|
Терористички напади во Париз |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Ноември.2015 во 03:21 |
|||||
Престрелки и експлозии во Париз - најмалку 120 загинатиНајмалку 120 луѓе загинаа во неколку напади во Париз, јавуваат француските медиуми. Според информациите, во францускиот главен град имало повеќе престрелки и неколку експлозии во близина на националниот стадион „Стад де Франс“. Француските медиуми јавуваат дека над 100 лица загинале во центарот за уметност „Батаклан“, каде се одржувал концерт на американска рок група. Таму според информациите упаднеле неколку мажи вооружени со автомати кои отвориле оган кон присутните, а се одвивало и заложничка драма, пред полицијата да ги совлада напаѓачите. Во друг инцидент, најмалку еден напаѓач отворил оган во ресторан, при што неколку лица биле убиени. Три експлозии одекнале и во близина на еден бар кај националниот стадион „Стад де Франс“, каде фудбалската репрезентација на Франција играла пријателски натпревар со Германија. На стадионот присуствувал и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој бил безбедно евакуиран. Оланд прогласи вонредна состојба на целата територија на Франција и ги затвори државните граници. Осуда за нападот испрати и американскиот претседател Барак Обама и истакна дека ќе водат заедничка војна против тероризмот и екстремизмот. И пак Европа нека ги отвори вратите ... Жалосно за сите жртви. Нека почиваат во мир
|
||||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
ne sum iznanedan od akciite na ovie teroristi,ova nekoj malku "posaGlam coek" ke go predvidese...!!Jas na primer,imav predcustvo deka eden den ke gori Evropa!!!!.Po se sto se desi poslednive pola i poveke od godina normalno bese deka ke pukne tikvata....
sega posle tolku nevini zrtvi vo napadite ,policijata i vladata ke dokaze...t.e. ke izlze so dokazi... koj se,od kade se....kako dosle od kade prosle...kaj mocale i kaj s***e,kako da toa e nivna zadaca a ne da sprecat da dojde do ovaa nesreka.Kako da e kojznae kolku vazno dali pominale niz ili okolu Makedonija,dali preku granica ili po voda...so ili bez pasos.....p.s. TOLKU MNOGU GI IMA PO EVROPA STO SAMO ORUZJE TREBA DA IM SE PODELI I DA SI JA OSTVARAT...JA NIVNATA JA CELTA NA NEKOJA DRUZBA. ....za ova ne e potrebno pamet i doktorat,toa se uci na ulica..vo maalo.
|
||||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||||||
д4 б3
Сениор Регистриран: 17.Јули.2014 Статус: Офлајн Поени: 1206 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
old d4b3
|
||||||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
д4 б3,не знам колку си запознаен но кај нас престојуваше емирот од Катар многу добро другарче на нашиот премиер ,само сега се посочува како главен организатор на ИСИС.
Сакаш да ви го пратиме и до кај вас да ви отвори некоја инвестиција. ?? Полигон за бомбаши,салафистичка џамија.... |
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Изменето од Valerija - 15.Ноември.2015 во 13:45 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Исповед на девојка која го преживеа масакрот во срцето на Париз ќе ви ги насолзи очитеСветот тагува заради ужасните терористички напади во Париз, кои ги згаснаа животите на повеќе од 120 лица. Трагедијата која не остави никого рамнодушен го рани срцето на Градот на љубовта и светлината. Изобел Боудери, која успеа да се извлече жива од салата Батаклан, каде се одржуваше концерт на Eagles of Death Metal кога терористите ги нападнаа гостите, објави емотивен текст кој ќе ве наежи и ќе ви ги насолзи очите. Никогаш не си ни помислуваш дека ќе ти се случи тебе. Беше петочна вечер на рок шоу. Атмосферата беше многу среќна, сите танцуваа и се смееја. И тогаш, кога мажите влегоа низ главниот влез и започнаа да пукаат, ние наивно верувавме дека тоа е дел од шоуто. Тоа не беше само терористички напад, тоа беше масакр. Десетици луѓе беа прострелани пред мене. Локви со крв го исполнија подот. Плачот на возрасни мажи кои ги држеа телата на своите мртви девојки продираше низ малата музичка сала. Иднини разрушени, семејства оставени со скршени срца. За миг. Шокирана и сама, се преправав дека сум мртва повеќе од еден час, лежејќи меѓу луѓе кои ги гледаа своите сакани неподвижни... Го запирав дишењето, се обидував да не мрдам, да не плачам, да не им го дадам на тие мажи стравот кој копнееjа да го видат. Имав неверојатна среќа што преживеав. Но, многумина не преживеаја. Луѓето кои беа таму поради истата причина како и јас (да имаат забавна петочна вечер) беа невини. Овој свет е суров. Ваквите постапки ја потенцираат изопаченоста на луѓето, а сликите од тие мажи кои кружеа околу нас како мршојадци ќе ме прогонува до крајот на животот. Прецизно нишанеа и стрелаа во луѓето на партерот, во чиј центар бев и јас, без да му придаваат никаква важност на човечкиот живот. Не изгледаше реално. Во секој момент очекував некој да каже дека сè е само кошмар. Тоа што го преживеав овој хорор, ми дава можност да го свртам вниманието кон хероите. Кон мажот кој ме успокојуваше и го ризикуваше својот живот обидувајќи се да ми го покрие мозокот додека тивко липав. Кон парот чии последни љубовни зборови ме натераа да продолжам да верувам во доброто во светот. Кон полицијата која успеа да спаси стотици луѓе. Кон непознатите лица кои ме подигнаа од патот и ме утешуваа во текот на 45-те минути во кои навистина мислев дека момчето кое го сакам е мртво. Кон повредениот маж кој мислев дека е мојот сакан и кој откако сфатив дека не е Амаури, ме држеше и ми велеше дека сè ќе биде во ред иако и самиот тој беше сам и уплашен. Кон жената која ги отвори своите врати за преживеаните. Кон пријателот кој ми понуди засолниште и отиде да ми купи нова облека за да не морам да ја носам маичката со крвава дамка. Кон сите вие кои испративте грижливи пораки за поддршка. Вие направивте да верувам дека овој свет има потенцијал да биде подобар. Никогаш повеќе да не се повтори ова. Но, најмногу ова е за осумдесетте лица кои беа убиени во таа сала, кои немаа толку среќа, кои немаа можност да се разбудат денес и за болката на нивните пријатели и семејства. Жалам. Нема ништо што ќе ја олесни таа болка. Се чувствувам привилегирана што бев таму за нивните последни оддишки. Како личност која мислеше дека ќе им се придружи, ве уверувам дека нивните последни мисли не беа за животните кои го предизвикаа ова, туку за луѓето кои тие ги сакаа. Додека лежев во крвта на лица кои не ги познавав и чекав мојот К*ршум да ги прекине моите 22 години, си го замислував секое лице кое го сакав и шепотев Те сакам. Повторно и повторно. Се навраќав на најубавите моменти од мојот живот. Посакував тие што ги сакам, да знаат колку многу ги сакам и посакував без оглед на тоа што ќе ми се случи мене, да продолжат да веруваат во добрината на луѓето. Да не им дозволат на тие мажи да победат. Синоќа, животите на многумина беа променети засекогаш и на нас останува да бидеме подобри луѓе. Да ги живееме животите за кои сонуваа невините жртви на трагедијата, но за жал, сега нема да можат да ги остварат. Почивајте во мир, ангели. Никогаш нема да бидете заборавени. Изобел Боудери Текстот е вирален хит со над 2,2 милиони лајкови. Изменето од Valerija - 16.Ноември.2015 во 08:50 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Штета шо гинат невини луге,а некој друг ги влечи конците.....
|
||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
можда звучи кретенски, ама воопшто не чувствувам ни малку потреба да се сочувствувам со Парижаните...
|
||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Страшно е тоа што се случи во Париз. Како што се страшни сите такви грозотии кои се случуваат низ светот, дали во Бејрут, дали Нигерија, Авганистан или Пакистан, дали Русија или Сирија, сеедно. Насекаде каде што гинат невини луѓе, цивили, поради политиките на сопствените држави. Или едноставно поради некои болни умови кои тоа го прават. Дали она што се случи во Париз, дека ни е поблиску, тука некаде, на континентот па повеќе ги допира луѓето, не знам, ама некако како што гледам селективно тоа сочувството. Еве денес во Париз анти-исламски протест и запален К*ран. Тоа е спиралата на злото, која води само кон поголемо зло... Изменето од Анастеа - 17.Ноември.2015 во 16:36 |
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |