Ролат
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27475
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 17:20 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Ролат
Постирано од: Valerija
Наслов: Ролат
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 18:48
РОЛАТ ОД СМОКВИ
Состојки: 250 гр. шеќер 1,5 дцл.вода 250 гр.
мелени ореви 250 гр. суво грозје 250 гр. суви смокви Од шеќерот и
водата се прави шербет. Се додава сечканото суво грозје, сечканите смокви и
мелените ореви (сувото грозје и смоквите можат да се смелат на машина за месо) и
се заедно се меша. Се чека малку да се олади, a потоа се прави кора и се
обликува ролат.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Декември.2012 во 21:46
Лесен и вкусен ролат со мармаладПотребни се: 4 јајца, 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно, изрендана кора од непрскан лимон, мармалад за фил.
Подготовка: Со миксер изматете шлаг од белките.
Додадете шеќер и матете додека смесата не стане цврста. На миксерот
намалете му ја брзината, додавајте една по една жолчка и матете уште 1
минута. Исклучете го миксерот и мешајќи со лаижца додајте го брашното и
кората од лимон. Печете во рерна на 200˚Ц, во тавче (30х35), претходно
намрсено и посипано со брашно. По дваесетина минути, печеното тесто
извадете го од рерната и ставете го на платнена салфета посипана со
кристал шеќер. Тестото го виткате во ролат.
Кога ќе се олади, отворете го, премачкајте го со мармалад и повторно завиткајте го. Се сече на парчиња и се служи.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:49
СОЛЕН РОЛАТ ОД ПАЛАЧИНКИПотребни состојки: - 200гр Моркови
- Сол
- 200гр – Спанаќ
- Зачин од сув зеленчук
- 1 кес. Желатин
- 600гр Крем сирење
- 200гр – рендан кашкавал
- Бибер
- 12-палачинки
- 200гр шунка
Начин на подготовка: - Се вари морковот и се пасира(не многу ситно). Се бланчира, се сецка спанаќот(исто не ситно).
- Се припрема желатин ( по упатство од кесичката) и се замешува сирењето. Се додава ренданиот кашкавал, а потоа спанаќот и морковот.
- Се става шунката на палачинката, потоа се става филот.
- Се сечат палачинките накосо и се сервираат украсени со свежи ротквици, исечени на кругчиња.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:50
РОЛАТ СО ТАРТУФИПотребни состојки:- 0,05кг Кори
- 0,065кг свежо сирње
- 0,007кг -тартуфи црни
- 0,003кг -тартуфи, бели
- 0,035л Павлака за готвење
- 0,001 л Масло за тартуфи
- 0,012 путер
- 0,001кг сол
- 3 јајца
- 0,012л. Масло, растително
- 0,012кг шеќер
Начин на подготовка: Се загрева путерот и му се додава шеќер, за да се направи светла карамела. Се трга од оганот и во карамелата се додаваат црните тартуфи, кои претходно ги исчистивме и исецкавме на листови. Во меѓувреме се развлекуваат кори од тесто и се посипуваат со зејтин, се премачкуваат со смеса од сирење и јајца, сол, и лесно карамелизираната црна тартуфа. Се обликува ролатот. Во пригоден сад кој предходно го намачкавме со масло, се реди ролатот и се пече на 180ц. околку 10мин. Од павлака за готвење со белите тартуфи и од маслото од тартуфите, се припрема умак кој се послужува со ролатот. Се сервира топло.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:51
РОЛАТ ОД МАЛИНИПотребни состојки- 4 јајца
- 200гр Шеќер
- 70гр Башно
- 40гр Густин
- 3 – кесички желатин
- 300гр Малини
- 300гр Сирење
- 200мл слатка павлака
- Лажица сок од лимон
Начин на подготовка: - Загрејте ја рерната на 200.C. Раздвојте ги белките од жолчката. Изматете ја жолчката со 4 лажици врела вода и 70гр шеќер. Изматете ја белката и 30гр шеќер, па измешајте ја жолчката. Додадете брашно и густин. Разлејте го по плехот со хартија за печење и печете 15 мин.
- Извадете го печениот пандишпан на чиста крпа и посипете со шеќер, па потоа одлепете ја хартијата. Свиткајте го ролатот.
- Се подготвува желатинот. Малините се пасираат. Се меша соединува, пола пире од малина и 100г. шеќер. Се мати павлаката.
- Сокот од лимон се загрева, се растопуваат 2 кесички желатин и во таа смеса се меша кремот од сирење, и павлака.
- Се премачкува кората со сирењето, и се завиткува повторно во ролат. Се премачкува ролатот со слатко од пире во кое е замешан желатин, направен по упатството од кесичката.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:52
ПРОЛЕТЕН РОЛАТПотребни состојки:- 500гр. Свинско филе
- Сол, бибер
- 1 тиквица
- 1 црвена пиперка
- 150гр. Масен крем сирење
- 2 лажци маст
Начин на подготовка: - Месото измијте го и исушете го. Исечете го надолжно но не сосема. Од сите страни побиберете го и посолете.
- Зеленчукот подгответе го, исчистете го и иситнете го на блендер. Додадете го крем сирењето и добро измешајте. Загрејте ја рерната на 175 C.
- Смесата намачкајте ја на месото, завикајте го и поврзете го со кујнски конец. Испржете го месото на врело масло од сите страни. Префрлете го во ватростален сад и ставете го во рерна да се допече, уште околу 20 мин. Во текот на печењето, превртете го месото 2 пати. и преливајте го во сосот од печењето.
- Извадете го месото, завиткајте го во фолија и оставете го така да отстои колу 10 мин. Да се извади конецот и да се исецка на кришки. Се сервира со пире од компир и рукола( млад спанаќ или зелена салата).
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:55
РОЛАТ ОД ШУНКА И СПАНАЌПотребни состојки: - 350 гр. спанаќ
- 5 јајца
- 100гр. брашн
- 2лаж. густин
- 2 чена бел лук
- 150 гр. шункова салама
- Малку путер, сол, бибер
Начин на подготовка: Измијте го добро спанаќот, процедете го и исушете го на крпа, па исецкајте го на тенки ленти. Измешајте, брашно и густин, а лукот ситно сецкајте го. Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги со малку сол, и изматете цврст шлаг. Во жолчките додадете го лукот , сол, бибер, брашно, густин, и на крајот, наизменично додавајте ги траките од спанаќ и изматените белки. Рерната загрејте ја на 160Ц. Обложете ја тавата со хартија за печење, премачкајте ја со парче путер и на тоа претурете ја смесата и печете 18 мин. На испеченото тесто ставете ја шунката , па полека замотајте го во ролат. Кога ќе се олади ролатот исечете го на кришки со дебелина од 1,5см. и послужете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 16:07
РОЛАТ СО ШУНКА И ЗЕЛЕНА САЛАТАПотребни состојки:- 9 кори за пита
- 300гр шунка
- 200гр кашкавал
- 100гр пршута
- зелена салата
- 2 кисели павлаки
- масло
Начин на подготовка: За една ролна идат по три кори, а секоја треба да ја попрскате со масло и да ја намачкате со тенок слој павлака. Преку третата кора наредете листови шунка и кашкавал, а на средната ставете листови пршута и зелена салата. Така направете три ролати, попрскајте ги корите со масло и вода и кратко запечете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 16:10
РОЛАТ СО СВИНСКО МЕСОПотребни состојки- 3кг свинско месо
- 200гр моркови
- 100гр грашок
- 600гр печурки
- 200гр кашкавал
- 200гр чадена сланина
- 200гр печеница
- сол
- бибер
- масло
- пиво
Начин на подготовка: Свинското месо одвојте го од коската да добиете убаво парче кое може да се завитка. Месото добро посолете го. Морковот и грашокот сварете ги, а кашкавалот, шампињоните, сланината и печеницата исечете ги на ситни коцки. Се измешајте, па смесата ставете ја на на половина од месото. Внимателно замотајте го ролатот, затегнете со конец и премачкајте со масло. Печете на 220 степени оклу 2 часа и повремено преливајте со пиво.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 16:13
КАФЕ РОЛАТКафето во помали количини држи континуитет и може да им помогне на тинејџерите и студентите при учењето, но, поголеми количини создава несоница и намалување на концентрацијата.Секојдневното пиење на големи количини кафе, доведува до хроничен замор и слабеење на отпорноста на организмот при стресни ситуации. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 грама Шеќер во прав 100 грама Шеќер 150 грама Путер 300 грама Кекси 1 Кафе филџан 1 лажица Какао 1 Жолчка 1 голема лажица Шеќер во прав Време за подготовка: 15 мин. Време за готвење: 30 мин. ПОДГОТОВКА: За кората (или црната смеса): во подлабок сад промешајте ги мелените кекси, шеќерот и какаото, па додавање на процеденото кафе замесете убава компактна смеса. Расукајте ја смесата на фолија или хартија за печење со дебелина од околу 5 мм. За филот: пенесто изматете го путерот со шеќерот, додадете ја матената жолчка и добро соединете. Со филот (или белата смеса) премачкајте врз кората и завиткајте ролат. Оставете го ролатот неколку саати во фрижидер, па пред самото послужување сечете го на кришки.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 22:49
НУТЕЛА РОЛАТТој толку лесен што може да го имате за појадок или вечера со една чаша млеко. Децата едноставно го обожаваат.Потребни состојки: – 7 јајца – 7 лажици шеќер – 7 лажици брашно – половина кесичка пециво – нутела Подготовка: Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот. На страна измешајте ги белките во цврст снег, па додајте ги во изматените жолчки. Додајте го брашното и пецивото и промешајте полека со дрвена лажица. Обложете ја тавата за печење со хартија и ставете ја смесата. Печете околку 15 минути на 170 степени. Испечениот бисквит извадете го ис тавете го на крпа за да се излади. Премачкајте го со нутела и свиткајте го во ролна. Ролатот ставете го во фрижидер да се излади убаво. Потоа пресечете го на парчиња со дебелина од 2 цм и послужете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 22:55
ДЕКОРАТИВЕН И ВКУСЕН РОЛАТ СО ЈАЈЦАОдличен начин да ги искористиме велигденските јајца Потребни состојки: – 200 гр срзнат грашок – 200 гр морков – 200 гр компир – 200 гр јаболка – 1 лимон – 6 лажици мајонез – 7 лажици кисела павлака – 250 мл супа од зеленчук – 20 гр желатин – 5 јајца – 1 црвена пиперка – 1 врзоп магдонос – бибер и сол Подготовка: Сварете ги грашокот, морковите, компирите во солена вода. Исечете ги и јаболките на коцки. Во нив додајте го сокот од лимон. Јаболките и зеленчукот убаво измешајте ги и додајте им го мајонезот и павлаката. Зачинете со сол и бибер и убаво измешајте. Потоа исецкајте го и магдоносот и ставете го во зеленчукот. Супата од варениот зеленчук измешајте го со желатинот и растопете го на тивок оган. Потоа сипете ја смесата во смесата со зеленчук и убаво измешајте. Сипете во еден правоаголем пле и оставете нека се стегне. Јајцата излупете ги и наредете ги во еден ред. Потоа свиткајте ја кората во ролат.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 23:06
ПОХОВАН ПИЛЕШКИ РОЛАТ
Интересна комбинација на пилешко месо, зеленчук и зачини која заслужува малку да се потрудите околу нејзната подготовка бидјеќи плени и на изглед и со вкус. Состојки: 600гр пилешко филе 1 лажица босилек 80гр презла 0,5л сончогледово масло 50гр црни маслинки 2 јајца 300гр домати 1 лажица ситно исецкан магдонос 1 чечне бел лук брашно Спремете чекан за месо, проѕирна фолија, чечкалици, длабока тава и еден поголем сад Подготовка: Пилешкото филе покријте го со проѕирна фолија и со чеканот за месо исчукајте го зад а биде со пола сантиметар дебелина. Полнење Излупете ги доматите, извадете ги семките и исецкајте го на мали коцки. Исецкајте ги и маслинките. Изгмечете го лукот. Додадете го магдоносот, вегета и босилек. Додадете го и лукот, маслинките и маслото. Сето тоа измешајте го добро. Ролат Секој стек филувајте го со полнењето и завиткајте. Ставете чечкалици на секој ролат за да не се отворат во пржењето. Ставете го ролатот во посебен сад. направените ролати избрбелајте ги во брашно, изматени јајца и презла. Пржете на загреано масло десетина минути и кога ќе бидат готови извадете ги од тавата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Август.2015 во 12:50
НАЈВКУСНИОТ РОЛАТ ОД ЛЕШНИК И КОКОСПотребни состојки: • 150 грама Шеќер во прав • 20 грама Чоколадо за готвење • 50 грама Чоколадо • 250 милилитри Млеко • 250 грама Лешник • 100 грама Кокосово брашно • 50 грама Какао • 100 грама Блага павлака • 250 грама Бисквити Подготовка: Млекото, 100 гр. шеќер во прав и какаото варете ги додека не зовријат, а потоа ставете го чоколадото за готвење, па мешајте додека не се растопи. Додадете ги мелените бисквитите и мелените лешници. Измешајте ја смесата за да стане хомогена. На работната површина ставете намастена кујнска хартија, одозгора ставете ја смесата, па расукајте правоаголник, а одозгора ставете намастена хартија или фолија. Слатката павлака и белата чоколада ставете ги да се варат, пред да зовријат тргнете ги од оганот, па вмешајте ги со 50 гр. шеќер во прав и кокосот. Премачкајте преку темната смеса, а потоа внимателно завиткајте ролат. Ролатот оставете го во фрижидер неколку саати да се стегне, а потоа со остар нож сечете парчиња и послужете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Август.2015 во 12:51
РОЛАТ СО КРШЕНИ БИСКВИТИСостојки 400 гр. бисквити (или едно цело пакетче ) 1 филџан млеко 1 филџан вода шеќер околу 200-300гр (по вкус) 1 чоколадо за готвење 1-2 лажици какао 125гр маргарин Кристал (пола) Додека се зоврива млекото заедно со шеќерот, се кршат бисквитите во поголем сад. Потоа во зовриеното млеко се додава маргаринот, чоколадото и какаото. Сето тоа се меша и се додава во садот со бисквитите. Кога ќе се добие смесата се формира ролат со помош на најлонска фолија. Се остава да се олади и потоа може да се сече.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Август.2015 во 13:59
ЈАБОЛКО РОЛАТСостојки:- 25 лажички ѓеќер
- 50 грама шеќер во прав
- малку цимет
- 30 грама ореви
- 1 кора од лимон
- 20 милилитри вода
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 120 грама брашно
- 1000 грама јаболки
- 5 јајца
Подготовка: Рерната загрејте ја на 170 степени. Поголем калап обложете го со пекарска хартија. Белките одвојте ги од жолчките, па изматете цврст снег, постепено додавајте вода со шеќер, додека шеќерот не се истопи. Лесно измешајте ги жолчките, една по една, брашното и малку нарендајте лимонова кора. Смесата излијте ја во подмачкан калап и печете 15-20 минути, само внимавајте премногу да не се испече. Готовиот бисквит, заедно со печераската хартија пренесете го на работната површина или во кујнска крпа, па веднаш заролајте го заедно со хартијата за печење, оставете го да се олади. За тоа време излупете и изрендајте го јаболката. Динстајте ги на тивок оган заедно со шеќерот, додека целиот сок не се редуцира. На крајот додадете го циметот, мелените ореви и ванилиниот шеќер. Додадете уште малку изрендана кора. Ладниот бисквит одмотајте го, тргнете ја хартијата, па рамномерно премачкајте го со филот од јаболка. Повторно завиткајте го во ролат, посипете со шеќер во прав, оладете, па сервирајте.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Август.2015 во 21:13
БРАУНИ РОЛАТАко и Вие сте во потрага по совршениот ролат, а никој од понудените во маркетите не одговара на Вашиот вкус – тогаш овој рецепт e создаден за Вас. Направете домашен брауни-ролат и изненадете ги ченовите на Вашето семејство, цимерите или пријателите.Брауни: - 140g кршена црна чоколада
- 50g путер
- 50g кафен шеќер
- 1 јајце
- 35g сенаменско брашно
Бела торта: - 120g путер
- 100g шеќер
- 2 јајца
- 120g сенаменско брашно
- 2g пециво
- 50ml млеко
http://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/25.jpg" rel="nofollow"> Загрејте плехче во облик на ролат на 180 степени. За да го направите браунито, стипете ја чоколадата и путерот на слаба топлина. Додадете го шеќерот, јајцето и брашното додека не добиете хомогена смеса со миксер. Печете 15 минути. За белиот дел, измешајте го путерот со шеќерот додека не добиете кремаста смеса. Додадете ги јајцата, па брашното и пецивото, па на крај млекото. Истурете ја смесата врз браунито и печете уште 25-30 минути на 160 степени.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Октомври.2015 во 13:36
http://www.kafepauza.mk/zivot/vkusen-solen-rolat-so-kashkaval-i-shunka/" rel="nofollow -
Потребни состојки:- 300 грама кашкавал
- 200 грама крем сирење
- 100 грама шунка
- 50 грама кисели краставички
- 50 грама црвени пиперки
Начин на подготовка:На загреана фолија ставете го кашкавалот. Откако тој ќе се растопи обликувајте го како квадрат и премачкајте го со крем сирење. Изрендајте ја шунката, исечкајте ги краставичките и црвените пиперки на мали парчиња и потоа заедно додајте ги врз кашкавалот. За крај, вртете го кашкавалот сè додека не добиете ролат и оставете го да се олади.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2015 во 18:29
Dave’s Kitchen: Ролат со мак
Ви се јаде нешто благо, но сè уште не знаете што? Еве една вкусна и лесна идеја за ролат со мак. Дури и да немате навика да месите, ова е рецепт што лесно ќе можете да го приготвите во својата кујна. Потребни состојки за тестото: - 150 мл. млеко
- 100 гр. шеќер
- 1 јајце
- прстофат сол
- 1 квасец
- 100 гр. путер
- 400 гр. брашно
Најпрво квасецот ставете го во чаша и посипете го со млекото за да стаса. Кога квасецот ќе нарасне, заедно со сите други состојки замесете меко тесто и оставете го да стаса најмалку 1 час или додека не го зголеми волуменот двојно.
Потребни состојки за филот: - 150 мл. млеко
- 100 гр. путер
- 150 гр. шеќер
- 250 гр. мак
- 1 лаж. цимет
Сите состојки ставате ги во тенџере на оган да се сварат за да се згусне. Тргнете го на страна и додајте 2 лажици мед.
Кога тестото ќе стаса, поделете го на два дела и секој дел формирајте го во правоаголна кора. Премачкајте ја секоја кора со филот и виткајте во ролат.
Ставете ги двата ролата во тавче обложено со хартија да стасаат, премачкајте ги со 1 јајце и печете ги на 150 степени околу 50-тина минути или додека не добијат убава златно-кафена боја.
Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна https://www.facebook.com/Daves-Kitchen-759110147521374/?fref=ts" rel="nofollow -
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 22.Ноември.2015 во 12:19
,,,chekam vale da stavi od nejnite specijaliteti za nedelen ruchek,,, ,,
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Ноември.2015 во 19:57
СОЧЕН „BOUNTY“ РОЛАТАко сте љубители на кокос овој колач ќе ви ги разбуди сите сетила! Се приготвува за половина час, а сите кои ќе го пробаат ќе сакаат да го дознаат рецептот. Потребни состојки:- 4 јајца
- 160г шеќер
- 90г брашно
- 70г растопен путер
- 30г какао
За фил: - 800мл млеко
- 150г шеќер
- 50г скробно брашно
- 2 жолчки
- 1 лажичка ванилин шеќер
- 250г. путер
- 250г. кокос
Подготовка:Во еден сад ставете половина литар млеко, додадете шеќер и кокос и откако смесата ќе проврие, намалете ја температурата и варете уште 15 минути, па додадете го целиот путер и почекајте целосно да се растопи. Изматете ги жолчките, додадете го останатиот дел од млекото, ванилата и на крајот и брашното и прелијте ја оваа смеса во смесата со млеко и кокос и со постојано мешање варете додека не се згусне смесата. Откако ќе се излади на собна температура ставете ја смесата во фрижидер за да се зацврсти во текот на ноќта. Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги белките додавајќи шеќер малку по малку и откако ќе добиете сјајна смеса додадете ги и жолчките и матете со миксер додека состојките не се соединат. Додека матите додадете и претходно растопен путер. Измешајте ги брашното и какаото и постепено додавајте ги во смесата. Израмнете го тестото и печете на 180 степени околу 15 минути или во зависност од јачината на вашата рерна. Откако тестото целосно ќе се олади треба внимателно да го одвоите и да го намачкате со фил. Замотајте го ролатот во фолија и почекајте целосно да се зацврсти (во фрижидер). Ролатот може да го прелиете со чоколадо по желба или кокос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Декември.2015 во 17:18
МИНИ СОЛЕНИ РОЛАТИ СО ТОПЕН КАШКАВАЛАко сте страсен уживател на топен кашкавал, тогаш малите ролати од леб со топен кашкавал се идеален предлог за вас. Потребни состојки: - 6 парчиња леб за тост
- 1 лажица путер
- 6 парчиња кашкавал
Подготовка: Исечете ја кората од парчињата леб и натапкајте ги со чинија за да можете полесно да ги направите како мини ролат. На нив ставете ги парчињата кашкавал и направете мали ролати. На претходно загреана тава ставете го путерот, почекајте да се растопи, а потоа ставете ги мини ролатите со кашкавал. Пржете додека не се стопи кашкавалот внатре, а горниот слој од лебот не крцка.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Јануари.2016 во 21:07
РОЛАТ ОД ПЛАЗМА И НЕСКАФЕПотребни состојки: 250 гр мелени плазма кекси 100 гр шеќер во прав 100 гр мелени ореви 100 мл вода 1 супена лажица нескафе 100 гр путер (за филот) 100 гр шеќер во прав (за филот) 6 гр какао (за филот) Начин на подготовка: Измешајте ги кексите, оревите и шеќерот во прав во подлабок сад. Нескафето растворете го во водата и додадете го во смесата. Мешајте убаво (со рака) се додека не се добие убава компактна маса. Во друг сад со миксер изматете го путерот со шеќерот во прав и со какаото. На рамна површина поставете парче пластична или алуминиумска фолија, а потоа врз неа распоредете ја масата за тестото во рамномерен слој дебел околу 0,5-1 см (по желба). Врз тестото рамномерно распоредете го филот и со помош на фолијата завиткајте го ролатот. Ставете го во фрижидер да се олади барем 2-3 часа пред да го послужите.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Февруари.2016 во 12:09
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/38168-socno-uzivanje-rolat-od-baget-kashkaval-i-slanina" rel="nofollow -
Ви се пријаде нешто калорично, а немате желба за готвење и поминување драгоцено време во кујната? Ова е совршениот рецепт за вас. Сосема едноставен, од само неколку основни состојки ова е рецептот со кој во никој случај не можете да погрешите. Заборавете на нарачувањето пица и покажете ги вашите кулинарски способности така што ќе ги изненадите родителите со овој интересен рецепт. Потребни состојки: - 1 багет
- 1 чаша чедар кашкавал
- 1/2 чаша путер, омекнат
- 1/3 чаша пропржена сланина
- 2 средни парчиња кромид, исецкан
- 2 лажички сенф
- 1 лажичка сок од лимон
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 350 степени. Расечете го багетот по должина, водејќи сметка да не ги исечете целосно краевите. Измешајте ги заедно кашкавалот, путерот, сланината, кромидот, сенфот и сокот од лимон. Распоредете ја смесата низ целиот багет и на крај завиткајте го багетот во фолија. Печете 10 -15 минути или додека не забележите дека кашкавалот е растопен.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Септември.2016 во 15:57
РОЛАТ ОД ПИЛЕШКО МЕСО И ЛЕБ - ДЕЛИКАТЕС КОЈ МОРАТЕ ДА ГО ПРОБАТЕ!Состојки: . Пилешки гради - 400 гр брашно
- 400 грпрезла
- 4 јајца
- 200 мл масло за пржење
- 1 голем багет
- 10-12 парчиња моцарела
- 65 гр растопен путер
- 3 чешниња лук
- 1 лажица сечкан магдонос
- 1 лажица пармезан
Начин на подготовка: Исечете ги пилешките гради на парчиња со дебелина од околу еден сантиметар. Убаво поминете ги во брашно, изматени јајца и презла. Парчињата пилешко месо испржете ги во врело масло додека да добијат златно-жолта боја. Багетот исечете го на три или четири еднакви делови, со големина на прженото пилешко. Од багетот извадете ја меката средина и внатре ставете ги парчињата пилешко кои сте ги замотале во моцарелата. Така подготвениот багет исечете го на парчиња широки околу 2,5 сантиметри. Преку лебот намачкајте сос од путер, магдонос, лук и пармезан. Замотајте ги парчињата багет во алуминиумска фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25 минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Јануари.2017 во 09:25
Ролат од готови кори со шунка и сирење
http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - Состојки: - http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - 500 гр кори за пита
- http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - 3 јајца
- http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - 200 мл јогурт
- http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - 100 мл масло
- http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - сол
- http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - 250 гр шунка
- http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - 100 мл кечап
- http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - 300 гр кашкавал
http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - Начин на подготовка: - http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - Разматете јајца, јогурт, масло и сол.
- http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - Поделете ја кората на 2 дела. Секоја кора премачкајте ја со фил и редете една на друга. Последната премачкајте ја со кечап.
- http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - Наредете шунка и 150 гр рендан кашкавал. Свиткајте.
- http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - Постапката повторете ја со останатиот дел од кората. Двата ролати премачкајте ги со фил.
- http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow - Печете во длабоко загреана рерна на 220 степени, додека ролатот не добие светла браун боја.
http://popara.mk/2017/recepti/rolat-od-gotovi-kori-so-shunka-i-sirenje/" rel="nofollow -
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Декември.2017 во 21:32
ПРОЛЕТЕН РОЛАТПотребни состојки: - 500гр. Свинско филе
- Сол, бибер
- 1 тиквица
- 1 црвена пиперка
- 150гр. Масен крем сирење
- 2 лажци маст
Начин на подготовка: - Месото измијте го и исушете го. Исечете го надолжно но не сосема. Од сите страни побиберете го и посолете.
- Зеленчукот подгответе го, исчистете го и иситнете го на блендер. Додадете го крем сирењето и добро измешајте. Загрејте ја рерната на 175 C.
- Смесата намачкајте ја на месото, завикајте го и поврзете го со кујнски конец. Испржете го месото на врело масло од сите страни. Префрлете го во ватростален сад и ставете го во рерна да се допече, уште околу 20 мин. Во текот на печењето, превртете го месото 2 пати. и преливајте го во сосот од печењето.
- Извадете го месото, завиткајте го во фолија и оставете го така да отстои колу 10 мин. Да се извади конецот и да се исецка на кришки. Се сервира со пире од компир и рукола( млад спанаќ или зелена салата).
[/QUOTE]
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Декември.2017 во 18:29
Подгответе посен десерт, француски ролат. Потребни состојки: 200 грама чоколада за готвење 125 грама маргарин 30 грама суво грозје 30 грама суви брусници 30 грама суви вишни Начин на подготовка: Чоколадата растворете ја на пареа и во неа додадете го маргаринот. Потоа додадете го ситно исецканото суво овошје, грозјето брусницата и вишните. Почекајте смесата да се олади, обликувајте ја во вид на ролат, замотајте во фолија и навечер оставете ја во фрижидер. Пријатен апетит.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Декември.2017 во 14:00
https://moirecepti.mk/post/%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%82-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D0%B6%D0%B8-%D1%81%D0%BC%D0%BE%D0%BA%D0%B2%D0%B8" rel="nofollow - - Ролат со свежи смокви
Состојки
Тесто
3 јајца
120 гр. шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
150 гр. брашно
1/2 пециво
3 лажици топла вода
1 лажица рогач во прав или какао
за шербет со смоквите
9 свежи смокви
200 гр. шеќер
вода колку да се покрие шеќерот, малку лимонтус
Фил
45 гр. шлаг крем со вкус на ванила
125 мл. ладно млеко
50 гр. чоколадо (изрендано)
за украсување
45 гр. шлаг крем со вкус на ванила 125 мл. ладно млеко Ова е еден десерт кој е лесен за јадење и малку поинаков, но не помалку вкусен од другите ролати што зашербетените свежи смокви во средината го прават да биде таков.
1. Јајцата, ванилиниот и белиот шеќер се матат убаво 10-15 минути, се додава брашното со помешаното пециво, и топлата вода.
2. Во правоаголно тавче (32 х 22 см) обложено со хартија за печење, се истура 2/3 од тестото, а во останатата 1/3 се става рогач во прав (или какао), се мати со миксерот и се истура врз жолтото тесто со шарење. Се печи на 180 степени околу 20 минути.
3. На тестото му се вади хартијата, се става во влажна кујнска крпа и се витка во ролат. Тестото така завиткано се остава да се излади.
4. Додека се пече тестото се подготвуваат смоквите кои претходно се мијат и им се сечат дршките.
Од шеќерот и водата се вари шербет и во него се ставаат смоквите цели. Смоквите се варат во шербетот (во кој се става малку лимонтус) околу 15 минути, внимателно превртувајќи ги од двете страни рамномерно. Се ладат добро.
5. Се мати прашокот за крем шлагот со млекото, се додава крупно изренданото чоколадо, се изедначува и со него се премачкува изладената кора за ролат.
6. По должина на едниот крај на ролатот се редат шербетните смокви и внимателно се завиткува ролат.
7. За украсување се мати крем шлагот и со готварски шприц се украсува по желба, се лади малку во фрижидер и потоа се служи.
Забелешка
Ролатот е исто вкусен и со иста текстура и наредниот ден, смоквите не го менуваат својот состав поради шербетот во кој се вареа.
Шарењето со кафеното тесто го прави ролатот декоративен.
Крем шлагот со кој се премачкува тестото може да биде и со вкус на чоколадо, а и декорацијата може да е според желба, со слатка павлака, со прелиено чоколадо или како сакате.
На здравје!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Мај.2018 во 20:25
https://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B8" rel="nofollow - - Декоративен солен ролат од обланди
Состојки
30 гр сусам
2-3 кисели краставички
50 гр цврст кајмак
150 гр бело сирење
220 мл цврста кисела павлака
1 рамно лажиче лук во прав
1 морков од туршија
1 лист обланда
1. Најпрво потпечете го сусамот во сув огноотпорен сад и оставете го да излади.
2. Краставичките исецкајте ги на ситни коцкички, а морковот изрендајте го.
3. Со вилушка издробете го сирењето, потоа промешајте го со кајмакот и на крај промешајте ја и павлаката.
4. Додадете го лукот и сите состојки заедно убаво измешајте ги.
5. Листот од обландата омекнете го во влажна пацета.
6. Премачјакте ја обландата со филот и свиткајте ја во ролат.
7. Оставете ролатот добро да се стегни и потоа исечете го на парчиња.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Мај.2018 во 20:27
https://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%82" rel="nofollow - - Декоративен ролат
Состојки
* За шарката
1 белка + прхрамнеби бои (зелена, црвена, кафеава или какао)
30 гр шеќер
30 гр брашно
30 гр путер или маргарин
* За кората
4 јајца
1 жолчка
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
3 лажици масло
110 гр брашно + на нож мерено прашак за пециво
* За фил
500+50 мл млеко
2 пак. пудинг од малина (или друг по избор)
100 гр путер или маргарин
50 гр шеќер во прав
100 гр или повеќе малини (или др. овошје по желба)
Најпрво спремете си еден поголем плех, пек хартија со бела боја и молив. Исечете ја пек хартијата со големина колку дното на плехот. Со моливот нацртајте шарки, слики, овошки, орнаменти... по желба и тоа што сметате дека умеете.
Мене најлесни ми се видоа црешите. Поставете ја хартијата во плехот со цртаното надолу. За да не ми лизга, јас прво го намастив плехот иако не мора.
Потоа, спремете ја смесата за шарањето.
Убаво изматете ја белката и матејќи постепено додавајте го шеќерот. На крај додадете го и путерот, предходно омекнат на собна температура. Поделете ја смесата на толку делови, колку што мислите да употребите бои и обојте ги. Ставете во шприц со тенок отвор или во најлон за замрзнување и откинете го малку ќошето, па шарајте врз цртаната хартија.
Плехот ставете го во замрзнувач додека ја спремате кората.
Има и уште еден начин, а тоа е шараните елементи да ги ставите во загреана рерна, многу кратко време 1-2 мин. колку да се запечат одозгора, односно да фатат коричка. Јас работев по првиот начин.
Во сад за матење иматете ги белките. Во друг сад жолчките плус останатата жолчка од јајцето за шарање со шеќерот и ванилиниот шеќер исто така изматете ги убаво, па додајте го маслото и со најмала брзина на миксерот на крај брашното и пецивото. Потоа, додадете го снегот од белките, внимателно мешајќи со лажица.
Смесата истурете ја врз формите и пек хартијата рамномерно и печете на 180 степени, некои 15на минути.
Кога малку ќе подизлади печениот ролат извадете го внимателно од пек хартијата завиткајте го во влажна крпа и сролајте го така што, долниот дел треба да е лицето.
Млекото ставете го во тенџере на оган, а во 50те мл разредете ги пудинзите и додајте 2-3 лажици шеќер и варете пудинг.
Во сад на страна изматете го путерот со шеќерот во прав, додајте ги малините (за колку и да се одлучите, составот трпи) и на крај изладениот сварен пудинг.
Со кремот премачкајте ја кората и убаво сролајте ја, па оставете некое време да се здрви пред да сечите.
Наместо овој фил, можи да ставите секако, било кој или едноставно само да го премачкате со Нутела.
Уживајте и во погледот и во вкусот!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Мај.2018 во 20:29
https://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%82-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%BE" rel="nofollow - - Декоративен ролат со мелено месо
Состојки
1 Дел:
500 гр мелени пилешки гради
1 јајце
1 рендан кромид
1 кришка леб (само мекиот дел потопен во вода)
1 лажица мешан сув зачин
1/2 лажичка мелен бибер
2 Дел:
500 гр мешано мелено месо (говедско со свинско)
1 рендан кромид
1 лажичка мелен црвен пипер
1 лажица мешан сув зачин
1 лажичка мелен бибер
3-4 лажици лебни трошки
6 моркови за средината на ролатот
Е, оваа рецепта ми е од Бубе и Дејан. Бубе е братучетка на мојот сопруг, ама повеќе ми е како пријателка. Морав да ги пишам двајцата, затоа што Бубе ми го кажа рецептот, ама знам и дека Дејан многу сака да се вртка во кујна, па и тој најчесто го прави ролатот.
Ролатов не е сложен за подготовка, а што би рекол Деки, „можеш да си ставиш што сакаш во него“. Јас се одлучив за оваа варијанта со морков.
1. Морковите ги вариме, ама да не бидат преварени. Пилешките гради ги мелеме во сечко и ги додаваме останатите состојки.
2. Во меленото мешано месо исто така ги мешаме сите останати состојки.
3. Го расплескуваме прво мешаното мелено месо на најлонска фолија, па потоа пилешкото мелено месо. За да ни биде рамномерно распоредено може месото да го покриеме со фолија и со сукало да поминеме врз него. Исто со двете меса.
4. На почетокот од ролатот ги редиме морковите. Почнуваме внимателно да го виткаме ролатот.
5. Ролатите ги ставаме во алуминиумска фолија и ги печеме на 200 степени, додека да почне да зацрвенува месото. Во тавчето во кое ги печеме, добро е да ставите малку вода за да не ви загорат. При крај на печењето отворете ја фолијата, за да се зацрвени месото.
Ролатот е декоративен и вкусен и може да го направите за некоја празнична или домашна прослава.
Од оваа доза излегуваат два ролати.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Мај.2018 во 18:40
Ролат со палента
Состојки
За палентата
375гр. палента
1,5л вода
1 лажица групна сол
2 јајца
За филот
150гр. мелено месо
1 кромид
150гр. печурки од конзерва
150гр. кашкавал
попотреба сол и црн пипер
попотреба сечкан магданос
Потребно ќе ви биде уште
150гр. кашкавал
100гр. мортадела
попотреба масло за јадење
1. Сварете ја палентата според упатството на кесичката. Единствена разлика или плус што јас направив е тоа што откако ја сварив палентата додадов две матени јајца и размешав додека е уште топла. Тоа ми помогна палентата да стане по компактна и лесна за мотање во ролат.
2. Додека палентата малку се подизлади вие во меѓувреме спремајте го филот. Во тава на огнан сечкниот кромид и мелното месо попржете додека кромидот не омекне .Тргнете ја тавата од оган и додајте го ренданиот кашкавал.
3. Мортаделата исечете ја со машина на многу тенки ленти. Распоредете ја мортаделата на хартија за печење( како на дополнителните слики) .Врз мортаделата распоредете ја палентата а врз неа додајте го филот и формирајте ролат со помош на хартијата за печење. Исто со помош на хартијата преврлете го ролатот во тава за печење и така со хартијата печете го ролатот во загреана рерна 15 на 200 степени.
4. Извадете го ролатот од рерната и внимателно со помош на хартијата ролатот префрлете го во друга тава за печење обложена со хартија за печење. Старата хартија отфрлете ја а врз ролатот нарендајте го останатиот кашкавал и повторно вратете го во рерната уште 5 минути за да се разлее кашкавалот.
Ролатот пред послужување сечете го со остар нож, знаеме сите дека палентата е доста деликатна зато внимателно префрлете парчиња од ролатот во чините за сервирање.
Буон апетито!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Мај.2018 во 16:43
Брз чоколаден ролат со банани
Направете брз и вкусен чоколаден ролат со банани. СОСТОЈКИ:- 300 гр кекс
- 200 гр маргарин
- 100 гр шеќер во прав
- 150 мл млеко
- 3 крем банани
- 6 парчиња јафа кекс
- 2 банани
- 100 гр чоколадо за готвење
- 2 лажици шеќер
ПОДГОТОВКА:- Со миксер се матат 150 гр маргарин со шеќер во прав, се додаваат плазмата, млекото и крем бананчињата, па јафа кексот.
- Се убаво се соединува.
- Сеправат кори од смесата, се става бананата на средината и се прави ролат.
- Во шерпа се става чоколадата за готвење, 3 лажици млеко, 50 гр маргарин е со нив се прелева ролатот.
- Се сече и служи изладен.
- Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Јуни.2018 во 18:55
2 локум ролати
Состојки
Локум ролат со кокос и желе
1/2 кг локум
200 гр кокос
за фил
100 гр желе бомбони
100 гр орев или лешник, бадем
100 гр суво грозје
Ролат со локум и сусам
1/2 кг локум
300 гр сусам
За првиот ролат, локумот, кој се препорачува да е пресен убаво се измесува со кокосот. На најлонска фолија се расплескува во кора, која се филова со исечкано желе, потпечени и издробени ореви или што и да изберете и натопено суво грозје во малку вода и рум (кое на сликата е изостанато). Се витка во ролат и се остава во фрижидер добро да се стегни.
За вториот ролат, сусамот го потпекуваме и потоа го измесуваме со локумот. Обликуваме форма на ролат и оставаме да се стегни во фрижидер.
Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2018 во 22:12
Гауда ролат со крем сирење
Состојки
14-16 листови гауда
полнење
8-10 зелени маслинки
фил
2 варени јајца
1 варен морков
200гр крем сирење,може по вкус да биде и со зачински билки
1 лажиче сенф
1/4 лажиче мелен бибер
100гр пилешка шунка
малку сол
Декоративен и вкусен солен ролат.
Прво го подготвуваме полнењето.
Во сад ги соединуваме сецканите јајца, сецканата шунка, морков, сенф, бибер, сол, крем сирење.
Убаво изедначуваме.
Оставаме во фрижидер на 15 минути.
Во плех ставаме хартија за печење.
Врз неа ги распоредуваме парчињата кашкавал, при тоа по малку да се преклопуваат меѓу себе.
Јас наредив 4х4 парчиња
Го ставаме плехот во загреана рерна, многу кратко, на една до две минути, колку само гаудата да омекни.
Го вадиме од рерна и заедно со хартијата и ја преместуваме на работната маса.
Сега филот рамномерно го нанесуваме врз кората од гауда.
На почетокот редиме зелени маслинки со пиперче.
Завиткуваме убаво ролат.
Го оставаме во фрижидер да се стегни.
Потоа сечеме на парчиња и послужуваме.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2018 во 22:14
Око ролат
Состојки
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
1 кесичка печиво
1/2 лажица какао
темен фил
125гр. мелени ореви
50гр. вода
2 лажици шеќер
2 редици чоколадо
светол фил
1 пудинг ванила
1 лажица брашно
300мл. млеко
180гр. маргарин
100гр. шеќер во прав
1 кесе шлаг пена(биен по упатство)
За кората се бијатјајцата со шеќерот, се додава брашното помешано со печиво. Една третина од смесата се остава во друг сад и се става какао. Се тура во плех над хартија прво жолтиот, па веднаш до него кафеавиот дел и се печи на 200.
Испечен се завива во малку навлажнета крпа одделен од хартијата претходно. По кратко време се одвиткува, се завива во сува крпа за да не прими многу влага и да стои како наживен(народски кажано).
Најпрво се подготвува светлиот дел од фил.
За него е потребно повеќе време сметајќи го притоа и ладењето. Од состојките за светол фил се вари крем од пудингот, брашното, млекото и се лади.
Настрана се бие маргаринот со шеќер во прав, па се спојуваат.
За темниот фил се попаруваат мелените ореви со заблажената зовриена вода, се меша константно и во топло се става чоколадото да се истопи. Овде јас додавам во малку ладен дел и 2-3 лажици од светлиот фил, ми дава посебен вкус иако во оригиналниот рецепт ги нема.
Се одмотува кората се става по должината на кафеав дел од кората кафеав фил, а на жолтиот дел светол фил, но ќе требаат 2-3 лажици од него настрана да се остават за да се премачка одозгора. Конечно се вие во ролат, се премачкува на тенко фил и најгоре секогаш додавам шлаг, повторно по мој избор, а вам како ви е по замисла.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Март.2019 во 21:33
Dave’s Kitchen: Лиснат ролат за секоја прилика
Брз рецепт што ќе ве спаси во сите оние ситуации кога ви се најавиле гости, а немате време да приготвите нешто за нив. За помалку од половина час ќе имате готово и превкусно мезе, кое ќе им се допадне на сите.
Потребни состојки:- 250 гр. лиснато тесто
- 2 лажици кисела павлака
- 1 лажичка шарена сол
- 100 гр. шунка
- 100 гр. кашкавал
- Свеж магдонос исечкан ситно
- Растопен путер
- Сусам
Начин на подготовка:
Расукајте го лиснатото тесто на работна површина со дебелина од 2-3 мм. Премачајте го со кисела павлака и нарусете шарена сол и малку бибер. Наредете ги шунката и кашкавалот и нарусете свежо исечкан магдонос. Превиткајте го лиснатото тесто во ролат и префрлете го ролатот во тавче за печење обложено со хартија. Со ножици пресечете парчиња под агол од 45 степени, но не сечејќи ги до крај. Наместете ги едно парче лево, друго десно. Премачкајте ги парчињата со растопен путер и нарусете сусам.
Печете во загреана рерна на 190 степени околу 20 минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Април.2019 во 11:36
НАПРАВЕТЕ СОВРШЕН РОЛАТ ОД ЈАГОДИ И ВАНИЛА НА ЕДНОСТАВЕН НАЧИН! (РЕЦЕПТ)Ако сакате да ги изненадите своите најмили или гостите кои ви доаѓаат прв пат, подгответе го овој едноставен ролат од јагоди. Јагодите и ванилата гарантираат фантастичен вкус на овој одличен десерт. Состојки: 3 јајца, 5 лажици брашно, 5 лажици бел шеќер, 100 милилитри млеко, малку сол, лажичка екстракт од ванила, 5 лажици џем од јагоди, 100 милилитри слатка павлака. Подготовка: Измешајте ги жолчката и шеќерот, додадете брашно, екстракт од ванила и млеко. Во таа смеса измешајте и три белки и малку сол. Мешајте со гумена или дрвена лажица во една насока и три пати додавајте белки, како би останал што повеќе воздух во бисквитот. Во голем калап за печење ставете хартија за печење и распоредете го бисквитот. Печете од 5 до 7 минути во рерна загреана на 180 степени. Бисквитот не смее да се препече, инаку ќе пука во текот на виткањето. Откако ќе завршите со печење, на топлиот бисквит намачкајте џем од јагоди и тенок слој слатка павлака. Свиткајте го внимателно одвојувајќи го од хартијата за печење. Оставете на ладно да се стегне. На готовиот ролат истурете шеќер во прав.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Ноември.2019 во 09:27
За него секогаш чувам резерва пакетче бисквити во кујната“ – Најомилениот брз ролат, кој се приготвува во ладилникот, наместо во рернатаШто е подобро за за летните денови, од добро изладен десерт, кој не ви бара да ја вклучувате рерна на овие високи температури. Овој бисквитен ролат се приготвува премногу лесно, а на вкус е свеж и умерено сладок. Најтешкиот дел е тоа што ќе мора да почекате малку повеќе време додека десертот се лади во ладилникот, а еве како да го приготвите истиот: Потребни состојки- 300 гр бисквити
- 110 мл пресно млеко
- 50 гр црно чоколадо
- 100 гр путер
- 200 гр маскарпоне
- 110 гр шеќер во прав
Начин на подготовка1. Сомелените бисквити полејте ги со 80 мл пресно млеко. Растопете ја чоколадата на пареа и потоа додадете и измешајте ја во бисквитното тесто. 2. За подготовка на кремот потребно е во длабок сад да го измешате путерот, шеќерот, маскарпонето и преостанатото количество млеко, сè додека не добиете добро соединета смеса. 3. Во калап поставете хартија за печење и додадете го врз истата бисквитното тесто. Со раце или лажица добро оформете ја смесата, така што истата е потребно да биде со рамномерна дебелина насекаде. 4. Намачкајте го тестото со кремот и внимателно завиткајте го ролатот, заедно со хартијата. Потоа, поставете го ролатот во ладилникот и оставете да отстои добри 5 часа. 5. По вадењето од ладилникот, отстранете ја хартијата и декорирајте по ваша желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Ноември.2019 во 09:40
Најлесниот и брз десерт без печење, која ја надмина и популарната бисквитна тортаДесертите имаат неверојатна моќ: Да ве развеселат дури и во најлошиот ден, кога ништо не ви оди по планот. Особено супер е, доколку веќе имате нешто вкусно во домот, па така ќе го заштедите патот до продавница. За денес ви откриваме рецепт како да приготвите неодолив десерт на најбрз и на најлесен начин. Станува збор за чоколаден ролат, за кој ќе немате потреба ниту да ја вклучувате рерната. Брз и лесен чоколаден ролатПотребни состојки- 300 гр чоколадни бисквити
- 110 мл млеко
- 50 гр темна чоколада
- 100 гр путер
- 200 гр маскарпоне
- 150 гр шеќер во прав
Начин на подготовкаСомелете ги чоколадните бисквити и потопете ги во 80 мл млеко. Следно, растопете ја чоколадата на водена пареа и измешајте добро. Во длабок сад, додадете го омекнатиот путер, шеќерот и маскарпонето и 30 мл млеко. Измешајте ги добро состојките, додека не добиете мазна смеса, без меурчиња. На работната површина, поставете фолија, а врз истата поставете ги бисквитите, покријате одозгора повторно со фолија и користејќи сукало, бисквитите претворете ги во мазен правоаголен слој. Следно, отстранете ја фолијата и премачкајте го бисквитниот слој со претходно добиениот фил. Складирајте го направениот десерт обвиткан во фолија, во ладилникот да отстои 5 часа. По 5 часа, извадете го десертот од ладилникот, внимателно отстранете ја фолијата и декорирајте ја неговата површина по ваша желба. Пријатен апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Декември.2019 во 22:12
https://moirecepti.mk/post/%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%82-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%86%D0%B2%D0%B5%D1%82" rel="nofollow - - Ролат - Мандарина цвет Состојки
За тесто
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
1 лажица какао
1 пакетче прашок за печиво
сок од 1 мандарина
За фил
400 мл млеко
6 лажици шеќер
1 пакетче прашок за пудинг од ванила
1 лажица нишесте (или брашно)
1 жолчка
150 гр маргарин
7-8 мандарини
Во овој рецепт мандарината игра улога на декоративен вкусен додаток, а може е и кралица на рецептот. Подгответе го и кажете.
Подготовка: Матете ги јајцата и шеќерот најмалку 10 минути до кремаста структура. Брашното, какаото и пецивото измешајте ги да нема грутчиња или поминете ги низ сито и со најмала брзина на миксерот, вмешајте ги во изматените јајца. На крај со рака или алатка исцедете една мандарина и кратко поминете со миксерот да се соедини. Смесата излијте ја во обложен плех од шпоретот со пек хартија и печете на 170С 15тина минути. Печената кора извадете ја од хартијата и замотајте ја во влажна пацета во ролат. Додека се загреваат 300 мл млеко и 5 лажици шеќер, во останатото млеко и шеќер растворете го пудингот, нишестето и жолчката, па додадете ги во загреаното млеко и сварете густ крем. Префрлете го кремот во друг сад за полесно да лади и додадете го маргаринот, па со миксер изматете до кремаста структура. Премачкајте ја кората со кремот насекаде. На почетокот наредете ги излупените мандарини цели и внимателно завиткајте во ролат. Оставете го најдобро преку ноќ на ладно да отстои пред да го исечите на парчиња.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Март.2020 во 11:51
https://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%BE%D0%BB-%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%82" rel="nofollow - - Декоративен ментол ролат
Состојки
За декоративните линии
1 белка
30 гр шеќер
30 гр путер
20 гр брашно
зелена прехрамбена боја
За кора
2 јајца
60 гр брашно
60 гр шеќер
прстофат сол
За фил
150 гр бело чоколадо
150 гр слатка павлака
1 лажица ментол екстракт
зелена прехрамбена боја
3 коцки чоколадо
100 гр слатка павлака
5 гр желатин
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 170 степени.
2. Најпрво треба да ја направиме смесата за декоративните шари.
3. Сите состојки ги ставаме во еден сад и ги соединуваме со миксер. Смесата ја ставаме во кесичка на која ќе и го отсечеме ќошот или пак во шприц со кој може да се прават тенки линии.
4. На хартија за печење цртаме декорации по желба. Хартијата ја превртуваме и ја ставаме во тавче со 27х27 димензии во кое ќе го печеме ролатот. Истискуваме од смесата и ги формираме шарите.
5. Тавчето го ставаме во замрзнувач.
За тоа време ја правиме смесата за кората .
1. Ги двоиме белките од жолчките, жолчките ги матиме со шеќерот заедно, па го додаваме брашното.
2. Ги матиме белките да се зацврстат и со шпатула со лесно промешување ги соеднуваме со смесата од жолчки.
3. Го вадиме тавчето со шарите од замрзнувач и ја распоредуваме смесата врз нив.
4. Печеме околу 10 минути, ама секоја рерна различно пече па внимавајте да не ја препечете кората.
5. Откако ќе се испече, ја оставаме 2-3 минути да излади и потоа ја тргаме хартијата за печење, ама повторно во истата хартија ја роламе кората во ролат.
Подготовка на фил
1. Павлаката ја загреваме до вриење, ја тргаме на срана и во неа го додаваме белото чоколадо, ментол екстрактот и прехрамбената боја. Мешаме до растопување и изедначување на смесата.
2. Желатинот го растопуваме во 2-3 лажици вода, па го ставаме на ниска температура на рингла да се растопи.
3. 100 мл слатка павлака ја матиме до згуснување, ама не премногу, лесно да биде изматена.
4. Кон неа ја додаваме скоро изладената смеса од бело чоколадо и растопениот желатин. Матиме до соединување и згуснување.
5. Врз кората го распоредуваме филот и рендаме чоколадо врз него. Го завиткуваме ролатот и го оставаме да се стегне филот.
Сечеме парчиња по желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Јули.2020 во 22:28
Брз ролат – Совршен десерт за ненајавени гости, кога немате ништо, освен јајца во ладилникот
Секој од нас се нашол во ситуација да се соочи со ненајавени гости, а да немаме ништо од посебно приготвена храна дома, а токму следниот рецепт за златен брз ролат е совршеното решение за оваа цел! 5 јајца- 1 прстофат сол
- 120 гр шеќер
- 90 гр пченично брашно
- 2 гр пециво
- 50 мл сончогледово масло
- 50 мл млеко
- Слатко по ваш вкус
Начин на подготовкаОдделете ги жолчките од белките, додадете прстофат сол и добро изматете со миксерот. Додадете 50 грама шеќер и продолжете со матење. Масата на смесата треба двојно да се зголеми. Изматете ги белките во длабок сад за 1 минута. Поделете го преостанатиот шеќер на 3 дела и постепено додадете ги кон белките, притоа непрекинато мешајќи со миксерот, додека да добиете цврста пена. Додадете ги жолчките, додека внимателно ја мешате смесата во насока на стрелките на часовникот со силиконска шпатула. Додадете ги пресеаното брашно и пецивото. Измешајте сончогледово масло и млеко. Кон смесата додадете неколку супени лажици од тестото од јајцата, добро измешајте, а потоа одозгора полејте го преостанатото тесто и измазнете. Поставете го добиеното тесто врз хартија за печење, во соодветен сад. Распоредете рамномерно и поставете го да се пече 30 минути на170°C. Додека сè уште е топол, поставете го пандишпанот врз хартија за печење и направете неколку засеци врз неговата површина, премачкајте со мармалад, крем или било каков фил по ваша желба и завиткајте го ролатот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Декември.2020 во 21:03
https://www.kafepauza.mk/zivot/sharen-zhirafa-rolat-kreativen-recept-za-uzhivanje-na-celoto-semejstvo/" rel="nofollow - - Шарен „Жирафа ролат“: Креативен рецепт за уживање на целото семејство! Отидете на диво „кујнско сафари“ преку подготовката на шарен „жирафа“ ролат. Овој десерт ќе стане вашиот омилен рецепт. А, еве и како да го подготвите: Потребни состојки:- 6 белки
- 5 жолчки
- 300 грама шеќер
- 30 г растопен путер
- 140 грама брашно
- половина кесичка прашок за печиво
- 2 лажици какао
- 200 мл слатка павлака
- 250 г маскарпоне сирење
- половина кесичка желатин
- 1 банана
Начин на подготовка:- На хартија за печење врз плех нацртајте ги со молив шарите на „жирафа“ ролатот.
- Во длабок сад изматете 1 белка во форма на снег.
- Во сад настрана додадете 30 г растопен путер и 20 г шеќер и спојте ја смесата со жица за матење. Потоа во истата смеса додајте 20 г брашно и изматените белки и повторно промешајте.
- Ставете ја смесата со слаткарски шприц и нанесете ја на обратната страна од хартијата за печење, по обележаните линии.
- Изматете ги во форма на снег 5-те преостанати белки. Во друг сад изматете 5 жолчки со 130 г шеќер, а потоа додајте и 120 г брашно, 2 лажици какао и прашокот за печиво.
- Во смесата додајте ги и изматените белки, спојте ги состојките и нанесете ја смесата во плехот, врз претходно нанесените шари од бело тесто.
- Кората печете ја во загреана рерна 10 мин. на 180 ᵒC.
- Откако ќе се испече отстранете ја хартијата за печење, ставете ја кората (со се хартијата) врз влажна крпа и завиткајте ја во форма на ролат.
- Изматете 200 мл слатка павлака. Во друг сад ставете 250 г маскарпоне сирење и 150 г шеќер и спојте ги состојките. Додајте ја слатката павлака и повторно промешајте. Во смесата додајте половина лажица желатин.
- Одвиткајте го ролатот и нанесете го филот. Врз филот нанесете поголеми парчиња банана и завиткајте го ролатот. Оставете го во фрижидер да се излади, а потоа послужете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|