IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 212223
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2014 во 13:33
ГЛАСОТ НА ПРОКЛЕТСТВОТО

Ден по ден се повеќе се распознавам во огледалото и се повеќе
откривам затрупани вистини за едни времиња што си ги откорнале
очите со канџи на лакома волчица за да си ги изедат ноќите неповратно...

Ден по ден се повеќе станувам јас и си ги враќам една по друга
растурените молекулли од калдрмите на детската глупост
да изградам мост над два клети брега што се држеле на плеките
на две неитересни сижеа од ненапишана бајка...

И се повеќе сеќавам како се враќам кон тивките реките на спокојот:
и ене ме пак - живо корито под сенките на жалната врба
кај ме чекала простум, плачејќи песни за водите, што ги испиле до последна
капка сушите на мојата лудост да бидам сонце на нечие мрачно небо...

И ене ме пак - миросан со опрост и благослов од жена што свикнала да чека,
И ене ме пак – искапен од гревовите со солзи на жена што свикнала на плач,
и ене ме пак - преслечен во нови хоризонти од жена што свикнала да трпи,
и ене ме пак - стојам пред огледалото и од ден во ден се повеќе
се распознавам во него, а нешто од него, слушам, како да ми вели
„СКРШИ МЕ, ПРОКЛЕТНИКУ!„
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2014 во 12:18
Те навлеков ли, птицо малечка, со филџан кафе, едно утро:
Кафето беше топло и миризливо и мамеше проклето
Со стишените звуци на твоите радости што некои дембелно
Ги гмечеле со калливи нозе без да ти гизбришат солзите
Со крпче од човечност...

Те навлеков ли, птицо малечка, со мојата одминливост, едно пладне:
Одминливоста беше преполна со меки треперења на спомени
што не можев да ги ибришам со стискање на delete на тастатура та
оти те имало во нив и пред да те има, осмислена како план за куќа
од починат проектант...

Те навлеков ли, птицо малечка, птицо прегладнета, една вечер
Со ронки од една прегорена љубов, та толку гладно ми колвеше
Од дланката небаре сакаш да ме умреш од непресушни убавини
Оти секоја ронка ме оживуваше и умираше по стопати во една секунда
Додека ти се надушував ...

Летој птицо, јас сето небо одамна го освоив за тебе
Летај и не гледај удолу...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2014 во 09:20
ИСТО КАКО ГАСЕЊЕ ЖАР ВО СРЦЕТО

Мене, птицо, не ме плаши брзањето на времето,
неговиот татнеж низ брзаците на одминливоста,
страотен и со сила на ровја во глуво поле...

Јас, птицо, од тебе научив како да го одвикнам од
лошите навики, како дете од цицање палец пред заспивање,
и како да ги пресметам, како на сметалка, сите
неистрчани километри до твоето будење
на дланката на моите немири кога те немаше
во именикот на неслучените убавини...

Ме плаши, птицо, неговото доцнење.
Можеби и ме убива. Како што ме убиваат цигарите
додека ги бројат неговите отчукувања
оддалечени едно од друго шестотини секунди
по западнобалканско време
додека те чекав така задоцнета
за цели триесетишестилјади и петстотини пакли ...

Боли, птицо, доцнењето на времето
исто како гасење жар во срцето...


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2015 во 11:13
ЛИЧНА КАРТА
Во мојата лична карта, како место на
постојано живеење го наведов твоето срце -
двособен стан со две широки соби:
едната за будење, другата за легнување.
Бројот не им го дадов, па го заведоа под б.б
во постојано менување на плацот но секогаш
свртен кон изгрејсонцето во твоите очи
со балконот. Го заведоа како стан за кој данокот
се плаќа со златна прашина од рудниците
на времето и лишен од право да прима потстанари.


Ме прашаа, уште, каква им е бојата на собите,
како можат да ме пронајдат во случај на војна,
има ли до станот скали за од пожар...
И ште многу сакаа да знат и да чујат...

Им реков, бојата им е иста како бојата на вечноста,
за војна не барајте ме, оти јас сум крваво боиште
на две адски војски што јаваат на коњите на болката
кога во мене со силен татнеж ќе се пробуди вулканот
од длабоките пештери на зборот...
Заведете го само станот ве молам, во мојата
лична карта за да можам да се пронајдам кога
очите ќе ми се наполнат со солзи што го имаат
нејзиниот мирис во извирањето...


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2015 во 11:45
ВО КОРАТА НА ЗБОРОТ

Ќе се испишам во кората на зборот како песна -
не мора никој да ја прочита, не мораш ни ти,
само ќе се испишам длабоко во кората на зборот
и ќе бидам песна – зборорез, колку да можам
да се погледнам во солзата на последното утро
без страв дека :
ќе ме обвиниш,
ќе ме проколниш,
ќе ме прашаш:
„Проклетнику, зошто... Зошто, бе, проклетнику...„

Ќе се испишам длабоко во кората на зборот како песна
а ти нема да знаеш, ти нема да препознаеш колку
од тебе има во неа, оти никогаш не ти кажав точно
ни колку од тебе конзумирав секојдневно додека наутро
ги гасев преморените ѕвезди со твоето име како шепот
и ја учев зората како да ја отвори вратата на твојот сон
а да не ти ги заљуби очите
а да не ти се заплтка во косите...

Ќе се испишам длабоко во кората на зборот како песна:
како песна за едно небо кое никогаш не те гушна со татковска гушка
како песна за едно дете што вдомуваше светулки во срцето
кога немаше ништо друго за вдомување,
како песна што ќе се раѓа секоја ноќ под твоите стапалки
од лисјето во паркот кога ќе го влечеш пресреќна
преморениот ден барајќи такси...

Ќе се испишам длабоко во кората на зборот како песна,
како песна што личи на воздишка натежната од
есенските дождови...

U KORI REČI

Ispisaću se u kori reči kao pesma –
Ne mora niko da je čita, ne moraš ni ti,
Samo ću se ispisati duboko u kori reči
I biću – pesma, pesmorez,
Tek toliko da se mogu pogledati u suzi poslednjeg jutra
Bez straha
Da ćeš me okriviti,
Prokleti,
Pitati :
“ Prokletniče, zašto? Zašto, prokletniče?.. “

Ispisaću se duboko u kori reči kao pesma,
A ti nećeš znati,
Nećeš znati koliko te ima u njoj…
Jer nikad ti ne rekoh istinu
Koliko te uzimah svakog jutra
Dok sam, kao šapat, gasio premorene zvezde tvojim imenom
I učio zoru kako da otvori vrata tvog sna,
A da se pri tom ne zaljubi u tvoje oči
I ne uplete u tvoju kosu…

Ispisaću se duboko u kori reči kao pesma:
Kao pesma jednog neba,
koje te nikada nije zagrlilo zagrljajem oca,
kao pesma jednog deteta,
koje je u svom srcu udomljavalo svice,
kada ništa drugo nije imalo da udomi…
kao pesma koja će se rađati svake noći pod tvojim stopalima
od lišća u parku koje ćeš, presrećna, vući za sobom
zajedno sa premorenim danom
dozivajući taksi…

Ispisaću se duboko u kori reči kao pesma,
Kao pesma, koja liči na uzdah,
Otežao od kiše…

SVETISLAV RAKIĆ
Sa makedonskog prepevala Snežana Aleksić Stanojlović
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2015 во 04:39
УТРИНСКА ПЕСНА

Мојот немир наутро се именува со ветрот
што ги надлетува цветните ливади на твојата душа
со мириси од јужните мориња

Збор сум:
од мене се испилуваат птици
од Рајските острови
да го поздрават твоето будење

И побратим со росата сум
кога излегуваш од сонот како од приѕирна ноќница
да го испиеш боса првото кафе во дворот
галејќи се дрско со тревите...

Ох, кој ли е тој што му ги подготвува боите на небото
та толку е убаво во твоите очи наутро...
Означи фотог
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 212223
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.