Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Март.2014 во 08:05 |
ЌОФТЕ ВО СЛАНИНА Потребно:
н 1 главица кромид н 2 чешниња лук н 700 г мешано мелено месо н 150 г рендан кашкавал н сол н бибер н чили во прав н 2 јајца н 3 лажици трошки н 8 парчиња сланина н 2 лажици масло н 125 г мајонез н 150 г кисело млеко н 2 лажици рен од тегла н 2 лажици сок од лимон Приготвување: ситно исечкајте ги кромидот и лукот, па измешајте ги со меленото месо, ренданиот кашкавал, јајцата, трошките, малку чили во прав, солта и со биберот. Од смесата направете осум ќофтиња и секое ќофте завиткајте го во парче сланина. Можете да ги наредите на стапчиња за реженчиња за полесно пржење и сервирање. Ќофтињата испржете ги во загреано масло. Измешајте ги мајонезот, киселото млеко и ренот. Смесата зачинете ја со сол, бибер и со сокот од лимон. Пржените ќофтиња сервирајте ги заедно со сосот од рен.
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:41
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Март.2014 во 08:07 |
МЕКСИКАНСКИ ПЛЕСКАВИЦИ Потребно:
н 500 г мешано мелено месо н 2 помали главици кромид н 75 г рендан кашкавал н 150 мл кечап н 30 г тортиња чипс н 1 лажица сенф н 1 чешне лук, ситно исечкан или истолчен н бибер Приготвување: измешајте ги меленото месо, ситно сечканиот кромид, кечапот, издробениот чипс, сенфот, лукот и биберот. Смесата добро измесете ја и од неа направете четири плескавици. Печете ги плескавиците од секоја страна на скара 10-12 минути. Сервирајте ги, по желба, со тортиља чипс и со кечап, а за прилог употребете ја вашата фантазија.
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:42
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Март.2014 во 06:09 |
Прво од меленото месо, една главица рендан кромид, јајцето и зачини се замесуваат ќофтиња. Компирите се сечат на тркала и се подваруваат во вода со вегета посолена Кромидот се лупи и се сече на поголеми тркалца и се пропржува заедно со печурките. Ќофтињата се пржат на зејтин и се реди тавата. Ќофтињата може да се пржат и во форма на топчиња зависно од желбата на готвачот. Во подмачкан ватростален сад се реди наизменично компир, па ќофте и така се завршува првиот ред. Над него се распоредуваат печурките со кромидот и се се залева со бешамелот. Се пече околу 40 мин на 200 степени и потоа-пријатен ручек ЗА БЕШАМЕЛОТ-се растопува маргаринот, па му се додава брашното и се пржи со постојано мешање.Одкако ќе се испржи се налева млекото и се меша додека зоврие па на крај му се додава и сирењето. Зачините по вкус на домаќинката, а мој предлог се-рузмарин, ким, вегета, црн бибер
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2014 во 18:38 |
Оризот се става малку да се подвари. За тоа време, ги сечиме тиквичките на 4 дела (еднаш хоризонтално и еднаш вертикално). Средината со помош на лажичка ја длабиме за да се добие лик како корито. Во тава на малку масло кратко време се пропржуваат ситно исецканите лук и кромид, па меленото месо и ренданиот морков. Кога месото ќе ја мени бојата го додаваме и доматниот сос и пржиме додека не се згусти. На крај, се посолува, се додаваат зачините и ренданиот кашкавал и ситно сецкан магдонос. Со оваа смеса ги полниме тиквичките и ги редиме во огноотпорен сад, предходно намачкан со маргарин. Печиме на 220 степени со фолија одозгора околу 20 мин. Во меѓувреме се подготвува преливот. Павлаката и млекото или киселото млеко заедно со јајцето се матат со помош на вилушка. Од оваа смеса со помош на лажица нанесуваме над секоја тиквичка и најгоре рендаме кашкавал. Враќаме во рерна и непокриено печиме уште 5 минути. Напомена Доколку не сакате да ставите ориз, тогаш додадете ги иструганите внатрешности од тиквичките, или пак ако одите по рецептот, тие делови искористете ги така што ќе ги распоредите помегу тиквичките. Место тиквички можите да употребите модри патлиџани. Со нив јадењето е исто така убаво. Добар апетит!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Април.2014 во 04:27 |
Подготовка на кофтето 1. Подварете го прво оризот, но да е полуварен. 2. Додадете во месото оладениот полуварен ориз, додајте 2 јајца, зачините кои вие сте ги одбрале, измешајте, направете ќофтиња во големина која вие ја сакате. 3. Сматете ги останатие 2 јајца и секое ќофте прво увалкајте го во брашното, па во јајцето и пржете ги на зејтин. 4. Откако сте ги испржиле сите ќофтиња, во истиот зејтин здробете или изрендајте кромид, ставете во истиот зејтин да се пржи заедно со брашното. Кога кромидот ќе добие зацрвенети ивици значи и брашното е испечено, залејте со вода да добиете не многу густ сос, додадете го изренданиот патлиџан, зачинете и оставете да проврие. 5. Истурете во тавче сосот кој што сте го добиле, додадете ги готовите ќофтиња и ставете во рерна да крчка. Кога сосот веќе изврел скоро до половина и ја добил саканата густина - извадете од рерната.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2014 во 16:02 |
ЌОФТИЊА ВО РЕРНАПотребни состојки: 300 гр. мелено месо, 1 јајце, презла, неколку кисели крставички, 200 гр. шунка, печурки, 200 гр. кисела павлака, 200 гр. кашкавал, маслиново масло, вегета, црн бибер, мајчина душичка Подготовка: Од меленото месо, јајцето и презлата правите смеса за ќофтиња и ја зачинувате со вегета, црн бибер и малку мајчина душичка. Формирате ќофтиња, да не бидат мали само и тенки, ги ставате во намрсен плех во рерна да се печат, десетина минути на 180-200 степени. Во меѓувреме, крставичките ги сецкате ситно, печурките, исто и шунката, им ја ставате павлаката и ги мешате да се соеднат во една убава, симбиозна смеса. Ги вадите ќофтињата од рерна и им ставате по една лажица од смесата врз нив, а врз неа по едно парче од претходно исечениот кашкавал ( на подебели парчиња) и ги враќате во рерна уште некои 10-15 мин, да се допече месото. Ова може да го сервирате со претходно сварен зеленчук.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Април.2014 во 22:18 |
РОЛАТ ОД МЕЛЕНО МЕСОПотребни состојки: 1 кг. мешано мелено месо 300 гр. кромид 1 чешне лук 1 лажица копар 1 лажица магдонос 1 лажица вегета 1 јајце 100 гр. кашкавал Масло за јадење Сол и црн пипер Припрема: Ситно исецкајте го кромидот и лукот и додајте ги во меленото месо. Додајте ги ситно сецканиот копар и магдонос и зачинете со сол и црн пипер. Додајте една лажичка масло за јадење и едно изматено јајце и вегета. Целата смеса добро измесете ја се додека не се хомогенизира. Намачкајте фолија со масло за јадење, па месото распоредете го во форма на правоаголник и свиткајте го во ролат. Ролатот ставете го во тава за печење која претходно сте ја намачкале со масло за јадење. Печете половина час на температура од 250 степени, па превртете го ролатот. Печете уште 20 минути, па извадете ја тавата од рерна и врз ролатот додајте го ренданиот кашкавал. Вратете ја тавата во рерна и оставете го ролатот да се допече. Откако ќе биде готов, изечете го на дијагонални парчиња кои ќе ги сервирате на голема чинија. Добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Мај.2014 во 18:32 |
Потпечени плескавици Состојки: - 500g мелено месо
- 1 кромид
- 2 парчиња леб
- 3 јајца
- 4dl павлака
- Сол, бибер
- Зачини
- Масло
Подготовка: Лебот потопете го во вода, издробете го на парчиња и додајте го ситно сечканиот кромид. Меленото месо, заедно со 1 јајце, сувите зачини, сол и бибер измешајте ги во садот. Рачно измешајте ја смесата и обликувајте мали плескавици, па пропржете ги од двете страни неколку минути. Потоа, наредете ги во тава за печење, изматете ја павлаката со двете јајца и полијте ги. Печете половина час на 200 степени и послужете со свежа салата.
Изменето од Valerija - 05.Мај.2014 во 18:33
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Септември.2014 во 23:04 |
Направете вкусни ќофтиња со лук
Состојки - 1 главица лук
- 1 лажица путер
- 1 лажичка сок од лимон
- прстофат сол
- 1/2 килограм мелено месо
- 100 гр. ситно сецкан кромид
- 1 јајце
- 1 лажичка рузмарин
- 1 лажичка жалфија
- 1 лажичка мајчина душица
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 лажичка црн бибер
- 50 мл. маслиново масло
Постапка Загрејте ја рерната на 200 степени. Отсечете го врвот од лукот но не ја лупете лушпата. Ставете го лукот на парче алуминиумска фолија. Додадете врз лукот лажица путер, 1 лажичка сок од лимон и зачинете го со сол. Завиткајте ја добро фолијата и затворете го лукот. Печете го во рерна околу 40 минути. Потоа оставете го да се излади. Намалете ја јачината на рерната на 180 степени. Во еден сад измешајте го меленото месо со кромидот, јајце, рузмарин, жалфија, мајчина душица, сол и бибер. Добро измешајте ги зачините со месото. На крај излупете го печениот лук, испасирајте го и измешајте го со месото. Од меленото месо формирајте 15 ќофтиња. Поставете ги ќофтињата на плех и испрскајте ги со маслиново масло. Печете ги ќофтињата во рерна 30 минути. На крај зголемете ја јачината на рерната на 200 степени и печете ги уште 5 минути за да добијат кафеава боја. На здравје!
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:42
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Април.2015 во 17:37 |
Рецепт: Најдобри домашни кебапчиња за 1-ви Мај
Празникот на трудот не може да помине без традиционалната скара, со која покрај ладно пиво и добро друштво, беспрекорната забава е неизбежна. Доколку сакате вашата скара да биде повеќе од само добра, не купувајте готови кебапчиња и плескавици, туку направете свои, оригинални. Готовото мелено месо кое се нуди во продавниците, колку и да е квалитетно, никогаш нема да биде толку добро колку она кое сами ќе го направите. Ви претставуваме неколку трикови и рецепти за совршено месо на скара. Машина за мелење месо
Доколку сакате сами да направите мелено месо за на скара, потребна ќе ви биде машина за мелење месо, или доколку немате, ќе може избраните парчиња да ви ги измелат при самото купување во месарницата. Месото за скара потребно е да се исече на покрупни коцки, а потоа да се измеле два пати. Пред да го измелете вториот пат, месото би требало да го измесите со раце, за смесата добро да се врзе. Според некои стари рецепти, би требало да додадете и малку овчја лој, бидејќи тоа добро го врзува месото. Но, доколку самото месо е помасно, тоа ќе биде сосема доволно.
Сето тоа би требало да го направите ден претходно, бидејќи најдобро е смесата да отстои преку ноќ, пред да биде подготвена за печење.
Какво месо да употребите?
Кога станува збор за видот на место, постојат разни комбинации. Можете да пробате само со јунешко, но познавачите кажуваат дека најдобро е кога ќе се додаде уште некој вид на месо. Еве два предлози:
- 500 гр јунешко месо, 250 гр свинско и 250 гр јагнешко месо
- 500 гр јунешко месо и само 250 гр свинско или 250 гр јагнешко месо
Што уште да додадете?
Од зачините неизбежни се солта и мелениот бибер, а може да додадете и други зачини доколку сакате месото да добие специфичен вкус. За таа цел можете во смесата да додадете малку иситнет магдонос или магдонос во прав, а многу скараџии додаваат и кромид и лук. Наша препорака е во смесата да додадете 2 до 5 проценти многу ситно исечкан кромид. Зачините можете да ги додадете помеѓу првото и второто мелење.
Некои мајстори додаваат и презла, односно стар измелен леб, за месото да добие подобра текстура. Секако, доколку го правите за себе, нема да сакате да добиете на количина туку на квалитет, па немојте да додадете повеќе од 5 до 10 проценти.
Мали трикови
Во делот на подготвената смеса можете дополнително да додадете чадена сланина или некое друго сушено месо, како и истолчена сува пиперка. Така ќе добиете гурмански уштипци или плескавици, во зависност од тоа како сакате да го обликувате месото.
Кебапчињата можете да ги правите со раце, кои претходно треба да ги измастите со масло.
За време на печењето ви препорачуваме да набавите неколку гранчиња свеж рузмарин и малку маслиново масло. Гранчињата потопете ги во маслиново масло и премачкајте го месото додека се пече, кога веќе ќе биде речиси готово.
Уживајте во добрата скара и имајте убав празник!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Август.2015 во 13:59 |
Оригинален рецепт за ќебапчиња: Вкус кој маѓепсува!
Прво и основно, треба да користите микс од месо, а основата е јунешко во кое може да се додаде овчо, јагнешко или свинско.
Речете само еден магичен збор – ќебапчиња и реакцијата е однапред позната: кога личноста покрај вас ќе ги слушне овие зборови, веднаш почнува да размислува за тоа каде да си купи една 10-ка, или пак сендвич со пет ќебапчиња, повкусен од било што.
Иако мајсторите овој рецепт го чуваат само за себе, ние се решивме да ви го споделиме:
Прво и основно треба да користите микс од месо, основата е јунешко, во која можете да додадете свинско, овчо или јагнешко. Комбинацијата треба да е 70 % јунешко со 30% мешавина.
Потребни состојки: - 750 грама јунешко месо
- 250 грама овчо месо
- 1 лажица сол
- лажица вегета
- 1 лажица бибер
- ½ главица лук
- 1 лажица кајмак
- малку минерална вода
Подготовка:
Исечете го месото на ситни парчиња и мелете го неколку пати, се додека не заклучите дека истото е подготвено за месење.
Во блендер иситнете го лукот, се со цел од него да се исцеди сокот, а потоа месото помешајте го со овој сок, заедно со зачините кои што ќе ги додадете по ваш вкус, како и со кајмакот и минералната вода. Добро измешајте ја смесата и оставете ја да отстои неколку часа во фрижидер. Се препорачува вака подготвената смеса да остане во фрижидерот преку цела ноќ.
Започнете да го обликувате месото со помош на готварски шприц со додаток за ќебапи, но доколку го немате ова помагало во кујната, истото можете да го направите и рачно. Ќебапчињата печете ги на скара, но доколку во домот немате скара, приготвувањето можете да го направите и во тава, со исклучително мало количество на масло.
Пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Август.2015 во 21:08 |
ЌОФТИЊА ПОЛНЕТИ СО МАСЛИНКИПотребни состојки: - 500гр мешано мелено месо
- 100гр презла
- 2 јајца
- 20-25 маслинки полнети со пиперка
- бибер
За сос: - 2 лажици мелен зелен бибер
- 1дл павлака за готвење
- 100гр варен спанаќ
- сол по потреба
Начин на подготовка: Меленото месо помешајте го со презла и јајца да добиете хомогена смеса. Додадете бибер и сол и уште еднаш помешајте. Со влажни раце издвојувајте по малку месо во средината додадете ја маслинката и обликувајте ги ќофтињата. Држете ги 20 минути во фрижидер, па наредете ги на подмачкан плех и печете околу половина час на 280 степени. За време на печењето свртете ги од другата страна. Сварете спанаќ и иситнете го во блендер, во тенџере соединете ги сите состојки, Варете една до две минути и тргнете од оган.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 21:19 |
Гнезда од мелено месо
Интересна комбинација со месо и кашкавал, идеална храна за вработените мамички ПодготовкаОд горе наведените состојки се замесува тесто за ќофтиња, со рака од месото се формираат гнезда и внатре се става рендан кашкавал. Се става во тава од шпорет, се става зејтин и малку вода и се печат на 200 степени.. Време на подготовка од: 5 Време на подготовка до: 35 Број на лица: 5 Kомплицираност: 3
Состав600гр мелено месо,1 главица кромид, магдонос, 2 јајца, 2 лажици презла и кашкавал
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Февруари.2016 во 22:31 |
САРАЕВСКИ ЌЕБАПИ
Сараевските ќебапи станаа препознатлив бренд во цел свет и долго се криеше рецептот за нив, а сега прв пат е објавен рецептот – како се прават традиционални сараевски ќебапи, оние чаршиските по кои Сараево е препознатлив град. Еве како сами да направите смеса за ќебапи: Поентата е во доброто месо, начинот на подготовка, и смесата добро да отстои. Се што ви е потребно за вистински ќебапи е: 1.5 кг мелено телешко месо, 0.5 кг јагнешко, 4-5 чешниња бел лук сол 2 лажички сода бикарбона. Начин на подготовка: Месото исечено на коцки добро насолете го, измешајте го и полијте го со околу 100мл вода и лук кој претходно малку сте го подвариле. Смесата измешајте ја и оставете ја преку ноќ во фрижидер. Следниот ден смесата сомелете ја во машина за месо два пати, оставете да отстои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер. Пред да почнете да обликувате ќебапи во смесата додадете сода бикарбона и тоа е тоа.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|