IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Прилепски настани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прилепски настани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
Автор
Порака
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2015 во 14:54
другар че бидам 
и за Прилеп од Мариово че идам
Пазаро во среда да го видам.

Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2015 во 14:58

Златното момче на Прилеп за кое на големо се зборува


Давид Нешкоски е млад уметник, изведувач кој полека но сигурно гази кон интернационална кариера. Од ден на ден се гради како личност и артист и полека го освојува срцето и вниманието на голема публика. Преку “Crossroad blues band” и својот бенд “Давид Нешкоски трио”, стигна до Америка каде соработува со големи музички имиња и нижи успеси. Го замоливме да одвои дел од своето време и да одговори на неколку прашања.

 
Кажи ни нешто повеќе за тебе, твоето место на раѓање, школување, твоето опкужување, начин на живот, хоби?

Јас сум роден во градот под Марковите Кули, во музичка фамилија и тоа е местото каде завршив основно и средно образование (гимназија). Официјално музичко образование немам, но мојот начин на живот ми овозможи да се образувам музички со текот на времето. Долг период од мојот живот настапував со бендот на мојот татко Crossroad Blues Band каде и го добив основното музичко образување.
Потоа почнав да работам со мој бенд, трио, со коj снимив два авторски албуми и имав многубројни настапи во и надвор од границите на Македонија.
Мое хоби е само музиката. Сето тоа се спои во едно и прерасна во професионална определба која ја продолжувам до ден денес.

Кога се роди љубовта кон музиката, кога заплови по музичките води и колку време до сега трае таа опсесија?

На многу рана возраст се запишав во основно музичко училиште каде го изучував клавирот, но тоа прерасна во друга форма на музицирање, гитара, на која се задржав и продолжив да се продлабочувам во нејзините убавини. Потоа како што кажав станав дел од “Crossroad Blues Band”. Би ве корегирал, музиката не е моја опсесија, туку е цел мој живот, најубавото нешто што ми се случило. Тоа трае повеќе од 15 години, а јас имам 22 години.

Ги следиме твоите достигнувања и видовме дека си го променил местото на живеење. Како дојде со тоа и со која цел?

Благодарам. Знаете, секој прогрес во една конкретна работа доаѓа со своја одговорност и жртва. Ако целта е да се прави прогрес и да се оди нагоре во конкретната дејност, мора да се биде во средина која го овозможува токму тоа. Македонија ми е дома, секогаш ќе ми биде, но моја цел е да го работам ова на некое врвно ниво, и ако имам доволно среќа се надевам дека ќе се случи и тоа.

Дали еден наш млад уметник како што си ти може да успее, да опстои и да гради интернационална кариера во Америка?

Зошто да не. Не е важно од каде сте дошле, битно е каде одите. Најважно е дали верувате во таа цел, дали сте сигурни дека имате доволно голема желба за успех и колку сте спремни да дадете за да добиете една конкретна работа. Јас се трудам да направам што е можно повеќе и да го остварам тоа што го замислив. Не е воопшто лесно да дојдете во туѓа земја и да имате просперитет со нешто толку деликатно како музика, но благодарение на непокорливата желба и љубов кон музиката, верувам дека ништо не е невозможно ако доволно се сака и се работи кон остварување на целта.

Кој е твојот духовен музички водич, чии тонови и ноти се обидуваш да ги достигнеш?

Ако ме прашувате за моите музички учители ги имам повеќе. Јас пораснав со музиката на Stevie Ray Voughan, Eric Clapton, Jimi Hendrix, BB King, Albert King, John Mayer, Joe Bonamassa и ред други, луѓе кои поминале низ неверојатно тешки приказни , некои далеку потешки од мојата за да добијат една работа, така да може да се случи се. Двата мои авторски албуми се снимени на англиски така да јас ги следам нивните чекори и постапки и се трудам да се доближам што е можно повеќе до тој нестареечки звук.

Го издаде својот прв албум, како истиот е прифатен од публиката и какви коментари добиваш за истиот?

Првиот албум го издадов во Хрватска, исто така и во цела Европа. Наиде на промоција и на голем број на светски медиуми ( радија, телевизии и интернет). Направив промоција во Скопје. Добивав и сеуште добивам критики, коментари и предлози за нови остварувања. Да бидам искрен сите не можат да бидат позитивни, но јас сум благодарен за секоја критика, затоа што ми ги отцртува недостатоците и нештата на кои треба да се работи, а такви никогаш нема да престане да има.

Кој е твојот омилен музички настап и со кои познати музички имиња до сега имаш настапувано?

Не би можел да одделам таков, затоа што ја сум среќен што сум на бина и имам можност да му направам на другите да се чувствуваат убаво, чувство што со пари не се доплаќа. Сум настапувал со голем број интернационални артисти од блуз-рок водите. Некои од нив се Henrik Freishlader, Virgil and The Accelerators, Elias Zaikos, Ana Popovic и ред други. Од македонските изведувачи со Дамјан Пејчиновски, Венко Серафимов, Браќата Тавитијан, Влатко Стефановски и голем број други, што се надевам нема да ми се налутат ако не сум ги спомнал.

Кои се идните планови во твојата музичка кариера?

Мојот план е многу едноставен. Да продолжам тоа што го правам да го правам на се повисоко и попрофесионално ниво, со што е можно подобри музичари и артисти.

Со што моментално се занимаваш, дали подготвуваш нешто ново, песна, спот или можеби нов албум?

Третиот албум е готов, четвртиот е прикрај, се создаваат песни, се работи на подобрување на секое поле во музиката. Се надевам до крајот на оваа година ќе биде објавен третиот албум, а здравје за наредната ќе се оди на следното чедо. Спотови секако дека ќе има, сите што се заинтересирани за најнови информации ги поканувам да го посетуваат сајтот davidneskoski.com како и на социјалните мрежи, каде секојдневно ги објавувам новостите и настаните кои ќе се случуваат.

Како Давид Нешкоски го поминува слободното време?

Давид Нешкоски нема слободно време. Тоа подразбира и кога нема што да се прави се пишуваат песни, се средуваат нови аранжмани, се спрема нов проект. Морам да признаам уживам во откривањето на нови музички артисти од сите страни на светот, уживам во слушање нова музика, но покрај тоа и филмовите ми се голем составен дел од секојдневието. Тие понекогаш ми претставуваат и извор на инспирација и мотивација.

Ти благодариме за одвоеното време .

Ви благодарам за интересот и ви посакувам успешна работа во иднина.



Изменето од Zdravko81 - 28.Септември.2015 во 14:58
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2015 во 15:09
www.markukule.mk



Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2015 во 18:51
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Ajde dosta se jadete megju sebe. Koj e pogolem prilepchanec, na drugana tema koj e pogolem makedonec..
Osven ako ne sluzat vechera vo 5-5:30, ne sum sigurna dali ova go dobile za vechera.
Barem po svetloto..

A ako pochneme da se fakjame za sitnici, ova ne znam kolku e higienski, pa ima i standardi koi moraat da se pochituvaat..
Jas vaka ni na kuche ne mu davam hrana. Duri i Pufi moja si ima chinija

Evangeline воопшто не е важен часот кога се поделил оброкот освен ако не сакаме сега да се докажуваме дека и ова е сечено,лепено и монтираноголема насмевка
Моментот на храната ставена на маса без тањир е одвратен и нехигиенски
Моментот на печена неизлупена пиперка врз парчето леб е понижувачки
Се работи за болни луѓе нели? 
Патем,небитно е кој е поголем прилепчанец,јас воопшто немам намера да си го докажувам потеклото со некој кој и не живее во Прилеп
Важно е тоа што
Во нашава болница нема ниту материјали,ниту лекари ниту пак услови за нормална работа.
Оној што бил приморан да бара болничка услуга убаво го знае тоа
Може и десет теми непотребно да се отворат за Прилеп ама реалноста е таква каква што е

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2015 во 18:57
Originally posted by Zdravko81 Zdravko81 напиша:

Ne stanuva zbor za toa koj e pogolem prilepcanec. Voslucajov stanuva zbor za toa dali nekoj tuka e prilepcanec ( ova mu idi kako da se ruga nekoj so domot kade zivee, kazano metaforicki, pak da ne bidam pogresno razbran)

А ти читај убаво што пижува и зборувај прецизно за да немаш чувство дека некој погрешно те разбира
Станува збор за кршот бо Градската болница за кој не убедуваш дека е совршенство.Ако сериозно го мислиш тоа тогаш навистина не живееш во овој град.На тоа мислев а не кој е поголем прилепчанец.Таквото докажување за мене е глупаво,шо се вели -ич не ми е гајле,еве биди ти поголемголема насмевка
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2015 во 21:50
Abe, koj bolnicar stavil taka pojadok? Ako primer Trajko lezi vo bolnica i ne mu se bendisuva jadenjeto go zema go stava na masa i go slika. Svakash shto e napraveno ovde... a ne se sluzi hranata po masite ovde onde... i dosta veke so toa... eeeee aman.
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2015 во 21:52
Nema golemi prilepcani na forumov.ima prilepcani koi se rugaat so samite sebe. Neznaeki vo koj gol teraat.
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2015 во 21:53
Ne vi repliciram poveke. No toa neznaci i deka ste vo pravo.
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2015 во 21:54
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2015 во 22:05
Пример тој твојот Трајко можи и да го стави на маса и да го слика оти по тебе Трајко е сечен,лепен и монтиран
Јас бев пациент на таа болница и Здравко таму храната не се става во ТАЊИРИ,затоа на болните обично им носат храна од дома,како што кога одиме таму си носиме и постелнина и таблетки против болки.За видот на храна кој таму се дава на болните не сакам ни да коментирам.Моево куче јаде подобра храна.
Така да Здравко кога нема што да се каже нормално е да ни кажеш чао,не реплицирам повеќе.
Патем добар тратман и посебна ВИП соба добиваат знаеш кои пациенти...е сега може пак ти да си од нив па абер немаш што се случува со простосмртниве.Ама и да е така не можат да ти донесат монтажно ВЦ,така да бар таму ќе си ѕирнел како е...мизерија во секој случај
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2015 во 23:41
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Ajde dosta se jadete megju sebe. Koj e pogolem prilepchanec, na drugana tema koj e pogolem makedonec..
Osven ako ne sluzat vechera vo 5-5:30, ne sum sigurna dali ova go dobile za vechera.
Barem po svetloto..

A ako pochneme da se fakjame za sitnici, ova ne znam kolku e higienski, pa ima i standardi koi moraat da se pochituvaat..
Jas vaka ni na kuche ne mu davam hrana. Duri i Pufi moja si ima chinija

Evangeline воопшто не е важен часот кога се поделил оброкот освен ако не сакаме сега да се докажуваме дека и ова е сечено,лепено и монтираноголема насмевка
Моментот на храната ставена на маса без тањир е одвратен и нехигиенски
Моментот на печена неизлупена пиперка врз парчето леб е понижувачки
Се работи за болни луѓе нели? 
Патем,небитно е кој е поголем прилепчанец,јас воопшто немам намера да си го докажувам потеклото со некој кој и не живее во Прилеп
Важно е тоа што
Во нашава болница нема ниту материјали,ниту лекари ниту пак услови за нормална работа.
Оној што бил приморан да бара болничка услуга убаво го знае тоа
Може и десет теми непотребно да се отворат за Прилеп ама реалноста е таква каква што е


Па токму и тоа го потенцирав. А тоа дали е сечено, лепено си знаат само пациентитенамигнување
Хигиенски - не е.
Практично - не е.
Дали ги задоволува потребите на возрасен човек? - Не.

И да, мојата мачка Пуфи има очигледно подобар третман од болните.
Пиперка и виршла од сомнително потелко, без декларација, сигурно купена рефус и притоа влечена по сто локации во картонски кутии додека стигне над парчето леб е понижувачки.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2015 во 08:35
Се сложувам дека Вецињата се во многу лоша состојба.
Се сложувам дека нема доволно персонал ( тоа е заради блокираната сметка по многу основи ...)
Не сум лежел во болница ( скраја да е, никој да не лежи, без разлика каква и да е болницата)
Но мои блиски лежеле и најмалку еднаш до двапати месечно го носам дедоми и знам дека:
НЕ ЛЕЖЕЛЕ ВО ВИП СОБА, НЕ ИМ СТАВАЛЕ ХРАНА НА МАСА БЕЗ ТАЊИР.
И пиперки со декларација во Македонија... немам видено... ни во Тинекс, ни ни во КАМ, ни во БОНИТА ни на пазар ... 
колку што знам едвај финансиски егзистираат а и со персонал се слаби ( им доаѓаат тимови од Битола), за да се дојде до специјализиран доктор треба време. А незнам како ќе баратат луѓето кога ќе заминат впензија двајцата хирурзи... тогаш нема да има постови од храна,виршли и пиперки... 
тогаш ќе има постови од фискални сметки во скапите болници... 

СПОРЕД МЕНЕ ВО РЕД Е ДА СЕ КРИТИКУВА, НО ДА СЕ КРИТИКУВА ДОКОЛКУ СЕ ЗНААТ БАРЕМ ПОВЕЌЕТО ФАКТИ, И ДА СЕ ДАДАТ ПРЕДЛОЗИ ( СПОРЕД МОЖНОСТИТЕ ) ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ И СЕ ОНА ШТО ЗАСЛУЖУВА ЕДЕН ГРАЃАНИН. 

ВЕРУВАМ ДЕКА ОВДЕ ИМА БИЗНИСМЕНИ... КАКО ШТО СЕ ДЕКЛАРИРААТ ПОГОРЕ... ПА МОЖЕ ДА ДОНИРААТ СРЕДСТВА ЗА ПО ЕДНА ВЦ ШОЉА И МИЈАЛНИК ( ТОА НЕКАДЕ ЌЕ ЧИНИ 6-7000 ДЕНАРИ максимум) Верувам  дека болницата ќе биде благодарна а и идните пациенти, секако.

дададададададададададададададададададададададада
  

Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2015 во 13:22
Да има едени единствен ПРЕДЛОГ,за вас повеќе идеи од паметни луѓе нема,единствена опција да се тргнете,и да дојдат вистински избори со законска регулатива и сите потребни работи за едно ЦИВИЛИЗИРАНО општество,а потоа да дојдат луѓе со ЧЕСТ и ДИГНИТЕТ и да ви кажат,не да НАПРАВАТ достојно да се живее во оваа земја,искористувана само од оние кои не знаат што прават и се фалат,а ги напаѓаат сите други кои РАЗМИСЛУВААТ поинаку и почовечно.Ќе се разбуди свеста на угнетените,таков е кругот на животот,се тркала и се менува.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2015 во 13:26
Таман си помислив дека се јави донатор... овде политики ми се мешаат на темава. 


Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.