|
Печурки |
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кремаст сос со печуркиСовршениот додаток за месото кое го планирате за утрешниот ручек? Да, oвој сос е толку прекрасен и кремаст што ќе посакате да го имате во секој нареден ручек. Со само 150 калории по порција, кремастиот сос со печурки и зачини е нашиот предлог за рецепт што треба да го испробате во кујната.
Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:21 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гулаш со буковки Состојки 700 грама буковки 400 милилитри доматен сос 1 голем кромид 1 морков 1 чешне лук 1 пиперка 4 компири со средна големина Сол Црна пипер Магдонос 3 лажици масло Подготовка Исчистете го кромидот и исечете го. Сечете ја пиперката и морковот на коцки. Сето ова ставете во тенџере со масло, а состојките се пржат 5 минути. Потоа додадете чаша и пол вода и оставете да врије. Додадете го доматниот сос и продолжете со варењето и додадете ги преостанатите зачини. Измијте ги буковките и сечете ги на поголеми парчиња. Излупете ги компирите и сечете ги на коцки. Компирите заедно со буковките ставете ги во тенџерето. Оставете го гулашот да врие уште 10 минути па потоа тргнете го од огнот. Загрејте ја рерната на 200 степени. Гулашот истурете го во ватростален сад. Наросете со лук и магдонос и оставете го да се пече уште 20-30 минути во рерната. Служете го гулашот дури е топол. Добар апетит! Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:20 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ГУЛАШ ОД БУКОВКИ И КОМПИРИ Извонредно вкусна и здрава манџа совршена е за семеен ручек. Посно јадење кое ќе Ве воодушеви со преубав вкус и мирис! Состојки: 700 грама буковки 400 милилитри доматен сос 1 голем кромид 1 морков 1 чешне лук 1 пиперка 4 компири со средна големина Сол Црна пипер Магдонос 3 лажици масло Подготовка на јадењето Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:21 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поховани печурки со сусам Состојки 500 гр. шампињони 100 гр. мајонез 100 гр.брашно 2 јајца 50 гр. сусам 2 кисели краставички 100 мл. млеко масло за јадење сол црн пипер Подготовка: Во поголем длабок сад ги кршиме јајцата и ги посолуваме. Ги матиме јајцата со жица за матење. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Мешајќи со жицата во садот со изматените јајца ги додаваме млекото и брашното. Во садот ги ставаме шампињоните. Ги валкаме печурките во смесата. Со вилушка ги вадиме од садот и ги валкаме во сусам. Вака подготвените печурки ги ставаме да се пржат на загреаното масло. За време на пржењето ги превртуваме. Испржените печурки со лажица-решетка ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија обложена со хартија за да ја впие непотребната мрснотија. Започнуваме со подготовка на тартар сосот. На покрупната од рендето во подлабок сад ги рендаме киселите краставички. Во садот го додаваме мајонезот. Мешаме со лажица. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. На средината на чинијата ги сервираме похуваните шампињони. Од страна го сервираме тартар сосот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Печурки со сино сирење и рукола 4 китки рукола 500г. чери домати 3 лажички маслиново масло 2 лажички балзамиран оцет 1 чешне лук 100 мл. обезмастено млеко 60 - 70г. сино сирење издробено 2 лажицки лајкт мајонез (со низок % маснотии) 2 лажици сечкан власец масло за ската сол и црн пипер. Подоготвка: Направете смеса од маслиновото масло и оцетот и зачинете ја со сол и црн пипер и со ова премачкајте ги печурките. Наредете ги на подмачкана и загреана скара и нека се печат 15-18 мин. Готовите печурки префрлете ги во сад и оставете ги да се изладат. Во блендер исечкајте го лукот, додајте му ги млекото, сирењето, мајонезот и блендирајте да добиете кремаста смеса. Додајте го сечканиот власец. Измијте ја и поделете ја на чинии руколата. Над неа наредете ги тенко сечканите печурки, домати измиени и исечкани на половина па прелејте со сос. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Печурки полнети со спанаќ* 12 големи шампињони * маслиново масло * сол, бибер * 2 главици сечкан кромид * 2 главици сечкан лук * 500 гр. спанаќ * 1 шолја пармезан На ладно маслиново масло, на среден оган ставете го лукот, а потоа пропржете го и кромидот. Потоа додадете го спанаќот и пржете додека не омекне. Тргнете го од оган и измешајте го со пармезанот. Шампињоните наредете ги во тава за печење, извадете ги дршките, а потоа наполнете ги со спанаќ. Ставете ги да се печат во загреана рерна, и печете додека не бидат готови. Служете ги топли. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Полнети печурки на кои нема да им одолеетеАко на ова ја додадеме и одличната смеса од мелено месо и крем сирење сигурно сте добиле полн погодок. Овој рецепт покрај одличниот вкус може да се пофали и со својот одличен изглед па може да ви се најде во многу прилики.
Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:22 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем супа со печурки и зеленчук Состојки 50 грама путер 100 грама грашок 100 грама морков 100 грама компир 150 грама маринирани печурки 100 грама карфиол 1 жолчка 1 павлака пола китка магдонос 3 чешниња лук 2 коцки за супа 1,5 литри вода по вкус сол, мешан сув зачин, црн мелен пипер Навистина убава крем супа која брзо и едноставно се приготвува. Повторно ја ископав од ризницата на мајка ми. Сеуште ни е меѓу омилените и редовно си ја спремаме. Чекор 1 Морковот, печурките и магдоносот се сецкаат. Компирот се ренда. Карфиолот се двои на мали делчиња. Чекор 2 Се става путерот да се растопи и се пропржуваат печурките. Потоа се додаваат грашокот, морковот и компирот исто така малку да се пропржат. Се додава водата, коцките за супа, зачините и карфиолот. Чекор 3 Кога супата ќе биде речиси готова, се мати жолчката со вилушка и се меша со павлаката. Полека се додаваат на супата. Потоа се додава магдоносот и лукот кој во меѓувреме сте го истолчиле. Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:22 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ролат со шампињони и пилешко филе Состојки за тесто 400 гр. брашно 100 мл. масло 1/2 пециво 20 гр. свеж квасец 1 мала лажица сол 1 мала лажица шеќер 200 мл. млака вода 1 јајце сусам, лен за фил 1 главица кромид кокар (средна големина) 150 гр. маринирани шампињони 1 свеж морков (средна големина) 200 гр. чадено пилешко филе 50 гр. кашкавал 1 јајце црн пипер, сув зачин, масло Рецептот за овој ролат беше со готови кори и свежи пилешки гради, а јас го изменив и го направив со тесто и чадено пилешко филе. 1. Најпрвин го ставив квасецот да стаса со малку млака вода, 1 лајче шеќер и 2 лајчиња брашно. 2. Веднаш потоа ги ставив печурките, кромидот и морковот (исечкан на најситни коцкички) малку да се динстаат и при крајот додадов црн пипер и сув зачин. Откако подизлади во смесата ставив 1 јајце и добро го измешав. 3. Кога е стасан квасецот се замесува тесто со сите состојки, дотурајќи брашно по потреба додека се добие меко тесто што не лепи. Се остава да нарасне на топло. 4. Откако ќе нарасне тестото, со окалгија се размесува кора во правоаголна форма колку што може потанка. Се става филот со печурки, кромид, морков и јајце. Врз него се реди пилешкото филе исечено на поголеми кришки, а врз филето се распоредува кашкавалот (во ленти или рендан). 5. Краевите од кората се виткаат на внатре за да не испадне филот и потоа се витка во ролат. 6. Се остава да стаса додека да нарасе малку и пред печење се мачка со 1 јајце, се наросува сусам, лен и се печи на 200 степени околу 30 минути. После печењето се покрива со крпа, се сечи подизладено. Ролатот има интересен вкус добиен од комбинацијата на кромидот, печурките и чаденото филе, а и стопениот кашкавал. Ако се прави со свежи пилешки гради потребно да се исечат на танки шницли, да се посоли и за подобар вкус да се премачка со сенф, а ако се користат готови кори, треба да се ставаат 5-6 кори една врз друга, секоја намачкана со масло, а останатата постапка е иста. Во комбинација со павлака одговара одлично. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 500 гр ситни печурки шампињони 5-6 лажици маслиново масло 3 лажици бел оцет 1/2 главица ситно сечкан лук 1 главица ситно сечкан кромид 1 лажичка оригано 1 лажичка мајчина душичка 1/2 лажичка сол 1 лажичка бибер во зрно 1. Печурките ги миеме и ги ставаме во вода што врие да се обарат околу 8-10 минути. Ги цедиме и ги оставаме да се изладат. 2. Во меѓувреме сите состојки, ги ставаме во тегла, ја затвораме теглата и ги промешуваме да се соединат. 3. Ги додаваме печурките, ја затвораме теглата, лесно ја протресуваме и ја оставаме во фрижидер и до 2-3 дена за да се спојат вкусовите. Доколку сакате можете да ги послужите и вака маринирани, со тоа што треба да ги извадите од фрижидер 10 мин. пред да ги служите. Јас ги сакам пропржени, па затоа ги истурам во загреана тава и неколку минути ги пропржувам, без да им ставам некакви додатоци. Изменето од Valerija - 06.Април.2016 во 21:24 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Буковка во сос од кисело млеко (може и посно) 500гр буковка-печурки 100гр путер 1 лажица брашно 200мл кисело млеко 1 лажица сенф 1 лажица зачин 1 лажица сув босилок 1/2 чешне лук Печурките се мијат под млаз вода и се оставаат да се исцедат. Откако ќе се исцедат убаво се бришат со салфетка и се ставаат во тава на оган во која претходно има загреано путер. Убаво се пржат од двете страни. Во маснотијата од печурките се додава брашното и се запржува. Се додава киселото млеко, ловоровиот лист, зачините и се остава да проврие 2-3 минути. По потреба може да се додаде малку водичка. Сосот се покира со капак и се остава 5 минути покриен да се спојат зачините. Може да се користи како прилог кон печење или пак како самостоен оброк. За тие што постат мкекото може да се замени со вода. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Похувани свежи печурки и печен компирINGREDIENTS
INSTRUCTIONS
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Печурки на скараINGREDIENTS
INSTRUCTIONS
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Печурки во сосINGREDIENTS
INSTRUCTIONS
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |