IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Дали да се легализира марихуаната?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали да се легализира марихуаната?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 31>
Автор
Порака
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 21:49
Јас сето ова го гледам низ призмата на оние кои профитираат од ова.
Убаво е да се изнесуваат ставовите,да се водат дебати.
Но дека тие ќе бидат пресудни,може само да се лажеме.
Впрочем многу лесно може да се инструментализираат истите
да изгледа онака како што сакаат да биде оние кои од ова би имале корист.
Лично никогаш не сум конзумирал ваков тип на лесни,но ни тешки дроги
и еден закон не може да го смени моето мислење за истите.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 22:22
Потполно се сложувам со твоето мислење.

Декриминализирањето и легaлизирањето само вели дека нешто не треба да биде кривично гонето и дека може да биде во слободна продажба (тоа не значи дека по некаков автоматизам може да биде неконтролирано и нерегулирано - како пример можат да послужат цигарите и алкохолот). . 

И јас никогаш не сум конзумирал никакви дрoги и никогаш не сум пушел. Како и многумина други луѓе, легализирањето на било што не би направило да си го сменам својот начин на живеење.

Како што впрочем и забраната не го менува на оние другите.





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 03:16
Originally posted by Renatax Renatax напиша:


За нашево поднебје ова е многу чувствителна тема за дискусија,бидејќи се смета дека легализацијата на марихуаната ќе резултира со зголемен број на консументи,па заради тоа луѓето кои се поборници за легализацијата на истата, се изложени на директни удари од неистомислениците.Имено,сите се некако едногласни кога се зборува за медицинската придобивка,а повеќето се против заради стравот од легална и едноставна достапност на оваа лесна дрога и претпоставката дека зависноста од тешки дроги започнува со марихуана,па оттаму доаѓа и отпорот.Кога на претседателите,лидерите на партиите,духовните водачи, ќе им се постави она скокотливо прашање ,,Што мислите за легализацијата на марихуаната?,, ,веднаш даваат дипломатски одговори во стилот,,Па видете,јас сум ЗА доколку таа се користи заради своите фармацевтски својства,,,а остатокот од неизговорениот одговорот би бил ,,Големо НЕ ,ако се користи за поматување на свеста,, .Во контекст на другите пороци како што се алкохолизмот,пушењето,коцкањето ,јас сум  изричито против,ама нивното користење е со закон одобрено ,што по автоматизам не значи дека дека секој човек мора да биде пијаница или коцкар,како што не значи ако можеш да купиш дрога легално ,мора да станеш наркоман.Еве примерите во нашето опкружување докажуваат дека оние што сакаат да си ја поматат здравата свест и свесно сакаат да си го уништат животот тоа и сега нелегално го прават .Значи,се е релативно...се зависи од цврстината на карактерот на единката да се одолее на искушенијата/пороците,од домашното воспитување ,средината итн.На крајот,што и да се случи,наше е да си ја зачуваме здравата свест...












Токму така.
Премногу чувствителна тема е бидејќи има премногу чувствителни луѓе, односно да прецизирам, луѓе чувствителни на туѓите слободи.
И кога луѓе со релаксирани ставови ќе налетаат на такви, обично се повлекуваат од страв да не бидат јавно стигматизирани. Тоа е погрешна тактика и токму затоа во нашево општество доминираат назадни ставови базирани на сосема неразумни претпоставки. Дека нелегалноста некако магично ја намалува побарувачката, е само еден од многу примери.
Затоа и сум упорен во дискусијата. Неможеме да одлучуваме за туѓи судбини врз основа на празноверие и митови кои немаат никаков допир со реалноста. За било какви лични слободи, не само за марихуаната.

И на крајот се зависи од единката, како што кажа ти. Индивидуален проблем е. И оттаму не е во ред да бараме колективистички санкции нели.

Never underestimate the power of stupid people in large groups
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 18:59
Апсолутно!Индивидуален избор,индивидуален проблем!Кого да обвиниме за сопствените постапки?Нека секој си работи на подигање на свеста,проширување на знаењата,промената на сфаќањата на вредностите и ставовите спрема себе и општеството воопшто преку самовоспитување.Затоа мислам дека ако си личност со интегритет,ти нема да посегнеш по наркотици иако се законски одобрени,а  ако си имаш афинитети кон нив ,ти и вака ќе си ги набавиш на црно.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 22:23
Малку  темава   се расплинила  во некои други насоки....не можам да сфатам .....кога се кажува дека треба да постои избор.....дали тоа значи дека на пример ако марихуаната е легална.....и едно дете ги гледа своите родители како ја користат...дали тоа дете има избор ?
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 22:34
Многу воопштувања… како со пушењето цигари, пиењето алкохол или користењето дроги.

Не секое дете пуши ако му пушат родителите, не секое дете пие ако му пијат родителите… не секој рoдител се пијани доколку веќе пие.

Hе секој човек се дрогира, не секое дете на наркомани се дрогира.

На крајот од краиштата, иако цигарите и алкохолот се легални и во слободна продажба cекој не пуши и не пие.

Инаку, кога беше прохибиција луѓето кои сакаа да пијат - пиеја.

Што на крајот кажува дек сепак постоел, постои и ќе постои избор.

Зошто коментирам за легализација на марихуаната?

Не затоа што ја користам. Никогаш не сум ја конзумирал.

Туку затоа што од од врвни личности и здравствени организации гледам дека неправедно била сместена меѓу дрогите и дека од неа има далеку повеќе корист отколку што има од цигарите и алкохолот заедно.











Изменето од Messenger - 15.Август.2015 во 22:42
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2015 во 03:08
Originally posted by Феникс Феникс напиша:

Малку  темава   се расплинила  во некои други насоки....не можам да сфатам .....кога се кажува дека треба да постои избор.....дали тоа значи дека на пример ако марихуаната е легална.....и едно дете ги гледа своите родители како ја користат...дали тоа дете има избор ?


Ова ме потсети на еден познаник кој е смртно преплашен дека детето можеби ќе му се продува. И додека го кажува тоа му дава на петгодишното дете да проба малку ракија. Онака голтка. Да не му падне тулето. И така на секоја еб.на слава на која го среќавам. Ама тоа е ок нели? На сите околу им е забавно кога детето се мршти од вкусот. Сите си се смеат ко дебили. Потпијанети и без контрола.
Живели.

Се разбира дека има избор. Сите имаме избор. Не сме до толку фаталистички детерминирани од поведението на родителите. На крајот бидејќи 99% од нашите родители се против марихуаната, се прашувам од каде ли излегоа сите тие конзументи?
Never underestimate the power of stupid people in large groups
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2015 во 03:18
Originally posted by Messenger Messenger напиша:



Зошто коментирам за легализација на марихуаната?

Не затоа што ја користам. Никогаш не сум ја конзумирал.





Меси, нема зошто да се правдаш или да се исповедаш дали користиш. Тоа воопшто не ја менува тежината на твоите аргументи, ниту било како влијае на дискусијата. Тоа што некои коментатори го користат ова за да изблујат ад хоминем напади во недостаток на аргументи (не го слушајте наркоманот!!!) е само доказ за нивната затапеност и ништо повеќе.
Never underestimate the power of stupid people in large groups
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2015 во 10:21
Originally posted by TheNagual TheNagual напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:



Зошто коментирам за легализација на марихуаната?

Не затоа што ја користам. Никогаш не сум ја конзумирал.





Меси, нема зошто да се правдаш или да се исповедаш дали користиш. Тоа воопшто не ја менува тежината на твоите аргументи, ниту било како влијае на дискусијата. Тоа што некои коментатори го користат ова за да изблујат ад хоминем напади во недостаток на аргументи (не го слушајте наркоманот!!!) е само доказ за нивната затапеност и ништо повеќе.

среќаЕпа тоа е тој сензибилитет за кој ја зборувам...иако се  зрело аргументирани одговорите на одредени форумџии на вакви теми,луѓето задолжително чувствуваат потреба да се произнесат за нивниот личен избор,како не би биле етикетирани од остатокот на популацијата .Воопшто нема потреба да се чепка по нечиј туѓ живот или избор,понеопходно е да бидеме крајно екстровертни по ова прашање.А онаа слика со нудење ракиичка на мало детенце ,верувам секој од нас ја видел на одредени скупови,ама на тоа се гледа од духовитата страна,никако како  вовед од мали нозе во сериозен порок.Интересна е ситуацијата со мене во смисол навики ,избори ,пороци...Јас сум кофеино/никотински зависниктага,и од секој аспект ги разбирам таквите како мене,арно ама...се фатив себе си како размислувам за алкохоличарите,наркоманите... и за нив неможев да најдам оправдување за она што го прават и често се прашував зошто луѓето свесно си посегаат по сопствениот живот,а при тоа го нарушуваат балансот и на општеството?!Но, зарем не го правам и јас тоа истото???Зарем со цигарите не се уништува здравјето,зарем јас како медицинско лице не го знам тоа?Зарем треба да бидеш медицинско лице за да ја спознаеш штетонста од никотинот?Зарем јас не ги правам моите роднини и пријатели непушачи пасивни пушачи?И да,со својот избор и јас имам негативно влијание во општеството,мора да си го признаам тоа...порок не е порок ,ако од него нема дисбаланс лично на себе,а потоа и пошироко.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2015 во 11:51
И сега свесно,или несвесно тука почна да
се осудува личниот избор.А пак ќе повторам
самата легализација во моментов не оди во
прилог на оние кои го контролираат пазарот.
Тоа што некој се изјаснил оти не конзумира
подифолт не е и дека не се согласува со
легализација на истото.Но од мој агол
легализацијата сама по себе во никој случај
нема да биде во тие рамки да секој дома
може слободно да си сади што сака и колку сака.
И ако на црниот пазар е цената таа која што е
оди дирекно во џеб на тие моќници.А тие моќници
се влезени во секој сегмент на општествениот живот.
Сликата дека ситни дилерчиња тоа го контролираат
и се оние кои го имаат кремот од сето тоа е илузија.
Е тие моќници така лесно тешко дека би се откажале
од својот дел за да оди во даноци,дополнителни трошоци
кон државата за лиценци и што ти уште не.
Не поготово што дел од нив секогаш и се тесно поврзани со
државните институции.
Јас како граѓанин,да би сакал да биде легална од
проста причина што тие пари би биле користени за општо добро,а
изборот секако ќе си остане индивидуален.
Ама каде сме ние од таа свест за општо добро...
Секој со своето искуство и својата совест.
Израснав во маало каде во средината на деведесетите
многу деца се навлекоа на овие подоцна и на појаки дроги.
Никој не ми стави нож на грло да морам и јас,но патот
по кој тие одеа и двајца од нив завршија ми дава за право да речам
не за нивно конзумирање.А никако пак и не би им го удрил
од нос на оние кои се решиле да ги користат.Барем не до оној момент
кога мојот комодитет и безбедност не го загрозуваат.
Или у тој жаргон додека им е добар филмот ОК.
Ама почнат ли да ми паѓаат у бедови нека фураат подалеку од мене.
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2015 во 16:31
Се согласувам. Легализацијата моментално не им оди во прилог на многу групи кои денеска заработуваат милиони поради таквиот закон. Црниот пазар е една од тие групи, потоа фармацијата, производителите на алкохол и така натаму. Но мислам дека најголем мотив има самата полиција. Не само бидејќи полицијата е длабоко поврзана со нарко картелите. Има тука и еден друг, многу по мрачен мотив. Ако марихуаната стане легална на полицијата ќе и се случи драстично намалување на пазарот за "спречување на криминал". Марихуаната е најприсутна од сите илегални супстанци и воедно најлесно достапна гранка за да се пополнат полициските билтени и да се прикаже дека полицијата нешто работи. Конзументите на марихуана воглавном се сосема нормални луѓе со кои на полицијата и е далеку полесно и помалку ризично да се справи отколку со криминалци и полудени зависници од тешки дроги. Друго, постои цела армија на полициски службеници и административци кои во случај на легализација би можеле да станат технолошки вишок.
Еве замислете утре да решат кафето да стане илегална супстанца. Тоа автоматски ќе криминализира еден огромен дел од популацијата. А бидејќи љубителите на кафе нема да се откажат од кафето поради законот, сето ова ќе значи повеќе работа за полицијата, повеќе вработувања на полицајци, повеќе пари за МВР, повеќе пари за судовите и затворите, повеќе пари за политичарите и нивните анти-кафе кампањи и така натаму. И се разбира, нова лукративна зделка за криминалците.

Во случајов нај изиграни се конзервативните "душебрижници" кои во случајов ја играат улогата на врескачи на дугме кои несвесно одработуваат за криминалните интереси на нарко картелите и корумпираните џандари и политичари.
Never underestimate the power of stupid people in large groups
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2015 во 17:06
Originally posted by Орка Орка напиша:


Но од мој агол легализацијата сама по себе во никој случај
нема да биде во тие рамки да секој дома
може слободно да си сади што сака и колку сака.


Не разбирам што сакаш да кажеш. Дури и при легализација ќе има ограничувања колку едно лице смее да одгледува за сопствени потреби.
Легализацијата е крајна цел, но до неа се стигнува преку постепена декриминализација. Декриминализацијата е еден вид на компромис помеѓу конзументите и противниците. Во тој случај продажбата и масовното производство се кривични дела, но поседувањето на количини за лична употреба, како и ограниченото домашно производство за лична употреба се легални.
И тука повторно би го споменал шпанскиот пример по кој мислам дека треба да се водиме. Во Шпанија марихуаната е декриминализирана. На луѓето им е дозволено да поседуваат и конзумираат марихуана, како и да одгледуваат до 5 растенија од човек се додека тоа се случува на приватен простор. Јавното конзумирање се третира прекршочно со високи казни, а доколку растенијата во приватен простор се видливи во јавниот простор исто така следуваат високи казни. Продажбата и дистрибуцијата се сеуште илегални и се третираат кривично. Во Шпанија постојат околу 500 канабис клубови кои одгледуваат марихуана исклучиво за потребите на клубот. Па така ако немате услови за одгледување можете да станете член на некој од тие клубови, така да воопшто немора да си имате работа со улични дилери. Ваквата легислатива претставува сериозен удар за мафијата. Се проценува дека профитите на нарко мафијата ќе паднат на 10% после ваквите законски измени.
Според ова мислам дека ако се постигне доволно широка декриминализација, легализацијата нема да има потреба да се спроведува. Освен за медицинска марихуана , се разбира. Со ова, ем "душебрижниците" нема да мораат во јавност да гледаат луѓе како дуваат или како се продава марихуана, ем конзументите ќе бидат слободни да го прават тоа се додека на го прават јавно.
Легализацијата може да се постигне, но многу претпазливо и постепено. Не толку поради ефектите колку поради реакциите на нашето ниско толерантно општество. Ако одеднаш почнат да никнуваат кофи шопови гарантирам дека тие брзо ќе станат мета на вандализам, на сличен начин како што ЛГБТ центарот беше повеќе пати демолиран.
Never underestimate the power of stupid people in large groups
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2015 во 17:38
Јавна тајна е дека најголемиот нарко дилер на светот е ЦИА. Таа така си ги полни црните фондови за операциите кои според американскиот закон не можат да бидат дозволени и финансирани.

Затоа декриминализирањето и легалзирањето на марихуаната нема да оди лесно. 

Се работи за поголеми интереси на посилни играчи на светската сцена.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2015 во 20:58
Never underestimate the power of stupid people in large groups
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 31>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.