IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Храната како лек!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Храната како лек!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2014 во 16:35

МАГИЧНИ ЦРЕШИ: НАМАЛУВААТ БОЛКА, ВИСОК ПРИТИСОК И ЛЕКУВААТ АРТРИТИС

8

Истражувањето спроведено на универзитетот во Мичиген покажало дека една порција цреши дневно ќе ви помогне во ублажување на болката доколку страдате од артритис или хронична главоболка.
1. Црешите можат да го намалат крвниот притисок. Црешите изобилуваат со калиум кој помага за намалување на крвниот притисок и отстранување на вишокот натриум од организмот.
2. Црешите се мала ризница на пектин, полисахариди составени од шеќерни киселини кои помагаат во превенцијата на срцевите болести со намалување на лошиот холестерол.
3. Истражувањето спроведено во универзитетот во Мичиген покажало дека порција цреши на ден може да помогне во ублажување на болките кај луѓето кои страдаат од артритис или хронична главоболка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 19:31
Мушмула - храна за здрав метаболизам

Мушмула (Mespilus germanica) е овошје кое на нашите простори е присутно со векови.

Се калеми на круша и дуња, а обично дава плод уште истата година. Ова дрво света некаде кон крајот на април, а дрвото може да достигне висина до 7 метри. Плодот се бере некаде кон крајот на есента, не се јаде веднаш бидејќи е тврд, па поради тоа се остава неколку недели да омекне. Освен плодот се користи и цветот и листот.


Од ова овошје може да се направи мармалад, разни ликери и ракија. Познавачите на народната медицина велат дека мушмулата е овошје кое го потикнува метаболизмот. Го подобрува работењето на црниот дроб, ги зацврстува вуврезите, ја подобрува општата крвна слика и ги намалува болите во зглобовите и грбот.


Ова овошје ја стега слузокожата при што се препорачува при крварења во устата и лекување на разни типови афти. Освен ова го потикнува лачењето на плунка во плунковите жлезди, го потикнува варењето на храната во желудникот, па поради тоа се препорачува кај луѓе кои имаат проблеми со варењето или кај стари и изнемоштени лица. Познавачите на народната медицина го истакнуваат и лековитото дејство на семките. Семките се ставаат во вода, се чека додека не обабрат а потоа со истата се третираат рани. Додека стојат во водата ослободуваат состојки кои и помагаат на раната да заздрави - тврдат познавачите.


Мушмулата е овошје кое иако го има во изобилство на нашите простори малку се користи. Затоа ние ве поттикнуваме да размислите малку во врска со користењето на ова овошје. Неговите благодети се навистина големи, а тоа го заслужува вашето внимание. Од сега не пропуштајте барем за божиќните празници и посните трпези да го додадете на ваша
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 19:36
Диња - Свежина и здравје во летните денови

Некои луѓе не го сакаат вкусот на дињата, некои пак едноставно го обожуваат, како и да е мораме да се сложиме во едно, дињата е совршена храна која нуди свежина и здравје за летните денови.

Дињата содржи голема количина на вода и минерали, ова е идеално за топлите летни денови, кога организмот е подложен на постојана дехидрација. За дињата и лубеницата се смета дека потекнува од Индија или Америка, а е ставена во групата на овошја. Дињата се употребува во исхраната во скоро сите земји во светот. Ја има во разни сорти ширум светот, а на пазарот можеме да ја најдеме во периодот мај-септември, што значи дека сезоната на дињата е ваќе започната.


Лековити состојки - Дињата е растение кое спаѓа во групата ниско калорични намирници, како што веќе кажавме содржи многу вода и минерали, но содржи и многу други состојки што ја ставаат дињата во категоријата овошја со голема лековите моќ. Еве кои се најважните состојки кои ги содржи дињата:

■ бета каротен, растителни влакна, растителни масти
■ Витамин, А, Б, Е, Ц, железо
■ етерични масла
■ калциум, калиум, магнезиум, натриум, манган, селен, цинк
■ органски киселини
■ пантотенска киселина
■ сулфур, фосфор и др.


Во исхраната се користи плодот од дињата, но од дињата може да се направи и сок, кој е навистина здрав и делотворен особено во летните денови.

Лековити својства - Како што веќе споменавме, дињата е навистина лековито растение, а еве кои се нејзините лековити својства:

■ Акни, алергии, анемии
■ Главоболка, дијабетес, импотенсија
■ Проблеми со: крвен притисок, метаболизам, црева, простата
■ Хемороиди, стрес, скорбут, синузитис
■ Проблеми со тироидната желзда и др.


Дињата е плод кој навистина ви е потребен во летните денови. Таа навистина може да ве освежи, а воедно и на вашиот организам да му даде се што му е потребно за целиот ден. Консумирајте диња секогаш кога можете, бидејќи навистина таа има многу што да ви понуди.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2014 во 18:13

Цвекло – спречува тумор и лекува леукемија!

Присуството на јод го прави цвеклото драгоцено во борбата против астериосклерозата и во забавувањето на процесот на стареење. Основната повеќекратна лековитост на ова растение сепак потекнува од бетанинот и бетаинот, кои ја потикнуваат размената на материите, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат холестеролот, ги одржуваат крвните садови, ја потикнуваат работата на црниот дроб и уште многу други работи. Цвеклото се употребува преку целата година, а тоа е доста богато со витамини и минерали и може да се зема без ограничување без штетни последици.

Покрај големото богатство со белковини, масти и јаглехидрати, цвеклото ги содржи речиси сите минерали како калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, манган, јод, сулфур, литиум, бакар, железо, флуор, стронциум, бром. Значајно е и присуството на витамините Б1, Б2, Ц како и витаминот Б12, кој многу ретко се сретнува во состојките од растително потекло и е многу важен за вегетаријанците. Оваа благотворна билка делува и за обновување на крвта, но и дејствува канцерогено.

За лек се употребува подземниот дел од растението. Коренот се собира во есен и се чува во умерено топли простории. Доколку се чува на соодветен начин, тоа може да трае до идната година. Основното дејство на цвеклото е спречување на тумор и лекување леукемија. Тоа е добро и во лекувањето маларија, акутни фиброзни болести и грип во почетна фаза. Освен тоа се користи и за регулирање на крвниот притисок, особено кај оние што страдаат од низок притисок. Поволно дејствува на нервите и на работата на мозокот. Исто така цвеклото делува и за слабокрвност, особено кај децата и младите лица, а ја потикнува и работата на желудникот, цревата и на жолчката.

За сите болести се користи свежо исцеден сок од цвекло, а од 1кг. цвекло може да се добијат 700 – 750мл. сок.


Сок од цвекло:

Со варење на цвеклото се губи неговата лековитост, па затоа е најдобро да се користи сок од пресно цвекло. Цвеклото треба тенко да се излупи, сито да се изренда и да се прелее со сок од лимон и мед. Кога малку ќе отстои, истиснатиот сок треба да се пие по малку цел ден. При потешки заболувања треба да се пие 0,5 – 1л. сок дневно. Кога ќе почуствувате подобрување, дозата треба да се намали на ¼ л.



Изменето од Valerija - 25.Мај.2015 во 14:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2014 во 22:35
Карфиол - малку калории, многу здравје


Карфиолот е зелјесто растение кое во нашата држава многу често се употребува. Може да се сретне во салати, зимници, разни супи, специјалитети... Дали и колку здрава намирница е карфиолот, прочитајте во текстот што следува ...

Карфиолот пред се е ниско калорична намирница. Затоа за карфиолот можеме да кажеме дека има малку калории, но има многу голема хранлива вредност. Тој е голем извор на витамин Ц, витамини од групата Б, фолна киселина и многу минерали кои го штитат и чуваат нашето здравје. Од карфиолот можат да се користат и белиот и зелениот дел. Како и да е и двата дела треба или веднаш да се консумираат или веднаш да се конзервираат, бидејќи многу малку можат да останат свежи, за кратко време ќе ја изгубат свежината и квалитетот.


Во врска со корисноста на карфиолот некои експерти веруваат дека е многу делотворен против малигните болести, бидејќи карфиолот помага да се изгради и одржи силен имунитет. Освен ова тој е одличен и при анемии, а поради фолната киселина и поволната нутритивна слика се препорачува да го користат и деца и бремени жени во поголеми количини.


Бидејќи како што споменавме карфиолот има многу малку калории (на 100 грама карфиол околу 25 калории), оваа намирница е идеално решение за сите кои внимаваат на линијата. Од карфиолот се приготвуваат многу вкусни супи, кои можат да бидат главно јадење за луѓето кои внимаваат на килограмите или практикуваат строги диети.


Како и да е, од овој краток текст можевме да научиме дека карфиолот е ниско калорична намирница, која го чува и одржува нашето здравје. Затоа, користете го во секое јадење каде што е можно, а исто така нека биде неизбежен дел и од вашите зимници, бидејќи е лесно достапен и ефтин, а има навистина многу што да ви понуди.



Изменето од Valerija - 26.Ноември.2014 во 22:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2014 во 15:16

Банани - толку многу благодети во едно овошје


Не залудно бананинте се главна храна на суперхероите на некои од цртаните. Овие овошки содржат три вида на шеќери (фруктоза, сахароза и глукоза), но и многу растителни влакна, па токму оваа комбинација остава долго чувство на ситост.


Истражувањата покажуваат дека само две банани на ден се доволни за да издржите 90-минутен тренинг. Сепак, енергијата не е единствениот благодет на ова чудесно овошје.

Во споредба со јаболката, бананите содржат четири пати повеќе протеини, два пати повеќе јаглени хидрати, три пати повеќе фосфор, пет пати повеќе витамин А и железо. 

Еве на кои сè начини ќе ви помогне редовната консумација на бананите.

Депресија

Судејќи според резултатите од неодамнешните истражувања спроведени помеѓу лицата кои патат од одреден облик на депресија, бананите може да се користат како лек. За ова е заслужен протеинот триптофан, кој во телото се претвора во серотонин, познат како хормон на среќа и задоволство. Следниот пат кога ќе ве мачи ПМС-от, заборавете на апчињата против болки и обидете се со консумација на ова чудесно овошје.

Анемија

Со оглед на тоа што изобилуваат со железо, бананите го поттикнуваат создавањето на хемоглобин во крвта и на тој начин им помага на лицата со анемија.

Крвен притисок

Ова јужно овошје содржи многу малку соли, но доста голема количина на калиум кој е важен за регулирање на крвниот притисок. Доколку редовно го консумирате, ќе ги намалите шансите за мозочен удар.



Мозок

Бананите влијаат и на работата на мозокот, а едно истражување покажало дека учениците кои наутро јадат по една банана имале подобра концентрација во текот на денот.

Констипација

Бидејќи се богати со влакна, бананите помагаат брзо да ги надминете проблемите со запекот, без употреба на лаксатив.

Мамурлак

Имавте бурна вечер? Не грижете се, еден експресен милк-шејк со банани веднаш ќе ве ослободи од главоболката. Доколку додадете и една лажичка нагремов мед, ќе го смирите желудникот, но и ќе надоместите за изгубениот шеќер.

Утрински мачнини

Доколку редовно ги консумирате бананите, ќе ги намалите, а можеби и во целост елиминирате утринските мачнини.

Убод од комарец

За да го смирите отокот од убод од комарец или сличен инсект, иритираното место тријте го со внатрешната страна на лушпата од банана.



Нерви

Бананите изобилуваат со витаминот Б, кој му помага на нервниот систем да се смири. Доколку имате стресна работа, одлучете се токму ова овошје да го консумирате за ужина.

Црева

Ова чудотворно овошје, заради својот мек состав се користи и како диетална храна против цревните болести.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2015 во 14:04

Против болка: Цреша во замена за аспирин


Црешите се едни од најомилените овошја меѓу луѓето кои со нетрпение ги очекуваат на пролет.

protiv-bolka-cresa-vo-zamena-za-aspirin-1

 Но, денес не само што можат да ви го заблажат животот, туку можат и да ви ја ублажат болката од секаков тип во секој предел на телото или главата, наместо аспирин.

Зошто да консумирате апчиња кога може проблемот да го решите со цреши?

Тие уште во старите времиња се познати како овошје со лековите дејства, па голема е веројатноста дека наскоро лекарите да ги препишуваат и на рецепт.

Тајната се крие не само во плодот на црешата, туку и во дршките од кои може да направите чај кој помага при отстранување на камен од бубрезите.

Ставете цела рака дршки во литар вода и зовривајте го две минути, а потоа оставете да отстои 15 минути и консумирајте по неколку голтки во текот на целиот ден.

Додека пак при болка, јадете го плодот, односно самата цреша која е богата со антиоксиданси кои ќе ја намалат веднаш.

Исто така црешите ќе ви помогнат и при зацврстувањето на коските и срцеви болести.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2015 во 21:48

Смокви – лекуваат и подмладуваат


Смоквата се вбројува меѓу најздравите овошки, а за неа е познато дека дава енергија, го намалува холестеролот и штити од стрес.


Свежите смокви се богати со витамините од Б групата, со витамините А, Ц, Е и К, со минералите железо, калиум, бакар, селен, цинк, калциум и магнезиум, како и каротен, лутеин и таниним, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем на организмот.

Смоквите ефикасно го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Зрелите смокви содржат билни стероли кои се врзуваат со молекулите на холестеролот во цревата и ја попречуваат неговата апсорпција.


Исто така, антиоксидансите и другите материи во смоквите се борат против слободните радикали кои предизвикуваат карцином. Консумирајте ги често бидејќи штитат и од карцином на простатата, дебелото црево, белите дробови, кожата, како и од карцином на дојките во периодот на менопауза.

Со оглед на овие придобивки на смоквите, се надеваме дека добро ќе ја искористите нивната сезона.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2015 во 15:03

Мандарини: Многу повеќе од само вкусни овошки


Мандарините се вкусни и сочни плодови кои ги обожуваме и со кои се насладуваме во студените денови од годината. Но, знаете ли дека истите за нашиот организам претставуваат многу повеќе од само вкусни овошки?



Мандарините може да ви дадат дури 80 проценти од потребниот дневен внес на витамин Ц. Овие портокалови плодови претставуваат богат извор на портокаловиот каротеноид бета-криптоксантин, кој може значајно да го намали ризикот од појава на рак на белите дробови.

Студијата објавена во „Cancer Epidemiology, Biomarkers and Prevention“, ја поврзала храната богата со криптоксантинот со намален ризик од појава на рак на белите дробови за 37 проценти кај пушачите.

Истражувањата, пак, кои биле спроведени во Јапонија, покажале дека сокот од мандарини штити од заболување од хепатит Ц, како и од рак на црниот дроб.



Мандарините содржат и растителни влакна, кои покрај тоа што придонесуваат за намалување на холестеролот, корисни се и за ублажување на констипацијата.

Ова овошје има релативно низок гликемиски индекс, што значи дека природно присутниот шеќер бавно се испушта во крвта, заради што им се препорачува како меѓуоброк и на заболените од дијабетес.

Ароматичното есенцијално масло од мандарини, пак, делува како ефикасен природен антисептик.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2015 во 13:23
ДУЊИ, НАЈДОБАР ЕСЕНСКИ ЛЕК: ЕВЕ ШТО СÈ ЛЕЧИ ОВАА ВИТАМИНСКА БОМБА

Лековити се и плодот и листовите и семето, а особено сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузта поволно делува на работата на цревата и ги спречува инфективните болести.

Дуњата, овошјето на есента, е вистинска витаминска бомба. Освен минимално количествно на калории и масти, богата е со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна, а содржи и многу танински материи и пектин.

Од витамини поседува најголемо количество на витамин Ц, но и големо количество на каротени (провитамин А), витамини Б1 и Б2 како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.


Семките од дуња содржат дури 15 отсто масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој што има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери и јаболкова киселина.

Лековити се и плодовите и листовите и семето, а особено сирупот и сокот. Благодарение на танините и слузта поволно делува на работата на цревата и спречува инфективни болести. 


 Сокот од дуња сварен со исто количество на шеќери ја лечи кашлицата, астмата и акутната дијареа.

 Печена или варена дуња се препорачува кај воспаленија на желудечната и цревната слузокожа, но и за лечење на анемија.

 Чајот од цветовите на дуњата помага за смирување на кашлицата, а чајот од семки делува смирувачки, ја отстранува несоницата, како и непријатниот здив.

Иако звучи необично, дуњите се одлична комбинација со печено месо, пилешко, месо од патка, јунешко и месо од дивеч. Французите со векови наназад изработуваат сирење од дуњи кое се подготвува така што два килограми дуњи се варат заедно со кората додека потполно да омекне. Кога ќе се изладат, се сечат на парчиња и се пасираат малку. Добиената маса се мери, за да се додаде соодветно количество на шеќер (на килограм и пол пире од дуњи се додава килограм шеќер). Потоа смесата повторно се вари на тивок оган околу 45 минути, со постојано мешање. Веднаш по варењето, сирењето од дуњи се става во одговарачко тавче, на пример плиток стаклен сад или помалку садови.

Кога ќе се излади, се сече на коцки, се наросува со шеќер во прав и се става на темно и суво место да стои.


Ова сирење е моќен извор на енергија, а може да се зима и како лек за подобрување на варењето. Не е препорачлив единствено за дијабетичарите и гојазните лица.



Изменето од Valerija - 26.Октомври.2015 во 13:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2016 во 08:59
МОЖЕБИ Е МАЛ, НО ЗАТОА Е МНОГУ МОЌЕН!

Негови најблиски "роднини" се зелката, кељот и карфиолот, зад коишто тој заостанува единствено само поради својата големина.

Можеби не може да се пофали со својот раст, но затоа, од сè останато, освен калории, има во изобилие. Вистина е дека многумина не се премногу среќни кога ќе го видат во чинијата, но може да им се прости бидејќи тие со сигурност не се свесни за тоа колку овој минијатурен зеленчук е всушност здрав.

Дури ниту неговото име не асоцира на незаборавен вкус, но затоа, кога станува збор за листата од корисни состојки коишто тој ги нуди, му нема конК*ренција.

Токму така, тоа е прокељот!


Штити од карциноми

Дали затоа што не знаеме колку е здрав или пак затоа што компирот и месото се наша омилена храна, прокељот дефинитивно не е доволно застапен на нашето мени. Со својот изглед неодоливо многу потсетува на малечки главици зелка, изобилува со протеини, диететски влакна, омега-3 и омега-6 масни киселини, витамините Ц, А, К и Е и оние од групата Б.

А сите овие витамини заедно помагаат во спречување на настанокот на остеопороза и чинат кожата да биде блескава, додека витаминот К ги чува невроните во мозокот и го забавува развојот на Алцхајмеровата болест кај личностите коишто за неа имаат генетска предиспозиција.

Не недостасуваат ниту минералите, а најмногу се застапени манганот, бакарот, калциумот, железото и фосфорот. Прокељот има и завиден процент на калиум, минерал којшто е неопходен за здравјето на срцето и нивелацијата на крвниот притисок. 


Прокељот се смета и за одличен извор на антиоксиданти, коишто се незаменливи во превенцијата на карцином на простатата и дебелото црево, а поради високиот процент на витаминот А, тој е добар и за заштита од рак на белите дробови и усната празнима.

Го зајакнува имунитетот

Овие мали главици, посебно во зимскиот период, корисни се и за зајакнување на имунитетот, како и за детоксикација на организмот, бидејќи ја поттикнуваат работата на цревата, а со самото тоа го поттикнуваат и исфрлањето на штетните состојки од организмот.

Освен превентивно, прокељот треба да го консумирате и ако патите од хронични болки предизвикани од реума, артритис и ишијас. Можеби нема да ве излечи, но затоа ќе ги забави дегенеративните процеси.

А поради исклучително малата калориска вредност, само 45 калории на 100 грама, овој зеленчук треба да биде дел од секоја диета. Влакната од прокељот немаат калориска вредност, но затоа имаат способност да ја апсорбираат водата придонесувајќи за чувство на ситост. 


Специфичниот мирис на прокељот во текот на неговата подготовка настанува поради сулфорафанот, супстанца којашто содржи сулфур, а којашто се покажала дека функционира како поттикнувач за црниот дроб во производството на ензими заслужни за неутрализација на токсичните соединенија во организмот. Прокељот претставува и релативно добар извор на триптофан, амино-киселина којашто помага во регулирање на сонот.

Го има во текот на целата година

Во вкусот и благодетите на прокељот може да уживате во текот на целата година бидејќи смрзнатиот прокељ не губи ништо од нутритивните вредности. 

Може да го употребувате за подготовка на чорби, салати, варива, а најчесто како прилог со пилешко месо или риба. 


Важно е да се напомене и дека не треба долго да се готви или пржи, бидејќи на тој начин губи драгоцени витамини. Свежиот прокељ е најдобро да се употреби до два дена после купувањето, а кога се готви смрзнат, треба да се води сметка да не се готви премногу долго бидејќи тогаш ослободува горчелив вкус.


Изменето од Valerija - 25.Март.2016 во 09:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.