IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 16>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 21:44

ЛЕСЕН КОЛАЧ СО ГОТОВ ПУДИНГ

20

Потребни намирници:

1 пакетче пудинг од ванила без варење

Пастеризирано млеко+кондензирано млеко

3 пакетчиња ванилин веќер

1 филџан слатка павлака

5 супени лажици шеќер во прав

1 пакетче бисквити

Карамел сируп

Лешници

Пудингот се меша со пастеризираното и кондензираното млеко, при што количината треба да одговара на упатството за подготовка на пудингот, а соодносот треба да биде 2/3 пастеризирано и 1/3 кондензирано млеко.

Павлаката се бие со миксер со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер во посебен сад.

Се додава лажица по лажица во пудингот, кој се меша постојано за да се изедначи смесата.

Во кутија за сладолед се става ред крем, ред бисквити, се поливаат со карамел сируп и редовите продолжуваат по истиот редослед, за на крај да се заврши со слој од крем.

Од горе се полива со сируп од карамела и со кршени ореви.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 17:38

ЧОКОЛАДНА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

5

250 гр путер

200 гр шеќер во прав

100 гр течна чоколада

3 јајца

100 мл млеко

100 гр ореви мелени

250 гр бисквити

Чоколада за декорација

Подготовка:

Путерот се бие со шеќерот додека не побели. Се додаваат едно по едно јајцата, чоколадата, млекото, оревите и мелените или кршени бисквити. Сите состојки се мешаат добро и се префрлаат во намокрен калап за торта. Се притиска нежно и се остава да отстои 24 часа во фрижидер. Откако ќе се извади од калапот, тортата се поросува со мелени ореви и стопена чоколада.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2015 во 21:11

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ЧОКОЛАДНИ ПРАЛИНИ СО КЕКСИ

8

Состојки:

  • 250 грама крем сирење (намаз)
  • 500 грама кекси полнети со чоколади (Oreo, Moto…)
  • 250 грама темно чоколадо

Подготовка:

1. Здробете ги кексите во трошки. Најлесен начин да го направите ова е да ги сомелете или пак да ги ставите во вреќичка и да ги поминете со валјак за тесто. Издвојте мал дел со кој ќе ги посипете на крај пралинето.

2. Здробените кекси ставете ги во сад и додадете го кремот од сирење и добро измешајте додека не добиете густа поврзана маса, а со рацете обликувајте бомбици со дијаметар околу 3 сантиметри.

3. Стопете го чоколадото на пареа и една по една бомбица ставете ја во него и потоа ставете ја во чинија. Додека чоколадото сè уште е топло, над бомбиците истурете го остатокот од здробените кекси и ставете ги во фрижидер да отстојат барем еден час.

Совет:

Доколку сакате бомбиците да ги посипете еднакво со чоколадо, тогаш ставете ги во сад и со две лажици внимателно вртете ги додека во целост не ги прелиете со чоколадото.

Истото можете да го направите со тоа што бомбиците ќе ги забодете на виљушка и внимателно потоа ја ставите во чоколадото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2015 во 09:15

Непечени крем коцки


Искористете ја магичната комбинација на бисквити и крем и за помалку од 20 минути ќе имате вкусни коцки кои ќе ви станат секојдневен ритуал.

nepeceni-krem-kocki-01.jpg

Потребни состојки:

  • 600g бисквити
  • 1l млеко
  • 6 големи лажици шеќер
  • 2 пудинзи од ванила
  • 2 лажици брашно
  • 3 лажици густин
  • 1 маргарин
  • Ванилин шеќер
  • 5 лажици Несквик
  • 100g црно чоколадо
  • 5-6 чоко банани
  • 2 портокали
  • ½ l слатка павлака
  • 1 кремфикс

Подготовка:

Прво направете го кремот. Во млекото сварете ги шеќерот, густинот, брашното, пудингот и ванилиниот шеќер. Оставете да се олади, па поделете го на 3 дела.

Во еден дел додајте Несквик, во вториот сечкани крем банани, а во третиот додајте го чоколадото.

Во сокот од портокалите натопете ги бисквитите, па наредете ги во редови 5 х 4.

Над првиот слој бисквити ставете го кремот од Несквик, потоа повторно ред бисквити. Втор на ред е кремот од чоко банани, па кремот со стопено чоколадо.

На крај изматете ја хоплата со кремфикс и премачкајте со добиениот шлаг.

Колачот служете го по неколку часа ладење.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 09:55

Непечен ролат со крем банани, готов додека го сварите кафето


Ладен десерт кој можете да го направите кога и да ви се пријаде благо, а во фрижидер и замрзнувач може да отстои и до неколку дена.

nepecen-rolat-so-krem-banani-gotov-dodeka-go-svarite-kafeto-01.jpg

Потребни состојки (за 2 ролата):

  • 2 жолчки
  • 200g шеќер
  • 2dl млеко
  • 150g чоколадо
  • 250g маргарин
  • 250g бисквити
  • 8-9 чоколадни банани
  • 2 листа обланди

Подготовка:

Жолчките, шеќерот и неколку лажици млеко изматете во пенаста смеса, а потоа додадете го стопеното чоколадо. Остатокот од млекото оставете го да зоврие.

Кога млекото ќе врие, додадете ја смесата од жолчките и варете на тивок оган со постојано мешање. Кремот нема да се згусне како пудинг, но додека се лади, ќе си ја добие густината.

Во оладениот крем додајте ги мелените бисквити и маргаринот кој пенесто ќе го изматите.

Листовите од обланда ставете ги на влажна крпа, да омекнат. Премачкајте ги со кремот, па наредете по неколку крем банани на самиот раб.

Заедно со влажната крпа мотајте ги обландите како ролат и оставете ги неколку часа да се оладат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 22:19

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: СКРИЕНИ БАНАНИ СО ПЛАЗМА И ОРЕВИ

6

Состојки
• 300 г мелени плазма кекси
• 100 г маргарин
• 100 г шеќер во прав
• 2 банани
• 1 крушка
• 1 кесичка ванилин шеќер
• 120 г мелени ореви
• 4 банани
• 1 кесичка шлаг пена (за шлагот)
• 200 мл млеко (за шлагот)
Подготовка
1. Изматете го маргариннот со шеќерот во прав, потоа додадете во таа смеса изрендана крушка и испасирани две банани.
2. Смесата полека измешајте ја со лажица. Потоа додадете ги мелените плазма кекси, ванилиниот шеќер и мелените ореви.
3. Убаво измешајте и на фолија расукајте смеса, наредете ги 4 банани по должина, завиткајте во ролат и оставете на ладно да се стегне.
4. Оладениот ролат декорирајте го со претходно изматениот шлаг крем со млеко.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 22:21

ЧОКОЛАДНА ТОРТА КОЈА НЕ СЕ ПЕЧЕ

3

Состојки:

  • 1l млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 300g млечно чоколадо
  • 100g бело чоколадо
  • 500ml слатка павлака
  • Пакетче бисквити

Подготовка:

Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го.

Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат.

Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ¼ додадете во темното и светлото чоколадо.

Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари.

brzo-i-lesno-cokoladna-torta-koja-ne-se-pece-02.jpg

Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа додадете го остатокот од смесата со темно чоколадо.

Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата.

Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа.

Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја.

Сечете и декорирајте по желба.

brzo-i-lesno-cokoladna-torta-koja-ne-se-pece-03.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 22:23

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ТОРТА ОД ЧОКОЛАДНИ КРЕМ БАНАНИ ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ

14

Состојки:

Пакетче “petit beurre” бисквити

25 чоколадни крем банани

200 мл кисела павлака

200 мл слатка павлака

200 гр шеќер во прав

Шлаг крем

Подготовка:

Во поголем сад со миксер изматете ги киселата и слатката павлака со шеќер во прав. Во смесата додадете бисквите искршени на поголеми парчиња, потоа и крем бананите искршени на помали парчиња па рачно измешајте. Смесата исипете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг крем. Ако е потребно може веднаш да се сервира, но би било најдобро пред сервирање да се олади во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2015 во 09:01

Едноставен колач од бисквити и пудинг за 10 минути


Ова е уште еден брз и лесен десерт кој ќе го изедете уште побрзо отколку што сте го подготвиле. Кремаст е и чоколаден, па совршен е за послужување во секоја пригода.

ednostaven-kolac-od-biskviti-i-puding-gotov-za-10-minuti-01.jpg

Потребни состојки:

  • 1,5 l млеко
  • 100g чоколадо за готвење
  • 4 чоколадни пудинзи
  • 8 лажици шеќер
  • 300g бисквити
  • 2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Во 300ml млеко измешајте ги пудинзите и сварете во остатокот од млекото со шеќерот и кесичките ванилин шеќер.

Во сварениот пудинг, додека е уште жежок додадете го чоколадото и мешајте да се растопи.

Во друг округол сад или тава ставете ги бисквитите искршени на парчиња. Прелијте со пудинг и мешајте.

ednostaven-kolac-od-biskviti-i-puding-gotov-za-10-minuti-02.jpg

Израмнете и обложете го колачот со проѕирна фолија. Откако добро ќе се олади можете да сечете парчиња или да вадите форми со калапи.

ednostaven-kolac-od-biskviti-i-puding-gotov-za-10-minuti-03.jpg

Декорирајте со овошје и чоколаден прелив.

ednostaven-kolac-od-biskviti-i-puding-gotov-za-10-minuti-01.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2015 во 16:28

ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ПАВЛАКА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

5

За денешниот лесен и летен рецепт со кој ќе го разубавите денот на блиските не Ви треба многу.Малку време, кутија кекси, хопла, јајца, млеко и чоколада за готвење – каде што сметаме дека не Ви треба постапка на приготвување бидејќи едноставоста на истата е достапна на фотографијата подолу. Отако ќе завршите со подготовката, оставете да се излади и сместете ја тортата во фрижидер. Послужете ја студена, во комбинација со студено кафе.

.1.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2015 во 08:14

МИЛКА ТОРТА СО ПЛАЗМА БИСКВИТИ

12
Потребно е: 12 јајца

10 лажици шеќер
375 г маргарин (едно и пол пакување)
300 г мелена плазма (едно пакување е 300 г)
600 г обични плазма бисквити
2 бели и 2 темни (обични, млечни) Милка чоколади

Подготовка: Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да вари на пареа да се згусне, притоа постојано се мати со миксерот.
Посебно се мати маргаринот и и’ се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки (мора да биде оладена, инаку ќе се растече многу). Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со готов шлаг.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2015 во 15:15

ЛЕШНИК КОЛАЧИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

7

Потребни состојки:

• 2 лажици мед – да се загрее
• 100 гр мелени лешници
• 100 гр мелени посни бисквити
• 80 гр шеќер во прав
• 1 лажичка рум
• 1 ванила
• 1 лажица путер
• 1 кора од портокал
• Сок од еден портокал
• 200 гр рендано чоколадо

Подготовка:

Наведените состојки се мешаат и се формираат топчиња.
По желба може да се чоколадираат, да се посипат со чоколадни мрвици, или со мелени лешници.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2015 во 15:16

НЕПРЕЧЕНА ТОРТА СО БИСКВИТИ, ЧОКОЛДО И РУМ

12
Состојки:

800 гр бисквити цели
2 филџани инстант кафе
Фил:
220 гр сецкани чајни колачи
120 гр мелени бисквити
200 гр шеќер
8 лажици млеко
50 гр чоколадо рендано
100 гр маргарин
50 гр мелени ореви
1 лажица рум
Фил 2:
500 гр слатка павлака
50 гр чоколадо рендано, како и рум по вкус

Подготовка:

Како и кај многу непечени бисквитни десерти и тука се топат бисквитите во инстант кафето и се образува кора со ширина и должина по ваша мерка.

Што се однесува до филот пак, неговата подготовка започнува со тоа што се топи шеќерот во млекото, се додава и маргаринот така стопени се полеваат мелените бисквити и кршени на парчиња чоколадираните кекси, се става рендано чоколадото, оревите и рум.
Се премачкува измешаната смеса над првиот ред од бисквит-кората, потоа се бие слатката павлака, се дели на половина едната половина останува чиста, а во другата се става чоколадото и рум малку, да ја засили аромата колачот, за да се разликува по бојата малку какао се става. Се оставаат двата дела слатка павлака во фрижидер додека ја образуваме втората кора од бисквити во нескафе, над нив се става делот со бела слатка павлака, повторно ред бисквитна кора и најгоре делот со малку обоена слатка павлака со чоколадо.
Украсете ја по избор, се лади во ладилник и така се служи..

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2015 во 15:17

ТОРТА 7 DAYS СО ПЛАЗМА И КРОАСАНИ

13

Состојки

  • 300 гр. плазма
  • 1 големо и едно мало пакување 7 Days кроасан со чоколадо
  • 1 големо и едно мало пакување 7 Days кроасан со ванила
  • 1.500 мл. млеко
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 2 пудинг од ванила
  • 240 гр. шеќер
  • 300 гр. еурокрем
  • 400 гр. маргарин
  • 100 гр. чоколада за готвење
  • шлаг за украсување

Упатство

Во 500 мл. млеко се става 120 гр. шеќер и се вари пудингот од ванила. На истиот начин се вари и пудингот од чоколадо. Се растопува чоколадото и се додава во чоколадниот пудинг. Двата пудинга се оставаат да се оладат. Маргаринот се мати и едната половина се додава во оладениот пудинг од чоколадо. Плазма бисквитите се потопуваат во топло млеко да омекнат па се редат на подлога за торта. Врз плазма бисквитите се става чоколадниот крем па наизменично се редат кроасаните со чоколадо и ванила. Врз кроасаните се става кремот од ванила. Се премачкува со еурокрем растопен на пареа. Toртата се украсува со шлаг.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.