Прилепски настани
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Градови во Македонија
Опис на форумот: Со се' села... настани, култура-некултура, рекла-кажала...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27460
Датум на принтање: 03.Декември.2024 во 20:31 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Прилепски настани
Постирано од: Zdravko81
Наслов: Прилепски настани
Датум на внесување: 04.Август.2015 во 12:22
Секојдневни настани во Прилеп, проекти, реализации,критики СЕКАКО, и секако предлози ЗА ПОУБАВ ПРИЛЕП ( БЕЗ ПОЛИТИКА, БЕЗ ПОЛИТИЧКИ ПОЗАДИНИ И НАВРЕДИ)
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Коментари:
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 04.Август.2015 во 13:53
https://10bez10.com/vesti/opshtina/4065-velosipedistite-od-velosipedskata-tura-ilinden-2015-pristignaa-vo-prilep" rel="nofollow - ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ОД ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТУРА ИЛИНДЕН 2015 ПРИСТИГНАА ВО ПРИЛЕП Агенцијата за млади и спорт во соработка со Велосипедската федерација по трети пат ја организираат велосипедската тура Илинден 2015.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 04.Август.2015 во 13:55
Венеција во Прилеп. Така денеска се шегуваат прилепчани по поплавата што го зафати градот ппладнево.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 04.Август.2015 во 14:00
Сите ние заедно, да го изградиме храмот Св.Петка во населбата ТочилаСо љубов, вера и поддршка да го изградиме храмот „Св. Петка“ во населбата - Точила Жиро сметка: 300020000340408 Банка: Комерцијална банка Назив на примачот: Црква Св.Благовештение - Прилеп Цел на дознака: Донација за изградба на нова црква Св.Петка
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 04.Август.2015 во 15:27
Zdravko81 напиша:
Венеција во Прилеп. Така денеска се шегуваат прилепчани по поплавата што го зафати градот ппладнево.
|
Лесно ви е вас, викаат во Прилеп немало жртви затоа што знаеле да одат по гранки Мала шала.. Испратија механизација во Прилеп?!
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 04.Август.2015 во 15:29
izvor: www.republika.mk По вчерашните поројни дождови и поплави, во Прилеп ситуацијата е стабилизирана. Се чистат улиците и населбите од наноси, а комисиите за проценка на штетите веќе се на терен, соопшти денеска кризниот штаб на општина Прилеп. http://republika.mk/wp-content/uploads/2015/08/prilep-poplava.jpg" rel="nofollow"> Според Никола Димески, претседател на Штабот, Прилеп вчера беше зафатен од силно невреме со пороен дожд и до 40 литри во секунда за 30 минути, што направи проблеми и штети. – Уште во текот на невремето вчера, екипите веднаш излегоа на терен каде што имаше поплавени улици, канализациска мрежа, дворови и објекти. Вчера во 19 часот одржавме итна седница на која надлежните информираа за ситуацијата. Имаме пријави на граѓани за поплавени, најчесто подрумски простории, дел улици и канализација, истакна Димески. Стиганти се околу 50 пријави на граѓани од кои 25 за поплавени подруми. – Во сите случаи ноќеска до полноќ е интервенирано и денеска ситуацијата е стабилна. Преземени се сите мерки, а надлежните остануваат мобилни зашто се најавува во текот на денешниот ден и в четврток пак да има поројни дождови. Засега се справуваме сами како општина и немаме потреба од дополнителна помош, изјави Димески и апелира, граѓаните кои имаат штети од вчерашното невреме да поднесат барање. Екипите на „Водовод и канализација“ синоќа постапуваа за одведувањето на дождовните води по пријавите на граѓаните. – Синоќа екипите на „Водовод и канализација“ примија повеќе од 30 повици. За сите е излезено на терен и е реагирано. Денеска ќе се санираат дел проблематични точки кои не беа итни од вчера. Се интервенираше дури и до полноќ. Во поглед на еконструкцијата на канализационата мрежа што се врши во градот, тоа е проект за реконструкција на фекалната канализација и водите треба да бидат одведени до пречистителната таница што ќе се гради. Сега е при крај првата фаза од целиот проект во должина од 23 километри, следува втората фаза во должина од 44 километри. Ова е посебно со одведувањето на дождовните води, рече Ѓоко Јочкоски од ЈП „Водовор и канализација“. Како што информира Златко Ристески, директор на ЈП „Комуналец“, се расчистува во најзагрозените населби и така ќе биде наредните денови. – Според нашите согледувања, повеќе наноси имаме во населбите Тризла 1 и Тризла 2 и во населбата Бончејца. Денеска таму се работи на отстранување на наносите и работите ќе продолжат и утре. За два до три сена ќе се исчистат сите наноси од кал по поројните дождови – вели Ристески.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 05.Август.2015 во 15:33
.
И оваа година, љубителите на добрата музика во Прилеп ќе имаат можност да уживаат цел викенд во звуците на неколку популарни имиња од популарната и џез музика. Од 27-29 aвгуст, на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп , се одржува интернационалниот џез фестивал Prilep Jazz Weekend 2015. Честа да го отвори фестивалот, ја има македонскиот артист Емин Џијан со своето трио. Покрај него, ќе настапат: Милан Петровиќ Квартет (Србија), триото на браќата Тавитјан, групата на Теодисиј Спасов (Бугарија), руската драмендбејз атракција Салто и алтер составот на Дарко Рундек – CUL DE SAC. Сите концерти ќе се одржат на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 07.Август.2015 во 14:11
http://www.kurir.mk/republika/opstini/209610-FOTO-Vo-Prilep-odbelezana-14-godisninata-od-Karpalak" rel="nofollow - Во Прилеп одбележана 14-годишнината од „Карпалак“ Петок, 07 Август 2015 13:46 Пред споменикот на десетте загинати воени резервисти на Карпалак во прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“ денеска се одбележа 14-годишнината од загинувањето на македонските бранители.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 20.Август.2015 во 10:56
Со централна свеченост во прилепската касарна, денеска беше прославен Денот на Армијата на Република Македонија. Градоначалникот Ристески го честита 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија и посака многу успех и лична безбедност во извршувањето на секојдневните обврски и задолженија на припадниците на АРМ. 18 Август е прогласен за Ден на АРМ со одлука на Владата на Република Македонија од 3 јуни 1993 година и првпат е одбележан таа година.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 21.Август.2015 во 09:45
Манифестација „Изворен балкански фолклор 2015“ ќе се одржи вечер на плоштадот „Александрија“ во Прилеп во рамки на Прилепското културно лето.На оваа традиционална манифестација ќе настапат фолклорни групи од Македонија, Бугарија и Србија кои ќе го презентираат нивниот изворен фолклор.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 04.Септември.2015 во 00:28
Незнам зошто чистењето на градската река кое започна пред околу еден месец е стопирано, а работниците со машините работеа турбо, па дури и во недела, уште од 8 часот, без никакви обзири за населението кое живее во непосредната близина Сите улици низ градот се катастрофа, една асолна од почеток до крај нема, сето е дупки, длапки, а на местата кај што демек е ископан асфалтот за да се закрпи, дупките стојат и по неколку дена отворени ко кратери, без притоа да се стави ни еден знак за предупредување. Гледам се пресекле уште неколку дрва покрај градската река во делот од кај малото мовче (кај Стара Црква) према Табана, небаре авионска писта ќе градиме. Или финтата е демек ако е порастурено, повеќе се работи
------------- Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 07.Септември.2015 во 15:59
Објавен тендер:
Се бара изведувач кој ќе може да ја смени целокупната водоводна мрежа во Прилеп која била направена уште од времето на дедо Ное со неквалитетни цевки, и да ја смени и до изгради целокупната канализациона мрежа без да ги копне улиците. ( кој ќе ги копне улиците ќе маваме по раче ) само да им погодиме на поединци...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 07.Септември.2015 во 16:01
малку хумор и сатира хахахахаха ха
и уште нешто...
Се молат комшиите да направат список на кој кога му одговоара да работат фирмите на овие проекти... како што кажав погоре, да ја погодиме работата...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 07.Септември.2015 во 22:30
Очигледно членов над мене одамна не поминал низ Прилеп
------------- Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 09.Септември.2015 во 09:02
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 09.Септември.2015 во 09:06
izvor www.MKD.mk
„Тинекс“ гради трговски центар во Прилеп (ФОТО)Новиот трговски центар во Прилеп почна да се гради. Камен темелникот го поставија претставниците на инвеститорот компанијата „Тинекс“ и градоначалникот Марјан Ристески. Вкупната инвестиција е 5 милиони евра. Објектот се гради на парцела од 1.700 квадратни метри. Во трговскиот центар ќе работат стотина лица. „Станува збор за објект кој ќе се простира на површина од 4.300м2, од кои 1.400м2 е паркинг простор со 40 подземни паркинг места. Лесно пристапен, објектот ќе располага со хипер Тинекс маркет, кафетерии, ресторани, отворена летна тераса, локали и продавници на реномирани брендови и уште многу други објекти во кои граѓаните од Прилеп ќе можат да се дружат и да уживаат во овој трговски центар“, изјави Ана Марија Босиљанова од тимот на Тинекс.
НОВИ 100 ВРАБОТУВАЊА...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 09.Септември.2015 во 16:47
Здравко бидејќи си ептен информиран имам прашање Првава група се врати од Украина Гентерм до кај е со изградбата и шо сега со луѓево шо се остручија за странскава инвестиција? За еден комшија прашувам,си дојде пред два дена го прашувам и шо сега? Вика-абер неам,никој ништо не кажа...чекаме да ја демонтираат фабрикана во Романија па да ја монтираат овде п.с се надевам не сум оф топик оти и ова е настан нели башка од напред се извинувам ако изнервирав некого
инаку Да,браво за Тинекс...супер сте
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 10.Септември.2015 во 09:05
Она што знам е дека во индустриската зона се гради интензивно новата фабрика. Тие што се обучија во Украина како и следниве групи ќе почнат со работа штом се финишира фабрика. Знам дека звучи и малку поневеројатно дека ова се случува во Прилеп, ( да се отвора толку голема фабрика) ама ете, гледам сериозност... па. Инаку имам и едни пријатели маж и жена и двајцата заминаа во Украина, жената во првата група а мажот во третата, ми се јави и ми кажа дека не е лошо, дека им ги плаќаат сите основни трошоци плус плата за тој период за обука додека работат таму.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 10.Септември.2015 во 11:34
Мислам дека едната хала е веќе готова. И дека во просториите на Партизанка дека нешто веќе се спрема додека се доградат погоните.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 11.Септември.2015 во 19:30
Да фала ти,еве сега баш истото го слушнав.Во понеделник почнуваат во некоја мала приспособена халичка онака набрзина.Е мојава пријателка и комшијава кажаа дека првиот месец зеле 6000 плата,после по 10000 и дека од дома морале да им допраќаат пари оти малку им биле...како и да е ене кај е понеделник.Може овие ќе имаат повеќе среќа од оние јадницине во Дрексел
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 13.Септември.2015 во 10:51
Во животот ретки се тие на кои им опалил кецот да ги полази туѓа вошка, што велат стари... но пак ќе речам... тој што сака да заработи има разни начини.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 17.Септември.2015 во 09:03
Andjelina напиша:
Да фала ти,еве сега баш истото го слушнав.Во понеделник почнуваат во некоја мала приспособена халичка онака набрзина.Е мојава пријателка и комшијава кажаа дека првиот месец зеле 6000 плата,после по 10000 и дека од дома морале да им допраќаат пари оти малку им биле...како и да е ене кај е понеделник.Може овие ќе имаат повеќе среќа од оние јадницине во Дрексел |
Само за информација за цените за таму.
Едно пиво во кафебар било 19 ден. горивото 30 денари... другарчето што го имам таму ми рече дека носел 300 ЕУР со него а таму му биле како да има 3000...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 17.Септември.2015 во 10:49
Абе Здравко тебе да не те плаќаат за постовите што ги пишуваш овде Кој и да пише нешто што не ви одговара одма се фрлаш во одбрана Де смири ја малку топката. И што ако едно пиво таму е 19 денари, а горивото 30? Се читаш што пишуваш ? Или јас сум во некаква заблуда и незнам дека луѓето се отидени со сопствени возила, онака да си прошетаат по кафебарови и да мавнат по некое пивце од 19 денари. Не оти овде имаат фамилии кои чекаат на таа плата
------------- Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 17.Септември.2015 во 15:46
Јас па имам чувство дека Здравко живее во некоја паралелна димензија...или можеби ние,шо знамА може па нашиве роднини и пријатели лажат или пак не знаат математика Башка од фабрикава нема ни Ф Ако добро разбрав во старата Партизанка кобајаги работат во некоја просторија...еве незнам
п.с баеѓи народ ги полази туѓа вошка...ама кој како гледа и да,има ептен работа ама мрзлив народ,не сака да работи
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 17.Септември.2015 во 15:52
Скоро сигурен сум оти не биле љубители на пиво. И како придржувачи на кампањата за здрава храна, и грижа за околината пешки оделе
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 18.Септември.2015 во 11:45
Еј како ми се нафрлиле бре... „инаку платен блогер сум исто како и сите овде... мене ме плаќаат вака да пишувам некој друг го плаќаат да пишува се најцрно... “ама тие што работат нешто во животот НЕ СЕДАТ НА ИНТЕРНЕТ И НЕ КУКААТ ... РАБОТАТ И за тоа дали сме работен народ или не прашајте колку „невработени“ од агенција за вработување одбиваат да работат оти си работат по дома и на црно Х работи, а се на терет на тие што работат, оти пиленца мои ние што работиме плаќаме еден куп пари за придонеси во здравство и тн. а тие само си се пријавуваат во агенција и си добиваат услуга како вас а сигурно не плаќаат како ВАС. а колку за пример ќе земам одреден број на земјоделци кои не се приавени, занаетчии мајстори, итн... кои ќе ја завршат онаа работа за која се ангажирани ќе предадат проиозвот, или ќе направат фасада... пари на рака и ОП, здраството ќе падне на терет на Ангелина, Орка, Габриела, Здравко итн итн...
И најверојатно откако ќе го прочитате ова верувам ќе сватите кој во која димензија живее
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 18.Септември.2015 во 11:48
Gabriela_S напиша:
Абе Здравко тебе да не те плаќаат за постовите што ги пишуваш овде Кој и да пише нешто што не ви одговара одма се фрлаш во одбрана Де смири ја малку топката. И што ако едно пиво таму е 19 денари, а горивото 30? Се читаш што пишуваш ? Или јас сум во некаква заблуда и незнам дека луѓето се отидени со сопствени возила, онака да си прошетаат по кафебарови и да мавнат по некое пивце од 19 денари. Не оти овде имаат фамилии кои чекаат на таа плата
|
Абе како во селата и 70% во градот се работи земјоделие и ред други работи и не се чека на Гентерм за да се прехрани фамилијата... Дај молимте... пак ќе речам: кој не му се рабити немора да работи, ама немора да замара кај че стаса дека нема работа...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 18.Септември.2015 во 12:01
http://fokus.mk/deset-godini-avon-makedonija-pottik-za-razvoj-na-95-000-individualni-biznisi/
и сега?
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 18.Септември.2015 во 14:49
Па доколку знаеш како функционира МЛМ маркетингот нема потреба да се објаснуваме.
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 18.Септември.2015 во 14:56
Немој сега со такви потпрашања,си работи човекот нема време. Не примети да не сега цитирам оти и сам си ја претвори темата во тоа што демек не сакаше да биде.
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 19.Септември.2015 во 00:40
Мене некој ме праша нешто погоре... и од тоа се разви дискусија.... можеш да прочиташ, ако знаеш... а ако не пукај бе брате... нели ние македонците тоа најдобро го знаеме
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 19.Септември.2015 во 00:42
А и некако спонтано дојде до тоа да ме обвиниш... како договорено некако со некој погоре... ех... многу проѕирно...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 19.Септември.2015 во 09:51
Ние македонците шо знаиме,и ѓаоло не знаи... Затоа и си страдаме. Туку не ваќај ти така за озбилно,јас мариоец сум си па знаиш како чешит сме. Инаку она со заверите многу ми е амерички филм, само релаксирам не му ја думам да се замарам со такви работи на форум.
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 19.Септември.2015 во 10:00
Биди здрав и жив.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 20.Септември.2015 во 14:14
Се мислев каде да постирам,дали во тема Прилеп или прилепски настани..пошто имаме псеудомодератор,но еве нека биде во настани,па нели настан за спомен.
http://libertas.mk/%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b5-%d0%b2%d0%b5%d1%87%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%9c%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b0-%d0%bf%d0%be/" rel="nofollow - ФОТО: Ова е вечерата која синоќа била послужена во прилепската болница
http://libertas.mk/фото-ова-е-вечерата-која-синоќа-била-по/" rel="nofollow - http://libertas.mk/фото-ова-е-вечерата-која-синоќа-била-по/
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 21.Септември.2015 во 08:02
Барем нека не те знаат дека само либертас читаш... одма че си помислат дека си од сдс-нф. А не дека зборуваш во име на народот... а доручекот си е доручек... е, а може да предложиш шветска маса па кој што сака тоа нека си јаде :-)
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 21.Септември.2015 во 08:55
Здравко, Здравко, до кој степен одиш. Толку се трудам да те игнорирам, но просто од контакт ме вадиш. Немој да се заебаваш со маките на народот. Ни швеТска ни норвешка маса. Туку сто стапа по туѓ газ не болат како еден по твојот. Ако не можеш реално да ги гледаш работите, тогаш барем не ни го пери нас мозокот (ако веќе некој ти го испрал тебе) Шо не си ја гледаш работата. Ако ти не читаш либертас еве најблиску ти е Прилепската болница па појди бе брат, прошетај, види како стојат работите бе, види како оди прегледот со мој термин, види како одат итните случаи, види како и каде се плаќа, итн. Ама не со врски и да ни се здрави и живи пријателите и роднините, онака, сам. И после тоа дојди и реплицирај ми.
П.с. Од шо си во толкава заблуда не си забележал дека акцентот не е ставен на пиперката и на јајцето, и само леб нека е, но барем нека е ставен во тањирче, или на пример нека има прибор (ама тоа кај нас е апстрактна именка, оти прибор си носи секој сам од дома, и сам си го мие).
------------- Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 21.Септември.2015 во 09:44
Не ме прозивај за ( наметнати) провокации... и не ми наметнувај мене обвинувања за некој кој го зел доручекот го ствил на масичките од страна кај пенџерината отсрана и го сликал само за да може да се руга овде на форумов ( ПРАШАЈ ГО ПОГОРЕ ЧЛЕНОТ ИЛИ ЛИБЕРТАС ДАЛИ ИМААТ СНИМКА ОД БИЛНИЧАРОТ КАКО ГО СТАВИЛ ТАМУ ЛЕБОТ) СЕ ДОДЕКА СЕ РУГАТЕ СО ТОА ШТО СТЕ НЕМА НАПРЕДОК БИЛО ПАРТИСКИ БИЛО НА КУЛТУРНО ПОЛЕ . Знам јас многу добро какво е нашето здравство и зошто е тоа така.... дај молимте !!! не сум од марс паднат. До сега сум бил во болница повеќе пати и секогаш сум бил услужен онака како што треба, мојот термин бил мој. а не како што некогаш кога моравме да чекаме пријателите на докторите да поминат први па ако остане време за обичниот народ.
И АКО ИМА НЕШТО КОЕ Е НАПИШАНО И Е СПРОТИВНО ОД ТЕМАТИКАТА НА ФОРУМОВ БАНИРАЈМЕ СЛОБОДНО... АМА ТОА НЕМА МЕ СПРЕЧИ ДА ЈА КАЖУВАМ ВИСТИНАТА.
И наместо да упатиш критика на тој што залепил слика и се руга намерно ( а се гледа дека е така) ме критикуваш мене. (за тоа каде ти е акцентот ставен) И уште нешто ќе ти кажам... добро е. само ова не е тема за тоа...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 21.Септември.2015 во 09:48
Gabriela_S напиша:
Здравко, Здравко, до кој степен одиш. Толку се трудам да те игнорирам, но просто од контакт ме вадиш. Немој да се заебаваш со маките на народот. Ни швеТска ни норвешка маса. Туку сто стапа по туѓ газ не болат како еден по твојот. Ако не можеш реално да ги гледаш работите, тогаш барем не ни го пери нас мозокот (ако веќе некој ти го испрал тебе) Шо не си ја гледаш работата. Ако ти не читаш либертас еве најблиску ти е Прилепската болница па појди бе брат, прошетај, види како стојат работите бе, види како оди прегледот со мој термин, види како одат итните случаи, види како и каде се плаќа, итн. Ама не со врски и да ни се здрави и живи пријателите и роднините, онака, сам. И после тоа дојди и реплицирај ми.
П.с. Од шо си во толкава заблуда не си забележал дека акцентот не е ставен на пиперката и на јајцето, и само леб нека е, но барем нека е ставен во тањирче, или на пример нека има прибор (ама тоа кај нас е апстрактна именка, оти прибор си носи секој сам од дома, и сам си го мие).
|
Јас не се заебавам со народот, јас сум дел од народот. Си ја гледам работата а ти да си ја гледаш твојата. Сам одам кога морам, за другото недај боже. читам и либертас и сорос и К*рир и прес 24 ич да не се секираш. и одма ти реплицирам...
И печатна грешка - доволна причина за некаква нагласена навреда? Многу итро. БРАВО тоа јас не го можам... експерт треба да биде човек за тоа. БРАВО
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 21.Септември.2015 во 09:57
Gorazd777 напиша:
Се мислев каде да постирам,дали во тема Прилеп или прилепски настани..пошто имаме псеудомодератор,но еве нека биде во настани,па нели настан за спомен.
http://libertas.mk/%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b5-%d0%b2%d0%b5%d1%87%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%9c%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b0-%d0%bf%d0%be/" rel="nofollow - ФОТО: Ова е вечерата која синоќа била послужена во прилепската болница
http://libertas.mk/фото-ова-е-вечерата-која-синоќа-била-по/" rel="nofollow - http://libertas.mk/фото-ова-е-вечерата-која-синоќа-била-по/
|
Габриела_С... твоето другарче мене ли ме прозива овде? јас ли сум „псеудомодератор“ ?
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 21.Септември.2015 во 10:06
И што прави модераторот кога еден член навредува друг?
Овде изгледа навредениот го банираат . ЕХ ( тоа ќе следи како што гледам)
И ЌЕ МИ СОЛИ ПАМЕТ НЕКОЈ ДЕКА НЕБИЛО СО ПРИЈАТЕЛИ, И ОВДЕ НА ФОРУМОВ... за жал...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 21.Септември.2015 во 10:36
По најновите истражувања,сега ќе бидам надвор од темава и ќе си го дадам и јас тој луксуз да предвидам дека затоа нема да ме банираат. Предвидувањето на некои мали такви ситници во текот на денот е препорачливо оти се зголемува лачењето на допаминот во мозокот,кој е делотворен за нервниот систем. А кој при надворешно конзумирање нема дирекна реакција врз нервниот систем.
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 21.Септември.2015 во 21:35
оти бе вадите муабети дека има само јајце и пиперка...има и виршла...
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 22.Септември.2015 во 21:00
Такви виршли само фалангата јадеше и затоа сега ги има и во менито на Болницата. По првиот гриз болните веке постануваат врвни спортисти и од шок соба заминуваат на спортските терени ...
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 24.Септември.2015 во 11:01
Овој викенд по 5-ти пат во Прилеп ќе се одржи планинскиот маратон Krali Marko Trails
На 26 и 27 септември, односно во сабота и недела, со почеток во 8 часот по 5-ти пат ќе се одржи меѓународниот планинскиот маратон „По стапките на Крали Марко“ - Krali Marko Trails. Оваа година има предвидено 3 патеки, со должини од 65 км., 31 км. и 16 км. Двете подолги трки, оние од 65 км. и 31 км. ќе се одржат во сабота. Поаѓањето е од амфитеатарот во населбата Варош од каде се тргнува за Трескавец, потоа се оди кон село Дабница, Прилепското езеро, потоа натпреварувачите се упатуваат кон селото Плетвар од каде се искачуваат на врвот Козјак. Потоа учесниците слегуваат кон село Крстец, манастирот Св. Ѓорѓија, и потоа повторно се оди на Трескавец од каде се слегува во Прилеп. Ова се точките кои треба да се поминат доколку учествувате на најдолгата патека од 65 км. „Пријавени се за учество 170 луѓе, од 7 различни држави : Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, САД и Британија. Ги покануваме сите заинтересирани да дојдат и овој викенд да се приклучат на настанот. Инаку ова е најдолгиот ваков планински маратон во Македонија. Оваа трка е влезена во светските листи на планински трки, и секој кој ќе ја заврши добива 2 поени. За да учествуваш на било која друга ваква планинска светска трка треба да имаш собрано поени“, истакна Трајче Панковски, директор на планинскиот маратон Krali Marko Trails. На двете големи трки може да учествуваат сите со возраст од 16 години па нагоре. За оние од 16 до 18 години потребна е согласност и на родителите, а за помалата трка која ќе биде во неделата, чија должина изнесува 16 км. може да учествува секој со возраст од 12 години па нагоре. Најмалиот учесник оваа година кој е пријавен има 13 години. „Покрај ултра маратонот Прилеп има неколку екстремни спортови кои ги негува во последните неколку години. Секоја година имаме се повеќе учесници од странство, а тоа придонесува за развојот на тој т.н. алтернативен или спортски туризам. Победниците на овие трки ќе добијат медаљи, плакета и спортска опрема.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 24.Септември.2015 во 11:14
Gorazd777 напиша:
Се мислев каде да постирам,дали во тема Прилеп или прилепски настани..пошто имаме псеудомодератор,но еве нека биде во настани,па нели настан за спомен.
http://libertas.mk/%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b5-%d0%b2%d0%b5%d1%87%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%9c%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b0-%d0%bf%d0%be/" rel="nofollow - ФОТО: Ова е вечерата која синоќа била послужена во прилепската болница
http://libertas.mk/фото-ова-е-вечерата-која-синоќа-била-по/" rel="nofollow - http://libertas.mk/фото-ова-е-вечерата-која-синоќа-била-по/
|
За оваа реакција која ги обиколи социјалните мрежи и предизвика бројни негативни коментари, го контактиравме и директорот на болницата кој во изјавата вели: Информиран сум дека во текот на вчерашниот ден на пациентите им е послужена вечера составена од парче леб, едно јајце, една виршла и една пиперка, а ан оние кои се на посебен режим на исхрана т.е кои очекуваат некаков оперативен зафат, послужен им е јогурт. Доколку сте заинтересирани, сите медиуми ве повикувам во текот на утрешниот ден да дојдете во болницата, да ви го презентираме неделното мени, како и условите во кои тоа се припрема.
Пак викна ОП а нерипна... Дали Горазд отиде на проверка да види како се подготвува и сервисира хрната или пак ке чека вести од либертас?
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 24.Септември.2015 во 14:21
Море шо сторивте ебаго,врвам од Битола по пато преку Прилеп како во Зајас сте и издигале то палатине.До тутуно да не е
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 25.Септември.2015 во 10:58
Изложба „Ретроспектива“ од Блажевска и Грабулоски во ПрилепВо Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде поставена изложбата „Ретроспектива“ од уметниците Виолета Блажевска и Богдан Грабулоски. Едновечерната ретроспектива на двајцата уметници, брачен пар, ќе започне во 19 часот, а ќе заврши во 24 часот. Се работи за мултимедијален проект преку кој ќе бидат презентирани инсталации (скулптури), фотографии, а придружќно ќе има и видео записи. Носител на проектот е НУ Музеј за современа уметност, во соработка со ЦК „Марко Цепенков“. Автор на проектот, поддржан од Министерството за култура, е Марика Бочварова Плавевска, а соработници се Софија Грабулоска, Ива Димовска и Благоја Варошанец
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Септември.2015 во 16:26
Zdravko81 напиша:
Gorazd777 напиша:
Се мислев каде да постирам,дали во тема Прилеп или прилепски настани..пошто имаме псеудомодератор,но еве нека биде во настани,па нели настан за спомен.
http://libertas.mk/%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b5-%d0%b2%d0%b5%d1%87%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%9c%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b0-%d0%bf%d0%be/" rel="nofollow - ФОТО: Ова е вечерата која синоќа била послужена во прилепската болница
http://libertas.mk/фото-ова-е-вечерата-која-синоќа-била-по/" rel="nofollow - http://libertas.mk/фото-ова-е-вечерата-која-синоќа-била-по/
|
За оваа реакција која ги обиколи социјалните мрежи и предизвика бројни негативни коментари, го контактиравме и директорот на болницата кој во изјавата вели: Информиран сум дека во текот на вчерашниот ден на пациентите им е послужена вечера составена од парче леб, едно јајце, една виршла и една пиперка, а ан оние кои се на посебен режим на исхрана т.е кои очекуваат некаков оперативен зафат, послужен им е јогурт. Доколку сте заинтересирани, сите медиуми ве повикувам во текот на утрешниот ден да дојдете во болницата, да ви го презентираме неделното мени, како и условите во кои тоа се припрема.
Пак викна ОП а нерипна... Дали Горазд отиде на проверка да види како се подготвува и сервисира хрната или пак ке чека вести од либертас?
|
Здравко по бајкиве шо ни ги раскажуваш не ќе да си Прилепчанец.Не си бил пациент во овдешнава болница оти за твоиве муабети друго објаснување немам
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 25.Септември.2015 во 20:59
Повеќе од тебе сум Прилепчанец.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 25.Септември.2015 во 21:24
Ajde dosta se jadete megju sebe. Koj e pogolem prilepchanec, na drugana tema koj e pogolem makedonec.. Osven ako ne sluzat vechera vo 5-5:30, ne sum sigurna dali ova go dobile za vechera. Barem po svetloto..
A ako pochneme da se fakjame za sitnici, ova ne znam kolku e higienski, pa ima i standardi koi moraat da se pochituvaat.. Jas vaka ni na kuche ne mu davam hrana. Duri i Pufi moja si ima chinija
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 26.Септември.2015 во 19:53
Ne stanuva zbor za toa koj e pogolem prilepcanec. Voslucajov stanuva zbor za toa dali nekoj tuka e prilepcanec ( ova mu idi kako da se ruga nekoj so domot kade zivee, kazano metaforicki, pak da ne bidam pogresno razbran)
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 27.Септември.2015 во 01:54
Ти целио си грешен,се испоти да докажеш нешто,и на крајо се избербати,туку,гледам како ти дозволуваат да се какаш на форумоф,кај има тема за Прилеп,па по селски мора и прилепски настани ,па кога че ви го спуштат се лутите ,а за тоа има има пословица,кој се лути... П.С.за пресот и глупостите не мора да кажуваш со директорот на болницата многу добро се познавам и не вака туку влице му ги кажувам овие работи и со него се зафркавам,а ти можеш да се пукаш и понатаму. Но целиот пост беше за вечерата ,и да можеш да ги лажеш скопјани и другите ,но тој што лежел во прилепската болница и тоа сега брзо може да ти каже како и што даваат и на кој начин,а оваа мизерија да и кажам и на evangeline е повеќе од вистинита,колку и да сакате нешто да скриете или да правите розово,како овде на форумов што цензурирате во вистини секогаш е многу посурово,само кој како гледа.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 08:24
се испотив од смеење, не за да докажам нешто. ама ОК, не те чепкам појче... ова е слободна земја со демократски систем, секој може да пишува што сака... а секој што че чита може да одлучи што е вистина а што е наместена вистина, и дали вечерата се дава напладне...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 13:42
И ЈАС нема повеќе да те чепкам,ама ова што си се препотил уште од утрина нешто друго кажува,туку за терминот на фамозното јадење би те упатил да го препрочиташ НАПИСОТ и да видиш дека станува збор за ВЕЧЕРА,датумот кога е послужена и ВРЕМЕТО кога се служи вечера,мислам дека знаеш ,ако не директно кај директорот ќе те упатам да ти каже,а знаеш дека прозорите на прилепската болница се завртени кон Исток,и цел ден Сонце ги грее,така да гледај барем убаво во сликите и после прави се паметен и постирај контра коментари.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 14:06
Е така де се сложувам со тебе дека во натписот стои ВЕЧЕРА, ама уште посомнително е тоа што го велиш дека пенџерината се свртени на исток а гледам светлина од ЗАПАД .
заморен сум.
Ај батали не те чепкам појче...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 14:54
другар че бидам и за Прилеп од Мариово че идам Пазаро во среда да го видам.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 14:58
Златното момче на Прилеп за кое на големо се зборува http://markukule.mk/%d0%b7%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%bc%d0%be%d0%bc%d1%87%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%bf-%d0%b7%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b5/" rel="nofollow - - http://markukule.mk/wp-content/uploads/2015/09/12041844_10206556639426189_1948991195_n.jpg" rel="nofollow"> Давид Нешкоски е млад уметник, изведувач кој полека но сигурно гази кон интернационална кариера. Од ден на ден се гради како личност и артист и полека го освојува срцето и вниманието на голема публика. Преку “Crossroad blues band” и својот бенд “Давид Нешкоски трио”, стигна до Америка каде соработува со големи музички имиња и нижи успеси. Го замоливме да одвои дел од своето време и да одговори на неколку прашања. Кажи ни нешто повеќе за тебе, твоето место на раѓање, школување, твоето опкужување, начин на живот, хоби? Јас сум роден во градот под Марковите Кули, во музичка фамилија и тоа е местото каде завршив основно и средно образование (гимназија). Официјално музичко образование немам, но мојот начин на живот ми овозможи да се образувам музички со текот на времето. Долг период од мојот живот настапував со бендот на мојот татко Crossroad Blues Band каде и го добив основното музичко образување. Потоа почнав да работам со мој бенд, трио, со коj снимив два авторски албуми и имав многубројни настапи во и надвор од границите на Македонија. Мое хоби е само музиката. Сето тоа се спои во едно и прерасна во професионална определба која ја продолжувам до ден денес.
Кога се роди љубовта кон музиката, кога заплови по музичките води и колку време до сега трае таа опсесија? На многу рана возраст се запишав во основно музичко училиште каде го изучував клавирот, но тоа прерасна во друга форма на музицирање, гитара, на која се задржав и продолжив да се продлабочувам во нејзините убавини. Потоа како што кажав станав дел од “Crossroad Blues Band”. Би ве корегирал, музиката не е моја опсесија, туку е цел мој живот, најубавото нешто што ми се случило. Тоа трае повеќе од 15 години, а јас имам 22 години.
Ги следиме твоите достигнувања и видовме дека си го променил местото на живеење. Како дојде со тоа и со која цел? Благодарам. Знаете, секој прогрес во една конкретна работа доаѓа со своја одговорност и жртва. Ако целта е да се прави прогрес и да се оди нагоре во конкретната дејност, мора да се биде во средина која го овозможува токму тоа. Македонија ми е дома, секогаш ќе ми биде, но моја цел е да го работам ова на некое врвно ниво, и ако имам доволно среќа се надевам дека ќе се случи и тоа.
Дали еден наш млад уметник како што си ти може да успее, да опстои и да гради интернационална кариера во Америка? Зошто да не. Не е важно од каде сте дошле, битно е каде одите. Најважно е дали верувате во таа цел, дали сте сигурни дека имате доволно голема желба за успех и колку сте спремни да дадете за да добиете една конкретна работа. Јас се трудам да направам што е можно повеќе и да го остварам тоа што го замислив. Не е воопшто лесно да дојдете во туѓа земја и да имате просперитет со нешто толку деликатно како музика, но благодарение на непокорливата желба и љубов кон музиката, верувам дека ништо не е невозможно ако доволно се сака и се работи кон остварување на целта.
Кој е твојот духовен музички водич, чии тонови и ноти се обидуваш да ги достигнеш? Ако ме прашувате за моите музички учители ги имам повеќе. Јас пораснав со музиката на Stevie Ray Voughan, Eric Clapton, Jimi Hendrix, BB King, Albert King, John Mayer, Joe Bonamassa и ред други, луѓе кои поминале низ неверојатно тешки приказни , некои далеку потешки од мојата за да добијат една работа, така да може да се случи се. Двата мои авторски албуми се снимени на англиски така да јас ги следам нивните чекори и постапки и се трудам да се доближам што е можно повеќе до тој нестареечки звук.
Го издаде својот прв албум, како истиот е прифатен од публиката и какви коментари добиваш за истиот? Првиот албум го издадов во Хрватска, исто така и во цела Европа. Наиде на промоција и на голем број на светски медиуми ( радија, телевизии и интернет). Направив промоција во Скопје. Добивав и сеуште добивам критики, коментари и предлози за нови остварувања. Да бидам искрен сите не можат да бидат позитивни, но јас сум благодарен за секоја критика, затоа што ми ги отцртува недостатоците и нештата на кои треба да се работи, а такви никогаш нема да престане да има.
Кој е твојот омилен музички настап и со кои познати музички имиња до сега имаш настапувано? Не би можел да одделам таков, затоа што ја сум среќен што сум на бина и имам можност да му направам на другите да се чувствуваат убаво, чувство што со пари не се доплаќа. Сум настапувал со голем број интернационални артисти од блуз-рок водите. Некои од нив се Henrik Freishlader, Virgil and The Accelerators, Elias Zaikos, Ana Popovic и ред други. Од македонските изведувачи со Дамјан Пејчиновски, Венко Серафимов, Браќата Тавитијан, Влатко Стефановски и голем број други, што се надевам нема да ми се налутат ако не сум ги спомнал.
Кои се идните планови во твојата музичка кариера? Мојот план е многу едноставен. Да продолжам тоа што го правам да го правам на се повисоко и попрофесионално ниво, со што е можно подобри музичари и артисти.
Со што моментално се занимаваш, дали подготвуваш нешто ново, песна, спот или можеби нов албум? Третиот албум е готов, четвртиот е прикрај, се создаваат песни, се работи на подобрување на секое поле во музиката. Се надевам до крајот на оваа година ќе биде објавен третиот албум, а здравје за наредната ќе се оди на следното чедо. Спотови секако дека ќе има, сите што се заинтересирани за најнови информации ги поканувам да го посетуваат сајтот davidneskoski.com како и на социјалните мрежи, каде секојдневно ги објавувам новостите и настаните кои ќе се случуваат.
Како Давид Нешкоски го поминува слободното време? Давид Нешкоски нема слободно време. Тоа подразбира и кога нема што да се прави се пишуваат песни, се средуваат нови аранжмани, се спрема нов проект. Морам да признаам уживам во откривањето на нови музички артисти од сите страни на светот, уживам во слушање нова музика, но покрај тоа и филмовите ми се голем составен дел од секојдневието. Тие понекогаш ми претставуваат и извор на инспирација и мотивација.
Ти благодариме за одвоеното време . Ви благодарам за интересот и ви посакувам успешна работа во иднина.
http://markukule.mk/wp-content/uploads/photo-gallery/%D0%97%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D1%87%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%BE%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0/12022195_10206556639506191_1787636373_o.jpg" rel="nofollow"> http://markukule.mk/wp-content/uploads/photo-gallery/%D0%97%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D1%87%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%BE%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0/12051027_10206556639466190_1062763296_o.jpg" rel="nofollow">
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 15:09
www.markukule.mk
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 18:51
evangeline напиша:
Ajde dosta se jadete megju sebe. Koj e pogolem prilepchanec, na drugana tema koj e pogolem makedonec.. Osven ako ne sluzat vechera vo 5-5:30, ne sum sigurna dali ova go dobile za vechera. Barem po svetloto..
A ako pochneme da se fakjame za sitnici, ova ne znam kolku e higienski, pa ima i standardi koi moraat da se pochituvaat.. Jas vaka ni na kuche ne mu davam hrana. Duri i Pufi moja si ima chinija |
Evangeline воопшто не е важен часот кога се поделил оброкот освен ако не сакаме сега да се докажуваме дека и ова е сечено,лепено и монтирано Моментот на храната ставена на маса без тањир е одвратен и нехигиенски Моментот на печена неизлупена пиперка врз парчето леб е понижувачки Се работи за болни луѓе нели? Патем,небитно е кој е поголем прилепчанец,јас воопшто немам намера да си го докажувам потеклото со некој кој и не живее во Прилеп Важно е тоа што Во нашава болница нема ниту материјали,ниту лекари ниту пак услови за нормална работа. Оној што бил приморан да бара болничка услуга убаво го знае тоа Може и десет теми непотребно да се отворат за Прилеп ама реалноста е таква каква што е
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 18:57
Zdravko81 напиша:
Ne stanuva zbor za toa koj e pogolem prilepcanec. Voslucajov stanuva zbor za toa dali nekoj tuka e prilepcanec ( ova mu idi kako da se ruga nekoj so domot kade zivee, kazano metaforicki, pak da ne bidam pogresno razbran) |
А ти читај убаво што пижува и зборувај прецизно за да немаш чувство дека некој погрешно те разбира Станува збор за кршот бо Градската болница за кој не убедуваш дека е совршенство.Ако сериозно го мислиш тоа тогаш навистина не живееш во овој град.На тоа мислев а не кој е поголем прилепчанец.Таквото докажување за мене е глупаво,шо се вели -ич не ми е гајле,еве биди ти поголем
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 21:50
Abe, koj bolnicar stavil taka pojadok? Ako primer Trajko lezi vo bolnica i ne mu se bendisuva jadenjeto go zema go stava na masa i go slika. Svakash shto e napraveno ovde... a ne se sluzi hranata po masite ovde onde... i dosta veke so toa... eeeee aman.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 21:52
Nema golemi prilepcani na forumov.ima prilepcani koi se rugaat so samite sebe. Neznaeki vo koj gol teraat.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 21:53
Ne vi repliciram poveke. No toa neznaci i deka ste vo pravo.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 21:54
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 22:05
Пример тој твојот Трајко можи и да го стави на маса и да го слика оти по тебе Трајко е сечен,лепен и монтиран Јас бев пациент на таа болница и Здравко таму храната не се става во ТАЊИРИ,затоа на болните обично им носат храна од дома,како што кога одиме таму си носиме и постелнина и таблетки против болки.За видот на храна кој таму се дава на болните не сакам ни да коментирам.Моево куче јаде подобра храна. Така да Здравко кога нема што да се каже нормално е да ни кажеш чао,не реплицирам повеќе. Патем добар тратман и посебна ВИП соба добиваат знаеш кои пациенти...е сега може пак ти да си од нив па абер немаш што се случува со простосмртниве.Ама и да е така не можат да ти донесат монтажно ВЦ,така да бар таму ќе си ѕирнел како е...мизерија во секој случај
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 28.Септември.2015 во 23:41
Andjelina напиша:
evangeline напиша:
Ajde dosta se jadete megju sebe. Koj e pogolem prilepchanec, na drugana tema koj e pogolem makedonec.. Osven ako ne sluzat vechera vo 5-5:30, ne sum sigurna dali ova go dobile za vechera. Barem po svetloto..
A ako pochneme da se fakjame za sitnici, ova ne znam kolku e higienski, pa ima i standardi koi moraat da se pochituvaat.. Jas vaka ni na kuche ne mu davam hrana. Duri i Pufi moja si ima chinija |
Evangeline воопшто не е важен часот кога се поделил оброкот освен ако не сакаме сега да се докажуваме дека и ова е сечено,лепено и монтирано Моментот на храната ставена на маса без тањир е одвратен и нехигиенски Моментот на печена неизлупена пиперка врз парчето леб е понижувачки Се работи за болни луѓе нели? Патем,небитно е кој е поголем прилепчанец,јас воопшто немам намера да си го докажувам потеклото со некој кој и не живее во Прилеп Важно е тоа што Во нашава болница нема ниту материјали,ниту лекари ниту пак услови за нормална работа. Оној што бил приморан да бара болничка услуга убаво го знае тоа Може и десет теми непотребно да се отворат за Прилеп ама реалноста е таква каква што е
|
Па токму и тоа го потенцирав. А тоа дали е сечено, лепено си знаат само пациентите Хигиенски - не е. Практично - не е. Дали ги задоволува потребите на возрасен човек? - Не.
И да, мојата мачка Пуфи има очигледно подобар третман од болните. Пиперка и виршла од сомнително потелко, без декларација, сигурно купена рефус и притоа влечена по сто локации во картонски кутии додека стигне над парчето леб е понижувачки.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 29.Септември.2015 во 08:35
Се сложувам дека Вецињата се во многу лоша состојба. Се сложувам дека нема доволно персонал ( тоа е заради блокираната сметка по многу основи ...) Не сум лежел во болница ( скраја да е, никој да не лежи, без разлика каква и да е болницата) Но мои блиски лежеле и најмалку еднаш до двапати месечно го носам дедоми и знам дека: НЕ ЛЕЖЕЛЕ ВО ВИП СОБА, НЕ ИМ СТАВАЛЕ ХРАНА НА МАСА БЕЗ ТАЊИР. И пиперки со декларација во Македонија... немам видено... ни во Тинекс, ни ни во КАМ, ни во БОНИТА ни на пазар ... колку што знам едвај финансиски егзистираат а и со персонал се слаби ( им доаѓаат тимови од Битола), за да се дојде до специјализиран доктор треба време. А незнам како ќе баратат луѓето кога ќе заминат впензија двајцата хирурзи... тогаш нема да има постови од храна,виршли и пиперки... тогаш ќе има постови од фискални сметки во скапите болници...
СПОРЕД МЕНЕ ВО РЕД Е ДА СЕ КРИТИКУВА, НО ДА СЕ КРИТИКУВА ДОКОЛКУ СЕ ЗНААТ БАРЕМ ПОВЕЌЕТО ФАКТИ, И ДА СЕ ДАДАТ ПРЕДЛОЗИ ( СПОРЕД МОЖНОСТИТЕ ) ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ И СЕ ОНА ШТО ЗАСЛУЖУВА ЕДЕН ГРАЃАНИН.
ВЕРУВАМ ДЕКА ОВДЕ ИМА БИЗНИСМЕНИ... КАКО ШТО СЕ ДЕКЛАРИРААТ ПОГОРЕ... ПА МОЖЕ ДА ДОНИРААТ СРЕДСТВА ЗА ПО ЕДНА ВЦ ШОЉА И МИЈАЛНИК ( ТОА НЕКАДЕ ЌЕ ЧИНИ 6-7000 ДЕНАРИ максимум) Верувам дека болницата ќе биде благодарна а и идните пациенти, секако.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 29.Септември.2015 во 13:22
Да има едени единствен ПРЕДЛОГ,за вас повеќе идеи од паметни луѓе нема,единствена опција да се тргнете,и да дојдат вистински избори со законска регулатива и сите потребни работи за едно ЦИВИЛИЗИРАНО општество,а потоа да дојдат луѓе со ЧЕСТ и ДИГНИТЕТ и да ви кажат,не да НАПРАВАТ достојно да се живее во оваа земја,искористувана само од оние кои не знаат што прават и се фалат,а ги напаѓаат сите други кои РАЗМИСЛУВААТ поинаку и почовечно.Ќе се разбуди свеста на угнетените,таков е кругот на животот,се тркала и се менува.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 29.Септември.2015 во 13:26
Таман си помислив дека се јави донатор... овде политики ми се мешаат на темава.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 29.Септември.2015 во 14:22
A zoshto pa nie bi donirale koga so eden spomenik bi kupile 10.000 setovi od po 100 evra?! Kolku bolnici bi opremile so edno magarence so nekoj (ne)poznat voin?! Ili pisatel...
Za deklaracija e ubavo napishano, virshli od somnitelno poteklo, ne piperki. Kolku shto znam za mlechnite i mesnite proizvodi potrebna e deklaracija..
I ti Zdravko sakash da mi kazesh deka ova e pojadok/vechera, (ne e vazno shto i da bilo) za shampioni?!
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 29.Септември.2015 во 14:42
Каде сум го рекол тоа дека ова е храна за шампиони. И дека е во ред да се става на маса онака...
НИКАДЕ... ( значи не ми калемете дека се согласувам со тоа)
А за декларацијата на виршлата... па можам да пренесам да ја стваат и декларацијата кога че се вари виршлата. И незнам дека во Прилеп некој ставал магаренца или воини и некакви скапи статуи па немало за болницата...
И мислам дека е доволно реплицирање од моја страна ( Ве молам да не ме прозивате во репликите) ...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 02:45
Mozebi vo Prilep ne stavaat konji i magarinja ama zatoa vo Skopje vrie od niv. Chinish zashtiten znak se na gradov. Ako vekje odime vo detali, za renoviranjeto na postoechkite bolnici kolku shto znam e zadolzeno ministerstvito za zdravstvo, koe shto se polni so pari od Budzetot na RM, istiot onoj Budzet shto gi poddrzuva i finansira konjite i magarinjata, avtopatite (sekoja chest za ova, da ne izleze deka nishto ne mi chini, koga e daleku od toa), baroknite fasadi, smeshnite fontani i shto ushte ne. Ako ovoj Budzet moze da istrpi sekoja budala da go cica kako i kolku saka, togash milionche evrenca za kupatila po bolnicite se isto kako da podelish sendvichi i sokchinja i da gi platish avtobusite za na miting..
Ne te prozivam tebe vo nikoj sluchaj, opshto si komentiram na temava. Ne si ti portparol pa da te prozivam. Naprotiv, milo mi e shto imame razlichni mislenja na temava, inaku monotono bi bilo.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 08:11
evangeline напиша:
A zoshto pa nie bi donirale koga so eden spomenik bi kupile 10.000 setovi od po 100 evra?! Kolku bolnici bi opremile so edno magarence so nekoj (ne)poznat voin?! Ili pisatel...
Za deklaracija e ubavo napishano, virshli od somnitelno poteklo, ne piperki. Kolku shto znam za mlechnite i mesnite proizvodi potrebna e deklaracija..
I ti Zdravko sakash da mi kazesh deka ova e pojadok/vechera, (ne e vazno shto i da bilo) za shampioni?!
|
Само да си прочиташ дали ме прозиваш
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 08:18
Alekxandar напиша:
Такви виршли само фалангата јадеше и затоа сега ги има и во менито на Болницата. По првиот гриз болните веке постануваат врвни спортисти и од шок соба заминуваат на спортските терени ...
|
или Евангелине мислеше на овој текст.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 08:25
Ај да се оддалечиме од нападнава реторика и да се вратиме на темава
Извор: www.10bez10.com
https://10bez10.com/vesti/opshtina/1314-zapochna-saemot-za-vrabotuvanje-i-kariera-vo-prilep-foto" rel="nofollow - ЗАПОЧНА „САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И КАРИЕРА“ ВО ПРИЛЕП Денеска во Прилеп пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ свечено беше отворен „Саемот за вработување и кариера“ кој е во организација на УСАИД Мрежа ЈЕС, Општина Прилеп и Центарот за вработување - Прилеп. На свеченото отварање присутен беше и Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој истакна дека ваквите манифестации се од особено значење како би се премостил јазот помеѓу вештините кои ги поседуваат работниците и оние кои што се потребни на пазарот на трудот. Градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески истакна дека негова постојана заложба е да им се помогне на младите при вработувањето и бидејќи вработувањето е негов приоритет, смета дека со отворањето на неколкуте индустриски зони знатно ќе се намали наевработеноста во неговата општина. За потребата од ваква манифестација позитивно се изјасни и раководителот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски кој ја поздрави интерактивната соработка на сите чинители на пазарот на трудот со која може во иднина да се дојде до многу подобри резултати. На отворањето присутен беше и директорот на канцеларијата за демократија и образование при УСАИД Мајкл Стивејтер кој нагласи дека соработката која се случува денес и утре не смее да заврши со саемот, туку напротив тоа треба да биде почеток за континуираното заедничко работење на локално ниво. Саемот ќе трае два дена и ќе им овозможи на младите кои бараат работа, непосредна средба со локалните бизниси, како и можност за доставување на своите апликации за работно место и закажување на средби со своите потенцијални работодавачи.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 10:54
Jas mnogu ubavo kazav shto sakav da kazam. A koj saka da go izvrtuva muabetot neka go izvrtuva.. Voopshto ne me zasega.
A ovie saemive se perenje pari.. Ako nekoj saka da vraboti nekogo, ne mu treba saem. Ako nekoj saka da se vraboti pak ne mu treba saem.
No i na ednata i na drugata strana im treba azurirana baza na podatoci, im treba web strana na avrm koja kje bide azurirana so celosni i TOCHNI podatoci. A ne onakva kakva shto e denes.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 14:19
Гледам премногу експонирање на некои работи кои имаат друга конотација,па се запрашав ,а со тоа ги прашувам и администраторите како уредувачи,Прилеп како тема ја има на форумот,на незе имавме разни постови па не селектираа како политички или неполитички и се префрлаа наводно во политика или се цензурираа. Во што е сега разликата и зошто се дозволува дупла тема,Прилепски настани,дали тоа значи(според реакцијата на тој што е отворил)за еден пост и тоа каде се кажува суровата реалност од нашето живеење,дека треба нему да се остава што сака да се раскалашува и да ја брани власта,а ако имаме спротивставени ,односно коментари за реалноста,да отвориме тема на пример Прилепски мајмунлаци,ако е тоа така за таа тема би имал премногу да постирам.
Во однос на последниот пост,за саемот за вработување,а во конотација како милуваат милениците на власта и самите тие да посочуваат за одредени настани,јас од фотографијата гледам претежно членови на ВМРО-ДПМНЕ,за кого е саемот,за нивните членови или пак,за оние 470.000 илјади кои се исселија од Македонија,а другите за да преживеат треба тутун да работат и овци да гледаат,а учените неписмени кадри на владеачката партија веќе ги запоседнаа државните институции,а вработување,знаеме кој вработува и како се вработува ,барем во Прилеп.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 14:32
Не знам зошто точно е отворена темава, веројатно да пишувате за конкретни настани од Прилеп, за Војдан Чернодрински, за џезот, за Пивофестот и слично... Ама веќе кога е отворена нека стои и обидете се на неа да не ја тупите премногу со политика. Си имате цел подфорум за тоа.
Ако отвориме тема Прилепски мајмунлаци, ќе има богами што да се пишува на неа, ебаго.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 14:58
Anastea, sekoja ti chest.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 17:12
Да голема чест на помирба,..туку кој и плачеше пред неколку поста дека се админите пристрасни,сега еве ти се напрај кево,сигурно гушка ти никна?
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 20:15
Значи ако администратор или модератор реално посочува кога некој член застранил од темата че го пофалам... нели тоа и е дел од работата. Админот не работи за мене или за некој друг. Се труди да ги балансира работите... и стварно можеш да отвориш тема прилепски мајмунлаци таму никој нема да ти противречи
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 02.Октомври.2015 во 14:06
Повторно Пријава до великиот градоначалник мајран,пардон марјан ,како што милува да го нарекува еден прилепски новинар http://revolucionermk.com/vtora-prijava-protiv-prilepskiot-gradonachalnik-marjan-risteski/" rel="nofollow - http://revolucionermk.com/vtora-prijava-protiv-prilepskiot-gradonachalnik-marjan-risteski/
Значи веќе се собира материјал,за безгрешниот,за некое идно време кога ќе владее правото и законот во оваа земја.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 02.Октомври.2015 во 14:34
Знаеш... политики, дрн дрн... и др. дрн дрн. на теми кои се за тоа. Или отвориси тема прилепски мајмунлаци и пишувајси... Ова не се теми за политики...
Прочитај на почеток.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 02.Октомври.2015 во 14:59
Ако вие од власта во се што ви одговара препознавате политика,тогаш тоа е ваш пршблем,ова е од криминалниот живот на марјан и не засега сите од зприлеп,а богами и оние кој ја сакаат парвдата. За ДРН-кањето види си ги постовите,па дрн дрн- кај до миле воље.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 02.Октомври.2015 во 15:06
Политиката е погоре... во друг подворум... погор....ееее
овде, културни настани, фестивали, џез...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 05.Октомври.2015 во 23:01
Zdravko81 напиша:
Се сложувам дека Вецињата се во многу лоша состојба.Се сложувам дека нема доволно персонал ( тоа е заради блокираната сметка по многу основи ...) Не сум лежел во болница ( скраја да е, никој да не лежи, без разлика каква и да е болницата) Но мои блиски лежеле и најмалку еднаш до двапати месечно го носам дедоми и знам дека: НЕ ЛЕЖЕЛЕ ВО ВИП СОБА, НЕ ИМ СТАВАЛЕ ХРАНА НА МАСА БЕЗ ТАЊИР. И пиперки со декларација во Македонија... немам видено... ни во Тинекс, ни ни во КАМ, ни во БОНИТА ни на пазар ... колку што знам едвај финансиски егзистираат а и со персонал се слаби ( им доаѓаат тимови од Битола), за да се дојде до специјализиран доктор треба време. А незнам како ќе баратат луѓето кога ќе заминат впензија двајцата хирурзи... тогаш нема да има постови од храна,виршли и пиперки... тогаш ќе има постови од фискални сметки во скапите болници...
СПОРЕД МЕНЕ ВО РЕД Е ДА СЕ КРИТИКУВА, НО ДА СЕ КРИТИКУВА ДОКОЛКУ СЕ ЗНААТ БАРЕМ ПОВЕЌЕТО ФАКТИ, И ДА СЕ ДАДАТ ПРЕДЛОЗИ ( СПОРЕД МОЖНОСТИТЕ ) ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ И СЕ ОНА ШТО ЗАСЛУЖУВА ЕДЕН ГРАЃАНИН.
ВЕРУВАМ ДЕКА ОВДЕ ИМА БИЗНИСМЕНИ... КАКО ШТО СЕ ДЕКЛАРИРААТ ПОГОРЕ... ПА МОЖЕ ДА ДОНИРААТ СРЕДСТВА ЗА ПО ЕДНА ВЦ ШОЉА И МИЈАЛНИК ( ТОА НЕКАДЕ ЌЕ ЧИНИ 6-7000 ДЕНАРИ максимум) Верувам дека болницата ќе биде благодарна а и идните пациенти, секако.
|
Е сега сакам да те прашам конкретно за ова црвеново!!!! Ако се е така совршено и сите сме така богати и државава така супер функционира,зошто ви се бизнисмени да донираат? Кај е министерство за здравство? Кои се бе нивните обврски? Знаеш зошто нема лекари? Избркани се партиски неподобните Другата половина отидоа да работат во европски цивилизираните земји,каде што добиваат плата а не милостиња и имаат со што да работат Знаеш зошто нема персонал? Не примаат партиски неподобен персонал И знаеш што уште Здраве? И покрај совршенството ние си плаќаме со фискални по приватни болници,за лекови на приватно,приватни стоматолози,приватни гинеколози....а твојот совршен здравствен фонд секој месец од мојата плата одзема сума на пари со која јас треба да се лекувам БЕСПЛАТНО П.С пред два-три дена во болницата почнале да служат храна во некаква картонска амбалажа...случајно Кога еден ден партиски ќе се испоубијат меѓу себе едните и другите можеби и ќе живееме пристојно...еден ден
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 05.Октомври.2015 во 23:10
Zdravko81 напиша:
Каде сум го рекол тоа дека ова е храна за шампиони. И дека е во ред да се става на маса онака...
НИКАДЕ... ( значи не ми калемете дека се согласувам со тоа)
А за декларацијата на виршлата... па можам да пренесам да ја стваат и декларацијата кога че се вари виршлата. И незнам дека во Прилеп некој ставал магаренца или воини и некакви скапи статуи па немало за болницата...
И мислам дека е доволно реплицирање од моја страна ( Ве молам да не ме прозивате во репликите) ...
|
А што е она на плочникот? Во моментов се прави фундамент со ненормални димензии За што? П.С Извини ама се додека ти ја водиш темава и се додека една тема за Прилеп и фалбите за него ти е малку па отвори и втора за абер немам што,јас ќе те прозивам тебе оти очигледно се што мене ме интересира ти знаеш...така да...сакам да сум информирана за работиве кои ете мене ми изгледаат поинаку шо се вели,да најдиме мунасип за муабетиве
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 17.Ноември.2015 во 09:02
тоа ти беше бил Марко Крале... прилепски бренд ли беше...
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 17.Ноември.2015 во 09:04
Потпишан меморандум за соработка и разбирање помеѓу Прилеп, Рокдејл и Ливерпул
Синоќа во големиот аудиториум на „Hurstville Entertainment Centre“ во Сиднеј беа претставени поволностите за инвестирање кои ги нуди Владата на Република Македонија и градот Прилеп. Под мотото „Invest in Macedonia“, амбасадорот Трпевски ги претстави гостите од Република Македонија и го отвори форумот. Македонската делегација предводена од Градоначалникот Марјан Ристески, Сашо Самарџиоски -директор на Прилепска Пивара, Љупчо Велески директор за извоз на Витаминка, Валентин Ристески директор за извоз на Витаминка за Австралија.
На форумот градоначалникот Ристески ги претстави проектите на градот Прилеп, досегашните инвестиции во истиот, а потоа ги претстави и новите инвестициски зони: „Прилеп 1“ и „Прилеп 2“, како и новата урбана населба „Градина“. Од страна на инвестициони можности градоначалникот ги посочи инвестициите во приватното здравство, детски градинки и други гранки во индустријата. Овој бизнис форум го обележа крајот на успешниот престој на бизнис делегацијата од Прилеп во Сиднеј, во кој период беа остварени огромен број Б2Б средби и иницирани голем број на конкретни економски проекти. Дополнително беше потпишан меморандум за соработка и разбирање помеѓу Прилеп, Рокдејл и Ливерпул.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 23.Ноември.2015 во 15:01
Во Прилеп по третпат се оддржа „Motocross Prilep Open – 2015“На патеката кај прилепското село Лагово се оддржа меѓународната мото-трка „Motocross Prilep Open – 2015“.На трката учествуваа околу 40-тина мотокрос возачи од земјава и од странство кои се натпреваруваа во пет категории. Според Ѓорѓи Манчески од клубот „Скај рајдер“ , мотокрос арената во Лагово ги исполнува сите предвидени услови за оддржување на вакви трки. -И оваа година, ја организираме оваа Меѓународна мото-крос трка. Над 30 мотокрос возачи од земјава и странство земаа учество на првенството. Во иднина сакаме да организираме европска мото-крос трка, а Прилеп да стане лидер во мотокрос трките на Балканот, посочи Манчески. Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп станува центар на екстремните спортови: -Традиционално ја организираме веќе трета година по редоваа трка заедно со клубот „Скај рајдер“. Патеката се надградува според европските стандарди, а за догодина ќе се потрудиме, Прилеп да биде конК*рентен за организирање европски мото-трки, рече градоначалникот Марјан Ристески.
„Motocross Prilep Open – 2015“ внесе неверојатна доза на адреналин како кај присутните така и кај натпреварувачите.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 03.Декември.2015 во 08:31
Прилеп доби нова спортска сала
Државното средно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп денеска доби нова сала, инвестиција на Владата вредна 24 милиони денари, во рамки на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали, во кое настава посетуваат 500 ученици. Објектот го предаде во употреба премиерот Никола Груевски кој подвлече дека образованието и спортот во изминатите години се меѓу најголемите приоритети на Владата. – Поттикнувањето и негувањето на спортскиот дух кај младите сметаме дека е исклучително важен чекор во воспитувањето на нашите деца. Преку спортот се чува здравјето, се развива чувството за тимска работа, за почитување на противникот, за истрајност и упорност да се достигне посакуваното. Сепак, за да ја негуваме спортската традиција нужно е да имаме спортски сали, игралишта и терени на кои нашите млади ќе може да се запознаат со спортот. За таа цел Владата изминативе неколку години започна со реализација на повеќе капитални инвестиции чија цел е да се надополни сето она што не било направено од сите претходни влади, односно да изградиме спортски игралишта и сали во секое место во Македонија каде недостигале и има услови да се изградат, рече премиерот Груевски. Тој подвлече дека во рамки на големиот спортски проект за изградба на 145 училишни спортски сали ова е третата сала која ја пуштаат во употреба во Прилеп. Четврта сала е во фаза на градба за потребите на ОУ „Добре Јованоски“, а во наредните години во план за градба се уште три други сали. http://markukule.mk/wp-content/uploads/2015/12/nikola.jpg" rel="nofollow"> Меѓу инвестициите во спортот во Прилеп тој потсети дека се изградени две фудбалски игралишта, едно тениско игралиште, како и повеќенаменско спортско игралиште, а се планира изградба на уште едно тениско игралиште во училиштето „Мирче Ацев“ и уште едно повеќенаменско спортско игралиште во Канатларци. – Сето ова јасно говори дека инвестициите на Владата за спортската инфраструктура во Прилеп се навистина богати. Покрај спортските терени, постојано инвестираме и во поголем број училишта на територијата на Прилеп. Така, само во изминатите години на територијата на оваа општина во сите основни и средни училишта преку разни санации и реконструкции се инвестирани над 10 милиони евра. Најголем дел од овие средства се од Владата и од локалната самоуправа, подвлече премиерот Груевски. Меѓу позначајните проекти тој ги издвои изградбата на монтажните училишта во Чепигово, во Галичани, во Беровци, како и реконструкциите и санациите во уште четири општински училишта. Посебно го издвои проектот за поставување систем за греење во ОУ „Кире Гаврилоски Јане“, кој се реализираше оваа година со што ова училиште првпат доби ваков тип греење. Пуштено во употреба новото училиште во село Беровце Инаку, премиерот Груевски денеска и официјално го предаде во употреба училиштето во село Беровце „Круме Волнароски“ за чија изградба Владата издвои 2,6 милиони денари, а во кое настава посетуваат над 30 ученици. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека новата современа спортска сала во СОУ „Кузман Јосифовски Питу“ ќе ја користат учениците, но и жителите од овој дел на општина Прилеп во кој недостигаше ваков спортски објект, а кој се остварува согласно изборните ветувања. – Ова е 49-та спортска училишна сала што ја предаваме во употреба во рамки на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали и е уште еден пример за успешните инфраструктурни инвестиции во образованието, подвлече Ристовски. Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески нагласи дека оваа спортска сала која денеска се пушта во употреба ќе овозможи развој на спортот и спортските активности и ќе придонесе за подобрување на условите за изведување на наставата на учениците од ова училиште. Спортската сала се протега на површина од 650 метри квадратни. Целосно е опремена со спортски реквизити и ќе овозможи тренирање кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка и гимнастика. Располага со туш кабини и засебен простор за наставниците.
Претходно премиерот Груевски во рамки на денешната посета на општина Прилеп присуствуваше на пуштање во употреба на нов фудбалски терен направен во соработка со Општина Прилеп и Фудбалската федерација на Македонија, вредна 300.000 евра. Фудбалското игралиште располага со нов терен со вештачка трева и нова пропратна опрема и е наменета за потребите на Спортската академија.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 03.Декември.2015 во 08:33
Свечено отпочнати активностите околу активирање на фабриката на Гентерм во Прилеп
http://markukule.mk/wp-content/uploads/2015/12/DSC02024.jpg" rel="nofollow"> Во присуство на стотици граѓани, претставници од сите институции на системот, Претседателот на Владата Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Р. Македонија, Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска, како и генералниот директор на гигантот Гентерм, денеска во Прилеп во тежнолошко- индустриската зона Алинци, отпочнаја активностите околу активирање на фабриката и нејзина доизградба. Фабриката на Гентерм се простира на територија од 38 000 м2 и претставува огромна инвестиција од 20милиони евра која ќе отвори 2000 директни и стотици индиректни вработувања. Од огромен бенефит за Прилеп и регионот, фабриката ќе значи опстанок и подобар живот за целото население, како и повик за нови инвеститори во иднина. Премиерот Никола Груевски најави дека веќе е доведен и вториот инвеститор во зоната , германската фирма Акопласт, исто така од автомобилскиот сектор, која веќе регистрирала фирма во Македонија и е во завршна фаза за отпочнување на градба
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 04.Јануари.2016 во 23:10
Работниците од „Гентерм“ на протест26.12.2015 | 20:13 http://24vesti.mk/makedonija" rel="nofollow - Македонија Прочитано: 4819 Пред општинската зграда во Прилеп, денеска протестираа дел од преку 200 вработени во американската компанија Гентерм, кои вчера добиле отказни решенија, зашто фабриката не е изградена. Работниците кои тврдат во мизерни услови во Украина, поминале 3 месечна обука, сега се наоѓаат во безизлез. А, менаџерите на Гентерм во Прилеп, им советувале да бараат ново вработување, зашто фабриката за автоделови не е изградена. „Дури не се изгради фабриката до март месец, при што можеме да се бараме работа во меѓувреме, ама за Божик никаде нема да најдеме работа, а имаме фамилии сите овде, откажаа од работа пред тоа, за да гледаме фамилија дома“, вели Габриела Богоеска од Прилеп. Овие луѓе бараат од Гентерм и од општина Прилеп, да бидат вратени на работа, како што им било ветено. „Уште пред да заминеме Украина ќе се работи интензивно, ќе се стаса фабриката и ние кога ќе се вратиме тука, имаме загарантирана работа, дека сме заштитени со тоа. Поради тоа да не речат 100 %, ама 90 отсто откажаа од работа, каде што имаа редовен работен однос“, вели Јованка Стаменова. На втори декември, во трговско индустриската развојна зона кај Алинци во Прилеп, многу владини претставници и премиерот Никола Груевски, на големи ѕвона го најавија почетокот на изградбата на оваа фабрика. Според Груевски, до крајот на изграбата на фабриката во јуни, Гентерм во Прилеп ќе вработи околу 2000 работници. Од Гентерм Македонија дооел соопштуваат дека овие луѓе ќе бидат вратени на работа, тогш кога ќе биде изграден производствениот капацитет.
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 10.Јануари.2017 во 11:54
о Прилеп денеска по 11-ти пат, по повод празникот на Христовото раѓање, во хотелот „Кристал Палас“, се одржа традиционалниот Божикен ручек, на кој учество зедоа околу 500 деца од цела Македонија. За жал поради лошите временски услови дел од поканетите не успеаа да присуствуваат на оваа манифестација. Настанот е во организација на „Детската амбасада - За сите деца во светот“. Мотото на овој настан е „Едно небо за сите деца“. „На оваа заедничката трпеза денеска седнаа децата без родители, децата на загинатите бранители, децата со посебни потреби, деца од семејства од социјален ризик како и деца членови на Детската амбасада. Оваа година „Детската амбасада За сите деца во светот“ одлучи да додели „Орден за носител на мирот“ на „А.Д. Електрани на Македонија – ЕЛЕМ“, а плакета за пријател децата оваа година добија Христијан Тодороски, „А.Д. Алкалоид“ и хотел „Инекс Горица““, изјави Александра Северкоска Стојаноска, извршен директор на „Детската амбасада - За сите деца во светот“. Како и секоја година така и оваа Божикниот ручек беше поддржан од локалната самоуправа на Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески. „Секоја година ние како локална самоуправа го поддржуваме овој настан и јас лично присуствувам на него. Тука заедно се дружиме со повеќе од 500 дечиња и во оваа прилика сакам да ја упатам пораката дека Божик треба да го поминеме со најблиските, а во овој миг нашите најблиски се децата од цела Македонија и порачувам тие да имаат радост, успех, здравје, среќа, безгрижно детство и што е можно повеќе да се сеќаваме и дружиме со нив, а не само на овие празници. Локалната самоуправа на Прилеп секогаш ги поддржува овие хуманитарни активности кои ги имаме многу преку целата година, а овој настан е прва ваква хуманитарна активност за оваа година. Го честитам Божик со христијанскиот празник „Христос се роди, Навистина се роди“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп. Ручекот традиционално го благослови Владиката Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски. „Празникот Божик е раѓање на синот Божји кој од преголема љубов кон човечкиот род излезе од прегратките на Отецот и доброволно прифати да прими човечко тело. Така денес малиот Бог е всушност оној кој го славиме и Тој не радост за сите деца. Овој празник може да се нарече и празник на децата. Ние се радуваме како црква што се поправилно почнуваме да ги празнуваме празниците, а осообено овој празник. Ние во Битола еве повеќе од 5 години го празнуваме празникот со коледарчињата кои до пред извесен период пееја непристојни песни за овој ден, а сега се пејат пригодни песни како онаа за раѓањето на Христос и одат со една импровизирана пештера на која е претставено раѓањето на Христос. „Христос се роди, Навистина се роди““, истакна Г. Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски. Освен од православна вероисповед на настанот приствуваа и деца од другите религии. „Мојата желба за Божик е сите да сме среќни, да има слога, мир и љубов. Се чувствувам прекрасно, повеќе години сум дел од овој Божикен ручек во организација на „Детската амбасада - За сите деца во светот“ и ова е убаво искуство за мене“, рече Александра Кузманоска, дете учесник на Божикниот ручек. „Мојата желба за Божик е да биде среќна мојата фамилија, да има радост и љубов за сите во светот, јас по втор пат учествувам на овој ручек, се дружиме со децата тука и атмосферата е многу убава“, кажа Леонардо Талески, дете учесник на Божикниот ручек. Владиката Петар, на отворањето на овој настан, рече дека радоста за нашата црква била голема денеска, затоа тие секоја година биле присутни тука, бидејќи иднината на нашата црква и иднината на Македонија била токму во идните генерации што доаѓаат.
------------- Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|