IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Јадења низ светот што мора да се пробаат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Јадења низ светот што мора да се пробаат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:06

ФРАНЦУСКА МУСАКА

Потребни состојки:

2 главици кромид

1 морков

2 чешниња лук

200 гр. соја

1 лажица вегета

100 гр. доматно пире

2 кутии инстант пире

Сол и црн пипер

Припрема:

Сварете ги сојните трошки и исцедете ја водата. Во енџере ставете го ситно исецканиот кромид и ситно исецканиот морков, па додадете малку вода и 1 лажица зејтин и промешајте. Додадете ја сварената соја и оставете смесата да се динста 15тина минути. Потоа додајте го доматното пире и зачините, промешајте и динстајте уште 5-10 минути.

Направете го инстант пирето според упатството на кутијата. Во тава за печење ставете половина од готовото инстант пире, па врз пирето рамномерно распоредете го претходно подготвениот сос. Потоа додајте го останатото пире и вака приготвената мусака ставете ја во рерна да се пече на 200 степени околу 20 минути. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:22

СПЕКУЛОС – БЕЛГИСКИ КОЛАЧИЊА СО ЦИМЕТ И БАДЕМИ

Потребни состојки:

250 гр. брашно

125 гр. кафеав шеќер

1 јајце

1 лажичка цимет

5 капки екстракт од цимет

1 прашок за пециво

100 гр. путер

50 гр. мелени бадеми

Малку сол

Припрема:

Во посебен сад ставете го брашното, шеќерот, мелените бадеми, прашокот за пециво и циметот. Растопете го путерот и додајте го екстрактот од цимет па матете со миксер. Потоа додајте го јајцето, изматете со миксер, додајте ја смесата со брашно и солта, па со рака измесете ги состојките за да добиете меко тесто.

Направете цилиндар од тестото со дебелина од околу пет сантиметри. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои преку ноќ во фрижидер. Утредента извадете го од фрижидер, отстранете ја фолијата и исечете колачиња со дебелина од пет милиметри или еден сантиметар.

Во тавата за печење ставете хартија за печење и печете во загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови околу 15 минути, па оставете ги колачињата да се изладат. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:25

АМЕРИКАНСКА ПИТА СО ЧОКОЛАДО

Потребни состојки:

За тесто:

120 гр. маргарин

100 гр. брашно

½ лажичка сол

1 лажица ванилин шеќер

За фил:

½ литар хопла

200 гр. чоколадо за готвење

Припрема:

Изматете го маргаринот, па додадете го брашното, шеќерот сотла и водете. Месете го тестото со раце се додека не добиете тесто без грутки, па ставете го тестото во фолија и оставете го да отстои 20тина минути во фрижидер.

На набрашнета работна површина развлечете кора со дебелина од 5 мм и кората префрлете ја во тавата за печење која претходно сте ја намрсиле со маргарин. Со прстите притиснете го тестото за добро да се залепи на тавата. Вишокот тесто исечете го со нож. Печете го тестото во загреана рерна на температува од 180 степени околу 15 минути се додека не добие златна боја.

Загрејте ја хоплата во тенџере, а откако ќе зоврие намалете ја температурата и додадете го искршеното чоколадо. Мешајте се додека чоколадото не се стопи и не добиете глатка течност, па тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се излади.

Прелијте го тестото со филот, па ставете ја питата во фрижидер да отстои минимин 2 часа за филот да се стегне. Откако ќе се излади, исечете ја тортата на парчиња. Ставете едно парче торта на чинијата за сервирање и украсете со чоколаден прелив. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:26

ФРАНЦУСКИ ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ


Потребни состојки:

100 гр. путер

120 гр. црна чоколада

4 јајца

60 гр. брашно

100 гр. шеќер

3 дл. слатка павлака

Припрема:

На пареа растопете ја чоколадата и путерот, па изматете го шеќерот, брашното и јајцата (изматете ги посебно белките, па додајте ги на смеса, па потоа и жолчките со шеќерот).

Во смесата додадете ја истопенат чоколада и изматете со миксер.

Сад за печење со кружен облик намачкајте го со путер, па во него додадете ја смесата и печете на температура од 200 степени 30тина минути.

Кога колачот ќе се испече премачкајте го со растопена чоколада и оставете го да се излади, па украсете го или премачкајте го со матена слатка павлака, шлаг или сладолед. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:29

ФРАНЦУСКИ ТОСТ СО ВАНИЛА РИКОТА, ЈАГОДИ И БОРОВИНКИ

Потребни состојки:

100 гр. јагоди

100 гр. боровинки

200 гр. шеќер

100 гр. свежа рикота

100 мл. крем сирење

100 гр. бадеми

100 гр. лешници

6 парчиња леб

2 јајца

1 лажица екстракт од ванила

20 гр. путер

Припрема:

Во блендер изматете ги боровинките и јагодите со половина од шеќерот. Во посебен сад измешајте ја риколата со крем сирењето, ванилата и остананиот шеќер, па ставете ја смесата во фрижидер да се стегне. Исецкајте ги бадемите и лешниците.

Во посебен сад изматете ги јајцата и 50 гр. шеќер во прав. Лебчињата ставете ги да отстојат во смесата со јајца, па испржете ги на растопен путер и ставете ги на салфетки да се исушат. Ставете едно парче тост, одозгора ставете од смесата со ванила и рикота, полејте го со блендираната смеса од овошје и одозгора украсете со сецкани бадеми, лешници и свежи јагоди и боровинки.



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:32

ИТАЛИЈАНСКИ КЕКС СО ВИНО

Потребни состојки:

200 гр. брашно

150 гр. шеќер

50 гр. маслиново масло

100 гр. бело вино

70 гр. мелени лешници

Кора од 1 лимон

3 гр. сода бикарбона

Припрема:

Измијте го лимунот и изрендајте ја кората. Во посебен сад измешајте ја кората од лимон, брашното, сода бикарбоната и мелените лешници, па додадете го шеќерот, маслиновото масло и виното.

Замесете тесто кое ќе биде малку лепливо. Добро набрашнете ја работната површина. Земете малку од тестото, направете долгнавеста лента, па спојте ја за да добиете прстен. Правете прстени се додека не ја потрошите смесата.

Секој прстен извалкајте го во шеќер во прав и ставете го во тава обложена со хартија за печење. Печете 20тина минути на температура од 180 степени. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:33

ПАРИСКИ ЕКЛЕРИ

Потребни состојки:

За тесто:

4 јајца

150 гр. брашно

10 гр. путер

1 лажица шеќер

2 лажици шеќер во прав

Малку сол

За фил:

1 јајце

1 жолчка

2 дл. млеко

100 гр. шеќер

100 гр. маргарин

30 гр. скробно брашно

80 гр. зашеќерени бадеми

Припрема:

Загрејте 2 дл. вода, па додадете го шеќерот и путерот и малку сол и постојано мешајте се додека не зоврие смесата. Тргнете го тенџерето од оган, додадете го брашното и силно мешајте, па вратете го тенџерето на оган и гответе со мешање се додека смесата не почне да се издвојува од тенџерето. Потоа тргнете го повторно од оган, додадете едно јајце и силно измешајте.

Смесата ставете ја во готварски шприц со отвор за еклери и направете форми на еклери во тава обложена со хартија за печење. Печете на температура од 200 степени во загреана рерна околу 15 минути, па малку отворете ја вратата на рерната и печете уште 15 минути. Оставете ги еклерите да се изладат.

За филот пенесто изматете го јајцето, жолчката и шеќерот. Со постојано матење додавајте го скробното брашно и постепено сипувајте го млекото.



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:34

ВКУСНА ШПАНСКА ПИТА

Потребни состојки:

4 јајца

1 шоља сончогледово масло

50 гр. кисели краставици

200 гр. шунка

1 прашок за пециво

Сол и црн пипер

200 гр. едамер

200 гр. свежи шампињони

500 гр.брашно

Припрема:

Исчистете ги шампињоните и исечете ги на листови. Ситно изецкајте ги краставичките и шунката и изрендајте го кашкавалот.

Во посебен сад сипете го брашното , прашокот за пециво, јајцата и маслото и промешајте го тестото, па наросете сол и црн пипер.

Додадете ја шунката, киселите краставички, кашкавалот и шампињоните и промешајте. Смесата распоредете ја во тава за печење и печете на температура од 200 степени околу 30 минути. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:39

МАЏАРСКИ РОЛАТ СО ЗЕЛЕНЧУК И ЈАЈЦА

Велигденските празници секојпат оставаат зад себе купче, искршени, сварени јајца, со кои не знаеме што понатаму. Ние најдовме прекрасно решение  доколку сакате да ги изненадите вашите најблиски со вкусно предјадење. После кршењето на јајцата, направете вкусен Маџарски рецепт.

Потребни состојки:

  • 200гр – смрзнат грашак
  • 200гр-морков
  • 200гр-компир
  • 200гр-јаболки
  • 1-лимон
  • 6-лажици мајонез
  • 7-лажици кисела павлака
  • 250мл-супа од зеленчук
  • 20гр-желатин
  • 5-јајца
  • 1 црвена пиперка
  • 1-китка магдонос
  • Бибер и сол

 

Начин на подготовка:

Јацата варете ги 10 мин. Ставете ги во ладна вода и оставете да се оладат, потоа излупете ги. Коцкичките од морков, грачок, компир варете ги одвоено во солена вода додека не омекнат па извадете ги и оставете сосема да се оладат. Јаболката излупете ги исечете ги на коцки и додадете сок од лимун.

2, Зеленчукот и јаболките ставете ги во голем сад. Мајонезот помешајте го со киселата павлака, сол и бибер , и прелијте го врз зеленчукот и добро  измешајте ги.

3. Зеленчуковата супа да се измеша со желатинот и да се олади на ниска температура и потоа да се помеша со смесата во сад. Да се остави да се олади, па да се развлече на фолија во правоаголна форма. Во средината да се наредат сварените јајца и да се замота. Да се остави во фрижидер да се стегне.

4. Да се сервира на овал и да се украси со црвена пиперка и лист од магдонос.



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:48

БУРИТОС

Потребни состојки:

  •  500г – јунешко месо.
  • 1 – лажичка маслиново масло
  • 1 кромид, ситно сецкан
  • 1- стапче цимет
  • 4 – каранфилчиња
  • 1 – лист лорбер
  • 2 – шољи јунешка супа
  • 8 – тортиљи
  • Салса од домати за служење

Начин на подготовка:

Се чисти месото од маснотијата и се сече на коцки, со величина од околу 2 см. Се загрева маслото на тава од средна големина и се динста додека месото не биде златно-браон боја. Се додава стапче од цимет, каранфилче, лорберов лист и јунечка супа. Се загрева до вриење, потоа температурата се смалува и се динста поклопено уште 30 минути, или се чека да омекне месото и не испари течноста. Да се извади циметот, каранфилчето и ловоровиот лист. Месото се ситни со 2 вилушки. Се служи по желба, ладно или топло, завиткано во тортиља како палачинка, со салса сос од домат и салата.



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:54

ТАЈЛАНДСКО ПИЛЕШКО КАРИ

Карито во прав, можете да го замените со толчената лута пиперка, а кокосовото млеко, со кравјо во кое се проварува кокосовото брашно.

 

Потребни состојки:

  • 175 шампињони, само капиците
  • 6 – млад кромид
  • 4 пилешки стека, без коски и кожа(4×125гр)
  • 1- лажица маслиново масло
  • 4лаж. Кари во прав
  • 150мл. вода
  • 400мл.кокосово млеко
  • Сол, бибер

 

Начин на подготовка:

Исчистете ги печурките, избришете ги со хартиена салвета, а потоа исечете ги на четвртинки.

Отстранете го коренот и темните листови од кромидот.

Исечете дијагонално на парчиња од 5мм.

На даска за сечење, со остар нож исечете го на парчиња пилешкото во големина од еден залак.

Во тава загрејте 1лажица зејтин и 4лаж. кари во прав, па додадете го пилешкото и пржете со константно мешање 2мин.

Налејте вода, соја сос, млеко, добро мешајте и оставете да се провари на средна температура.

Замешајте ги печурките, кромидот, сол, бибер, по вкус, па полека варете 8мин. Додека не се свари пилешкото.

Пилешкото послужете го топло со ориз…



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:55

ПАНАКОТА

Panna cota, е италијански рецепт со потекло од Пиедмонт. Во превод значи, готвена крема. Овој кремаст десерт, по структура е сличен со густиот пудинг, а вистинскиот вкус му го дава вкусот на малина. Уживајте пoлека. Оставете да се топи во вашата уста.

 

Потребни состојки:

  • 500мл слатка павлака
  • 2мл екстракт од ванила
  • 1 кесичка бел желатин
  • 150гр шеќер во прав
  • 100 мл вода
  • 200гр малини (свежи или замрзнати)

Начин на подготовка:

 

Желатинот го потопуваме во малку ладна вода да набабри. Слатката павлака ја ставаме во тенџере и и додаваме арома од ванила. На благ оган, оставаме павлаката полека да зоврие, па вариме уште 15мин. Потоа го тргаме лонецот од оганот. Во павлаката го додаваме растопениот желатин и мешаме се додека не се растопи рамномерно. Прелеваме во 4 еднакви здели(измиени со вода), ги ладиме 3-4 часа за да се стврднат. На благ оган, во 100мл. вода , со постојано мешање растопуваме 100г. Шеќер во прав, се додека не добиеме сируп од шеќер. Кога ќе зоврие, вариме 1 мин. па додаваме малини кои ги грееме со постојано мешање. Готовите малини ги сервираме на тањир како подлога за панакотите



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 23:09

ИТАЛИЈАНСКО КАСАТО

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • Кесичка прашок за пециво
  • Кесичка ванилин шеќер
  • Лимонова кора

За ладен фил:

  • 5 лажици слатка павлака
  • 200гр шеќер во прав
  • 500гр младо сирење
  • Кесичка ванилин шеќер
  • 150гр суво грозје
  • 50гр лимонова кора
  • 50гр кора од портокал
  • 150гр цреши
  • 5лажици исецкани бадеми
  • 5 лажици сецкани кикирики
  • 5 лажици сецкани фстаци
  • 100гр сецкано чоколадо

За сируп од малини:

  • 500гр шеќер
  • 0,5л вода
  • 600гр малини

Начин на подготовка:

Изматете хомогено тесто за бисквит, рапоредете го во калап за торта, обложен со хартија за печење и добро подмачкан. Печете 40 минути во рерна загреана на 180 степени. За тоа време изматете го сирењето, слатката павлака, шеќер во прав и ванилин шеќер и оставете да одстои во фрижидер 24 часа. Следниот ден, во оваа смеса изматете ги останатите состојки (суво грозје, рендана лимонова кора, кора од портокал, , исчистени цреши, сецкани бадеми, фстаци, кикирики и чоколадо) и вратете во фрижидер. Во водата сипете шеќер, варете до вриење, намалете ја температурата, додадете ги орасите и исчистените малини и варете, со постојано мешање, додека не добиете густ овошен сируп. Преку оладениот бисквит рамномерно распоредете ја смесата од сирење и останатите состојки, прелијте со сируп од малини и оставете уште 3 часа да одстои во фрижидер.



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 23:10

РУСКИ ЌОФТИЊА

Потребни состојки:

  • 500гр измешано мелено месо
  • 1 јајце
  • неколку лажици презла
  • 3 млади кромидчиња
  • 300гр шампињони
  • 2 големи кисели краставици
  • 250мл неутрална павлака
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица сенф
  • Сол, бибер, магдонос, масло

Начин на подготовка:

Помешајте ги месото, јајцата, малку сол, бибер и презла. Од оваа смеса направете мали ќофтиња, кои ќе ги испржите на масло од сите страни да порумени. Извадете ги од маслото и ставете ги на чинија. Во истата тава (додадете масло ако е потребно), испржете исецкан кромид и шампињони околу 5 минути.  Пред крајот додадете и кисели краставици (сечени на ленти), брашно, црвен пипер, сенф и павлака. Оставете да зоврие, па измешајте со ќофтињата. Зачинете по вкус и префрлете во плех за печење. Печете на 200 степени околу 15 минути. Пред служење посипете со магдонос.



Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,191 секунди.