IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Прилепски настани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прилепски настани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2015 во 14:59
Ако вие од власта во се што ви одговара препознавате политика,тогаш тоа е ваш пршблем,ова е од криминалниот живот на марјан и не засега сите од зприлеп,а богами и оние кој ја сакаат парвдата.
За ДРН-кањето види си ги постовите,па дрн дрн- кај до миле воље.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2015 во 15:06
Политиката е погоре... во друг подворум... погор....ееее

овде, културни настани, фестивали, џез... 
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2015 во 23:01
Originally posted by Zdravko81 Zdravko81 напиша:

Се сложувам дека Вецињата се во многу лоша состојба.
Се сложувам дека нема доволно персонал ( тоа е заради блокираната сметка по многу основи ...)
Не сум лежел во болница ( скраја да е, никој да не лежи, без разлика каква и да е болницата)
Но мои блиски лежеле и најмалку еднаш до двапати месечно го носам дедоми и знам дека:
НЕ ЛЕЖЕЛЕ ВО ВИП СОБА, НЕ ИМ СТАВАЛЕ ХРАНА НА МАСА БЕЗ ТАЊИР.
И пиперки со декларација во Македонија... немам видено... ни во Тинекс, ни ни во КАМ, ни во БОНИТА ни на пазар ... 
колку што знам едвај финансиски егзистираат а и со персонал се слаби ( им доаѓаат тимови од Битола), за да се дојде до специјализиран доктор треба време. А незнам како ќе баратат луѓето кога ќе заминат впензија двајцата хирурзи... тогаш нема да има постови од храна,виршли и пиперки... 
тогаш ќе има постови од фискални сметки во скапите болници... 

СПОРЕД МЕНЕ ВО РЕД Е ДА СЕ КРИТИКУВА, НО ДА СЕ КРИТИКУВА ДОКОЛКУ СЕ ЗНААТ БАРЕМ ПОВЕЌЕТО ФАКТИ, И ДА СЕ ДАДАТ ПРЕДЛОЗИ ( СПОРЕД МОЖНОСТИТЕ ) ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ И СЕ ОНА ШТО ЗАСЛУЖУВА ЕДЕН ГРАЃАНИН. 

ВЕРУВАМ ДЕКА ОВДЕ ИМА БИЗНИСМЕНИ... КАКО ШТО СЕ ДЕКЛАРИРААТ ПОГОРЕ... ПА МОЖЕ ДА ДОНИРААТ СРЕДСТВА ЗА ПО ЕДНА ВЦ ШОЉА И МИЈАЛНИК ( ТОА НЕКАДЕ ЌЕ ЧИНИ 6-7000 ДЕНАРИ максимум) Верувам  дека болницата ќе биде благодарна а и идните пациенти, секако.

дададададададададададададададададададададададада
  

Е сега сакам да те прашам конкретно за ова црвеново!!!!
Ако се е така совршено и сите сме така богати и државава така супер функционира,зошто ви се бизнисмени да донираат?
Кај е министерство за здравство?
Кои се бе нивните обврски?
Знаеш зошто нема лекари?
Избркани се партиски неподобните
Другата половина отидоа да работат во европски цивилизираните земји,каде што добиваат плата а не милостиња и имаат со што да работат
Знаеш зошто нема персонал?
Не примаат партиски неподобен персонал
И знаеш што уште Здраве?
И покрај совршенството ние си плаќаме со фискални по приватни болници,за лекови на приватно,приватни стоматолози,приватни гинеколози....а твојот совршен здравствен фонд секој месец од мојата плата одзема сума на пари со која јас треба да се лекувам БЕСПЛАТНО
П.С
пред два-три  дена во болницата почнале да служат храна во некаква картонска амбалажа...случајнонамигнување
Кога еден ден партиски ќе се испоубијат меѓу себе едните и другите можеби и ќе живееме пристојно...еден ден


Изменето од Andjelina - 05.Октомври.2015 во 23:05
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2015 во 23:10
Originally posted by Zdravko81 Zdravko81 напиша:

Каде сум го рекол тоа дека ова е храна за шампиони. И дека е во ред да се става на маса онака...

НИКАДЕ... ( значи не ми калемете дека се согласувам со тоа)

А за декларацијата на виршлата... па можам да пренесам да ја стваат и декларацијата кога че се вари виршлата.
И незнам дека во Прилеп некој ставал магаренца или воини  и некакви скапи статуи па немало за болницата...

И мислам дека е доволно реплицирање од моја страна ( Ве молам да не ме прозивате во репликите) ... 



А што е она на плочникот?
Во моментов се прави фундамент со ненормални димензии
За што?
П.С
Извини ама се додека ти ја водиш темава и се додека една тема за Прилеп и фалбите за него ти е малку па отвори и втора за абер немам што,јас ќе те прозивам тебе оти очигледно се што мене ме интересира ти знаеш...така да...сакам да сум информирана за работиве кои ете мене ми изгледаат поинаку
шо се вели,да најдиме мунасип за муабетивенамигнување


Изменето од Andjelina - 05.Октомври.2015 во 23:11
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2015 во 09:02
тоа ти беше бил Марко Крале... прилепски бренд ли беше...
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2015 во 09:04

Потпишан меморандум за соработка и разбирање помеѓу Прилеп, Рокдејл и Ливерпул



Синоќа во големиот аудиториум на „Hurstville Entertainment Centre“ во Сиднеј беа претставени поволностите за инвестирање кои ги нуди Владата на Република Македонија и градот Прилеп.
Под мотото „Invest in Macedonia“, амбасадорот Трпевски ги претстави гостите од Република Македонија и го отвори форумот. Македонската делегација предводена од Градоначалникот Марјан Ристески, Сашо Самарџиоски -директор на Прилепска Пивара, Љупчо Велески директор за извоз на Витаминка, Валентин Ристески директор за извоз на Витаминка за Австралија.

На форумот градоначалникот Ристески ги претстави проектите на градот Прилеп, досегашните инвестиции во истиот, а потоа ги претстави и новите инвестициски зони: „Прилеп 1“ и „Прилеп 2“, како и новата урбана населба „Градина“. Од страна на инвестициони можности градоначалникот ги посочи инвестициите во приватното здравство, детски градинки и други гранки во индустријата.
Овој бизнис форум го обележа крајот на успешниот престој на бизнис делегацијата од Прилеп во Сиднеј, во кој период беа остварени огромен број Б2Б средби и иницирани голем број на конкретни економски проекти. Дополнително беше потпишан меморандум за соработка и разбирање помеѓу Прилеп, Рокдејл и Ливерпул.
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2015 во 15:01

Во Прилеп по третпат се оддржа „Motocross Prilep Open – 2015“

На патеката кај прилепското село Лагово се оддржа меѓународната мото-трка „Motocross Prilep Open – 2015“.

motokross

На трката учествуваа околу 40-тина мотокрос возачи од земјава и од странство кои се натпреваруваа во пет категории.

Според Ѓорѓи Манчески од клубот „Скај рајдер“ , мотокрос арената во Лагово ги исполнува сите предвидени услови за оддржување на вакви трки.

-И оваа година, ја организираме оваа Меѓународна мото-крос трка. Над 30 мотокрос возачи од земјава и странство земаа учество на првенството. Во иднина сакаме да организираме европска мото-крос трка, а Прилеп да стане лидер во мотокрос трките на Балканот, посочи Манчески.

motokrossss500

Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп станува центар на екстремните спортови:

-Традиционално ја организираме веќе трета година по редоваа трка заедно со клубот „Скај рајдер“. Патеката се надградува според европските стандарди, а за догодина ќе се потрудиме, Прилеп да биде конК*рентен за организирање европски мото-трки, рече градоначалникот Марјан Ристески.

„Motocross Prilep Open – 2015“  внесе неверојатна доза на адреналин како кај присутните така и кај натпреварувачите.

Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2015 во 08:31

Прилеп доби нова спортска сала


Државното средно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп денеска доби нова сала, инвестиција на Владата вредна 24 милиони денари, во рамки на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали, во кое настава посетуваат 500 ученици.

Објектот го предаде во употреба премиерот Никола Груевски кој подвлече дека образованието и спортот во изминатите години се меѓу најголемите приоритети на Владата.

– Поттикнувањето и негувањето на спортскиот дух кај младите сметаме дека е исклучително важен чекор во воспитувањето на нашите деца. Преку спортот се чува здравјето, се развива чувството за тимска работа, за почитување на противникот, за истрајност и упорност да се достигне посакуваното. Сепак, за да ја негуваме спортската традиција нужно е да имаме спортски сали, игралишта и терени на кои нашите млади ќе може да се запознаат со спортот. За таа цел Владата изминативе неколку години започна со реализација на повеќе капитални инвестиции чија цел е да се надополни сето она што не било направено од сите претходни влади, односно да изградиме спортски игралишта и сали во секое место во Македонија каде недостигале и има услови да се изградат, рече премиерот Груевски.

Тој подвлече дека во рамки на големиот спортски проект за изградба на 145 училишни спортски сали ова е третата сала која ја пуштаат во употреба во Прилеп.

Четврта сала е во фаза на градба за потребите на ОУ „Добре Јованоски“, а во наредните години во план за градба се уште три други сали.

nikola

Меѓу инвестициите во спортот во Прилеп тој потсети дека се изградени две фудбалски игралишта, едно тениско игралиште, како и повеќенаменско спортско игралиште, а се планира изградба на уште едно тениско игралиште во училиштето „Мирче Ацев“ и уште едно повеќенаменско спортско игралиште во Канатларци.

– Сето ова јасно говори дека инвестициите на Владата за спортската инфраструктура во Прилеп се навистина богати. Покрај спортските терени, постојано инвестираме и во поголем број училишта на територијата на Прилеп. Така, само во изминатите години на територијата на оваа општина во сите основни и средни училишта преку разни санации и реконструкции се инвестирани над 10 милиони евра. Најголем дел од овие средства се од Владата и од локалната самоуправа, подвлече премиерот Груевски.

Меѓу позначајните проекти тој ги издвои изградбата на монтажните училишта во Чепигово, во Галичани, во Беровци, како и реконструкциите и санациите во уште четири општински училишта. Посебно го издвои проектот за поставување систем за греење во ОУ „Кире Гаврилоски Јане“, кој се реализираше оваа година со што ова училиште првпат доби ваков тип греење.

Пуштено во употреба новото училиште во село Беровце

Инаку, премиерот Груевски денеска и официјално го предаде во употреба училиштето во село Беровце „Круме Волнароски“ за чија изградба Владата издвои 2,6 милиони денари, а во кое настава посетуваат над 30 ученици.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека новата современа спортска сала во СОУ „Кузман Јосифовски Питу“ ќе ја користат учениците, но и жителите од овој дел на општина Прилеп во кој недостигаше ваков спортски објект, а кој се остварува согласно изборните ветувања.

– Ова е 49-та спортска училишна сала што ја предаваме во употреба во рамки на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали и е уште еден пример за успешните инфраструктурни инвестиции во образованието, подвлече Ристовски.

Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески нагласи дека оваа спортска сала која денеска се пушта во употреба ќе овозможи развој на спортот и спортските активности и ќе придонесе за подобрување на условите за изведување на наставата на учениците од ова училиште.

Спортската сала се протега на површина од 650 метри квадратни. Целосно е опремена со спортски реквизити и ќе овозможи тренирање кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка и гимнастика. Располага со туш кабини и засебен простор за наставниците.


Претходно премиерот Груевски во рамки на денешната посета на општина Прилеп присуствуваше на пуштање во употреба на нов фудбалски терен направен во соработка со Општина Прилеп и Фудбалската федерација на Македонија, вредна 300.000 евра. Фудбалското игралиште располага со нов терен со вештачка трева и нова пропратна опрема и е наменета за потребите на Спортската академија.

Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2015 во 08:33

Свечено отпочнати активностите околу активирање на фабриката на Гентерм во Прилеп


DSC02024

Во присуство на стотици граѓани, претставници од сите институции на системот, Претседателот на Владата Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Р. Македонија, Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска, како и генералниот директор на гигантот Гентерм, денеска во Прилеп  во тежнолошко- индустриската зона Алинци, отпочнаја активностите околу активирање на фабриката и нејзина доизградба. Фабриката на Гентерм се простира на територија од 38 000 м2 и претставува огромна инвестиција од 20милиони евра која ќе отвори 2000 директни и стотици индиректни вработувања. Од огромен бенефит за Прилеп и регионот, фабриката ќе значи опстанок и подобар живот за целото население, како и повик за нови инвеститори во иднина.

Премиерот Никола Груевски најави дека веќе е доведен и вториот инвеститор во зоната , германската фирма Акопласт, исто така од автомобилскиот сектор, која веќе регистрирала фирма во Македонија и е во завршна фаза за отпочнување на градба

Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2016 во 23:10

Работниците од „Гентерм“ на протест

26.12.2015 | 20:13
Прочитано: 4819

Пред општинската зграда во Прилеп,  денеска протестираа дел од преку 200 вработени во американската компанија Гентерм, кои вчера добиле отказни решенија, зашто фабриката не е изградена. Работниците кои тврдат во мизерни услови во Украина,  поминале 3 месечна обука, сега се наоѓаат во безизлез. А, менаџерите на Гентерм во Прилеп, им советувале да бараат ново вработување, зашто фабриката за автоделови не е изградена.

Дури не се изгради фабриката до март месец, при што можеме да се бараме работа во меѓувреме, ама за Божик никаде нема да најдеме работа, а имаме фамилии сите овде, откажаа од работа пред тоа, за да гледаме фамилија дома“, вели Габриела Богоеска од Прилеп.

Овие луѓе бараат од Гентерм и од општина Прилеп, да бидат вратени на работа, како што им било ветено.

Уште пред да заминеме Украина ќе се работи интензивно, ќе се стаса фабриката и ние кога ќе се вратиме тука, имаме загарантирана работа, дека сме заштитени со тоа. Поради тоа да не речат 100 %, ама 90 отсто  откажаа од работа, каде што имаа редовен работен однос“, вели Јованка Стаменова.

На втори декември, во трговско индустриската развојна зона кај Алинци во Прилеп, многу владини претставници и премиерот Никола Груевски, на големи ѕвона го најавија почетокот на изградбата на оваа фабрика.

Според Груевски, до крајот на изграбата на фабриката во јуни,  Гентерм во Прилеп ќе вработи околу 2000 работници.

Од Гентерм Македонија дооел соопштуваат дека овие луѓе ќе бидат вратени на работа, тогш кога ќе биде изграден производствениот капацитет.

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2017 во 11:54

о Прилеп денеска по 11-ти пат, по повод празникот на Христовото раѓање, во хотелот „Кристал Палас“, се одржа традиционалниот Божикен ручек, на кој учество зедоа околу 500 деца од цела Македонија. За жал поради лошите временски услови дел од поканетите не успеаа да присуствуваат на оваа манифестација. Настанот е во организација на „Детската амбасада - За сите деца во светот“. Мотото на овој настан е „Едно небо за сите деца“.

„На оваа заедничката трпеза денеска седнаа децата без родители, децата на загинатите бранители, децата со посебни потреби, деца од семејства од социјален ризик како и деца членови на Детската амбасада. Оваа година „Детската амбасада За сите деца во светот“ одлучи да додели „Орден за носител на мирот“ на „А.Д. Електрани на Македонија – ЕЛЕМ“, а плакета за пријател децата оваа година добија Христијан Тодороски, „А.Д. Алкалоид“ и хотел „Инекс Горица““, изјави Александра Северкоска Стојаноска, извршен директор на „Детската амбасада - За сите деца во светот“.

Како и секоја година така и оваа Божикниот ручек беше поддржан од локалната самоуправа на Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески.

„Секоја година ние како локална самоуправа го поддржуваме овој настан и јас лично присуствувам на него. Тука заедно се дружиме со повеќе од 500 дечиња и во оваа прилика сакам да ја упатам пораката дека Божик треба да го поминеме со најблиските, а во овој миг нашите најблиски се децата од цела Македонија и порачувам тие да имаат радост, успех, здравје, среќа, безгрижно детство и што е можно повеќе да се сеќаваме и дружиме со нив, а не само на овие празници. Локалната самоуправа на Прилеп секогаш ги поддржува овие хуманитарни активности кои ги имаме многу преку целата година, а овој настан е прва ваква хуманитарна активност за оваа година. Го честитам Божик со христијанскиот празник „Христос се роди, Навистина се роди“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Ручекот традиционално го благослови Владиката Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски.

„Празникот Божик е раѓање на синот Божји кој од преголема љубов кон човечкиот род излезе од прегратките на Отецот и доброволно прифати да прими човечко тело. Така денес малиот Бог е всушност оној кој го славиме и Тој не радост за сите деца. Овој празник може да се нарече и празник на децата. Ние се радуваме како црква што се поправилно почнуваме да ги празнуваме празниците, а осообено овој празник. Ние во Битола еве повеќе од 5 години го празнуваме празникот со коледарчињата кои до пред извесен период пееја непристојни песни за овој ден, а сега се пејат пригодни песни како онаа за раѓањето на Христос и одат со една импровизирана пештера на која е претставено раѓањето на Христос. „Христос се роди, Навистина се роди““, истакна Г. Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски.

Освен од православна вероисповед на настанот приствуваа и деца од другите религии.

„Мојата желба за Божик е сите да сме среќни, да има слога, мир и љубов. Се чувствувам прекрасно, повеќе години сум дел од овој Божикен ручек во организација на „Детската амбасада - За сите деца во светот“ и ова е убаво искуство за мене“, рече Александра Кузманоска, дете учесник на Божикниот ручек.

„Мојата желба за Божик е да биде среќна мојата фамилија, да има радост и љубов за сите во светот, јас по втор пат учествувам на овој ручек, се дружиме со децата тука и атмосферата е многу убава“, кажа Леонардо Талески, дете учесник на Божикниот ручек.

Владиката Петар, на отворањето на овој настан, рече дека радоста за нашата црква била голема денеска, затоа тие секоја година биле присутни тука, бидејќи иднината на нашата црква и иднината на Македонија била токму во идните генерации што доаѓаат.

Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.