IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Терористички напади во Париз
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Терористички напади во Париз

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Терористички напади во Париз
    Испратена: 14.Ноември.2015 во 03:21

Престрелки и експлозии во Париз - најмалку 120 загинати



Најмалку 120 луѓе загинаа во неколку напади во Париз, јавуваат француските медиуми. Според информациите, во францускиот главен град имало повеќе престрелки и неколку експлозии во близина на националниот стадион „Стад де Франс“.
 
Француските медиуми јавуваат дека над 100 лица загинале во центарот за уметност „Батаклан“, каде се одржувал концерт на американска рок група. Таму според информациите упаднеле неколку мажи вооружени со автомати кои отвориле оган кон присутните, а се одвивало и заложничка драма, пред полицијата да ги совлада напаѓачите.
 
Во друг инцидент, најмалку еден напаѓач отворил оган во ресторан, при што неколку лица биле убиени.
 
Три експлозии одекнале и во близина на еден бар кај националниот стадион „Стад де Франс“, каде фудбалската репрезентација на Франција играла пријателски натпревар со Германија. На стадионот присуствувал и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој бил безбедно евакуиран.
 
Оланд прогласи вонредна состојба на целата територија на Франција и ги затвори државните граници.
 
Осуда за нападот испрати и американскиот претседател Барак Обама и истакна дека ќе водат заедничка војна против тероризмот и екстремизмот.








И пак Европа нека ги отвори вратите ...

Жалосно за сите жртви.

Нека почиваат во мирроза
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2015 во 19:57
ne sum iznanedan od akciite na ovie teroristi,ova nekoj malku "posaGlam coek" ke go predvidese...!!Jas na primer,imav predcustvo  deka eden den ke gori Evropa!!!!.Po se sto se desi poslednive pola i poveke od godina normalno bese deka ke pukne tikvata....
sega posle tolku nevini zrtvi vo napadite ,policijata i vladata ke dokaze...t.e. ke izlze so dokazi... koj se,od kade se....kako dosle od kade prosle...kaj mocale i kaj s***e,kako da toa e nivna zadaca a ne da sprecat da dojde do ovaa nesreka.Kako da e kojznae kolku vazno dali pominale niz ili okolu Makedonija,dali preku granica ili po voda...so ili bez pasos.....p.s.
TOLKU MNOGU GI IMA PO EVROPA STO SAMO ORUZJE TREBA DA IM SE PODELI I DA SI JA OSTVARAT...JA NIVNATA JA CELTA NA NEKOJA DRUZBA.

....za ova ne e potrebno pamet i doktorat,toa se uci na ulica..vo maalo.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
д4 б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4  б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2015 во 20:30
old d4b3
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2015 во 22:21
д4 б3,не знам колку си запознаен но кај нас престојуваше емирот од Катар многу добро другарче на нашиот премиер ,само сега се посочува како главен организатор на ИСИС.
Сакаш да ви го пратиме и до кај вас да ви отвори некоја инвестиција. ??
Полигон за бомбаши,салафистичка џамија....
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2015 во 13:42
Го преживејаа нападот во Париз: Eagles of Death Metal ја прекинаа европската турнеја


Американскиот рок бенд Eagles of Death Metal, кој синоќа требаше да настапи во концертната сала Батаклан во Париз, каде беше извршен терористички напад, ја откажа својата европска турнеја.

Бендот требало да настапува во Европа до 10-ти декември, но после синоќешниот напад во Париз на нивниот концерт одлучиле да прекинат.

Членовите на Eagles of Death Metal одлучиле да се вратат во САД, пренесува AFP.


Американскиот бенд Deftones, кои синоќа настапуваа во Батаклан во моментот на нападот, исто така ја откажаа турнејата.

Сите членови на Eagles of Death Metal синоќа успејаа да го одбегнат масакрот во концертната сала, во која беа убиени повеќе од 80 лица.


Во терористичките напади на шест локации, кои синоќа се случија во Париз, убиени се повеќе од 150 лица, а околу 300 се повредени, од кои 80 потешко.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2015 во 13:44
Еден од терористите имал сириски пасош, во Европа пристигнал како мигрант преку Грција

Европа е на нозе, во Франција и натаму трае потерата по терористите, додека во Брисел масовно се вршат апсења.

Како и што се очекуваше, по вчерашните крвави терористички напади во Франција, француските и останатите европски безбедносни служби се на нозе. Французите потврдија дека следат дури 1,700 лица кои можно е да се поврзани со терористичките напади.

Британски "Guardian" пренесува дека тројца од осумте напаѓачи во Париз биле од Брисел. Белгиската полиција денес врши масовен претрес на куќи и апси лица за кои постои сомнение дека се дел од терористичката мрежа која ги изврши нападите во француската престолнина.

Сирискиот пасош кој го пронајде француската полиција во близина на разнесеното тело на еден од напаѓачите во Париз, припаѓа на човек кој во октомври бил регистриран како мигрант на грчкиот остров Лерос, соопшти грчкиот министер за одбрана Никос Тоскас. Доколку се докаже дека пасошот е во сопственост на напаѓачот, тогаш голема е веројатноста терористот да поминал и низ Македонија заедно со останатите мигранти.


„Сопственикот на сирискиот пасош пристигнал на 3-ти октомври на грчкиот остров Лерос, каде што беше регистриран согласно со правилата на Европската унија“, наведе Тоскас во неговото официјално соопштение до медиумите.

Француските истражители потврдија дека бил пронајден тој пасош во близина на разнесеното тело на еден од напаѓачите, но засега не е сигурно дали пасошот му припаѓа на напаѓачот.


Изменето од Valerija - 15.Ноември.2015 во 13:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2015 во 00:54
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2015 во 08:49

Исповед на девојка која го преживеа масакрот во срцето на Париз ќе ви ги насолзи очите


Светот тагува заради ужасните терористички напади во Париз, кои ги згаснаа животите на повеќе од 120 лица. Трагедијата која не остави никого рамнодушен го рани срцето на Градот на љубовта и светлината.

Изобел Боудери, која успеа да се извлече жива од салата Батаклан, каде се одржуваше концерт на Eagles of Death Metal кога терористите ги нападнаа гостите, објави емотивен текст кој ќе ве наежи и ќе ви ги насолзи очите.

Изобел Боудери

Никогаш не си ни помислуваш дека ќе ти се случи тебе. Беше петочна вечер на рок шоу. Атмосферата беше многу среќна, сите танцуваа и се смееја. И тогаш, кога мажите влегоа низ главниот влез и започнаа да пукаат, ние наивно верувавме дека тоа е дел од шоуто. Тоа не беше само терористички напад, тоа беше масакр.

Десетици луѓе беа прострелани пред мене. Локви со крв го исполнија подот. Плачот на возрасни мажи кои ги држеа телата на своите мртви девојки продираше низ малата музичка сала. Иднини разрушени, семејства оставени со скршени срца. За миг.

Шокирана и сама, се преправав дека сум мртва повеќе од еден час, лежејќи меѓу луѓе кои ги гледаа своите сакани неподвижни... Го запирав дишењето, се обидував да не мрдам, да не плачам, да не им го дадам на тие мажи стравот кој копнееjа да го видат.

Имав неверојатна среќа што преживеав. Но, многумина не преживеаја. Луѓето кои беа таму поради истата причина како и јас (да имаат забавна петочна вечер) беа невини. Овој свет е суров. Ваквите постапки ја потенцираат изопаченоста на луѓето, а сликите од тие мажи кои кружеа околу нас како мршојадци ќе ме прогонува до крајот на животот.

Прецизно нишанеа и стрелаа во луѓето на партерот, во чиј центар бев и јас, без да му придаваат никаква важност на човечкиот живот. Не изгледаше реално. Во секој момент очекував некој да каже дека сè е само кошмар.

Тоа што го преживеав овој хорор, ми дава можност да го свртам вниманието кон хероите. Кон мажот кој ме успокојуваше и го ризикуваше својот живот обидувајќи се да ми го покрие мозокот додека тивко липав. Кон парот чии последни љубовни зборови ме натераа да продолжам да верувам во доброто во светот. Кон полицијата која успеа да спаси стотици луѓе. Кон непознатите лица кои ме подигнаа од патот и ме утешуваа во текот на 45-те минути во кои навистина мислев дека момчето кое го сакам е мртво. Кон повредениот маж кој мислев дека е мојот сакан и кој откако сфатив дека не е Амаури, ме држеше и ми велеше дека сè ќе биде во ред иако и самиот тој беше сам и уплашен. Кон жената која ги отвори своите врати за преживеаните. Кон пријателот кој ми понуди засолниште и отиде да ми купи нова облека за да не морам да ја носам маичката со крвава дамка. Кон сите вие кои испративте грижливи пораки за поддршка. Вие направивте да верувам дека овој свет има потенцијал да биде подобар. Никогаш повеќе да не се повтори ова.

Но, најмногу ова е за осумдесетте лица кои беа убиени во таа сала, кои немаа толку среќа, кои немаа можност да се разбудат денес и за болката на нивните пријатели и семејства. Жалам. Нема ништо што ќе ја олесни таа болка.

Се чувствувам привилегирана што бев таму за нивните последни оддишки. Како личност која мислеше дека ќе им се придружи, ве уверувам дека нивните последни мисли не беа за животните кои го предизвикаа ова, туку за луѓето кои тие ги сакаа. Додека лежев во крвта на лица кои не ги познавав и чекав мојот К*ршум да ги прекине моите 22 години, си го замислував секое лице кое го сакав и шепотев Те сакам. Повторно и повторно. Се навраќав на најубавите моменти од мојот живот. Посакував тие што ги сакам, да знаат колку многу ги сакам и посакував без оглед на тоа што ќе ми се случи мене, да продолжат да веруваат во добрината на луѓето. Да не им дозволат на тие мажи да победат.

Синоќа, животите на многумина беа променети засекогаш и на нас останува да бидеме подобри луѓе. Да ги живееме животите за кои сонуваа невините жртви на трагедијата, но за жал, сега нема да можат да ги остварат. Почивајте во мир, ангели. Никогаш нема да бидете заборавени.

Изобел Боудери

Текстот е вирален хит со над 2,2 милиони лајкови.



Изменето од Valerija - 16.Ноември.2015 во 08:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2015 во 22:24
Од Париз, со љубов: На целите на ИСИЛ фрлаат бомби со специјална посвета

После страшните терористички напади во Париз, француската и американската војска ги засилија нападите на позициите на Исламската држава во Сирија и Ирак.

Откако во нападите во Париз за кои одговорноста ја превзеде Исламската држава загинаа над 129 лица, францускиот претседател Франсоа Оланд најави немилосрдна војна против џихадистите на ИСИЛ. Доцна синоќа Французите започнаа со бомбардирање на сирискиот град Рака, а нападите ќе се интензивираат во текот на деновите кои што доаѓаат.


Германски „Билд“ пишува дека и Американците веќе се одмаздуваат за своите пријатели - Французите и фрлаат бомби врз позициите на Исламската држава со посвета. На бомбите пишува "From Paris, with love", односно „Од Париз, со љубов“.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2015 во 22:26



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2015 во 22:44
Штета шо гинат невини луге,а некој друг ги влечи конците.....
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2015 во 03:05
можда звучи кретенски, ама воопшто не чувствувам ни малку потреба да се сочувствувам со Парижаните...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2015 во 15:13


Страшно е тоа што се случи во Париз.
Како што се страшни сите такви грозотии кои се случуваат низ светот, дали во Бејрут, дали Нигерија, Авганистан или Пакистан, дали Русија или Сирија, сеедно.
Насекаде каде што гинат невини луѓе, цивили, поради политиките на сопствените држави.
Или едноставно поради некои болни умови кои тоа го прават.
Дали она што се случи во Париз, дека ни е поблиску, тука некаде, на континентот па повеќе ги допира луѓето, не знам, ама некако како што гледам селективно тоа сочувството.

Еве денес во Париз анти-исламски протест и запален К*ран.
Тоа е  спиралата на злото, која води само кон поголемо зло...





Изменето од Анастеа - 17.Ноември.2015 во 16:36
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2015 во 16:32
Откриен стан во кој наводно се криеле исламистите пред нападите во Париз

Француската полиција откриле неколку стана коишто се претпоставува дека ги користеле исламистите кои ги извршија нападите во Париз, објави телевизијата BFMTV.

Според извор во полицијата, најмалку двајца од напаѓачите престојувале во пансион во гратчето Афорвил, недалеку од Париз. Во две соби во кои полицијата извршиле претрес, креветите биле превртени, како што се претпоставува, за да се создаде простор. Биле откриени медицински шприцови и игли.

Собите биле платени со картичка на Салах Абдеслам, кој според една од верзиите на истрагата, исто така, изнајмил автомобил кој го користеле терористите. Операција за негово приведување ја водеа белгиските безбедносни служби во понеделникот, но таа не даде резултати.

Братот на Салах, Брахим Абдеслам, изнајмил стан во гратчето Бобињи, во парискиот департман Сена-Сен-Дени, кој се претпоставува служел како збирно место на терористите. Во ова место, според податоците на истрагата, живееле роднини на еден од напаѓачите чие име наводно било Сами.

Ноќта кон понеделникот во операцијата на полициските специјалци во Бобињи беше уапсено едно лице во врска со терористичките напади, чиј идентитет сé уште не е соопштен.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.