека смесата не се формира во поголеми трошки. (Вака измешаните состојки исто така можат да останат во фрижидер до 2 дена.)

Загрејте ја рерната на 200 степени. Наросете ја смесата со пармезан и лебни трошки над компирите и печете се додека не добиете златна и крцкава кора.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2015 во 17:50

Компири со павлака и сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 120 мл. хопла

* 120 гр. кашкавал

* 4 лажици кисела павлака

* 200 гр. пармезан

* 200 гр. путер

* маслиново масло

* сол и бибер

* 4 компири поголеми

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Добро измијте ги компирите под силен млаз на вода. Потоа со остар нож направете засеци во компирите со околу 1/2 см. дебелина, внимавајќи да не ги пресечете до крај.

Исечете го путерот на тенки парчиња. Сечењето ќе ви биде полесно ако предходно го оставите путерот во фрижидер за замрзнување неколку минути за да се излади и да се стврдне. Пармезанот исечете го на тенки парчиња.

Потоа внимателно редете ги наизменично парчињата пармезан и путер во засеците од компирите.

Наредете ги компирите во тава за печење. Зачинете ги со сол и бибер по вкус и капнете врз секој по малку маслиново масло.

Печете ги компирите во загреана рерна на 200ºC 45 минути.

Извадете ги компирите од рерна. Прелијте врз секој од компирите хопла и додадете одозгора рендан кашкавал. Потоа вратете ги во рерна и печете ги дополнителни 15 минути. Послужете ги топли прелиени со малку кисела павлака.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2015 во 17:51

Компир елкички

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 5 поголеми компири

* 5 јајца (само жолчки)

* 30 г путер

* 2 лажички сол

* црн пипер

*  мускатно оревче

* ½ шољичка павлака (или хопла)

* 1 јајце ( за премачкување)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исечкајте ги компирите на половинки. Во голем сад ставете вода, посолете ја и почекајте додека да зоврие. Ставете ги компирите да се варат. Откако ќе се сварат исцедете ги.

По пет минути откако малку ќе се подоладат убаво испасирајте ги. Ако немате алатка за пасирање можете да користите и обична вилушка.

Скршете пет јајца и внимателно одвојте ги жолчките. (За овој рецепт белки не ни требаат, тие можете да ги искористите за некој друг рецепт). Ставете ги во пасираните компири.

Потоа додадете путер, сол, црн пипер и нарендајте мускатно оревче. Промешајте за да смесата стане компактна.

Смесата наполнете ја во пекарски шприц. Премачкајте го плехот со малку путер и загрејте ја рерната. Внимателно направете кружни формички, односно елкички.

Откако ќе ги направите сите формички, премачкајте ги елкичките со смеса од жолчка и павлака.

Печете околу половина час, се додека елкичките на рабовите не добијат златно кафена боја. Бон апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2015 во 22:07

БРОДЧИЊА ОД КОМПИР

9

Состојки

  • Големи компири
  • Рендан кашкавал
  • Јајца
  • Сланина исечена на ситни коцкички
  • Путер
  • Зелениот дел од млад кромид
  • Сол и бибер

 

Начин на подготовка

За да ги направите овие вкусни бродчиња од компир, прво треба да ги испечете компирите. Потоа пресечете ги  на половина и извадете дел од внатрешноста.

Намачкајте ја вдлабнатата површина со путер и ставете рендан кашкавал. Потоа додадете сланина и по едно јајце во секоја половина. Зачинете со сол и бибер. На крај наросете уште малку кашкавал и зелени ситни парчиња кромид. Печете во рерна додека да се зготват јајцата и не се стопи кашкавалот

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2016 во 08:43

Брзи рецепти за кои ви се потребни само компири


Кога станува збор за изборот на производ и храна за консумирање, нема поразновиден и подостапен производ од компирот.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-01.jpg

Меѓу другото, тој е и здрав, па не е ни чудно што претставува главен дел од оброците ширум светот.

Но, понекогаш поради истиот начин на подготовка може да ви стане малку досаден.

Затоа, можете да се послужите со 5 нови идеи за подготовка предложени од Youtube каналот Brothers Green Eats.

1. Полнети компири

Сварете компири по желба и пресечете ги на половина. Извадете го внатрешниот дел од компирите и ставете го во сад. Во тава ставете алуминиум и на неа наредете ги компирите. Премачкајте ги со малку масло и ставете ги да се печат за да бидат крцкави.

На делот кој ќе го извадите, додадете малку масло, сол и бибер и направете пире. Потоа, откако ќе забележите дека компирите имаат златножолта боја, извадете ги од рерната и на нив ставете го пирето.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-1.jpg


2. Печени компири

Она што најчесто го правите е ги ставате компирите во рерна да се печат. Но, рецептот можете малку да го надополните. Секој компир засебно завиткајте го во алуминиумска фолија.

Потоа, извадете ги, пресечете ги на половина и во средината со вилушка смачкајте дел од внатрешноста. Додадете малку масло, сол и бибер, а потоа компирот уште малку вратете го да се допече.  

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-2.jpg

На крајот, компирот можете да го наполните со кисела павлака, сечкана сланина, магдонос... Сè по желба.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-3.jpg


3. Крокети

Изрендајте компири по желба. Додадете сол и процедете го компирот од вода. Со алуминиумска фолија направете овален калап.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-4.jpg

Калапот ставете го во тавче со малку маслиново масло и во него ставете го ренданиот компир да се пржи.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-5.jpg

Откако ќе се испржи долниот дел, извадете ја фолијата и свртете го крокетот на другата страна да се допржи.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-6.jpg


4. Помфрит

Наместо да ги пржите на традиционалниот начин, исечкајте ги компирите за помфрит и ставете ги во ладно масло, па така ставете ги да се пржат. Ќе добиете убаво крцкав помфрит, а потоа додадете малку пармезан.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-7.jpg


5. Ирски компири

Сварете млади компири и потоа малку смачкајте ги.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-8.jpg

Така, ставете ги во тавче да се испржат и да станат екстра крцкави.

На крајот додадете малку мед и сенф од страна како додаток на компирите.

5-recepti-za-koi-vi-se-potrebni-samo-kompiri-9.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2016 во 11:22

4 нови начини како да подготвите полнети печени компири


Сакате да зготвите нешто убаво и лесно без сепак да потрошите многу време во кујна?

4-lesni-recepti-za-peceni-kompiri-so-koi-kje-gi-impresionirate-site-00

За вакви оброци секогаш можете да се потпрете на компирите. Ние ви нудиме неколку лесни и едноставни рецепти со кои ќе оставите впечаток кај сите без да вложувате голем напор. 

Печени компири со домати и рикота

4-lesni-recepti-za-peceni-kompiri-so-koi-kje-gi-impresionirate-site-01

Состојки:

  • 2 компири
  • 2 чаши шери домати (околу 20-30)
  • 1 лажичка маслиново масло
  • сол и бибер
  • 1 чаша рикота (или кое било друго крем сирење)

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200°C. Премачкајте ги компирите со маслиново масло, ставете ги на плех за печење и печете додека не омекнат (боцнете ги со нож за да проверите). Ова трае околу еден час.

2. Ставете алуминиумска фолија врз тава за печење и наредете ги доматите врз неа. Испрскајте ги со 1 лажичка маслиново масло и сол и бибер.

3. Во текот на последните 15 минути на печење на компирите ставете ги и доматите во рерната и оставете ги таму додека не почнат да се одделуваат.

4. Направете неколку засеци на компирите и ставете ја рикотата и печените домати врз нив. Наросете свежи зачини одозгора.


Јајца печени во издлабен од компир

4-lesni-recepti-za-peceni-kompiri-so-koi-kje-gi-impresionirate-site-02

Состојки:

  • 4 поголеми печени компири
  • 4 лажици путер
  • 4 јајца со средна големина
  • кромид
  • колбас
  • кашкавал
  • сол и бибер

Подготовка:

1. Пресечете ги компирите на пола ако сте ги печеле цели или ако сте ги печеле на пола извадете дел од средината. Ставете по 1 лажица путер во секој вдлабнатина. Додадете сол и бибер.

2. Скршете по едно јајце во секој компир и ставете парчиња исечкан колбас врз него (или алтернативно додадете кромид, свежи билки, кашкавал). Наросете од омилените зачини. 

3. Печете во претходно загреана рерна на температура од 190°C околу 20-25 минути или додека јајцата не се испечат.


Печени компири со морска сол и рукола

4-lesni-recepti-za-peceni-kompiri-so-koi-kje-gi-impresionirate-site-03

Состојки:

  • 2 поголеми компири
  • морска сол
  • путер или маслиново масло
  • рукола
  • 1 лажица шампањ или винска киселина
  • 1 лажичка сенф
  • 1 жолчка од јајце
  • 100ml маслиново масло
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 2 лажички сок од лимон

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200°С. Измијте ги убаво компирите, исушете ги и издупчете ги со виљушка па посолете ги со морската сол. Печете додека не омекнат – околу еден час или помалку во зависност од големината на компирите.

2. Додека компирите се печат, подгответе го сосот. Прво измешајте ги заедно винската киселина, сенфот, жолчката и маслиновото масло и додајте прстофат сол. Потоа додадете го пармезанот и сокот од лимон.

3. Засечете го секој компир во форма на икс, внимателно држејќи за краевите. Благо повлечете го за да направите место за филот. Ставете малку путер или маслиново масло во средината а потоа измешајте ја руколата во сосот и додадете ја врз компирите.


Пица-компири

4-lesni-recepti-za-peceni-kompiri-so-koi-kje-gi-impresionirate-site-04

Состојки:

  • 3 поголеми компири
  • кечап
  • 2 чаши рендан кашкавал
  • парчиња салама

Подготовка:

1. Пресечете ги компирите по должина и издлабете мала вдлабнатина во средината. Печете ги во микробранова 12-15 минути. 

2. Додадете малку сол и ставете кечап. Ставете го кашкавалот одозгора и врз него наредете ги парчињата салама.

3. Ставете ги компирите на плех за печење и ставете ги да се допечат во претходно загреана рерна на 200°C околу 15 минути или додека кашкавалот не се растопи. Извадете ги, оставете да се се изладат и послужете.  

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2016 во 20:29

Dave’s Kitchen: Лесно и вкусно


Нема ништо полесно и повкусно од мусака. Разликата од добра, до одлична мусака, несомнено е во зачините и состојките кои што му ги додавате на месото за да го добиете вистинскиот вкус.

Потребни состојки:

  • 500 гр. мелено месо
  • 1 средна главица кромид
  • 1 лажичка мешан сув зеленчук
  • 1 лажичка буковец
  • 1 лажичка оригано
  • 250 мл доматен сос
  • 1-2 чешниња лук
  • 2 средни компири
  • 4 јајца
  • 150 мл млеко

Начин на подготовка

Компирите исечете ги на тенки кругови и оставете ги во ладна вода да отстојат додека го подготвувате меленото месо. Во тава на оган испржете ја ситно исецканата главица кромид. Кога ќе почне да добива златно кафена боја додадете го ситно исецканиот лук. Пржете уште две-три минути.Додадете го меленото месо и додадете ги зачините. Добро промешајте и пржете околу 10 минути. Потоа додадете го доматниот сос, промешајте и оставете да крчка на средна температура. На секои 5 минути промешувајте и кога водата ќе испари тогаш тргнете ја смесата за мусака од ринглата.

Во огноотпорен сад наредете еден слој од круговите компири. Врз тој слој од компири додадете ја смесата со меленото месо. Одозгора покријте ја целата површина со уште еден ред од компирите. На крајот промешајте ги млекото и јајцата заедно и полејте ја целата мусака. Печете на 170 степени околу 40-45 минути,додека убаво не нарасне и биде убаво запечена. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 22:21
Печен кремаст компир



Состојки:

4 компири
1 кромид
3 лажици масло за јадење
путер
3 лажици брашно
сол 
бибер
2 шолји млеко
1,5 шолја изрендан гауда кашкавал
 

Подготвка:

Рерната загрејте ја на 200 степени. Половина од излупениот компир исечкан на кругови ставете го на дното на  сад за печење кој претходно сте го намачкале со масло за јадење. Зачинете со сол и бибер.

Во тава стопете го путерот измешајте го брашното и додадете млеко, и постојано мешајте. Добиената смеса прелијте ја преку компирите, прекријте ги со алуминиумска фолија и печете еден час . Петнаесет минути пред да ги извадите компирите нарендајте кашкавал.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 21:37

Ќофтиња од компир


Ќофтиња од компир

INGREDIENTS

INSTRUCTIONS

  1. Рендан компир1.Компирите измијте ги и изрендајте ги. Веднаш налејте ги со вода за да не ја сменат бојата.
  2. Рендан компир2.И кромидот исчистете го и изрендајте го.
  3. Цедење на компир3.Компирите исцедете ги, измешајте ги со ренданиот кромид, ставете ги врз газа и добро притиснете за да се исцеди вишок вода.
  4. Формирање на ќофтињата4.Во смесата додајте ги лебните трошки, јајцата, зачинете со сол и црн пипер и добро измешајте. Од смесата, со раце, формирајте ќофтиња.
  5. Пржење на ќофтињата5.Во подлабок сад, загрејте масло за готвење и пржете ги ќофтињата се додека не добијат златно кафена боја.
  6. Испржени ќофтиња6.Оставете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија и сервирајте ги топли.
  7. Ќофтиња од компир - сервирани7.Совет: доколку ги спремите порано, пред сервирање, загрејте ги во рерна, на 180 степени, околу 10-тина минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2016 во 21:06

Брзи идеи за ручек: Лесни рецепти за полнети печени компири


Полнетите компири се одличен оброк независно дали ви се најавиле гости или сте сакале да подготвите нешто вкусно за себе.

Odlicni-idei-za-rucek-lesni-recepti-za-polneti-kompiri-01

Најдобриот дел е што нивното подготвување е навистина лесно и едноставно, па ќе имате многу повеќе слободно време за уживање во слободното време.

Печени компири полнети со печурки и павлака

odlicni-idei-za-rucek-lesni-recepti-za-polneti-kompiri-1.jpg

Потребни состојки:

  • 10 -15 големи компири
  • 100g сушени печурки
  • 1 кромид
  • 1/2 чаша супа од печурки
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица брашно

Подготовка:

1. Сварете ги или испечете ги компирите. Засечете ги за да можете да извадите дел од внатрешноста, не ги сечете целосно.

2. Сварете ги печурките, исцедете ја водата од нив и потоа исечкајте ги. Додадете ги во тава и пржете ги заедно со исечканиот кромид.

3. Додадете 1 лажица брашно и мешајте. Потоа додадете ½ чаша супа, почекајте да зоврие и додадете ја павлаката и малку сол. Убаво измешајте.

4. Наполнете го секој компир со ова смеса и ставете го во рерна да се пече. По желба можете да додадете павлака и путер врз секој компир.

Компири полнети со печурки и шунка

odlicni-idei-za-rucek-lesni-recepti-za-polneti-kompiri-2.jpg

Потребни состојки:

  • 8 компири
  • 100g свежи печурки
  • 100g шунка
  • зачини
  • варено јајце
  • кашкавал

Подготовка:

1. Измијте ги компирите и испечете ги без да ги лупите. Секој од нив пресечете го на пола, отстранете го внатрешниот дел со лажица, оставајќи тенок слој.

2. Измешајте го извадениот дел од средината со пржените печурки и парчињата шунка.

3. Додадете сол и бибер, а потоа и зачините и издробената жолчка од јајцето.

4. Наполнете го секој компир со оваа смеса, додадете кашкавал и масло и печете додека не добијат златно-кафеава боја.

Компири полнети со чадена риба

odlicni-idei-za-rucek-lesni-recepti-za-polneti-kompiri-3.jpg

Потребни состојки:

  • 8 компири
  • 500g чадени филети
  • 1 - 2 кромида
  • 1 јајце
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица путер

Подготовка:

1. Сварете ги компирите, но не целосно, штом видите дека се полуварени тргнете ги од оган. Отсечете ги горните делови за да добиете форми налик на чамци.

2. Издлабете го средишниот дел и измешајте го со кромидот и рибата. Додадете едно јајце и убаво измешајте ја смесата.

3. Наполнете ги компирите со смесата, ставете ги на намрсена тава за печење, прелејте ги со павлака и печете 3 - 5 минути на максимална температура во микробранова.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2016 во 08:06

Полнети печени компири


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 супени лажици маслиново масло

150 g  сецкана сланина

4 чешниња сецкан лук

½ лажиче мелен црн пипер

½ шолја бело вино

4 жолчки и четири јајца

1 шолја рендано пекорино сирење

1 шолја рендан пармезан

4 големи печени компири

3-4 лажици сецкан магдонос

3 лажици стопен путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте го маслото на средно висока температура, додајте ја сланината и пржете 2-3 минути. Потоа, додајте ги лукот и црниот пипер и мешајте уште 1 минута.  Ставете го виното и гответе се додека не останат 2-3 лажици течност во тавата, а потоа тргнете ја од огнот.

Сварете ги жолчките на пареа.

Пресечете ја горната третина од печените компири, отстранете ја внатрешноста и ставете ја  во подлабока чинија. Во неа додајте ги жолчките, сланината, половина од сирењето и магдоносот.  Наполнете ги компирите со смесата и премачкајте ги со малку стопен путер. Одозгора ставете го остатокот од сирењето. Наредете ги полнетите компири во тава и печете ги додека не добијат црвеникава боја. Извадете ги и врз секој компир ставете по едно јајце. Вратете ја тавата во рерната и испечете ги јајцата. Може да се сервира со топка павлака врз секој компир.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2016 во 20:28

РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ – ВКУСНИ КОМПИРИ ВО СЛАНИНА

Доколку сеуште не сте го планирале вашиот ручек или немате идеја што да зготвите, ние ви го препорачуваме овој проверен и вкусен рецепт за беспрекорно да уживате во неговиот одличен вкус.

komslan1

За денешниот рецепт потребно ви е:

1.5 кг компири
80 гр чадена сланина
3 лажици масло
сол и црн бибер или 1 (лажица некој друг зачин по желба)

Начин на подготовка:

Компирите убаво се мијат заедно со лушпата по должина, се сечат на половина.

Посипете ја нивната површина со зачин по избор и испрскајте ги со малку масло за јадење, а потоа се ставаат во малку намастено тавче и се печат околу 40 минути, во загреана рерна на 180-200 степени.

Пред да бидат готови врз нив се става чадената сланина исечена на тенки парчиња и повторно се става на печење се додека истата не се потпече.

komslan

Потоа нашиот рецепт на денот го вадиме од рерна и го послужуваме за конзумирање, а по желба можете да направите и некоја сезонска салата.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 04.Мај.2016 во 20:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2016 во 08:13

ПЕЧЕН МЛАД КОМПИР СО ЛУКЧЕ

20

Потребни состојки:

  • 500 гр млад компир
  • 5-6 чешниња лук
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • лимон

Начин на подготовка:
Купете млади компири со мала или средна големина. Младите компирчиња нема потреба да ги лупите, само измијте ги убаво и исечете ги на половинки. Посолете ги и додајте црн бибер и други зачини по вкус.

Во друг сад ставете 5-6 чешниња лук, додадете маслиново масло и малку лимонов сок и сол. Истолчете убаво, додадете ги во садот со компирите и промешајте убаво.

Ставете во загреана рерна да се печат 45-50 минути или се додека не добијат кафеана боја и малку крцкава кора.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.