IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Ролат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ролат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 12:51

РОЛАТ СО КРШЕНИ БИСКВИТИ

Состојки

400 гр. бисквити (или едно цело пакетче )

1 филџан млеко

1 филџан вода

шеќер околу 200-300гр (по вкус)

1 чоколадо за готвење

1-2 лажици какао

125гр маргарин Кристал (пола)

Додека се зоврива млекото заедно со шеќерот, се кршат бисквитите во поголем сад. Потоа во зовриеното млеко се додава маргаринот, чоколадото и какаото. Сето тоа се меша и се додава во садот со бисквитите. Кога ќе се добие смесата се формира ролат со помош на најлонска фолија. Се остава да се олади и потоа може да се сече.

 



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 13:59

ЈАБОЛКО РОЛАТ

Состојки:

  • 25   лажички ѓеќер
  • 50 грама шеќер во прав
  • малку   цимет
  • 30 грама ореви
  • 1   кора од лимон
  • 20 милилитри вода
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 120 грама брашно
  • 1000 грама јаболки
  • 5   јајца

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 170 степени.

Поголем калап обложете го со пекарска хартија. Белките одвојте ги од жолчките, па изматете цврст снег, постепено додавајте вода со шеќер, додека шеќерот не се истопи.

Лесно измешајте ги жолчките, една по една, брашното и малку нарендајте лимонова кора.

Смесата излијте ја во подмачкан калап и печете 15-20 минути, само внимавајте премногу да не се испече.

Готовиот бисквит, заедно со печераската хартија пренесете го на работната површина или во кујнска крпа, па веднаш заролајте го заедно со хартијата за печење, оставете го да се олади. За тоа време излупете и изрендајте го јаболката.

Динстајте ги на тивок оган заедно со шеќерот, додека целиот сок не се редуцира.

На крајот додадете го циметот, мелените ореви и ванилиниот шеќер.

Додадете уште малку изрендана кора.

Ладниот бисквит одмотајте го, тргнете ја хартијата, па рамномерно премачкајте го со филот од јаболка.

Повторно завиткајте го во ролат, посипете со шеќер во прав, оладете, па сервирајте.

 



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 21:13

БРАУНИ РОЛАТ

Ако и Вие сте во потрага по совршениот ролат, а никој од понудените во маркетите не одговара на Вашиот вкус – тогаш овој рецепт e создаден за Вас. Направете домашен брауни-ролат и изненадете ги ченовите на Вашето семејство, цимерите или пријателите.

Брауни:

  • 140g кршена црна чоколада
  • 50g путер
  • 50g кафен шеќер
  • 1 јајце
  • 35g сенаменско брашно

Бела торта:

  • 120g путер
  • 100g шеќер
  • 2 јајца
  • 120g сенаменско брашно
  • 2g пециво
  • 50ml млеко

 

2

Загрејте плехче во облик на ролат на 180 степени. За да го направите браунито, стипете ја чоколадата и путерот на слаба топлина. Додадете го шеќерот, јајцето и брашното додека не добиете хомогена смеса со миксер. Печете 15 минути.

За белиот дел, измешајте го путерот со шеќерот додека не добиете кремаста смеса. Додадете ги јајцата, па брашното и пецивото, па на крај млекото.

Истурете ја смесата врз браунито и печете уште 25-30 минути на 160 степени.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2015 во 13:36

Вкусен солен ролат со кашкавал и шунка

Вкусен солен ролат со кашкавал и шунка



Потребни состојки:
  • 300 грама кашкавал
  • 200 грама крем сирење
  • 100 грама шунка
  • 50 грама кисели краставички
  • 50 грама црвени пиперки
Начин на подготовка:

На загреана фолија ставете го кашкавалот. Откако тој ќе се растопи обликувајте го како квадрат и премачкајте го со крем сирење. Изрендајте ја шунката, исечкајте ги краставичките и црвените пиперки на мали парчиња и потоа заедно додајте ги врз кашкавалот. За крај, вртете го кашкавалот сè додека не добиете ролат и оставете го да се олади.

 



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 18:29

Dave’s Kitchen: Ролат со мак


Ви се јаде нешто благо, но сè уште не знаете што?  Еве една вкусна и лесна идеја за ролат со мак.  Дури и да немате навика да месите, ова е рецепт што лесно ќе можете да го приготвите во својата кујна.

Потребни состојки за тестото:

  • 150 мл. млеко
  • 100 гр. шеќер
  • 1 јајце
  • прстофат сол
  • 1 квасец
  • 100 гр. путер
  • 400 гр. брашно

Најпрво квасецот ставете го во чаша и посипете го со млекото за да стаса. Кога квасецот ќе нарасне, заедно со сите други состојки замесете меко тесто и оставете го да стаса најмалку 1 час или додека не го зголеми волуменот двојно. 

Потребни состојки за филот:

  • 150 мл. млеко
  • 100 гр. путер
  • 150 гр. шеќер
  • 250 гр. мак
  • 1 лаж. цимет

Сите состојки ставате ги во тенџере на оган да се сварат за да се згусне. Тргнете го на страна и додајте 2 лажици мед. 

Кога тестото ќе стаса, поделете го на два дела и секој дел формирајте го во правоаголна кора. Премачкајте ја секоја кора со филот и виткајте во ролат. 

Ставете ги двата ролата во тавче обложено со хартија да стасаат, премачкајте ги со 1 јајце и печете ги на 150 степени околу 50-тина минути или додека не добијат убава златно-кафена боја. 

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB странаDave’s Kitchen.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Онлајн
Поени: 13926
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2015 во 12:19
,,,chekam vale da stavi od nejnite specijaliteti za nedelen ruchek,,, ,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2015 во 19:57

СОЧЕН „BOUNTY“ РОЛАТ

4

Ако сте љубители на кокос овој колач ќе ви ги разбуди сите сетила! Се приготвува за половина час, а сите кои ќе го пробаат ќе сакаат да го дознаат рецептот.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 160г шеќер
  • 90г брашно
  • 70г растопен путер
  • 30г какао

За фил:

  • 800мл млеко
  • 150г шеќер
  • 50г скробно брашно
  • 2 жолчки
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 250г. путер
  • 250г. кокос

Подготовка:

Во еден сад ставете половина литар млеко, додадете шеќер и кокос и откако смесата ќе проврие, намалете ја температурата и варете уште 15 минути, па додадете го целиот путер и почекајте целосно да се растопи. Изматете ги жолчките, додадете го останатиот дел од млекото, ванилата и на крајот и брашното и прелијте ја оваа смеса во смесата со млеко и кокос и со постојано мешање варете додека не се згусне смесата. Откако ќе се излади на собна температура ставете ја смесата во фрижидер за да се зацврсти во текот на ноќта.

Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги белките додавајќи шеќер малку по малку и откако ќе добиете сјајна смеса додадете ги и жолчките и матете со миксер додека состојките не се соединат. Додека матите додадете и претходно растопен путер. Измешајте ги брашното и какаото и постепено додавајте ги во смесата.

Израмнете го тестото и печете на 180 степени околу 15 минути или во зависност од јачината на вашата рерна. Откако тестото целосно ќе се олади треба внимателно да го одвоите и да го намачкате со фил. Замотајте го ролатот во фолија и почекајте целосно да се зацврсти (во фрижидер). Ролатот може да го прелиете со чоколадо по желба или кокос.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2015 во 17:18

МИНИ СОЛЕНИ РОЛАТИ СО ТОПЕН КАШКАВАЛ

8

Ако сте страсен уживател на топен кашкавал, тогаш малите ролати од леб со топен кашкавал се идеален предлог за вас.

Потребни состојки:

  • 6 парчиња леб за тост
  • 1 лажица путер
  • 6 парчиња кашкавал

Подготовка:

Исечете ја кората од парчињата леб и натапкајте ги со чинија за да можете полесно да ги направите како мини ролат. На нив ставете ги парчињата кашкавал и направете мали ролати.

На претходно загреана тава ставете го путерот, почекајте да се растопи, а потоа ставете ги мини ролатите со кашкавал.

Пржете додека не се стопи кашкавалот внатре, а горниот слој од лебот не крцка.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2016 во 21:07

РОЛАТ ОД ПЛАЗМА И НЕСКАФЕ

Потребни состојки:

250 гр мелени плазма кекси

100 гр шеќер во прав

100 гр мелени ореви

100 мл вода

1 супена лажица нескафе

100 гр путер (за филот)

100 гр шеќер во прав (за филот)

6 гр какао (за филот)

Начин на подготовка:

Измешајте ги кексите, оревите и шеќерот во прав во подлабок сад. Нескафето растворете го во водата и додадете го во смесата. Мешајте убаво (со рака) се додека не се добие убава компактна маса.

Во друг сад со миксер изматете го путерот со шеќерот во прав и со какаото.

На рамна површина поставете парче пластична или алуминиумска фолија, а потоа врз неа распоредете ја масата за тестото во рамномерен слој дебел околу 0,5-1 см (по желба).

Врз тестото рамномерно распоредете го филот и со помош на фолијата завиткајте го ролатот. Ставете го во фрижидер да се олади барем 2-3 часа пред да го послужите.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2016 во 12:09

Сочно уживање: Ролат од багет, кашкавал и сланина


Ви се пријаде нешто калорично, а немате желба за готвење и поминување драгоцено време во кујната? Ова е совршениот рецепт за вас.

baget-so-cedar-i-slanina-za-vistinsko-uzivanje-1.jpg

Сосема едноставен, од само неколку основни состојки ова е рецептот со кој во никој случај не можете да погрешите.

Заборавете на нарачувањето пица и покажете ги вашите кулинарски способности така што ќе ги изненадите родителите со овој интересен рецепт.  

Потребни состојки:

  • 1 багет
  • 1 чаша чедар кашкавал
  • 1/2 чаша путер, омекнат
  • 1/3 чаша пропржена сланина
  • 2 средни парчиња кромид, исецкан
  • 2 лажички сенф
  • 1 лажичка сок од лимон


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 350 степени. Расечете го багетот по должина, водејќи сметка да не ги исечете целосно краевите.

Измешајте ги заедно кашкавалот, путерот, сланината, кромидот, сенфот и сокот од лимон.

Распоредете ја смесата низ целиот багет и на крај завиткајте го багетот во фолија.

Печете 10 -15 минути или додека не забележите дека кашкавалот е растопен.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2016 во 15:57

РОЛАТ ОД ПИЛЕШКО МЕСО И ЛЕБ - ДЕЛИКАТЕС КОЈ МОРАТЕ ДА ГО ПРОБАТЕ!

Состојки:

   .   Пилешки гради

  • 400 гр брашно
  • 400 грпрезла
  • 4 јајца
  • 200 мл масло за пржење
  • 1 голем багет
  • 10-12 парчиња моцарела
  • 65 гр растопен путер
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1 лажица пармезан

 

Начин на подготовка:

 

Исечете ги пилешките гради на парчиња со дебелина од околу еден сантиметар. Убаво поминете ги во брашно, изматени јајца и презла.

Парчињата пилешко месо испржете ги во врело масло додека да добијат златно-жолта боја.

Багетот исечете го на три или четири еднакви делови, со големина на прженото пилешко. Од багетот извадете ја меката средина и внатре ставете ги парчињата пилешко кои сте ги замотале во моцарелата.

Така подготвениот багет исечете го на парчиња широки околу 2,5 сантиметри.

Преку лебот намачкајте сос од путер, магдонос, лук и пармезан.

Замотајте ги парчињата багет во алуминиумска фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25 минути.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2017 во 09:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2017 во 21:32

ПРОЛЕТЕН РОЛАТ

Потребни состојки:

  • 500гр. Свинско филе
  • Сол, бибер
  • 1 тиквица
  • 1 црвена пиперка
  • 150гр. Масен крем сирење
  • 2 лажци маст

 

Начин на подготовка:

  1. Месото измијте го и исушете го. Исечете го надолжно но не сосема. Од сите страни побиберете го и посолете.
  2. Зеленчукот подгответе го, исчистете го и иситнете го на блендер. Додадете го крем сирењето и добро измешајте. Загрејте ја рерната на 175 C.
  3. Смесата намачкајте ја на месото, завикајте го и поврзете го со кујнски конец. Испржете го месото на врело масло од сите страни. Префрлете го во ватростален сад и ставете го во рерна да се допече, уште околу 20 мин. Во текот на печењето, превртете го месото 2 пати. и преливајте го во сосот од печењето.
  4. Извадете го месото, завиткајте го во фолија и оставете го така да отстои колу 10 мин. Да се извади конецот и да се исецка на кришки. Се сервира со пире од компир и рукола( млад спанаќ или зелена салата).

 

[/QUOTE]

Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2017 во 18:29
Француски ролат

Подгответе посен десерт, француски ролат.

Потребни состојки:

200 грама чоколада за готвење

125 грама маргарин

30 грама суво грозје

30 грама суви брусници

30 грама суви вишни

Начин на подготовка:

Чоколадата растворете ја на пареа и во неа додадете го маргаринот. Потоа додадете го ситно исецканото суво овошје, грозјето брусницата и вишните.

Почекајте смесата да се олади, обликувајте ја во вид на ролат, замотајте во фолија и навечер оставете ја во фрижидер.

Пријатен апетит.  



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.