Испечати | Затвори го прозорот

Терористички напади во Париз

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Свет
Опис на форумот: Масони, Рокфелер, Ирак, Иран, Балкан Експрес...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27533
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 22:31
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Терористички напади во Париз
Постирано од: evangeline
Наслов: Терористички напади во Париз
Датум на внесување: 14.Ноември.2015 во 03:21

http://24vesti.mk/prestrelki-i-eksplozii-vo-pariz-najmalku-120-zaginati" rel="nofollow - Престрелки и експлозии во Париз - најмалку 120 загинати



Најмалку 120 луѓе загинаа во неколку напади во Париз, јавуваат француските медиуми. Според информациите, во францускиот главен град имало повеќе престрелки и неколку експлозии во близина на националниот стадион „Стад де Франс“.
 
Француските медиуми јавуваат дека над 100 лица загинале во центарот за уметност „Батаклан“, каде се одржувал концерт на американска рок група. Таму според информациите упаднеле неколку мажи вооружени со автомати кои отвориле оган кон присутните, а се одвивало и заложничка драма, пред полицијата да ги совлада напаѓачите.
 
Во друг инцидент, најмалку еден напаѓач отворил оган во ресторан, при што неколку лица биле убиени.
 
Три експлозии одекнале и во близина на еден бар кај националниот стадион „Стад де Франс“, каде фудбалската репрезентација на Франција играла пријателски натпревар со Германија. На стадионот присуствувал и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој бил безбедно евакуиран.
 
Оланд прогласи вонредна состојба на целата територија на Франција и ги затвори државните граници.
 
Осуда за нападот испрати и американскиот претседател Барак Обама и истакна дека ќе водат заедничка војна против тероризмот и екстремизмот.




http://edition.cnn.com/2015/11/13/world/paris-shooting/index.html" rel="nofollow - http://edition.cnn.com/2015/11/13/world/paris-shooting/index.html

http://www.nytimes.com/live/paris-attacks-live-updates/" rel="nofollow - http://www.nytimes.com/live/paris-attacks-live-updates/



И пак Европа нека ги отвори вратите ...

Жалосно за сите жртви.

Нека почиваат во мирроза


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE



Коментари:
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 14.Ноември.2015 во 19:57
ne sum iznanedan od akciite na ovie teroristi,ova nekoj malku "posaGlam coek" ke go predvidese...!!Jas na primer,imav predcustvo  deka eden den ke gori Evropa!!!!.Po se sto se desi poslednive pola i poveke od godina normalno bese deka ke pukne tikvata....
sega posle tolku nevini zrtvi vo napadite ,policijata i vladata ke dokaze...t.e. ke izlze so dokazi... koj se,od kade se....kako dosle od kade prosle...kaj mocale i kaj s***e,kako da toa e nivna zadaca a ne da sprecat da dojde do ovaa nesreka.Kako da e kojznae kolku vazno dali pominale niz ili okolu Makedonija,dali preku granica ili po voda...so ili bez pasos.....p.s.
TOLKU MNOGU GI IMA PO EVROPA STO SAMO ORUZJE TREBA DA IM SE PODELI I DA SI JA OSTVARAT...JA NIVNATA JA CELTA NA NEKOJA DRUZBA.

....za ova ne e potrebno pamet i doktorat,toa se uci na ulica..vo maalo.


-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: д4 б3
Датум на внесување: 14.Ноември.2015 во 20:30


-------------
old d4b3


Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 14.Ноември.2015 во 22:21
д4 б3,не знам колку си запознаен но кај нас престојуваше емирот од Катар многу добро другарче на нашиот премиер ,само сега се посочува како главен организатор на ИСИС.
Сакаш да ви го пратиме и до кај вас да ви отвори некоја инвестиција. ??
Полигон за бомбаши,салафистичка џамија....


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Ноември.2015 во 13:42
Го преживејаа нападот во Париз: Eagles of Death Metal ја прекинаа европската турнеја


Американскиот рок бенд Eagles of Death Metal, кој синоќа требаше да настапи во концертната сала Батаклан во Париз, каде беше извршен терористички напад, ја откажа својата европска турнеја.

Бендот требало да настапува во Европа до 10-ти декември, но после синоќешниот напад во Париз на нивниот концерт одлучиле да прекинат.

Членовите на Eagles of Death Metal одлучиле да се вратат во САД, пренесува AFP.


Американскиот бенд Deftones, кои синоќа настапуваа во Батаклан во моментот на нападот, исто така ја откажаа турнејата.

Сите членови на Eagles of Death Metal синоќа успејаа да го одбегнат масакрот во концертната сала, во која беа убиени повеќе од 80 лица.


Во терористичките напади на шест локации, кои синоќа се случија во Париз, убиени се повеќе од 150 лица, а околу 300 се повредени, од кои 80 потешко.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Ноември.2015 во 13:44
Еден од терористите имал сириски пасош, во Европа пристигнал како мигрант преку Грција

Европа е на нозе, во Франција и натаму трае потерата по терористите, додека во Брисел масовно се вршат апсења.

Како и што се очекуваше, по вчерашните крвави терористички напади во Франција, француските и останатите европски безбедносни служби се на нозе. Французите потврдија дека следат дури 1,700 лица кои можно е да се поврзани со терористичките напади.

Британски "Guardian" пренесува дека тројца од осумте напаѓачи во Париз биле од Брисел. Белгиската полиција денес врши масовен претрес на куќи и апси лица за кои постои сомнение дека се дел од терористичката мрежа која ги изврши нападите во француската престолнина.

Сирискиот пасош кој го пронајде француската полиција во близина на разнесеното тело на еден од напаѓачите во Париз, припаѓа на човек кој во октомври бил регистриран како мигрант на грчкиот остров Лерос, соопшти грчкиот министер за одбрана Никос Тоскас. Доколку се докаже дека пасошот е во сопственост на напаѓачот, тогаш голема е веројатноста терористот да поминал и низ Македонија заедно со останатите мигранти.


„Сопственикот на сирискиот пасош пристигнал на 3-ти октомври на грчкиот остров Лерос, каде што беше регистриран согласно со правилата на Европската унија“, наведе Тоскас во неговото официјално соопштение до медиумите.

Француските истражители потврдија дека бил пронајден тој пасош во близина на разнесеното тело на еден од напаѓачите, но засега не е сигурно дали пасошот му припаѓа на напаѓачот.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 16.Ноември.2015 во 00:54


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Ноември.2015 во 08:49

Исповед на девојка која го преживеа масакрот во срцето на Париз ќе ви ги насолзи очите


Светот тагува заради ужасните терористички напади во Париз, кои ги згаснаа животите на повеќе од 120 лица. Трагедијата која не остави никого рамнодушен го рани срцето на Градот на љубовта и светлината.

Изобел Боудери, која успеа да се извлече жива од салата Батаклан, каде се одржуваше концерт на Eagles of Death Metal кога терористите ги нападнаа гостите, објави емотивен текст кој ќе ве наежи и ќе ви ги насолзи очите.

Изобел Боудери

Никогаш не си ни помислуваш дека ќе ти се случи тебе. Беше петочна вечер на рок шоу. Атмосферата беше многу среќна, сите танцуваа и се смееја. И тогаш, кога мажите влегоа низ главниот влез и започнаа да пукаат, ние наивно верувавме дека тоа е дел од шоуто. Тоа не беше само терористички напад, тоа беше масакр.

Десетици луѓе беа прострелани пред мене. Локви со крв го исполнија подот. Плачот на возрасни мажи кои ги држеа телата на своите мртви девојки продираше низ малата музичка сала. Иднини разрушени, семејства оставени со скршени срца. За миг.

Шокирана и сама, се преправав дека сум мртва повеќе од еден час, лежејќи меѓу луѓе кои ги гледаа своите сакани неподвижни... Го запирав дишењето, се обидував да не мрдам, да не плачам, да не им го дадам на тие мажи стравот кој копнееjа да го видат.

Имав неверојатна среќа што преживеав. Но, многумина не преживеаја. Луѓето кои беа таму поради истата причина како и јас (да имаат забавна петочна вечер) беа невини. Овој свет е суров. Ваквите постапки ја потенцираат изопаченоста на луѓето, а сликите од тие мажи кои кружеа околу нас како мршојадци ќе ме прогонува до крајот на животот.

Прецизно нишанеа и стрелаа во луѓето на партерот, во чиј центар бев и јас, без да му придаваат никаква важност на човечкиот живот. Не изгледаше реално. Во секој момент очекував некој да каже дека сè е само кошмар.

Тоа што го преживеав овој хорор, ми дава можност да го свртам вниманието кон хероите. Кон мажот кој ме успокојуваше и го ризикуваше својот живот обидувајќи се да ми го покрие мозокот додека тивко липав. Кон парот чии последни љубовни зборови ме натераа да продолжам да верувам во доброто во светот. Кон полицијата која успеа да спаси стотици луѓе. Кон непознатите лица кои ме подигнаа од патот и ме утешуваа во текот на 45-те минути во кои навистина мислев дека момчето кое го сакам е мртво. Кон повредениот маж кој мислев дека е мојот сакан и кој откако сфатив дека не е Амаури, ме држеше и ми велеше дека сè ќе биде во ред иако и самиот тој беше сам и уплашен. Кон жената која ги отвори своите врати за преживеаните. Кон пријателот кој ми понуди засолниште и отиде да ми купи нова облека за да не морам да ја носам маичката со крвава дамка. Кон сите вие кои испративте грижливи пораки за поддршка. Вие направивте да верувам дека овој свет има потенцијал да биде подобар. Никогаш повеќе да не се повтори ова.

Но, најмногу ова е за осумдесетте лица кои беа убиени во таа сала, кои немаа толку среќа, кои немаа можност да се разбудат денес и за болката на нивните пријатели и семејства. Жалам. Нема ништо што ќе ја олесни таа болка.

Се чувствувам привилегирана што бев таму за нивните последни оддишки. Како личност која мислеше дека ќе им се придружи, ве уверувам дека нивните последни мисли не беа за животните кои го предизвикаа ова, туку за луѓето кои тие ги сакаа. Додека лежев во крвта на лица кои не ги познавав и чекав мојот К*ршум да ги прекине моите 22 години, си го замислував секое лице кое го сакав и шепотев Те сакам. Повторно и повторно. Се навраќав на најубавите моменти од мојот живот. Посакував тие што ги сакам, да знаат колку многу ги сакам и посакував без оглед на тоа што ќе ми се случи мене, да продолжат да веруваат во добрината на луѓето. Да не им дозволат на тие мажи да победат.

Синоќа, животите на многумина беа променети засекогаш и на нас останува да бидеме подобри луѓе. Да ги живееме животите за кои сонуваа невините жртви на трагедијата, но за жал, сега нема да можат да ги остварат. Почивајте во мир, ангели. Никогаш нема да бидете заборавени.

Изобел Боудери

Текстот е вирален хит со над 2,2 милиони лајкови.

https://www.facebook.com/isobel.bowdery/posts/10153885280769893" rel="nofollow -


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Ноември.2015 во 22:24
Од Париз, со љубов: На целите на ИСИЛ фрлаат бомби со специјална посвета

После страшните терористички напади во Париз, француската и американската војска ги засилија нападите на позициите на Исламската држава во Сирија и Ирак.

Откако во нападите во Париз за кои одговорноста ја превзеде Исламската држава загинаа над 129 лица, францускиот претседател Франсоа Оланд најави немилосрдна војна против џихадистите на ИСИЛ.  http://tocka.com.mk/1/177126/francija-go-vozvraka-udarot-borbenite-avioni-udrija-vo-srceto-na-islamskata-drzava" rel="nofollow - Доцна синоќа Французите започнаа со бомбардирање на сирискиот град Рака , а нападите ќе се  http://tocka.com.mk/1/177124/konecna-presmetka-so-isil-sad-i-francija-radikalno-ke-gi-zasilat-napadite-na-bliskiot-istok" rel="nofollow - интензивираат  во текот на деновите кои што доаѓаат.


Германски „Билд“ пишува дека и Американците веќе се одмаздуваат за своите пријатели - Французите и фрлаат бомби врз позициите на Исламската држава со посвета. На бомбите пишува "From Paris, with love", односно „Од Париз, со љубов“.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Ноември.2015 во 22:26





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 16.Ноември.2015 во 22:44
Штета шо гинат невини луге,а некој друг ги влечи конците.....


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 17.Ноември.2015 во 03:05
можда звучи кретенски, ама воопшто не чувствувам ни малку потреба да се сочувствувам со Парижаните...

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 17.Ноември.2015 во 15:13


Страшно е тоа што се случи во Париз.
Како што се страшни сите такви грозотии кои се случуваат низ светот, дали во Бејрут, дали Нигерија, Авганистан или Пакистан, дали Русија или Сирија, сеедно.
Насекаде каде што гинат невини луѓе, цивили, поради политиките на сопствените држави.
Или едноставно поради некои болни умови кои тоа го прават.
Дали она што се случи во Париз, дека ни е поблиску, тука некаде, на континентот па повеќе ги допира луѓето, не знам, ама некако како што гледам селективно тоа сочувството.

Еве денес во Париз анти-исламски протест и запален К*ран.
Тоа е  спиралата на злото, која води само кон поголемо зло...





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Ноември.2015 во 16:32
Откриен стан во кој наводно се криеле исламистите пред нападите во Париз

Француската полиција откриле неколку стана коишто се претпоставува дека ги користеле исламистите кои ги извршија нападите во Париз, објави телевизијата BFMTV.

Според извор во полицијата, најмалку двајца од напаѓачите престојувале во пансион во гратчето Афорвил, недалеку од Париз. Во две соби во кои полицијата извршиле претрес, креветите биле превртени, како што се претпоставува, за да се создаде простор. Биле откриени медицински шприцови и игли.

Собите биле платени со картичка на Салах Абдеслам, кој според една од верзиите на истрагата, исто така, изнајмил автомобил кој го користеле терористите. Операција за негово приведување ја водеа белгиските безбедносни служби во понеделникот, но таа не даде резултати.

Братот на Салах, Брахим Абдеслам, изнајмил стан во гратчето Бобињи, во парискиот департман Сена-Сен-Дени, кој се претпоставува служел како збирно место на терористите. Во ова место, според податоците на истрагата, живееле роднини на еден од напаѓачите чие име наводно било Сами.

Ноќта кон понеделникот во операцијата на полициските специјалци во Бобињи беше уапсено едно лице во врска со терористичките напади, чиј идентитет сé уште не е соопштен.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Ноември.2015 во 17:14
Целосен пресврт: Во Србија уапсен мигрант со ист пасош како на бомбашот самоубиец од Париз!

Еден маж бил уапсен во Србија, откако полицијата кај него пронашла сириски пасош, чии податоци се идентични со оние на пасошот пронајден во близина на телото на бомбашот самоубиец во Париз.

Во документот биле податоците на 25-годишниот Алмохамад Ахмад, но со различна фотографија од таа кај пасошот пронајден во петокот, пишува Guardian, повикувајќи се на извори во српската полиција.



Тоа предизвикало загриженост и сомнение дека пасошот користен како документ за идентификација кај еден од напаѓачите всушност бил лажен, пишува Kurir.rs.


Останува нејасно дали мажот кој се разнел пред стадионот "Stade de France", навистина минал низ Грција и Македонија, а потоа и Србија и Хрватска, како што претходно се претпоставувало на основа на пасошот.


Грчките власти рекле дека земале отпечатоци од прсти и го фотографирале мажот, кога бил регистриран на 3. август, и било потврдено дека отпечатоците се согласуваат.


Во терористичкиот напад кој се случил во петокот во центарот на Париз, на шест локации, биле убиени најмалку 129 лица, додека повеќе од 300 биле повредени.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Ноември.2015 во 17:24

ЗА НАЈНОВИТЕ ТЕРОРИСТИСТИЧКИ АКЦИИ, БЕГАЛЦИТЕ...



-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Ноември.2015 во 21:46


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Ноември.2015 во 08:36
Француски џихадист во аудио снимка ја презема одговорноста за атентатите во Париз

Текстот во кој ја презема одговорноста за крвавите атентати од петокот 13-ти ноември во Париз во името на екстремната сунитска група Исламска држава го чита на снимката објавена на интернет францускиот џихадист Фабиен Клен, наведуваат во вторникот извори блиски на истрагата.

Како што рекле изворите на агенцијата AFP, овој 35-годишник близок на Мохамед Мера кој во март 2012 година уби тројца француски војници, професор и тројца ученици на десетгодишна возраст на еврејското училиште во Тулуз, по што беше ликвидиран од полицијата.

По темелното проучување на снимката од текстот во траење од пет ипол минути на француски јазик, објавена ден по нападите во кои беа убиени најмалку 132 луѓе, специјалите служби заклучиле дека станува збор за гласот на Фабиен Клен. Тој и неговиот брат Жан-Мишел израснале во Тулуз, а станале радикални муслимани на почетокот од 2000-те години. Потоа се приближиле до исламската заедница којашто ја води Французинот од сириско потекло Оливие Корел, повозрасен од нив, кого го доживувале како духовен водач.

Фабиен Клен, кој со новото муслиманско име се нарекува Омар, го сметаат за еден од организаторите на ќелијата за испраќање исламистички борци во Ирак. Во јули 2009 година бил осуден на пет години затвор.

Во текот на отслужувањето на казната, затворските власти заплениле порака која му ја упатил на Мохамед Мера, со кого се запознал неколку години порано.

По излегувањето од затворот, Фабиен Клен заминал за Сирија каде ѝ се придружил на Исламската држава. Се смета дека стои зад неуспешниот напад во април врз црква во Вилежуф, близу Париз.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Ноември.2015 во 08:40
Како побегна „мозокот" на масакрот во Париз? Ова се 7-те големи пропусти на полицијата и тајните служби



Терористичките напади во Париз кои го шокираа западниот свет можеби ќе беа спречени, доколку разузнавачките служби и полицијата реагираа на време.

Имено, порано оваа година лидерот на белгиските џихадистички ќелии успеал да побегне во Сирија иако бил баран од француската полиција поради поврзаност со низа на убиства.


Абдел-Хамид Абаоуд кој француските истражители го посочија како главен финансиер и организатор на нападите во Париз, во своето интервју за џихадистичкиот весник "Dabiq" тврди дека бил сопрен од француски полицаец, но тој го пуштил затоа што не го препознал кој е. Тоа за француските и белгиските тајни служби била најважната во низата на пропуштени шанси за да ги спречат нападите во Париз. Ова се 7-те најголеми пропусти на разузнавачките служби.

Скромен напор и мала соработка

Еден од бомбашите самоубијци, Сами Анимур бил следен откако пред три години се обидел да отпатува во Јемен. Тој се борел во Сирија, а некако успеал во последниов период да се врати во Франција, а потоа и да учествува во масакрот во концертната сала „Батаклан“.

Исто така, високи функционери на САД потврдија дека уште во септември нивните агенти ги предупредиле Французите и останатите европски служби, дека според нивните сознанија и собрани информации, се подготвува голем напад некаде во Европа.

Уапсен,па ослободен


На почетокот од оваа година, Абаоуд бил уапсен во соседна Грција со уште тројца исламисти поради планирање на терористички напад на полицајци и полициски станици во Белгија. Потоа во Белгија биле изведени рации за да се разоткрие исламистичката ќелија која имала во план да убива полицајци на јавни места, во напади ширум целата држава.


Следувала рација во Белгија неколку дена после нападите на Шарли Ебдо, но полицијата подоцна констатирала дека уапсените немаат врска со нападот во Париз. Во продолжение, Абаоуд бил пуштен од грчките власти.

Патувања на релација Белгија - Сирија - Белгија

Абаоуд го планирал нападот во Париз уште од Сирија, каде се борел на страната на ИСИС. Треба да се истакне дека главната причина за тоа што Абаоуд успеал да ги договори нападите е тоа што тој во Сирија отпатувал во 2013-та година, а потоа преку Грција се вратил во Белгија. Патувањето на релација Белгија - Сирија - Белгија го направил неколку пати.

Белгиски кварт како упориште на радикални исламисти

Абаоуд бил поврзан со Ибрахим Абдеслам кој во нападот во Париз беше еден од бомбашите самоубијци, а во 2010-та година бил во затвор заедно со Салах Абделслам, брат на Ибрахим кој после нападите во Париз побегнал и моментално е еден од најбараните луѓе во светот.


Израснале заедно, во истиот бриселски кварт Моленбик, како и неколку други осомничени. Полицијата, велат, во опасниот кварт во источен Брисел во кој долги години владеат џихадисти, банди, дроги и беззаконие, воопшто не била видена, иако е познато дека овој кварт „произведува“ криминал и терористи.

Организатор на низа на напади

Полицијата верува дека Абаоуд помогнал во терористичкиот напад на 21-ви август на возот кој сообраќаеше од Амстердам до Париз, а кој беше спречен од четворица патници. Француски "Liberation" тврди дека бил во контакт со Ајобу Ел-Казани, човекот кој отворил оган во возот пред да биде совладан од патниците.

Се смета дека е организатор на нападот на црквата во Париз на 19-ти април кога Сид Ахмед Глам, француски студент пукаше во својата нога по што беше уапсен. Следејќи траги на крв, полицијата пронајде автомобил полн со оружје. Глам подоцна беше обвинет за убиство на Аурели Шателан, инструкторка по танц која беше пронајдена во својот запален автомобил откако ѝ било пукано три пати во главата.

Според "Le Monde", Абаоуд бил во контакт и со Мехди Немоуче, кој го изврши нападот на Еврејскиот музеј во 2014-та година, при што уби 4 лица. Снимките од телефонските разговори покажале дека двајцата разговарале во јануари оваа година.


Игнорирање на најавите за напади

Исто така, "Le Monde" тврди дека францускиот џихадист Реда Хаме кој беше уапсен на 11-ти август, потврдил дека токму Абаоуд е човекот кој го испратил во Европа да изврши терористички напад, откако двајцата биле во Сирија во џихадистички камп за обука во Рака. Хаме открил дека Абаоуд му рекол да патува преку Прага, му дал УСБ со шифриран софтвер и 2000 евра со упатство за напад на некоја „лесна мета“ како што се „концертни сали“ за да може да има што поголем број на жртви.

На прашањето дали ќе има напади, Хаме на полицијата им рекол: „Можам да кажам дека тоа ќе се случи наскоро. Надвор има вистинска машинерија и тие сигурно ќе се обидат да ја нападнат Франција и Европа“, додека извор близок на француските власти за Абаоуд кажал „Како што се чини, тој е мозокот на неколку планирани напади во Европа“.


Полицаец го сопрел и го пуштил

Полицаец во рутинска контрола го сопрел Абаоуд, но не го препознал, па го пуштил.

„Можев да одам... иако ме бараа толку многу разузнавачки служби. Сето тоа докажува дека еден муслиман не треба да се плаши од помпезната слика за интелегенцијата на христијаните. Моето име и фотографија беа на сите вести, но сепак успеав да останам во мојата татковина, да планирам операции против Французите и безбедно да побегнам откако беше договорено каде и како треба да се нападне“.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Ноември.2015 во 09:10


Имало пак пукање рано сабајлево во предградие на Париз, барајќи го организаторот на нападите од петокот. Тројца мртви, велат терористи биле, една жена која се разнела со појас со експлозив, неколку ранети полицајци.....


http://www.tio.ch/News/Estero/Cronaca/1058066/Sparatoria-a-Saint-Denis-tre-morti-tre-poliziotti-feriti-e-due-fermi" rel="nofollow -



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Ноември.2015 во 16:56
Откриен пеколниот план: Терористите планирале да се разнесат во Хановер и целиот свет да го види масакрот

Германски „Билд“ го објави планот на терористите кои сакале да го изведат во Хановер, а германското Министерство за внатрешни работи се уште ги нема потврдено тие информации.

Пријателскиот  about:blank" rel="nofollow - фудбалски  натпревар помеѓу Германија и Холандија беше одложен поради потенцијална опасност од терористички напади - терористите имале намера да внесат експлозив на стадионот, да го детонираат и целиот напад да го види светската јавност, пренесува денес „Билд“ повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи.


„Неколку терористи имале во план да внесат на стадионот во Хановер неколку експлозивни направи, а истовремено требало да експлодира бомба и во самиот центар на Хановер“, пренесува дневникот „Билд“ повикувајќи се на информации од таен документ на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.


Токму врз темел на овој документ, наводно, била донесена одлука од страна на германското Министерство за внатрешни работи натпреварот да биде одложен, а Германците овие информации ги добиле од „странска разузнавачка служба“.

Како што пренесува „Билд“, експлозивот во стадионот требало да биде внесен со помош на возило за брза помош. За време на нападите требало да присуствува и лидерот на терористичката група кој сето тоа требало да го сними со камера.


Повратници од фронтот во Сирија

Што се однесува до терористите, станува збор за припадници на германската исламистичка „сцена“, кои неодамна се вратиле од фронтот во Сирија и биле вахабисти.

Според официјалните податоци, на стадионот и во неговата околина не бил пронајден експлозив. Германскиот министер за внатрешни работи после одложувањето на натпреварот објасни дека не може да зборува за сите детали врз чиј темел е донесена оваа одлука, затоа што тоа ќе ја вознемирело германската јавност.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2015 во 18:07
Поради нив две плачеше целата француска престолнина: Овие две сестри се родија и починаа заедно

Емили и Шарлота Меуд биле неразделни буквално целиот свој живот, уште од мајчниот стомак. Близначките биле неразделни и во смртта. Со само 30 години ги усмртија терористите во текот на масакрот во Париз.

Двете млади жени заминале на кафе, само за да ги покоси рафалот на терористот. Паднале една покрај друга, токму во петокот вечерта, во барот Калирон.


Тие не биле Парижанки, во големиот град дошле од малото место Ајс сур Виен, на западот на Франција.


"За секоја мајка е тешко да го погреба своето дете, а да ги погреба двете ќерки е незамисливо. Тоа семејство нема никаква омраза во срцето, само запрепастеност. Со кои зборови да бидат утешени? Не постојат такви зборови.", изјавил градоначалникот на нивното родно место, Рене Арно, којшто ги познавал и лично.

Такви зборови не постоеле ниту кога  http://tocka.com.mk/1/177676/herojstvoto-na-ubienata-parizanka-bilo-otkrieno-koga-go-pomestile-nejzinoto-telo" rel="nofollow - под телото на Елза Делплас , го пронашле доказот на нејзиното херојство.

Емили била архитект, а Шарлота се обидувала да успее да се избори за кариера во економијата. Тие биле вредни и чесни. 


Но и ниту нивната мајка не била поштедена од судбината. Учителката во пензија пред година дена го изгубила својот сопруг, а сега ѝ се убиени и двете ќерки.

Изминатиов понеделник малиот град Ајс сур Виен делувал како бескрајна црна колона. Луѓето излегле да им оддадат чест на мртвите во Париз, посебно на девојките коишто ги познавале, а коишто терористот потполно недолжни ги уби на самиот почеток на нивниот живот. Истиот напаѓач обли уште 19 луѓе во крвав пир.


А нивната мајка остана сама. За засекогаш да останат во нејзиното срце и да се запрашува – зошто? Зошто некој воопшто би ги убил нејзините ќерки? Девојките кои никогаш никому не му сториле апсолутно ништо лошо.

Но овие две близначки не се ниту први, ниту последни со ваков тажен крај. Многу деца, близнаци, жени и мажи се убиени на најбрутален начин, не само во Франција, туку и во Сирија, Авганистан, Ирак... 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Ноември.2015 во 12:21
"Тој носеше голема јакна": Салах на себе има самоубиствен појас?

Париз е повторно во состојба на готовност откако францускиот премиер опомена дека постои можност за напади со хемиско или биолошко оружје.

Еден од напаѓачите во Париз по којшто полицијата сè уште трага, Салах Абдеслам, би можел да биде "опасен самоубиствен појас". Или така барем на белгиските власти им кажал Хамза Атоу, еден од осомничените којшто оваа недела белгиските власти го обвинија дека му помагал на Абделслам за од Париз да се врати во Белгија.

- Мојот клиент беше исклучително исплашен, не разговараше многу со Абдеслам, и не се споменуваше никакво оружје, но Абдеслам носел голема јакна, што значи дека најверојатно носи и самоубиствен појас, изјавила адвокатката на Атоу.

Французите ослободиле седум приведени лица

Францускиот јавен обвинител во саботата објавил дека биле ослободени седум лица коишто биле приведени во текот на вооружената операција поврзана со минатонеделните терористички напади, пренесуваат француските медиуми.


Во Лондон се приведени тројца мажи

Скотланд Јард објави дека полицајците застанале возило во "Блекфриарс роуд", во Лондон, при што сите тројца мажи коишто биле во возилото се приведени. Улиците на тоа подрачје пак се сè уште се затворени. Сведоците јавија дека се слушнале сирени и хеликоптери коишто го надлетувале тоа подрачје. Биле затворени неколку улици и станицата на подземната железница "Саутварк".

"Мораме да ги пребараме сите куќи во Моленбек"

Потпретседателот на белгиската влада и министерот за внатрешни работи Јан Јамбон, изјавил дека во бриселската општина Моленбек треба да се пребара секоја куќа, како би се добила точна информација кој сè живее таму.

- Недозволиво е да не знаеме кој живее на територијата на таа општина. Има станови во коишто две лица се службено пријавени, а во нив живеат и до десет лица, изјавил јамбон во интервјуто за саботното издание на белгискиот магазин на фламански,Nieuwsblad.

- Мислам дека општинската администрација би требало да чукне на секоја врата и да праша кој навистина живее таму, додал Јамбон.

Тој потенцира дека од 130 белгиски државјани, кои како странски борци се бореле во Сирија, 85 сега живеат во Моленбек.


На Париз му се заканува напад со хемиско и биолошко оружје?

Париз е повторно во висока состојба на готовност, откако францускиот премиер опомена дека постои можност за напад со хемиско и биолошко оружје. Всушност, откриено е дека од една париска болница биле украдени десетина одела за посебна заштита.

Тие се користат за случаеви на контаминација со опасни вируси, ебола и слично. Исчезнале и посебни чизми коишто се исто така отпорни на опасни хемикалии, јавуваTelegraph.

Полициските сили будно го чуваат главниот центар од којшто француската престолнина се снабдува со вода, а од компанијата којашто управува со градскиот водовод, Eau de Paris, известуваат дека пристап има само неопходниот персонал.


Медиумите јавуваат дека хемикалиите коишто би можеле да послужат како оружје, се откриени во рациите во Брисел, во еден стан во населбата Моленбек, од каде што и тргнал планот за нападите во Париз.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 22.Ноември.2015 во 16:24
С'е додека некој им дава пари, логистичка подршка, оружје, ги обучува, ги транспортира и продава нафтата и дрогата која доаѓа од нивната територија и им ги чува парите во банки, с'е дотогаш ИСИС ќе постои и ќе одработува за негови интереси и цели кои не ги читаме, не ги слушаме и не ги гледаме на јавните медија.



-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Ноември.2015 во 11:34
Неверојатна судбина: Го преживеал 11 септември во Њујорк и масакрот во Батаклан во Париз!


Американецот кој живее во Париз, 14 години откако го преживеал нападот на Кулите близначки на 11 септември 2001 година, повторно се нашол на мета на терористите и го преживеал масакрот кој терористите на Исламска држава го направија во концертната сала Батаклан.

Британскиот Daily Telegraph пишува дека 36-годишниот Метју, чие презиме не е наведено, бегал колку што го држеле нозете кога терористите со украдените авиони ги погодиле Кулите близначки. Сега на медиумите им раскажал дека извлекол жива глава и во Батаклан, каде тројца џихадисти убија 89 лица.


Метју бил во публиката присутна на концертот на калифорнискиот бенд Eagles of Death Metal, кога вооружени напаѓачи упаднале и почнале да пукаат по луѓето. Тој вели дека веднаш препознал дека се работи за истрели од огнено оружје, и трчал кон излезот.


„Можеби тоа е дел од мојата американска култура“, вели Метју.

Вели дека еден од К*ршумите го погодил, но сепак успеал да отползи кон излезот, вртејќи се често назад за да види дали напаѓачите повторно ги наполниле своите Калашников пушки.

„Одев нанапред центиметар по центиметар. Во еден момент видов дека излезната врата ми е на дофат на рацете. Успеав да ја отворам вратата со едниот прст, потоа и со другиот“, раскажува Метју.

Кога некако успеал да излезе надвор, од изнемоштеност се онесвестил на тротоарот. Овде веднаш му помогнал Даниел Псени, новинар на парискиот весник Monde и уште еден човек облечен во црно.


Ова било втор пат за Метју да се спасува од терористи. На 11 септември 2001 година се наоѓал на приземјето на Кулите близначки и излегол на разговор за нова работа кога авионот на United Airlines удрил во една од зградите.

„Трчав колку што можам побрзо преку половина Менхетн. Но, она низ што поминав во Батаклан беше 1000 пати полошо“, вели Метју.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 25.Ноември.2015 во 16:16


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk