Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Февруари.2015 во 13:37 |
Феноменална комбинација на сладок ориз и чоколадо која ќе ве врати во детството. Може да го послужите како здрава ужина за најмалите или пак, како десерт после ручекот. Во секој случај, никој нема да го одбие. Состојки: - 1 литар млеко
- 150 g ориз
- 1 ванилин шеќер
- 6 лажици шеќер
- 150 g млечно или темно чоколадо
- 50 g путер или маргарин
Подготовка: Оставете го млекото да зоврие заедно со обичниот шеќер и ванилиниот шеќер, па додајте го маргаринот. Мешајте додека не се стопи. Додајте го оризот и варете го околу 20-25 минути. Додајте го чоколадото и варете уште 15 минути на тивка температура со често мешање. Чоколадниот сутлијаш е готов кога оризот убаво ќе омекне и ќе стане кашест. Ако случајно ви излезе малку поредок, секогаш можете да додадете 1 лажица густин или чоколаден пудинг. Топлиот сутлијаш ставете го во чинии, оставете го да се олади, а потоа декорирајте со коцки чоколадо.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Март.2015 во 21:34 |
Рецепт за сутлијаш што не треба да се меша
Овој сутлијаш не треба да се меша и нема да мора да стоите над тенџерото и да се горите кога ќе почне да прска оризот додека се вари. Со помош на овој рецепт, приготвувањето на сутлијашот ќе ви прерасне во вистинско задоволство. Состојки:Една чаша од 300 грама ориз 2 кесички ванилин шеќер, 12 лажици шеќер, 1 литар млеко, 500 милилитри вода 100 милилитри зејтин Подготовка:Состојките се ставаат во тенџере заеднона тивок оган ( на 1) да зоврие. Откако ќе зоврие се вари уште 40 минути во покриен сад на тивок оган ( на 1). Откако ќе се свари сутлијашот се става во мали садови и се украсува по желба со цимет или какао. Исто така по желба во смесата пред да се вари може да се стави и изрендана кора од 1 лимон.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2015 во 08:37 |
Ако сакате кремаста торта без многу филови и пандишпани, земете го омилениот пудинг во рака и испробајте го следниов рецепт. Состојки: Бел пудинг - 2 кесички пудинг од ванила
- 4 лажици шеќер
- Капаче рум
- 600ml млеко
Црн пудинг - 1 кесичка пудинг од чоколадо
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица какао прав
- 300ml млеко
Подготовка: Сварете ги пудинзите од ванила со рум, а потоа и пудингот од чоколадо. Обложете еден подлабок сад или калап за торта со проѕирна фолија и додека пудинзите се топли наизменично со лажица ставајте ги во садот. Почнете со лажица темен пудинг во средина, па потоа 2-3 лажици бел пудинг околу. Така направете неколку наизменични концентрични кругови, обложете со фолија и оставете да се стегне во фрижидер. Превртете ја тортата од пудинг на плитка чинија, исечете парчиња и послужете. Секогаш може да додадете кршени бисквити, јаготки, рендано чоколадо, шлаг...
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Април.2015 во 08:44 |
Иако суфле десертите ви звучат како нешто неверојатно комплицирано, за овој десерт ви се потребни само 2 состојки, од кои едната е Нутела крем. Нема да ви требаат повеќе од 10 минути за да го подготвите и уште 15 за да го испечете. Можете да го подготвите после ручекот или кога ќе ви дојдат ненајавени гости на кафе. Во секој случај, ќе бидете воодушевени. Потребни состојки: - 2 јајца
- ½ шолја Нутела (не мора да бидете многу прецизни, може да додадете повеќе)
Подготовка: 1. Загрејте ја рерната на највисока температура. 2. Одвојте ги јајцата и жолчките ставете ги во садот со Нутела. Мешајте неколку минути. 3. Белките изматете ги во пластичен сад рачно или со миксер додека не добиете крем. 4. Измешајте 1/3 од белките во Нутелата со жолчки. Потоа додадете го преостанатиот дел и мешајте 2-3 минути додека не добиете кремаста смеса. 5. Ставете ја смесата во огноотпорна шолја или сад и печете 15 минути. 6. Декорирајте со шлаг или сладолед.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Април.2015 во 08:06 |
Пудинг од ориз и вишниОвој рецепт е за оние моменти кога ви се јаде нешто слатко набрзина, а тоа да не биде некое чоколадо или колаче од продавница. За овој десерт ќе ви бидат потребни само триесетина минути. А, секако, ако ве изненадат гости, со овој десерт ќе можете бргу да ја „извадите“ ситуацијата.СОСТОЈКИ (за 4 порции) • 2 шолји ориз • 1 2/3 шолји млеко • ½ мала лажица ванила • малку сол • 2/3 шолја бело чоколадо, рендано • ½ шолја вишни ПРИГОТВУВАЊЕ Во сад за варење ставете го претходно сварениот ориз, млекото, ванилата и малку сол. Варете на средна температура 6–8 минути со повремено мешање. По 8 минути, садот тргнете го од оган и додадете го белото чоколадо. Оставете да отстои неколку минути. Прелијте преку ½ шолја вишни.
Изменето од Valerija - 28.Април.2015 во 08:07
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Април.2015 во 08:08 |
Карамелизиран пудинг
Овој рецепт е убав начин да ги изненадите вашите гости со вкусен десерт. Му дава една нова димензија на пудингот и го прави токму онаков каков што треба да е крајот на оброкот — посебен. СОСТОЈКИ (за 4 лица) • 2 шолји слатка павлака • ½ шолја шеќер • 3 жолчки од јајца • малку морска сол • малку ванила ПРИГОТВУВАЊЕ Чекор 1: загрејте ја рерната на температура од 150℃. Налејте ја слатката павлака во сад за готвење. Додадете ванила. варете ја павлаката на слаб оган. Чекор 2: во друг сад ставете 2 големи лажици шеќер и 1.5 голема лажица вода. Мешајте на умерен оган, додека не се растопи шеќерот. Засилете го огнот и оставете малку да проврие. Чекор 3: полека налевајте ја топлата павлака во карамелизираниот шеќер и тоа правете го при умерен оган. Кога ќе почне да врие, отстранетео го садот од шпорет. Оставете да се излади 10-тина минути. Чекор 4: во меѓувреме, изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер и малку сол. Додадете и малку од пудингот и добро промешајте. Полека додавајте ги остатокот од смесата, сѐ додека не се поврзе целосно. Налејте го пудингот во 4 огноотпорни садови и печете на темература од 150℃, 1–1,5 час. Изладете го пудингот најмалку 3 часа во фрижидер пред сервирање.
Изменето од Valerija - 28.Април.2015 во 08:09
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Мај.2015 во 19:03 |
ЧОКОЛАДЕН МУС КОЈ МОЖЕ ДА ГО ЈАДЕТЕ И КОГА СТЕ НА ДИЕТА | | Еднаш кога ќе го пробате овој неодолив десерт кој се подготвува буквално за две минути, тој веднаш ќе се најде на листата на вашите омилени десерти за топлите денови кои се пред нас. Овој освежувачки чоколаден мус изобилува со белковини и здрави маснотии во кои може да уживате дури и кога сте на диета.
Консумирајте го без грижа на совест дури и во вечерните часови кога ќе добиете желба за нешто благо со многу малку калории – во случајов сè на сè 254 калории.
Состојки:
● 2дл незасладено бадемово млеко (може да користите и млеко од ванила или обично кравјо млеко) ● 3 до 4 коцки мраз ● половина зрело авокадо ● 1 лажица незасладено какао ● малку цимет
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки со миксер (или во блендер) матејќи две минути, односно додека да добиете изедначена крема. Послужете веднаш во висока чаша или повисок сад.
Добар апетит!
Совет: Ако сакате вашиот мус да биде уште повеќе хранлив збогатете со уште една лажица протеинско чоколадо во прав. |
Изменето од Valerija - 11.Мај.2015 во 19:04
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јуни.2015 во 08:55 |
Чоколаден мус - готов за 15 минути Истопете 70g чоколадо на пареа, а 500ml неутрална павлака изматете со миксер. Рачно соединете ги состојките. Ставете во стаклени чаши и оставете да се оладат во фрижидер. Послужете со овошје или бисквити.
Изменето од Valerija - 11.Јуни.2015 во 08:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јули.2015 во 13:34 |
Заборавете на сладоледот - ова е совршениот леден десерт!
Температурата надвор е висока, вас ви се јаде нешто слатко, но не сакате да ја уклучувате рерната бидејќи и онака ви треба нешто освежитено, а не сакате ниту да губите време во кујната? Не морате. Со четири состојки и неколку минути, највкусниот десерт ќе биде пред вас! Потребни состојки:- ½ замрзнато овошје по желба (боровинки, капини, малини, јагоди, праски, кајсии...)
- 200 мл јогурт
- 100 гр шеќер во прав
- свеж сок од еден лимон
Подготовка:
Во блендер иситнете го замрзнатото овошје по желба. За овој десерт можете да го одберете било кое овошје кое го сакате. Идеално би било тоа да се капини или боровикни, но можете да ставите и праски, кајсии или јаболки. Би требало да ја избегнувате лубеницата бидејќи содржи премногу вода, па кога јогуртот ќе се растопи, крајниот резултат нема да биде она што сте сакале.
Потоа, во блендерот додадете ги јогуртот, шеќерот и сокот од лимон. Доколку користите поблаго овошје, зголемете ја количината на лимоновиот сок и намалете ја количината на шеќер во прав.
Содржината истурете ја во стаклени чаши и ставете ги да постојат во замрзнувачот барем 30 минути. Послужете ги со парчиња свежо овошје или со рендано темно чоколадо.
Покрај лесната подготовка, причината заради која ќе го обожувате овој десерт е тоа што ледениот јогурт има помалку калории отколку сладоледот!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Август.2015 во 14:45 |
Рајски вкус: Парфе од бело чоколадо со вишни и алкохол
Ова е превкусен ладен десерт со освежувачки вкус на вишни кој ќе ве „размрда“ овој жежок викенд.
Потребни состојки: - 100 гр. бело чоколадо
- 300 мл. шлаг
- 3 жолчки
- 30 гр. шеќер во прав
- Пола лажичка цимет
- 4 дл. вишновка (доколку сте во можност да ја купите, во спротивно можете да капнете малку рум)
- 500 гр. замрзнати вишни
- 100 гр. шеќер
- 100 мл. црвено вино
- Стапче цимет
- 2 полни лажици густин
Подготовка: 1. Белото чоколадо исецкајте го и растопете го на пареа. Шлагот изматете го за да добиете цврста смеса. Во друг сад изматете ги жолчките, шеќерот во прав, циметот и вишновката или румот. Потоа додадете го белото чоколадо и оставете да се олади смесата. Шлагот потоа додадете го во добро изладениот крем.
2. Смесата за парфето сипете ја во четири претходно навлажени помали садови и оставете ги најмалку осум часа во замрзнувач.
3. Вишните, стапчето цимет, црвеното вино и шеќерот ставете ги во подлабок сад. Додадете го густинот со две лажици ладна вода, така што ќе добиете смеса и оставете сето тоа заедно да зоврие. Тргнете го потоа од оган и оставете да се излади.
4. Модлите со замрзнатото парфе извадете ги од фрижидерот и прелијте ги со сосот од вишни. Пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:41 |
КАРАМЕЛА- КРЕМ ОД ПОРТОКАЛСостојки: - ½ чаша од жолт шеќер.
- ¼ чаша вода.
- 3 чаши млеко.
- 2 кафени лажички ситно рендана кора од помаранџа
- 1/3 чаша шеќер
- 4 јајца
- Јаготки
Начин на подготовка: Се загрева рерната на 160 C, се става масло. На страна се меша шекерот со водата на оган додека не се карамелизира, додека не порумени. Да се остави да се олади. Се става млеко во кората од портокал, да проврие. Се матат јајца и шеќер се дотура врелото млеко и се мати постојано. Да се остави 5 минути. Потоа да се процеди смесата со портокалот. Наместо во рерна да се стави на пареа да проврие . Потоа се пече 35 мин. За да се послужат ги ставате во сад и ги превртувате, Се сревира со парчиња од јагоди.
Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:49 |
ЧОКОЛАДЕН ПУДИНГ СО МЕНТОЛПотребни состојки: - ¼ шољички плус 1 лажичкa шеќер
- 3лаж. скробно брашно
- 1лаж. плус 1 ½ лажичка какао во прав , шеќер , сол
- 1 ¼ шоља павлака за готвење
- 1 ¼ шољичка млеко
- ½ лажичка екстракт од ванила
- 170г полуслатка чоколада
- ½ лажички екстра мента
- 1 лажица плус 1 ½ лажичка оладен путер исечен на мали парчиња
- 10 чоколадни кекси
- Се украсува со листови од мента.
Начин на подготовка: Во средна тава да се замеша шеќер, скроб, какао и 1/8 лажички сол. Во мераче измешајте ја павлаката, млекото и ванилата. Долијте 1 шољичка мешавина од павлака и мешавина од шеќер и мешајте се додека скробот не се стопи. Додадете го остатокот од кремата со павлака и мешајте се додека не се соедини. Ставете го да се свари, со постојано мешање, па варете додека да се згусне околу 5 мин. Смалете го оганот на слабо, и додадете ја чоколадата. Мешајте додека да се стопи околу 1 мин.Тргнете ја од оганот. Додадете екстракт од минта и путер, па мешајте, се додека путерот не се стопи. Бро разделете го пудингот на 8 тањирчиња,. Се лади додека не се згусне. Малку пред послужување, издробете кекс, во прав. Посипете го пудингот со по 1 лаж. кекс во прав , па украсете со ливчиња ментол. Послужете го добро оладен…
Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:56
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 22:50 |
МЛЕЧЕН КАРАМЕЛОва е рецепта за фантастичен крем од карамела, кој(покрај тоа што може да се јаде сам)може да се користи како намаз за палачинки, полнење на тесто, премаз за тортa, прелив за сладолед и т.н.Потребни состојки: - 1л- Полномасно млеко
- 400гр – путер
- 300гр – шеќер
- Лажичка екстракт од ванила
- Пола лажичка сода бикарбона
- Малку сол
Подготовка: 1.Се остава млекото да проврие, потоа додадете му ги останатите состојки. 2. Намалете го оганот и оставете ја мешавината да се вари околу 2 часа(зависи сепак од јачината на оганот и од состојките, но подобар резултат се добива со подолго готвење на слаб оган). Мешајте повремено. 3. Кога мешавината ќе почне да се згуснува, мешајте непрестано и трегнете ја од оганот кога ќе има конзистенција на течна карамела(со ладењето ќе има тенденција уште да се згуснува). 4. Претурете во стерилизирана тегла и затворете. Кога ќе се олади, ставете во фрижидер. Рокот на траење 1 месец.
Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 23:02 |
ОВОШЕН КУП ОД АНАНАС И ЧОКОЛАДОПотребни состојки: - 1 конзерва компот
- 300 гр сладолед од чоколадо
- Шлаг за декорација
Подготовка: Во чаши ставете по 2-3 топки сладолед. Додадете прстени од ананас. Прелијте со лажица сируп од компотот, декорирајте со шлаг.
Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:56
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|